Владимир Величковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-velichkovski/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Jan 2023 08:06:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Величковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-velichkovski/ 32 32 Изложба на цртежи и слики на Владимир Величковски во Галерија МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-tsrtezhi-i-sliki-na-vladimir-velichkovski-vo-galerija-mkts/ Tue, 17 Jan 2023 08:06:57 +0000 https://republika.mk/?p=597691

На 18 јануари 2023 година во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата на цртежи на професорот Владимир Величковски, со наслов „Вибрантен сликопис”.
За изложбата, Величковски самиот потенцира дека својата прва самостојна изложба на слики ја организирал токму пред 50 години во тогашните простории на Домот на младите “25 Maj”, што се совпаѓа со минатогодишниот јубилеј на институцијата. Изборот на датумот е токму пред празникот, т.е. Светскиот ден на уметноста, кој исто е не случајно одбран за отворањето на изложбата.

Величковски вели:

Во атељето на Миро Масин пишува: нема разговор за политика и фудбал-убаво. А јас, имам чест, по повод значајниот јубилеј на Младинскиот културен центар, Скопје да ја приредам оваа пригодна изложба. Ќе се потсетиме: порано постоеше поимот .„сиромашна уметност“, како и критика, застапена во сите печатени и електронски медиуми која зад себе има забележан историски развој во тесна врска со движењата во ликовните и визуелните уметности. Приказната за критиката не е завршена. Можеби станува збор само за една „култура на сопственото искуство.“

Владимир Величковски (7 мај 1949, Скопје) — македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар. Значаен е во 80-те години за проблематизирањето на новите појави во македонската ликовна уметност.

Дипломирал (1974) и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1997), а магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1985). Во периодот 1976 -1977 година, тој бил на студиски престој во Париз. Бил професор по предметот „Современа светска и македонска уметност“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Меѓународното здружение на ликовни критичари.

Неговата главна критична мисла е дека во Македонија е редуцирана и потценета ликовната критика како активност. Гаснењето на интересот и на медиумите оди во прилог на гаснење на ликовната критика, а со тоа и на развојот на националната култура .

Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје ја издала книгата на Владимир Величковски „Уметнички критики и есеи“, која е петтиот том со истоимен наслов на овој автор. Книгата содржи текстови пишувани и објавувани по 1973 година, од кога тој интензивно се занимава со ликовна критика. Оттогаш до денес, тој претставува најдоследниот и најтемелниот хроничар на ликовниот живот во Македонија, вреднувајќи ги преку ликовната критика и есејот сите позначајни настани, изложби, појави, тенденции и слично. Владимир Величковски досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности особено за современата уметност, од кои најголемиот дел се монографските изданија. Тој по вокација е сликар, а е и автор на повеќе тематски и групни изложби.

Истата 1973 година, тој започнал да изложува слики самостојно.

The post Изложба на цртежи и слики на Владимир Величковски во Галерија МКЦ appeared first on Република.

]]>

На 18 јануари 2023 година во Галеријата на Младински културен центар (МКЦ) ќе биде отворена изложбата на цртежи на професорот Владимир Величковски, со наслов „Вибрантен сликопис”. За изложбата, Величковски самиот потенцира дека својата прва самостојна изложба на слики ја организирал токму пред 50 години во тогашните простории на Домот на младите “25 Maj”, што се совпаѓа со минатогодишниот јубилеј на институцијата. Изборот на датумот е токму пред празникот, т.е. Светскиот ден на уметноста, кој исто е не случајно одбран за отворањето на изложбата. Величковски вели:
Во атељето на Миро Масин пишува: нема разговор за политика и фудбал-убаво. А јас, имам чест, по повод значајниот јубилеј на Младинскиот културен центар, Скопје да ја приредам оваа пригодна изложба. Ќе се потсетиме: порано постоеше поимот .„сиромашна уметност“, како и критика, застапена во сите печатени и електронски медиуми која зад себе има забележан историски развој во тесна врска со движењата во ликовните и визуелните уметности. Приказната за критиката не е завршена. Можеби станува збор само за една „култура на сопственото искуство.“
Владимир Величковски (7 мај 1949, Скопје) — македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар. Значаен е во 80-те години за проблематизирањето на новите појави во македонската ликовна уметност. Дипломирал (1974) и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1997), а магистрирал на Филозофскиот факултет во Белград (1985). Во периодот 1976 -1977 година, тој бил на студиски престој во Париз. Бил професор по предметот „Современа светска и македонска уметност“ на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија и на Меѓународното здружение на ликовни критичари. Неговата главна критична мисла е дека во Македонија е редуцирана и потценета ликовната критика како активност. Гаснењето на интересот и на медиумите оди во прилог на гаснење на ликовната критика, а со тоа и на развојот на националната култура . Издавачката куќа „Македонска реч“ од Скопје ја издала книгата на Владимир Величковски „Уметнички критики и есеи“, која е петтиот том со истоимен наслов на овој автор. Книгата содржи текстови пишувани и објавувани по 1973 година, од кога тој интензивно се занимава со ликовна критика. Оттогаш до денес, тој претставува најдоследниот и најтемелниот хроничар на ликовниот живот во Македонија, вреднувајќи ги преку ликовната критика и есејот сите позначајни настани, изложби, појави, тенденции и слично. Владимир Величковски досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности особено за современата уметност, од кои најголемиот дел се монографските изданија. Тој по вокација е сликар, а е и автор на повеќе тематски и групни изложби. Истата 1973 година, тој започнал да изложува слики самостојно.

The post Изложба на цртежи и слики на Владимир Величковски во Галерија МКЦ appeared first on Република.

]]>
Самостојна изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/samostojna-izlozba-lirski-ekspresii-na-vladimir-velichkovski/ Thu, 14 Apr 2022 07:22:18 +0000 https://republika.mk/?p=488186

Денеска, од 19 часот во КСП Центар-Јадро ќе биде отворена самостојната изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски.

На изложбата, Величковски ќе се претстави со селекција од слики и цртежи што ги има работено во изминатите неколку години.

На отворањето на изложбата, Величковски ќе го изведе и социјалниот перформанс „Идентитет“.

Во својот осврт кон творештвото на Величковски, Вера Симовска истакнува:

Величковски, сопствената вибрација на личното егсистирње и откритието дека постои како свесно суштество ја изразува преку сликарски потези со повлекување на линии кои кореспондираат со неговата свест-потсвест како уловени музички вибрации или бранови на менталното искуство под инспирација на одредена музика. Боите и повлечените линии можат да дадат форми што само се наѕираат или да доловат одредени ликови. Секоја боја е можност да се повлече линијата на животот, односно да се даде печат на уште едно искуство.

Во сопствените сликарски потези Величковски како да ги кине тие линии за веднаш потоа да ги поврзе или преклопи, да ги надодаде или да ги прикрпи со нови кои доаѓаат од сите страни на универзумот, но и од сите притиснати делови на телото и умот. Начинот на кои ги поврзува или одврзува тие фатени звучни линии на бојата –далечина е израз на неговото сопствено преиспитување, негово себекритикување.

Владимир Величковски е македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар.

Тој досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности, од кои најголемиот дел се монографските изданија. Тој по вокација е сликар, и автор на повеќе тематски и групни изложби.

 

The post Самостојна изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски appeared first on Република.

]]>

Денеска, од 19 часот во КСП Центар-Јадро ќе биде отворена самостојната изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски. На изложбата, Величковски ќе се претстави со селекција од слики и цртежи што ги има работено во изминатите неколку години. На отворањето на изложбата, Величковски ќе го изведе и социјалниот перформанс „Идентитет“. Во својот осврт кон творештвото на Величковски, Вера Симовска истакнува:
Величковски, сопствената вибрација на личното егсистирње и откритието дека постои како свесно суштество ја изразува преку сликарски потези со повлекување на линии кои кореспондираат со неговата свест-потсвест како уловени музички вибрации или бранови на менталното искуство под инспирација на одредена музика. Боите и повлечените линии можат да дадат форми што само се наѕираат или да доловат одредени ликови. Секоја боја е можност да се повлече линијата на животот, односно да се даде печат на уште едно искуство. Во сопствените сликарски потези Величковски како да ги кине тие линии за веднаш потоа да ги поврзе или преклопи, да ги надодаде или да ги прикрпи со нови кои доаѓаат од сите страни на универзумот, но и од сите притиснати делови на телото и умот. Начинот на кои ги поврзува или одврзува тие фатени звучни линии на бојата –далечина е израз на неговото сопствено преиспитување, негово себекритикување.
Владимир Величковски е македонски сликар, историчар на уметноста, универзитетски професор, ликовен критичар. Тој досега објавил повеќе од 80 монографии и книги од областа на ликовните уметности, од кои најголемиот дел се монографските изданија. Тој по вокација е сликар, и автор на повеќе тематски и групни изложби.  

The post Самостојна изложба „Лирски експресии“ на Владимир Величковски appeared first on Република.

]]>