владо мисајловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlado-misajlovski/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Nov 2024 07:05:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владо мисајловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlado-misajlovski/ 32 32 Мисајловски: Над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-nad-300-hrabri-pripadnitsi-od-armijata-dobija-parichna-nagrada-za-nivniot-neumoren-trud-i-posvetenost-pri-spravuvaneto-so-pozharite/ Mon, 25 Nov 2024 19:02:30 +0000 https://republika.mk/?p=841683

Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите. Благодарност за секој од нив кој со својата храброст и професионализам придонесе во борбата со огнените стихии. Вашата храброст е наша гордост, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни.

Исплатата доаѓа по разговорите со министерот за одбрана Владо Мисајловски, а се однесува на: Зголемување по Уредба 15% и 30% за период од 02/2024 до 06/2024

Посебен степен на образование КША, ШНО, Докторат, Магистратура и др. за период од 02/2024 до 06/2024
Учество во комисии во висина од 10% за период од 02/2024 до 06/2024
ДОПОЛНИТЕЛНО е исплатено и:
Закупнина за 10/2024
Награда од 10.000 денари за 320 учесници во пожарите, информираат од Синдикатот.

НСО како репрезентативен синдикат продолжува со социјалниот дијалог за подобрување на правата и благосостојбата на вработените во МО и Армијата и изразува благодарност до министерот за исполнување на наследените обврски.

The post Мисајловски: Над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите appeared first on Република.

]]>

Денеска над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите. Благодарност за секој од нив кој со својата храброст и професионализам придонесе во борбата со огнените стихии. Вашата храброст е наша гордост, објави на својот Фејсбук профил министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата доаѓа по разговорите со министерот за одбрана Владо Мисајловски, а се однесува на: Зголемување по Уредба 15% и 30% за период од 02/2024 до 06/2024 Посебен степен на образование КША, ШНО, Докторат, Магистратура и др. за период од 02/2024 до 06/2024 Учество во комисии во висина од 10% за период од 02/2024 до 06/2024 ДОПОЛНИТЕЛНО е исплатено и: Закупнина за 10/2024 Награда од 10.000 денари за 320 учесници во пожарите, информираат од Синдикатот. НСО како репрезентативен синдикат продолжува со социјалниот дијалог за подобрување на правата и благосостојбата на вработените во МО и Армијата и изразува благодарност до министерот за исполнување на наследените обврски.

The post Мисајловски: Над 300 храбри припадници од армијата добија парична награда за нивниот неуморен труд и посветеност при справувањето со пожарите appeared first on Република.

]]>
Мисајловски – Камерон: Потврдена одличната соработка на полето на одбраната помеѓу Канада и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-kameron-potvrdena-odlichnata-sorabotka-na-poleto-na-odbranata-pomegu-kanada-i-makedonija/ Thu, 21 Nov 2024 11:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=840339

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски се сретна со новоименуваната амбасадорка на Канада Мишел Камерон, при што беше констатирана одличната соработка меѓу двете земји, како и унапредување на истата во одбраната, демонстрирана преку заедничко учество во обуки, вежби а во придонес во колективната одбрана на Алијансата.

-Утрово остварив средба со новоименуваната амбасадорка на Канада, Н.Е Мишел Камерон на која ѝ посакав успешен мандат и плодна соработка.

Делата зборуваат за нашата одлична соработка. Следната недела во Македонија ќе започне вежбата ‘Maple Arch 2024’ која вклучува и припадници од канадските вооружени сили.

На средбата, разговаравме и за унапредување на одбранбената соработка демонстрирана преку нашето заедничко учество во обуки, вежби, и во придонесот во колективната одбрана на Алијансата во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Латвија, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.

The post Мисајловски – Камерон: Потврдена одличната соработка на полето на одбраната помеѓу Канада и Македонија appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски се сретна со новоименуваната амбасадорка на Канада Мишел Камерон, при што беше констатирана одличната соработка меѓу двете земји, како и унапредување на истата во одбраната, демонстрирана преку заедничко учество во обуки, вежби а во придонес во колективната одбрана на Алијансата. -Утрово остварив средба со новоименуваната амбасадорка на Канада, Н.Е Мишел Камерон на која ѝ посакав успешен мандат и плодна соработка. Делата зборуваат за нашата одлична соработка. Следната недела во Македонија ќе започне вежбата ‘Maple Arch 2024’ која вклучува и припадници од канадските вооружени сили. На средбата, разговаравме и за унапредување на одбранбената соработка демонстрирана преку нашето заедничко учество во обуки, вежби, и во придонесот во колективната одбрана на Алијансата во рамките на мултинационалните сили на НАТО во Латвија, објави на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.

The post Мисајловски – Камерон: Потврдена одличната соработка на полето на одбраната помеѓу Канада и Македонија appeared first on Република.

]]>
Министерот Мисајловски за средбата со косовскиот колега: Двете земји ја потврдија намерата за продлабочување на одбранбената соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-misajlovski-za-sredbata-so-kosovskiot-kolega-dvete-zemji-ja-potvrdija-namerata-za-prodlabochuvane-na-odbranbenata-sorabotka/ Mon, 18 Nov 2024 14:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=839279

Меѓувладина седница на македонската и на косовската Влада во Приштина – земјите остануваат силно посветени на одбранбената соработка која е столб на регионалната безбедност, се вели во Фејсбук статусот на министерството за одбрана.

Министерот Владо Мисајловски разговараше со неговиот колега, министерот Ејуп Маќедонци со кого ја потврдија намерата на двете земји за продлабочување на одбранбената соработка. Нашата држава е активен и посветен НАТО сојузник чиј приоритет е регионалната стабилност и безбедност. Македонската Армија веќе четири години дава свој придонес во НАТО мисијата КФОР на Косово што е доказ дека регионот и неговата сигурност за нас се од исклучително значење, истакнуваат од МО.

The post Министерот Мисајловски за средбата со косовскиот колега: Двете земји ја потврдија намерата за продлабочување на одбранбената соработка appeared first on Република.

Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-na-krivolak-voltsite-gi-demonstriraa-veshtinite-ministerot-im-chestita/ Thu, 14 Nov 2024 19:13:02 +0000 https://republika.mk/?p=837838

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите колеги од шест сојузнички земји и една земја-партнер од Балканот ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Министерот упати честитки за над 120-те учесници на вежбата кои покажаа високо ниво на вештини и способности.

-Тие ја постигнаа својата цел во развојот на интероперабилноста и дадоа свој придонес кон јакнењето на регионалната соработка која е клучна во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот, посочи Мисајловски.

The post Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита appeared first on Република.

]]>

Денеска на армискиот полигон „Криволак“ беа демонстрирани вештините на припадниците на Баталјонот за специјални сили „Волци” кои заедно со своите колеги од шест сојузнички земји и една земја-партнер од Балканот ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“, информира министерот за одбрана, Владо Мисајловски. Министерот упати честитки за над 120-те учесници на вежбата кои покажаа високо ниво на вештини и способности.
-Тие ја постигнаа својата цел во развојот на интероперабилноста и дадоа свој придонес кон јакнењето на регионалната соработка која е клучна во зацврстувањето на безбедноста и стабилноста на Балканот, посочи Мисајловски.

The post Мисајловски на Криволак: „Волците“ ги демонстрираа вештините, министерот им честита appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-prethodnoto-rakovodstvo-ne-vodelo-grizha-za-armijata-za-4-mesetsi-situatsijata-ja-promenivme/ Sat, 09 Nov 2024 14:57:59 +0000 https://republika.mk/?p=835894

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а истото тоа можеле да го направат, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ 21.

-Обезбедени се средства во буџетот и се исплаќаат испратнини на сите професионални војници со навршување на 45 години старост и тоа се две просечни плати во Македонија, за секоја година поминат стаж во армијата. Овие суми се движат од 20 до 30 илјади евра. Исто така обезбедивме средства за исплата на опремнини за пензионирање во висина од 15 нето плати на сите вработени во министерството и армијата, истакна Мисајловски.

Тој потенцираше дека со платата во месец август исплатени се обврските од новиот колективен договор, како што е додаток плата на посебен степен на образование кое претходно не било исплаќано, додаток на 10 проценти на плата за учество во комисии, додаток од 10 проценти на плата за овластување, зголем обем на работа од 15-30 проценти со уредба на влада.

Мисајловски најави дека потпишал документ со кој ќе бидат наградени над 300 припадници на армијата кои биле вклучени во гаснењето на пожарите.

The post Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме appeared first on Република.

]]>

Од кога јас сум министер, ситуацијата која ја затекнав во министерството беше неисплаќање по колективен договор од претходното раководство, а истото тоа можеле да го направат, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ 21.
-Обезбедени се средства во буџетот и се исплаќаат испратнини на сите професионални војници со навршување на 45 години старост и тоа се две просечни плати во Македонија, за секоја година поминат стаж во армијата. Овие суми се движат од 20 до 30 илјади евра. Исто така обезбедивме средства за исплата на опремнини за пензионирање во висина од 15 нето плати на сите вработени во министерството и армијата, истакна Мисајловски.
Тој потенцираше дека со платата во месец август исплатени се обврските од новиот колективен договор, како што е додаток плата на посебен степен на образование кое претходно не било исплаќано, додаток на 10 проценти на плата за учество во комисии, додаток од 10 проценти на плата за овластување, зголем обем на работа од 15-30 проценти со уредба на влада. Мисајловски најави дека потпишал документ со кој ќе бидат наградени над 300 припадници на армијата кои биле вклучени во гаснењето на пожарите.

The post Мисајловски: Претходното раководство не водело грижа за армијата, за 4 месеци ситуацијата ја променивме appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Сериозно треба да се истражат индициите дека Мицкоски бил следен со дронови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-seriozno-treba-da-se-istrazhat-inditsiite-deka-mitskoski-bil-sleden-so-dronovi/ Thu, 07 Nov 2024 21:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=835307

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека институциите сериозно треба да ги испитаат индициите за следење на премиерот Христијан Мицкоски, кој во Собранието обелодени дека бил следен од власта со дронови додека бил во опозиција.

Ја имавме првата конститутивна седница на Советот за безбедност, каде што можевме да ги слушнеме моменталните состојби во Македонија и пошироко, имаа излагања и АНБ, и Генералштабот. Можам да кажам дека безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но многу треба да водиме сметка за многу повратници од жаришта, и за протекување многу доверливи информации меѓу службите. Особено онаа информација која протече дека премиерот го следеле додека бил претседател на опозицијата, но и многу лица од опозицијата, и тоа мора да се истражи, рече Мисајловски.

The post Мисајловски: Сериозно треба да се истражат индициите дека Мицкоски бил следен со дронови appeared first on Република.

Мисајловски: Со победата на Трамп очекувам како членка на НАТО да имаме зголемен буџет во одбраната https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-so-pobedata-na-tramp-ochekuvam-kako-chlenka-na-nato-da-imame-zgolemen-budhet-vo-odbranata/ Thu, 07 Nov 2024 21:07:39 +0000 https://republika.mk/?p=835306

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека со победата на Трамп, очекува Македонија да има поголем буџет во одбраната. Тој кажа дека при првиот мандат на Трамп како претседател на САД, буџетите во сите земји на НАТО се зголемиле, па така очекува да биде и сега.

Треба да признаеме дека најголемиот дел на финансии и модернизирање на одбраната на секоја земја членка на НАТО беше при првиот мандат на Трамп. Тога сите земји имаа зголемен буџет во одбраната на 2%. Нашиот буџет е над 2%, но чекувам дека ќе се зголемат овие проценти во одбраната, изјави Мисајловски.

Министерот за одбрана потенцира дека сега со Трамп очекувањата се дека ситуацијата во Украина ќе се смири.

Очекувам целата работа кон Украина да се движи кон мир, и такви се најавите дека Трамп ќе влезе во дипломатски разговори, рече Мисајловски.

The post Мисајловски: Со победата на Трамп очекувам како членка на НАТО да имаме зголемен буџет во одбраната appeared first on Република.

Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-najgolem-del-od-budhetot-ke-odi-vo-modernizatsija-na-armijata/ Wed, 06 Nov 2024 21:15:51 +0000 https://republika.mk/?p=834933

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во гостување на МРТВ изјави дека следува модернизација на Армијата.

Буџетот во Армијата ќе биде 2%, но и ќе се зголемува низ годините вели Мисајловски.

Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на НАТО го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќи тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети - појасни министерот Мисајловски.

Побаравме поголем Буџет за следната година за Армијата, еве да изразам благодарност до премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата, изјави министерот Мисајловски.

The post Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана на Република Македонија, Владо Мисајловски во гостување на МРТВ изјави дека следува модернизација на Армијата. Буџетот во Армијата ќе биде 2%, но и ќе се зголемува низ годините вели Мисајловски.
Морам да потенцирам, а сум кажал и претходно, во ерата на Доналд Трамп, зборувам за првиот мандат, најмногу земји, поготово земји членки на НАТО го кренаа својот буџет на два проценти и тоа навистина е за поздрав. Од тој момент почнува да се модернизира се повеќе и повеќе и насекаде зборам, поготово во земјите членки на НАТО, тоа се разбира е и наша стратешка цел и една од обврските што ги имаме преземено, односно нашиот буџет ќе биде над два проценти, ова било и претходно, но сега ќе се зголемува низ годините бидејќи тоа беше една од работите кои што ги бараше администрацијата на Трамп. Но навистина тоа е и потребно, иако сме мала земја мора континуирано да ги подобруваме нашите капацитети - појасни министерот Мисајловски.
Побаравме поголем Буџет за следната година за Армијата, еве да изразам благодарност до премиерот Христијан Мицкоски. Најголемиот дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата, изјави министерот Мисајловски.

The post Мисајловски: Најголем дел од буџетот ќе оди во модернизација на Армијата appeared first on Република.

]]>
Мисајловски упати честитка за победата на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-upati-chestitka-za-pobedata-na-tramp/ Wed, 06 Nov 2024 12:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=834760

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски упати честитка за победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

Честитки и најдобри желби до претседателот Donald J. Trump и до целиот американски народ!-објави на својот фејсбук профил.

The post Мисајловски упати честитка за победата на Трамп appeared first on Република.

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-nad-dva-protsenti-od-budhetot-za-odbranata-dogodina-ke-davam-maksimalen-pridones-za-podobruvane-na-site-uslovi-vo-armijata/ Tue, 05 Nov 2024 13:26:11 +0000 https://republika.mk/?p=834381

Министерството за одбрана ги следи сите безбедносни предизвици што постојат, а како членка на НАТО важно е и да соработуваме со сите наши партнери и да ја модернизираме Армијата за што годинава ќе бидат издвоени повеќе од 2 отсто од буџетот. Со исполнување на нашиот повеќегодишен стремеж за членство во ЕУ, ќе се подобри и колективната безбедност. Владата денеска на затворена седница ќе одлучува и за нов пакет помош за Украина.

Ова го изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски на конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.

Ќе продолжиме да помагаме, затоа сме пријатели. Со ова не завршува на помошта, ќе продолжиме и во наредниот период се разбира се она што ние можеме да помогнеме, но она што ни треба нам да го задржиме. Како четврта земја по контрибуција во НАТО мора да продолжиме да помагаме но мора да гледаме да ја модернизираме нашата Армија. Тоа е една од нашите обврски како земја членка во НАТО, односно да ја развиваме лесната пешадиска баталјонска група. Следната година не очекуваат многу проекти, да завршиме огромни договори, како за лесни оклопни возила со САД. Тоа е еден од подобрите проекти за кој треба да се одвојат сериозни средства од буџетот. Тоа се ЏЛТВ возилата и страјкерите, кои дел се пристигнати а следната година ќе пристигнат сите, и ќе бидат голем придонес за Армијата. Исто така, имаме повеќе договори за ПВО, за хаубици што навистина ќе помогнат во модернизација на Армијата. Тоа е многу важно бидејќи ние имаме обврска кон НАТО како земја членка да постигнеме и квалитативни, но и квантитативни цели што ни се зададени постојано да ги исполнуваме. Но, сето ова е поврзано со буџет, драго ми е што за следната година буџетот ќе биде над 2 проценти, што е многу важно за одбраната - рече Мисајловски.

Тој нагласи дела ова се сериозни вложувања во делот на модернизација, но и во делот на подобрување на човечките ресурси и изрази задоволство што првпат се случува да се исплаќаат сите обврски по Колективниот договор за да се подобри духот во армијата, една од институциите која, вели, ужива најголем углед во државата.

На крајот на денот се зависи од тоа колку имате успешна Армија која сака да ги извршува постојано целите. Затоа сме мала Армија но сме големи во срцето, помагаме колку што можеме но ни треба поддршката и од нашите пријателите…Армијата е прва на браникот на државата. Ние ќе продолжиме да инвестираме максимално, јас додека сум министер за одбрана ќе давам максимален придонес како да ги подобрам сите услови во Армијата. Она што е најважно е да имаме што повеќе пријатели и да имаме што подобар однос со сите членки на ЕУ оти колективната безбедност во Европа е поврзана и со нашата безбеднност тука во земјата - вели министерот за одбрана.

Германската амбасадорка Петра Дрекслер истакна дека она што ја прави Алијансата силна е единството, а за тоа сведочат успесите што сме ги постигнале. Во контекст на војната во Украина, која ги потресе сите, посочи дека таа е и тест за солидарноста на Алијансата.

Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата токму на тоа се фокусираме, значи врз градење на доверба, одржување на довербата меѓу нас и обезбедување обидите да се поткопа нашата Алијанса со создавање недоверба да не бидат успешни - вели амбасадорката Дрекслер.

Професорот Јоанис Армаколас и директор на ЕЛИАМЕП, меѓу другото го нагласи значењето на довербата од регионов кон ЕУ. Порано вели имаше поголема доверба од страна на општествата од ЗБ во ЕУ, доверба која се намалувала и се намали во последниве 20 години, а има, вели и многу актери кои имаат автономни политики кои се во контраст на западните. Според него, потребна е одредена кохезија која порано се сметаше дека ни е така дадена, а која нема веќе такви основи.

Има се повеќе земји кои ги спорат не само дома демократските правила и правилата врз кои е изградена ЕУ, но ја оспоруваат и надворешната политика и приоритетите на надворешната политика. Всушност ние ќе гледаме се повеќе унгарии, се повеќе внaтрешни поделби и внатрешна опозиција на овие стандарди на овој начин на владеење. Во рамките на ЕУ ќе видиме дури можеби и одредени влијанија во насока на јакнење на овие сили кои ги оспоруваат овие принципи на меѓународната политика во кои верувавме во 90-те години. Се согласувам дека влегуваме сега во еден период во кој ние не само што имаме многу предизвици кон западните сили, туку и од внатре. Дали треба да се откажеме, не, ние сме во процес на одбрана на нашите демократијата во ЕУ, ја прошириме ЕУ и НАТО и треба да осигуриме да ги зајакнеме демократиите и нашата способност да одговориме како запад, како ЕУ како НАТО на меѓународните преидзвици. Ако ме прашате мене Унгарија во последниве неколку години има повеќе конзистентна политика кон ЗБ. Самата ЕУ е полна со страв да не дава доволно пари на масата, да воспосатави политики, да се спречат тензии меѓу ЕУ и државите од ЗБ. Унгарија сега тоа го прави вешто и добро и мислам дека ние треба исто така да учиме и од оние кои се против демократските принципи и поолитиките на ЕУ во регионот - рече Армаколас.

Во контекст на безбедносната состојба, министерот Мисајловски посочи дека таа е стабилна и на највисоко ниво но секогаш треба да бидеме подготвени на опасноста од радикалните структури, како и на евентуални мигрантски бранови поради случувањата на Блискиот исток. Во тој контекст, рече, важна е размената на безбедносните и разузнавачките информации со партнерите од НАТО.

На настанот беше истакнато и значењето на изборите кои се случуваат денеска во САД, еден од најважните членови на НАТО и дека кохезијата и спремноста на НАТО не може да се одржува без САД. Токму затоа исходот од изборите во САД ќе бидат значајни и ќе имаат свој ефект врз иднината на НАТО како оргазниазција. Кој ќе влезе во Белата куќа следниве години треба да биде свесен за оваа одговорност не само за земјата, туку и за Европа и за сојузните во НАТО.

На конференцијата видео обраќање имаше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а присуствуваа високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот.

Конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“ ја организира Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и со поддршка на сестринската фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс.

The post Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата appeared first on Република.

]]>

Министерството за одбрана ги следи сите безбедносни предизвици што постојат, а како членка на НАТО важно е и да соработуваме со сите наши партнери и да ја модернизираме Армијата за што годинава ќе бидат издвоени повеќе од 2 отсто од буџетот. Со исполнување на нашиот повеќегодишен стремеж за членство во ЕУ, ќе се подобри и колективната безбедност. Владата денеска на затворена седница ќе одлучува и за нов пакет помош за Украина. Ова го изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски на конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“.
Ќе продолжиме да помагаме, затоа сме пријатели. Со ова не завршува на помошта, ќе продолжиме и во наредниот период се разбира се она што ние можеме да помогнеме, но она што ни треба нам да го задржиме. Како четврта земја по контрибуција во НАТО мора да продолжиме да помагаме но мора да гледаме да ја модернизираме нашата Армија. Тоа е една од нашите обврски како земја членка во НАТО, односно да ја развиваме лесната пешадиска баталјонска група. Следната година не очекуваат многу проекти, да завршиме огромни договори, како за лесни оклопни возила со САД. Тоа е еден од подобрите проекти за кој треба да се одвојат сериозни средства од буџетот. Тоа се ЏЛТВ возилата и страјкерите, кои дел се пристигнати а следната година ќе пристигнат сите, и ќе бидат голем придонес за Армијата. Исто така, имаме повеќе договори за ПВО, за хаубици што навистина ќе помогнат во модернизација на Армијата. Тоа е многу важно бидејќи ние имаме обврска кон НАТО како земја членка да постигнеме и квалитативни, но и квантитативни цели што ни се зададени постојано да ги исполнуваме. Но, сето ова е поврзано со буџет, драго ми е што за следната година буџетот ќе биде над 2 проценти, што е многу важно за одбраната - рече Мисајловски.
Тој нагласи дела ова се сериозни вложувања во делот на модернизација, но и во делот на подобрување на човечките ресурси и изрази задоволство што првпат се случува да се исплаќаат сите обврски по Колективниот договор за да се подобри духот во армијата, една од институциите која, вели, ужива најголем углед во државата.
На крајот на денот се зависи од тоа колку имате успешна Армија која сака да ги извршува постојано целите. Затоа сме мала Армија но сме големи во срцето, помагаме колку што можеме но ни треба поддршката и од нашите пријателите…Армијата е прва на браникот на државата. Ние ќе продолжиме да инвестираме максимално, јас додека сум министер за одбрана ќе давам максимален придонес како да ги подобрам сите услови во Армијата. Она што е најважно е да имаме што повеќе пријатели и да имаме што подобар однос со сите членки на ЕУ оти колективната безбедност во Европа е поврзана и со нашата безбеднност тука во земјата - вели министерот за одбрана.
Германската амбасадорка Петра Дрекслер истакна дека она што ја прави Алијансата силна е единството, а за тоа сведочат успесите што сме ги постигнале. Во контекст на војната во Украина, која ги потресе сите, посочи дека таа е и тест за солидарноста на Алијансата.
Ние сме свесни дека ова не е само војна против Украина, туку тест за нашата солидарност, нашето пријателство и довербата. Довербата е еден од најважните елементи што ги имаме и што треба да ги одржуваме во рамките на нашето единство. Дали држењето на Западен Балкан надвор од ЕУ ја поткопува довербата, тоа е она што ние како членки на ЕУ и членки на НАТО Алијансата токму на тоа се фокусираме, значи врз градење на доверба, одржување на довербата меѓу нас и обезбедување обидите да се поткопа нашата Алијанса со создавање недоверба да не бидат успешни - вели амбасадорката Дрекслер.
Професорот Јоанис Армаколас и директор на ЕЛИАМЕП, меѓу другото го нагласи значењето на довербата од регионов кон ЕУ. Порано вели имаше поголема доверба од страна на општествата од ЗБ во ЕУ, доверба која се намалувала и се намали во последниве 20 години, а има, вели и многу актери кои имаат автономни политики кои се во контраст на западните. Според него, потребна е одредена кохезија која порано се сметаше дека ни е така дадена, а која нема веќе такви основи.
Има се повеќе земји кои ги спорат не само дома демократските правила и правилата врз кои е изградена ЕУ, но ја оспоруваат и надворешната политика и приоритетите на надворешната политика. Всушност ние ќе гледаме се повеќе унгарии, се повеќе внaтрешни поделби и внатрешна опозиција на овие стандарди на овој начин на владеење. Во рамките на ЕУ ќе видиме дури можеби и одредени влијанија во насока на јакнење на овие сили кои ги оспоруваат овие принципи на меѓународната политика во кои верувавме во 90-те години. Се согласувам дека влегуваме сега во еден период во кој ние не само што имаме многу предизвици кон западните сили, туку и од внатре. Дали треба да се откажеме, не, ние сме во процес на одбрана на нашите демократијата во ЕУ, ја прошириме ЕУ и НАТО и треба да осигуриме да ги зајакнеме демократиите и нашата способност да одговориме како запад, како ЕУ како НАТО на меѓународните преидзвици. Ако ме прашате мене Унгарија во последниве неколку години има повеќе конзистентна политика кон ЗБ. Самата ЕУ е полна со страв да не дава доволно пари на масата, да воспосатави политики, да се спречат тензии меѓу ЕУ и државите од ЗБ. Унгарија сега тоа го прави вешто и добро и мислам дека ние треба исто така да учиме и од оние кои се против демократските принципи и поолитиките на ЕУ во регионот - рече Армаколас.
Во контекст на безбедносната состојба, министерот Мисајловски посочи дека таа е стабилна и на највисоко ниво но секогаш треба да бидеме подготвени на опасноста од радикалните структури, како и на евентуални мигрантски бранови поради случувањата на Блискиот исток. Во тој контекст, рече, важна е размената на безбедносните и разузнавачките информации со партнерите од НАТО. На настанот беше истакнато и значењето на изборите кои се случуваат денеска во САД, еден од најважните членови на НАТО и дека кохезијата и спремноста на НАТО не може да се одржува без САД. Токму затоа исходот од изборите во САД ќе бидат значајни и ќе имаат свој ефект врз иднината на НАТО како оргазниазција. Кој ќе влезе во Белата куќа следниве години треба да биде свесен за оваа одговорност не само за земјата, туку и за Европа и за сојузните во НАТО. На конференцијата видео обраќање имаше министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, а присуствуваа високи државни чинители, претставници на меѓународната заедница, експерти од областа на одбраната, безбедноста и меѓународните односи од земјата како и од регионот. Конференцијата на високо ниво, по повод одбележување на 75-годишнината од формирањето на Алијансата „НАТО – 75 Години единство, соработка и колективна одбрана: Безбедносни предизвици за Европа“ ја организира Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, и со поддршка на сестринската фондација од Брисел, Центарот за Европски студии Вилфред Мартенс.

The post Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, ќе давам максимален придонес за подобрување на сите услови во Армијата appeared first on Република.

]]>
Министрите Мисајловски и Гулер потпишаа Рамковен договор за воена соработка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-misajlovski-i-guler-potpishaa-ramkoven-dogovor-za-voena-sorabotka/ Wed, 23 Oct 2024 14:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=830228

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер денеска за време на средбата која се одржа во Истанбул во име на владите на двете држави потпишаа Рамковен договор за воена соработка врз основ на изразената потреба за подобрување на постојните пријателски односи.

Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование, заемното учество во вежби, мировните операции и операциите за хуманитарна помош, одбранбена индустрија, военото разузнавање, логистичката соработка, воената медицина и здравствените услуги, комуникациско информациски системи и сајбер одбрана и размена на персонал за професионален развој.

На средбата министерот Мисајловски упати голема благодарност за континуираната поддршка од страна на сојузничка Турција која е наш значаен партнер и пријател од нашето осамостојување и која е значаен чинител и придонесувач во модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО.

Во рамки на денешните активности, министерот Мисајловски оствари средба и со Халук Горгун, секретар за одбранбена индустрија на која се разговараше за интензивирање на соработката во делот на модернизација на македонската Армија и за можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете пријателски држави.

За време на дводневната посетата на Република Турција, министерот Мисајловски, генералот Лафчиски и останатите членови на македонската делегација го посетија 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, каде присуствуваа на церемонијалното отворање на саемот, остварија повеќе средби со претставници на компаниите од турската наменска индустрија и со други компании од сите сегменти на копнените капацитети кои би можеле да бидат од аквизициски интерес за македонската одбрана.

The post Министрите Мисајловски и Гулер потпишаа Рамковен договор за воена соработка appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за национална одбрана на Република Турција, Јашар Гулер денеска за време на средбата која се одржа во Истанбул во име на владите на двете држави потпишаа Рамковен договор за воена соработка врз основ на изразената потреба за подобрување на постојните пријателски односи. Целта на овој договор е да ја развие соработката меѓу двете држави на полето на воената соработка, воена обука и образование, заемното учество во вежби, мировните операции и операциите за хуманитарна помош, одбранбена индустрија, военото разузнавање, логистичката соработка, воената медицина и здравствените услуги, комуникациско информациски системи и сајбер одбрана и размена на персонал за професионален развој. На средбата министерот Мисајловски упати голема благодарност за континуираната поддршка од страна на сојузничка Турција која е наш значаен партнер и пријател од нашето осамостојување и која е значаен чинител и придонесувач во модернизацијата на Армијата и нејзиното опремување со нови, најсовремени средства, компатибилни со стандардите на земјите членки на НАТО. Во рамки на денешните активности, министерот Мисајловски оствари средба и со Халук Горгун, секретар за одбранбена индустрија на која се разговараше за интензивирање на соработката во делот на модернизација на македонската Армија и за можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка помеѓу двете пријателски држави. За време на дводневната посетата на Република Турција, министерот Мисајловски, генералот Лафчиски и останатите членови на македонската делегација го посетија 4. меѓународен саем за одбрана – SAHA EXPO 2024, каде присуствуваа на церемонијалното отворање на саемот, остварија повеќе средби со претставници на компаниите од турската наменска индустрија и со други компании од сите сегменти на копнените капацитети кои би можеле да бидат од аквизициски интерес за македонската одбрана.

The post Министрите Мисајловски и Гулер потпишаа Рамковен договор за воена соработка appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-so-pochit-se-sekavame-na-revolutsionerite-makedonija-zasluzhuva-da-bide-razviena-progresivna-i-bezbedna/ Wed, 23 Oct 2024 08:39:38 +0000 https://republika.mk/?p=830083

Министерот за одбрана на Владо Мисајловски денеска упати честитка по повод 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Денеска со почит се сеќаваме и им се поклонуваме на сите револуционери кои со својата визија и пожртвуваност ги поставија темелите на слободна и независна Македонија, затоа што идеалите на македонската револуционерна организација за создавање на македонска држава се нераскинлив дел од нашата колективна свест и нашето постоење, истакнува во честитката Мисајловски.

Стремежите на револуционерите за слободна и просперитетна држава, додава Мисајловски, не задолжија за навек.

Решителни сме сите заедно да го продолжиме делото на Организацијата, да продолжиме да градиме иднина вредна за нивната борба. Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна, да биде земја за среќен и хармоничен живот на сите граѓани. Нашата определба ја потврдуваме со максимална заложба, труд и посветеност во остварување на овие цели, наведува Мисајловски.

The post Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна appeared first on Република.

Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-samo-so-stabilno-finansirane-ke-uspeeme-da-gi-razvivame-odbranbenite-sposobnosti-2/ Fri, 18 Oct 2024 12:09:22 +0000 https://republika.mk/?p=828505

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој учествува на состанокот, потенцирал дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2 отсто од БДП е приоритет.

-Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите. Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакнал министерот Мисајловски.

На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпишал Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата. 

The post Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности appeared first on Република.

]]>

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана. Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој учествува на состанокот, потенцирал дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2 отсто од БДП е приоритет. -Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите. Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакнал министерот Мисајловски. На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпишал Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата. 

The post Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности appeared first on Република.

]]>
Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-samo-so-stabilno-finansirane-ke-uspeeme-da-gi-razvivame-odbranbenite-sposobnosti/ Fri, 18 Oct 2024 11:34:09 +0000 https://republika.mk/?p=828483

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО разменивме мислења за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите и капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

-Истакнав дека македонската Влада е максимално посветена на исполнување на националните обврски кои произлегуваат од нашето членство во НАТО и одлучна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности appeared first on Република.

]]>

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО разменивме мислења за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите и капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
-Истакнав дека македонската Влада е максимално посветена на исполнување на националните обврски кои произлегуваат од нашето членство во НАТО и одлучна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности appeared first on Република.

]]>
Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtor-den-od-ministerskiot-sostanok-na-nato-na-koj-uchestvuva-i-ministerot-za-odbrana-misajlovski/ Fri, 18 Oct 2024 05:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=828266

Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски.

На денешното продолжение на министерската средба е предвидено одржување на заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кој ќе се говори за зајакнувањето на одбраната и отпорноста на НАТО, за одбранбените трошоци и за состојбите на Западниот Балкан.

Вчера на првиот ден од средбата беа одржани министерски состанок на членките кои придонесуваат за зајакнување на Глобалната коалиција за пораз на групата Исламска држава (Д-ИСИС), како и средба на министрите за одбрана на НАТО со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд на која се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. Дополнително, во форма на работна вечера се одржа и заседание на Советот за соработка НАТО-Украина, на кое присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров.

НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници.

На заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред одржувањето на Советот за соработка, Зеленски порача дека упатувањето покана до Украина за приклучување кон Алиансата, ќе ја зајакне земјата политички и она што е уште поважно, ќе ја донесе до реален и праведен мир.

- Украина постигна нешто што до неодамна се чинеше невозможно – успеа да го запре рускиот масовен напад и да се одбрани од инвазијата. Останавме обединети и ја зајакнавме нашата одбранбена способност, истакна Зеленски.

Тој се заблагодари за досега пружената поддршка за неговата земја, од која, како што рече, зависат животите на украинските војници на теренот, нагласувајќи дека заедно со своите партнери, Украина знае како да ги постигне своите цели.

Според Зеленски, Украина еден ден сака да стане членка на НАТО и мора да се направи се за тоа да се случи, затоа што би било погрешно земјата да се остави надвор од Алијансата каде што и е местото.

- Затоа една од главните точки во Планот за победа е покана за членство во НАТО. Ние Украинците покажавме дека можеме да се браниме, да споделуваме вредности и да се спротивставиме на Русија – најголемата закана за Европа и глобалниот мир, рече Зеленски.

Руте, од своја страна, истакна дека со нетрпение го очекува денот кога Украина ќе стане членка на НАТО, а дотогаш Алијансата ќе стори се што е во нејзина моќ со цела земјата да надвладее на теренот, што, според него, е од витално значење за заедничката безбедност.

- НАТО работи со Украина, доведувајќи ја се поблиску до Алијансата, но работиме и со останатите наши партнери за да ја зајакнеме безбедноста на сите нас, додаде Руте, потсетувајќи дека министрите денеска одржаа заеднички состанок со колегите од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд и со претставници на ЕУ посветен на зајакнување на соработката во заедничките одбранбени напори.

Според него, војната во Украина покажа дека нестабилноста во Европа, има далекусежни последици ширум светот и дека земји кои се илјадници километри далеку, како Иран, Кина, дури и Северна Кореја можат да бидат „безбедносни потпкопувачи во нашиот двор“.

- Затоа мораме да направиме јасна проценка на предизвиците со кои се соочуваме и да работиме со нашите партнери за справување со тие предизвици и за одбрана на нашите заеднички вредности, потенцира Руте, додавајќи дека од тие причини и ЕУ и партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион ја поддржуваат Украина, одбраната на демократијата и изградбата на свет базиран на владеењето на правото, а не на владеење на силата.

Руте порача и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, што е порака и до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија.

- Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се, Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте.

Претходно, при пристигнувањето на министерскиот состанок, Руте истакна дека мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан, во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, додавајќи дека токму затоа Алијансата ќе стори се и ја изразува својата поддршка за регионот.

Duhet të jemi të vetëdishëm për gjendjen në Ballkanin Perëndimor në kushtet kur dialogu Prishtinë - Beograd e cila udhëhiqet me ndërmjetësimin e BE-së nuk po shkon ashtu siç do të donim dhe k

Тој нагласи и дека сите се свесени оти средствата што сега земјите членки на НАТО ги трошат за одбраната не се доволни и најави дека во текот на денешното заседание на Северноатлантскиот совет, но и на следните состаноци на сојузниците, ќе се разговара и за зголемување на одбранбените трошоци.

- Сите знаеме дека ако сакаме да биде подготвени долгорочно, мораме да ги зголемите средства и трошоците (за одбраната), истакна Руте.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пак, порача дека фокусот на НАТО е насочен кон заштита на територијата и луѓето на секоја земја од Пактот и за таа цел сите сојузници мора да работат заедно на зајакнување на одбраната и одвраќањето,

- Денешното стратешко опкружување е многу поразлично од она во 2014 година (кога беше формирана Д-ИСИС). ИД остана фокусирана на нас, но справувањето со заканата од ИД и останатите терористички групи сега се само едно од нашите стратешките предизвици, меѓу кои најголеми се малтретирањата од страна на Народна Република Кина и непромислена инвазија на Русија врз Украина, рече Остин.

Сепак, според него, и покрај променетите околности од фокусот не смее да се изостави опасноста што се уште ја претставува ИД, па затоа мора да продолжат координираните напори за справување со оваа терористичка група каде и да се појави во светот.

Остин нагласи и дека од борбата против ИД и идеологиите што доведоа до нејзиното создавање, светот научи три лекции, од кои три се клучни за справување со тероризмот – дека мора да се биде досетлив и решителен, дека најголемата сила доаѓа од колективниот одговор на заканите и дека е потребно прилагодување на борбените стратегии.

The post Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски appeared first on Република.

]]>

Во Брисел денеска продолжува дводневниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, на кој учествува и македонскиот ресорен министер Владо Мисајловски. На денешното продолжение на министерската средба е предвидено одржување на заседание на Северноатлантскиот совет на ниво на министри за одбрана, на кој ќе се говори за зајакнувањето на одбраната и отпорноста на НАТО, за одбранбените трошоци и за состојбите на Западниот Балкан. Вчера на првиот ден од средбата беа одржани министерски состанок на членките кои придонесуваат за зајакнување на Глобалната коалиција за пораз на групата Исламска држава (Д-ИСИС), како и средба на министрите за одбрана на НАТО со нивните колеги од партнерските земји од азиско-пацифичкиот регион - Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд на која се разговараше за продлабочување на соработката во повеќе области, пред се во сферата на иновациите, индустриското производство и борбата против хибридните закани и кибер нападите. Дополнително, во форма на работна вечера се одржа и заседание на Советот за соработка НАТО-Украина, на кое присуствуваа и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров. НАТО синоќа потврди дека кибер инцидент влијаел врз работата на неговите веб-страници. На заедничка прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте пред одржувањето на Советот за соработка, Зеленски порача дека упатувањето покана до Украина за приклучување кон Алиансата, ќе ја зајакне земјата политички и она што е уште поважно, ќе ја донесе до реален и праведен мир. - Украина постигна нешто што до неодамна се чинеше невозможно – успеа да го запре рускиот масовен напад и да се одбрани од инвазијата. Останавме обединети и ја зајакнавме нашата одбранбена способност, истакна Зеленски. Тој се заблагодари за досега пружената поддршка за неговата земја, од која, како што рече, зависат животите на украинските војници на теренот, нагласувајќи дека заедно со своите партнери, Украина знае како да ги постигне своите цели. Според Зеленски, Украина еден ден сака да стане членка на НАТО и мора да се направи се за тоа да се случи, затоа што би било погрешно земјата да се остави надвор од Алијансата каде што и е местото. - Затоа една од главните точки во Планот за победа е покана за членство во НАТО. Ние Украинците покажавме дека можеме да се браниме, да споделуваме вредности и да се спротивставиме на Русија – најголемата закана за Европа и глобалниот мир, рече Зеленски. Руте, од своја страна, истакна дека со нетрпение го очекува денот кога Украина ќе стане членка на НАТО, а дотогаш Алијансата ќе стори се што е во нејзина моќ со цела земјата да надвладее на теренот, што, според него, е од витално значење за заедничката безбедност. - НАТО работи со Украина, доведувајќи ја се поблиску до Алијансата, но работиме и со останатите наши партнери за да ја зајакнеме безбедноста на сите нас, додаде Руте, потсетувајќи дека министрите денеска одржаа заеднички состанок со колегите од азиско-пацифичкиот регион – Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд и со претставници на ЕУ посветен на зајакнување на соработката во заедничките одбранбени напори. Според него, војната во Украина покажа дека нестабилноста во Европа, има далекусежни последици ширум светот и дека земји кои се илјадници километри далеку, како Иран, Кина, дури и Северна Кореја можат да бидат „безбедносни потпкопувачи во нашиот двор“. - Затоа мораме да направиме јасна проценка на предизвиците со кои се соочуваме и да работиме со нашите партнери за справување со тие предизвици и за одбрана на нашите заеднички вредности, потенцира Руте, додавајќи дека од тие причини и ЕУ и партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион ја поддржуваат Украина, одбраната на демократијата и изградбата на свет базиран на владеењето на правото, а не на владеење на силата. Руте порача и дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина онолку долго колку што ќе биде потребно, што е порака и до рускиот претседател Владимир Путин дека поддршката за земјата ќе трае се додека не се создадат услови за мировни преговори со Русија. - Може да бидете апсолутно сигурни дека сите 32 сојузници се обединети во ставот дека заедно ќе направат се, Украина да надвладее на теренот и Путин да не го добие тоа што го сака, истакна Руте. Претходно, при пристигнувањето на министерскиот состанок, Руте истакна дека мораме да бидеме свесни за состојбата на Западниот Балкан, во услови кога дијалогот Белград-Приштина што се води со посредништво на ЕУ не се одвива онака како што би сакале и кога постојат сецесионистички тенденции за поделба на Босна и Херцеговина, додавајќи дека токму затоа Алијансата ќе стори се и ја изразува својата поддршка за регионот. Duhet të jemi të vetëdishëm për gjendjen në Ballkanin Perëndimor në kushtet kur dialogu Prishtinë - Beograd e cila udhëhiqet me ndërmjetësimin e BE-së nuk po shkon ashtu siç do të donim dhe k Тој нагласи и дека сите се свесени оти средствата што сега земјите членки на НАТО ги трошат за одбраната не се доволни и најави дека во текот на денешното заседание на Северноатлантскиот совет, но и на следните состаноци на сојузниците, ќе се разговара и за зголемување на одбранбените трошоци. - Сите знаеме дека ако сакаме да биде подготвени долгорочно, мораме да ги зголемите средства и трошоците (за одбраната), истакна Руте. Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, пак, порача дека фокусот на НАТО е насочен кон заштита на територијата и луѓето на секоја земја од Пактот и за таа цел сите сојузници мора да работат заедно на зајакнување на одбраната и одвраќањето, - Денешното стратешко опкружување е многу поразлично од она во 2014 година (кога беше формирана Д-ИСИС). ИД остана фокусирана на нас, но справувањето со заканата од ИД и останатите терористички групи сега се само едно од нашите стратешките предизвици, меѓу кои најголеми се малтретирањата од страна на Народна Република Кина и непромислена инвазија на Русија врз Украина, рече Остин. Сепак, според него, и покрај променетите околности од фокусот не смее да се изостави опасноста што се уште ја претставува ИД, па затоа мора да продолжат координираните напори за справување со оваа терористичка група каде и да се појави во светот. Остин нагласи и дека од борбата против ИД и идеологиите што доведоа до нејзиното создавање, светот научи три лекции, од кои три се клучни за справување со тероризмот – дека мора да се биде досетлив и решителен, дека најголемата сила доаѓа од колективниот одговор на заканите и дека е потребно прилагодување на борбените стратегии.

The post Втор ден од министерскиот состанок на НАТО на кој учествува и министерот за одбрана Мисајловски appeared first on Република.

]]>
Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-na-sostanok-na-severnoatlantskiot-sovet-na-nato-na-nivo-na-ministri-za-odbrana/ Thu, 17 Oct 2024 16:30:28 +0000 https://republika.mk/?p=828153

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денеска учествува на дводневениот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за одбрана, во Брисел.

Ова е прв состанок на НАТО на високо ниво по Самитот во Вашингтон и воедно прв состанок што го води новиот генерален секретар Марк Руте.

На одделните сесии, главни теми за дискусија се: одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката за Украина, и зајакнувањето на соработката со земјите од Индо-пацификот.

Целта на состанокот е преглед на имплементацијата на одлуките од Самитот во Вашингтон во насока на зајакнување на капацитетите на Алијансата за одговор на растечките закани и предизвици.

Денеска беше оддржан и Состанок на земјите членки на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, во организација на САД, со која претседаваше секретарот за одбрана Лојд Остин.

Од страна на Министерот Мисајловски беше потенцирано дека справувањето со тероризмот останува од суштинско значење за колективната одбрана, во рамките на која македонската Влада ќе продолжи да соработува со своите сојузници.

На сесијата со глобалните партнери, покрај висок претставник на Европската Унија, за прв пат се поканети и министрите за одбрана на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја, на која се разговараше за тековните предизвици и неделивоста на глобалната безбедност.

Посебна сесија е посветена на јакнењето на соработката со Украина и јакнењето на глобалните партнерства.

Во присуство на претседателот Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, ќе се разговара за новата НАТО Команда за координација на помош и обука за Украина, финансиската поддршка и за другите иницијативи што ќе овомзможат долгорочна помош.

На маргините на состаноците, министерот Мисајловски оствари одделни билатерални состаноци со своите колеги од Албанија, Норвешка и Словенија, и се заложи за понатамошно зајакнување на билатералната соработка во областа на одбраната.

The post Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски од денеска учествува на дводневениот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво на министри за одбрана, во Брисел. Ова е прв состанок на НАТО на високо ниво по Самитот во Вашингтон и воедно прв состанок што го води новиот генерален секретар Марк Руте. На одделните сесии, главни теми за дискусија се: одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката за Украина, и зајакнувањето на соработката со земјите од Индо-пацификот. Целта на состанокот е преглед на имплементацијата на одлуките од Самитот во Вашингтон во насока на зајакнување на капацитетите на Алијансата за одговор на растечките закани и предизвици. Денеска беше оддржан и Состанок на земјите членки на Глобалната коалиција за борба против ИСИС, во организација на САД, со која претседаваше секретарот за одбрана Лојд Остин. Од страна на Министерот Мисајловски беше потенцирано дека справувањето со тероризмот останува од суштинско значење за колективната одбрана, во рамките на која македонската Влада ќе продолжи да соработува со своите сојузници. На сесијата со глобалните партнери, покрај висок претставник на Европската Унија, за прв пат се поканети и министрите за одбрана на Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја, на која се разговараше за тековните предизвици и неделивоста на глобалната безбедност. Посебна сесија е посветена на јакнењето на соработката со Украина и јакнењето на глобалните партнерства. Во присуство на претседателот Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, ќе се разговара за новата НАТО Команда за координација на помош и обука за Украина, финансиската поддршка и за другите иницијативи што ќе овомзможат долгорочна помош. На маргините на состаноците, министерот Мисајловски оствари одделни билатерални состаноци со своите колеги од Албанија, Норвешка и Словенија, и се заложи за понатамошно зајакнување на билатералната соработка во областа на одбраната.  

The post Мисајловски на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана appeared first on Република.

]]>
Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-od-brisel-prodolzhuvame-da-gi-jakneme-makedonskite-odbranbeni-kapatsiteti-i-kapatsitetite-na-alijansata/ Thu, 17 Oct 2024 12:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=828150

Денеска и утре учествувам на состанокот на министри за одбрана на НАТО Алијансата кој ќе се реализира во неколку сесии, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На претстојните состаноци ќе разговараме за зајакнување на отпорноста и одбраната на Евроатлантската област, Средниот исток, за операциите на НАТО, како и за поддршката за Украина. Остануваме силно посветени на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на регионот и на вредностите во кои веруваме. Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата, истакна Мисајловски.

The post Мисајловски од Брисел: Продолжуваме да ги јакнеме македонските одбранбени капацитети и капацитетите на Алијансата appeared first on Република.

Мисајловски учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/misajlovski-uchestvuva-na-sostanokot-na-ministrite-za-odbrana-na-nato-vo-brisel/ Thu, 17 Oct 2024 05:48:03 +0000 https://republika.mk/?p=827844

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Брисел, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

На оваа прва средба на министрите за одбрана по јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон, ќе стане збор за спроведувањето на клучните одлуки од овој собир на врвот - зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката на Украина и продлабочување на глобалните партнерства.

За таа цел на министерската средба попладнево ќе се приклучат и министрите за одбрана на партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион  Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, а вечерва на работна вечера на која ќе се дискутира за состојбата во Украина ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, кои ќе информираат за случувањата на бојното поле и итните потреби на земјата.

Како што изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во пресрет на денешната министерска средба за време на неговата посета на Киев пред две недели ја потврдил поддршката на Алијансата за Украина, која вклучува поголема поддршка за украинските сили, воена помош од најмалку 40 милијарди евра во рок од една година, од кои годинава веќе се исплатени 20,9 милијарди евра, како и иницијативи за поттик на неповратен пат на земјата кон членство во НАТО.

Тој потенцира дека како дел од овие напори беше формирана и Командата на НАТО за координирање на безбедносната помош и обука за Украина со седиште во германскиот град Визбаден, која обезбедат покоординирана и конзистентна поддршка за Украина на долг рок.

На прашањето од црногорскиот весник „Вијести“ дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е прак

Во однос на финансиската залог, со задоволство можам да известам дека цврсто сме на пат да ги испорачаме 40-те милијарди ветени за следната година, како што беше договорено во Вашингтон.

Така, пораката е јасна: НАТО испорачува за Украина, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа, додаде Руте.

Според генералниот секретар на НАТО, на средбата министрите за одбрана ќе го разгледаат и статусот на тековните операции и мисии на Алијансата во Косово и во Ирак.

Ситуацијата во Западен Балкан останува загрижувачка со сецесионистички закани во Босна и Херцеговина, кревка безбедносна ситуација во Косово и мал напредок постигнат во дијалогот Белград-Приштина. Русија, исто така, се обидува да ги поткопа демократиите во регионот со кибер и хибридни закани, вклучително и ширење дезинформации, користејќи ја внатрешна ранливост за поттикнување поделби, нагласи Руте.

Тој додаде дека растечкото усогласување на авторитарни актери, како Кина, Русија, Северна Кореја и Иран, ја поткопува стабилноста во евроатлантскиот и на индо-пацифичкиот региони, па затоа во овој се повеќе меѓусебно поврзан свет, од витално значење е справувањето со безбедносни предизвици заедно со глобалните партнери.

Според него, во прилог на ваквата определба на Алијансата говори и присуството на министрите од азиско-пацифичкиот регион на денешната средба со што се изразува посветеноста на НАТО да работи со своите партнери истомисленици за одбраниме на заедничките вредности и интереси.

- Особено сакаме да ја зголемиме соработката во областите на иновации, снабдувањето и одбранбено индустриско производство, додаде првиот човек на НАТО.

Руте нагласи и дека за да може Алијансата да одговори на растечките закани со кои се соочува, потребно е таа да ги зајакне своите капацитети за одвраќање и одбрана.

Ова бара повеќе сили, способности и инвестиции за исполнување на амбициозните цели поставени во нашите одбранбени планови - проширен одбранбен индустриски капацитет, поцврсти синџири на снабдување и искористување на новите технологии во сите домени, нагласи Руте.

Според него, иако е постигнат напредок во остварувањето на сите овие цели, сепак треба да се направи повеќе, пред се со производство на нови бродови, борбени возила и авиони, што носи и зголемени трошоци.

Инвестициите во одбранбената индустрија се клучни за одбрана на нашите една милијарда граѓани. Инвестициите ја обезбедуваат опремата што ни е потребна за одвраќање и одбрана, ја зајакнуваат нашата технолошка предност и ја зголемуваат интероперабилноста на нашите сили. Со други зборови, не може да има силна одбрана без силна одбранбена индустрија. За да се постигне ова потребни се зголемени трошоци за одбрана и тие треба да бидат долгорочни, нагласи Руте.

Тој најави дека на министерскиот состанок ќе стане збор и за новата иницијатива на НАТО за подобрување на стандардизацијата, бидејќи како што нагласи стандардите ја зајакнуваат способноста на сојузниците да се борат заедно.

Подоброто спроведување на стандардите може да помогне да се намалат трошоците за набавки за одбрана. Значи, ова е суштинска работа за НАТО, нагласи Руте.

На министерскиот состанок ќе има посебна сесија на посветена на придонесот на НАТО кон Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава (Д-ИСИС), која ја свикува американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.

Целта на оваа сесија, на која, според дипломатски извори, се очекува учество на министри од над 30 земји, е да се начините за спротивставување на заканата од ИД на Блискиот Исток, но и на глобално ниво.

Истите извори посочуваат дека оваа сесија, како и целиот министерски состанок покажува колку многу земји ширум светот се обединети во спротивставувањето на различните закани, како што се хибридните и кибер нападите, тероризмот, насилниот екстремизам и закани по демократските општества и меѓународните правила и норми.

Ваквите типови на партнерства, ни помагаат да формираме сврзното ткиво што треба да го истакнеме против актерите кои се обидуваат да ја поткопаат стабилноста и безбедноста, кои нашите земји ги ценат, посочија дипломатските извори.

The post Мисајловски учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Брисел, каде денеска и утре ќе учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО. На оваа прва средба на министрите за одбрана по јулскиот Самит на НАТО во Вашингтон, ќе стане збор за спроведувањето на клучните одлуки од овој собир на врвот - зајакнување на одвраќањето и одбраната на Алијансата, поддршката на Украина и продлабочување на глобалните партнерства. За таа цел на министерската средба попладнево ќе се приклучат и министрите за одбрана на партнерите на НАТО од азиско-пацифичкиот регион  Австралија, Јапонија, Јужна Кореја и Нов Зеланд, а вечерва на работна вечера на која ќе се дискутира за состојбата во Украина ќе присуствуваат и украинскиот претседател Володимир Зеленски и министерот за одбрана Рустем Умеров, кои ќе информираат за случувањата на бојното поле и итните потреби на земјата. Како што изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во пресрет на денешната министерска средба за време на неговата посета на Киев пред две недели ја потврдил поддршката на Алијансата за Украина, која вклучува поголема поддршка за украинските сили, воена помош од најмалку 40 милијарди евра во рок од една година, од кои годинава веќе се исплатени 20,9 милијарди евра, како и иницијативи за поттик на неповратен пат на земјата кон членство во НАТО. Тој потенцира дека како дел од овие напори беше формирана и Командата на НАТО за координирање на безбедносната помош и обука за Украина со седиште во германскиот град Визбаден, која обезбедат покоординирана и конзистентна поддршка за Украина на долг рок. На прашањето од црногорскиот весник „Вијести“ дали Северноатлантската алијанса е известена за случувањата во Црна Гора, дали ја следи ситуацијата, дали постои безбедносен ризик и каква е прак Во однос на финансиската залог, со задоволство можам да известам дека цврсто сме на пат да ги испорачаме 40-те милијарди ветени за следната година, како што беше договорено во Вашингтон.
Така, пораката е јасна: НАТО испорачува за Украина, а ние ќе продолжиме да го правиме тоа, додаде Руте.
Според генералниот секретар на НАТО, на средбата министрите за одбрана ќе го разгледаат и статусот на тековните операции и мисии на Алијансата во Косово и во Ирак.
Ситуацијата во Западен Балкан останува загрижувачка со сецесионистички закани во Босна и Херцеговина, кревка безбедносна ситуација во Косово и мал напредок постигнат во дијалогот Белград-Приштина. Русија, исто така, се обидува да ги поткопа демократиите во регионот со кибер и хибридни закани, вклучително и ширење дезинформации, користејќи ја внатрешна ранливост за поттикнување поделби, нагласи Руте.
Тој додаде дека растечкото усогласување на авторитарни актери, како Кина, Русија, Северна Кореја и Иран, ја поткопува стабилноста во евроатлантскиот и на индо-пацифичкиот региони, па затоа во овој се повеќе меѓусебно поврзан свет, од витално значење е справувањето со безбедносни предизвици заедно со глобалните партнери. Според него, во прилог на ваквата определба на Алијансата говори и присуството на министрите од азиско-пацифичкиот регион на денешната средба со што се изразува посветеноста на НАТО да работи со своите партнери истомисленици за одбраниме на заедничките вредности и интереси. - Особено сакаме да ја зголемиме соработката во областите на иновации, снабдувањето и одбранбено индустриско производство, додаде првиот човек на НАТО. Руте нагласи и дека за да може Алијансата да одговори на растечките закани со кои се соочува, потребно е таа да ги зајакне своите капацитети за одвраќање и одбрана.
Ова бара повеќе сили, способности и инвестиции за исполнување на амбициозните цели поставени во нашите одбранбени планови - проширен одбранбен индустриски капацитет, поцврсти синџири на снабдување и искористување на новите технологии во сите домени, нагласи Руте.
Според него, иако е постигнат напредок во остварувањето на сите овие цели, сепак треба да се направи повеќе, пред се со производство на нови бродови, борбени возила и авиони, што носи и зголемени трошоци.

Инвестициите во одбранбената индустрија се клучни за одбрана на нашите една милијарда граѓани. Инвестициите ја обезбедуваат опремата што ни е потребна за одвраќање и одбрана, ја зајакнуваат нашата технолошка предност и ја зголемуваат интероперабилноста на нашите сили. Со други зборови, не може да има силна одбрана без силна одбранбена индустрија. За да се постигне ова потребни се зголемени трошоци за одбрана и тие треба да бидат долгорочни, нагласи Руте.

Тој најави дека на министерскиот состанок ќе стане збор и за новата иницијатива на НАТО за подобрување на стандардизацијата, бидејќи како што нагласи стандардите ја зајакнуваат способноста на сојузниците да се борат заедно.
Подоброто спроведување на стандардите може да помогне да се намалат трошоците за набавки за одбрана. Значи, ова е суштинска работа за НАТО, нагласи Руте.
На министерскиот состанок ќе има посебна сесија на посветена на придонесот на НАТО кон Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава (Д-ИСИС), која ја свикува американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Целта на оваа сесија, на која, според дипломатски извори, се очекува учество на министри од над 30 земји, е да се начините за спротивставување на заканата од ИД на Блискиот Исток, но и на глобално ниво. Истите извори посочуваат дека оваа сесија, како и целиот министерски состанок покажува колку многу земји ширум светот се обединети во спротивставувањето на различните закани, како што се хибридните и кибер нападите, тероризмот, насилниот екстремизам и закани по демократските општества и меѓународните правила и норми.
Ваквите типови на партнерства, ни помагаат да формираме сврзното ткиво што треба да го истакнеме против актерите кои се обидуваат да ја поткопаат стабилноста и безбедноста, кои нашите земји ги ценат, посочија дипломатските извори.

The post Мисајловски учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел appeared first on Република.

]]>
Министрите Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministrite-toshkovski-i-misajlovski-na-zaednichka-alpinistichka-vezhba-na-edinitsata-za-brzo-rasporeduvane-i-bataljonot-za-spetsijalni-zadachi-voltsi/ Sat, 12 Oct 2024 14:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=825930

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваа на заедничка вежба помеѓу Единицата за брзо распоредување на МВР и Баталјонот за специјални сили „Волци“ на армијата.

Припадниците на Единицата за брзо распоредување во изминатиот период во неколку наврати учествуваа во обука од областа на летна алпинистика и јазење, реализирана од страна на припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Македонија.

Како краен резултат на оваа спроведена обука, денеска беше извршена завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел”. Вежбата беше реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија во изведба на ЕБР и БСС „Волци“, како учесници.

„Овие луѓе што денеска ги видовте се душата на Македонија, така да изразувам огромна благодарност до сите нив и она што тие го прават. Ваквата заедничка вежба што е спроведена денеска е редовна практика, ќе ги има и во иднина. Ги зајакнуваме сите капацитети кои се потребни од аспект на физичка спремност и тактичка подготвеност и сте она што значи специјално делување на нашите најелитни единици и во иднина ќе продолжиме со зголемен број на такви активности“, потенцираше министерот Тошковски.

Успешно реализираната вежба и драгоценото заедничко искуство покажа дека соработката на единиците во извршување на ваков вид на обуки и заеднички вежби е на многу високо ниво, што се очекува да се демонстрира и во реални услови при извршување на заедничките задачи.

По завршување на вежбата министерот Тошковски ја посети полициската канцеларија во Демир Капија каде со раководниот кадар разговараше за сите тековни активности, безбедносната состојба и нејзино постојано унапредување и надминување на лошите услови во кои работат и недоволната пополнетост со кадар.

The post Министрите Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“ appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска присуствуваа на заедничка вежба помеѓу Единицата за брзо распоредување на МВР и Баталјонот за специјални сили „Волци“ на армијата. Припадниците на Единицата за брзо распоредување во изминатиот период во неколку наврати учествуваа во обука од областа на летна алпинистика и јазење, реализирана од страна на припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Македонија. Како краен резултат на оваа спроведена обука, денеска беше извршена завршна вежба со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел”. Вежбата беше реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија во изведба на ЕБР и БСС „Волци“, како учесници.
„Овие луѓе што денеска ги видовте се душата на Македонија, така да изразувам огромна благодарност до сите нив и она што тие го прават. Ваквата заедничка вежба што е спроведена денеска е редовна практика, ќе ги има и во иднина. Ги зајакнуваме сите капацитети кои се потребни од аспект на физичка спремност и тактичка подготвеност и сте она што значи специјално делување на нашите најелитни единици и во иднина ќе продолжиме со зголемен број на такви активности“, потенцираше министерот Тошковски.
Успешно реализираната вежба и драгоценото заедничко искуство покажа дека соработката на единиците во извршување на ваков вид на обуки и заеднички вежби е на многу високо ниво, што се очекува да се демонстрира и во реални услови при извршување на заедничките задачи. По завршување на вежбата министерот Тошковски ја посети полициската канцеларија во Демир Капија каде со раководниот кадар разговараше за сите тековни активности, безбедносната состојба и нејзино постојано унапредување и надминување на лошите услови во кои работат и недоволната пополнетост со кадар.

The post Министрите Тошковски и Мисајловски на заедничка алпинистичка вежба на Единицата за брзо распоредување и Баталјонот за специјални задачи „Волци“ appeared first on Република.

]]>
Ќе бараме квалитет и професионализам, рече Мисајловски за укинувањето на балансерот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ke-barame-kvalitet-i-profesionalizam-reche-misajlovski-za-ukinuvaneto-na-balanserot/ Sat, 12 Oct 2024 12:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=825896

Ние остануваме спремни на секое едно законско решение да дадеме забелешки, да го подобриме секој еден закон што ќе биде предложен. Но, јас би кажал дека ние како институции, пред сѐ, ќе бараме квалитет и професионализам. Нас ни треба квалитет - изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски во Демир Капија, одговарајќи на новинарски прашања.

На прашањето дали како министерства ќе имаат некакви предлози во оние најави за нов закон, одговори и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој рече дека „секој еден во оваа држава треба да се фокусира на она што му е надлежност и за она за што зема плата“.

Уставниот суд е надлежен да оценува она што е во рамки на негова надлежност во делот на усогласување на сите законски и подзаконски акти во рамки на Уставот. Ние како Министерство за внатрешни работи и како Министерство за одбрана, особено Министерство за внатрешни работи, сме надлежни во рамки на обезбедување сите оние предуслови за да имаме мирен и спокоен, безбеден живот во Македонија - рече Тошковски.

Во иднина, рече, ако сметаат дека треба да се подобри одреден дел од законската регулатива, подзаконските акти и така натаму, нагласи дека не гледа зошто да не го сторат тоа.

Сметам дека од аспект на наша надлежност, дејства што се преземаат, мислам дека е во рамки на она што е утврдено и со закон и со Устав и со подзаконски акти, сега засега - подвлече Тошковски.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, началникот на Генералштабот, генерал-мајот Сашко Лафчиски и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, ги посетија припадниците на баталјонот на специјални сили и единицата за брзо распоредување, што заеднички изведуваат алпинистичка обука во реонот на Демир Капија.

The post Ќе бараме квалитет и професионализам, рече Мисајловски за укинувањето на балансерот appeared first on Република.