владимир симоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-simonovski/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Jan 2022 13:50:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владимир симоновски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-simonovski/ 32 32 На сметка на Град Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/na-smetka-na-grad-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/ Wed, 26 Jan 2022 13:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=449790

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони... се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, објавува „МКД.мк“.

Владимир Симоновски, командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај.

И советничката на Град Скопје, Љубица Јачева, за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар.

Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст, пишува „МКД.мк“.

The post На сметка на Град Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори appeared first on Република.

]]>

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони... се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, објавува „МКД.мк“. Владимир Симоновски, командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај. И советничката на Град Скопје, Љубица Јачева, за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст, пишува „МКД.мк“.

The post На сметка на Град Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори appeared first on Република.

]]>
Бројот на пожари во 2021 година во Скопје во рамки на просекот, во август рекорден број интервенции за еден ден https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/brojot-na-pozari-vo-2021-godina-vo-skopje-vo-ramki-na-prosekot-vo-avgust-rekorden-broj-intervencii-za-eden-den/ Sun, 02 Jan 2022 07:21:39 +0000 https://republika.mk/?p=439451

над 1 200 пожари имало минатата година на територија на Скопје што е приближно како и во 2020 година. Сепак, 2021 година ќе остане запаметена по рекордниот број интервенции на скопските пожарникари на 5 август кога се регистрирани 22 интервенции во еден ден.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје велат дека вкупниот број интервенции во текот на годината не отстапува од просекот, но посочуваат дека само за два месеца од 15 јули до 15 август имале 333 интервенции.

„Според статистиките што ги гледаме како бројки, го задржуваме просекот на сите типови интервенции. Оваа година во период од 15.07.2021 до 15.09.2021, за само два месеца, Бригадата за противпожарна заштита-Скопје имаше 333 интервенции на територија на Град Скопје и кога на сето тоа ќе ја додадете помошта што ја дадовме во Старо Нагоричане, Кочани, Пехчево, Делчево, Крива Паланка и Тетово, тогаш можам да кажам дека со овој капацитет што го имаме и со сите проблеми со кои се соочивме, ја заокруживме годината како успешна со целосен респект кон комплетната Бригада“,истакнува командантот на ТППЕ Владимир Симоновски во изјава за МИА.

Покрај гаснењето пожари, скопските пожарникари интервенирале и во 140 до 150 сообраќајни незгоди, што е исто така во рамки на просекот, а дел од нивните активности изминатата година биле и спасување лица заглавени во лифт и спасување домашни миленици.

Проблем и понатаму останува недоволната екипираност и опрема чија просечна старост е 31 година. Минатата година, скопските пожарникари добија мултифункционална скала, а единицата е доопремена и со специјална опрема за сообраќајни несреќи, опрема за стабилизирање рушевини како последици од земјотрес и опрема за шумски пожари.

„Работиме со 47 проценти исполнетост на Бригадата и успешно се справуваме со сите предизвици со кои се соочуваме. Процесите на пензионирање не можете да ги запрете или како командант да не дозволите во пензија да заминат професионалци со долгогодишно искуство со голем број на интервенции“, вели Симоновски.

Во 99 проценти од случаите на пожари, како причина се посочува човечкиот фактор. Она што треба да се направи кога станува збор за пожарите на отворено, според пожарникарите, е да се подигне свеста и одговорноста на граѓаните кога се движат во шумски предели, да се зголемат казните за предизвикувачите на пожар и да се применат законските одредби за забрана за користење на опожарени дрва.

За намалување на пожарите на затворено, препораката е внимателно да се ракува со електричните апарати и да се внимава на исправноста на електричната инсталација. Особена внимателност препорачуваат за време на новогодишните и божиќните празници кога опасноста од предизвикување пожар е голема.

„Сите сакаме да ги збогатиме овие празници со елка украсена со светилки и со останати реквизити кои го красат амбиентот на домовите или работните простории, но сепак опасноста од предизвикување пожар е голема поради сите овие материјали кои се лесно запаливи и за кратко време може да предизвикаат големи материјални загуби или несакани последици. Препорачуваме секогаш кога граѓаните се отсутни од дома или не се во канцеларија, да ги гасат сите електрични уреди кои се на елката или во нејзина близина бидејќи се повеќе гледаме слики како елката се остава со вклучени сијалички повеќе денови, а сопствениците не се дома“,појаснува Симоновски.

The post Бројот на пожари во 2021 година во Скопје во рамки на просекот, во август рекорден број интервенции за еден ден appeared first on Република.

]]>

над 1 200 пожари имало минатата година на територија на Скопје што е приближно како и во 2020 година. Сепак, 2021 година ќе остане запаметена по рекордниот број интервенции на скопските пожарникари на 5 август кога се регистрирани 22 интервенции во еден ден. Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје велат дека вкупниот број интервенции во текот на годината не отстапува од просекот, но посочуваат дека само за два месеца од 15 јули до 15 август имале 333 интервенции.
„Според статистиките што ги гледаме како бројки, го задржуваме просекот на сите типови интервенции. Оваа година во период од 15.07.2021 до 15.09.2021, за само два месеца, Бригадата за противпожарна заштита-Скопје имаше 333 интервенции на територија на Град Скопје и кога на сето тоа ќе ја додадете помошта што ја дадовме во Старо Нагоричане, Кочани, Пехчево, Делчево, Крива Паланка и Тетово, тогаш можам да кажам дека со овој капацитет што го имаме и со сите проблеми со кои се соочивме, ја заокруживме годината како успешна со целосен респект кон комплетната Бригада“,истакнува командантот на ТППЕ Владимир Симоновски во изјава за МИА.
Покрај гаснењето пожари, скопските пожарникари интервенирале и во 140 до 150 сообраќајни незгоди, што е исто така во рамки на просекот, а дел од нивните активности изминатата година биле и спасување лица заглавени во лифт и спасување домашни миленици. Проблем и понатаму останува недоволната екипираност и опрема чија просечна старост е 31 година. Минатата година, скопските пожарникари добија мултифункционална скала, а единицата е доопремена и со специјална опрема за сообраќајни несреќи, опрема за стабилизирање рушевини како последици од земјотрес и опрема за шумски пожари.
„Работиме со 47 проценти исполнетост на Бригадата и успешно се справуваме со сите предизвици со кои се соочуваме. Процесите на пензионирање не можете да ги запрете или како командант да не дозволите во пензија да заминат професионалци со долгогодишно искуство со голем број на интервенции“, вели Симоновски.
Во 99 проценти од случаите на пожари, како причина се посочува човечкиот фактор. Она што треба да се направи кога станува збор за пожарите на отворено, според пожарникарите, е да се подигне свеста и одговорноста на граѓаните кога се движат во шумски предели, да се зголемат казните за предизвикувачите на пожар и да се применат законските одредби за забрана за користење на опожарени дрва. За намалување на пожарите на затворено, препораката е внимателно да се ракува со електричните апарати и да се внимава на исправноста на електричната инсталација. Особена внимателност препорачуваат за време на новогодишните и божиќните празници кога опасноста од предизвикување пожар е голема.