владина коалиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladina-koalicija/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 11:36:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владина коалиција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladina-koalicija/ 32 32 Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vladinata-koalitsija-e-stabilna-ni-treba-silna-i-konstruktivna-opozitsija/ Tue, 01 Oct 2024 11:36:05 +0000 https://republika.mk/?p=821391

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања.

Изминатите 100 дена од работата на Владата ги оцени како успешни и рече дека она што го прави горд и задоволен е тоа што сите оние кои добиле шанса, во најголем дел ја исполниле дадената можност без разлика од која политичка партија доаѓаат.

Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата, на моменти нормално е да постојат и различни мислења, но тоа не значи дека не се согласуваме за стратешките прашања, рече Мицкоски.

На опозицијата ѝ порача да биде конструктивна и силна и наместо со обвинувања, да се натпреварува со политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните.

Има такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ направило премногу отстапки на коалиционите партнери и такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги поништи своите коалициони партнери. Ги слушам сите тие гласови кои доаѓаат од опозицијата од кои едната се обидува да опстане на политичката сцена, а другата преку националистичка реторика се труди да се врати на политичката сцена. Тие мислат дека ако испраќаат такви пораки ќе внесат раздор и недоверба во таа коалиција. Можам да ги разочарам и да им кажам дека не само што не се успешни, туку таквото нивно однесување го зајакнува заеднички дух. Не смееме да се вратиме кон овие политичари кои поминаа децении во македонската политика, а ќе останат запаметени по корупција и многу предавства на сметка на личните интереси. Нема да навлегувам зошто ДУИ во изминатите 21 година не успеа да ги постигне стратешки цели, зошто СДСМ на лага се обидуваше да ја задржи својата власт. Имам да им порачам на двете партии дека имаме потреба од силна и конструктивна опозиција со која ќе се напреваруваме за политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на забелешките дека процесот на именување на кадри оди бавно, премиерот рече дека не треба да се избрзува и дека понекогаш е подобро да се направи еден вистински чекор, отколку да се направат три чекори па потоа да се враќаме пет чекори назад.

Не можеме да зборуваме за брзина на именување на кадри затоа што многупати во минатото во јавноста имаше критика дека многу брзо се партизирале институциите, многу брзо се именувале партиски кадри, се менувале професионалци... Апсолутно се сложувам со тоа затоа што не секогаш треба да реагирате многу бргу за да покажете некаква силина и дека се што било претходно, не чинело. Покажавме како Влада дека се што било добро од претходната влада, сме го продолжиле како што беше и случајот со странските инвестиции, рече Мицкоски.

https://www.youtube.com/live/WQc4Wo4UgJI?si=OdCHdQ-qG8GJB86l

The post Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во обраќањето по повод 100 дена Влада повторно нагласи дека владината коалиција е стабилна и дека и покрај различните мислења за одредени прашања, сепак сите коалициони партнери се обединети околу стратешките прашања. Изминатите 100 дена од работата на Владата ги оцени како успешни и рече дека она што го прави горд и задоволен е тоа што сите оние кои добиле шанса, во најголем дел ја исполниле дадената можност без разлика од која политичка партија доаѓаат.
Коалицијата има двотретинско мнозинство, ова не е коалиција што се бори за својата стабилност. Хармонијата и колегијалниот дух владее во коалицијата, на моменти нормално е да постојат и различни мислења, но тоа не значи дека не се согласуваме за стратешките прашања, рече Мицкоски.
На опозицијата ѝ порача да биде конструктивна и силна и наместо со обвинувања, да се натпреварува со политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните.
Има такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ направило премногу отстапки на коалиционите партнери и такви кои велат дека ВМРО-ДПМНЕ ги поништи своите коалициони партнери. Ги слушам сите тие гласови кои доаѓаат од опозицијата од кои едната се обидува да опстане на политичката сцена, а другата преку националистичка реторика се труди да се врати на политичката сцена. Тие мислат дека ако испраќаат такви пораки ќе внесат раздор и недоверба во таа коалиција. Можам да ги разочарам и да им кажам дека не само што не се успешни, туку таквото нивно однесување го зајакнува заеднички дух. Не смееме да се вратиме кон овие политичари кои поминаа децении во македонската политика, а ќе останат запаметени по корупција и многу предавства на сметка на личните интереси. Нема да навлегувам зошто ДУИ во изминатите 21 година не успеа да ги постигне стратешки цели, зошто СДСМ на лага се обидуваше да ја задржи својата власт. Имам да им порачам на двете партии дека имаме потреба од силна и конструктивна опозиција со која ќе се напреваруваме за политики кои ќе донесат подобар стандард на граѓаните, рече Мицкоски.
Во однос на забелешките дека процесот на именување на кадри оди бавно, премиерот рече дека не треба да се избрзува и дека понекогаш е подобро да се направи еден вистински чекор, отколку да се направат три чекори па потоа да се враќаме пет чекори назад.
Не можеме да зборуваме за брзина на именување на кадри затоа што многупати во минатото во јавноста имаше критика дека многу брзо се партизирале институциите, многу брзо се именувале партиски кадри, се менувале професионалци... Апсолутно се сложувам со тоа затоа што не секогаш треба да реагирате многу бргу за да покажете некаква силина и дека се што било претходно, не чинело. Покажавме како Влада дека се што било добро од претходната влада, сме го продолжиле како што беше и случајот со странските инвестиции, рече Мицкоски.
https://www.youtube.com/live/WQc4Wo4UgJI?si=OdCHdQ-qG8GJB86l

The post Мицкоски: Владината коалиција е стабилна, ни треба силна и конструктивна опозиција appeared first on Република.

]]>
Меџити: Од 90-тите години досега немало постабилна коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-od-90-tite-godini-dosega-nemalo-postabilna-koalitsija/ Sun, 28 Jul 2024 16:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=801120

Изет Меџити, првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, ја коментираше изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев во однос на балансерот. Тој рече дека сегашната коалиција е стабилна.

-Од 90-тите години досега немало постабилна коалиција, 78 пратеници со тенденција да преминат 80 и да има две третини не се случило никогаш во државата. Во владината коалицијата сме заедно, но не сме исти, не сме едно. Различни сме, имаме во некои случаи различни размислувања, но имаме капацитет да разговараме, преговараме, да најдеме компромисни решенија и да одиме напред. Во однос на балансерот, тоа што го кажа министерот Минчев мислам дека не е во рамки на законот. Во законот точно се наведува дека правичната застапеност треба да биде според процентуалната застапеност на населението, не вели на резидентно или нерезидентно. Оваа Влада е посветена на економски развој, животен стандард, на решавање конкретни проблеми и не се приоритет такви прашања, тие се непотребни и нормално, такви иницијативи ќе предизвикаат одговори од наша страна, а не сме ние тие што иницираме такво нешто. Ние сме посветени на столбовите на Владата, економскиот развој, борбата против корупцијата, ЕУ интеграцијата, тоа се нашите столбови, платформа од која не сакаме да излеземе. Мислам дека и нашите колеги ќе сфатат дека треба да бидат во функција на оваа платформа, а не на секојдневната политика, истакна Меџити.

The post Меџити: Од 90-тите години досега немало постабилна коалиција appeared first on Република.

ВО ЖИВО: Ковачевски по средбата со коалиционите партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-zhivo-kovachevski-po-sredbata-so-koalitsionite-partneri/ Fri, 19 May 2023 12:31:26 +0000 https://republika.mk/?p=642676

Изјави по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите од владината коалиција.

The post ВО ЖИВО: Ковачевски по средбата со коалиционите партнери appeared first on Република.

]]>

Изјави по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите од владината коалиција.

The post ВО ЖИВО: Ковачевски по средбата со коалиционите партнери appeared first on Република.

]]>
Koвачевски ќе ги „пребројува“ коалициските партнери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-ke-gi-prebrojuva-koalitsiskite-partneri/ Fri, 19 May 2023 05:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=642486

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе одржи редовна средба со лидерите од владината коалиција на која ќе ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.

Во пресрет на средбата Централниот одбор на СДСМ синоќа ги повика сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат.

ЦО на седницата донел заклучок дека како одговорна и државотворна партија се што е до СДСМ ќе биде направено за да продолжи напредокот кон ЕУ и го задолжил Ковачевски да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори, за Македонија да го продолжи европскиот пат, информираше портпаролката Богданка Кузеска, потенцирајќи дека членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именуван носители на јавни функции од СДСМ, се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tso-na-sdsm-poddrshkata-za-prodolzhuvane-na-evropskiot-pat-e-istoriska-shansa-i-treba-da-se-iskoristi/

Иако свесен дека напуштањето на владината коалиција нема да донесе тектонски промени, лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов е разочаран од СДСМ што пратениците од оваа партија не ја искористиле можноста да ја исправат големата неправда која им е нанесена на македонските бранители од 2001 година така што ќе гласаа ЗА Предлог-законот за дополнување на Законот за бранители.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanche-angelov-najavi-napushtane-na-vladata-krajno-sme-razocharani-od-sdsm/

Законите за урбанистичко планирање не треба да се донесат во оваа форма сметаат и од ВМРО-НП, партија од владината коалиција.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање категорички потврдувам дека не треба да се донесе. Законот за урбанистичко планирање е донесен во јавна и транспарентна постапка, во која учествуваа организации, здруженија како и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, што не е случај и при донесување на овој закон, рече пратеникот Љупчо Балкоски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/duri-i-vmro-narodna-protiv-zakonite-za-bektel-i-enka/

The post Koвачевски ќе ги „пребројува“ коалициските партнери appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе одржи редовна средба со лидерите од владината коалиција на која ќе ги информира за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат. Во пресрет на средбата Централниот одбор на СДСМ синоќа ги повика сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат. ЦО на седницата донел заклучок дека како одговорна и државотворна партија се што е до СДСМ ќе биде направено за да продолжи напредокот кон ЕУ и го задолжил Ковачевски да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори, за Македонија да го продолжи европскиот пат, информираше портпаролката Богданка Кузеска, потенцирајќи дека членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именуван носители на јавни функции од СДСМ, се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот. https://republika.mk/vesti/makedonija/tso-na-sdsm-poddrshkata-za-prodolzhuvane-na-evropskiot-pat-e-istoriska-shansa-i-treba-da-se-iskoristi/ Иако свесен дека напуштањето на владината коалиција нема да донесе тектонски промени, лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов е разочаран од СДСМ што пратениците од оваа партија не ја искористиле можноста да ја исправат големата неправда која им е нанесена на македонските бранители од 2001 година така што ќе гласаа ЗА Предлог-законот за дополнување на Законот за бранители. https://republika.mk/vesti/makedonija/stojanche-angelov-najavi-napushtane-na-vladata-krajno-sme-razocharani-od-sdsm/ Законите за урбанистичко планирање не треба да се донесат во оваа форма сметаат и од ВМРО-НП, партија од владината коалиција.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање категорички потврдувам дека не треба да се донесе. Законот за урбанистичко планирање е донесен во јавна и транспарентна постапка, во која учествуваа организации, здруженија како и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, што не е случај и при донесување на овој закон, рече пратеникот Љупчо Балкоски.
https://republika.mk/vesti/makedonija/duri-i-vmro-narodna-protiv-zakonite-za-bektel-i-enka/

The post Koвачевски ќе ги „пребројува“ коалициските партнери appeared first on Република.

]]>
Ангелов: Ако биде отфрлена иницијативата на Достоинство за воените инвалиди, истиот момент ќе ја напуштиме владината коалиција https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-ako-bide-otfrlena-initsijativata-na-dostoinstvo-za-voenite-invalidi-istiot-moment-ke-ja-napushtime-vladinata-koalitsija/ Thu, 18 May 2023 20:33:42 +0000 https://republika.mk/?p=642455

Доколку Владата ја отфрли иницијативата на Достоинство, за праведен надомест на нематеријална штета на воените инвалиди, 30 необештени воени инвалиди и 15 семејства на загинати, истиот ден ќе ја напуштиме владината коалиција, истакна Стојанче Ангелов, претседател на партијата „Достоинство“ и директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Тој во гостување во ТВ Сител порача дека во случај да им биде отфрлена инцијативата нивното излегување од владината коалиција ќе биде повеќе во знак на револт, но оти сепак се надева дека низ разговор ќе се најде заедничко решение.

Доколку Владата ја отфрли нашата иницијатива ние ќе ја напуштиме владината коалиција, свесни дека притоа нема да предизвикаме политички земјотрес. Ние работиме реал политика, свесни сме мал политички фактор, без пратеник и како и да е нашето излегување од владината коалиција ќе биде повеќе во знак на револт. Но јас искрено врз основа на изјавата на премиерот, јавно дадена изјава која што ја повторив во два наврати наредните денови, се надевам дека низ разговор ќе најдеме решение со коешто ќе го надминеме овој горлив проблем, изјави Ангелов.

The post Ангелов: Ако биде отфрлена иницијативата на Достоинство за воените инвалиди, истиот момент ќе ја напуштиме владината коалиција appeared first on Република.

Колку на крајот ќе брои „Пазар 3“ коалицијата на Ковачевски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kolku-na-krajot-ke-broi-pazar-3-koalitsijata-na-kovachevski/ Mon, 13 Feb 2023 19:21:28 +0000 https://republika.mk/?p=608596

Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз.

Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само “Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори.
Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени.

The post Колку на крајот ќе брои „Пазар 3“ коалицијата на Ковачевски? appeared first on Република.

]]>

Со Ахмети и слугата Ковачевски нема иднина. Сите бегаат од бродот кој тоне. Прво беше Алтернатива, а сега Демократскиот сојуз. Ја поздравуваме одлуката на Демократскиот сојуз да излезе од владата и ги охрабруваме другите партии да го следат таквиот пример и да не се соучесници во неспособниот систем кој ја распаѓа државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Таквата одлука е потврда дека на рати се распаѓа владината коалиција, за да на крај се заокружи и остане само “Пазар 3” коалицијата составена само од партиите обединети за тендери и криминал.Таквиот пакет групно ќе биде убедливо поразен на избори. Ако власта се одржува со тендери и криминал, на избори народот не се купува со криминал и тендери и тие ќе бидат поразени.

The post Колку на крајот ќе брои „Пазар 3“ коалицијата на Ковачевски? appeared first on Република.

]]>
Божиновски: Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bozhinovski-zakani-za-vojna-vo-ime-na-evropskiot-pat-nema-poevropsko-od-toa/ Fri, 10 Feb 2023 20:15:55 +0000 https://republika.mk/?p=607562

Ако Бугapите не влезат во уставот можна е радикализација на Албанците. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе - Таравари, пишува на својот фејсбук профил Божидар Божиновски.

Владина политика - ако не милом, силом. Слободно радикализирајте се, место во ваков момент да податете рака кога нас Македонците најмногу ни треба, да се осетиме дека навистина и вас ви е за соживот и живот тие ќе се радикализирале. Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа.

Никој не го поставува прашањето што ако македонскиот дел се радикализира, а се радикализира. Не е овој народ заложник, нит Ковачевски е легитимен претставник на Македонците со поддршка колку обезмастен јогурт. Тие денови на закани поминаа, само уште некои немаат сфатено.

А излез секогаш има:

The post Божиновски: Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа appeared first on Република.

]]>

Ако Бугapите не влезат во уставот можна е радикализација на Албанците. Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе - Таравари, пишува на својот фејсбук профил Божидар Божиновски.

Владина политика - ако не милом, силом. Слободно радикализирајте се, место во ваков момент да податете рака кога нас Македонците најмногу ни треба, да се осетиме дека навистина и вас ви е за соживот и живот тие ќе се радикализирале. Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа. Никој не го поставува прашањето што ако македонскиот дел се радикализира, а се радикализира. Не е овој народ заложник, нит Ковачевски е легитимен претставник на Македонците со поддршка колку обезмастен јогурт. Тие денови на закани поминаа, само уште некои немаат сфатено. А излез секогаш има:

The post Божиновски: Закани за војна во име на европскиот пат, нема поевропско од тоа appeared first on Република.

]]>
Помалите партии од власта се креваат против СДСМ: Милевски не го поддржува предлогот на Макрон, на сличен став е и Трајанов https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pomalite-partii-od-vlasta-se-krevaat-protiv-sdsm-milevski-ne-go-poddrzuva-predlogot-na-makron-na-slichen-stav-e-i-trajanov/ Tue, 21 Jun 2022 16:55:48 +0000 https://republika.mk/?p=518183

Помалите коалициони партнери на Ковачевски почнаа да се изјаснуваат против францускиот предлог. Првиот човек на ЛДП е на ставот дека билатераланите спорови не смеат да станат европски услови.

– „Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот догово“ – Напиша Милевски, претседател на ЛДП.

Милевски и порачува на ЕУ дека ако како гарант на преспанскиот, не го почитува, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да покаже реципроцитет.

– ЕУ треба јасно да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење, нагласува Милевски. – Додаде Димовски

Ставот на Милевски е на место, но ако Владата не го послуша, тогаш треба ЛДП да ја повлече поддршката. Дела а не зборови, му одговори поранешниот колега Илија Димовски.

„Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи…“ – Напиша Илија Димовски на Фејсбук.

И од Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов, велат дека имаат сериозни резерви за предлогот, но дека ќе конечниот став ќе го донеле откако ќе го виделе целосниот текст. Свесни се дека на повидок е нов договор.

„Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа.“ – Истакнаа од Демократски Сојуз.

До овој момент уште тактизираат другите помали партнери во владејачката коалиција, ДОМ и НСДП. Секако став нема ниту од СДСМ ниту од ДУИ.

The post Помалите партии од власта се креваат против СДСМ: Милевски не го поддржува предлогот на Макрон, на сличен став е и Трајанов appeared first on Република.

]]>

Помалите коалициони партнери на Ковачевски почнаа да се изјаснуваат против францускиот предлог. Првиот човек на ЛДП е на ставот дека билатераланите спорови не смеат да станат европски услови.
– „Македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија. Секое предлог решение мора да добие согласност од македонскиот парламент. Јазикот не може да биде компромис, бидејќи тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот догово“ – Напиша Милевски, претседател на ЛДП.
Милевски и порачува на ЕУ дека ако како гарант на преспанскиот, не го почитува, тогаш се доведува во прашање и смислата на самиот договор и колку Македонија треба да покаже реципроцитет. – ЕУ треба јасно да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење, нагласува Милевски. – Додаде Димовски Ставот на Милевски е на место, но ако Владата не го послуша, тогаш треба ЛДП да ја повлече поддршката. Дела а не зборови, му одговори поранешниот колега Илија Димовски.
„Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи…“ – Напиша Илија Димовски на Фејсбук.
И од Демократскиот сојуз, партијата на Павле Трајанов, велат дека имаат сериозни резерви за предлогот, но дека ќе конечниот став ќе го донеле откако ќе го виделе целосниот текст. Свесни се дека на повидок е нов договор.
„Со новиот договор на перфиден начин се оспорува македонскиот идентитет, историјата и јазикот и истовремено не се нудат гаранции дека Бугарија ќе престане да излегува со нови барања, уцени и блокади. Конечниот став ДС ќе го изгради по добивањето на интегралниот текст на предлогот и негова подлабинска анализа.“ – Истакнаа од Демократски Сојуз.
До овој момент уште тактизираат другите помали партнери во владејачката коалиција, ДОМ и НСДП. Секако став нема ниту од СДСМ ниту од ДУИ.

The post Помалите партии од власта се креваат против СДСМ: Милевски не го поддржува предлогот на Макрон, на сличен став е и Трајанов appeared first on Република.

]]>
Втора партија од коалиција на власт ги оспорува резултатите од пописот, по ДС на Трајанов и Турците од ТДК https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vtora-partija-od-koalicija-na-vlast-gi-osporuva-rezultatite-od-popisot-po-ds-na-trajanov-i-turcite-od-tdk/ Wed, 30 Mar 2022 20:57:01 +0000 https://republika.mk/?p=481127

Демократска партија на Турците на Македонија, коалициска партија на власта, со писмо до јавноста ги оспори резултатите од пописот објавени денеска од страна на Државниот завод за статистика.

Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:

Почитувана јавност…

Официјалните резултати од Пописот на населението, што се одржа во периодот од 5 до 30 септември 2021 година, од денес се објавени од страна Државниот завод за статистика.

Многу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ“.

Како Демократска Партија на Турците (ТДП), предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагање.

Денес објавените резултати се плод на целосна недоследност и политичка операција.

Иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од 7% на последниот попис според Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нас .

Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ.

Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од 19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна.

Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица.

Би сакале да изразиме дека „ОВА Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНА И НЕ СЕ СОВПАЃА СО РЕАЛНОСТА„.

Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети фрла сенка врз целокупниот процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата а кои се во број вкупно 12.482 истотака наши сонародници Турци.

Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција.

Со почит, Демократска Партија на Турците на Македонија

Претходно, и од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов потенцираа дека резултатите не се одраз на фактичката состојба.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-rezultatite-od-popisot-ne-se-realni/

The post Втора партија од коалиција на власт ги оспорува резултатите од пописот, по ДС на Трајанов и Турците од ТДК appeared first on Република.

]]>

Демократска партија на Турците на Македонија, коалициска партија на власта, со писмо до јавноста ги оспори резултатите од пописот објавени денеска од страна на Државниот завод за статистика. Нивната реакција ви ја пренесуваме во целост:
Почитувана јавност… Официјалните резултати од Пописот на населението, што се одржа во периодот од 5 до 30 септември 2021 година, од денес се објавени од страна Државниот завод за статистика. Многу јасно и недвосмислено ве известуваме дека резултатите што се објавени од страна на Државниот завод за статистика „НЕ ГИ ПРИФАЌАМЕ“. Како Демократска Партија на Турците (ТДП), предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагање. Денес објавените резултати се плод на целосна недоследност и политичка операција. Иако има зголемување на Tурското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20% во 6 општини и постоењето на пораст од 7% на последниот попис според Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нас . Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од нашата партија и од нашиот народ. Зголемувањето на вкупното Турско население за само 5.484 лица во периодот од 19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна. Имајќи го во предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица. Би сакале да изразиме дека „ОВА Е ДАЛЕКУ ОД ВИСТИНА И НЕ СЕ СОВПАЃА СО РЕАЛНОСТА„. Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети фрла сенка врз целокупниот процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата а кои се во број вкупно 12.482 истотака наши сонародници Турци. Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомнежите за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција. Со почит, Демократска Партија на Турците на Македонија
Претходно, и од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов потенцираа дека резултатите не се одраз на фактичката состојба. https://republika.mk/vesti/makedonija/ds-rezultatite-od-popisot-ne-se-realni/

The post Втора партија од коалиција на власт ги оспорува резултатите од пописот, по ДС на Трајанов и Турците од ТДК appeared first on Република.

]]>