Владимир Лукаш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-lukash/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 08:10:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Лукаш Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-lukash/ 32 32 Владимир Лукаш ќе ја промовира новата книга за возрасни „Гени, мени, сени (Потекло на бабите)“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vladimir-lukash-ke-ja-promovira-novata-kniga-za-vozrasni-geni-meni-seni-poteklo-na-babite/ Wed, 07 Feb 2024 08:09:44 +0000 https://republika.mk/?p=741263

Новата книга за возрасни на Владимир Лукаш „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите)“, ќе биде промовирана вечечрва, на 7. февруари во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“. Промоторка на романот ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

„Гени, мени, сени“ можеби не е роман каков што сме научиле да биде, но несомнено е роман каков што бара и раѓа нашето време. Фрагментарноста издигната на ниво на само една димензија од романескниот книжевен холограм, здружена со поетското и ликовното, со факциското и фикциското, ја овозможува жанровската преобразба на кусата проза (на микро план) во роман (на макро план). Ова е роман по мерка на новиот, љубопитен и отворен читател за флуидноста, и како авторска, но и како рецепциска стратегија, како можен поглед на светот, на зборот, на сликата, на бојата, на емоцијата, на мечтата трансформирана во нужност, на потребата трансформирана во стварност.

Како и секој холограм, и „Гени, мени, сени“, романескниот холограм на Владимир Лукаш, е тродимензионален и во буквална и во метафорична смисла. Во него има едночудо тројства: три поглавја; тријади од проза, поезија и цртежи; од фотографии, сеќавања и мечти; од слушам, гледам и додавам; од помнам, коригирам/конфабулирам и умножувам...

Поднасловот – Потеклото на бабите е мошне значаен. Не само затоа што е еден вид дескрипција на темата / на фокусот на романот, туку затоа што на него цврсто е потпрена приказната. Со тоа станува чудесно стабилен пред емоционалните налети и страшните животни ветришта на неколкуте главни ликови: Јас-раскажувачот, Таткото и Битната Жена скриена во родот (ТАА) како баба, како мајка, како љубовница, а најмногу од сè – како ЉУБОВ.

Ова е весел роман за најтажното, смешен роман за најсериозното.

Владимир Лукаш (1978) е музичар, визуелен уметник и писател. „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите“ е негова десетта книга. Претходно ги има објавено: „Мамурлаци“, „Се гледаме наскоро. Е.“, „Дедлајна, љубов моја“ (за возрасни); „Микромонографија на отпадниците од светот на анимираниот филм“ (артбук), „Ши, Ѕифри, Копчи“, „Поклони се и почни“, „Пу за Мите, пу за сите“, „Суштествијада“ (за деца) и „Радишански прелудиуми“ (минијатури за пијано). Има илустрирано повеќе книги, реализирано многу групни и самостојни изложби, автор е и на неколку анимирани филмови.

Промоцијата на книгата ќе се одржи во рамки на „Денови на литературата“ во Литература.мк која ќе се одржува во период од 06 до 20 февруари.
Книгата е во издание на Супрема и достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

The post Владимир Лукаш ќе ја промовира новата книга за возрасни „Гени, мени, сени (Потекло на бабите)“ appeared first on Република.

]]>

Новата книга за возрасни на Владимир Лукаш „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите)“, ќе биде промовирана вечечрва, на 7. февруари во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улица „Македонија“. Промоторка на романот ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. „Гени, мени, сени“ можеби не е роман каков што сме научиле да биде, но несомнено е роман каков што бара и раѓа нашето време. Фрагментарноста издигната на ниво на само една димензија од романескниот книжевен холограм, здружена со поетското и ликовното, со факциското и фикциското, ја овозможува жанровската преобразба на кусата проза (на микро план) во роман (на макро план). Ова е роман по мерка на новиот, љубопитен и отворен читател за флуидноста, и како авторска, но и како рецепциска стратегија, како можен поглед на светот, на зборот, на сликата, на бојата, на емоцијата, на мечтата трансформирана во нужност, на потребата трансформирана во стварност. Како и секој холограм, и „Гени, мени, сени“, романескниот холограм на Владимир Лукаш, е тродимензионален и во буквална и во метафорична смисла. Во него има едночудо тројства: три поглавја; тријади од проза, поезија и цртежи; од фотографии, сеќавања и мечти; од слушам, гледам и додавам; од помнам, коригирам/конфабулирам и умножувам... Поднасловот – Потеклото на бабите е мошне значаен. Не само затоа што е еден вид дескрипција на темата / на фокусот на романот, туку затоа што на него цврсто е потпрена приказната. Со тоа станува чудесно стабилен пред емоционалните налети и страшните животни ветришта на неколкуте главни ликови: Јас-раскажувачот, Таткото и Битната Жена скриена во родот (ТАА) како баба, како мајка, како љубовница, а најмногу од сè – како ЉУБОВ. Ова е весел роман за најтажното, смешен роман за најсериозното. Владимир Лукаш (1978) е музичар, визуелен уметник и писател. „Гени, мени, сени (Потеклото на бабите“ е негова десетта книга. Претходно ги има објавено: „Мамурлаци“, „Се гледаме наскоро. Е.“, „Дедлајна, љубов моја“ (за возрасни); „Микромонографија на отпадниците од светот на анимираниот филм“ (артбук), „Ши, Ѕифри, Копчи“, „Поклони се и почни“, „Пу за Мите, пу за сите“, „Суштествијада“ (за деца) и „Радишански прелудиуми“ (минијатури за пијано). Има илустрирано повеќе книги, реализирано многу групни и самостојни изложби, автор е и на неколку анимирани филмови. Промоцијата на книгата ќе се одржи во рамки на „Денови на литературата“ во Литература.мк која ќе се одржува во период од 06 до 20 февруари. Книгата е во издание на Супрема и достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн.

The post Владимир Лукаш ќе ја промовира новата книга за возрасни „Гени, мени, сени (Потекло на бабите)“ appeared first on Република.

]]>
Сликовницата „Поклони се и почни“ од Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров ќе биде промовирана заедно со работилница за деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slikovnicata-pokloni-se-i-pochni-od-vladimir-lukash-i-ljubisha-kamenjarov-kje-bide-promovirana-zaedno-so-rabotilnica-za-deca/ Wed, 30 Nov 2022 08:51:14 +0000 https://republika.mk/?p=579914

Новата книга за деца „Поклони се и почни“, со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров, ќе биде промовирана на втори декември (петок), во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Настанот ќе почне со работилница за деца, инспирирана од ликовите во книгата.

„Поклони се и почни“ е ведра, игрива книга за заедништвото, забавно поттикнување на децата (и животните!) да учествуваат во најразлични собирања и прослави по секакви поводи – „раѓањето на десетмилијардитото ливче во шумата“, во конкретниов случај. И кога знаат и кога не знаат да пеат, да играат, да пишуваат песни и да римуваат, децата треба да се собираат како и животните од сликовницата (штурчето Свирче, богомолката Богдана, бумбарот Јакоб, дабарот Дрварко и црвеношиестиот валаби), бидејќи шансите да го научат она што го сакаат се многу поголеми кога околу нив има повеќемина што можат да помогнат. Или барем само да слушаат. Односот помеѓу штурчето Свирче, главниот херој во сликовницата, кое сака а не знае да пишува во рима и дабарот Дрварко кому не му е гајле за рима а одлично ја владее, е прекрасен пример за волшебната моќ на дружбата. На крајот од сликовницата има и работен додаток за совладување на римите, така што сите, и ликовите и читателите, излегуваат од оваа духовита, несекојдневна книга на Лукаш и Камењаров оспособени за дружење и... римување.

„Поклони се и почни“ е симболичен поттик за секое дете да го земе микрофонот на своите желби в раце и да ја почне забавата на детството по сопствена мера. Како вистинска, среќна „ѕверка“!

Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров се родени во истата „еднаш одамна“ година, во истата болница, а можеби и на истиот кревет, но неколку месеци еден по друг. Се познаваат од многу одамна и другаруваат од речиси веднаш. Лукаш пишува, Камењаров црта и... колку што се сеќаваат никогаш не се скарале. Дури ни за молив!

The post Сликовницата „Поклони се и почни“ од Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров ќе биде промовирана заедно со работилница за деца appeared first on Република.

]]>

Новата книга за деца „Поклони се и почни“, со текст на Владимир Лукаш и илустрации од Љубиша Камењаров, ќе биде промовирана на втори декември (петок), во 18:30 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Промоторка на сликовницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Настанот ќе почне со работилница за деца, инспирирана од ликовите во книгата. „Поклони се и почни“ е ведра, игрива книга за заедништвото, забавно поттикнување на децата (и животните!) да учествуваат во најразлични собирања и прослави по секакви поводи – „раѓањето на десетмилијардитото ливче во шумата“, во конкретниов случај. И кога знаат и кога не знаат да пеат, да играат, да пишуваат песни и да римуваат, децата треба да се собираат како и животните од сликовницата (штурчето Свирче, богомолката Богдана, бумбарот Јакоб, дабарот Дрварко и црвеношиестиот валаби), бидејќи шансите да го научат она што го сакаат се многу поголеми кога околу нив има повеќемина што можат да помогнат. Или барем само да слушаат. Односот помеѓу штурчето Свирче, главниот херој во сликовницата, кое сака а не знае да пишува во рима и дабарот Дрварко кому не му е гајле за рима а одлично ја владее, е прекрасен пример за волшебната моќ на дружбата. На крајот од сликовницата има и работен додаток за совладување на римите, така што сите, и ликовите и читателите, излегуваат од оваа духовита, несекојдневна книга на Лукаш и Камењаров оспособени за дружење и... римување. „Поклони се и почни“ е симболичен поттик за секое дете да го земе микрофонот на своите желби в раце и да ја почне забавата на детството по сопствена мера. Како вистинска, среќна „ѕверка“! Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров се родени во истата „еднаш одамна“ година, во истата болница, а можеби и на истиот кревет, но неколку месеци еден по друг. Се познаваат од многу одамна и другаруваат од речиси веднаш. Лукаш пишува, Камењаров црта и... колку што се сеќаваат никогаш не се скарале. Дури ни за молив!

The post Сликовницата „Поклони се и почни“ од Владимир Лукаш и Љубиша Камењаров ќе биде промовирана заедно со работилница за деца appeared first on Република.

]]>
Изложба на Владимир Лукаш во Монтажната галерија на ЦСУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-vladimir-lukash-vo-montaznata-galerija-na-csu/ Wed, 26 Oct 2022 10:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=565808

Утревечер, 27 октомври, со почеток во 20:00 часот во Монтажната галерија на ЦСУ во паркот на Франкофонијата ќе биде отворена изложбата на современиот македонски уметник Владимир Лукаш, Hello, Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again.

На изложбата ќе бидат претставени дела изработени во комбинирана цртачка/сликарска техника коишто беа создавани во Монтажната галерија текот на изминатата недела.

„Создавањето во духот на изненадувањето кое ги испитува можностите што ги нуди промената на форматот, колоритот и презентацијата нѐ изведува пред скриената суштина на уметноста кога се твори во рокови, т.е. кога се истражуваат дадените ветувања. Во таа смисла Hello, Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again претставува резултат на личното и колективно освестување на ограничувањата што ни ги задава зададената задача“, стои во образложението на изложбата осмислено како Метамодернистички манифест во пет дневнички точки од Дарин Ангеловски, куратор на проектот/изложба.

Владимир Лукаш (1978, Скопје) е музичар и визуелен уметник. Учествувал во бројни групни изложби и перформанси во Македонија и во странство. Изложува самостојно и колаборативно свои дела во областа на ликовните уметности, анимацијата, книжевноста. Живее и работи во Скопје.

Проектот/изложба е финансиски поддржан од Министерство за култура и Општина Центар.

 

The post Изложба на Владимир Лукаш во Монтажната галерија на ЦСУ appeared first on Република.

]]>

Утревечер, 27 октомври, со почеток во 20:00 часот во Монтажната галерија на ЦСУ во паркот на Франкофонијата ќе биде отворена изложбата на современиот македонски уметник Владимир Лукаш, Hello, Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again. На изложбата ќе бидат претставени дела изработени во комбинирана цртачка/сликарска техника коишто беа создавани во Монтажната галерија текот на изминатата недела. „Создавањето во духот на изненадувањето кое ги испитува можностите што ги нуди промената на форматот, колоритот и презентацијата нѐ изведува пред скриената суштина на уметноста кога се твори во рокови, т.е. кога се истражуваат дадените ветувања. Во таа смисла Hello, Deadline, my old friend I’ve come to talk with you again претставува резултат на личното и колективно освестување на ограничувањата што ни ги задава зададената задача“, стои во образложението на изложбата осмислено како Метамодернистички манифест во пет дневнички точки од Дарин Ангеловски, куратор на проектот/изложба. Владимир Лукаш (1978, Скопје) е музичар и визуелен уметник. Учествувал во бројни групни изложби и перформанси во Македонија и во странство. Изложува самостојно и колаборативно свои дела во областа на ликовните уметности, анимацијата, книжевноста. Живее и работи во Скопје. Проектот/изложба е финансиски поддржан од Министерство за култура и Општина Центар.  

The post Изложба на Владимир Лукаш во Монтажната галерија на ЦСУ appeared first on Република.

]]>