Владимир Медински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-medinski/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Apr 2022 17:42:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Медински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-medinski/ 32 32 Лавров: Украинскиот претседател и неговите советници оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-ukrainskiot-pretsedatel-i-negovite-sovetnici-ostavaat-vpechatok-deka-voopshto-ne-im-trebaat-pregovori/ Fri, 22 Apr 2022 17:42:25 +0000 https://republika.mk/?p=492414

Главниот руски преговарач Владимир Медински, соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Медински не даде детали за овие разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави „Скај Њуз“.

Досега се одржани неколку рунди мировни преговори меѓу Москва и Киев, но двете страни допрва треба да ги договорат условите за прекин на огнот.

Во меѓувреме, се огласи и шефот на руската дипломатија, Сергеј Ллавров, кој истакна дека преговорите „тапкаат во место“.

Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор на предлогот што го испративме до украинските преговарачи пред пет дена, во кој ги зедовме предвид нивните коментари - изјави Лавров на прес-конференција во Москва во друштво на казахстанскиот колега Мухтар Тлеуберди.

Рускиот министер изјави и дека се сомнева во подготвеноста на украинските лидери да продолжат со овие преговори.

За мене е многу чудно да слушам изјави секој ден (…), дури и од (украинскиот) претседател и неговите советници, кои оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори - порача Лавров.

The post Лавров: Украинскиот претседател и неговите советници оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори appeared first on Република.

]]>

Главниот руски преговарач Владимир Медински, соопшти дека денеска се одржале „неколку долги разговори“ со шефот на делегацијата на Украина. Медински не даде детали за овие разговори, за кои се смета дека се водат во обид да се преговара за прекин на огнот по неколку недели војна, јави „Скај Њуз“. Досега се одржани неколку рунди мировни преговори меѓу Москва и Киев, но двете страни допрва треба да ги договорат условите за прекин на огнот. Во меѓувреме, се огласи и шефот на руската дипломатија, Сергеј Ллавров, кој истакна дека преговорите „тапкаат во место“.
Тапкаат во место бидејќи сè уште нема одговор на предлогот што го испративме до украинските преговарачи пред пет дена, во кој ги зедовме предвид нивните коментари - изјави Лавров на прес-конференција во Москва во друштво на казахстанскиот колега Мухтар Тлеуберди.
Рускиот министер изјави и дека се сомнева во подготвеноста на украинските лидери да продолжат со овие преговори.
За мене е многу чудно да слушам изјави секој ден (…), дури и од (украинскиот) претседател и неговите советници, кои оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори - порача Лавров.

The post Лавров: Украинскиот претседател и неговите советници оставаат впечаток дека воопшто не им требаат преговори appeared first on Република.

]]>
Знак на добра волја: Русија ќе ги прекине операциите во Киев и Чернигов https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/znak-na-dobra-volja-rusija-kje-gi-prekine-operaciite-vo-kiev-i-chernigov/ Tue, 29 Mar 2022 12:37:36 +0000 https://republika.mk/?p=480331

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински, соопшти дека Русија презема два чекора за деескалација на конфликтот против Украина.

Руското Министерство за одбрана одлучи драстично да ги намали воените активности во областите Киев и Чернигов. Средбата меѓу Путин и Зеленски е можна во исто време со парафирањето на договорот меѓу Русија и Украина на ниво на МНР.

 

Отидовме конструктивно. Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно искажана позиција за вклучување во договорот. Овие предлози ќе бидат разгледани во блиска иднина и доставени до претседателот. Поаѓаме од фактот дека релевантните клучни одлуки ќе бидат донесени во Киев и дека ќе треба да се создадат услови за понатамошна нормална работа - порача Медински.

The post Знак на добра волја: Русија ќе ги прекине операциите во Киев и Чернигов appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински, соопшти дека Русија презема два чекора за деескалација на конфликтот против Украина.
Руското Министерство за одбрана одлучи драстично да ги намали воените активности во областите Киев и Чернигов. Средбата меѓу Путин и Зеленски е можна во исто време со парафирањето на договорот меѓу Русија и Украина на ниво на МНР.   Отидовме конструктивно. Добивме предлози од Украина да ја разгледаме нивната јасно искажана позиција за вклучување во договорот. Овие предлози ќе бидат разгледани во блиска иднина и доставени до претседателот. Поаѓаме од фактот дека релевантните клучни одлуки ќе бидат донесени во Киев и дека ќе треба да се создадат услови за понатамошна нормална работа - порача Медински.

The post Знак на добра волја: Русија ќе ги прекине операциите во Киев и Чернигов appeared first on Република.

]]>
Главниот руски преговарач: Бараме демилитаризација, признавање на Крим и Донбас https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/glavniot-ruski-pregovarach-barame-demilitarizacija-priznavanje-na-krim-i-donbas/ Fri, 25 Mar 2022 16:27:10 +0000 https://republika.mk/?p=478531

Шефот на рускиот преговарачки тим со Украина, Владимир Медински, изјави дека Русија сака постигнување „сеопфатен договор“ со Украина, во кој, освен неутралниот статус на Украина и безбедносните гаранции, ќе биде вклучени и точки кои се од витално значење за Руската Федерација.

Малку е веројатно постигнување договор со Киев без демилитаризација, денацификација, признавање на Крим и Донбас - изјави Медински.

Тој вели дека руската страна инсистира и на уште некои точки, без кои, исто така, е малку веројатно постигнување на договор.

Медински посочи, дека и двете страни во преговорите се повеќе се приближуваат во разбирањето околу помалку важните прашања, но додаде дека е постигнат само ограничен напредок за клучните прашања.

The post Главниот руски преговарач: Бараме демилитаризација, признавање на Крим и Донбас appeared first on Република.

]]>

Шефот на рускиот преговарачки тим со Украина, Владимир Медински, изјави дека Русија сака постигнување „сеопфатен договор“ со Украина, во кој, освен неутралниот статус на Украина и безбедносните гаранции, ќе биде вклучени и точки кои се од витално значење за Руската Федерација.
Малку е веројатно постигнување договор со Киев без демилитаризација, денацификација, признавање на Крим и Донбас - изјави Медински.
Тој вели дека руската страна инсистира и на уште некои точки, без кои, исто така, е малку веројатно постигнување на договор. Медински посочи, дека и двете страни во преговорите се повеќе се приближуваат во разбирањето околу помалку важните прашања, но додаде дека е постигнат само ограничен напредок за клучните прашања.

The post Главниот руски преговарач: Бараме демилитаризација, признавање на Крим и Донбас appeared first on Република.

]]>
Медински: Има приближување до договор за неутрален статус на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/medinski-ima-priblizuvanje-do-dogovor-za-neutralen-status-na-ukraina/ Fri, 18 Mar 2022 20:08:32 +0000 https://republika.mk/?p=475160

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински денеска изјави дека двете страни се приближиле до договор за неутрален статус на Украина.

Медински, кој го предводеше рускиот тим во неколку рунди преговори со Украина, истакна дека страните ги намалиле разликите по прашањето за откажување на Украина од членството во НАТО и прифаќање на неутрален статус.

Прашањето за неутралниот статус на Украина и нејзиното неприклучување во НАТО е едно од клучните прашања во преговорите, а тоа е прашањето каде страните ги приближија своите позиции што е можно повеќе - потенцира Медински.

Според него Москва и Киев сега се на „половина пат“ по прашањето за демилитаризација на Украина. Тој додаде дека Киев инсистира на реинтеграција на сепаратистичките региони во Источна Украина, поддржани од Русија и дека Москва смета дека на жителите на тие области мора да им се дозволи сами да си ја одредат судбината.

Медински посочи и дека е можна средбата меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, но откако преговарачите ќе го финализираат нацрт-договорот за прекин на воените дејствија и кога ќе биде одобрен од владите на двете земји.

The post Медински: Има приближување до договор за неутрален статус на Украина appeared first on Република.

]]>

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински денеска изјави дека двете страни се приближиле до договор за неутрален статус на Украина. Медински, кој го предводеше рускиот тим во неколку рунди преговори со Украина, истакна дека страните ги намалиле разликите по прашањето за откажување на Украина од членството во НАТО и прифаќање на неутрален статус.
Прашањето за неутралниот статус на Украина и нејзиното неприклучување во НАТО е едно од клучните прашања во преговорите, а тоа е прашањето каде страните ги приближија своите позиции што е можно повеќе - потенцира Медински.
Според него Москва и Киев сега се на „половина пат“ по прашањето за демилитаризација на Украина. Тој додаде дека Киев инсистира на реинтеграција на сепаратистичките региони во Источна Украина, поддржани од Русија и дека Москва смета дека на жителите на тие области мора да им се дозволи сами да си ја одредат судбината. Медински посочи и дека е можна средбата меѓу претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Владимир Зеленски, но откако преговарачите ќе го финализираат нацрт-договорот за прекин на воените дејствија и кога ќе биде одобрен од владите на двете земји.

The post Медински: Има приближување до договор за неутрален статус на Украина appeared first on Република.

]]>