Владимир Милчин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-milchin/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Sep 2023 11:35:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Милчин Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-milchin/ 32 32 Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dhibi-e-vsushnost-dobriot-chovek-na-makedonskiot-teatar-reche-na-komemoratsijata-za-krste-s-dhidrov-rezhiserot-vladimir-milchin/ Wed, 06 Sep 2023 11:35:01 +0000 https://republika.mk/?p=679274

Има една пиеса од Бертолт Брехт, „Добриот човек од Сечуан“. И ние имавме добар човек и го имаме сè уште во нашите сеќавања, во убавите, во неубавите моменти. Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече денеска на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин.

Крсте С. Џидров беше еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, познат по прекарот Џиби. Почина на 3 септември. Имаше 73 години.

Џиби го имаше ширум Југославија. Мислам дека нема театар во Макеоднија во кој Џиби не направил претстава. Тоа е таков голем опус пред кој човек може само да се обиде да замисли, колкав влог, колкава енергија, колкава љубов и трпение имаше Џиби за оние кои работеа во театарите каде тој доаѓаше еднаш два пати, пет пати, зборуваше со љубов кон својот пријател Милчин.

Тој раскажа дека Џиби го запознал пред скопскиот земјотрес во 1963 година. Се присети на дружењето во училишните денови, за формирањето на Поречанско извидничка чета, првото логорување на остров на Вардар, кај мостот во Нерези.

Се разбира, тука не завршува приказната, се случуваат Глодарите, како може без Џиби. Не може. Мора некој да ја држи температурата, мора некој да се грижи за расположението, за оптимизот и тогаш кога не изгледа дека е тоа баш соодветно. Следеше театарската работлница ФФ, Џиби пак е тука. Џиби го создаде тој еден огромен опус, би рекол беше силна поткрепа кога изгледаше дека претстава не оди добро, дека нешто не штима, Џиби не попушташе, рече Милчин во говорот.

Според режисерот, двете битни страни на Џиби се насмеан, ама и загрижен, но прави сè за загриженоста да не се прошири како епидемија во ансамблот. Беше мотор.

Просто, ми се плаче а срамота е да плачам, прв Џиби би ме искарал ако се расплачам. Џиби беше некој кој секогаш се обидуваше да ја најде убавата страна, и тогаш ако одеше настрана, тој ја враќаше каде треба да биде за може да се игра, да се црта, да се режира. Џиби сакаше да живее, ама така што ќе живее со другите, а не сам, не само со смејетсвото, не само со тесната околина и тоа беше многу природно. Беше чисто, отворено, искрено и тоа се особини кои не многу често се собираат во една личност. Џиби е доказ дека театрарот е нешто што ни е неопходно. Ни требаат нови личности, нови уметници, нови театарски уметници како Џиби,. не знам јас дали ќе го дочекам тоа, рече Милчин, додавајќи дека со Џиби последната престава ја работеле во мај, во Прилел, кога тој веќе имал здравствени прооблеми.

Еден ден сите ќе заминеме од овој свет, прашањето е што ќе оставиме зад нас, рече деканот на Дакултетот за драмски уметности Бесфорт Идризи.

Тој говореше за неговото пријателство со Џиби, за деновите поминати во Детски татарски центар, за гостувањата на кои оделе заедно.

Секојдневно се дружевме, иако според возраста можеше да ми биде родител. Со него имав прилика да патувам на различни места и како двајца непушачи, спиевме во иста соба. На овие патувања успеав да видам што сè Џиби оставил зад себе. Речиси да немаше место каде што тој не проектирал фасада, алуминумска конструкција или да не учествувал на некој саем за градежништво. За голем дел од тие градби раскажуваше за разни случки и анегдоти. Немаше место каде што тој не бил со некоја претстава на некој фестивал или со некоја копродукција. А овие места буквално беа од Русија до Африка и од Њујорк до Монголија. А кај нас тој направи неколку битни нешта што оставаа белег на секој што се бави со театар. Тој ги направи сцената и студијата за работа на студентите на ФДУ, студија, кои како што разбрав ден-денес ги викаме базени како што тој ги крсти, рече Идризи.

Според деканот на ФДУ Џиби остави зад себе сцени каде што долго ќе се создаваат новите театарски дејци и каде што долго време ќе се слуша аплауз од публика.

Тој зад себе остави нешто што е многу позначајно, тој остави многу пријатели, насмевки, љубов, прекрасно семејство во кое ќе продолжат да се сеќаваат на неговите дела. А кога сме кај семејствата сакам да споделам една анегдота: Еден ден доаѓа Џиби во Детски театарски центар, нервзен, лут, со тешки чекори се качува по скалите, нешто мрмори, влегува во канцеларијата. Го прашувам: Што е работата, што се случува? Во негов манир, ништо не одговори, потоа пак го прашувам и вели: Дома запнаа некоја кујнска вага треба да наместам, тие што се ставаат на ѕид. Сега со тоа си ја мачам главата. Е па добро, му велам, што има тука лошо? Е па тие ваги мора рамно да бидат наместени и според домашните, тоа мора да биде наместено со васер-вага, вели Џиби, и додава: Па немам таква васер-вага. Па добро Џиби, јас имам, ќе ти дадам. Ме гледа и ме прашува: Навистина имаш таква васер-вага? Да, му велам. Отидовме и му ја дадов. Се среќаваме утредента, ја носи васер-вагата и ми ја враќа. Го прашувам: Ја намести? Право е? Со васер-вага? Да, ја наместив. Ама не со васервага. Па како ја намести, го прашувам? Ја оставив тука, колку дома да гледаат дека има васер-вага. Дома моите забораваат дека јас сум архитект и дека има уште 15 други начини да измерам. Ова го раскажувам насекаде. Џиби, нема да те заборавиме ни како архитект, ниту како сценограф, рече Идризи.

Крсте С. Џидров е роден на 22 декември 1950 во Скопје и започнувајќи од 1970 година до денес работи во областа на театарот. Џиби има изработено над 90 сценографии за драмски претстави во професионалните театри во Македонија и на просториите на некогашна Југославија, од кои над 15 од нив се наградени на фестивали, театарски манифестации и слично. Освен театарска сценографија, тој работи и сценографии за филм – досега има работено на пет реализирани целовечерни играни филмови, како и за повеќе кратки филмови и комерцијални спотови. Џидров има работено и сценографии за приредби од државен карактер, конгреси, културни манифестации, модни ревии и слично. Освен со сценографија, тој се занимава и со графички дизајн, при што има дизајнирано поголем број на каталози и плакати за потребите на повеќе театарски претстави, комерцијални проспекти како и плакати за некои фестивали.

За својата сценографска и графичка дејност, Крсте С. Џидров е добитник на повеќе значајни награди. Од наградите за сценографија кои ги има добиено се оние на: Аматерските театарски смотри во Кочани, во 1981 година, за претставата Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел; потоа на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп во 1984 година (за Натемаго на филозофскиот факултет и Пахантика во сон), 1987 година (за Калуѓерички тишини), 1989 (за Спиро Црне), во 1993 (за Женски прилог во ноќта) и во 2003 година за претставата Колку пати ќе умираме. Исто така е добитник на наградата на фестивалот Стериино позорје, во Нови Сад, во 1987 година, каде ја има добиено наградата УЛУПУДС за претставата Дервишот и смртта на Покраинското позориште од Приштина; на Позоришни сусрети Јоаким Вујиќ во Приштина, 1988 година, за претставата Брегот на жалоста; на БИМАС 85 за претставата Бакхи на Дубровачките летни игри во 1985 година, и на фестивалот на Албански театри во Дебар за претставата Дервишот и смртта Албанска драма Скопје, во 2004 година. Од наградите за театарски плакати значајни се оние на Триеналето на театарски плакат – Стериино позорје, Нови Сад за претставата Баал, во 1990 година, и наградата на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп, за претставата Грев или шприцер (1993 година).

Во својата долгогодишна работа прилично голем дел од сценографиите ги има направено за претставите на режисерот Владимир Милчин.

Во бројката од 41 режисер со кои соработувал Џидров се најголемиот број на македонски режисери од сите генерации: Амет Јакупи, Коле Ангеловски, Илија Милчин, Владо Цветановски, Љупчо Тозија, Владо Денчов, Срѓан Јанаќијевиќ, Димитар Христов, Кирил Петрески, Куштрим Бектеши, Мартин Кочовски, Софија Ристеска, Зоја Бузалковска, Александар Ивановски, Рефет Абази, Бесфорт Идризи, Нехат Мемети… Во својата сценографска кариера Џидров соработува и со гостувачки режисери од странство како што се Ајрин Луис (САД), Владимир Шмигашиевич (Полска), Златко Свибен (Хрватска), Георги Михалков (Бугарија), Александра Ковачевиќ, Златко Паковиќ (Србија), Иван Поповски (Русија), Џејмс Амар (Франција), Тања Милетиќ-Оручевиќ, Дино Мустафиќ (Б и Х), Примож Беблер (Словенија), Фадиљ Хисај, Илиријана Арифи, Агон Мифтари, Агим Сопи, Есад Брајшори (Косово), Гјерг Превази (Албанија), Метју Лентон (Шкотска).

The post Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин appeared first on Република.

]]>

Има една пиеса од Бертолт Брехт, „Добриот човек од Сечуан“. И ние имавме добар човек и го имаме сè уште во нашите сеќавања, во убавите, во неубавите моменти. Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече денеска на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин. Крсте С. Џидров беше еден од најзначајните македонски сценографи и архитект, познат по прекарот Џиби. Почина на 3 септември. Имаше 73 години.
Џиби го имаше ширум Југославија. Мислам дека нема театар во Макеоднија во кој Џиби не направил претстава. Тоа е таков голем опус пред кој човек може само да се обиде да замисли, колкав влог, колкава енергија, колкава љубов и трпение имаше Џиби за оние кои работеа во театарите каде тој доаѓаше еднаш два пати, пет пати, зборуваше со љубов кон својот пријател Милчин.
Тој раскажа дека Џиби го запознал пред скопскиот земјотрес во 1963 година. Се присети на дружењето во училишните денови, за формирањето на Поречанско извидничка чета, првото логорување на остров на Вардар, кај мостот во Нерези.
Се разбира, тука не завршува приказната, се случуваат Глодарите, како може без Џиби. Не може. Мора некој да ја држи температурата, мора некој да се грижи за расположението, за оптимизот и тогаш кога не изгледа дека е тоа баш соодветно. Следеше театарската работлница ФФ, Џиби пак е тука. Џиби го создаде тој еден огромен опус, би рекол беше силна поткрепа кога изгледаше дека претстава не оди добро, дека нешто не штима, Џиби не попушташе, рече Милчин во говорот.
Според режисерот, двете битни страни на Џиби се насмеан, ама и загрижен, но прави сè за загриженоста да не се прошири како епидемија во ансамблот. Беше мотор.
Просто, ми се плаче а срамота е да плачам, прв Џиби би ме искарал ако се расплачам. Џиби беше некој кој секогаш се обидуваше да ја најде убавата страна, и тогаш ако одеше настрана, тој ја враќаше каде треба да биде за може да се игра, да се црта, да се режира. Џиби сакаше да живее, ама така што ќе живее со другите, а не сам, не само со смејетсвото, не само со тесната околина и тоа беше многу природно. Беше чисто, отворено, искрено и тоа се особини кои не многу често се собираат во една личност. Џиби е доказ дека театрарот е нешто што ни е неопходно. Ни требаат нови личности, нови уметници, нови театарски уметници како Џиби,. не знам јас дали ќе го дочекам тоа, рече Милчин, додавајќи дека со Џиби последната престава ја работеле во мај, во Прилел, кога тој веќе имал здравствени прооблеми.
Еден ден сите ќе заминеме од овој свет, прашањето е што ќе оставиме зад нас, рече деканот на Дакултетот за драмски уметности Бесфорт Идризи. Тој говореше за неговото пријателство со Џиби, за деновите поминати во Детски татарски центар, за гостувањата на кои оделе заедно.
Секојдневно се дружевме, иако според возраста можеше да ми биде родител. Со него имав прилика да патувам на различни места и како двајца непушачи, спиевме во иста соба. На овие патувања успеав да видам што сè Џиби оставил зад себе. Речиси да немаше место каде што тој не проектирал фасада, алуминумска конструкција или да не учествувал на некој саем за градежништво. За голем дел од тие градби раскажуваше за разни случки и анегдоти. Немаше место каде што тој не бил со некоја претстава на некој фестивал или со некоја копродукција. А овие места буквално беа од Русија до Африка и од Њујорк до Монголија. А кај нас тој направи неколку битни нешта што оставаа белег на секој што се бави со театар. Тој ги направи сцената и студијата за работа на студентите на ФДУ, студија, кои како што разбрав ден-денес ги викаме базени како што тој ги крсти, рече Идризи.
Според деканот на ФДУ Џиби остави зад себе сцени каде што долго ќе се создаваат новите театарски дејци и каде што долго време ќе се слуша аплауз од публика.
Тој зад себе остави нешто што е многу позначајно, тој остави многу пријатели, насмевки, љубов, прекрасно семејство во кое ќе продолжат да се сеќаваат на неговите дела. А кога сме кај семејствата сакам да споделам една анегдота: Еден ден доаѓа Џиби во Детски театарски центар, нервзен, лут, со тешки чекори се качува по скалите, нешто мрмори, влегува во канцеларијата. Го прашувам: Што е работата, што се случува? Во негов манир, ништо не одговори, потоа пак го прашувам и вели: Дома запнаа некоја кујнска вага треба да наместам, тие што се ставаат на ѕид. Сега со тоа си ја мачам главата. Е па добро, му велам, што има тука лошо? Е па тие ваги мора рамно да бидат наместени и според домашните, тоа мора да биде наместено со васер-вага, вели Џиби, и додава: Па немам таква васер-вага. Па добро Џиби, јас имам, ќе ти дадам. Ме гледа и ме прашува: Навистина имаш таква васер-вага? Да, му велам. Отидовме и му ја дадов. Се среќаваме утредента, ја носи васер-вагата и ми ја враќа. Го прашувам: Ја намести? Право е? Со васер-вага? Да, ја наместив. Ама не со васервага. Па како ја намести, го прашувам? Ја оставив тука, колку дома да гледаат дека има васер-вага. Дома моите забораваат дека јас сум архитект и дека има уште 15 други начини да измерам. Ова го раскажувам насекаде. Џиби, нема да те заборавиме ни како архитект, ниту како сценограф, рече Идризи.
Крсте С. Џидров е роден на 22 декември 1950 во Скопје и започнувајќи од 1970 година до денес работи во областа на театарот. Џиби има изработено над 90 сценографии за драмски претстави во професионалните театри во Македонија и на просториите на некогашна Југославија, од кои над 15 од нив се наградени на фестивали, театарски манифестации и слично. Освен театарска сценографија, тој работи и сценографии за филм – досега има работено на пет реализирани целовечерни играни филмови, како и за повеќе кратки филмови и комерцијални спотови. Џидров има работено и сценографии за приредби од државен карактер, конгреси, културни манифестации, модни ревии и слично. Освен со сценографија, тој се занимава и со графички дизајн, при што има дизајнирано поголем број на каталози и плакати за потребите на повеќе театарски претстави, комерцијални проспекти како и плакати за некои фестивали. За својата сценографска и графичка дејност, Крсте С. Џидров е добитник на повеќе значајни награди. Од наградите за сценографија кои ги има добиено се оние на: Аматерските театарски смотри во Кочани, во 1981 година, за претставата Како трупата „Сина блуза“ ќе ја прикажеше „Животинска фарма“ од Џорџ Орвел; потоа на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп во 1984 година (за Натемаго на филозофскиот факултет и Пахантика во сон), 1987 година (за Калуѓерички тишини), 1989 (за Спиро Црне), во 1993 (за Женски прилог во ноќта) и во 2003 година за претставата Колку пати ќе умираме. Исто така е добитник на наградата на фестивалот Стериино позорје, во Нови Сад, во 1987 година, каде ја има добиено наградата УЛУПУДС за претставата Дервишот и смртта на Покраинското позориште од Приштина; на Позоришни сусрети Јоаким Вујиќ во Приштина, 1988 година, за претставата Брегот на жалоста; на БИМАС 85 за претставата Бакхи на Дубровачките летни игри во 1985 година, и на фестивалот на Албански театри во Дебар за претставата Дервишот и смртта Албанска драма Скопје, во 2004 година. Од наградите за театарски плакати значајни се оние на Триеналето на театарски плакат – Стериино позорје, Нови Сад за претставата Баал, во 1990 година, и наградата на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп, за претставата Грев или шприцер (1993 година). Во својата долгогодишна работа прилично голем дел од сценографиите ги има направено за претставите на режисерот Владимир Милчин. Во бројката од 41 режисер со кои соработувал Џидров се најголемиот број на македонски режисери од сите генерации: Амет Јакупи, Коле Ангеловски, Илија Милчин, Владо Цветановски, Љупчо Тозија, Владо Денчов, Срѓан Јанаќијевиќ, Димитар Христов, Кирил Петрески, Куштрим Бектеши, Мартин Кочовски, Софија Ристеска, Зоја Бузалковска, Александар Ивановски, Рефет Абази, Бесфорт Идризи, Нехат Мемети… Во својата сценографска кариера Џидров соработува и со гостувачки режисери од странство како што се Ајрин Луис (САД), Владимир Шмигашиевич (Полска), Златко Свибен (Хрватска), Георги Михалков (Бугарија), Александра Ковачевиќ, Златко Паковиќ (Србија), Иван Поповски (Русија), Џејмс Амар (Франција), Тања Милетиќ-Оручевиќ, Дино Мустафиќ (Б и Х), Примож Беблер (Словенија), Фадиљ Хисај, Илиријана Арифи, Агон Мифтари, Агим Сопи, Есад Брајшори (Косово), Гјерг Превази (Албанија), Метју Лентон (Шкотска).

The post Џиби е всушност добриот човек на македонскиот театар, рече на комеморацијата за Крсте С. Џидров режисерот Владимир Милчин appeared first on Република.

]]>
Милчин: Ќе прифатиме дека бугарскиот устав е божја заповед? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milchin-kje-prifatime-deka-bugarskiot-ustav-e-bozja-zapoved/ Wed, 07 Sep 2022 08:55:43 +0000 https://republika.mk/?p=548202

Режисерот и поранешен прв човек на Фондацијата Отворено Општество во земјава, Владимир Милчин го прашува она што и повеќето Македонци се прашуваат - зошто не се бара реципроцитет за вметнувањето на бугарското малцинство во Уставот?

Бугарија бара да го смениме уставот за да ги впишеме Бугарите. А зошто не побараме реципроцитет: Бугарија да го смени уставот и да ги впише Македонците? Ќе прифатиме дека нивниот устав е божја заповед?, прашува тој.

The post Милчин: Ќе прифатиме дека бугарскиот устав е божја заповед? appeared first on Република.

Милчин, кој беше еден од најголемите поддржувачи на Заев, бара да се замрзнат преговорите: Коренот на злото е во подготвеноста да се прифати сѐ од Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milchin-koj-beshe-eden-od-najgolemite-poddrzuvachi-na-zaev-bara-da-se-zamrznat-pregovorite-korenot-na-zloto-e-vo-podgotvenosta-da-se-prifati-s-od-bugarija/ Thu, 01 Sep 2022 19:59:43 +0000 https://republika.mk/?p=546567

Неприфатливи се барањата на ЕУ и Бугарија, тие се уцени, ултуматум и Македонија треба да прогласи мораториум на овој процес, да се замрзне процесот, рече режисерот и поранешен прв човек на Фондацијата Отворено Општество во земјава, Владимир Милчин, во гостување на ТВ24. Според него, „ова ќе се вози и ќе има постојан притисок“.

„Тука е болеста. Спремноста да се прифати сѐ од Бугарија. Тука е коренот на злото. Криминалот на власта и криминалот на опозицијата. Имаше пред некој ден имапе невреме во Скопје. Видовме колку е нашата централна и локална власт способна да се справи со ваквите ситуации“, вели Милчин.

Тој ја коментираше неодамнешната изјава на германскиот пратеник Михаел Рот дека уставните измени се „ургентни“, велејќи дека не се ургентни, односно дека се лажно итни.

„Ми се крева косата на главата кога ќе ги чујам ваквите ултиматумски пораки. Итноста на промените, кои стануваат уцена, Западот ги бара експресно. Но, тоа не значи дека членството ќе биде експресно. Всушност, спротивно. Дури и кога би прифатиле сѐ од бугарските барања, процесот ќе трае долго, можеби нема ни јас да го дочекам“, рече Милчин.

Тој смета дека Историската комисија ќе потклекне на барањата на Бугарија, според начелниот договор на двете земји рок за година-две да се расчистат овие прашања.

„Тие се во состојба да мораат да испорачаат. Не очекувам таму силен отпор на ултимативните барања. Тоа што го бара Бугарија не е само надвор од европските вредности, туку надвор од цивилизацијата“, вели Милчин.

The post Милчин, кој беше еден од најголемите поддржувачи на Заев, бара да се замрзнат преговорите: Коренот на злото е во подготвеноста да се прифати сѐ од Бугарија appeared first on Република.

]]>

Неприфатливи се барањата на ЕУ и Бугарија, тие се уцени, ултуматум и Македонија треба да прогласи мораториум на овој процес, да се замрзне процесот, рече режисерот и поранешен прв човек на Фондацијата Отворено Општество во земјава, Владимир Милчин, во гостување на ТВ24. Според него, „ова ќе се вози и ќе има постојан притисок“.
„Тука е болеста. Спремноста да се прифати сѐ од Бугарија. Тука е коренот на злото. Криминалот на власта и криминалот на опозицијата. Имаше пред некој ден имапе невреме во Скопје. Видовме колку е нашата централна и локална власт способна да се справи со ваквите ситуации“, вели Милчин.
Тој ја коментираше неодамнешната изјава на германскиот пратеник Михаел Рот дека уставните измени се „ургентни“, велејќи дека не се ургентни, односно дека се лажно итни.
„Ми се крева косата на главата кога ќе ги чујам ваквите ултиматумски пораки. Итноста на промените, кои стануваат уцена, Западот ги бара експресно. Но, тоа не значи дека членството ќе биде експресно. Всушност, спротивно. Дури и кога би прифатиле сѐ од бугарските барања, процесот ќе трае долго, можеби нема ни јас да го дочекам“, рече Милчин.
Тој смета дека Историската комисија ќе потклекне на барањата на Бугарија, според начелниот договор на двете земји рок за година-две да се расчистат овие прашања. „Тие се во состојба да мораат да испорачаат. Не очекувам таму силен отпор на ултимативните барања. Тоа што го бара Бугарија не е само надвор од европските вредности, туку надвор од цивилизацијата“, вели Милчин.

The post Милчин, кој беше еден од најголемите поддржувачи на Заев, бара да се замрзнат преговорите: Коренот на злото е во подготвеноста да се прифати сѐ од Бугарија appeared first on Република.

]]>
Милчин: Што да направам со програмчињава од Македонскиот театар во Горна Џумаја што ми ги оставил татко ми? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milchin-shto-da-napravam-so-programchinjava-od-makedonskiot-teatar-vo-gorna-dzumaja-shto-mi-gi-ostavil-tatko-mi/ Tue, 19 Jul 2022 15:27:31 +0000 https://republika.mk/?p=531146

Што да направам со програмчињава од Македонскиот театар во Горна Џумаја (Благоевград) што ми ги оставил татко ми? Да ги чувам дома или да ги засолнам во сеф во некоја банка? Како што тргнало, еден ден може да ми дојдат на врата полицајци задолжени за спроведување на заборавот наметнат под диктатот на капитулантите. Оние кои гласаа ЗА и оние кои вревеа, а не гласаа НЕ, пишува на Фејсбук, Владимир Милчин.

The post Милчин: Што да направам со програмчињава од Македонскиот театар во Горна Џумаја што ми ги оставил татко ми? appeared first on Република.

Милчин: Лага е дека коминтерната го „измислила“ македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milchin-laga-e-deka-kominternata-go-izmislila-makedonskiot-jazik/ Mon, 11 Jul 2022 07:12:27 +0000 https://republika.mk/?p=526803

Владимир Милчин пренесува еден од последните написи на неговиот татко Илија Милчин, речиси изгубени во купиштата весници, списанија и книги, посветени главно на Македонците и македонскиот јазик.

Визбата веќе беше преполна, а неговата фотелја во дневната соба беше сардисана од архивата која растеше сè до неговата смрт на 11.3.2002 година. Таа стави точка на неговата посветеност на борбата против молкот и заборавот, вели режисерот.

Написот е објавен во скопски Дневник, 1.8.1997 година:

Чудно нешто: порано нашето минато ни го искривуваа непријателите, а сега тоа го правиме и самите. А, ако се појави книга или текст што се обидува да ги коригира фалсификатите во „преводите“ на дела од странци, кои пишувале објективно за нас, веднаш се јавуваат дежурните плукачи што имаат задача да останат во сила, недемантирани, само црните лаги за нашиот народ, што други ни ги лепеле и ширеле по светот. Токму затоа, за некои настани од кои нема уште живи сведоци, никој нема право да молчи.

И сега се сеќавам дека првпат за „Македонцките работи“ чув во Белград, во 1938 година, кога дојде Митко Зафировски, тогашен член на Комисијата за македонското прашање при ЦК на БРП(К). Знаевме и дека книгата е разгледувана од Македонскиот литературен кружок во Софија, а беше тешко достапна поради малиот број примероци, зашто бугарската власт ја ставила под блокада веднаш по излегувањето од печат во крајот на 1903 година.

Деновиве се сеќавав на тие долги ноќни дискусии, често водени и со висок степен на емоционалност и, за жал, согледав дека сосема малцина сме уште живи. Меѓу нив е само проф. Шоптрајанов, лингвист и професор по француски јазик, кој работеше во сите состави на јазичните комисии и во ослободеното Скопје. Сметам дека ќе биде драгоцен придонес ако се иницира професорот или самиот да напише за работата на комисиите или новинар да го интервјуира, меѓу другото, и за предметот на спорот. Во Г. Врановци имаше сосема мал број лингвисти. Повеќето бевме со друго образование. Во Скопје веќе се вклучија и некои лингвисти, но, за жал, сите се покојни. Денес се живи Ванчо Бурзевски, Киро Хаџивасилев, Илија Топалоски.
Пред да се отпечати „За македонцките работи“, не смее да се заборави, веќе имавме и литература на македонски јазик освен народната. Ќе се задржам само на драмската, зашто таа како да е подзаборавена. Тогаш е објавена пиесата на Марко Цепенко „Црне војвода“, а во 1900 година е изведена „Македонска крвава свадба“ на В. Чернодрински и е отпечатена при крајот на годината, за да доживее второ издание во 1907 година и трето во 1928 година, а некаде во тоа време и едно во САД за нашите иселеници. Војдан во книгата напишал и Упатство во кое, во врска со изговорот, вели: „Акцентот на зборовите обично паѓа врз првиот на едносложните, двосложните и третосложните зборови, врз вториот слог на четворосложните, врз третиот на петтосложните и сл... Кога неколку едносложни зборови ќе се најдат еден до друг, тогаш тие се сметаат како еден збор: Штоти е... НЕ, кога е како одречна честичка, слеано е со зборот...“

Всушност, Чернодрински го објаснувал тоа што денес го нарекуваме акцентски целини, а не бил лингвист. Единствена разлика е што уште немал можност да ги запознае знаците, графемите од азбуката што ќе ги објави Мисирков дури три години подоцна, па затоа се служел со буквите од бугарската азбука.

Суштински значајно е дека Мисирков не затекнал празен јазичен простор, туку имал и македонски текстови, пишувани и отпечатени, но и говорени на сцената, па можел, одлично подготвен филолог, да ги формулира теоретските норми на литературниот јазик, фонолошкиот правопис и азбуката. Здружени, отишле во Белград во декември 1903 година, и додека Војдан со својот театар достојно ја презентирал говорната слика на нашиот јазик од сцената на Народно позориште, Мисирков ја објаснувал посебноста на нашиот јазик пред студентите на Великата школа (Универзитетот) и во разговорите со истакнати српски интелектуалци. Самиот факт што Војдан го зел на пат со ансамблот, иако не бил ни актер, ни режисер, покажува дека со Мисирков имале блиски разбирања за нашата посебност, базирана пред сè врз јазикот. А тоа се години кога сè почесто избива, по поразот на Илинденското востание, во прв план таканареченото српско-бугарско братимство, од кое ќе произлезе блискиот балкански воен сојуз во 1912 година и поделбата на Македонија. Обајцата ја сетиле таа опасност, но не успеале да ја отстранат.
Сепак, претставите во Белград предизвикале бурни реакции. Весникот ‘Пиемонт’, орган на офицерската клика на Драгутин Димитриевиќ – Апис ги нападнал најжестоко, како туѓа пропаганда, а српскиот литературен историчар Андра Гавриловиќ напишал: „Во Белград гостуваше македонската театарска трупа под водство на Чернодрински. Таа, на македонски јазик, прикажа оригинални македонски драми. Кратко речено, бевме исправени пред обид на нова духовна култура, литература и уметност – македонска. Она што го прикажа Чернодрински не беше жаргон... самата појава на неговата македонска продукција говори дека стоиме пред почетоците на нова, четврта литература на словенскиот југ.“ – ‘Бранково коло’, бр. 17 од 29.04.1904.

Иако длабоко загрижено, ова е прво јавно признавање надвор од Македонија, на посебноста на нашиот јазик и литература. Дали по тие настани од првите години на веков ќе продолжат некои наши луѓе и понатаму неодговорно да велат дека јазиков ни го измислила Коминтерната што ја немало тогаш, како ни комунистички партии?

Инаку, во една од јазичните комисии, во веќе ослободеното Скопје, Венко Марковски објаснувал:

„За това централно македонско наречје разбирање произнесе Крсте Мисирков... кој постави како принцип оти македонскиот јазик не е ни болгарски, ни српски јазик...“ Д-р Стојан Ристевски, пак, приведува едно писмо од рускиот славист Берштејн од 12.09.1944 година, „Белешки за македонскиот јазик“, што го нашол во Архивот на Македонија и во белешките на проф. Воислав Илиќ од почетокот на 1945 година. Бернштејн цитира образец на текст на централен говор, што е всушност превод на стихотворбата „Патник“ од П. Прерадовиќ, направен од Мисирков и објавен во неговото списание ’Вардар‘ во 1905 година. При споредба со јазикот на пиесите на Чернодрински, стариот наш театарски Војдан, инаку негов врсник, чесно и достоинствено држи чекор со Мисирков...

Лагата дека Коминтерната го измислила нашиов јазик е временски лоцирана во 1934 година и божем поврзана со прочуеното писмо од Георги Димитров до Македонскиот народен сојуз во САД. Но, во таа година во Коминтерната никнува тезата за постоењето на „добруџанска“ и „тракиска“ нација. Зошто таа „теза“ пропаднала како истишен балон? Просто затоа што Бугарите од Добруџа и Тракија секогаш говореле бугарски, а нашата посебна нација го издржала искушението на сите македонски голготи, зашто уште во 19. век се разликувал од бугарскиот, иако близок јазик. Впрочем, рускиот славист Лавров, Французите Андре Мазон и Андре Вајан, многу години пред 1934-та ја виделе и ја одбележале таа разлика во своите трудови.
Наспроти повикувањето на Крчовски, Пејчиновиќ, Константин и Димитар Миладинови, Ј. Х. Константинов – Џинот, Партениј Зографски, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, како „најбугарски преродбеници во 19. век“, дури и најповршната анализа на јазикот на кој пишувале, покажува сосема јасно дека е тој поинаков од бугарскиот.

Зар треба везден да се потсетуваме дека Прличев, на пример, никогаш и не го научил добро бугарскиот јазик, па бил жестоко критикуван за тоа од Нешо Бончев? А не го научил и предавал во гимназијата во Солун на својот охридски говор, зашто учел во грчки училишта, а не живеел во Бугарија. Додека Кузман Шапкарев бил и гонет од бугарската стамболовштина зашто барал учебниците за децата во Македонија да се пишуваат на македонски за да бидат полесно разбирливи за учениците. А како да се објасни појавата на „Лоза“, печатена на македонски, под раководство на Петар Поп Арсов, со силна поддршка на Даме Груев, обајцата од групата основачи на ВМРО? По Чернодрински се јавува Васил Иљоски, со својата „Ленче Кумановче“, напишана и играна на кумановски дијалект во 1928 година, во Народно позориште во Скопје и набрзо симната од сцената од српската власт. „Македонска крвава свадба“, под друг наслов и без името на Војдана, се игра во разни градови и по 1918 година. Сето тоа е пред 1934 година. И македонските ученици и студенти пишуваат на родниот јазик. Љубен Лапе води дневник на македонски од 1931 година. Димче Аџимитрески веќе од 1932 година, заедно со Кочо Рацин, Венко Марковски и Коле Неделковски, во Скопје, се обидува да создава азбука, а сите пишуваат поезија на македонски. А каде е тогаш уште „одлуката“ на Коминтерната? Го споменувам овде само она што е пред 1934 година за да се согледа сета лажливост дека сме измислени од Коминтерната.

Сè на сè, полемиката не придонесува многу за солидно објаснување на настаните и не ја пополнува празнината во објективното информирање на помладите поколенија. Па сепак, ако точно се опишат настаните и се наредат хронолошки, едно е неспорно: имаме и корени, последовност во развитокот на нашиов јазик и литература многу време, повеќе децении пред АСНОМ. Не сме „измислени“ од никого и на никого не му должиме ништо за интегритетот на нашата нација. Тоа треба да го знае секој млад Македонец и никој нема право да го доведува во заблуди.

The post Милчин: Лага е дека коминтерната го „измислила“ македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Владимир Милчин пренесува еден од последните написи на неговиот татко Илија Милчин, речиси изгубени во купиштата весници, списанија и книги, посветени главно на Македонците и македонскиот јазик. Визбата веќе беше преполна, а неговата фотелја во дневната соба беше сардисана од архивата која растеше сè до неговата смрт на 11.3.2002 година. Таа стави точка на неговата посветеност на борбата против молкот и заборавот, вели режисерот. Написот е објавен во скопски Дневник, 1.8.1997 година: Чудно нешто: порано нашето минато ни го искривуваа непријателите, а сега тоа го правиме и самите. А, ако се појави книга или текст што се обидува да ги коригира фалсификатите во „преводите“ на дела од странци, кои пишувале објективно за нас, веднаш се јавуваат дежурните плукачи што имаат задача да останат во сила, недемантирани, само црните лаги за нашиот народ, што други ни ги лепеле и ширеле по светот. Токму затоа, за некои настани од кои нема уште живи сведоци, никој нема право да молчи. И сега се сеќавам дека првпат за „Македонцките работи“ чув во Белград, во 1938 година, кога дојде Митко Зафировски, тогашен член на Комисијата за македонското прашање при ЦК на БРП(К). Знаевме и дека книгата е разгледувана од Македонскиот литературен кружок во Софија, а беше тешко достапна поради малиот број примероци, зашто бугарската власт ја ставила под блокада веднаш по излегувањето од печат во крајот на 1903 година. Деновиве се сеќавав на тие долги ноќни дискусии, често водени и со висок степен на емоционалност и, за жал, согледав дека сосема малцина сме уште живи. Меѓу нив е само проф. Шоптрајанов, лингвист и професор по француски јазик, кој работеше во сите состави на јазичните комисии и во ослободеното Скопје. Сметам дека ќе биде драгоцен придонес ако се иницира професорот или самиот да напише за работата на комисиите или новинар да го интервјуира, меѓу другото, и за предметот на спорот. Во Г. Врановци имаше сосема мал број лингвисти. Повеќето бевме со друго образование. Во Скопје веќе се вклучија и некои лингвисти, но, за жал, сите се покојни. Денес се живи Ванчо Бурзевски, Киро Хаџивасилев, Илија Топалоски. Пред да се отпечати „За македонцките работи“, не смее да се заборави, веќе имавме и литература на македонски јазик освен народната. Ќе се задржам само на драмската, зашто таа како да е подзаборавена. Тогаш е објавена пиесата на Марко Цепенко „Црне војвода“, а во 1900 година е изведена „Македонска крвава свадба“ на В. Чернодрински и е отпечатена при крајот на годината, за да доживее второ издание во 1907 година и трето во 1928 година, а некаде во тоа време и едно во САД за нашите иселеници. Војдан во книгата напишал и Упатство во кое, во врска со изговорот, вели: „Акцентот на зборовите обично паѓа врз првиот на едносложните, двосложните и третосложните зборови, врз вториот слог на четворосложните, врз третиот на петтосложните и сл... Кога неколку едносложни зборови ќе се најдат еден до друг, тогаш тие се сметаат како еден збор: Штоти е... НЕ, кога е како одречна честичка, слеано е со зборот...“ Всушност, Чернодрински го објаснувал тоа што денес го нарекуваме акцентски целини, а не бил лингвист. Единствена разлика е што уште немал можност да ги запознае знаците, графемите од азбуката што ќе ги објави Мисирков дури три години подоцна, па затоа се служел со буквите од бугарската азбука. Суштински значајно е дека Мисирков не затекнал празен јазичен простор, туку имал и македонски текстови, пишувани и отпечатени, но и говорени на сцената, па можел, одлично подготвен филолог, да ги формулира теоретските норми на литературниот јазик, фонолошкиот правопис и азбуката. Здружени, отишле во Белград во декември 1903 година, и додека Војдан со својот театар достојно ја презентирал говорната слика на нашиот јазик од сцената на Народно позориште, Мисирков ја објаснувал посебноста на нашиот јазик пред студентите на Великата школа (Универзитетот) и во разговорите со истакнати српски интелектуалци. Самиот факт што Војдан го зел на пат со ансамблот, иако не бил ни актер, ни режисер, покажува дека со Мисирков имале блиски разбирања за нашата посебност, базирана пред сè врз јазикот. А тоа се години кога сè почесто избива, по поразот на Илинденското востание, во прв план таканареченото српско-бугарско братимство, од кое ќе произлезе блискиот балкански воен сојуз во 1912 година и поделбата на Македонија. Обајцата ја сетиле таа опасност, но не успеале да ја отстранат. Сепак, претставите во Белград предизвикале бурни реакции. Весникот ‘Пиемонт’, орган на офицерската клика на Драгутин Димитриевиќ – Апис ги нападнал најжестоко, како туѓа пропаганда, а српскиот литературен историчар Андра Гавриловиќ напишал: „Во Белград гостуваше македонската театарска трупа под водство на Чернодрински. Таа, на македонски јазик, прикажа оригинални македонски драми. Кратко речено, бевме исправени пред обид на нова духовна култура, литература и уметност – македонска. Она што го прикажа Чернодрински не беше жаргон... самата појава на неговата македонска продукција говори дека стоиме пред почетоците на нова, четврта литература на словенскиот југ.“ – ‘Бранково коло’, бр. 17 од 29.04.1904. Иако длабоко загрижено, ова е прво јавно признавање надвор од Македонија, на посебноста на нашиот јазик и литература. Дали по тие настани од првите години на веков ќе продолжат некои наши луѓе и понатаму неодговорно да велат дека јазиков ни го измислила Коминтерната што ја немало тогаш, како ни комунистички партии? Инаку, во една од јазичните комисии, во веќе ослободеното Скопје, Венко Марковски објаснувал: „За това централно македонско наречје разбирање произнесе Крсте Мисирков... кој постави како принцип оти македонскиот јазик не е ни болгарски, ни српски јазик...“ Д-р Стојан Ристевски, пак, приведува едно писмо од рускиот славист Берштејн од 12.09.1944 година, „Белешки за македонскиот јазик“, што го нашол во Архивот на Македонија и во белешките на проф. Воислав Илиќ од почетокот на 1945 година. Бернштејн цитира образец на текст на централен говор, што е всушност превод на стихотворбата „Патник“ од П. Прерадовиќ, направен од Мисирков и објавен во неговото списание ’Вардар‘ во 1905 година. При споредба со јазикот на пиесите на Чернодрински, стариот наш театарски Војдан, инаку негов врсник, чесно и достоинствено држи чекор со Мисирков... Лагата дека Коминтерната го измислила нашиов јазик е временски лоцирана во 1934 година и божем поврзана со прочуеното писмо од Георги Димитров до Македонскиот народен сојуз во САД. Но, во таа година во Коминтерната никнува тезата за постоењето на „добруџанска“ и „тракиска“ нација. Зошто таа „теза“ пропаднала како истишен балон? Просто затоа што Бугарите од Добруџа и Тракија секогаш говореле бугарски, а нашата посебна нација го издржала искушението на сите македонски голготи, зашто уште во 19. век се разликувал од бугарскиот, иако близок јазик. Впрочем, рускиот славист Лавров, Французите Андре Мазон и Андре Вајан, многу години пред 1934-та ја виделе и ја одбележале таа разлика во своите трудови. Наспроти повикувањето на Крчовски, Пејчиновиќ, Константин и Димитар Миладинови, Ј. Х. Константинов – Џинот, Партениј Зографски, Григор Прличев, Кузман Шапкарев, Марко Цепенков, како „најбугарски преродбеници во 19. век“, дури и најповршната анализа на јазикот на кој пишувале, покажува сосема јасно дека е тој поинаков од бугарскиот. Зар треба везден да се потсетуваме дека Прличев, на пример, никогаш и не го научил добро бугарскиот јазик, па бил жестоко критикуван за тоа од Нешо Бончев? А не го научил и предавал во гимназијата во Солун на својот охридски говор, зашто учел во грчки училишта, а не живеел во Бугарија. Додека Кузман Шапкарев бил и гонет од бугарската стамболовштина зашто барал учебниците за децата во Македонија да се пишуваат на македонски за да бидат полесно разбирливи за учениците. А како да се објасни појавата на „Лоза“, печатена на македонски, под раководство на Петар Поп Арсов, со силна поддршка на Даме Груев, обајцата од групата основачи на ВМРО? По Чернодрински се јавува Васил Иљоски, со својата „Ленче Кумановче“, напишана и играна на кумановски дијалект во 1928 година, во Народно позориште во Скопје и набрзо симната од сцената од српската власт. „Македонска крвава свадба“, под друг наслов и без името на Војдана, се игра во разни градови и по 1918 година. Сето тоа е пред 1934 година. И македонските ученици и студенти пишуваат на родниот јазик. Љубен Лапе води дневник на македонски од 1931 година. Димче Аџимитрески веќе од 1932 година, заедно со Кочо Рацин, Венко Марковски и Коле Неделковски, во Скопје, се обидува да создава азбука, а сите пишуваат поезија на македонски. А каде е тогаш уште „одлуката“ на Коминтерната? Го споменувам овде само она што е пред 1934 година за да се согледа сета лажливост дека сме измислени од Коминтерната. Сè на сè, полемиката не придонесува многу за солидно објаснување на настаните и не ја пополнува празнината во објективното информирање на помладите поколенија. Па сепак, ако точно се опишат настаните и се наредат хронолошки, едно е неспорно: имаме и корени, последовност во развитокот на нашиов јазик и литература многу време, повеќе децении пред АСНОМ. Не сме „измислени“ од никого и на никого не му должиме ништо за интегритетот на нашата нација. Тоа треба да го знае секој млад Македонец и никој нема право да го доведува во заблуди.

The post Милчин: Лага е дека коминтерната го „измислила“ македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Милчин: Ковачевски има ноевска стратегија со главата в песок, што би рекле Србите „нисам одавде“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milchin-kovachevski-ima-noevska-strategija-so-glavata-v-pesok-shto-bi-rekle-srbite-nisam-odavde/ Mon, 18 Apr 2022 10:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=489933

Професорот Владимир Милчин на Фејсбук го критикува однесувањето на премиерот Димитар Ковачевски за настанот во Битола и неговото молчење.

Ковачевски има ноевска стратегија. Со главата в песок. Што би рекле Србите: Нисам одавде! Тоа што ја доупропастува партијата е ништо во споредба со тоа што ја ничкосува Македонија-коментира Милчин.

The post Милчин: Ковачевски има ноевска стратегија со главата в песок, што би рекле Србите „нисам одавде“ appeared first on Република.

Mилчин за Бујар Османи: Забега министерчево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/milchin-za-bujar-osmani-zabega-ministerchevo/ Sun, 06 Feb 2022 10:32:24 +0000 https://republika.mk/?p=454700

„Забега министерчево! Порачува ‘Сус!’ за историчарите, но и за целата јавност!”, коментира режисерот Владимир Милчин, по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во која тој вели: „Политичарите да не коментираат историски прашања, историчарите да не коментираат политички прашања. Историчарите не смеат да зборуваат за процесот што ги дефинира политичките прашања“.

Милчин на Фејсбук пишува: Ќе дели дозволи за ‘благонадежните’ кои ќе смеат да ги коментираат, односно да им аплаудираат на политичарите? На власта која не трпи критика и кога е боса, односно некомпетентна за проблемот, како што е некомпетентна за историјата. Грдо е да распродаваш туѓа историја и згора на тоа да наложуваш молк!

ПС. Ќути кад разговараш са мном, ни наредуваа капларите во ЈНА. На тоа ме потсетува Бујар Османи.

The post Mилчин за Бујар Османи: Забега министерчево appeared first on Република.

]]>

„Забега министерчево! Порачува ‘Сус!’ за историчарите, но и за целата јавност!”, коментира режисерот Владимир Милчин, по изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, во која тој вели: „Политичарите да не коментираат историски прашања, историчарите да не коментираат политички прашања. Историчарите не смеат да зборуваат за процесот што ги дефинира политичките прашања“. Милчин на Фејсбук пишува: Ќе дели дозволи за ‘благонадежните’ кои ќе смеат да ги коментираат, односно да им аплаудираат на политичарите? На власта која не трпи критика и кога е боса, односно некомпетентна за проблемот, како што е некомпетентна за историјата. Грдо е да распродаваш туѓа историја и згора на тоа да наложуваш молк! ПС. Ќути кад разговараш са мном, ни наредуваа капларите во ЈНА. На тоа ме потсетува Бујар Османи.

The post Mилчин за Бујар Османи: Забега министерчево appeared first on Република.

]]>