Владимир Јанковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-jankovski/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 12:19:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Јанковски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-jankovski/ 32 32 Секој што ќе го прочита романот „Ехото на акробатите“, ќе си го преиспита својот живот, вели писателот Владимир Јанковски, добитник на наградата „Пегаз“ за 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sekoj-shto-ke-go-prochita-romanot-ehoto-na-akrobatite-ke-si-go-preispita-svojot-zhivot-veli-pisatelot-vladimir-jankovski-dobitnik-na-nagradata-pegaz-za-2024-godina/ Wed, 09 Oct 2024 12:19:35 +0000 https://republika.mk/?p=824673

Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое секој ќе си ја препознае својата приказна. Книжевно дело кое останува како ехо, во секој што ќе го прочита... Овие зборови како ехо останаа да се брануваат во книжевните кругови при незаборавната книжевна свеченост - доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски.

На настанот што се одржа вчеравечер (8 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“) го претстави образложението, зошто од пријавените 56 ракописи како најдобар се издвои романот на Јанковски.

„Романот ’Ехото на акробатите‘ од Владимир Јанковски, загатлив во поинтилистичкото и драмско заплетување на дејството, е вешто развиен во семејна сага во којашто заемно се огледуваат две епохи: денешницата како ехо на онаа што заврши со распадот на СФРЈ. На читателот постепено, дури отпосле му се открива оваа широка општествена слика, во која е воведуван и воден небаре ѕирка низ ниските сутеренски прозорци или низ оптиката на клучалката или оптиката на камерата за надзор. Вешто водената нарација која постојано го држи будно вниманието на читателот и постепено ја открива семејната фреска на приказната во која централното место му е доделено на таткото на фамилијата, загатнува напати, небаре патем, и многу значајни аспекти на пулсот на секојдневието. На изразното рамниште исписот го одликува лапидарен или кристално избрусен раскажувачки стил, та сета нарација е раскошна изведба на наративниот минимализам“, истакна проф. д-р Наташа Аврамовска од името на жирито.

Наградата „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Уредничката на книгата, Оливера Ќорвезироска, истакна дека „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта отколку што е љубовна приказна.

Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овој пат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлени по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недобројни значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови – истакна таа.

[caption id="attachment_824684" align="alignnone" width="1803"] Оливера Ќорвезироска (крајно десно) истакна дека „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта отколку што е љубовна приказна / фото: Арс Ламина[/caption]

Победникот, Владимир Јанковски рече дека многу е благодарен за добивањето на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година, и дека ова е важно признание затоа што оваа награда пополнува многу важен дел од мозаикот на нашиот книжевен живот. Книгата, која ја пишувал неколку години, во основата е семеен роман, кој како во филм ја следи приказната на едно семејство од 60-тите години, па наваму. Тој истакна дека филмичноста на книгата настанала спонтано.

Во некои претходни верзии на книгата цели глави беа опишани само како сценарија, како слики, а потоа сфатив дека ќе биде премногу сувопарно и безлично да се чита книгата на тој начин. Затоа ги додадов тие филмични зачини на текстот. Кога ги читате сценаријата на најпознатите филмски имиња, не читате само сценарио, вие читате добра литература со која имате чувство дека пред вас се одвива филмот. Чувството не се постигнува со тоа што тие (сценаристите) користат стратегии карактеристични за филмот, туку тоа чувство се постигнува затоа што тие користат стратегии кои се карактеристични за литературата. Додека го пишував романот интензивно размислував за филмовите на Кишловски, и естетиката на други европски филмаџии, сакав да ја постигнам таа филмичност, ама не по секоја цена. Ова е книга во која најмногу играм со улогата на раскажувачот или улогата на нараторот. Во претходните мои книги бев доста срамежлив во однос на тоа колку гласот на нараторот е силно присутен. Тука има описи на сцени како да се снимиле од дрон (птичја перспектива), а веднаш потоа има сцена од мравја перспектива. Многу повеќе ме интересираше како движењето од глава до глава ќе биде движење од перспектива на перспектива. Морам да признам дека ова е роман со кој најмногу се забавував додека го пишував, бидејќи се трудев колку што е можно повеќе да ги менувам перспективите и да ги истражувам капацитетите и границите на раскажувањето... Додека ја читате книгата вие секогаш ќе најдете своја перспектива, односно како во искривено огледало, ќе ја читате од агол на својот живот и искуство. Секој што ќе го прочита романот „Ехото на акробатите“, ќе си го препрочита (преиспита) својот живот. Сакам книгата да биде искривено огледало преку кое читателот ќе се чита себеси – рече Јанковски.

За значењето на насловот на романот Јанковски рече дека „сите ние сме ехо на нашите предци и на сите со кои сме имале некаква конекција“.

Кога некој наш близок нѐ напуштил, ехото на неговиот живот продолжува да одѕвонува во нас, независно од тоа дали тој е сѐ уште жив или не. Има една сцена од книгата каде што децата зборуваат за нивната мајка, која починала пред 18 години, и еден од нив вели дека зборовите од мајката не само што се присутни во ликот туку и ликот ги кажува зборовите како што ги кажувала мајката. На некој начин сите што ни биле блиски, а не се веќе меѓу нас, продолжуваат да живеат во нас – тоа е ехото на нивната егзистенција во нас, но и ние продолжуваме како нивно ехо, нивни одглас. Тоа е една идеолошка позиција што стои зад романот – секој човек со којшто ќе дојдеме во некаква животна интеракција остава некакво ехо во нас, или ние оставаме некакво ехо во него. Ова не се однесува само на најблиските, туку и на луѓе со кои можеби сме имале некоја случајна средба, но оставиле печат, ехо во нас, што нѐ прогонува можеби цел живот. Човекот е суштество што постојано се сеќава и постојано ги преработува сеќавањата, драмите од својот живот и од своето минато – рече тој.

Животот на секој човек е своевидна акробација во постењето и времето. Акробациите и случките што ги правиме оставаат ехо во следните генерации. Ехото на акробатите се всушност децата на своите родители.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

The post Секој што ќе го прочита романот „Ехото на акробатите“, ќе си го преиспита својот живот, вели писателот Владимир Јанковски, добитник на наградата „Пегаз“ за 2024 година appeared first on Република.

]]>

Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое секој ќе си ја препознае својата приказна. Книжевно дело кое останува како ехо, во секој што ќе го прочита... Овие зборови како ехо останаа да се брануваат во книжевните кругови при незаборавната книжевна свеченост - доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. На настанот што се одржа вчеравечер (8 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“) го претстави образложението, зошто од пријавените 56 ракописи како најдобар се издвои романот на Јанковски.
„Романот ’Ехото на акробатите‘ од Владимир Јанковски, загатлив во поинтилистичкото и драмско заплетување на дејството, е вешто развиен во семејна сага во којашто заемно се огледуваат две епохи: денешницата како ехо на онаа што заврши со распадот на СФРЈ. На читателот постепено, дури отпосле му се открива оваа широка општествена слика, во која е воведуван и воден небаре ѕирка низ ниските сутеренски прозорци или низ оптиката на клучалката или оптиката на камерата за надзор. Вешто водената нарација која постојано го држи будно вниманието на читателот и постепено ја открива семејната фреска на приказната во која централното место му е доделено на таткото на фамилијата, загатнува напати, небаре патем, и многу значајни аспекти на пулсот на секојдневието. На изразното рамниште исписот го одликува лапидарен или кристално избрусен раскажувачки стил, та сета нарација е раскошна изведба на наративниот минимализам“, истакна проф. д-р Наташа Аврамовска од името на жирито.
Наградата „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Уредничката на книгата, Оливера Ќорвезироска, истакна дека „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта отколку што е љубовна приказна.
Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овој пат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлени по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недобројни значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови – истакна таа.
[caption id="attachment_824684" align="alignnone" width="1803"] Оливера Ќорвезироска (крајно десно) истакна дека „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта отколку што е љубовна приказна / фото: Арс Ламина[/caption] Победникот, Владимир Јанковски рече дека многу е благодарен за добивањето на наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година, и дека ова е важно признание затоа што оваа награда пополнува многу важен дел од мозаикот на нашиот книжевен живот. Книгата, која ја пишувал неколку години, во основата е семеен роман, кој како во филм ја следи приказната на едно семејство од 60-тите години, па наваму. Тој истакна дека филмичноста на книгата настанала спонтано.
Во некои претходни верзии на книгата цели глави беа опишани само како сценарија, како слики, а потоа сфатив дека ќе биде премногу сувопарно и безлично да се чита книгата на тој начин. Затоа ги додадов тие филмични зачини на текстот. Кога ги читате сценаријата на најпознатите филмски имиња, не читате само сценарио, вие читате добра литература со која имате чувство дека пред вас се одвива филмот. Чувството не се постигнува со тоа што тие (сценаристите) користат стратегии карактеристични за филмот, туку тоа чувство се постигнува затоа што тие користат стратегии кои се карактеристични за литературата. Додека го пишував романот интензивно размислував за филмовите на Кишловски, и естетиката на други европски филмаџии, сакав да ја постигнам таа филмичност, ама не по секоја цена. Ова е книга во која најмногу играм со улогата на раскажувачот или улогата на нараторот. Во претходните мои книги бев доста срамежлив во однос на тоа колку гласот на нараторот е силно присутен. Тука има описи на сцени како да се снимиле од дрон (птичја перспектива), а веднаш потоа има сцена од мравја перспектива. Многу повеќе ме интересираше како движењето од глава до глава ќе биде движење од перспектива на перспектива. Морам да признам дека ова е роман со кој најмногу се забавував додека го пишував, бидејќи се трудев колку што е можно повеќе да ги менувам перспективите и да ги истражувам капацитетите и границите на раскажувањето... Додека ја читате книгата вие секогаш ќе најдете своја перспектива, односно како во искривено огледало, ќе ја читате од агол на својот живот и искуство. Секој што ќе го прочита романот „Ехото на акробатите“, ќе си го препрочита (преиспита) својот живот. Сакам книгата да биде искривено огледало преку кое читателот ќе се чита себеси – рече Јанковски.
За значењето на насловот на романот Јанковски рече дека „сите ние сме ехо на нашите предци и на сите со кои сме имале некаква конекција“.
Кога некој наш близок нѐ напуштил, ехото на неговиот живот продолжува да одѕвонува во нас, независно од тоа дали тој е сѐ уште жив или не. Има една сцена од книгата каде што децата зборуваат за нивната мајка, која починала пред 18 години, и еден од нив вели дека зборовите од мајката не само што се присутни во ликот туку и ликот ги кажува зборовите како што ги кажувала мајката. На некој начин сите што ни биле блиски, а не се веќе меѓу нас, продолжуваат да живеат во нас – тоа е ехото на нивната егзистенција во нас, но и ние продолжуваме како нивно ехо, нивни одглас. Тоа е една идеолошка позиција што стои зад романот – секој човек со којшто ќе дојдеме во некаква животна интеракција остава некакво ехо во нас, или ние оставаме некакво ехо во него. Ова не се однесува само на најблиските, туку и на луѓе со кои можеби сме имале некоја случајна средба, но оставиле печат, ехо во нас, што нѐ прогонува можеби цел живот. Човекот е суштество што постојано се сеќава и постојано ги преработува сеќавањата, драмите од својот живот и од своето минато – рече тој.
Животот на секој човек е своевидна акробација во постењето и времето. Акробациите и случките што ги правиме оставаат ехо во следните генерации. Ехото на акробатите се всушност децата на своите родители. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

The post Секој што ќе го прочита романот „Ехото на акробатите“, ќе си го преиспита својот живот, вели писателот Владимир Јанковски, добитник на наградата „Пегаз“ за 2024 година appeared first on Република.

]]>
Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/svecheno-dodeluvane-na-nagradata-pegaz-za-2024-godina-i-promotsija-na-pobednichkiot-roman-ehoto-na-akrobatite-od-vladimir-jankovski-2/ Tue, 08 Oct 2024 11:54:17 +0000 https://republika.mk/?p=824201

Вечерва (8 октомври), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски.

На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.
Награта „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

„Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта, отколку што е љубовна приказна. Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлани по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недоброј значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови.

Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод.

На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.

The post Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски appeared first on Република.

]]>

Вечерва (8 октомври), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоцијата на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски. На доделувањето на наградата за најдобар необјавен роман ќе се обрати жирито во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Промоторка на книгата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска. Награта „Пегаз“ по шести пат ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. „Ехото на акробатите“ повеќе е граматика на љубовта, отколку што е љубовна приказна. Не напуштајќи ја својата препознатлива раскажувачка поетика базирана на љубовта со сите нејзини убави лица и грди опачини, авторот Владимир Јанковски овојпат подлабоко загребува и во општеството и во семејните односи. „Ехото на акробатите“ е скршена семејна фотографија со татко во центарот и деца расфрлани по периферијата, наративна сложувалка со 100 „глави“ и недоброј значенски „опашки“. Со мајсторски минимализам и кристално избрусен стил, Јанковски филмски ја измонтирал приказната за тагата и празнината, за успехот и неуспехот, за подемот и падот на едно семејство... со досетливи, длабоки и незаборавни кадри и резови. Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.

The post Свечено доделување на наградата „Пегаз“ за 2024 година и промоција на победничкиот роман „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски appeared first on Република.

]]>
„Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски ја освои наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ehoto-na-akrobatite-od-vladimir-jankovski-ja-osvoi-nagradata-pegaz-za-najdobar-neobjaven-roman-vo-2024-godina/ Mon, 02 Sep 2024 11:09:59 +0000 https://republika.mk/?p=812272

Ракописот со наслов „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев.

На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. За победникот одлучуваше тричленото стручно жири во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“).

Во образложението на Комисијата се вели дека од пријавените 56 ракописи, педесет и два ракописи го исполнија условот за учество. Од нив 12 се вбројуваат во категоријата роман за деца и младинци, а 40 се романи-ракописи за возрасни.

Во рамките на жанрот роман за возрасни, Комисијата го регистрираше поджанровското и тематско разнообразие на пријавените ракописи во дијапазонот од крими и љубовно заплетени наративи, преку научната фантастика, историографијата, мистификацијата, сатирата и разновидно постмодерно интертекстуални и интермедијални приоди и др., коишто отвораат широка панорама на писателските интенции во дадениот миг на книжевната и културната сцена во Македонија.

Комисијата едногласно одлучи наградата „Пегаз“ да му се додели на Владимир Јанковски за ракописот „Ехото на акробатите“, а својата одлука ја поткрепи со следното образложение:

„Романот ’Ехото на акробатите‘ од Владимир Јанковски, загатлив во поинтилистичкото и драмско заплетување на дејството, е вешто развиен во семејна сага во којашто заемно се огледуваат две епохи: денешницата како ехо на онаа што заврши со распадот на СФРЈ. На читателот постепено, дури отпосле му се открива оваа широка општествена слика, во која е воведуван и воден небаре ѕирка низ ниските сутеренски прозорци или низ оптиката на клучалката или оптиката на камерата за надзор. Вешто водената нарација која постојано го држи будно вниманието на читателот и постепено ја открива семејната фреска на приказната во која централното место му е доделено на таткото на фамилијата, загатнува напати небаре патем и многу значајни аспекти на пулсот на секојдневието. На изразното рамниште исписот го одликува лапидарен или кристално избрусен раскажувачки стил, та сета нарација е раскошна изведба на наративниот минимализам, стои во образложението на стручното жири.

Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008).

За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. На македонски јазик превел дела од Дубравка Угрешиќ, Миљенко Јерговиќ, Драго Гламузина, Кристијан Новак, Светлана Слапшак, Чарлс Буковски, Ден Роудс, Филип К. Дик, Сузан Сонтаг, Зоран Фериќ, Огнен Спахиќ, Андреј Николаидис, Мухарем Баздуљ, Слободан Шнајдер и други.

Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција.

Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.

The post „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски ја освои наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>

Ракописот со наслов „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „И“ од Кристина Краличин, „Брчка или За болешливото здравје“ од Филип Љ. Трајковски и „73 денови“ од Иво Митев. На шестиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, пристигнаа 56 ракописи. За победникот одлучуваше тричленото стручно жири во состав: проф. д-р Наташа Аврамовска (Институт за македонска литература), проф. д-р Ермис Лафазановски (Институт за фолклор, писател) и Бисера Бендевска (уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“). Во образложението на Комисијата се вели дека од пријавените 56 ракописи, педесет и два ракописи го исполнија условот за учество. Од нив 12 се вбројуваат во категоријата роман за деца и младинци, а 40 се романи-ракописи за возрасни.
Во рамките на жанрот роман за возрасни, Комисијата го регистрираше поджанровското и тематско разнообразие на пријавените ракописи во дијапазонот од крими и љубовно заплетени наративи, преку научната фантастика, историографијата, мистификацијата, сатирата и разновидно постмодерно интертекстуални и интермедијални приоди и др., коишто отвораат широка панорама на писателските интенции во дадениот миг на книжевната и културната сцена во Македонија.
Комисијата едногласно одлучи наградата „Пегаз“ да му се додели на Владимир Јанковски за ракописот „Ехото на акробатите“, а својата одлука ја поткрепи со следното образложение:
„Романот ’Ехото на акробатите‘ од Владимир Јанковски, загатлив во поинтилистичкото и драмско заплетување на дејството, е вешто развиен во семејна сага во којашто заемно се огледуваат две епохи: денешницата како ехо на онаа што заврши со распадот на СФРЈ. На читателот постепено, дури отпосле му се открива оваа широка општествена слика, во која е воведуван и воден небаре ѕирка низ ниските сутеренски прозорци или низ оптиката на клучалката или оптиката на камерата за надзор. Вешто водената нарација која постојано го држи будно вниманието на читателот и постепено ја открива семејната фреска на приказната во која централното место му е доделено на таткото на фамилијата, загатнува напати небаре патем и многу значајни аспекти на пулсот на секојдневието. На изразното рамниште исписот го одликува лапидарен или кристално избрусен раскажувачки стил, та сета нарација е раскошна изведба на наративниот минимализам, стои во образложението на стручното жири.
Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во неколку издавачки куќи. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (роман, 2020), „Невидливи љубови“ (роман, 2015), „Вечно сегашно време“ (роман, 2010), „Лицата на невидливиот град“ (фотоесеи, заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи (фотоесеј, заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори со Влада Урошевиќ“ (2008). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ и бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија, а за „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. На македонски јазик превел дела од Дубравка Угрешиќ, Миљенко Јерговиќ, Драго Гламузина, Кристијан Новак, Светлана Слапшак, Чарлс Буковски, Ден Роудс, Филип К. Дик, Сузан Сонтаг, Зоран Фериќ, Огнен Спахиќ, Андреј Николаидис, Мухарем Баздуљ, Слободан Шнајдер и други. Годинашното издание на наградата „Пегаз“ е поддржано од Министерството за култура во рамките на Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во областа на културата. Наградата „Пегаз“ е откупна и се состои од паричен износ од 90.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција. Во меѓувреме, отворен е и седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за 2025 година. Можат да конкурираат сите необјавени романи напишани на македонски јазик, наменети за возрасни. Ракописите треба да ги достават самите автори, на електронската пошта pegaz@arslamina.com, како ворд или ПДФ-документ, најдоцна до 1 јуни 2025 година.

The post „Ехото на акробатите“ од Владимир Јанковски ја освои наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2024 година appeared first on Република.

]]>
Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nova-kniga-od-kapushevska-drakulevska-i-martinovski-posvetena-za-tvoreshtvoto-na-vlada-uroshevik/ Fri, 10 May 2024 07:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=776578

Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе од печат заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, насловена „Градоначалникот на Хипнополис“. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ.

Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува дека авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива.

Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски. Во книгата се анализирани и претставени некои од главните творечки преокупации на Влада Урошевиќ: сонот како неисцрпен поттик за создавање и креативно преобликување во литературата, идејата за поезијата како чин на игра и комбинација, опседнатоста со поетската слика и односот на авторот кон модерното сликарство, релациите меѓу творештвото на Урошевиќ и поетиката на надреализмот, автопоетичките согледувања за уметноста и умешноста на пишувањето поезија, жанровските елементи во неговите романи, како и различните теми опфатени во неговите кратки раскази, се вели во освртот на книгата на Јанковски.

Како што се наведува во освртот, станува збор за луцидна, акрибична, теориски внимателно напишана книга, во која освен што мошне прецизно се прикажани различните слоеви од опусот на Влада Урошевиќ, тие се анализирани и толкувани со еден вид поетска страст за неговото творештво.

Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура.

The post Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе од печат заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, насловена „Градоначалникот на Хипнополис“. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ. Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува дека авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива.
Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски. Во книгата се анализирани и претставени некои од главните творечки преокупации на Влада Урошевиќ: сонот како неисцрпен поттик за создавање и креативно преобликување во литературата, идејата за поезијата како чин на игра и комбинација, опседнатоста со поетската слика и односот на авторот кон модерното сликарство, релациите меѓу творештвото на Урошевиќ и поетиката на надреализмот, автопоетичките согледувања за уметноста и умешноста на пишувањето поезија, жанровските елементи во неговите романи, како и различните теми опфатени во неговите кратки раскази, се вели во освртот на книгата на Јанковски.
Како што се наведува во освртот, станува збор за луцидна, акрибична, теориски внимателно напишана книга, во која освен што мошне прецизно се прикажани различните слоеви од опусот на Влада Урошевиќ, тие се анализирани и толкувани со еден вид поетска страст за неговото творештво. Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура.  

The post Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала: разговори со Влада Урошевиќ“ на Владимир Јанковски во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kabinet-na-chuda-so-zidovi-od-ogledala-razgovori-so-vlada-uroshevik-na-vladimir-jankovski-vo-bukva/ Wed, 20 Sep 2023 09:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=683378

Книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски ќе биде промовирана денеска, на 20 септември, во кафе-книжарницата Буква, со почеток во 19.30 часот.

Промоторка на изданието ќе биде писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезироска, а на промоцијата ќе се обратат и Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски.

„’Кабинет на чуда со ѕидови од огледала’ е книга во која преку прашањата што Јанковски му ги поставува, Урошевиќ нуди еден вид авторефлексија за сопственото творештво, за некои аспекти од сопствениот живот, за феномените од македонската литература и, воопшто, култура. Исто така, Урошевиќ ги дава своите перспективи за широк спектар културолошки појави, од францускиот надреализам, фантастиката во литературата и сликарството, источните филозофии и култури, односот меѓу книжевната критика, историја и помнењето во литературата, преклопувањата и дијалозите меѓу навидум оддалечените култури, влијанието на имагинарното во секојдневниот живот, значењето на археологијата во обликувањето на свеста за нашата цивилизација итн. Бидејќи ова пред сè е книга за еден живот и за еден животен пат, сите споменати културолошки аспекти на еден посебен начин се „прекршени“ преку личноста и делото на Урошевиќ, преку неговата гледна точка и животен пат“, се вели во описот за книгата.

Според Ќорвезироска, „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ е обид да се направи еден вид дијалошки портрет на Влада Урошевиќ, кој ќе биде составен од различни делови што го обликувале неговиот живот.

Влада Урошевиќ е поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Поминал значаен дел од животот како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, држејќи курсеви по историја на европските литератури од XIX и XX век. Објавил единаесет збирки поезија, седум збирки раскази, седум романи, три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите во кои зборува, главно, за македонските писатели. Објавил две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Автор на поголем број антологии. Во 2023 година, по наградите „Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, прогласен е од Македонската асоцијација на издавачи за „Автор на годината“.

Владимир Јанковски дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015), „Вечно сегашно време“ (2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ“ (2003). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод.

Книгата е во издание на „Антолог“.

The post Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала: разговори со Влада Урошевиќ“ на Владимир Јанковски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски ќе биде промовирана денеска, на 20 септември, во кафе-книжарницата Буква, со почеток во 19.30 часот. Промоторка на изданието ќе биде писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезироска, а на промоцијата ќе се обратат и Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски.
„’Кабинет на чуда со ѕидови од огледала’ е книга во која преку прашањата што Јанковски му ги поставува, Урошевиќ нуди еден вид авторефлексија за сопственото творештво, за некои аспекти од сопствениот живот, за феномените од македонската литература и, воопшто, култура. Исто така, Урошевиќ ги дава своите перспективи за широк спектар културолошки појави, од францускиот надреализам, фантастиката во литературата и сликарството, источните филозофии и култури, односот меѓу книжевната критика, историја и помнењето во литературата, преклопувањата и дијалозите меѓу навидум оддалечените култури, влијанието на имагинарното во секојдневниот живот, значењето на археологијата во обликувањето на свеста за нашата цивилизација итн. Бидејќи ова пред сè е книга за еден живот и за еден животен пат, сите споменати културолошки аспекти на еден посебен начин се „прекршени“ преку личноста и делото на Урошевиќ, преку неговата гледна точка и животен пат“, се вели во описот за книгата.
Според Ќорвезироска, „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ е обид да се направи еден вид дијалошки портрет на Влада Урошевиќ, кој ќе биде составен од различни делови што го обликувале неговиот живот. Влада Урошевиќ е поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Поминал значаен дел од животот како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, држејќи курсеви по историја на европските литератури од XIX и XX век. Објавил единаесет збирки поезија, седум збирки раскази, седум романи, три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите во кои зборува, главно, за македонските писатели. Објавил две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Автор на поголем број антологии. Во 2023 година, по наградите „Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, прогласен е од Македонската асоцијација на издавачи за „Автор на годината“. Владимир Јанковски дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015), „Вечно сегашно време“ (2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ“ (2003). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. Книгата е во издание на „Антолог“.

The post Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала: разговори со Влада Урошевиќ“ на Владимир Јанковски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Писателот Владимир Јанковски настапува на Саемот за книга „Врисак“ во Риека https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pisatelot-vladimir-jankovski-nastapuva-na-saemot-za-kniga-vrisak-vo-rieka/ Tue, 12 Sep 2023 07:38:37 +0000 https://republika.mk/?p=681088

Писателот Владимир Јанковски од 11 до 14 септември е гостин на „Врисак“, саемот на книга и фестивалот на автори што од 10 до 17 септември се одржува во Риека. Ова е 16-то издание на фестивалот. Организатор на фестивалот е издавачката куќа ВБЗ од Загреб, во соработка со Музејот на современа уметност од Риека, Детската куќа ГКР и Арт-киното од Риека. Фестивалот оваа години донесува повеќе од 50 настани (промоции на книги, претставувања, разговори и трибини, заедно со придружна ликовна, музичка и филмска програма) во кои ќе учествуваат околу стотина уметници.

Повод за гостувањето на Јанковски е хрватскиот превод на неговиот роман „Скриени желби, немирни патувања“. Книгата ја преведе Ивица Баковиќ, а издавач е издавачката куќа ВБЗ.

Владимир Јанковски ќе настапи на 13 септември во 21 часот, заедно со писателката Весна Мариќ. Модератори на вечерта ќе бидат хрватските писатели Иван Сршен и Марко Погачар.

„Скриени желби, немирни патувања“ е трет роман на Владимир Јанковски. Во него преку комбинацијата од педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказните за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањето за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што можеме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот.

„Бизнисот и уметноста, глобалното и локалното, реалното и виртуелното, машкото и женското се само некои од релациите на кои, преку живи калеидоскопски секвенци, се огледува раскажувачката магија на прозаистот Владимир Јанковски. Во која било точка на тој целосно стварен и сосема нестварен свет онаа пеперуга да замавнала со крилјата, некоја нежна бура ќе ги издува остатокот. Така, имено, тврди теоријата на внимателно организираниот хаос: секоја добра книжевност“, се вели во хрватското издание на книгата.

Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015), „Вечно сегашно време“ (2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ“ (2003). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод.

Ивица Баковиќ (Чаковец, 1982) дипломирал кроатистика и славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Во 2013 година докторирал на компаратистичка тема од областа на македонската и хрватската книжевност. Работи како доцент на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Бил соработник на проектот „Книжевните, јазичните и културолошките аспекти на хрватско-македонските односи“ и соработник на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“. Член е на Друштвото на хрватските книжевни преведувачи.

The post Писателот Владимир Јанковски настапува на Саемот за книга „Врисак“ во Риека appeared first on Република.

]]>

Писателот Владимир Јанковски од 11 до 14 септември е гостин на „Врисак“, саемот на книга и фестивалот на автори што од 10 до 17 септември се одржува во Риека. Ова е 16-то издание на фестивалот. Организатор на фестивалот е издавачката куќа ВБЗ од Загреб, во соработка со Музејот на современа уметност од Риека, Детската куќа ГКР и Арт-киното од Риека. Фестивалот оваа години донесува повеќе од 50 настани (промоции на книги, претставувања, разговори и трибини, заедно со придружна ликовна, музичка и филмска програма) во кои ќе учествуваат околу стотина уметници. Повод за гостувањето на Јанковски е хрватскиот превод на неговиот роман „Скриени желби, немирни патувања“. Книгата ја преведе Ивица Баковиќ, а издавач е издавачката куќа ВБЗ. Владимир Јанковски ќе настапи на 13 септември во 21 часот, заедно со писателката Весна Мариќ. Модератори на вечерта ќе бидат хрватските писатели Иван Сршен и Марко Погачар. „Скриени желби, немирни патувања“ е трет роман на Владимир Јанковски. Во него преку комбинацијата од педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказните за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањето за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што можеме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот.
„Бизнисот и уметноста, глобалното и локалното, реалното и виртуелното, машкото и женското се само некои од релациите на кои, преку живи калеидоскопски секвенци, се огледува раскажувачката магија на прозаистот Владимир Јанковски. Во која било точка на тој целосно стварен и сосема нестварен свет онаа пеперуга да замавнала со крилјата, некоја нежна бура ќе ги издува остатокот. Така, имено, тврди теоријата на внимателно организираниот хаос: секоја добра книжевност“, се вели во хрватското издание на книгата.
Владимир Јанковски (Скопје, 1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015), „Вечно сегашно време“ (2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ“ (2003). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. Ивица Баковиќ (Чаковец, 1982) дипломирал кроатистика и славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Во 2013 година докторирал на компаратистичка тема од областа на македонската и хрватската книжевност. Работи како доцент на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Бил соработник на проектот „Книжевните, јазичните и културолошките аспекти на хрватско-македонските односи“ и соработник на Лексикографскиот завод „Мирослав Крлежа“. Член е на Друштвото на хрватските книжевни преведувачи.  

The post Писателот Владимир Јанковски настапува на Саемот за книга „Врисак“ во Риека appeared first on Република.

]]>
Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objavena-knigata-kabinet-na-chuda-so-zidovi-od-ogledala-razgovori-shto-vlada-uroshevik-i-vladimir-jankovski-gi-vodele-poveke-od-dvaeset-godini/ Thu, 10 Aug 2023 10:17:08 +0000 https://republika.mk/?p=670694

Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ ги содржи разговорите што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе во временски опсег поголем од дваесет години. Интересно, оваа книга е точно 800-та книга во издание на издавачката куќа „Антолог.

Првиот дел од книгата, „Огледало за загатката“, опфаќа дијалози водени во 2002 и 2003 година, вториот дел претставува еден подолг разговор од 2015 година, а последниот дел, „Кабинет на чуда“, разговори од 2023 година.

На овие страници се допрени најголемиот дел од творечките преокупации на Урошевиќ, а авторот се обидува преку дијалогот за поетиката на писателот да долови и елементи од неговата личност, живот и односот кон современиците.

Во книгата Урошевиќ дава свое видување на некои од главните преокупации во сопственото творештво: првичните поттици за пишување, детството како голема тема во литературата, опседнатоста со градот, необичните простори, куќата како топос, летото и медитеранските теми, алхемијата, поетиката на надреализмот, љубовта кон сликарството и интересот за светот и животот на инсектите и, воопшто, животните, различните цивилизации и култури. Исто така, може да се прочита неговата лична перспектива за македонската книжевност од крајот на педесеттите години, а интересни се и неговите лични согледувања и мини портрети за некои од најзначајните македонски писатели кои биле негови современици, пријатели или соработници.    

Книгата може да се чита и како панорама на книжевните опсесии на Урошевиќ и како портрет на еден човек кој својата егзистенција нераскинливо ја преплетувал со книжевноста и, воопшто, со уметноста.

The post Објавена книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ – разговори што Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски ги воделе повеќе од дваесет години appeared first on Република.

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на словенечки јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/romanot-skrieni-zhelbi-nemirni-patuvana-od-vladimir-jankovski-objaven-na-slovenechki-jazik/ Mon, 17 Jul 2023 06:40:27 +0000 https://republika.mk/?p=662081

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на словенечки јазик во издание на издавачката куќа „Гога“. Преводот на изданието е на професорката на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана, Намита Субиото. Станува збор за ексклузивно издание во тврд повез, во едиција на издавачката куќа во која се објавуваат современи дела на голем број европски и словенечки автори.

„Скриени желби, немирни патувања“ е роман за хаотичната сегашност, во кој приказните на педесет луѓе од различни географски координати се испреплетуваат со приказните на четири ликови кои живеат во Скопје. Врските и вкрстувањата меѓу ликовите во романот се појдовни точки за различните концептуални контрапункти, малите драматуршки пресврти и внимателно нијансираните поттексти. Некои од доминантните теми на современото општество се одразени во мноштвото приказни на романот: односот помеѓу реалното и виртуелното, изборот помеѓу успехот или личниот позив, деструктивните димензии на нашиот идентитет... „Скриени желби, немирни патувања“, пред сè, е роман за постојаната потрага по себе. Во романот, потрагата по себе се манифестира како патување на друго место и кон други луѓе, како излегување од рамките на сопствениот живот и ограничувањата, бидејќи „понекогаш е тешко да се живее само еден живот, да се живее само сопствениот живот“.

Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година.

Намита Субиото дипломирала македонски, хрватски и српски јазик на Катедрата за јазици на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во 2001 година магистрирала на тема од областа на српскиот надреализам, а во 2004 докторирала на тема „Лингвостилистичките карактеристики во прозата на Ташко Георгиевски“. Од 2002 година предава македонски јазик и книжевност на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана. На македонски јазик превела дела од Блаже Конески, Славко Јаневски, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Александар Прокопиев, Николина Андова-Шопова и други.

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ првпат беше објавен во 2020 година, а во 2021 година ја доби наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“. Следната година беше македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија. Досега е преведен на српски, албански и словенечки јазик, а наскоро се очекуваат и изданијата на чешки, хрватски и бугарски јазик.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на словенечки јазик во издание на издавачката куќа „Гога“. Преводот на изданието е на професорката на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана, Намита Субиото. Станува збор за ексклузивно издание во тврд повез, во едиција на издавачката куќа во која се објавуваат современи дела на голем број европски и словенечки автори.
„Скриени желби, немирни патувања“ е роман за хаотичната сегашност, во кој приказните на педесет луѓе од различни географски координати се испреплетуваат со приказните на четири ликови кои живеат во Скопје. Врските и вкрстувањата меѓу ликовите во романот се појдовни точки за различните концептуални контрапункти, малите драматуршки пресврти и внимателно нијансираните поттексти. Некои од доминантните теми на современото општество се одразени во мноштвото приказни на романот: односот помеѓу реалното и виртуелното, изборот помеѓу успехот или личниот позив, деструктивните димензии на нашиот идентитет... „Скриени желби, немирни патувања“, пред сè, е роман за постојаната потрага по себе. Во романот, потрагата по себе се манифестира како патување на друго место и кон други луѓе, како излегување од рамките на сопствениот живот и ограничувањата, бидејќи „понекогаш е тешко да се живее само еден живот, да се живее само сопствениот живот“.
Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година. Намита Субиото дипломирала македонски, хрватски и српски јазик на Катедрата за јазици на Филозофскиот факултет во Љубљана. Во 2001 година магистрирала на тема од областа на српскиот надреализам, а во 2004 докторирала на тема „Лингвостилистичките карактеристики во прозата на Ташко Георгиевски“. Од 2002 година предава македонски јазик и книжевност на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Љубљана. На македонски јазик превела дела од Блаже Конески, Славко Јаневски, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски, Александар Прокопиев, Николина Андова-Шопова и други. Романот „Скриени желби, немирни патувања“ првпат беше објавен во 2020 година, а во 2021 година ја доби наградата „Роман на годината“ на фондацијата „Славко Јаневски“. Следната година беше македонски кандидат за Наградата за литература на Европската Унија. Досега е преведен на српски, албански и словенечки јазик, а наскоро се очекуваат и изданијата на чешки, хрватски и бугарски јазик.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на словенечки јазик appeared first on Република.

]]>
Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/romanot-skrieni-zelbi-nemirni-patuvanja-od-vladimir-jankovski-objaven-na-srpski-jazik/ Thu, 13 Oct 2022 07:37:24 +0000 https://republika.mk/?p=560387

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман.

Српското издание на романот беше промовирано во рамки на 16-то издание на Белградскиот фестивал на поезијата и книгите, кое се одржа од 6 до 8 октомври. На фестивалот, покрај Владимир Јанковски, учествуваа и писатели од Норвешка, Шпанија, Шведска, Австрија, Хрватска, Црна Гора и Србија.

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој приказните на педесетина луѓе од различни меридијани се комбинираат со приказните на четири лика што живеат во Скопје. Ова е роман за пресекот меѓу личното и надворешното, роман за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, роман за потребата да се раскажуваат приказни и да се наоѓа блесокот и лагата во нив.

Според критичарката Александра Јуруковска, „средбата со ‘Скриени желби, немирни патувања’ е едно, по многу нешта, необично читателско искуство. Книга не многу долга и голема по бројот на страници, но огромна по бројот на приказни, а уште повеќе по можностите за интерпретација. Во книгата се крие и цел слој од кроки-приказни, скици за други приказни, приказни од фиока и цел куп книжевни замки и заемки од многу книжевни жанрови (кус-кус расказ, хаику, новела), но и другите уметности, а најмногу од филмот.“

Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик appeared first on Република.

]]>

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман. Српското издание на романот беше промовирано во рамки на 16-то издание на Белградскиот фестивал на поезијата и книгите, кое се одржа од 6 до 8 октомври. На фестивалот, покрај Владимир Јанковски, учествуваа и писатели од Норвешка, Шпанија, Шведска, Австрија, Хрватска, Црна Гора и Србија. „Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој приказните на педесетина луѓе од различни меридијани се комбинираат со приказните на четири лика што живеат во Скопје. Ова е роман за пресекот меѓу личното и надворешното, роман за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, роман за потребата да се раскажуваат приказни и да се наоѓа блесокот и лагата во нив. Според критичарката Александра Јуруковска, „средбата со ‘Скриени желби, немирни патувања’ е едно, по многу нешта, необично читателско искуство. Книга не многу долга и голема по бројот на страници, но огромна по бројот на приказни, а уште повеќе по можностите за интерпретација. Во книгата се крие и цел слој од кроки-приказни, скици за други приказни, приказни од фиока и цел куп книжевни замки и заемки од многу книжевни жанрови (кус-кус расказ, хаику, новела), но и другите уметности, а најмногу од филмот.“ Владимир Јанковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. „Скриени желби, немирни патувања“ бил македонски кандидат за Наградата за литература на Европската унија за 2022 година.

The post Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик appeared first on Република.

]]>
За автор на годината на Самот на книга е прогласен авторот на наградуваниот роман „Скриени желби, немирни патувања” – Владимир Јанковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/za-avtor-na-godinata-na-samot-na-kniga-e-proglasen-avtorot-na-nagraduvaniot-roman-skrieni-zelbi-nemirni-patuvanja-vladimir-jankovski/ Wed, 04 May 2022 11:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=497444

Македонската асоцијација на издавачи за автор на годината, го прогласи авторот на наградуваниот роман „Скриени желби, немирни патувања" - Владимир Јанковски.

Романот се закити со наградата роман на годината „Славко Јаневски" за 2020, а воедно и кандидат за наградата „Балканика" во 2020 и кандидат за наградата за литература на Европската унија за 2022.

The post За автор на годината на Самот на книга е прогласен авторот на наградуваниот роман „Скриени желби, немирни патувања” – Владимир Јанковски appeared first on Република.

„Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е македонски кандидат за наградата за литература на ЕУ за 2022 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skrieni-zelbi-nemirni-patuvanja-od-vladimir-jankovski-e-makedonski-kandidat-za-nagradata-za-literatura-na-eu-za-2022-godina/ Tue, 01 Mar 2022 07:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=465561

Вчера дирекцијата на EUPL објави дека СКРИЕНИ ЖЕЛБИ, НЕМИРНИ ПАТУВАЊА (Антолог, 2020) e македонски кандидат за наградата за литература на Европската Унија за 2022 година, како книга од македонски автор што се одвојува од останатaта книжевна продукција во периодот 2020-2022, а согласно нововостановените критериуми.
Со оглед дека овој роман истовремено ја доби и наградата „Роман на годината“ и беше македонски кандидат за меѓународната награда „Балканика“ (се уште недоделена) го прават едно од највлијателните (а секако и најчитаните) македонски дела во последните години, соопшти издавачот на романот, „Антолог“.

„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани.
Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив.
Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето.

Наградата за литература на Европската Унија е иницијатива со која се истакнуваат најдобрите нови прозаисти од Европа. Наградата се доделува од 2009 година, при што секоја земја што учествуваше во проектот прогласуваше по еден национален добитник на наградата. Од 2022 година концептот на наградата се менува: наместо добитници на наградата од секоја земја учесничка, седумчлена европска комисија ќе додели една награда на главниот добитник на Наградата, а пет автори ќе бидат посебно истакнати. Освен избраниот победник, сите номинирани автори континуирано ќе бидат промовирани на европската книжевна сцена, со цел нивните дела да допрат до поширока публика, како и да ги надминат јазичните и границите на своите национални книжевности.      

Оваа година, освен од нашата земја, учествуваат автори и дела од: Австрија, Белгија, Босна и Херцеговина, Грузија, Грција, Ирска, Италија, Литванија, Норвешка, Романија, Словачка, Шпанија и Украина.        

 Професорката и литературна критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска смета дека во романот „особено е интересен феноменот на хронотопичноста, таа испреплетеност на судбините на луѓето од различни меридијани на светот, како и сведувањето на човековото постоење на синџир од средби и разделби, разминувања и созвучја...“ Литературната критичарка Александра Јуруковска, пак, смета дека „книгата на Јанковски е загатка со мноштво решенија. Мозаичниот приказ на ликовите (повеќе од педесет), но уште повеќе на приказните што се плетат околу нив, ја прави интересна и во жанровска смисла – роман што може да се чита и како збирка раскази, корпус навидум неповрзани приказни“.

Владимир Јанковски (1977) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено три романи: „Скриени желби, немирни патувања (2020), „Невидливи љубови“ (2015) и „Вечно сегашно време“ (2010). За „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со литературен превод.

The post „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски е македонски кандидат за наградата за литература на ЕУ за 2022 година appeared first on Република.

]]>

Вчера дирекцијата на EUPL објави дека СКРИЕНИ ЖЕЛБИ, НЕМИРНИ ПАТУВАЊА (Антолог, 2020) e македонски кандидат за наградата за литература на Европската Унија за 2022 година, како книга од македонски автор што се одвојува од останатaта книжевна продукција во периодот 2020-2022, а согласно нововостановените критериуми. Со оглед дека овој роман истовремено ја доби и наградата „Роман на годината“ и беше македонски кандидат за меѓународната награда „Балканика“ (се уште недоделена) го прават едно од највлијателните (а секако и најчитаните) македонски дела во последните години, соопшти издавачот на романот, „Антолог“.
„Скриени желби, немирни патувања“ е мозаичен роман во кој врз основната приказна за четири ликови се вкрстуваат приказните на педесетина луѓе од различни географски меридијани. Книгата претставува микс од приказни, преплетени и вмрежени меѓу себе, доловени со многу детали, хаику-моменти, филмски секвенции, духовни епифании. Роман за интеракцијата меѓу личното и надворешното, за начинот на кој атмосферата и ситуациите ги обликуваат нашите внатрешни пејзажи, за потребата да се раскажуваат приказни и да се пронаоѓаат сјајот и лагата во нив. Еден од најинтересните аспекти во романот е релацијата меѓу четирите основни и преостанатите куси приказни. Од таа релација се градат визуелни и мисловни контрапункти, ситни драматуршки пресврти, нијансирани поттекстови. Комбинацијата од непристрасен поглед на камера и лично обоено раскажување создава необичен тон, кој предизвикува читателот да биде оставен пред отворената врата на толкувањето.