владимир панчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-panchevski/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Jul 2022 12:58:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владимир панчевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-panchevski/ 32 32 Врховен ги одби барањата на Панчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vrhoven-gi-odbi-baranjata-na-panchevski/ Wed, 13 Jul 2022 12:58:47 +0000 https://republika.mk/?p=528120

Поднесените барања од екс шефот на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски до Врховниот суд на РСМ за преиспитување на правосилна пресуда се одбиени, соопштија од судот.

„Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот Квп2.бр.106/22, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат“, велат оттаму.

The post Врховен ги одби барањата на Панчевски appeared first on Република.

]]>

Поднесените барања од екс шефот на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски до Врховниот суд на РСМ за преиспитување на правосилна пресуда се одбиени, соопштија од судот. „Врховниот суд на Република Македонија ја информира јавноста дека на ден 13.07.2022 година постапуваше по предметот Квп2.бр.106/22, оформен по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда од осудениот Владимир Панчевски од Скопје, лично и преку неговиот бранител и одлучи барањата да се одбијат“, велат оттаму.

The post Врховен ги одби барањата на Панчевски appeared first on Република.

]]>
Уставен суд го отфрли Барањето на поранешниот судија Владимир Панчевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ustaven-sud-go-otfrli-baranjeto-na-poraneshniot-sudija-vladimir-panchevski/ Wed, 23 Mar 2022 13:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=477225

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основен Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки.

Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови се уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање.

Подносител Панчевски, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување.

The post Уставен суд го отфрли Барањето на поранешниот судија Владимир Панчевски appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на Република Македонија на денешната седница го отфрли Барањето за заштита на слободите и правата, поднесено од поранешниот претседател на Основен Кривичен суд – Скопје, Владимир Панчевски, поради постоење на процесни пречки. Во образложението од Уставниот суд се вели дека со оглед на тоа што пресудата на Апелациониот суд КЖ.746/2020 од 14.07.2021 е укината од Врховниот суд на 09.02.2022 година што упатува дека постапката пред редовните судови се уште не е завршена и недостасува еден од основните елементи предвидени во чл.51 од Деловникот на Судот, односно постоење на правосилен акт, за да може Уставниот суд да ја цени основаноста на поднесеното барање. Подносител Панчевски, преку полномошник Петро Јанура, адвокат од Скопје, во Барањето до Уставен суд, смета оти со пресуди на Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот што се однесуваат на забраната на дискриминација на граѓаните по основ на социјалната припадност, односно општествена положба во поглед на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност, односно политичко уверување.

The post Уставен суд го отфрли Барањето на поранешниот судија Владимир Панчевски appeared first on Република.

]]>
Владимир Панчевски од Уставниот суд бара заштита на своите права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladimir-panchevski-od-ustavniot-sud-bara-zashtita-na-svoite-prava/ Tue, 22 Mar 2022 13:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=476676

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски ги бара своите права од Уставниот суд. Смета дека бил дискриминиран, во споредба со останатите претседатели на судови и носители на јавни функции. Поднел барање до судот во кое вели дека со пресудите на Основниот суд во Велес и Апелационеиот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот, а кои се однесуваат на забраната за дискриминација по основ на социјалната припадност, општествена положба на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност – политичко уверување, објави Телма.

„Меѓу другото, подносителот на барањето наведува дека бил дискриминиран во споредба со сите останати судии и претседатели на судови, затоа што за разлика од нив само тој не ги уживал уставно и законски загарантираните права кои ги имале носителите на судиски функции. Оттука, според подносителот на барањето, произлегувала дискриминаторската природа на теоријата на случај на Јавното обвинителство, која била прифатена од Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје и резултирало со носење на актите коишто се оспоруваат“, се вели во соопштението за утрешната седница на Уставниот суд.

The post Владимир Панчевски од Уставниот суд бара заштита на своите права appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд Владимир Панчевски ги бара своите права од Уставниот суд. Смета дека бил дискриминиран, во споредба со останатите претседатели на судови и носители на јавни функции. Поднел барање до судот во кое вели дека со пресудите на Основниот суд во Велес и Апелационеиот суд во Скопје, му биле повредени слободите и правата на човекот и граѓанинот, а кои се однесуваат на забраната за дискриминација по основ на социјалната припадност, општествена положба на професионалниот статус, како и по основ на политичката припадност – политичко уверување, објави Телма.
„Меѓу другото, подносителот на барањето наведува дека бил дискриминиран во споредба со сите останати судии и претседатели на судови, затоа што за разлика од нив само тој не ги уживал уставно и законски загарантираните права кои ги имале носителите на судиски функции. Оттука, според подносителот на барањето, произлегувала дискриминаторската природа на теоријата на случај на Јавното обвинителство, која била прифатена од Основниот суд во Велес и Апелациониот суд во Скопје и резултирало со носење на актите коишто се оспоруваат“, се вели во соопштението за утрешната седница на Уставниот суд.

The post Владимир Панчевски од Уставниот суд бара заштита на своите права appeared first on Република.

]]>
Панчевски излегува од затвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/panchevski-izleguva-od-zatvor/ Wed, 16 Feb 2022 18:55:41 +0000 https://republika.mk/?p=459516

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски утре би требало да излезе од истражниот затвор Шутка каде пред речиси две недели се пријави да ја издржува затворската казна од две и пол години, која му беше досудена за случајот „АКМИС“.

Извори од затворот во Шутка за Фокус велат дека Панчевски утре треба да излезе од затвор откако тие официјално ќе добијат решение од Врховниот суд.

Највисокиот суд, според извори на Фокус, ја укинал второстепената пресуда на Апелацискиот суд поради процесни повреди, со што останува првостепената пресуда на велешкиот суд која со укинатата пресуда на Апелација станува неправосилна. Првично ова се причините поради кои Панчевски по само две недели излегува од затвор.

Панчевски првично беше осуден на казна затвор од 3,5 години, но Апелација му ја намали за една година. Беше огласен за виновен за Злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година.

Тој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење во декември 2019 година, а Врховниот суд неговото разрешување го потврди во јуни 2020 година.

The post Панчевски излегува од затвор appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски утре би требало да излезе од истражниот затвор Шутка каде пред речиси две недели се пријави да ја издржува затворската казна од две и пол години, која му беше досудена за случајот „АКМИС“. Извори од затворот во Шутка за Фокус велат дека Панчевски утре треба да излезе од затвор откако тие официјално ќе добијат решение од Врховниот суд. Највисокиот суд, според извори на Фокус, ја укинал второстепената пресуда на Апелацискиот суд поради процесни повреди, со што останува првостепената пресуда на велешкиот суд која со укинатата пресуда на Апелација станува неправосилна. Првично ова се причините поради кои Панчевски по само две недели излегува од затвор. Панчевски првично беше осуден на казна затвор од 3,5 години, но Апелација му ја намали за една година. Беше огласен за виновен за Злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година. Тој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење во декември 2019 година, а Врховниот суд неговото разрешување го потврди во јуни 2020 година.

The post Панчевски излегува од затвор appeared first on Република.

]]>
Поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски почна да ја издржува затворската казна https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/poraneshniot-pretsedatel-na-krivichen-sud-panchevski-pochna-da-ja-izdrzuva-zatvorskata-kazna/ Thu, 03 Feb 2022 21:26:17 +0000 https://republika.mk/?p=453828

Директорот на затворот „Скопје“ Филип Андонов за МИА потврди дека од денеска поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба.

Андонов појасни дека Панчевски откако добил упатен акт за издржување на казната, со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Жалбата му била одбиена од судиите, по што тој денеска околу 14 часот сам се пријавил на издржување на казната.

Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите.

Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година

The post Поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски почна да ја издржува затворската казна appeared first on Република.

]]>

Директорот на затворот „Скопје“ Филип Андонов за МИА потврди дека од денеска поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски е во затворот, каде почна да ја издржува затворската казна од две и пол години за злоупотреба на службената положба. Андонов појасни дека Панчевски откако добил упатен акт за издржување на казната, со жалба се обидел да го одложи извршувањето. Жалбата му била одбиена од судиите, по што тој денеска околу 14 часот сам се пријавил на издржување на казната. Панчевски е сместен во просторија за изолација согласно ковид – протоколите. Панчевски е осуден во случајот Акмис, односно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година

The post Поранешниот претседател на Кривичен суд Панчевски почна да ја издржува затворската казна appeared first on Република.

]]>
Панчевски денеска сам се пријавил во затворот „Шутка” https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/panchevski-deneska-sam-se-prijavil-vo-zatvorot-shutka/ Thu, 03 Feb 2022 18:49:45 +0000 https://republika.mk/?p=453785

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, денеска сам се пријавил во истражниот затвор “Скопје” на издржување затворска казна од две и пол години, која му беше досудена за случајот “Акмис”.

Панчевски првично беше осуден на казна затвор од три и пол години, но Апелација му ја намали за една година. Беше огласен за виновен за злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година.

Тој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење во декември 2019 година, а Врховниот суд неговото разрешување го потврди во јуни 2020 година.

Пресудата, како и издржувањето на затворската казна доаѓа по обвинувњата дека Панчевски, во време кога тој „шефувал“ со скопскиот кривичен суд, односно од 23. јануари 2013 до 14. септември 2016 година, го прескокнувал АКМИС системот, односно електронското распоредување на предмети, така што со негов потпис предметите им ги делел на судии коишто тој ќе ги изберел.

Според Обвинителството тој рачно поделил 45 судски предмети, а ваквото тврдење беше поткрепено и со изјава на сега веќе разрешениот судија Стојанче Рибарев, кој, пак, извесно време ја извршуваше функцијата „вршител на должност“ – претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје

The post Панчевски денеска сам се пријавил во затворот „Шутка” appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, денеска сам се пријавил во истражниот затвор “Скопје” на издржување затворска казна од две и пол години, која му беше досудена за случајот “Акмис”. Панчевски првично беше осуден на казна затвор од три и пол години, но Апелација му ја намали за една година. Беше огласен за виновен за злоупотреба на службената положба, поточно дека рачно местел предмети кај одредени судии, како претседател на судот, во периодот од 2013 до 2016 година. Тој беше разрешен од судиската функција поради нестручно и несовесно работење во декември 2019 година, а Врховниот суд неговото разрешување го потврди во јуни 2020 година. Пресудата, како и издржувањето на затворската казна доаѓа по обвинувњата дека Панчевски, во време кога тој „шефувал“ со скопскиот кривичен суд, односно од 23. јануари 2013 до 14. септември 2016 година, го прескокнувал АКМИС системот, односно електронското распоредување на предмети, така што со негов потпис предметите им ги делел на судии коишто тој ќе ги изберел. Според Обвинителството тој рачно поделил 45 судски предмети, а ваквото тврдење беше поткрепено и со изјава на сега веќе разрешениот судија Стојанче Рибарев, кој, пак, извесно време ја извршуваше функцијата „вршител на должност“ – претседател на Основниот суд Скопје 1 – Скопје

The post Панчевски денеска сам се пријавил во затворот „Шутка” appeared first on Република.

]]>