Владимир Рендевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-rendevski/ За подобро да се разбереме Thu, 24 Nov 2022 13:56:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Рендевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-rendevski/ 32 32 Владимир Рендевски: Не се согласувам со мојот министер за пензионирањето на докторите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladimir-rendevski-ne-se-soglasuvam-so-mojot-minister-za-penzioniranjeto-na-doktorite/ Thu, 24 Nov 2022 13:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=577861

Заменик-министерот за здравство д-р Владимир Рендевски на собраниска говорница изјави дека не се согласува со министерот за здравство Беким Сали да се одбива продолжувањето на работа на лекарите кои наполниле години за пензионирање, посочувајќи дека директорите на јавните здравствени установи само знаат како некој лекар или вработен работи. Тој, исто така, потенцира дека иако е на оваа функција, е професионалец и побара да не се партизира здравството.

Рендевски одговараше на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во врска со продолжувањето со работа на лекарите.

Во поглед на вашето прашање околу различно толкување на тој член за пензионирање на здравствените работници од 64 до 67 години искрено кажувам дека не се согласувам со постапката на мојот министер. Ова го кажувам пред цела македонска јавност и пред моите членови на Владата. Особено што се јавува еден таканаречен здравствен егзодус и особено во ЈЗУ во останатите наши градови. Просечната старост е преку 55 – 56 години, рече од собраниската говорница заменик министерот за здравство.

Овде, додаде тој, ви предлагам како лекар и ви се обраќам на сите пратеници од сите партии.

Сметам дека тој член на толкување, било да е Беким Сали министер или друг, работникот во своjата здравствена установа најдобро, како и дали работи, си го знае самиот директор и тоа толкување дали треба да има потврда од министерот, од една страна може министерот да го толкува позитивно да овој ќе остане или да овој не работи. Кој и да е министер, не го знае работникот како работи. Сметам дека треба да направите законски измени во тој член, така што во иднина останување или не останување да биде одлука на самиот директор, рече д-р Рендевски.

Рендевски рече дека на оваа функција се нафатил да работи како професионалец и без никакви други причини.

Тој истакна дека навистина се соочуваме со недостаток на здравствен персонал во здравствените установи.

Законски верувајте многу се тешко остварливи вработувањата од аспект на преземања. За едно вработување се бараат дури четири потписи, двајца директори, Фонд за здравство, МЗ и МФ. Повторно го кажувам со најдобра намера како лекар професионалец, да изнајдеме полесен и поадекватен начин за да ги задржиме нашите кадри на работа и да ги остваруваме вработувањата во здравството. Не треба да има никаква партизација во здравствениот систем, апелираше д-р Рендевски.

Кажа дека тој претходно како директор на скопската Клиника вработел најголем дел од лекарите кои биле со договор со дело.

The post Владимир Рендевски: Не се согласувам со мојот министер за пензионирањето на докторите appeared first on Република.

]]>

Заменик-министерот за здравство д-р Владимир Рендевски на собраниска говорница изјави дека не се согласува со министерот за здравство Беким Сали да се одбива продолжувањето на работа на лекарите кои наполниле години за пензионирање, посочувајќи дека директорите на јавните здравствени установи само знаат како некој лекар или вработен работи. Тој, исто така, потенцира дека иако е на оваа функција, е професионалец и побара да не се партизира здравството. Рендевски одговараше на прашање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во врска со продолжувањето со работа на лекарите.
Во поглед на вашето прашање околу различно толкување на тој член за пензионирање на здравствените работници од 64 до 67 години искрено кажувам дека не се согласувам со постапката на мојот министер. Ова го кажувам пред цела македонска јавност и пред моите членови на Владата. Особено што се јавува еден таканаречен здравствен егзодус и особено во ЈЗУ во останатите наши градови. Просечната старост е преку 55 – 56 години, рече од собраниската говорница заменик министерот за здравство.
Овде, додаде тој, ви предлагам како лекар и ви се обраќам на сите пратеници од сите партии.
Сметам дека тој член на толкување, било да е Беким Сали министер или друг, работникот во своjата здравствена установа најдобро, како и дали работи, си го знае самиот директор и тоа толкување дали треба да има потврда од министерот, од една страна може министерот да го толкува позитивно да овој ќе остане или да овој не работи. Кој и да е министер, не го знае работникот како работи. Сметам дека треба да направите законски измени во тој член, така што во иднина останување или не останување да биде одлука на самиот директор, рече д-р Рендевски.
Рендевски рече дека на оваа функција се нафатил да работи како професионалец и без никакви други причини. Тој истакна дека навистина се соочуваме со недостаток на здравствен персонал во здравствените установи.
Законски верувајте многу се тешко остварливи вработувањата од аспект на преземања. За едно вработување се бараат дури четири потписи, двајца директори, Фонд за здравство, МЗ и МФ. Повторно го кажувам со најдобра намера како лекар професионалец, да изнајдеме полесен и поадекватен начин за да ги задржиме нашите кадри на работа и да ги остваруваме вработувањата во здравството. Не треба да има никаква партизација во здравствениот систем, апелираше д-р Рендевски.
Кажа дека тој претходно како директор на скопската Клиника вработел најголем дел од лекарите кои биле со договор со дело.  

The post Владимир Рендевски: Не се согласувам со мојот министер за пензионирањето на докторите appeared first on Република.

]]>
Рендевски: Високиот процент на антитела кај граѓаните не значи дека е постигнат колективен имунитет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/rendevski-visokiot-procent-na-antitela-kaj-gragjanite-ne-znachi-deka-e-postignat-kolektiven-imunitet/ Tue, 22 Mar 2022 11:30:43 +0000 https://republika.mk/?p=476563

Податоците од анализата од ковид тестирањето односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покажуваат дека кај испитаниците кои не се вакцинирани степенот на присуство на антитела се движеше од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство на антитела е 85-86 проценти, што укажува дека голем број од тие кои не се вакцинирани против Ковид-19, или прележале или дошле во контакт со вирусот, меѓутоа тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски.

Тој посочи дека за тоа дали сме дојдени до колективен имунитет одлучува Комисијата за заразни болести врз база на анализите. Сепак, појасни Рендевски, најрелевантен параметар се анализите на бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.

Во поглед на актуелната епидемиолошка состојба и моменталните епидемиолошки мерки се во корелација со одредени варијабли кои се испитуваат во последните шест недели и се предмет на испитување во останатите европски земји. Тоа се бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани, односно оптовареноста на здравствениот систем. Врз основа на овие варијабли постои посебен алгоритам кој го одредува епидемиолошкиот ризик односно епидемиолошката состојба во секоја земја. Врз основа на таа актуелна епидемиолошка состојба постојат предлог епидемиолошки мерки. Анализите во државава покажуваат дека во однос на овие три параметри моментално се наоѓаме во зелена фаза и според тоа се имплементираат соодветни епидемиолошки мерки кои се во корелација со зелената фаза. Анализите се следат на дневно и на неделно ниво и во зависност од одредено намалување или зголемување на овие параметри така би се планирале и идните епидемиолошки мерки - истакна Рендевски.

Тој потенцира дека вакцинацијата против Ковид-19 е столб за подобрување на имунолошката состојба.

Затоа вчера започна караванот за вакцинација против Ковид-19 и во тој поглед мора да делуваме првенствено на повозрасните пациенти и пациентите со коморбидитети, а понатаму и на останатите пациенти кои се вакцинирани со две дози, а поминал подолг период од три месеци од последното вакцинирање. Практично да се даде и иницијатива за бустер доза кај овие пациенти - изјави за МИА заменик-министерот за здравство Рендевски.

The post Рендевски: Високиот процент на антитела кај граѓаните не значи дека е постигнат колективен имунитет appeared first on Република.

]]>

Податоците од анализата од ковид тестирањето односно скринингот што го спроведе Министерството за здравство покажуваат дека кај испитаниците кои не се вакцинирани степенот на присуство на антитела се движеше од 75 до 76 проценти, додека кај испитаниците кои се вакцинирани нивното присуство на антитела е 85-86 проценти, што укажува дека голем број од тие кои не се вакцинирани против Ковид-19, или прележале или дошле во контакт со вирусот, меѓутоа тоа не значи дека е постигнат колективен имунитет, изјави за МИА заменик-министерот за здравство Владимир Рендевски. Тој посочи дека за тоа дали сме дојдени до колективен имунитет одлучува Комисијата за заразни болести врз база на анализите. Сепак, појасни Рендевски, најрелевантен параметар се анализите на бројот на новозаболени, починати и хоспитализирани и врз основа на тоа се препорачуваат епидемиолошките мерки.