владимир орлиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-orlikj/ За подобро да се разбереме Sun, 14 Jan 2024 11:51:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владимир орлиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-orlikj/ 32 32 Конституирање на новиот собраниски состав во Србија наредните недели https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/konstituirane-na-noviot-sobraniski-sostav-vo-srbija-narednite-nedeli/ Sun, 14 Jan 2024 11:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=732859

Претседателот на српскиот Парламент, Владимир Орлиќ, изјави дека новиот состав на Парламентот ќе биде конституиран „во следните недели, согласно процедурите и според законот“.

Орлиќ, во интервју за весникот „Курир“ оценува дека декемвриските избори „ја покажале вистинската волја на народот“ и ги отфрли барањата на опозицијата за повторување на гласањето, особено на локалните избори во Белград каде, според наводите на листата „Србија против насилството“, евидентирани се бројни изборни нерегуларности.

Го победивме поранешниот режим и во Белград со 20.000 нови гласови и уште повеќе советнички мандати на изборите, од кои секој сегмент беше контролиран од секој што го сакаше. Сега лажговците ќе го избегнат она што природно им следи - сите да се повлечат од политиката поради нивната одговорност кон луѓето кои веруваа во нив“, вели Орлиќ, кој е и висок функционер на Српската напредна партија (СНС).

Тој најави дека оваа партија за формирање мнозинство во новиот собраниски состав ќе разговара со „традиционалните партнери“ од Сојузот на војводинските Унгарци.

Исто како и претходните години кога сами можевме да формираме мнозинство, сакаме да ги собереме другите во борбата за нашата Србија, оние кои се подготвени да учествуваат во таква државна политика и можат да придонесат за тоа со своето учество“, вели Орлиќ.

Прашан дали СНС ќе ја продолжи соработката со Социјалистичката партија на Србија (СПС), Орлиќ рече дека ќе разговара „со сите“ за политиката на „натамошно зајакнување и развој на Србија“.

The post Конституирање на новиот собраниски состав во Србија наредните недели appeared first on Република.

]]>

Претседателот на српскиот Парламент, Владимир Орлиќ, изјави дека новиот состав на Парламентот ќе биде конституиран „во следните недели, согласно процедурите и според законот“. Орлиќ, во интервју за весникот „Курир“ оценува дека декемвриските избори „ја покажале вистинската волја на народот“ и ги отфрли барањата на опозицијата за повторување на гласањето, особено на локалните избори во Белград каде, според наводите на листата „Србија против насилството“, евидентирани се бројни изборни нерегуларности.
Го победивме поранешниот режим и во Белград со 20.000 нови гласови и уште повеќе советнички мандати на изборите, од кои секој сегмент беше контролиран од секој што го сакаше. Сега лажговците ќе го избегнат она што природно им следи - сите да се повлечат од политиката поради нивната одговорност кон луѓето кои веруваа во нив“, вели Орлиќ, кој е и висок функционер на Српската напредна партија (СНС).
Тој најави дека оваа партија за формирање мнозинство во новиот собраниски состав ќе разговара со „традиционалните партнери“ од Сојузот на војводинските Унгарци.
Исто како и претходните години кога сами можевме да формираме мнозинство, сакаме да ги собереме другите во борбата за нашата Србија, оние кои се подготвени да учествуваат во таква државна политика и можат да придонесат за тоа со своето учество“, вели Орлиќ.
Прашан дали СНС ќе ја продолжи соработката со Социјалистичката партија на Србија (СПС), Орлиќ рече дека ќе разговара „со сите“ за политиката на „натамошно зајакнување и развој на Србија“.

The post Конституирање на новиот собраниски состав во Србија наредните недели appeared first on Република.

]]>
Претседателот на српското Собрание: Курти веднаш побрза да ги обвини Србите за настаните во Бањска на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-srpskoto-sobranie-kurti-vednash-pobrza-da-gi-obvini-srbite-za-nastanite-vo-banska-na-kosovo/ Sun, 24 Sep 2023 11:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=684660

Претседателот на српското Собрание, Владимир Орлиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веднаш побрзал да ги обвини Србите за настаните во Бањска и дека секој сериозен човек прво би видел што точно се случило, па потоа би коментирал.

Ако би зборувале за оние кои се ништо друго освен тоа, тогаш ја видовте и реакцијата на Албин Курти, кој веднаш почна, побрза прво да ги обвини Србите, да каже дека тоа е некаква организирана акција, незнам што акција, и дека тоа го правеле некои професионалци, сигурно во меѓувреме ги легитимирал лично, па знае кои се и што се, значи јасно ви е се, изјави Орлиќ за ТВ Прва.

Еден полицаец загинал, а друг е ранет во напад врз единица на косовската полиција синоќа на влезот во селото Бањска на северот на Косово, соопшти полицијата во Приштина.

Но, ако зборуваме за тоа кому му одговара насилство, од било каков вид - тоа е исклучиво Албин Курти и тоа сите го знаат. И се што направи во претходните месеци со најбруталниот можен терор што го вршеше врз голиот српски народ, го направи токму затоа што сакаше отворена ескалација и затоа што сакаше да доведе до некакво насилство, истакна Орлиќ.

Тој посочи дека е јасно кој може да биде задоволен доколку дојде до некаков конфликт, особено ако станува збор за човечки жртви.

https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/

The post Претседателот на српското Собрание: Курти веднаш побрза да ги обвини Србите за настаните во Бањска на Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателот на српското Собрание, Владимир Орлиќ, изјави дека косовскиот премиер Албин Курти веднаш побрзал да ги обвини Србите за настаните во Бањска и дека секој сериозен човек прво би видел што точно се случило, па потоа би коментирал.
Ако би зборувале за оние кои се ништо друго освен тоа, тогаш ја видовте и реакцијата на Албин Курти, кој веднаш почна, побрза прво да ги обвини Србите, да каже дека тоа е некаква организирана акција, незнам што акција, и дека тоа го правеле некои професионалци, сигурно во меѓувреме ги легитимирал лично, па знае кои се и што се, значи јасно ви е се, изјави Орлиќ за ТВ Прва.
Еден полицаец загинал, а друг е ранет во напад врз единица на косовската полиција синоќа на влезот во селото Бањска на северот на Косово, соопшти полицијата во Приштина.
Но, ако зборуваме за тоа кому му одговара насилство, од било каков вид - тоа е исклучиво Албин Курти и тоа сите го знаат. И се што направи во претходните месеци со најбруталниот можен терор што го вршеше врз голиот српски народ, го направи токму затоа што сакаше отворена ескалација и затоа што сакаше да доведе до некакво насилство, истакна Орлиќ.
Тој посочи дека е јасно кој може да биде задоволен доколку дојде до некаков конфликт, особено ако станува збор за човечки жртви. https://republika.mk/vesti/balkan/ubien-politsaets-vo-severno-kosovo-istreli-i-natamu-se-slushaat-vo-tekot-na-utrovo/

The post Претседателот на српското Собрание: Курти веднаш побрза да ги обвини Србите за настаните во Бањска на Косово appeared first on Република.

]]>
Владимир Орлиќ го замени Ивица Дачиќ на функцијата претседател на Собранието на Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladimir-orlikj-go-zameni-ivica-na-funkcojata-pretsedatel-na-sobranieto-na-srbija/ Wed, 03 Aug 2022 09:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=536095

Пратениците на конститутивната седница на новиот српски Парламант за претседател го избраа Владимир Орлиќ од СНС, кој во претходното собрание ја вршеше функцијата потпретседател. Тој ќе ја преземе функцијата ѓшто досега ја имаше Ивица Дачиќ.

Орлиќ беше избран со мнозинство гласови од народните пратеници, од вкупно 230 присутни.

„За“ гласаа 154, 76 беа „против“, а воздржани немаше – соопшти пратеникот Владета Јанковиќ како претседавач со конститутивната седница на парламентот.

Орлиќ им честиташе на сите пратеници за положената заклетва и почетокот на мандатот, а потоа се заблагодари на пратеничката група на Српската напредна странка (СНС) „Александар Вучиќ – заедно можеме се“, на предлогот за претседател на парламентот.

Почитувани, она што го сметам за позначајно од личната поддршка меѓу нас, сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои покажавте јасна и недвосмислена поддршка за нашата државна политика. Со ова докажавте дека сериозноста и одговорноста не се само тоа што „добро ни доаѓа“ во јавното говорење, туку дека се грижиме за нашата земја - порача Орлиќ.

За Орлиќ да биде прв спикер, гласаа пратениците на СНС и коалицијата кои заедно со најголемата парламентарна партија учествуваа на изборите на 3 април, како и пратениците од пратеничкиот клуб на СПС – Ивица Дачиќ, пратениците на Сојузот на Унгарците од Војводина, пратеничка група ПУПС – Солидарност и правда, Единствена Србија (ЈС), СДПС.

Орлиќ не беше поддржан од пратеничките групи Европски региони – Војводина, Санџак, Прешевска долина, Српско движење Двери – Патриотски блок, Зелено – Лев клуб – Не го давиме Белград – Мораме – Заедно, Демократската партија, Народната партија, Заветници, НАДЕЖ – Нов ДСС, ПОКС, Обединети.

The post Владимир Орлиќ го замени Ивица Дачиќ на функцијата претседател на Собранието на Србија appeared first on Република.

]]>

Пратениците на конститутивната седница на новиот српски Парламант за претседател го избраа Владимир Орлиќ од СНС, кој во претходното собрание ја вршеше функцијата потпретседател. Тој ќе ја преземе функцијата ѓшто досега ја имаше Ивица Дачиќ. Орлиќ беше избран со мнозинство гласови од народните пратеници, од вкупно 230 присутни.
„За“ гласаа 154, 76 беа „против“, а воздржани немаше – соопшти пратеникот Владета Јанковиќ како претседавач со конститутивната седница на парламентот.
Орлиќ им честиташе на сите пратеници за положената заклетва и почетокот на мандатот, а потоа се заблагодари на пратеничката група на Српската напредна странка (СНС) „Александар Вучиќ – заедно можеме се“, на предлогот за претседател на парламентот.
Почитувани, она што го сметам за позначајно од личната поддршка меѓу нас, сакам да ви се заблагодарам на сите вас кои покажавте јасна и недвосмислена поддршка за нашата државна политика. Со ова докажавте дека сериозноста и одговорноста не се само тоа што „добро ни доаѓа“ во јавното говорење, туку дека се грижиме за нашата земја - порача Орлиќ.
За Орлиќ да биде прв спикер, гласаа пратениците на СНС и коалицијата кои заедно со најголемата парламентарна партија учествуваа на изборите на 3 април, како и пратениците од пратеничкиот клуб на СПС – Ивица Дачиќ, пратениците на Сојузот на Унгарците од Војводина, пратеничка група ПУПС – Солидарност и правда, Единствена Србија (ЈС), СДПС. Орлиќ не беше поддржан од пратеничките групи Европски региони – Војводина, Санџак, Прешевска долина, Српско движење Двери – Патриотски блок, Зелено – Лев клуб – Не го давиме Белград – Мораме – Заедно, Демократската партија, Народната партија, Заветници, НАДЕЖ – Нов ДСС, ПОКС, Обединети.

The post Владимир Орлиќ го замени Ивица Дачиќ на функцијата претседател на Собранието на Србија appeared first on Република.

]]>
Вучиќ го кандидира Владимир Орлиќ да го замени Дачиќ како претседател на српското Собрание https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-go-kandidira-vladimir-orlikj-da-go-zameni-dachikj-kako-pretsedatel-na-srpskoto-sobranie/ Sat, 30 Jul 2022 11:44:13 +0000 https://republika.mk/?p=535068

Српската напредна странка (СНС) одржа седница на Претседателството на која беше одлучено нивен кандидат за нов претседател на Народното собрание да биде Владимир Орлиќ (39). Досегашниот пратеник е едногласно избран на предлог на претседателот на СНС, Александар Вучиќ.

Партијата на српскиот претседател, донесе одлука и да се подмлади раководството и на Собранието и на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Орлиќ ги извршуваше должностите заменик-претседател на пратеничката група на СНС и потпретседател на Собранието. Станува збор за исклучителен млад човек, остварен и образовен, на научен, професионален и политички план. Зад него стојат над 80 научни и стручни трудови. Фантастична биографија, не само за еден млад човек кој сè уште не наполнил четириесет години, туку и за исклучителен борец за демократијата - изјави членот на Преседателството на СНС, Никола Селаковиќ, по завршување на седницата.

Претседателството на СНС донесе одлука и да го стесни изборот на четворица кандидати за идното раководство на пратеничката група на СНС и да го скрати изборот на потпретседател или генерален секретар на Народното собрание на четири кандидати и тоа на Миленко Јованов, Марина Рагуш, Невена Ѓуриќ и Сандра Божиќ.

Еден од заклучоците на седницата е дека Александар Вучиќ е овластен да води разговори за коалицијата за идната Влада на Србија и дека за 10 дена ќе одржиме нова седница на која ќе ги разгледаме кадровските решенија - изјави Селаковиќ.

Досегашниот претседател на Собранието и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, вчера изјави дека договорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ е новиот претседател на српското собрание да биде од Српската напредна партија (СНС) и дека сè уште е рано да се зборува за кадровски решенија за идната влада.

Членот на Претседателството на СНС, Горан Весиќ, вчера изјави дека е сосема извесно дека СНС ќе формира влада, бидејќи таа партија на изборите освоила 120 пратенички мандати.

Со нашиот традиционален коалициски партнер СВМ (Сојузот на унгарците во Војводина) имаме вкупно 127 пратеници, што е доволно мнозинство за формирање влада - изјави Весиќ и додаде дека СНС на консултациите го известила претседателот Александар Вучиќ дека има до 160 пратеници, што значи удобно мнозинство за формирање влада.

Конститутивната седница на новото свикување на српското Собрание е закажана за понеделник, на 1 август.

The post Вучиќ го кандидира Владимир Орлиќ да го замени Дачиќ како претседател на српското Собрание appeared first on Република.

]]>

Српската напредна странка (СНС) одржа седница на Претседателството на која беше одлучено нивен кандидат за нов претседател на Народното собрание да биде Владимир Орлиќ (39). Досегашниот пратеник е едногласно избран на предлог на претседателот на СНС, Александар Вучиќ. Партијата на српскиот претседател, донесе одлука и да се подмлади раководството и на Собранието и на Владата на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Орлиќ ги извршуваше должностите заменик-претседател на пратеничката група на СНС и потпретседател на Собранието. Станува збор за исклучителен млад човек, остварен и образовен, на научен, професионален и политички план. Зад него стојат над 80 научни и стручни трудови. Фантастична биографија, не само за еден млад човек кој сè уште не наполнил четириесет години, туку и за исклучителен борец за демократијата - изјави членот на Преседателството на СНС, Никола Селаковиќ, по завршување на седницата.
Претседателството на СНС донесе одлука и да го стесни изборот на четворица кандидати за идното раководство на пратеничката група на СНС и да го скрати изборот на потпретседател или генерален секретар на Народното собрание на четири кандидати и тоа на Миленко Јованов, Марина Рагуш, Невена Ѓуриќ и Сандра Божиќ.
Еден од заклучоците на седницата е дека Александар Вучиќ е овластен да води разговори за коалицијата за идната Влада на Србија и дека за 10 дена ќе одржиме нова седница на која ќе ги разгледаме кадровските решенија - изјави Селаковиќ.
Досегашниот претседател на Собранието и лидер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, вчера изјави дека договорот со претседателот на Србија Александар Вучиќ е новиот претседател на српското собрание да биде од Српската напредна партија (СНС) и дека сè уште е рано да се зборува за кадровски решенија за идната влада. Членот на Претседателството на СНС, Горан Весиќ, вчера изјави дека е сосема извесно дека СНС ќе формира влада, бидејќи таа партија на изборите освоила 120 пратенички мандати.