Владислав Угољни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladislav-ugoljni/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Jun 2022 07:43:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владислав Угољни Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladislav-ugoljni/ 32 32 Украински новинар: Зеленски ги лажира информациите за руската војска, народот сега станува свесен каква навистина е состојбата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainski-novinar-zelenski-gi-lazira-informaciite-za-ruskata-vojska-narodot-sega-stanuva-svesen-kakva-navistina-e-sostojbata/ Thu, 02 Jun 2022 07:43:57 +0000 https://republika.mk/?p=510004

Украинскиот новинар Владислав Угољни од Доњецк тврди дека Украина и нејзиното раководство се во целосен хаос. Според новинарот, украинското општество се соочило со сериозни воени порази во Донбас и економска криза во остатокот од земјата, поради што мотивацијата за продолжување на војната исчезнала.

Поделбите почнаа, се почесто се слушаат критики за владата во Киев, а претседателот Володимир Зеленски сега е свесен дека, што и да прави, неговиот крај е близу - вели Угољни.

https://republika.mk/vesti/svet/vo-kiev-se-pojavija-plakati-na-koi-zelenski-e-proglasen-za-predavnik-se-podgotvuva-li-puch-za-ukrainskiot-pretsedatel/

Анализирајќи ги настаните од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Угољни заклучува дека луѓето што живеат таму биле измамени и дека дури сега се свесни што се случило.

Повлекувањето на руските војници од околината на Киев, Чернигов и Суми, кое заврши на 3 април, Украинците го сфатија како значајна победа, иако тоа беше само знак за добрата волја на Москва по мировните преговори во Турција. Сепак, повлекувањето на Русите ја овозможи посетата на лидерот на НАТО, кој Зеленски некако успеа да го убеди дека ќе ја добие војната доколку му испратат повеќе оружје - вели Угољни.

Тој додава дека сето тоа им било претставено на Украинците како основа за контраофанзива на Харков, Херсон и Донбас.

На народот му порачаа дека Украина ќе влезе во ЕУ по забрзана постапка, заобиколувајќи ги постоечките норми. Тоа требаше да биде награда за херојството и тоа дека Украина е „европски штит“. Расположението меѓу Украинците беше позитивно. Мислеа дека руската војска е запрена. Ним им преостанува само да чекаат помош од Западот и да се одмаздат за 2014 година, кога Крим и се врати на Русија - вели Угољни.

Според него, таа странска помош дошла, но не го донела и очекуваното олеснување за Украина. Се покажала ефикасна само за поддршка на бегалците, но во странски земји.

Кога станува збор за воената помош, до крајот на мај се покажа дека потребните артилериски и противвоздушни системи не се доволни за Русија да биде поразена, па затоа беше неопходно да се зголеми бројот на украинските војници на еден милион. Тоа не беше постигнато, но многу Украинци беа испратени на фронтот, а, според Зеленски, бројот на војници е зголемен на 700.000. Сепак, не беше лесно, па властите во Киев мораа да ги фаќаат луѓето на улица и насилно да ги мобилизираат - сведочи новинарот.

Во меѓувреме, украинските единици се најдоа под силен воздушни и артилериски оган во источен Донбас.

https://republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-ruskite-sili-napreduvaat-vo-donbas/

Според Угољни, од втората половина на април, руската армија се фокусирала на неколку цели, вклучувајќи го заземањето на Мариупол, проширувањето на операциите и заземањето на Изјум, отсекувањето на Славјанск, почнувањето офанзива во Лиман и подигнувањето на нивото на одбраната во Попасна и Адејевка.

До крајот на мај речиси сите овие задачи се завршени.

Еден од најголемите удари за Украина беше руското заземање на Мариупол. Веднаш потоа беше освоен градот Лиман, а сега е почната офанзива на Северодоњецк, од каде силите лојални на Киев бегаат. Околу 5.000 војници беа заробени од Русија само во Мариупол, а сега се опколени украинските сили во Северодонецк и Лисичанск. Украинската влада сега се соочува со избор: да го предаде Донбас, да ја спаси армијата и да се соочи со бунтот на патриотските сили, кои предавањето на Донбас го гледаат како предавство или да ги продолжат битките во Донбас до последниот војник, да ја загубат војската и Донбас и другите територии - заклучува Угољни.

https://republika.mk/vesti/svet/borcite-na-kadirov-patroliraat-po-ulicite-na-severnodoneck-kluchniot-grad-vo-lugansk-e-celosno-vo-ruski-race/

The post Украински новинар: Зеленски ги лажира информациите за руската војска, народот сега станува свесен каква навистина е состојбата appeared first on Република.

]]>

Украинскиот новинар Владислав Угољни од Доњецк тврди дека Украина и нејзиното раководство се во целосен хаос. Според новинарот, украинското општество се соочило со сериозни воени порази во Донбас и економска криза во остатокот од земјата, поради што мотивацијата за продолжување на војната исчезнала.
Поделбите почнаа, се почесто се слушаат критики за владата во Киев, а претседателот Володимир Зеленски сега е свесен дека, што и да прави, неговиот крај е близу - вели Угољни.
https://republika.mk/vesti/svet/vo-kiev-se-pojavija-plakati-na-koi-zelenski-e-proglasen-za-predavnik-se-podgotvuva-li-puch-za-ukrainskiot-pretsedatel/ Анализирајќи ги настаните од почетокот на руската специјална воена операција во Украина, Угољни заклучува дека луѓето што живеат таму биле измамени и дека дури сега се свесни што се случило.
Повлекувањето на руските војници од околината на Киев, Чернигов и Суми, кое заврши на 3 април, Украинците го сфатија како значајна победа, иако тоа беше само знак за добрата волја на Москва по мировните преговори во Турција. Сепак, повлекувањето на Русите ја овозможи посетата на лидерот на НАТО, кој Зеленски некако успеа да го убеди дека ќе ја добие војната доколку му испратат повеќе оружје - вели Угољни.
Тој додава дека сето тоа им било претставено на Украинците како основа за контраофанзива на Харков, Херсон и Донбас.
На народот му порачаа дека Украина ќе влезе во ЕУ по забрзана постапка, заобиколувајќи ги постоечките норми. Тоа требаше да биде награда за херојството и тоа дека Украина е „европски штит“. Расположението меѓу Украинците беше позитивно. Мислеа дека руската војска е запрена. Ним им преостанува само да чекаат помош од Западот и да се одмаздат за 2014 година, кога Крим и се врати на Русија - вели Угољни.
Според него, таа странска помош дошла, но не го донела и очекуваното олеснување за Украина. Се покажала ефикасна само за поддршка на бегалците, но во странски земји.
Кога станува збор за воената помош, до крајот на мај се покажа дека потребните артилериски и противвоздушни системи не се доволни за Русија да биде поразена, па затоа беше неопходно да се зголеми бројот на украинските војници на еден милион. Тоа не беше постигнато, но многу Украинци беа испратени на фронтот, а, според Зеленски, бројот на војници е зголемен на 700.000. Сепак, не беше лесно, па властите во Киев мораа да ги фаќаат луѓето на улица и насилно да ги мобилизираат - сведочи новинарот.
Во меѓувреме, украинските единици се најдоа под силен воздушни и артилериски оган во источен Донбас. https://republika.mk/vesti/svet/britanski-razuznavachi-ruskite-sili-napreduvaat-vo-donbas/ Според Угољни, од втората половина на април, руската армија се фокусирала на неколку цели, вклучувајќи го заземањето на Мариупол, проширувањето на операциите и заземањето на Изјум, отсекувањето на Славјанск, почнувањето офанзива во Лиман и подигнувањето на нивото на одбраната во Попасна и Адејевка. До крајот на мај речиси сите овие задачи се завршени.