Владата на седница утре на дневен ред ќе го има законот за укинување на економските директори во здравствените установи, што беше најавено и од министерот за здравство Арбен Таравари пред една недела.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека со законот што утре ќе биде на владина седница се укинуваат организациските места или т.н. економски директори во здравствените установи, односно, рече тој, „ставаме точка на дуализмот.“
Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.
Соопшти дека „многу скоро од денеска ќе биде ребалансот на буџетот во Парламентот“, до крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, а на прашањето да открие нови именувања на директори, одговори дека „неколку часа од денеска ќе имаме нови именувања“. Исто така, на дневен ред на Владата, рече, ќе дојде и Законот за локална самоуправа.
Премиерот информираше и дека се подготвува и законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.
Бидејќи ние сме длабоко убедени дека тука законите се прекршени и некој треба да има одговорност за тоа што ги прекршил законите затоа што мора неказнивоста да ја оставиме во минатото. Секој оној којшто ги прекршил законите и Уставот мора да одговара и тука не треба да имаме никакви дилеми... Второ, треба да го ревидираме пристапот, односно начинот на оданочување, начинот на услови, местоположба итн. Така што, тоа ќе биде едно поопфатно законско решение, кое ќе биде секако поправично, додаде Мицкоски.
The post Замениците-министри ќе бидат познати до крајот на неделава, на владина седница утре укинување на економските директори appeared first on Република.
]]>Мора да имаме едно лице коешто ќе биде одговорно и едно лице коешто ќе има обврски, права, но и одговорности пред граѓаните. Вака бевме сведоци на префрлање на обврските и на одговорностите и практично не можевме да локализираме јасно каде е одговорноста. Сега, со овој потег, јасно ќе знаеме каде е локализирана одговорноста, рече Мицкоски нагласувајќи дека во државава помалку ќе има над стотина функционери „коишто се на товар на граѓаните“.Соопшти дека „многу скоро од денеска ќе биде ребалансот на буџетот во Парламентот“, до крајот на оваа недела ќе бидат познати замениците министри, а на прашањето да открие нови именувања на директори, одговори дека „неколку часа од денеска ќе имаме нови именувања“. Исто така, на дневен ред на Владата, рече, ќе дојде и Законот за локална самоуправа. Премиерот информираше и дека се подготвува и законско решение за игрите на среќа, кое рече, ќе подразбира најпрво ревидирање на сите согласности дадени од претходната Влада.
Бидејќи ние сме длабоко убедени дека тука законите се прекршени и некој треба да има одговорност за тоа што ги прекршил законите затоа што мора неказнивоста да ја оставиме во минатото. Секој оној којшто ги прекршил законите и Уставот мора да одговара и тука не треба да имаме никакви дилеми... Второ, треба да го ревидираме пристапот, односно начинот на оданочување, начинот на услови, местоположба итн. Така што, тоа ќе биде едно поопфатно законско решение, кое ќе биде секако поправично, додаде Мицкоски.
The post Замениците-министри ќе бидат познати до крајот на неделава, на владина седница утре укинување на економските директори appeared first on Република.
]]>Техничкиот премиер Талат Џафери, за утре (30 јануари), со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, за заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата.
The post За утре напладне закажана првата седница на техничката Влада appeared first on Република.
]]>The post За утре напладне закажана првата седница на техничката Влада appeared first on Република.
]]>Oдлуки од денешната 198-ма седница на Владата:
Владата на денешната седница донесе одлуки за трансформирање на средните општински училишта „Никола Карев“ од Струмица и „Коле Неделковски“ од Велес во Регионални центри за стручно образование и обука. Со тоа бројот на Регионални центри за стручно образование и обука во државата се искачува на вкупно пет.
Владата на денешната седница, донесе Решение за формирање на Комисија за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач согласно Одлуката за започнување на постапка за избор на универзален снабдувач донесена на 20.10.2023 година. Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за избор на универзален снабдувач со електрична енергија по пат на јавен повик за избор на универзален снабдувач со отворена постапка, односно да го подготви јавниот повик, тендерска документација, вклучувајќи го и нацртот на договорот, и да изврши евалуација и изготви извештај за евалуација на понудите како и да достави до Владата предлог за избор на најповолен понудувач за избор на универзален снабдувач со електрична енергија или предлог за поништување на постапка. Изборот на универзален снабдувач е во согласност со Законот за енергетика, заради остварувањето на правото на домаќинствата и малите потрошувачи поврзани на електроенергетскиот систем на универзална услуга во снабдувањето со електрична енергија.
Владата го разгледа и прифати усогласениот нов текст на Меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и Министерството за земјоделство на Република Азербејџан. Со Меморандумот се зајакнува соработката меѓу двете земји во областа на земјоделството, во делот на управување со земјоделски површини; одржлив развој на руралните средини; трговија со земјоделски производи; примена на нови технологии во земјоделството – паметно земјоделство; безбедност на храната и размена на најдобри практики.
Меморандумот е предвидено да се потпише во текот на месец ноември 2023 година, во рамките на пријателскиот однос меѓу Македонија и Азербејџан, а имајќи го предвид развојот на меѓувладините односи со цел зајакнување и проширување на заедничката билатерална соработка.
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата за промената на програмата на Зелени градови на Европската Банка за обнова и развој, поддржана од Зелениот климатски фонд. Како што беше образложемно, ЕБОР подготви сеопфатен предлог за реструктуирање на Програмата Зелени градови поради фактот што во текот на последните пет години, од првичниот дизајн на Програмата, потребите на градовите значително се променија и сè уште се во фаза на закрепнување по трајните влијанија на пандемијата COVID-19, како и глобалните последици од енергетската криза. Со предлогот се предвидуваат зголемување на достапноста на грантови за инфраструктура, подобрена структура на заемот од Зелениот климатски фонд, проширување на опсегот на Програмата за Зелени градови, флексибилност на валутата на заемот, повеќе средства за техничка помош и повеќе средства за повеќе инвестиции во Македонија. Македонија соработува со Европската банка за обнова и развој во рамките на Програмата за Зелени Градови од 2016 година до денес.
The post Владини одлуки од денешната седница appeared first on Република.
]]>The post Владини одлуки од денешната седница appeared first on Република.
]]>Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со научни институции се задолжуваат во рок од три месеци да достават можни локации каде би можеле да се дислоцираат/префрлат кафеавите мечки. Со денешната владина одлука Министерството за животна средина и просторно планирање е задолжено во рок од три месеци да направи анализа од регионот за формирање интервентен тим за крупни ѕверови и да ја информира Владата.
Владата на денешната 193-та седница ја разгледа и усвои Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава. Владата ги задолжи надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Македонија - велат од Владата.
Последниот месец жителите во западна Македонија се соочуваат со мечки кои се симнуваат во населените места барајќи храна.
The post Владата побара: Надлежните во рок од 3 месеци да достават локации за дислоцирање на кафеавите мечки appeared first on Република.
]]>Владата на денешната 193-та седница ја разгледа и усвои Информацијата по однос на состојбата на кафеава мечка (Ursus arctos L.), дивеч под заштита кој е трајно забранет за лов и зголемениот обем на штета која овој дивеч ја причинува врз имотот и добрата на граѓаните на државава. Владата ги задолжи надлежните институции да се преземат конкретни мерки во однос на усвоената Информација. Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 12 месеци треба да изработи акциски план за управување со кафеава мечка (Ursus arctos L.) за територијата на Република Македонија - велат од Владата.Последниот месец жителите во западна Македонија се соочуваат со мечки кои се симнуваат во населените места барајќи храна.
The post Владата побара: Надлежните во рок од 3 месеци да достават локации за дислоцирање на кафеавите мечки appeared first on Република.
]]>Владата, на денешната седница ја разгледа и усвои и Информацијата од Министерството за информатичко општество и администрација, за извршени преговори на Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел, за соработка во областа на електронски комуникации и поштенски услуги и го разгледа и прифати усогласениот текст на Договорот.
Овластен е министерот Адмирим Алити во име на Владата на Република Македонија да го потпише Договорот.
Воспоставувањето на соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Државата Израел за соработка во областа на електронски комуникации и поштенски услуги, како што е објаснето од Министерството за информатичко општество и администрација е со цел унапредување на трговските и техничките размени како од економски и социјален аспект, така и во насока на продлабочување на заемните врски за модернизација на електронските комуникациски мрежи.
The post Прифатен е усогласениот текст на Договорот за соработка со Израел во областа на електронските комуникации appeared first on Република.
]]>The post Прифатен е усогласениот текст на Договорот за соработка со Израел во областа на електронските комуникации appeared first on Република.
]]>Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја разгледа и усвои и Информацијата за одржување на втората заедничка седница на Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија.
Седницата е предвидено да се одржи во Скопје на 14 ноември 2022 година, соопшти владината прес-служба.
The post Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија на 14 ноември appeared first on Република.
]]>The post Заедничка седница на владите на Македонија и на Албанија на 14 ноември appeared first on Република.
]]>Владата денеска ќе ја одржи редовната 88-ма седница на чиј дневен ред ќе бидат точки поврзани со мерките за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза.
Од владината прес-служба најавија дека по завршувањето на седницата, јавноста ќе биде информираназа заклучоците и одлуките на седницата.
The post Седница на владата за мерки за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза appeared first on Република.
]]>The post Седница на владата за мерки за поддршка на граѓаните и компаниите во време на економско-енергетска криза appeared first on Република.
]]>Владата на Република Македонија на денешната 66-та седница донесе одлука за давање на согласност за договорите за финансиска поддршка на инвестиции на компаниите за 2022 година. Договори за државна помош според Законот за финансиска поддршка на инвестиции ќе бидат потпишани со 280 компании кои ги исполнуваат условите предвидени според Законот.
Оваа година ќе се потпишат нови 280 договори за поддршка со компании кои влегуваат во инвестициски циклуси од околу 145 милиони евра и ќе креираат повеќе од 3.700 работни места во наредните 5 години или до завршувањето на нивните договори.
Додека пак само во 2021 година овие 280 компании, инвестирале околу 50 милиони евра и креирале над 1.500 нови работни места.
Преку овој Закон во изминатите 5 години склучени се вкупно 633 договори за финансиска поддршка.
Дополнително, На предлог на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Владата на денешната седница ја усвои Предлог - Програмата за изменување на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022 година. Со неа се зголемуваат средствата на 2,6 милијарди денари, по ребалансот на буџетот, со кои се врши исплата на сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнува и авансната исплата на субвенциите во висина од 30% од вкупната вредност, која од оваа година за прв пат ќе се изврши за овоштарите додека од следната 2023 година авансна исплата на субвенциите ќе се врши за сите директни плаќања кон земјоделците.
Усвоена е и измената на програмата за финансиска поддршка на Руралниот развој за 2022 година која се врши поради зголемен интерес за мерката 115 Поддршка на активен женски член во земјоделско домаќинство, со цел реализирање на сите поднесени апликации по оваа мерка. Поради зголемен интерес за мерката 121.9 набавка на силоси се врши зголемување на финансиските средства со цел да се овозможи реализација на сите 24 поднесени апликации доставени по оваа мерка.
Со измената на Програмата се создава основ за авансна исплата од 40% на грантот за поддршка на млад земјоделец од 20.000 евра со новиот јавен повик од 2022 година, врз основа на донесената измена на законот за земјоделство и рурален развој (Службен Весник на РСМ бр. 123/22). Во програмата за Рурален развој се зголемуваат и средствата кај мерката 211 со 100 милиони денари, за реализација и поддршка на меѓународни саеми и саемски манифестации на кои учествува Република Македонија со национални штандови за промоција на македонските земјоделски производи, вино и преработка од земјоделски производи и тоа учество на саемот „Агра“ во Горна Радгоња во Република Словенија, саемот „Open Balkan Wine & Fair“ кој е дел од иницијативата Отворен Балкан и саемот „Тера Мадре“ во Торино каде заедно со економско-социјалниот партнер Слоу Фуд Македонија ќе бидат презентирани македонските традиционални производи.
Владата на денешната седница ја усвои и измената на Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година. Со ова се врши промена на рокот за подмерките 1.18 за оризова арпа предадена во регистрирани капацитети за откуп и преработка и подмерката 1.19 за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи. Со измената рокот за аплицирање по овие две мерки е до продолжен до 31 август 2022 година.
Владата исто така ја усвои измената на програмата за финансиска поддршка во органското земјоделско производство за 2022 година со што се врши продолжување на рокот до 15 август 2022 година за поднесување на барања за директни плаќања во органското земјоделско производство за 2022 година, со цел сите земјоделци во органското производство да можат навремено да го остварат правото на субвенции.
The post Одобрени договори за државна финансиска поддршка за 280 компании кои ќе отворат 3.700 работни места appeared first on Република.
]]>The post Одобрени договори за државна финансиска поддршка за 280 компании кои ќе отворат 3.700 работни места appeared first on Република.
]]>Владата попладнево на брифинг неофицијално ги информираше медиумите за своите следни чекори во врска со францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија и почнување преговори на земјава за членство во ЕУ. Од Владата велат дека за предлогот сега најверојатно нема да се расправа во Собранието, туку тој ќе биде прифатен на владина седница, по консултациите со претседателот на државата и другите чинители во домашната политика, пишува „Слободен печат“.
На овој начин, според владини извори, би се избегнал раскол во владејачката коалиција, каде дел од помалите партии веќе изразија незадоволство околу прифаќањето на првичниот француски предлог, како и евентуалните блокади и инциденти кои би ги предизвикала опозицијата.
Според „Фокус“, за разлика од минатонеделните случувања во Брисел, денеска во Владата било видливо јасно задоволството кај премиерот и надлежните министри, кои сега предлогот го именуваат како „европски“. Тие неофицијало наведоа дека последните предлог-измени кои дојдоа од Париз се плод на „историското НЕ” на Ковачевски во Брисел, но и на повеќемесечни неофицијални разговори со првиот советник на францускиот претседател Макрон, за кого кажаа дека повеќепати неофицијално доаѓал во Скопје и Софија.
Од Владата се задоволни и од подобрување на нашата позиција по прашањето за македонскиот јазик, а тврдат и дека историските прашања нема да се причина за одложување не само на првата, туку и на втората меѓувладина конференција. Сепак, не можеа да го демантираат фактот дека отворањето на поглавјата (што претставува вистинско почнување на преговорите) ќе се случи дури по внесувањето на Бугарите во Уставот, како и дека Софија никаде не се обврзува дека нема да нѐ блокира по која било точка од понатамошните преговори.
Според неофицијалните најави од Владата, многу е веројатно дека многу брзо, во следните неколку дена, Македонија конечно ќе направи прв чекор во евроинтеграциите, по долг период на застој и блокади. Тоа значи дека експресно ќе се свика Првата меѓувладина конференција, која барем формално-правно претставува датум на кој почнуваат преговорите на една земја за полноправно членство во ЕУ.
The post За францускиот предлог нема да се расправа во Собранието, ќе се гласа на седница на Влада? appeared first on Република.
]]>The post За францускиот предлог нема да се расправа во Собранието, ќе се гласа на седница на Влада? appeared first on Република.
]]>Владата на Република Македонија на денешната 35-та седница одржана онлајн, преку видеконференциска врска, ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор.
Согласно оваа Информација, Владата ги задолжи сите органи на државната управа и донесе заклучок да им се укаже на сите институции кои не се органи на државната управа, да постапат согласно постоечките законски решенија за пресметка на плата и да ја исплатат во законски утврдениот рок.
Во образложението во врска со ова прашање се истакнува дека според Законот за минимална плата, право на минимална плата имаат сите работници, во висина утврдена согласно со овој Закон, а законската рамка за усогласување на минималната плата со платата на вработените во државната управа е утврдена во текстот на Предлог-Законот за изменување на Законот за административни службеници, кој се очекува да биде донесен од страна на Собранието на Република Македонија во текот на месец април.
Во Законот е содржана преодна одредба според која одредбите кои се однесуваат на промената на системот на плати за сите административни службеници ќе отпочнат да се применуваат со исплатата на мартовската плата во месец април 2022 година. По влегувањето во сила на Законот ќе се изврши корекција на платите, односно правото за усогласување со Законот за минимална плата ќе се оствари и за платата за месец март.
The post Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор appeared first on Република.
]]>The post Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор appeared first on Република.
]]>