влахо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlaho/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Mar 2023 17:46:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влахо Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlaho/ 32 32 Бисера Костадиновска Стојчевска: Уништувањата на Влахо и на Лагадин се преседан што не смее да се повтори https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bisera-kostadinovska-stojchevska-unishtuvanata-na-vlaho-i-na-lagadin-se-presedan-shto-ne-smee-da-se-povtori/ Wed, 08 Mar 2023 17:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=617441

На денешната прес-конференција, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска говореше за заштитата на културното наследство, како и на актуелните случувања во Охридскиот Регион.

Поради актуелноста на некои од прашањата, Костадиновска-Стојчевска одржа и седници со Националната комисија на УНЕСКО и со Националниот совет за културно наследство.

Ја поздравувам одлуката на Битолскиот суд кој го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци, од страна на концесионерот до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело ‘оштетување или уништување на добра...’ од чл. 264 од Кривичниот законик. Ја поздравувам и брзата реакција на Основното јавно обвинителство Битола“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска околу продолжувањето на работата на концесионерот на локалитетот Влахо, и покрај забраната која е изречена заради извршување на законските заштитни конзерваторски работи.

Одлуката на Битолскиот суд следи по реакцијата на Министерството за култура соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат своите законски надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо.

Костадиновска-Стојчевска по седницата со Националната комисија за УНЕСКО, информираше дека по прашањето со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин е заклучено дека се препорачува Општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани за градба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на Општина Охрид“, подвлече министерката која е претседателка на Националната комисија за УНЕСКО.

Министерката информираше дека Комисијата препорачува Општина Охрид, следејќи ги препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство, и водејќи се по одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, да ја поништи донесената Одлука за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти  и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.

Во новата Одлука, Општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, заклучи Костадиновска-Стојчевска.

The post Бисера Костадиновска Стојчевска: Уништувањата на Влахо и на Лагадин се преседан што не смее да се повтори appeared first on Република.

]]>

  На денешната прес-конференција, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска говореше за заштитата на културното наследство, како и на актуелните случувања во Охридскиот Регион. Поради актуелноста на некои од прашањата, Костадиновска-Стојчевска одржа и седници со Националната комисија на УНЕСКО и со Националниот совет за културно наследство.
Ја поздравувам одлуката на Битолскиот суд кој го уважи предлогот на Основното јавно обвинителство Битола и изрече забрана за вршење на ископ на подрачјето на Задбрдо, како дел од локалитетот Влахо, општина Новаци, од страна на концесионерот до правосилно завршување на постапката која во ОЈО Битола се води за кривично дело ‘оштетување или уништување на добра...’ од чл. 264 од Кривичниот законик. Ја поздравувам и брзата реакција на Основното јавно обвинителство Битола“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска околу продолжувањето на работата на концесионерот на локалитетот Влахо, и покрај забраната која е изречена заради извршување на законските заштитни конзерваторски работи.
Одлуката на Битолскиот суд следи по реакцијата на Министерството за култура соодветните институции за заштита веднаш да ги активираат своите законски надлежности по алармантните укажувања од стручните лица за случувањата на локалитетот Влахо. Костадиновска-Стојчевска по седницата со Националната комисија за УНЕСКО, информираше дека по прашањето со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин е заклучено дека се препорачува Општина Охрид повторно да ги разгледа активностите поврзани за градба на објект на крајбрежјето во Лагадин, притоа водејќи се по препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство и почитувајќи го Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Силно препорачуваме сите активности поврзани со овој објект да бидат ставени во мирување до конечноста на одлуката на Општина Охрид“, подвлече министерката која е претседателка на Националната комисија за УНЕСКО.
Министерката информираше дека Комисијата препорачува Општина Охрид, следејќи ги препораките од Реактивните мониторинг мисии на советодавните тела на УНЕСКО и Одлуките на Комитетот за светско наследство, и водејќи се по одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, да ја поништи донесената Одлука за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, како и за начинот на водење на постапките за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти  и да донесе нова Одлука која ќе биде во согласност со Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион и со Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион.
Во новата Одлука, Општина Охрид треба да има предвид дека Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион не предвидува исклучоци како што е наведено во членот 4 од Одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации и донесување нови урбанистички планови и урбанистички проекти, заклучи Костадиновска-Стојчевска.
 
The post Бисера Костадиновска Стојчевска: Уништувањата на Влахо и на Лагадин се преседан што не смее да се повтори appeared first on Република.

]]>
Директорката на битолскиот музеј ја пријави во полиција фирмата што го уништи археолошкиот локалитет Влахо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/direktorkata-na-bitolskiot-muzej-ja-prijavi-vo-politsija-firmata-shto-go-unishti-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho/ Thu, 02 Mar 2023 16:28:10 +0000 https://republika.mk/?p=615210

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ - Битола, вчера во СВР Битола пријавила дека на 25 февруари, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет Влахо во с.Живојно, општина Новаци и притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот.

https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno-tselosno-e-unishtena-istochnata-periferija/

Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот.

Од битолската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Инаку, археолошкиот локалитет Влахо е досега најстара откриена неолитска населба во Македонија. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.

The post Директорката на битолскиот музеј ја пријави во полиција фирмата што го уништи археолошкиот локалитет Влахо appeared first on Република.

]]>

Директорката на Националната установа „Завод и музеј“ - Битола, вчера во СВР Битола пријавила дека на 25 февруари, таа и уште двајца вработени извршиле увид во археолошки локалитет Влахо во с.Живојно, општина Новаци и притоа, на археолошкиот локалитет затекнале работници и механизација на фирма од Битола како вршат ископ на локалитетот без претходно извршено задолжително археолошко истражување на локалитетот. https://republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno-tselosno-e-unishtena-istochnata-periferija/ Според пријавеното, при увидот било констатирано дека е уништен голем дел од локалитетот. Од битолската полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инаку, археолошкиот локалитет Влахо е досега најстара откриена неолитска населба во Македонија. Датирана во 64-от век пред новата ера, таа е основана дури 300 години пред останатите во овој регион, што воедно претставува и еден од најраните неолитски локалитети во Европа.

The post Директорката на битолскиот музеј ја пријави во полиција фирмата што го уништи археолошкиот локалитет Влахо appeared first on Република.

]]>
Продолжува оштетувањето на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно, целосно е уништена источната периферија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prodolzhuva-oshtetuvaneto-na-arheoloshkiot-lokalitet-vlaho-kaj-zhivojno-tselosno-e-unishtena-istochnata-periferija/ Wed, 01 Mar 2023 11:58:27 +0000 https://republika.mk/?p=614645

Центар за истражување на предисторијата известува дека археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно и понатаму се оштетува поради експлоатација на јаглен.

За жал, и покрај укажувањата на Управата за заштита на културно наследство и Завод и музеј – Битола да се запре оштетувањето на локалитетот до негово истражување, противзаконски се продолжи со копањето за јаглен во рамки на оваа значајна неолитска населба. Како резултат на овој крајно неетичен чин, целосно е уништена источната периферија на локалитетот со што е оневозможено негово истражување и трајно се изгубени битни информации поврзани со животот во неолитот“, велат од овој центар.

Како што велат оттаму, при девастирачките работи со багери оштетени се неколку ровови и повеќе неолитски куќи, а исфрлени се и илјадници остатоци од керамички садови, фигурини и алатки.

Благодарение на резултатите добиени од геомагнетното скенирање може да се увиди кои делови од локалитетот се уништени и оштетени, што претставува несовесно и намерно остранување на евидентни археолошки содржини. Направениот укоп за јаглен во источниот дел на локалитетот ќе предизвика натамошен одрон на археолошките слоеви што се наоѓаат до него, како и континуирано оштетување на локалитетот. Ваквото неодговорно уништување на археолошки локалитети е недозволиво, особено што Македонија е потписничка на Фаро конвенцијата иницирана од Советот на Европа, при што државите се заложуваат да го заштитат културното наследство. Оштетувањето на локалитетот Влахо веќе предизвикува остри реакции од страна на меѓународните институции и стручњаци кои го осудуваат овој вандалски чин. Тоа воедно дава и лоша слика за земјата во која не се почитуваат законите за заштита на културното наследство“ додаваат оттаму.

The post Продолжува оштетувањето на археолошкиот локалитет Влахо кај Живојно, целосно е уништена источната периферија appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Уништувањето на локалитетот на Влахо е кривично дело против културното наследство https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vmro-dpmne-unishtuvaneto-na-lokalitetot-na-vlaho-e-krivichno-delo-protiv-kulturnoto-nasledstvo/ Fri, 10 Feb 2023 11:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=607331

Владата на СДС(М)-ДУИ почна со масовно уривање на најстарата неолитска населба во Македонија и една од најстарите на тлото на Европа, археолошкиот локалитет Влахо кај битолското село Живојно, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ.

Наместо темелни археолошки истражувања, конзервација и заштита, „владината“ механизација од багери и машини, направи сериозни оштетувања на локалитетот Влахо, кој е внесен и во Националниот регистар на културното наследство.

Предвидената експлоатација на јаглен, токму на овој локалитет, доведе до уништување на источниот и северниот периферен дел од неолитското наоѓалиште, нанесувајќи огромни штети. Ваквиот брутален варваризам на „владината“ механизација нема да запре тука, затоа што е предвидена целосна девастација на археолошкиот локалитет и негово целосно исчезнување од Археолошката карта на Република Македонија?!

По теркот на најсуровите режими во светот, дочекавме малцинската Влада на СДС(М), на најбрутален и суициден начин да почне со масовно уништување на сопственото културно и историско наследство на Македонија. Наместо негова заштита, презентација и промоција пред македонската и светската јавност, сведоци сме на невидено културолошко дивјаштво од рангот на најстрашните талибански акции во Авганистан и терористичка суровост во Сирија, кога беа уништувани цели историски и цивилизациски споменици.
Со ваквиот потег, уништување на неолитскиот бисер на Македонија и Европа - археолошкиот локалитет од времето на неолитот - Влахо, Република Македонија предводена од анационалната Влада на СДС(М)-ДУИ се врбојува во земјите кои свесно вршат автогеноцид врз сопствената култура и историја.

Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата, Министерството за економија, Министерството за култура, владините институции и фирмите кои го започнаа овој деструктивен чин веднаш да запрат со уништувањето на македонската археолошка историја и култура!

Ја повикуваме Управата за заштита на културно наследство, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола во најбрз можен рок локалитетот Влахо да го прогласат за културно наследство во опасност во согласност со членот 32 (културното наследство на кое му се заканува опасност од оштетување, уништување или посериозно нарушување на неговиот интегритет, во смисла на овој закон и ратификуваните меѓународни договори е културно наследство во опасност) и членот 43 (решение за итно прогласување на културно наследство во опасност донесува Управата по службена должност и по барање на надлежната јавна установа) од Законот за заштита на културното наследство.

Истовремено, го повикуваме и Основното јавно обвинителство да преземе мерки во согласност со членот 264 од Кривичниот законик.

Потребно е овие инстутуции да ги преземат сите правни механизими за негова заштита. Во спротивно, ќе бидат директни виновници, не само во очите на македонската јавност, туку и пред лицето на правдата за извршениот културолошки и цивилизациски геноцид врз македонската култура и историја!

The post ВМРО-ДПМНЕ: Уништувањето на локалитетот на Влахо е кривично дело против културното наследство appeared first on Република.

]]>

Владата на СДС(М)-ДУИ почна со масовно уривање на најстарата неолитска населба во Македонија и една од најстарите на тлото на Европа, археолошкиот локалитет Влахо кај битолското село Живојно, реагираат од Комисијата за култура на ВМРО ДПМНЕ. Наместо темелни археолошки истражувања, конзервација и заштита, „владината“ механизација од багери и машини, направи сериозни оштетувања на локалитетот Влахо, кој е внесен и во Националниот регистар на културното наследство. Предвидената експлоатација на јаглен, токму на овој локалитет, доведе до уништување на источниот и северниот периферен дел од неолитското наоѓалиште, нанесувајќи огромни штети. Ваквиот брутален варваризам на „владината“ механизација нема да запре тука, затоа што е предвидена целосна девастација на археолошкиот локалитет и негово целосно исчезнување од Археолошката карта на Република Македонија?! По теркот на најсуровите режими во светот, дочекавме малцинската Влада на СДС(М), на најбрутален и суициден начин да почне со масовно уништување на сопственото културно и историско наследство на Македонија. Наместо негова заштита, презентација и промоција пред македонската и светската јавност, сведоци сме на невидено културолошко дивјаштво од рангот на најстрашните талибански акции во Авганистан и терористичка суровост во Сирија, кога беа уништувани цели историски и цивилизациски споменици. Со ваквиот потег, уништување на неолитскиот бисер на Македонија и Европа - археолошкиот локалитет од времето на неолитот - Влахо, Република Македонија предводена од анационалната Влада на СДС(М)-ДУИ се врбојува во земјите кои свесно вршат автогеноцид врз сопствената култура и историја. Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Владата, Министерството за економија, Министерството за култура, владините институции и фирмите кои го започнаа овој деструктивен чин веднаш да запрат со уништувањето на македонската археолошка историја и култура! Ја повикуваме Управата за заштита на културно наследство, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Битола во најбрз можен рок локалитетот Влахо да го прогласат за културно наследство во опасност во согласност со членот 32 (културното наследство на кое му се заканува опасност од оштетување, уништување или посериозно нарушување на неговиот интегритет, во смисла на овој закон и ратификуваните меѓународни договори е културно наследство во опасност) и членот 43 (решение за итно прогласување на културно наследство во опасност донесува Управата по службена должност и по барање на надлежната јавна установа) од Законот за заштита на културното наследство. Истовремено, го повикуваме и Основното јавно обвинителство да преземе мерки во согласност со членот 264 од Кривичниот законик. Потребно е овие инстутуции да ги преземат сите правни механизими за негова заштита. Во спротивно, ќе бидат директни виновници, не само во очите на македонската јавност, туку и пред лицето на правдата за извршениот културолошки и цивилизациски геноцид врз македонската култура и историја!

The post ВМРО-ДПМНЕ: Уништувањето на локалитетот на Влахо е кривично дело против културното наследство appeared first on Република.

]]>