Владимир Тодоровиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-todorovikj/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Sep 2023 08:49:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Тодоровиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-todorovikj/ 32 32 Поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, прв куртули со измените на КЗ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-gradonachalnik-na-tsentar-vladimir-todorovik-prv-kurtuli-so-izmenite-na-kz/ Wed, 20 Sep 2023 08:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=683363

Владимир Тодоровиќ, поранешниот градоначалник на Центар, е пуштен од куќен притвор во случајот „Феникс“ по измените на Кривичниот законик, објави „Призма“.

Основачот на ланецот-маркети „Тинекс“ беше приведен во јуни како функционер кој ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“ во случај што го отвори Јавното обвинителство.

Дел од уапсените завршија во притвор, а за Тодоровиќ тогаш беше донесена одлука како претпазлива мерка да остане во куќен притвор. Тодоровиќ, по предлог на обвинителот, од минатиот петок повеќе не е во куќен притвор.

Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава. Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.

The post Поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, прв куртули со измените на КЗ appeared first on Република.

]]>

Владимир Тодоровиќ, поранешниот градоначалник на Центар, е пуштен од куќен притвор во случајот „Феникс“ по измените на Кривичниот законик, објави „Призма“. Основачот на ланецот-маркети „Тинекс“ беше приведен во јуни како функционер кој ја злоупотребил службената положба и овластување за проектот „Скопје 2014“ во случај што го отвори Јавното обвинителство. Дел од уапсените завршија во притвор, а за Тодоровиќ тогаш беше донесена одлука како претпазлива мерка да остане во куќен притвор. Тодоровиќ, по предлог на обвинителот, од минатиот петок повеќе не е во куќен притвор. Причината за тоа е што делото за кое беше осомничен, според овие измени што стапија во сила на 15 септември, му застарува годинава. Истрагата за него сѐ уште не е запрена, но, според најновите законски измени, извесно е дека тоа ќе се случи, бидејќи дејствијата ги сторил до 2013, па наместо во 2043, делото целосно му застарува годинава.

The post Поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, прв куртули со измените на КЗ appeared first on Република.

]]>
Адвокатот Митровски: Пречекорени се законските рокови за истрага во случајот „Феникс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-mitrovski-prechekoreni-se-zakonskite-rokovi-za-istraga-vo-sluchajot-feniks/ Sat, 01 Jul 2023 19:38:43 +0000 https://republika.mk/?p=657263

Обвинителството ги пречекорило сите законски рокови за предистрага и истрага предвидени во Законот за кривична постапка во случајот „Феникс“. Три месеци треба да трае обвинителската предистрага, а најдолго една година истрагата пред да се поднесе пријава, за било кој предмет за организиран криминал, вели за Алфа, адвокатот Јанаки Митровски.

Како и да е, секако е спорно, бидејќи Законот за кривична постапка, стипулира, дека една ваква истрага треба да трае една година, а ако е предистрага а сега отвораат истрага е уште полошо бидејќи рокот за предистрага е три месеци по што треба да се отвори истрага и да се поднесе пријава.. “ вели адвокатот Митровски за Алфа.

Тој истакнува дека овој предмет не е исклучок, со оглед на тоа дека кај нас редовно се пробиваат роковите за водење истрага кои ги пропишуваат законските норми.

Ние во преговори за обвинителен акт, редовно сме приговарале дека секој доказ што е обезбеден по рокот предвиден со закон, треба да се смета дека е доказ прибавен на незаконит закон. За жал, како што многу често судот застанува на страна на обвинителството со објаснување дека тоа не се апсолутни рокови од каде се поставува прашањето, па зошто се напишани во закон?“, вели Митровски.

Во јавноста има голем број реакции и сомнежи дека целиот процес е обид за дефокус на јавноста од големите скандали кои во последниот период го стресоа македонското правосудство, особено со ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на американската црна листа. Дополнително и околу целиот тајминг, односно периодот кога се чини кулминира притисокот на власта за спроведување на уставните амандмани за кои нема консензус.

Крајно индикативно и не е спорно да, на пример господинот Тодоровиќ, е еден од главните финансиери на најголемата опозициска партија, и сега во очи на уставните измени, а секако и дека крајно индикативно е. Инаку, не е никаков проблем да се истражува, за мене барем лично, тоа е супер спорен проект со многу спорни консталации. Меѓутоа, времето во кое што се покренува оваа акција со апсење, лишења од слобода, одредување на мерки за обезбедување на присуство, е „мошне“ индикативно“, вели Митровски.

Во јавноста се поставува и прашањето зошто истрагите на обвинителството одат на спора лента, или пак предметите се чуваат во фиока за да бидат објавени во одреден момент.

Обвинителството по 10 години соопшти детали од истрага за поставување на бронзените статуи, преку што наводно се оштетил буџетот за над 3 милијарди денари и се злоупотребувала службената должност. Вкупно 15 физички и 7 правни лица под истрага за 11 споменици од „ Скопје 2014“ . За поставувањето на бронзените статуи на Александар Македонски, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов - Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, АСНОМ, основачите на ВМРО и лавовите се товарат и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура Канческа-Милеска, како и италјански државјанин и три фирми од Италија.

Судија на претходна постапка од Скопскиот кривичен вчера му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ. Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски.

The post Адвокатот Митровски: Пречекорени се законските рокови за истрага во случајот „Феникс“ appeared first on Република.

]]>

Обвинителството ги пречекорило сите законски рокови за предистрага и истрага предвидени во Законот за кривична постапка во случајот „Феникс“. Три месеци треба да трае обвинителската предистрага, а најдолго една година истрагата пред да се поднесе пријава, за било кој предмет за организиран криминал, вели за Алфа, адвокатот Јанаки Митровски.
Како и да е, секако е спорно, бидејќи Законот за кривична постапка, стипулира, дека една ваква истрага треба да трае една година, а ако е предистрага а сега отвораат истрага е уште полошо бидејќи рокот за предистрага е три месеци по што треба да се отвори истрага и да се поднесе пријава.. “ вели адвокатот Митровски за Алфа.
Тој истакнува дека овој предмет не е исклучок, со оглед на тоа дека кај нас редовно се пробиваат роковите за водење истрага кои ги пропишуваат законските норми.
Ние во преговори за обвинителен акт, редовно сме приговарале дека секој доказ што е обезбеден по рокот предвиден со закон, треба да се смета дека е доказ прибавен на незаконит закон. За жал, како што многу често судот застанува на страна на обвинителството со објаснување дека тоа не се апсолутни рокови од каде се поставува прашањето, па зошто се напишани во закон?“, вели Митровски.
Во јавноста има голем број реакции и сомнежи дека целиот процес е обид за дефокус на јавноста од големите скандали кои во последниот период го стресоа македонското правосудство, особено со ставањето на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на американската црна листа. Дополнително и околу целиот тајминг, односно периодот кога се чини кулминира притисокот на власта за спроведување на уставните амандмани за кои нема консензус.
Крајно индикативно и не е спорно да, на пример господинот Тодоровиќ, е еден од главните финансиери на најголемата опозициска партија, и сега во очи на уставните измени, а секако и дека крајно индикативно е. Инаку, не е никаков проблем да се истражува, за мене барем лично, тоа е супер спорен проект со многу спорни консталации. Меѓутоа, времето во кое што се покренува оваа акција со апсење, лишења од слобода, одредување на мерки за обезбедување на присуство, е „мошне“ индикативно“, вели Митровски.
Во јавноста се поставува и прашањето зошто истрагите на обвинителството одат на спора лента, или пак предметите се чуваат во фиока за да бидат објавени во одреден момент. Обвинителството по 10 години соопшти детали од истрага за поставување на бронзените статуи, преку што наводно се оштетил буџетот за над 3 милијарди денари и се злоупотребувала службената должност. Вкупно 15 физички и 7 правни лица под истрага за 11 споменици од „ Скопје 2014“ . За поставувањето на бронзените статуи на Александар Македонски, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Методија Андонов - Ченто, Цар Самоил, Гемиџиите, Цар Јустинијан, АСНОМ, основачите на ВМРО и лавовите се товарат и поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за финансии Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура Канческа-Милеска, како и италјански државјанин и три фирми од Италија. Судија на претходна постапка од Скопскиот кривичен вчера му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ. Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски.

The post Адвокатот Митровски: Пречекорени се законските рокови за истрага во случајот „Феникс“ appeared first on Република.

]]>
Поранешниот градоначалник доби куќен притвор, изјави дека не се чувствува виновен https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-gradonachalnik-dobi-kuken-pritvor-izjavi-deka-ne-se-chuvstvuva-vinoven/ Fri, 30 Jun 2023 20:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=657020

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство, информира вечерва обвинителот Љубомир Лапе по повеќечасовниот распит на осомничените во Кривичниот суд.

Тодоровиќ на излегување од судот кусо изјави дека не се чувствува виновен и оти засега нема друг коментар.

Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Како што информира денеска на прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе, осомничените, заобиколувајќи го Собранието, обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 3.547.390.000,00 денари (57.681.138,00 евра).

Обвинителот не ги посочи имињата на осомничените, но, според нивните своевремени функции, станува збор за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првоосомничен, второосомниочен е поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, поранершната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, двајца поранешни градоначалници на општина Центар Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев, а меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми.

Кривичните дела се сторени од 2007 до 2013 година, периодот кога се спроведувани јавните набавки за предметите споменици, дел од „Скопје 2014“, а истрагата е отворена по 10 години.

Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.

The post Поранешниот градоначалник доби куќен притвор, изјави дека не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>

Судија на претходна постапка му одреди куќен притвор на поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ, кој е еден од осомничените во случајот „Феникс“ за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Поранешниот претседавач на општинскиот совет Владимир Здравев, пак, доби притвор од 30 дена, како и осомничените Игор Секуловски и Љупчо Бакев. Куќен притвор му е одреден и нa Тодор Делјановски, а едно лице е во бегство, информира вечерва обвинителот Љубомир Лапе по повеќечасовниот распит на осомничените во Кривичниот суд. Тодоровиќ на излегување од судот кусо изјави дека не се чувствува виновен и оти засега нема друг коментар. Повеќе поранешни функционери се дел од истрагата на Јавното Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција која се води против 15 лица под кодно име „Феникс“. Помеѓу осомничените, покрај македонски државјани има и државјани од Италија, а се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари во врска со набавката на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“. Како што информира денеска на прес-конференција обвинителот Љубомир Лапе, осомничените, заобиколувајќи го Собранието, обезбедиле финансиски средства од државниот буџет со кои го финансирале извршувањето на кривичните дела и незаконски ги префрлиле на сметката на општина Центар во вкупен износ од 3.547.390.000,00 денари (57.681.138,00 евра). Обвинителот не ги посочи имињата на осомничените, но, според нивните своевремени функции, станува збор за поранешниот премиер Никола Груевски, кој е првоосомничен, второосомниочен е поранешниот вицепремиер и министер за финансии Зоран Ставрески, поранершната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, двајца поранешни градоначалници на општина Центар Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова и поранешниот претседател на Советот на Општина Центар Владимир Здравев, а меѓу осомничените е и еден државјанин на Италија и три италијански фирми. Кривичните дела се сторени од 2007 до 2013 година, периодот кога се спроведувани јавните набавки за предметите споменици, дел од „Скопје 2014“, а истрагата е отворена по 10 години. Меѓу спомениците за кои се води постапката се „Воинот на коњ“ на плоштадот „Македонија“, лавовите – архаични и класични, „Даме Груев“, „Гоце Делчев“, „Никола Карев“, „Методија Андонов – Ченто“, „Цар Самоил“, „Гемиџии“, „Цар Јустинијан“, „Првото заседание на АСНОМ“ и „Основачите на ТМРО“.

The post Поранешниот градоначалник доби куќен притвор, изјави дека не се чувствува виновен appeared first on Република.

]]>
Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети, од Коридорот 8 и продажбата на државно земјиште, смета Муцунски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladimir-todorovik-sluzhi-za-defokus-od-drin-ahmeti-od-koridorot-8-i-prodazhbata-na-drzhavno-zemjishte-smeta-mutsunski/ Fri, 30 Jun 2023 19:37:30 +0000 https://republika.mk/?p=657004

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија,  видовме како внук  на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција, видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на Сител.

Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле.

– Се прави дефокус од фактот дека момче од 24 години купува деловен центар од 30 милиони евра, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандали, членови на Владата на свои партнери продаваат државно земјиште на седница на Влада – рече Муцунски.

The post Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети, од Коридорот 8 и продажбата на државно земјиште, смета Муцунски appeared first on Република.

]]>

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија,  видовме како внук  на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција, видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на Сител. Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ, Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле.
– Се прави дефокус од фактот дека момче од 24 години купува деловен центар од 30 милиони евра, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандали, членови на Владата на свои партнери продаваат државно земјиште на седница на Влада – рече Муцунски.

The post Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети, од Коридорот 8 и продажбата на државно земјиште, смета Муцунски appeared first on Република.

]]>
Поранешниот градоначалник на Центар Тодоровиќ и сопругата можно е да одат во затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-gradonachalnik-na-centar-todorovikj-i-soprugata-mozno-e-da-odat-vo-zatvor/ Fri, 06 May 2022 13:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=498643

Скопското јавно обвинителство поднело обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Центар Владимир Тодоровиќ за давање лажен исказ пред суд, објави „СДК.мк“.

Второобвинета е неговата сопруга за кривично дело попречување на правдата, откако обвинителката Ленче Ристоска кај друг сведок фатила лист на кој обвинетата му напишала што да излаже пред судот.

За делото давање лажен исказ на Тодоровиќ му се заканува казна од минимум 4 години затвор. За попречување на правдата за кое е обвинета неговата сопруга, казната е од една до 5 години затвор.

Тодоровиќ е обвинет за давање лажен исказ во судскиот процес „Талир“.

The post Поранешниот градоначалник на Центар Тодоровиќ и сопругата можно е да одат во затвор appeared first on Република.