владо јовановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlado-jovanovski/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Nov 2024 10:25:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владо јовановски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlado-jovanovski/ 32 32 Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-odgovornost-vo-sprotivno-gnevot-kaj-onepravdenite-samo-ke-raste-i-ke-se-zgolemuva/ Tue, 05 Nov 2024 06:57:04 +0000 https://republika.mk/?p=834228

Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakam-da-komentiram-privatni-raboti-odgovori-filipche-na-prashaneto-dali-bil-na-zabava-vo-dubai/

Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија.
Мало сутра! 
Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино,
мака ми е што лежев заради ваквите како Заев.
А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е, освен заради бројот на умрените од ковидот.
Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од „жигосувањето“...
Додека браќата од 27 ми сè уште се во затвор,
некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема!
Но, се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема.
Барем сè уште таква е реалноста ...
Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, сè е дозволено!
А тоа е многу опасно!
Затоа ОД ГО ВОР НОСТ!
Не од утре, туку уште од вчера.
Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, порача Јовановски.

The post Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува appeared first on Република.

]]>

Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев, порача денеска актерот Владо Јовановски, споделувајќи ја снимката од журкањето на Венко Филипче и Зоран Заев во Дубаи. https://republika.mk/vesti/makedonija/ne-sakam-da-komentiram-privatni-raboti-odgovori-filipche-na-prashaneto-dali-bil-na-zabava-vo-dubai/
Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија. Мало сутра!  Ееј жална Македонијо, не ми е жал што лежев затвор за Тебе татковино, мака ми е што лежев заради ваквите како Заев. А за тој пандемискиот министер за здравство не ми се ни зборува, неважен е, освен заради бројот на умрените од ковидот. Додека јас и многумина, уште ги трпиме последиците од „жигосувањето“... Додека браќата од 27 ми сè уште се во затвор, некои Богами си се веселат! До душа крајно кичерајски, ама тоа е нивното ниво, за вкус закон нема! Но, се плашам дека и за висок криминал и корупција, закон нема. Барем сè уште таква е реалноста ... Ако нема одговорност за сторените недела, ако виновниците немаат име и презиме, тогаш се испраќа порака дека, сè е дозволено! А тоа е многу опасно! Затоа ОД ГО ВОР НОСТ! Не од утре, туку уште од вчера. Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува, порача Јовановски.

The post Јовановски: Одговорност! Во спротивно гневот кај онеправдените само ќе расте и ќе се зголемува appeared first on Република.

]]>
Видеоомаж од филмови во кои игра актерот Владо Јовановски вечерва на фестивалот „Преку езерото“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/videoomazh-od-filmovi-vo-koi-igra-akterot-vlado-jovanovski-vecherva-na-festivalot-preku-ezeroto/ Thu, 08 Aug 2024 19:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=804719

Во рамките на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ во Дојран, кој се одржува на неколку локации, Амфитеатарот, Градскиот парк и Музејот на град Дојран, на вториот ден на програмата се неколку филма. Во рамките на студентската програма денеска, во 11 часот, ќе се одржи средба на студенти на конкурсот за финансиска поддршка на дипломски филмови. Вечерта е во чест на актерот Владо Јовановски. Во 20 часот ќе биде прикажан видеоомаж од филмови во кои игра Јовановски, а предвиден е и разговор на актерот со публиката. Ќе биде прикажан и филмот „Татко“ во режија на Светозар Ристовски.
Утре, во 20 часот, ќе му биде доделена наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот Владо Јовановски. На свеченото отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Спроти брановите“ во натпреварувачката програма. Потоа на програмата се „Параноик“ на Андреј Георгиев (Македонија, 2024, 9 мин.), „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија и „И покрај тоа што е нож“ на Гилермо Гарсија Лопез од Франција.
В сабота, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција.
В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.

The post Видеоомаж од филмови во кои игра актерот Владо Јовановски вечерва на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>

Во рамките на фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“ во Дојран, кој се одржува на неколку локации, Амфитеатарот, Градскиот парк и Музејот на град Дојран, на вториот ден на програмата се неколку филма. Во рамките на студентската програма денеска, во 11 часот, ќе се одржи средба на студенти на конкурсот за финансиска поддршка на дипломски филмови. Вечерта е во чест на актерот Владо Јовановски. Во 20 часот ќе биде прикажан видеоомаж од филмови во кои игра Јовановски, а предвиден е и разговор на актерот со публиката. Ќе биде прикажан и филмот „Татко“ во режија на Светозар Ристовски. Утре, во 20 часот, ќе му биде доделена наградата „Мето Јовановски“ за извонредно актерско достигнување во уметноста на филмот на актерот Владо Јовановски. На свеченото отворање на фестивалот ќе биде прикажан филмот „Спроти брановите“ во натпреварувачката програма. Потоа на програмата се „Параноик“ на Андреј Георгиев (Македонија, 2024, 9 мин.), „Руски конзул“ на Мирослав Лекиќ од Србија и „И покрај тоа што е нож“ на Гилермо Гарсија Лопез од Франција. В сабота, од 20 часот, публиката ќе ги види „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески од Македонија, 2023, „Сребрен бунт“ на Дан Шадур од Израел и „Волкот и мечката“ на Жан-Себастијан Бернар од Франција. Од 22.30 часот на програмата се „Тишина 6-9“ на Христос Пасалис од Грција, „Човекот што не можеше да молчи“ на Небојша Слијепчевиќ од Хрватска и „Блада“ на Кристофер Нилсон од Франција. В недела ќе бидат прикажани „Ѕвездена“ на Александра Лазаровски од Србија и „Хотел Пула“ на Андреј Коровљев од Хрватска. Потоа ќе следува свечено затворање на фестивалот и доделување на фестивалските награди, како и на грантовите за дипломски студентски филмови. Во 22.30 часот ќе следуваат проекции на „Подрум“ на Омер Ферхат Озмен од Турција, „Лошо на момент“ на Даниел Соарес од Португалија и „Заразени“ на Себастијан Ваничек од Франција.

The post Видеоомаж од филмови во кои игра актерот Владо Јовановски вечерва на фестивалот „Преку езерото“ appeared first on Република.

]]>
Митревски до Владо Јовановски: Изедов г**на. Извини https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitrevski-do-vlado-jovanovski-izedov-g-na-izvini/ Thu, 25 Jul 2024 14:32:43 +0000 https://republika.mk/?p=800238

Актерот Владо Јовановски во понеделникот на својот фејсбук профил објави фотографија за која напиша дека ќе ја постира се додека не му се разјаснат некои работи.

Од денес па натаму, многу често ќе ја постирам и ширам оваа историска фотографија, направена во поранешната вила на Тито, на која се, режисерот Дарко Митревски, и почитуваната претседателка на Република Македонија, госпоѓата, Гордана Силјановска Давкова!

Ќе ја постирам, сѐ, додека не ми се разјаснат некои работи. За сега, толку - напиша Јовановски и остана на зборот.

Во наредните три дена објавуваше статуси посветени на режисерот Дарко Митревски, за, како што велеше, да му се разјаснат некои работи. Денеска Јовановски го прифати извинувањето од Митревски, коментирајќи „простено да ти ѐ и од мене и од Бога“.

Извинувањето на Митревски е од три збора „Изедов гомна, извини“, сметајќи дека тие три збора многу добро  искажуваат што мисли тој за нивните односи

The post Митревски до Владо Јовановски: Изедов г**на. Извини appeared first on Република.

]]>

Актерот Владо Јовановски во понеделникот на својот фејсбук профил објави фотографија за која напиша дека ќе ја постира се додека не му се разјаснат некои работи.
Од денес па натаму, многу често ќе ја постирам и ширам оваа историска фотографија, направена во поранешната вила на Тито, на која се, режисерот Дарко Митревски, и почитуваната претседателка на Република Македонија, госпоѓата, Гордана Силјановска Давкова! Ќе ја постирам, сѐ, додека не ми се разјаснат некои работи. За сега, толку - напиша Јовановски и остана на зборот.
Во наредните три дена објавуваше статуси посветени на режисерот Дарко Митревски, за, како што велеше, да му се разјаснат некои работи. Денеска Јовановски го прифати извинувањето од Митревски, коментирајќи „простено да ти ѐ и од мене и од Бога“. Извинувањето на Митревски е од три збора „Изедов гомна, извини“, сметајќи дека тие три збора многу добро  искажуваат што мисли тој за нивните односи

The post Митревски до Владо Јовановски: Изедов г**на. Извини appeared first on Република.

]]>
Владо Јовановски: Ќе продолжам да отворам вакви и слични теми од единствена причина, да не станеме општество со кратка меморија или без меморија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-jovanovski-ke-prodolzham-da-otvoram-vakvi-i-slichni-temi-od-edinstvena-prichina-da-ne-staneme-opshtestvo-so-kratka-memorija-ili-bez-memorija/ Wed, 24 Jul 2024 17:18:18 +0000 https://republika.mk/?p=799974

„Некои прашања заслуживаат одговор"!

Ден трети од објавувањето на онаа "историска", фотографија, направена во поранешната вила на Тито, во поранешна Р. Македонија, напиша на својот фејсбук профил актерот Владо Јовановски.

Денес ден 24 јули 2024 година, ќе ја поштедам јавноста од поширока опсервација на "ликот и делото" на Дарко Митревски, од почит кон претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, за која сум сигурен дека не знаела какви реакции ќе предизвика таквата средба и колку штета може да направи во нашево хиперсензитивно општество.

Јас од срце се борев за професорката да стане претседателка на Р.М. и среќен сум заради тоа.
Не што немам ништо против неа, туку имам едно големо ЗА!
Но со Дарко Митревски не сум завршил.
После она негово отровно писмо, објавено на 30.04. 2017 година, не знам кој поголема штета ми има нанесено, дали тој или Вилма Русковска.?
Таму не бев нападнат само јас, туку и сите оние кои тогаш подметнаа г'рб за Македонија, за да не дојде до пуч и да не се промени името и идентитетот, како што и се случи потоа.
Се разбира и тогаш, како и сега сум против секакво насилство. Но тоа не е тероризам, а луѓето за жал се уште се' по затвори, за дело кое не го сториле.
Нејсе, после апсењата и притворот, во "Заспи ако можеш", на прашање од Горан Момировски, дали би му простил на Д.М. му реков дека ако јавно ми се извини, зашто јавно ме нападна, и ако видам искрено покајание, од срце ќе му простам зашто како христијанин знам да проштевам.
Од тогаш поминаа 4 - 5 години, но до извинување не дојде.
Не знам, можеби човекот уште ги негува истите негови мисли кон мене.
Затоа ќе продолжам да отворам вакви и слични теми, од единствена причина, да не станеме општество со кратка меморија или без меморија.
Да не забораваме, во критични мигови, кога е згуснато времето, кој што чинел или не чинел и кој на која страна бил.
Со едрн збор:
Да не не' надвладеат камелеоните!
Смачено и згадено ми е', од сончогледи и камелеони кои се без срам и перде!
Без образ и достоинство!
Многу политички преокрети имам доживеано ...!
Што би рекол Живко Чинго:
"Не сум стар, ама памтам илјада години"!
Се шегувам, имам 57 години, а последните десетина ми беа одземени, без да одиграм во ниту еден филм во Македонија.

За жал, покрај мене и некој други луѓе и чесни професионалци се во немилост.

Но тоа е,' достоинството и слободата се бесценети!

https://republika.mk/vesti/makedonija/akterot-vlado-jovanovski-do-pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-kolumnite-na-darko-mitrevski-ima-interesni-stavovi-za-makedonskite-raboti-frlite-eden-opul-na-niv/

The post Владо Јовановски: Ќе продолжам да отворам вакви и слични теми од единствена причина, да не станеме општество со кратка меморија или без меморија appeared first on Република.

]]>

„Некои прашања заслуживаат одговор"!

Ден трети од објавувањето на онаа "историска", фотографија, направена во поранешната вила на Тито, во поранешна Р. Македонија, напиша на својот фејсбук профил актерот Владо Јовановски.

Денес ден 24 јули 2024 година, ќе ја поштедам јавноста од поширока опсервација на "ликот и делото" на Дарко Митревски, од почит кон претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјановска Давкова, за која сум сигурен дека не знаела какви реакции ќе предизвика таквата средба и колку штета може да направи во нашево хиперсензитивно општество. Јас од срце се борев за професорката да стане претседателка на Р.М. и среќен сум заради тоа. Не што немам ништо против неа, туку имам едно големо ЗА! Но со Дарко Митревски не сум завршил. После она негово отровно писмо, објавено на 30.04. 2017 година, не знам кој поголема штета ми има нанесено, дали тој или Вилма Русковска.? Таму не бев нападнат само јас, туку и сите оние кои тогаш подметнаа г'рб за Македонија, за да не дојде до пуч и да не се промени името и идентитетот, како што и се случи потоа. Се разбира и тогаш, како и сега сум против секакво насилство. Но тоа не е тероризам, а луѓето за жал се уште се' по затвори, за дело кое не го сториле. Нејсе, после апсењата и притворот, во "Заспи ако можеш", на прашање од Горан Момировски, дали би му простил на Д.М. му реков дека ако јавно ми се извини, зашто јавно ме нападна, и ако видам искрено покајание, од срце ќе му простам зашто како христијанин знам да проштевам. Од тогаш поминаа 4 - 5 години, но до извинување не дојде. Не знам, можеби човекот уште ги негува истите негови мисли кон мене. Затоа ќе продолжам да отворам вакви и слични теми, од единствена причина, да не станеме општество со кратка меморија или без меморија. Да не забораваме, во критични мигови, кога е згуснато времето, кој што чинел или не чинел и кој на која страна бил. Со едрн збор: Да не не' надвладеат камелеоните! Смачено и згадено ми е', од сончогледи и камелеони кои се без срам и перде! Без образ и достоинство! Многу политички преокрети имам доживеано ...! Што би рекол Живко Чинго: "Не сум стар, ама памтам илјада години"! Се шегувам, имам 57 години, а последните десетина ми беа одземени, без да одиграм во ниту еден филм во Македонија. За жал, покрај мене и некој други луѓе и чесни професионалци се во немилост. Но тоа е,' достоинството и слободата се бесценети!
https://republika.mk/vesti/makedonija/akterot-vlado-jovanovski-do-pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-kolumnite-na-darko-mitrevski-ima-interesni-stavovi-za-makedonskite-raboti-frlite-eden-opul-na-niv/

The post Владо Јовановски: Ќе продолжам да отворам вакви и слични теми од единствена причина, да не станеме општество со кратка меморија или без меморија appeared first on Република.

]]>
Актерот Владо Јовановски до Претседателката Сиљановска Давкова: Во колумните на Дарко Митревски има „интересни” ставови за „македонските работи”, фрлите еден опуљ, на нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akterot-vlado-jovanovski-do-pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-kolumnite-na-darko-mitrevski-ima-interesni-stavovi-za-makedonskite-raboti-frlite-eden-opul-na-niv/ Tue, 23 Jul 2024 17:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=799640

Актерот Владо Јовановски на својот фејсбук профил објави фотографија за која напиша дека ќе ја постира се додека не му се разјаснат некои работи.

Од денес па натаму, многу често ќе ја постирам и ширам оваа историска фотографија, направена во поранешната вила на Тито, на која се, режисерот Дарко Митревски, и почитуваната претседателка на Република Македонија, госпоѓата, Гордана Силјановска Давкова!

Ќе ја постирам, се', додека не ми се разјаснат некои работи!

За сега, толку.

Јовановски упати и јавно прашање до Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Прашање до претседателката на Р. Македонија, госпоѓа Гордана Силјановска Давкова.

Почитувана професорке:

Пишувате дека со режисерот Дарко Митревски, сте разговарале за македонските работи.

Сакам да Ве прашам, дали сте ги читале неговите колумни во "Нова Македонија", под наслов "Нашиот голем фалсификат"?

Ако не сте ги читале, можете да ги најдете на интернет и да фрлите еден опуљ, на нив.

Во нив има "интересни" ставови за "македонските работи".

Се разбира ако најдете време за тоа, заради Вашата, претпоставувам, набиена претседателска агенда.

Однапред Ви благодарам!

На фејсбук профилот на Претседателката Сиљановска Давкова објавена е фотографија под која пишува:

Со режисерот Дарко Митревски разговарав за македонските работи, за македонската филмографија и култура.

Зборувавме и за вредноста на уметничката дијаспора која без разлика дали работи надвор или дома е најдобар репрезент на македонскиот идентитет и вредности.
Се согласивме дека каде и да творат македонските уметници треба да бидат поддржувани од матичната држава во промоцијата на националните интереси.

The post Актерот Владо Јовановски до Претседателката Сиљановска Давкова: Во колумните на Дарко Митревски има „интересни” ставови за „македонските работи”, фрлите еден опуљ, на нив appeared first on Република.

]]>

Актерот Владо Јовановски на својот фејсбук профил објави фотографија за која напиша дека ќе ја постира се додека не му се разјаснат некои работи.

Од денес па натаму, многу често ќе ја постирам и ширам оваа историска фотографија, направена во поранешната вила на Тито, на која се, режисерот Дарко Митревски, и почитуваната претседателка на Република Македонија, госпоѓата, Гордана Силјановска Давкова!

Ќе ја постирам, се', додека не ми се разјаснат некои работи!

За сега, толку.

Јовановски упати и јавно прашање до Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова.

Прашање до претседателката на Р. Македонија, госпоѓа Гордана Силјановска Давкова.

Почитувана професорке:

Пишувате дека со режисерот Дарко Митревски, сте разговарале за македонските работи.

Сакам да Ве прашам, дали сте ги читале неговите колумни во "Нова Македонија", под наслов "Нашиот голем фалсификат"?

Ако не сте ги читале, можете да ги најдете на интернет и да фрлите еден опуљ, на нив.

Во нив има "интересни" ставови за "македонските работи".

Се разбира ако најдете време за тоа, заради Вашата, претпоставувам, набиена претседателска агенда.

Однапред Ви благодарам!

На фејсбук профилот на Претседателката Сиљановска Давкова објавена е фотографија под која пишува:

Со режисерот Дарко Митревски разговарав за македонските работи, за македонската филмографија и култура.

Зборувавме и за вредноста на уметничката дијаспора која без разлика дали работи надвор или дома е најдобар репрезент на македонскиот идентитет и вредности. Се согласивме дека каде и да творат македонските уметници треба да бидат поддржувани од матичната држава во промоцијата на националните интереси.

The post Актерот Владо Јовановски до Претседателката Сиљановска Давкова: Во колумните на Дарко Митревски има „интересни” ставови за „македонските работи”, фрлите еден опуљ, на нив appeared first on Република.

]]>
Е па, ако не, ај Катица да ја вратиме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/e-pa-ako-ne-aj-katitsa-da-ja-vratime/ Fri, 05 Jul 2024 07:40:54 +0000 https://republika.mk/?p=793615

Ако не пак, повторно да ја вратиме госпжа Катица Јанева на специјална мисија!?

А, господа амбасадори!?

Таа ја уживаше вашата поддршка и уважение, редно е да и се помогне на жената и да се рехабилитира.

Ако еднаш рекетирала, не значи дека ќе го повтори делото!

Така може од „втора мајка“, да ја оправда вашата доверба, воедно и да ја исчисти „црната дамка“, што ви ја нанесе, како на екселенции со нај добри намери.

Имам и друг предлог:

На местото на поранешниот државен јавен обвинител, „исихастот“ Јовевски, докажаниот „молчељубец/ќутолог“, кој како да имаше земено „завет на молчание“, во неговиот мандат, да ја поставиме госпоѓата Вилма Русковска.

Докажаната обвинителка, можеби сега ќе покрене обвинение и за луѓето со качулки во собранието на 27 април, во тогашната Р.М. за кои тогаш никој не беше заинтересиран да дознае кои се', и зошто биле маскирани?

Ако не тоа, тогаш пак нас може да не собере, на повторено судење и наместо 300, овој пат да побара 600 години робија.

Плус, нејзините методи за притвор, некои од нас ги почувствувавме, некој од вас ги видовте, а отпосле сите ги слушнавме: „Го фрлив таму и го заборавив! Го заборавив! Буквално го заборавив! Ха, ха, ха...“!

Се разбира ако тој глас беше нејзин!?

А не бил глас на некој руски пранкер, кој глуми пијана обвинителка, која садистички ужива во притворот на некој си таму, кого го фрлила во кочината, наречена „Шутка“. Кој знае ... ?

Но, сето тоа треба да се расчисти.

Е сега, за судија во тоа обновено судење за „терористичко загрозување ...“, глупо е да ја враќаме госпоѓата Кацарска и да ја деградираме како уставна судијка, мачејки ја жената по стари години, да се пентари по скалите и да седи по 13 до 14 часа на судење во деноноќие, 4 до 5 деноноќија во неделата.

Тука ќе мора да се најде друг судија, друг кадар.

Некој кој е спремен и кадарен, после тоа судење, да се искачи и да се вивне до самиот врв на уставениот суд.

П.С.

Дали ако еден ден во нашава Македонија победи некоја екстремна десница и ако ја врати смртната пресуда во македонското судство (хипотетички).

Дали во таков случај, ќе можеме самите да си ги одбереме џелатите кои ќе не обезглавуваат, или ќе ни бидат наметнати кадри, кои други ќе ни ги одберат/назначат.!?

Фејсбук статус на Владо Јовановски

The post Е па, ако не, ај Катица да ја вратиме appeared first on Република.

]]>

Ако не пак, повторно да ја вратиме госпжа Катица Јанева на специјална мисија!? А, господа амбасадори!? Таа ја уживаше вашата поддршка и уважение, редно е да и се помогне на жената и да се рехабилитира. Ако еднаш рекетирала, не значи дека ќе го повтори делото! Така може од „втора мајка“, да ја оправда вашата доверба, воедно и да ја исчисти „црната дамка“, што ви ја нанесе, како на екселенции со нај добри намери. Имам и друг предлог: На местото на поранешниот државен јавен обвинител, „исихастот“ Јовевски, докажаниот „молчељубец/ќутолог“, кој како да имаше земено „завет на молчание“, во неговиот мандат, да ја поставиме госпоѓата Вилма Русковска. Докажаната обвинителка, можеби сега ќе покрене обвинение и за луѓето со качулки во собранието на 27 април, во тогашната Р.М. за кои тогаш никој не беше заинтересиран да дознае кои се', и зошто биле маскирани? Ако не тоа, тогаш пак нас може да не собере, на повторено судење и наместо 300, овој пат да побара 600 години робија. Плус, нејзините методи за притвор, некои од нас ги почувствувавме, некој од вас ги видовте, а отпосле сите ги слушнавме: „Го фрлив таму и го заборавив! Го заборавив! Буквално го заборавив! Ха, ха, ха...“! Се разбира ако тој глас беше нејзин!? А не бил глас на некој руски пранкер, кој глуми пијана обвинителка, која садистички ужива во притворот на некој си таму, кого го фрлила во кочината, наречена „Шутка“. Кој знае ... ? Но, сето тоа треба да се расчисти. Е сега, за судија во тоа обновено судење за „терористичко загрозување ...“, глупо е да ја враќаме госпоѓата Кацарска и да ја деградираме како уставна судијка, мачејки ја жената по стари години, да се пентари по скалите и да седи по 13 до 14 часа на судење во деноноќие, 4 до 5 деноноќија во неделата. Тука ќе мора да се најде друг судија, друг кадар. Некој кој е спремен и кадарен, после тоа судење, да се искачи и да се вивне до самиот врв на уставениот суд. П.С. Дали ако еден ден во нашава Македонија победи некоја екстремна десница и ако ја врати смртната пресуда во македонското судство (хипотетички). Дали во таков случај, ќе можеме самите да си ги одбереме џелатите кои ќе не обезглавуваат, или ќе ни бидат наметнати кадри, кои други ќе ни ги одберат/назначат.!? Фејсбук статус на Владо Јовановски

The post Е па, ако не, ај Катица да ја вратиме appeared first on Република.

]]>
На крај, цел народ го ставија во притвор, без можност за излегување и влегување во „Резерватот Северна“, ниту за арно, ниту за недај Боже https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/na-kraj-tsel-narod-go-stavija-vo-pritvor-bez-mozhnost-za-izleguvane-i-vleguvane-vo-rezervatot-severna-nitu-za-arno-nitu-za-nedaj-bozhe/ Wed, 14 Feb 2024 16:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=744162

Ќутачи и ќутачки!
Молчевте кога излегувавме на улица.
Молчевте кога го браневме уставот и името на Р. Македонија. Македонскиот јазик, култура, историја, идентитет...
Молчевте кога се боревме за достоинство на Македонскиот народ и на сите граѓани на Р.М.
Молчевте кога не' притвораа.
Молчевте кога не' затвораа.
Молчите и сега, додека невини луѓе издржуваат драконски казни по занданите, за дело кое не го сториле.
На крај, цел народ го ставија во притвор. Без можност за излегување и влегување во "Резерватот Северна", ниту за арно, ниту за недај Боже.
Возљубени молчељупци, на здравје да ви е ќутењето!
Заборавивте на онаа ...
"Ако мечката игра кај комшијата, ќе заигра и во вашиот двор"!, пишува на Фејсбук,  Владо Јовановски

The post На крај, цел народ го ставија во притвор, без можност за излегување и влегување во „Резерватот Северна“, ниту за арно, ниту за недај Боже appeared first on Република.

]]>

Ќутачи и ќутачки! Молчевте кога излегувавме на улица. Молчевте кога го браневме уставот и името на Р. Македонија. Македонскиот јазик, култура, историја, идентитет... Молчевте кога се боревме за достоинство на Македонскиот народ и на сите граѓани на Р.М. Молчевте кога не' притвораа. Молчевте кога не' затвораа. Молчите и сега, додека невини луѓе издржуваат драконски казни по занданите, за дело кое не го сториле. На крај, цел народ го ставија во притвор. Без можност за излегување и влегување во "Резерватот Северна", ниту за арно, ниту за недај Боже. Возљубени молчељупци, на здравје да ви е ќутењето! Заборавивте на онаа ... "Ако мечката игра кај комшијата, ќе заигра и во вашиот двор"!, пишува на Фејсбук,  Владо Јовановски

The post На крај, цел народ го ставија во притвор, без можност за излегување и влегување во „Резерватот Северна“, ниту за арно, ниту за недај Боже appeared first on Република.

]]>
Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, а не на комеморација, рече Владо Јовановски на последното испраќање на актерот Владимир Ендровски – Љац во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sakav-da-ti-dojdam-na-nekoja-premiera-be-kume-a-ne-na-komemoratsija-reche-vlado-jovanovski-na-poslednoto-isprakane-na-akterot-vladimir-endrovski-lats-vo-mnt/ Tue, 26 Sep 2023 11:18:49 +0000 https://republika.mk/?p=685269

Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, а не на комеморација, рече актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Владо Јовановски на последното испраќање на актерот Владимир Ендровски - Љац кое денеска се одржа во националниот театар.

Ендровски почина на 20 агвуст годинава. Имаше 60 години. Имаше богата и плодна кариера. Одигра голем број впечатливи ликови во театарски претстави, телевизиски серии и филмови.

Додека неговите колеги се збогуваа, на платното на големата сцена во МНТ одеа исечоци од „Трст виа Скопје“, „Пред дождот“, „ММЕ“, „Буре барут“, фотографии од незаборавите улоги во „Подемот и падот на кабарето“, „Бесови“, „Балакнот не е мртов“, „Троил и Кресида“, „Павилјони“...

Се плашам да изговорам Владимир, за да не го збунам и Господ за кого станува збор. Затоа ќе кажам Владимир Ендовски - Љац, тоа е нешто друго, тоа значи. Значи човек со прекар, човек со идентитет, човек - легенда. Театарска, филмска, телевизиска, урбана легенда. Човек, каков што не постои, за жал, на овој свет. Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, да разговараме како што сме го правеле многупати тоа, за сцените, филмовите, ситуациите, да се смееме до сабајле утредента, а не на комеморација. Кога ме прашаа дали би кажал неколку зборови на овој немил настан, се мислев, дури сакав и да одбијам, од повеќе причини. Прво, затоа што сум ти лут бе куме затоа што вака набрзина си замина. Второ, јас кога ќе умрам, ти ќе ми дојдеш ли на комеморација бе куме? Не. Но овојпат оправдано, бидејќи физичи не си присутен на овој свет, за жал. И трето, да умрев јас пред тебе, знам дека ќе дојдеше. Познавајќи те, или ќе го згрешеше градот, или датумот, можеби во последен момент, но во секој случај ќе дојдеше, како што ми задоцни на свадбата.Те одбрав, бидејќи твоето его беше толку мало, што беше како бел монах без мантија во овој свет. Те сакав сосе сите карактеристики на твојата прекрасна личност, кажа во последното збогување Јовановски.

Тој со растрепен глас раскажуваше и евоцираше спомени за дружбата со Љац, за доцнењето на кумот на свадбата, за крштевката на првиот син...

Дојде, влезе во нашите животи и оттогаш не излезе од нашите срца, кажа Јовановски.

Тој беше иљач, преку него се катарзираа сите недоразирања во процесот на работа. Само тој си знаел каков товар носел. Како што отидоа многу прекрасни луѓе, актери, се прибраа на небото, таму има поголем потенцијал и кастинг за претстава. Еден ден ќе се прибереме сите и ќе направиме некоја претстава, комедија, Божествена. Среќен сум што го познавав Љац, заврши Јовановски.

За дружбата со Љац говореше и Нино Леви, кој дружбата со Ендорвски ја почнал на претставата „Мир“ за Охридско лето, пред 30 години.

Тој беше исклучителна особа која не само што ги збогати нашите животи со својот неоспорен талент туку и со својата позитивна енергија и со својот специфичен хумор и шарм. Љац припаѓаше на генерацијата актери кои донесоа нова свежина во MHT и го издигна на повисоко рамниште и со претставите „Буре барут”, ”MME” и други растураше низ сцените на бивша СФРЈ и пошироко: Софија, Бон, Гетингем, Москва, рече Леви.

Писмото кое драматургот Дејан Дуковски му го напиша на Љац го прочита актерката Арна Шијак.

Драг мој Љац, за мене ти си една од најсветлите легенди на времево и местово што ги живееме. Пројде низ 'сценава што живот значи' како ѕвезда што паѓа и осветли со твојот талент, хумор, ведрина и актерска радост. Го обележи со радост духот на овој театар и сцена што заеднички ја создаваме. Ги обележи моите драми и претстави уште од Академија. Ги бркавме истите соништа. Ретко кој можел така да ме насмее како ти. Да ме инспирира. И на сцена и зад неа. Беше добар другар и брат по оружје. Поминавме заедно околу овие даски низ многу работи, разни времиња, среќни и несреќни, весели и тажни… и секогаш кога ќе помислам на тебе, ќе се насмеам. И ќе ми дојде топло на душава. Затоа што ти беше таков. Со големо срце и поглед на дете. И твојот весел дух ќе биде уште долго тука некаде во згуснатиов ваздух зад завесава. Секогаш ќе бидеш многу подобар глумец од Ал Пачино, драг мој Љац. Нека те чуваат анѓели.

Во името на МНТ и од ансамблот на националниот театар говореше Шијак.

Многу е тешко да се зборува за колега и активен член на ансамблот на театарот во минато. Да се употребат зборовите беше, играше, сакаше, одигра, одигра, подготвувавме и многу други глаголи во минато. Тој е нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, македонскиот Ал Пачино, ненадминливиот лик на театарската сцена и телевизискиот екран, рече Шијак.

Телеграми со сочувство до семејството испратија претседателот на државата Стево Пендаровски, потоа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Драмскиот театар Скопје и Народен театар Битола.

Ендровски е дипломец на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски во 1991. На сцената на МНТ официјално е од 1993, иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989), Уплавот во „Мир“ (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта“ (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина“ (1995), Спасе во „МКС“ (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Макрото во „Едмонд“ (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна“ (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг“ (1998), Антоан во „Мисија“ (1998), Ботар во „Носорог“ (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез“ (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), Булдог во „Доле влада“ (2004), „Хамлет во транзиција“ (2004), Вадиус во „Една вечер со ..“ (2006), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013).

Зад Ендровски останаа и ненадминливите и секогаш препознатливи филмски и тв ликови: Дино во серијата „Трст виа Скопје (1990) (за која ја има добиено и награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување), Трајче во „Пред дождот“ (1994), Доре во „Преку езерото“ (1997), Безимениот во „Збогум на 20-от век“ (1998), Андарт во „Прашина (2001), Стипе Прикачин во „Бал-кан-кан“ (2005), Затвореникот Варден во „Контакт“ (2005), Коки Лабуд во „Некои поинакви приказни, сегмент: Македонска приказна“ (2010) и многу други.

The post Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, а не на комеморација, рече Владо Јовановски на последното испраќање на актерот Владимир Ендровски – Љац во МНТ appeared first on Република.

]]>

Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, а не на комеморација, рече актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Владо Јовановски на последното испраќање на актерот Владимир Ендровски - Љац кое денеска се одржа во националниот театар. Ендровски почина на 20 агвуст годинава. Имаше 60 години. Имаше богата и плодна кариера. Одигра голем број впечатливи ликови во театарски претстави, телевизиски серии и филмови. Додека неговите колеги се збогуваа, на платното на големата сцена во МНТ одеа исечоци од „Трст виа Скопје“, „Пред дождот“, „ММЕ“, „Буре барут“, фотографии од незаборавите улоги во „Подемот и падот на кабарето“, „Бесови“, „Балакнот не е мртов“, „Троил и Кресида“, „Павилјони“...
Се плашам да изговорам Владимир, за да не го збунам и Господ за кого станува збор. Затоа ќе кажам Владимир Ендовски - Љац, тоа е нешто друго, тоа значи. Значи човек со прекар, човек со идентитет, човек - легенда. Театарска, филмска, телевизиска, урбана легенда. Човек, каков што не постои, за жал, на овој свет. Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, да разговараме како што сме го правеле многупати тоа, за сцените, филмовите, ситуациите, да се смееме до сабајле утредента, а не на комеморација. Кога ме прашаа дали би кажал неколку зборови на овој немил настан, се мислев, дури сакав и да одбијам, од повеќе причини. Прво, затоа што сум ти лут бе куме затоа што вака набрзина си замина. Второ, јас кога ќе умрам, ти ќе ми дојдеш ли на комеморација бе куме? Не. Но овојпат оправдано, бидејќи физичи не си присутен на овој свет, за жал. И трето, да умрев јас пред тебе, знам дека ќе дојдеше. Познавајќи те, или ќе го згрешеше градот, или датумот, можеби во последен момент, но во секој случај ќе дојдеше, како што ми задоцни на свадбата.Те одбрав, бидејќи твоето его беше толку мало, што беше како бел монах без мантија во овој свет. Те сакав сосе сите карактеристики на твојата прекрасна личност, кажа во последното збогување Јовановски.
Тој со растрепен глас раскажуваше и евоцираше спомени за дружбата со Љац, за доцнењето на кумот на свадбата, за крштевката на првиот син... Дојде, влезе во нашите животи и оттогаш не излезе од нашите срца, кажа Јовановски.
Тој беше иљач, преку него се катарзираа сите недоразирања во процесот на работа. Само тој си знаел каков товар носел. Како што отидоа многу прекрасни луѓе, актери, се прибраа на небото, таму има поголем потенцијал и кастинг за претстава. Еден ден ќе се прибереме сите и ќе направиме некоја претстава, комедија, Божествена. Среќен сум што го познавав Љац, заврши Јовановски.
За дружбата со Љац говореше и Нино Леви, кој дружбата со Ендорвски ја почнал на претставата „Мир“ за Охридско лето, пред 30 години.
Тој беше исклучителна особа која не само што ги збогати нашите животи со својот неоспорен талент туку и со својата позитивна енергија и со својот специфичен хумор и шарм. Љац припаѓаше на генерацијата актери кои донесоа нова свежина во MHT и го издигна на повисоко рамниште и со претставите „Буре барут”, ”MME” и други растураше низ сцените на бивша СФРЈ и пошироко: Софија, Бон, Гетингем, Москва, рече Леви.
Писмото кое драматургот Дејан Дуковски му го напиша на Љац го прочита актерката Арна Шијак.
Драг мој Љац, за мене ти си една од најсветлите легенди на времево и местово што ги живееме. Пројде низ 'сценава што живот значи' како ѕвезда што паѓа и осветли со твојот талент, хумор, ведрина и актерска радост. Го обележи со радост духот на овој театар и сцена што заеднички ја создаваме. Ги обележи моите драми и претстави уште од Академија. Ги бркавме истите соништа. Ретко кој можел така да ме насмее како ти. Да ме инспирира. И на сцена и зад неа. Беше добар другар и брат по оружје. Поминавме заедно околу овие даски низ многу работи, разни времиња, среќни и несреќни, весели и тажни… и секогаш кога ќе помислам на тебе, ќе се насмеам. И ќе ми дојде топло на душава. Затоа што ти беше таков. Со големо срце и поглед на дете. И твојот весел дух ќе биде уште долго тука некаде во згуснатиов ваздух зад завесава. Секогаш ќе бидеш многу подобар глумец од Ал Пачино, драг мој Љац. Нека те чуваат анѓели.
Во името на МНТ и од ансамблот на националниот театар говореше Шијак.
Многу е тешко да се зборува за колега и активен член на ансамблот на театарот во минато. Да се употребат зборовите беше, играше, сакаше, одигра, одигра, подготвувавме и многу други глаголи во минато. Тој е нашиот колега Владимир, нашиот пријател Љац, македонскиот Ал Пачино, ненадминливиот лик на театарската сцена и телевизискиот екран, рече Шијак.
Телеграми со сочувство до семејството испратија претседателот на државата Стево Пендаровски, потоа министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, Драмскиот театар Скопје и Народен театар Битола. Ендровски е дипломец на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Љубиша Геогиевски во 1991. На сцената на МНТ официјално е од 1993, иако како актер се појавува во претстави и пред дипломирањето. На сцената на МНТ ги оживеа и ги направи незаборавни: Далавера змејот во „Рекламна бајка“ (1989), Дромио од Сиракуза во „Забуни“ (1989), Уплавот во „Мир“ (1993), Целе Бумба во „Женски прилог за ноќта“ (1993), Борис во „Буре барут (1994), Манилов во „Мртви души“ (1994), Јован Ангел во „Лепа Ангелина“ (1995), Спасе во „МКС“ (1995), Д-р Алојзие Зилбербрант во „Глембаеви“ (1996), Макрото во „Едмонд“ (1997), Младичот во „Маме му ебам кој прв почна“ (1997), Брајан во „Шопинг анд факинг“ (1998), Антоан во „Мисија“ (1998), Ботар во „Носорог“ (1999), Арнолд Кримп во „Бетмен враќањето на црниот витез“ (1999), Капетан Лебјаткин во „Демони“ (2001), Крадецот во „Павилјони“ (2001), Трајан во „Балканот не е мртов“ (2001), Ристе во „Ослободување на Скопје“ (2002), „Црна дупка“ (2003), Булдог во „Доле влада“ (2004), „Хамлет во транзиција“ (2004), Вадиус во „Една вечер со ..“ (2006), „Троил и Кресида“ (2010), Алексеј Кирилов во „Бесови“ (2011), како и во претставата „Подемот и падот на кабарето“ (2013). Зад Ендровски останаа и ненадминливите и секогаш препознатливи филмски и тв ликови: Дино во серијата „Трст виа Скопје (1990) (за која ја има добиено и награда на ревијата „Екран“ за најдобро филмско актерско остварување), Трајче во „Пред дождот“ (1994), Доре во „Преку езерото“ (1997), Безимениот во „Збогум на 20-от век“ (1998), Андарт во „Прашина (2001), Стипе Прикачин во „Бал-кан-кан“ (2005), Затвореникот Варден во „Контакт“ (2005), Коки Лабуд во „Некои поинакви приказни, сегмент: Македонска приказна“ (2010) и многу други.  

The post Сакав да ти дојдам на некоја премиера бе куме, а не на комеморација, рече Владо Јовановски на последното испраќање на актерот Владимир Ендровски – Љац во МНТ appeared first on Република.

]]>
Владо Јовановски: Оние полтрони не е лошо да поработат на својот ‘рбет, да можат толку многу да ја свиткаат „кичмата“ за да можат самите да си го „попушат“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-jovanovski-onie-poltroni-ne-e-losho-da-porabotat-na-svojot-rbet-da-mozhat-tolku-mnogu-da-ja-svitkaat-kichmata-za-da-mozhat-samite-da-si-go-popushat/ Wed, 28 Jun 2023 20:04:34 +0000 https://republika.mk/?p=656220

Овој пост е за 18+.

Апологетите на неодбранливото, оние полтрони и супузитории платенички, кои секојдневно се појавуваат во медиумите, не е лошо да поработат на својот 'рбет. Да можат толку многу да ја свиткаат „кичмата“, што ја немаат, за да можат самите да си го „попушат“. Така ќе станат самодоволни и не мора да го прават тоа јавно и на други.

Да сум сопственик на некој медиум, ќе продуцирам емисија со работен наслов од типот на, „Самопоплукан“, се' додека не се дојде до резултат, „Самопопушен“, пишува актерот Владо Јовановски.

The post Владо Јовановски: Оние полтрони не е лошо да поработат на својот ‘рбет, да можат толку многу да ја свиткаат „кичмата“ за да можат самите да си го „попушат“ appeared first on Република.

]]>

Овој пост е за 18+.   Апологетите на неодбранливото, оние полтрони и супузитории платенички, кои секојдневно се појавуваат во медиумите, не е лошо да поработат на својот 'рбет. Да можат толку многу да ја свиткаат „кичмата“, што ја немаат, за да можат самите да си го „попушат“. Така ќе станат самодоволни и не мора да го прават тоа јавно и на други.   Да сум сопственик на некој медиум, ќе продуцирам емисија со работен наслов од типот на, „Самопоплукан“, се' додека не се дојде до резултат, „Самопопушен“, пишува актерот Владо Јовановски.

The post Владо Јовановски: Оние полтрони не е лошо да поработат на својот ‘рбет, да можат толку многу да ја свиткаат „кичмата“ за да можат самите да си го „попушат“ appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Непрокопсани, чувајте се од верниот пес скитник, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-neprokopsani-chuvajte-se-od-verniot-pes-skitnik-toj-moze-da-vi-dojde-vo-sonot-i-krvta-da-vi-ja-zaledi/ Sun, 02 Oct 2022 18:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=556594

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори новиот бугарски културен центар што го носи името на Цар Борис III.
Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу полемики во македонската јавност.
Реагира и актерот Владо Јовановски, кој беше еден од водачите на движењето За Заедничка Македонија.

Абе гниди едни, / вошки квислиншки - петоколонашки.
Ако некои посакаат да формираат културен центар,
"Цар Адолф Хитлер први", ќе им дозволители да го легализираат или не?
И зошто не?
Душегубници едни низаедни!
Овците цел живот се плашат да не бидат изедени од волците, а на крајот, пастирот ги коле и ги јаде!
Или ги продава...
Кога пастирот е "заминат", со умот, тогаш кучињата прават "дил" со волците и заедно, во чопор го растргаат стадото!
А тоа што ќе остане како мрша, орлите го чистат.
Арно ама, секогаш има по некој пес скитник, кој е лојален заштитник на стадото, а не на пастирот!
Непрокопсани, чувајте се од тој пес, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи!

Охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Бугарија.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nova-provokacija-od-bugarija-klubot-car-boris-iii-vo-ohrid-svecheno-kje-se-otvori-chetiri-dena-pred-denot-na-vostanieto/

The post Јовановски: Непрокопсани, чувајте се од верниот пес скитник, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи appeared first on Република.

]]>

На 7 октомври во Охрид ќе се отвори новиот бугарски културен центар што го носи името на Цар Борис III. Најава за отворањето на бугарски културен клуб со името Цар Борис III предизвика многу полемики во македонската јавност. Реагира и актерот Владо Јовановски, кој беше еден од водачите на движењето За Заедничка Македонија.
Абе гниди едни, / вошки квислиншки - петоколонашки. Ако некои посакаат да формираат културен центар, "Цар Адолф Хитлер први", ќе им дозволители да го легализираат или не? И зошто не? Душегубници едни низаедни! Овците цел живот се плашат да не бидат изедени од волците, а на крајот, пастирот ги коле и ги јаде! Или ги продава... Кога пастирот е "заминат", со умот, тогаш кучињата прават "дил" со волците и заедно, во чопор го растргаат стадото! А тоа што ќе остане како мрша, орлите го чистат. Арно ама, секогаш има по некој пес скитник, кој е лојален заштитник на стадото, а не на пастирот! Непрокопсани, чувајте се од тој пес, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи!
Охридскиот клуб бил отворен без позитивно мислење од Министерството за правда, но со писмена дозвола од синот на Царот Борис III, Симеон Саксобурготски, поранешен премиер на Бугарија. https://republika.mk/vesti/makedonija/nova-provokacija-od-bugarija-klubot-car-boris-iii-vo-ohrid-svecheno-kje-se-otvori-chetiri-dena-pred-denot-na-vostanieto/

The post Јовановски: Непрокопсани, чувајте се од верниот пес скитник, тој може да ви дојде во сонот и крвта да ви ја заледи appeared first on Република.

]]>
Владо Јовановски: Господине Пендаровски, има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш оти си пред иселување https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/vlado-jovanovski-gospodine-pendarovski-ima-idei-kolku-sakash-ama-ne-znam-dali-ne-gi-slushash-oti-si-pred-iseluvanje/ Wed, 17 Aug 2022 20:46:50 +0000 https://republika.mk/?p=541515

Ако нема пари за одржување на Охридскиот пливачки маратон, тогаш под итно дислоцирање на истиот во Преспа. Поевтино е, нема да има прекин на традицијата, а и еве го кај е Преспанско Езеро, преку Галичица е. Плус, дури не мора да биде пливачки маратонот. Може да биде трчачки. Пр. „Преспански тркачки маратон во вода до колена"!, саркастично коментира актерот Владо Јовановски, на веста дека годинава поради замрзната сметка нема да се одржи традиционалниот светски спортски настан во Охрид.

Така и ќе се подигне јавната свест за исчезнувањето на Преспанското Езеро, а и на индиректен начин (преку туризам), ќе им се помогне на ресенчани, кои се утепани од градот и од откупната цена на јаболкото.
Ако нема пари и за тоа, тогаш Дојран му е мајката, уф ѓољо.
Да ги видам сите светски пливачи, кој колку ќе издржи да се баина уф ѓољо(не мора да плива), само да клече до гуша и да се баина?
На најдобриот ќе му се даде честа лично да го исчисти каналот „Ѓавато - Дојран", канал кој до пред половина година го полнеше езерото со чиста и проточна вода.
Господине Пендаровски (покровителу на Охридскиот маратон), има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш, затоа што си пред иселување од Македонија, само што си спречен од функцијата што ја обавуваш. "Председател на Р. Македонија"!
Боже колку моќна позиција е таа! Колку убавини и добрини може да се сторат за Македонија од тоа место.
А Ти "Брат", шу праиш?
Како Ти минува времево во овој меѓупериод, пред иселување, освен што правиш "журки", за државни и национални празници, по дома?, му порача Јовановски.

The post Владо Јовановски: Господине Пендаровски, има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш оти си пред иселување appeared first on Република.

]]>

Ако нема пари за одржување на Охридскиот пливачки маратон, тогаш под итно дислоцирање на истиот во Преспа. Поевтино е, нема да има прекин на традицијата, а и еве го кај е Преспанско Езеро, преку Галичица е. Плус, дури не мора да биде пливачки маратонот. Може да биде трчачки. Пр. „Преспански тркачки маратон во вода до колена"!, саркастично коментира актерот Владо Јовановски, на веста дека годинава поради замрзната сметка нема да се одржи традиционалниот светски спортски настан во Охрид.
Така и ќе се подигне јавната свест за исчезнувањето на Преспанското Езеро, а и на индиректен начин (преку туризам), ќе им се помогне на ресенчани, кои се утепани од градот и од откупната цена на јаболкото. Ако нема пари и за тоа, тогаш Дојран му е мајката, уф ѓољо. Да ги видам сите светски пливачи, кој колку ќе издржи да се баина уф ѓољо(не мора да плива), само да клече до гуша и да се баина? На најдобриот ќе му се даде честа лично да го исчисти каналот „Ѓавато - Дојран", канал кој до пред половина година го полнеше езерото со чиста и проточна вода. Господине Пендаровски (покровителу на Охридскиот маратон), има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш, затоа што си пред иселување од Македонија, само што си спречен од функцијата што ја обавуваш. "Председател на Р. Македонија"! Боже колку моќна позиција е таа! Колку убавини и добрини може да се сторат за Македонија од тоа место. А Ти "Брат", шу праиш? Како Ти минува времево во овој меѓупериод, пред иселување, освен што правиш "журки", за државни и национални празници, по дома?, му порача Јовановски.

The post Владо Јовановски: Господине Пендаровски, има идеи колку сакаш, ама не знам дали не ги слушаш оти си пред иселување appeared first on Република.

]]>
Владо Јовановски: Спасовски, ќе превземеш мерки за заштита на животот на мирните протестанти или ќе превземеш одговорност? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-jovanovski-spasovski-kje-prevzemesh-merki-za-zashtita-na-zivotot-na-mirnite-protestanti-ili-kje-prevzemesh-odgovornost/ Wed, 06 Jul 2022 19:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=525008

Оливер Спасовски, ќе превземеш мерки за заштита на животот на мирните протестанти или ќе превземеш одговорност?, прашува актерот Владо Јовановски, по денешните вооружени напади врз граѓаните кои протестираат против францускиот предлог.

https://republika.mk/vesti/makedonija/pukano-kon-narodot-demonstrantite-prechekani-so-pishtoli-kaj-skender-beg-banda-frla-shishinja-kon-niv/

Ти не си обичен граѓанин, имаш одговорност по службена дејност.
Ако мислиш дека само за тоа што презимето ти е Спасовски, ќе се спасиш од одговорност, се лажеш.
Ќе одговараш, или на овој, или на оној свет!
Уште има време да се спасиш, му порача Јовановски.

The post Владо Јовановски: Спасовски, ќе превземеш мерки за заштита на животот на мирните протестанти или ќе превземеш одговорност? appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски, ќе превземеш мерки за заштита на животот на мирните протестанти или ќе превземеш одговорност?, прашува актерот Владо Јовановски, по денешните вооружени напади врз граѓаните кои протестираат против францускиот предлог. https://republika.mk/vesti/makedonija/pukano-kon-narodot-demonstrantite-prechekani-so-pishtoli-kaj-skender-beg-banda-frla-shishinja-kon-niv/
Ти не си обичен граѓанин, имаш одговорност по службена дејност. Ако мислиш дека само за тоа што презимето ти е Спасовски, ќе се спасиш од одговорност, се лажеш. Ќе одговараш, или на овој, или на оној свет! Уште има време да се спасиш, му порача Јовановски.

The post Владо Јовановски: Спасовски, ќе превземеш мерки за заштита на животот на мирните протестанти или ќе превземеш одговорност? appeared first on Република.

]]>
Владо Јовановски: Со фантомки се ограбува банка, а не се брани веќе пљачкосана држава, чии национални интереси се на распродажба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-jovanovski-so-fantomki-se-ograbuva-banka-a-ne-se-brani-vekje-pljachkosana-drzava-chii-nacionalni-interesi-se-na-rasprodazba/ Wed, 06 Jul 2022 15:30:03 +0000 https://republika.mk/?p=524867

Со фантомки се ограбува банка, а не се брани веќе пљачкосана држава, чии национални интереси се на распродажба.Татковината се брани со срце, со душа, со ум, со човечко достоинство и со образ.
Безобразни, тргнете ги маските, за да им го видиме образот/суратот, на тие кои ви ги "продаваат", пишува на Фејсбук актерот Владо Јовановски.
Браќа и сестри, да не бидеме "глинени гулаби", по втор пат!Протести, да!До крај, додека не држат нозете. Со присуство, со масовност, со истрајност...
Подобо да умреме чекорејки отколку цел живот да клечеме! Насилство, НЕ!Да бидеме мудри Македонци!
А пак, ако некој поинаку мисли, нека прави како што му сече црпката, ама нека си превземе одговорност, со сите последици, не да се крие зад мирољубивиот и родољубив народ, а после други да страдаат.

The post Владо Јовановски: Со фантомки се ограбува банка, а не се брани веќе пљачкосана држава, чии национални интереси се на распродажба appeared first on Република.

Владо Јовановски: Народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Македонците? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-jovanovski-narodot-kje-ve-reshi-vas-antimakedoncite-ama-dali-vie-ste-svesni-shto-ni-pravite-na-nas-makedoncite/ Wed, 22 Jun 2022 07:17:16 +0000 https://republika.mk/?p=518290

Се плашам дека народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Mакедонците?, пишува на фејсбук актерот Владо Јовановски.

Ало, ако имате 59 или 60. пратеника, како и на 27. 04. 2017. изгласајте дека сите сме бугари.
А што беше тоа двотретинско мнозинство?
А, Претседателе Пендаровски?!
Некако матен си ми...
Како Зоки Поки!
Како, ни вода ни киселина си,
како подгреана манџа.
Како ќе владеете натаму?
Што би рекол А.А...
Како и до сега.?
А Таче папагалски ни повторува, како и до сега.!
А, претседателе Пендаровски, кого Господ ќе го исплука од неговата уста?
Врелите или студените, што велеше Горан Стефановски во "Диво месо"?
Не си свесен дека оваа власт е диво месо, или само така се правиш, недоветен?
"Месото со нокти, раната со жар"!
Се плашам дека народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Македонците?, пишува Јовановски.

The post Владо Јовановски: Народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Македонците? appeared first on Република.

]]>

Се плашам дека народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Mакедонците?, пишува на фејсбук актерот Владо Јовановски.
Ало, ако имате 59 или 60. пратеника, како и на 27. 04. 2017. изгласајте дека сите сме бугари. А што беше тоа двотретинско мнозинство? А, Претседателе Пендаровски?! Некако матен си ми... Како Зоки Поки! Како, ни вода ни киселина си, како подгреана манџа. Како ќе владеете натаму? Што би рекол А.А... Како и до сега.? А Таче папагалски ни повторува, како и до сега.! А, претседателе Пендаровски, кого Господ ќе го исплука од неговата уста? Врелите или студените, што велеше Горан Стефановски во "Диво месо"? Не си свесен дека оваа власт е диво месо, или само така се правиш, недоветен? "Месото со нокти, раната со жар"! Се плашам дека народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Македонците?, пишува Јовановски.

The post Владо Јовановски: Народот ќе ве реши вас антимакедонците, ама дали вие сте свесни што ни правите на нас Македонците? appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Дефинитивно, не сме пиеле од ист извор, немаме заедничка историја и не сме ист народ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-definitivno-ne-sme-piele-od-ist-izvor-nemame-zaednichka-istorija-i-ne-sme-ist-narod/ Sat, 16 Apr 2022 22:48:52 +0000 https://republika.mk/?p=489451

И актерот Владо Јовановски не може да се изначуди на високата бугарска делегација на чело со премиерот Кирил Петков на отворањето на клуб именуван по фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов.

’Умре последниот балкански вампир’!

Ова беше насловна страница на тогашна ‘Нова Македонија’ во 1990 година, по повод смртта на 94-годишниот Иван – Ванчо Михајлов. Контроверзна историска личност, која за време на Втората светска војна беше под директна заштита на неговите пријатели Хитлер, Мусолини и Павелиќ. Човек кој се бореше за Македонија како ‘Швајцарија на Балканот’, се разбира, без Македонци. Да не зборувам за стотиците убиени по негова наредба…

И што има заедничко неговиот лик и дело со културен центар и со библиотека? Како би ги зближило тоа македонскиот и бугарскиот народ? Ако утре добрососедски ни се наложи заеднички да го чествуваме Радко, ќе мораме ли да ги славиме и неговите покровители и идеолошки пријатели?

Срамно и тажно!

И да, не е последниот вампир!

За жал, има уште многу…

Се плашам дека нема толку глогови колци колку што има ‘вампири’!

На денешен ден Христос го воскресна четири дена починатиот пријател Лазар!

На ваков светол ден да се обидуваш да го повампириш темното минато, нешто не е нормално.

Дефинитивно, не сме пиеле од ист извор, немаме заедничка историја и не сме ист народ.

Да, ама за вакви и слични понижувања никој не ни е виновен.

Проблемот е во нас, Македонците!“, ќе заклучи Јовановски во објавата на Фејсбук.

The post Јовановски: Дефинитивно, не сме пиеле од ист извор, немаме заедничка историја и не сме ист народ appeared first on Република.

]]>

И актерот Владо Јовановски не може да се изначуди на високата бугарска делегација на чело со премиерот Кирил Петков на отворањето на клуб именуван по фашистичкиот соработник Ванчо Михајлов.
’Умре последниот балкански вампир’! Ова беше насловна страница на тогашна ‘Нова Македонија’ во 1990 година, по повод смртта на 94-годишниот Иван – Ванчо Михајлов. Контроверзна историска личност, која за време на Втората светска војна беше под директна заштита на неговите пријатели Хитлер, Мусолини и Павелиќ. Човек кој се бореше за Македонија како ‘Швајцарија на Балканот’, се разбира, без Македонци. Да не зборувам за стотиците убиени по негова наредба… И што има заедничко неговиот лик и дело со културен центар и со библиотека? Како би ги зближило тоа македонскиот и бугарскиот народ? Ако утре добрососедски ни се наложи заеднички да го чествуваме Радко, ќе мораме ли да ги славиме и неговите покровители и идеолошки пријатели? Срамно и тажно! И да, не е последниот вампир! За жал, има уште многу… Се плашам дека нема толку глогови колци колку што има ‘вампири’! На денешен ден Христос го воскресна четири дена починатиот пријател Лазар! На ваков светол ден да се обидуваш да го повампириш темното минато, нешто не е нормално. Дефинитивно, не сме пиеле од ист извор, немаме заедничка историја и не сме ист народ. Да, ама за вакви и слични понижувања никој не ни е виновен. Проблемот е во нас, Македонците!“, ќе заклучи Јовановски во објавата на Фејсбук.

The post Јовановски: Дефинитивно, не сме пиеле од ист извор, немаме заедничка историја и не сме ист народ appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-makedonci-nie-koi-sme-zapishani-i-vie-koi-ne-ste-zapishani-site-sme-otpishani/ Thu, 31 Mar 2022 06:31:50 +0000 https://republika.mk/?p=481155

Актерот Владо Јовановски во свој стил ги коментира резултатите од пописот.

„Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! (попишани).

И да, уште таква поделба ни требаше, бојкотирачи против небојкотирачи и обратно.

Уште има можност за поделби, сè уште не сме малцинство во сопствената земја.

Има време…!“, резигнирано констатира актерот.

The post Јовановски: Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! appeared first on Република.

]]>

Актерот Владо Јовановски во свој стил ги коментира резултатите од пописот.
„Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! (попишани). И да, уште таква поделба ни требаше, бојкотирачи против небојкотирачи и обратно. Уште има можност за поделби, сè уште не сме малцинство во сопствената земја. Има време…!“, резигнирано констатира актерот.

The post Јовановски: Македонци, ние кои сме запишани и вие кои не сте запишани, сите сме отпишани! appeared first on Република.

]]>
Јовановски: Да се заштитиме од „свинската чума“, секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина е случајна https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jovanovski-da-se-zashtitime-od-svinskata-chuma-sekoja-slichnost-so-svinjoliki-chovekoidi-koi-odluchuvaat-za-nashata-idnina-e-sluchajna/ Wed, 19 Jan 2022 19:10:16 +0000 https://republika.mk/?p=446811

Другарки и другари, можеби е време да се заштитиме од „свинската чума“!

Секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина (како колектив), е случајна!, коментира актерот, Владо Јовановски.

Македонија...

Македонците, македонскиот јазик,

култура,

историја,

меморија,

преданија,

писанија,

посланија,

...
...
...

кои се длабоко втемелени во светското, цивилизациско наследство, не стравуваат од „Африканската чума“.!

П.С.

Не бидете свињи...!

Да бидеме Човеци!

Да живее Македонија!

Македонија, со чист макеоднски идентитет и суверенитет!!! - пишува Јовановски.

The post Јовановски: Да се заштитиме од „свинската чума“, секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина е случајна appeared first on Република.

]]>

Другарки и другари, можеби е време да се заштитиме од „свинската чума“! Секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина (како колектив), е случајна!, коментира актерот, Владо Јовановски.
Македонија...   Македонците, македонскиот јазик,   култура,   историја,   меморија,   преданија,   писанија,   посланија, ... ... ...   кои се длабоко втемелени во светското, цивилизациско наследство, не стравуваат од „Африканската чума“.!   П.С.   Не бидете свињи...!   Да бидеме Човеци!   Да живее Македонија!   Македонија, со чист макеоднски идентитет и суверенитет!!! - пишува Јовановски.

The post Јовановски: Да се заштитиме од „свинската чума“, секоја сличност со свињолики човекоиди, кои одлучуваат за нашата иднина е случајна appeared first on Република.

]]>
Владо Јовановски: Или свирете ја химната до крај и пејте ја сосе Гоце, Питу, Даме и Јане, или не ја галатете https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlado-jovanovski-ili-svirete-ja-himnata-do-kraj-i-pejte-ja-sose-goce-pitu-dame-i-jane-ili-ne-ja-galatete/ Tue, 18 Jan 2022 13:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=446395

Или свирете ја химната до крај и пејте ја сосе Гоце, Питу, Даме и Јане, или не ја галатете. Во спротивно пуштете нешто друго, пр. РЕКВИЕМ (миса за мртвите), напиша актерот Владо Јовановски на својот фејсбук профил.

Страшно и тажно!

Во Битола би рекле, "срташно'тажно"!

https://republika.mk/vesti/makedonija/ja-skratija-himnata-petkov-ne-slushna-za-goce-delchev-dame-gruev-sandanski-i-krushevskata-republika/

The post Владо Јовановски: Или свирете ја химната до крај и пејте ја сосе Гоце, Питу, Даме и Јане, или не ја галатете appeared first on Република.

Јовановски: Издржи Ѓоковиќ, освој ја титулата и прати им Абориџинка или Абориџин да ја прими наградата https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/jovanovski-izdrzi-gjokovikj-osvoj-ja-titulata-i-prati-im-aboridzinka-ili-aboridzin-da-ja-primi-nagradata/ Thu, 06 Jan 2022 18:19:18 +0000 https://republika.mk/?p=441422

Актерот Владо Јовановски на социјалните мрежи испрати порака за состојбата во која се најде најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, кому австралиските власти не му дозволија влез во земјата за да учествува на Австралија Опен, иако српскиот тенисер ги имаше добиено сите документи од австралиската тениска федерација.

Издржи Ѓоковиќ. Ако Ти биде дозволено, освој ја титулата и прати им Абориџинка или Абориџин да ја прими наградата. Само за да ги потсетиш на нивното „славно“ минато. Целиот слободоумен свет е со Тебе! - пишува Јовановски.

The post Јовановски: Издржи Ѓоковиќ, освој ја титулата и прати им Абориџинка или Абориџин да ја прими наградата appeared first on Република.