Владо Мисајовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlado-misajovski/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 20:02:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владо Мисајовски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlado-misajovski/ 32 32 Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-makedonija-kako-polnopravna-chlenka-na-nato-nosi-brojni-pridobivki-za-bezbednosta-i-ekonomijata/ Wed, 13 Nov 2024 20:02:15 +0000 https://republika.mk/?p=837386

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.

Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.

Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.

Што се случува околу нас, посебно во Украина, Блиски Исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.

Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.

Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација, посочи Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас.

Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.

Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.

Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.

The post Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата appeared first on Република.

]]>

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, министерот за одбрана и потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Владо Мисајловски се осврна како членството на Македонија во НАТО, има значителни придобивки, не само за безбедноста на Македонија, туку и за економскиот развој.
Круцијално е што добива Македонија со членството во НАТО, а тоа се пред се колективна безбедност. НАТО е најголемиот политички воен сојуз, и се подразбира дека прво и основно е стабилноста на сите граѓани“, кажа Мисајловски.
Мисајловски истакна дека нашата земја е во добра позиција, затоа што одлучува рамо до рамо со големите светски сили. Членството на Македонија во НАТО, ја позиционира земјата во силна и сигурна алијанса, што и овозможува да донесува одлуки заедно со најголемите светски сили.
Што се случува околу нас, посебно во Украина, Блиски Исток, нови жаришта, постојано се наоружуваат земјите, но ние сме во системот каде што заеднички седиме на маса со најсилните држави во светот. Една од придобивките е тоа што можеме постојано да имаме контакт со тие луѓе, да бидеме пријатели, да разменуваме искуство, но исто така е многу важно со обврските што сме во НАТО, да одвојуваме над 2% од буџетот и да се модернизираме“, рече Мисајловски.
Мисајловски говореше за тековната модернизација на армијата, и насоките во кои се движи оваа модернизација.
Секоја земја си има одреден степен на модернизација, насочување, што се нивни способност и цели, и во моментот сме насочени кон лесната пешадиска баталјонска група, каде што се вложува за модернизација, посочи Мисајловски.
Мисајловски потенцираше дека членството во НАТО може да влијае и позитивно на нашата економија и го спомена НАТО пазарот и што тоа може да значи за нас. Мисајловски истакна и дека со зголемената безбедност, се отвораат и нови можности за инвестиции во Македонија, а компаниите имаат пристап до НАТО пазарот.
Она што го добиваме од НАТО, а не се политичките моменти, она што е колективно е безбедност, а влијае и врз економијата. Многу компании може да учествуваат и на НАТО пазарот со отворање нов спектар на можности. Од друга страна со самото тоа што сме членка во НАТО зголемување на безбедноста се отвора и ново поле во економијата, односно многу компании сакаат да инвестираат и поради таа причина што е многу добро за нашата економија. Придобивките се огромни, поготово во момент каде што има многу жаришта околу нас, и многу е важно да ги следиме сите оние трендови на модернизација и на други земји, како и ние да се модернизираме и да гледаме да се подобруваме, и да обезбедуваме средства за човечки ресурси“, потенцираше Мисајловски.
Мисајловски додаде дека Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, обезбедува во континуитет 2% од буџетот, со што ќе овозможи бројни проекти за модернизација и подобрување на инфраструктурата.  

The post Мисајловски: Македонија како полноправна членка на НАТО носи бројни придобивки за безбедноста и економијата appeared first on Република.

]]>
Министерот Мисајловски на средби во Пентагон https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-misajlovski-na-sredbi-vo-pentagon/ Thu, 26 Sep 2024 07:00:39 +0000 https://republika.mk/?p=819677

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја предводи македонската делегација за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, во Пентагон оствари средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика.

Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна цврстите билатерални односи меѓу двете земји, искажувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка. За време на средбата од страна на потсекретарот Дори беше изразено задоволство за нашата посветеност за модернизација на македонската Армија и за подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици, како членка во НАТО Алијансата.

На средбата министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување и порача дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка, согласно Патоказот за соработка во одбраната кој е израз на нашите заеднички одбранбени цели. Мисајловски истакна дека помошта и поддршката која ја добиваме од САД е од големо значење, во насока на зајакнување на националните одбранбени капацитети, модернизација на Армијата и исполнување на меѓународните обврски.

По средбата во Пентагон, министерот Мисајловски го посети Меморијалниот центар „Арлингтон“ во Вашингтон, каде оддаде почит на загинатите американски војници и положи венец на Гробот на незнајниот војник.

Во рамки на посетата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова и началникот на Генералштабот, генералот Сашко Лафчиски, остварија средба со Треша Гуенов, главен заменик на помошникот секретар за одбрана за меѓународна безбедност, на која се дискутираше за модалитетите за зајакнување на одбранбената соработка.

The post Министерот Мисајловски на средби во Пентагон appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кој ја предводи македонската делегација за време на работната посета на Соединетите Американски Држави, придружуван од началникот на Генералштабот, генерал мајор Сашко Лафчиски, во Пентагон оствари средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика. Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна цврстите билатерални односи меѓу двете земји, искажувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка. За време на средбата од страна на потсекретарот Дори беше изразено задоволство за нашата посветеност за модернизација на македонската Армија и за подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици, како членка во НАТО Алијансата. На средбата министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување и порача дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка, согласно Патоказот за соработка во одбраната кој е израз на нашите заеднички одбранбени цели. Мисајловски истакна дека помошта и поддршката која ја добиваме од САД е од големо значење, во насока на зајакнување на националните одбранбени капацитети, модернизација на Армијата и исполнување на меѓународните обврски. По средбата во Пентагон, министерот Мисајловски го посети Меморијалниот центар „Арлингтон“ во Вашингтон, каде оддаде почит на загинатите американски војници и положи венец на Гробот на незнајниот војник. Во рамки на посетата, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова и началникот на Генералштабот, генералот Сашко Лафчиски, остварија средба со Треша Гуенов, главен заменик на помошникот секретар за одбрана за меѓународна безбедност, на која се дискутираше за модалитетите за зајакнување на одбранбената соработка.  

The post Министерот Мисајловски на средби во Пентагон appeared first on Република.

]]>
Мисајловски се сретна со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-se-sretna-so-ambasadorot-na-italija-andrea-silvestri/ Thu, 29 Aug 2024 13:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=811283

Денеска во Министерство за одбрана остварив средба со амбасадорот на Италија Н.Е Андреа Силвестри и новопоставеното одбранбено аташе на Италија, полковник Кристијан Маргерити. На полковник Стефано Анџони му благодарам за досегашната одлична соработка и му посакувам успех во кариерата и идните ангажмани. Верувам дека сојузничка одбранбена соработка меѓу нашите земји ќе продолжи во засилен континуитет, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

The post Мисајловски се сретна со амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри appeared first on Република.