владимир нелоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-neloski/ За подобро да се разбереме Mon, 24 Jun 2024 09:42:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владимир нелоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-neloski/ 32 32 Мицкоски пречекан од новиот шеф на кабинет и идниот генерален секретар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-prechekan-od-noviot-shef-na-kabinet-i-idniot-generalen-sekretar/ Mon, 24 Jun 2024 08:56:51 +0000 https://republika.mk/?p=790165

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери.

На влезот на зградата од Владата Мицкоски беше дочекан од своите блиски соработници Владимир Нелоски и Игор Јанушев, кои ќе имаат владини функции.

Нелоски ќе биде шеф на кабинет на премиерот, додека Јанушев се очекува да биде новиот генерален секретар на Владата.

The post Мицкоски пречекан од новиот шеф на кабинет и идниот генерален секретар appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја презеде премиерската функција од досегашниот претседател на техничката Влада, Талат Џафери. На влезот на зградата од Владата Мицкоски беше дочекан од своите блиски соработници Владимир Нелоски и Игор Јанушев, кои ќе имаат владини функции. Нелоски ќе биде шеф на кабинет на премиерот, додека Јанушев се очекува да биде новиот генерален секретар на Владата.

The post Мицкоски пречекан од новиот шеф на кабинет и идниот генерален секретар appeared first on Република.

]]>
Арсовска не сака да даде пари за ФК Вардар https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/arsovska-ne-saka-da-dade-pari-za-fk-vardar/ Mon, 14 Nov 2022 14:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=573718

Владимир Нелоски, советник во советот на Град Скопје на денешната седница на советот ги повика советниците од сите политички партии да го прифатат предлогот амандманот за финансиска помош од 15 милиони денари поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи  фудбалскиот клуб се наоѓа во тешка финансиска состојба и овие средства ќе помогнат на клубот, укажувајќи дека вината треба да се бара во претходното раководство на Град Скопје кој немал слух за изнаоѓање на решенија се со цел клубот да не дојде во ваква состојба како што е денес.

ФК Вардар е Скопје, ФК Вардар е во многу големи проблеми, и да не е во сопственост на градот, но состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во втора лига со милионски долгови итн, посочи тој.

Нелоски изјави дека фудбалерите веќе 4 месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова.

Но, ФК Вардар во овој момент се бори против сите околности во кои што се наоѓа и е прв на табелата во втората лига. И итноста на оваа точка и барањето на финансиска помош на ФК Вардар произлезе од тоа што пред некоја седница овде имаше дебата за вработените во ЈСП Скопје кои што немаа земено плата за претходниот месец, а фудбалерите на ФК Вардар немаат земено плата 4 месеци и треба да земат. И мора да се најде системско решение, додаде Нелоски.

И ќе бидам прв кој што ќе повика за било каква помош или било кој чекор во интерес на ФК Вардар бидејќи 12 години бев дел од тој клуб, нагласи Нелоски и додаде дека и во 2010 година фудбалскиот клуб се соочил со ваква криза меѓутоа тогашното раководство на градот под раководство на ВМРО-ДПМНЕ интервенирало и клубот не само што излезе од безизлезната состојба туку и година дена потоа стана шампион.

Според Арсовска ова е неприфатливо бидејќи со таа помош ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите, посочувајќи дека нејзина молба е да се изнајде соодветно решение и ФК Вардар да се врати под ингеренции на градот, а институциите да испитаат што  конкретно се случувало  во клубот.

Но, мнозинството советници го прифатија амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој предвидува доделување на финансиска помош од 15 милиони денар за ФК Вардар.

The post Арсовска не сака да даде пари за ФК Вардар appeared first on Република.

]]>

Владимир Нелоски, советник во советот на Град Скопје на денешната седница на советот ги повика советниците од сите политички партии да го прифатат предлогот амандманот за финансиска помош од 15 милиони денари поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи  фудбалскиот клуб се наоѓа во тешка финансиска состојба и овие средства ќе помогнат на клубот, укажувајќи дека вината треба да се бара во претходното раководство на Град Скопје кој немал слух за изнаоѓање на решенија се со цел клубот да не дојде во ваква состојба како што е денес. ФК Вардар е Скопје, ФК Вардар е во многу големи проблеми, и да не е во сопственост на градот, но состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во втора лига со милионски долгови итн, посочи тој. Нелоски изјави дека фудбалерите веќе 4 месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова. Но, ФК Вардар во овој момент се бори против сите околности во кои што се наоѓа и е прв на табелата во втората лига. И итноста на оваа точка и барањето на финансиска помош на ФК Вардар произлезе од тоа што пред некоја седница овде имаше дебата за вработените во ЈСП Скопје кои што немаа земено плата за претходниот месец, а фудбалерите на ФК Вардар немаат земено плата 4 месеци и треба да земат. И мора да се најде системско решение, додаде Нелоски. И ќе бидам прв кој што ќе повика за било каква помош или било кој чекор во интерес на ФК Вардар бидејќи 12 години бев дел од тој клуб, нагласи Нелоски и додаде дека и во 2010 година фудбалскиот клуб се соочил со ваква криза меѓутоа тогашното раководство на градот под раководство на ВМРО-ДПМНЕ интервенирало и клубот не само што излезе од безизлезната состојба туку и година дена потоа стана шампион. Според Арсовска ова е неприфатливо бидејќи со таа помош ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите, посочувајќи дека нејзина молба е да се изнајде соодветно решение и ФК Вардар да се врати под ингеренции на градот, а институциите да испитаат што  конкретно се случувало  во клубот.
Но, мнозинството советници го прифатија амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој предвидува доделување на финансиска помош од 15 милиони денар за ФК Вардар.

The post Арсовска не сака да даде пари за ФК Вардар appeared first on Република.

]]>
Нелоски: Дали сопругата на директорот на ЈП „Кензо Танге“ е вработена во партиципативното тело за урбанизам за да има подобра комуникација или се работи за непотизам? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/neloski-dali-soprugata-na-direktorot-na-jp-kenzo-tange-e-vrabotena-vo-participativnoto-telo-za-urbanizam-za-da-ima-podobra-komunikacija-ili-se-raboti-za-nepotizam/ Thu, 15 Sep 2022 12:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=551076

На денешната седница на Советот на Град Скопје наменета за советнички прашања кон градоначалничката и другите назначени функционери како директори на јавни претпријатија и Генерален секретар на градот, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за урбанизам при советот, Владимир Нелоски поради отсуството на градоначалничката го праша новоназначениот Генерален секретар на градот, дали сопругата на директорот на новото градско претпријатие за урбанизам „Кензо Танге“ е вработена во партиципативното тело за да има подобра комуникација после работното време или пак се работи за непотизам.

Бидејќи зборевме за транспарентност, збор кој што е многу важен и во животот и во политиката, барам како претседател на Комисија за урбанизам во Советот на Град Скопје да ги добијам, членовите на комисиите за урбанизам, сообраќај и транспорт и ме интересира дали е вистина дека еден од членовите на партиципативното тело за урбанизам при градот Скопје е сопруга на ново поставениот директор на претпријатието „Кензо Танге“, кое што исто така ќе треба да се грижи за урбанизмот во градот Скопје. Дали ако е навистина сопругата на директорот кој што треба да се грижи за урбанизмот во Скопје, поставена во партиципативното тело, дали е поставена за да има подобра комуникација во домашните услови кога ќе заврши работното време за да може да функционира или се работи за непотизам, запраша Нелоски.

Иако граноначалничката отсуствуваше од продолжението на седницата на Советот, Нелоски упати неколку прашања и до Данела Арсовска од која побара уснен одговор, при што праша до каде е градежната офанзива која ја најави уште пред почетокот на летото и која требаше да заврши заклучно со 31 август, како што е булеварот Есенинова кој што поврзува три скопски општини.

За моето прашање сакам да добијам уснен одговор, а тоа е на 8 јуни градоначалничката имаше прес конференција на која што најави градежна офанзива. Јас како и сите граѓани на Скопје ја поддржавме во тој момент за таа градежна офанзива и најави дека до триесетти истиот месец ќе бидат завршени два проекта. Односно, ќе биде завршен проектот на Есенинова, односно булеварот Есенинонова кој што поврзува три општини во градот Скопје и кој што една од клучните сообраќајници, за жал до ден денеска не гледам дека може да дојдат луѓето од Кисела Вода или од Аеродром преку таа улица до Градот Скопје. И дали започна проектот за улицата Теодосиј Гологанов? Зошто го прашувам ова, бидејќи исто до 30.06 градоначалничката вети дека ќе биде започнат тој проект. Јас знам дека има многу проблеми со проектите, но како човек кој што си стои на својот збор, кој што ја говори вистината, кога некој ќе каже до одреден датум ќе започне било што, некој проект или ќе завршат друг проект, треба да си стои на зборот, рече Нелоски.

И исто така, додаде Нелоски, ме интересира дали градоначалничката, бидејќи на истата прес конференција, не гледаше нас граѓаните на Градот Скопје и вети дека од први јули до 30 август конечно ќе започне огромниот, витален, капитален проект за градот Скопје Усјански канал.

Денеска сме 15 септември, ме интересира дали е започнат тој проект и до каде се градежните активности, бидејќи секојдневно добиваме повици и од граѓаните од Аеродром, но и од граѓаните од Кисела Вода до каде е тој проект, општини во кој што градоначалничката доби околу 40 илјади гласови, дали ќе почне тој проект во втората фаза во Кисела Вода и кога ќе заврши прва фаза, посочи советникот Нелоски.

Тој, како млад лик, обрна посебно внимание и на фестивалите во Градот Скопје, при што праша дали наредна година ќе бидат поддржани „Виноскоп“ и „Пиволенд“, кои имаат 12-13 годишна традиција на кои што младите генерации ќе ги посетат и ќе се забавуваат.

Понатаму, кога зборуваме за луѓе кои си стојат на зборот, околу почетокот на мај месец нашата градоначалничка беше на гостување на еден од нејзините омилени медиуми и една од темите кои што ги говореше таму, беше за фестивалите во Градот Скопје, а баш тогаш, односно неколку дена пред тоа требаше да содржи фестивалот „Виноскоп“. Фестивал со 12-13 годишна традиција која што за жал, неколку години од претходниот градоначалник, беше стопирана но, градоначалничката во тој момент даде изјава дека „конечно „Виноскоп“ како фестивал со 12-13 години традиција повторно почна да се одвива и дека не смее таа традиција да застане“. Се согласувам со градоначалничката дека тој проект не смее да застане, но во септември месец имаше уште еден фестивал на кој што јас видов многу млади луѓе присутни и советници, но видов и сегашни директори на градот, го видов и Секретарот на Градот Скопје беше на тој фестивал исто така и некои поранешни директори и илјадници грашани кои што беа таму присутни. Прашањето ми е, колкава поддршка му даде Градот Скопје на фестивалот „Пиволенд“, исто фестивал кој што има 12-13 годишна традиција и кој што, се надевам дека во иднина ќе продолжи, и ме интересира секретарот да ми одговори дали овој фестивал, како и „Виноскоп“ ќе биде поддржан и илјадници млади ќе се забавуваат“, праша Нелоски.

The post Нелоски: Дали сопругата на директорот на ЈП „Кензо Танге“ е вработена во партиципативното тело за урбанизам за да има подобра комуникација или се работи за непотизам? appeared first on Република.

Нелоски: Колку чини тревникот среде плоштад на Шилегов? https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/neloski-kolku-chini-trevnikot-srede-ploshtad-na-shilegov/ Thu, 10 Mar 2022 20:31:24 +0000 https://republika.mk/?p=470928

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски упати три прашања до градоначалничката на Град Скопје каде запраша дали тревникот на плоштадот има буџетски импликации врз буџетот на Град Скопје?

Во врска со тревникот на плоштадот, Нелоски запраша дали тревникот има буџетски импликации врз буџетот на Град Скопје и дали имаме информации за колкава вредност станува збор за тој тревник и дали таа вредност е реална на тој тревник?

Нелоски запраша дали во градската администрација има некои податоци или информации за било каква направена јавна набавка за тревникот на плоштадот? Доколку нема направено јавна набавка, тогаш дали има донесено некаква одлука за законска донација на Советот на Град Скопје.

Нелоски во однос на второто прашање во врска со порталот за Град Скопје кој го набавил претходното раководство запраша дали тој портал постои и доколку постои дали тој е функционален целосно или има недостатоци? Со оваа најверојатно лоша и криминална набавка ме интересира и колку буџетот на Град Скопје е оштетен?

Во упатеното трето прашање Нелоски запраша дали има интерес од граѓаните за оваа отвореност на Градот Скопје и колку барања на граѓаните до сега се решени преку овие платформи?

Нелоски посочи дека градот Скопје стана отворен град и достапен за граѓаните каде отвори и канцеларија за граѓаните и комуникација со граѓаните кои можат да ја направат 24 часа во секое време.

The post Нелоски: Колку чини тревникот среде плоштад на Шилегов? appeared first on Република.

]]>

На денешната седница на Советот на Град Скопје, советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски упати три прашања до градоначалничката на Град Скопје каде запраша дали тревникот на плоштадот има буџетски импликации врз буџетот на Град Скопје? Во врска со тревникот на плоштадот, Нелоски запраша дали тревникот има буџетски импликации врз буџетот на Град Скопје и дали имаме информации за колкава вредност станува збор за тој тревник и дали таа вредност е реална на тој тревник? Нелоски запраша дали во градската администрација има некои податоци или информации за било каква направена јавна набавка за тревникот на плоштадот? Доколку нема направено јавна набавка, тогаш дали има донесено некаква одлука за законска донација на Советот на Град Скопје. Нелоски во однос на второто прашање во врска со порталот за Град Скопје кој го набавил претходното раководство запраша дали тој портал постои и доколку постои дали тој е функционален целосно или има недостатоци? Со оваа најверојатно лоша и криминална набавка ме интересира и колку буџетот на Град Скопје е оштетен? Во упатеното трето прашање Нелоски запраша дали има интерес од граѓаните за оваа отвореност на Градот Скопје и колку барања на граѓаните до сега се решени преку овие платформи? Нелоски посочи дека градот Скопје стана отворен град и достапен за граѓаните каде отвори и канцеларија за граѓаните и комуникација со граѓаните кои можат да ја направат 24 часа во секое време.

The post Нелоски: Колку чини тревникот среде плоштад на Шилегов? appeared first on Република.

]]>