Владимир Илиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-ilievski/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jun 2024 08:47:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Илиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-ilievski/ 32 32 Изложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-sosema-obichno-na-vladimir-ilievski/ Tue, 18 Jun 2024 08:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=788631

Во Галеријата „Метаноја“ во Скопје во соработка со „Балканскиот институт за вера и култура“ денеска ќе биде отворена изложбата „Сосема обично“ на Владимир Илиевски.

Светлината е најобична природна појава. Таа е толкав дел од нашето искуство така што забораваме дека не само што можеме самата неа да ја видиме, туку и заради неа гледаме сѐ друго. Како што псалмистот вели, „Во Твојата светлина гледаме светлина“ (Псалм 36:9). Владимир Илиевски во сликата „Создавање на светлоста“ ги има вткаено своите теоретски знаења, сликарски вештини, креативност, контемплативност и интертекстуалност во совршен спој, вели за изложбата рецензентот д-р Коста Милков.

Владимир Илиевски е роден во 1989 г. во Скопје. Во 2012 г. дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2023 г. реализирал петнаесет самостојни изложби во: Скопје, Битола, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Р. Бугарија) и Нови Сад (Р. Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии во: Охрид, Струга, Струмица, Велес, БиХ, Р. Бугарија, Р. Србија. Добитник е на 7 национални награди. Од 2012 г. член е на ДЛУМ, а од 2022 член е и на ДЛУБ.

The post Изложба „Сосема обично“ на Владимир Илиевски appeared first on Република.

]]>

Разговор со Владимир Илиевски за романот „Суво мастило“ во „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-vladimir-ilievski-za-romanot-suvo-mastilo-vo-braka-miladinovtsi/ Tue, 06 Feb 2024 08:10:45 +0000 https://republika.mk/?p=740815

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се разговор со Владимир Илиевски за неговиот роман „Суво мастило“, издание на „Македоника литера“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Разговорот се одржува во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели посветен на ова дело е закажан за 29 февруари.

„Суво мастило“ е роман во кој авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост.

Опфаќајќи голем временски период таа приказна се плете и расплетува на цврст реалистички принцип, но со голема внимателност на авторот кон фактите и темелноста на историската оправданост. Овој исклучително талентиран прозаист развива прекрасна приказна за еден од најинвентивните личности на раниот дваесетти век, Едуард Пенкала, човекот чие презиме постојано го споменуваме кога ќе изговориме „пенкало“, за човекот кој покрај „пенкалото“ и „сувото мастило“ со кое пишува тоа, во својата листа имал уште осумдесет други пронајдоци без чија функција дури и денешниот, сѐ повеќе виртуелен, 21 век не би можел да функционира – пишува критичарот Сашо Огненовски.

Владимир Илиевски (1970, Скопје) е прозаист, поет и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги има објавено книгите: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014), Брзината не убива (поезија, 2016) и Пената на црниот бран (раскази, 2018). Дел од творештвото му е преведено на бугарски, хрватски, српски, руски, украински, полски, литвански, италијански и англиски јазик.

„Суво мастило“ е издание на и беше финалист за Роман на годината во 2020 година.

The post Разговор со Владимир Илиевски за романот „Суво мастило“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се разговор со Владимир Илиевски за неговиот роман „Суво мастило“, издание на „Македоника литера“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Разговорот се одржува во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“. Клубот на читатели посветен на ова дело е закажан за 29 февруари. „Суво мастило“ е роман во кој авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост.
Опфаќајќи голем временски период таа приказна се плете и расплетува на цврст реалистички принцип, но со голема внимателност на авторот кон фактите и темелноста на историската оправданост. Овој исклучително талентиран прозаист развива прекрасна приказна за еден од најинвентивните личности на раниот дваесетти век, Едуард Пенкала, човекот чие презиме постојано го споменуваме кога ќе изговориме „пенкало“, за човекот кој покрај „пенкалото“ и „сувото мастило“ со кое пишува тоа, во својата листа имал уште осумдесет други пронајдоци без чија функција дури и денешниот, сѐ повеќе виртуелен, 21 век не би можел да функционира – пишува критичарот Сашо Огненовски.
Владимир Илиевски (1970, Скопје) е прозаист, поет и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги има објавено книгите: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014), Брзината не убива (поезија, 2016) и Пената на црниот бран (раскази, 2018). Дел од творештвото му е преведено на бугарски, хрватски, српски, руски, украински, полски, литвански, италијански и англиски јазик. „Суво мастило“ е издание на и беше финалист за Роман на годината во 2020 година.  

The post Разговор со Владимир Илиевски за романот „Суво мастило“ во „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Разговор со Владимир Илиевски во библиотеката „Браќа Миладиновци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-vladimir-ilievski-vo-bibliotekata-braka-miladinovtsi/ Mon, 05 Feb 2024 08:26:02 +0000 https://republika.mk/?p=740420

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја продолжува големата кампања „Читаме современи македонски автори“, во чии рамки книга за месец февруари е романот „Суво мастило“ од Владимир Илиевски. Разговорот со авторот е утре (вторник, 6 февруари) во 19 часот во спомен-собата „Т'га за југ“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Клубот на читатели посветен на ова дело е закажан за 29 февруари.

„Суво мастило“ е роман во кој авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост.

Опфаќајќи голем временски период таа приказна се плете и расплетува на цврст реалистички принцип, но со голема внимателност на авторот кон фактите и темелноста на историската оправданост. Овој исклучително талентиран прозаист развива прекрасна приказна за еден од најинвентивните личности на раниот дваесетти век, Едуард Пенкала, човекот чие презиме постојано го споменуваме кога ќе изговориме „пенкало“, за човекот кој покрај „пенкалото“ и „сувото мастило“ со кое пишува тоа, во својата листа имал уште осумдесет други пронајдоци без чија функција дури и денешниот, сѐ повеќе виртуелен, дваесет и први век не би можел да функционира, пишува критичарот Сашо Огненовски.

Владимир Илиевски (1970, Скопје) е прозаист, поет и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги има објавено книгите: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014), Брзината не убива (поезија, 2016) и Пената на црниот бран (раскази, 2018). Дел од творештвото му е преведено на бугарски, хрватски, српски, руски, украински, полски, литвански, италијански и англиски јазик.

„Суво мастило“ е издание на Македоника литера и беше финалист за Роман на годината во 2020 година.

Во првиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ (од септември 2022 - до мај 2023 година) ГБСК последователно претстави осум домашни автори и исто толку дела.
Во рамките на вториот циклус, од септември 2023 година досега, беа претставени авторите: Николина Андова Шопова со романот „Естом“, Елизабета Баковска и Сашо Димоски со фотокнигата „Во главата пишувам расказ“, Васко Марковски со монографијата „Урбани приказни“ и Андреј Ал-Асади со стихозбирката „Секој секому огледало“. Романот „Суво мастило“ е петта книга од предвидените осум од вториот циклус кој ќе трае до мај оваа година.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ е дел од стратегијата на ГБСК за силна поддршка на македонските писатели, издавачи, но и на македонскиот јазик.

The post Разговор со Владимир Илиевски во библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>

Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје ја продолжува големата кампања „Читаме современи македонски автори“, во чии рамки книга за месец февруари е романот „Суво мастило“ од Владимир Илиевски. Разговорот со авторот е утре (вторник, 6 февруари) во 19 часот во спомен-собата „Т'га за југ“. Модератор ќе биде книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Клубот на читатели посветен на ова дело е закажан за 29 февруари. „Суво мастило“ е роман во кој авторот вешто ја користи историјата како моќна, објективна и вистинита книжевна подлога, а истовремено гради субјективен книжевен однос и перцепција кон таа вистинитост.
Опфаќајќи голем временски период таа приказна се плете и расплетува на цврст реалистички принцип, но со голема внимателност на авторот кон фактите и темелноста на историската оправданост. Овој исклучително талентиран прозаист развива прекрасна приказна за еден од најинвентивните личности на раниот дваесетти век, Едуард Пенкала, човекот чие презиме постојано го споменуваме кога ќе изговориме „пенкало“, за човекот кој покрај „пенкалото“ и „сувото мастило“ со кое пишува тоа, во својата листа имал уште осумдесет други пронајдоци без чија функција дури и денешниот, сѐ повеќе виртуелен, дваесет и први век не би можел да функционира, пишува критичарот Сашо Огненовски.
Владимир Илиевски (1970, Скопје) е прозаист, поет и книжевен теоретичар. Дипломира и магистрира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Ги има објавено книгите: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014), Брзината не убива (поезија, 2016) и Пената на црниот бран (раскази, 2018). Дел од творештвото му е преведено на бугарски, хрватски, српски, руски, украински, полски, литвански, италијански и англиски јазик. „Суво мастило“ е издание на Македоника литера и беше финалист за Роман на годината во 2020 година. Во првиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ (од септември 2022 - до мај 2023 година) ГБСК последователно претстави осум домашни автори и исто толку дела. Во рамките на вториот циклус, од септември 2023 година досега, беа претставени авторите: Николина Андова Шопова со романот „Естом“, Елизабета Баковска и Сашо Димоски со фотокнигата „Во главата пишувам расказ“, Васко Марковски со монографијата „Урбани приказни“ и Андреј Ал-Асади со стихозбирката „Секој секому огледало“. Романот „Суво мастило“ е петта книга од предвидените осум од вториот циклус кој ќе трае до мај оваа година. Кампањата „Читаме современи македонски автори“ е дел од стратегијата на ГБСК за силна поддршка на македонските писатели, издавачи, но и на македонскиот јазик.

The post Разговор со Владимир Илиевски во библиотеката „Браќа Миладиновци“ appeared first on Република.

]]>
Владимир последен пат е виден пред Веро Џамбо, семејството бара помош https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vladimir-posleden-pat-e-viden-pred-vero-dhambo-semejstvoto-bara-pomosh/ Tue, 26 Sep 2023 17:09:17 +0000 https://republika.mk/?p=685424

ИСЧЕЗНАТО Е ЛИЦЕТО Владимир Илиевски роден 07.09.1990 год. Последно е виден пред „Веро Џамбо" паркингот во 10:00 часот, во 10:15 последно е зборувано на телефон со него после тоа му се губи секоја трага и недостапен е на телефон. Облечен е во крем дуксер, бордо маица по кратки, црни панталони и бели патике.
АКО ГО ВИДЕЛ НЕКОЈ ИЛИ ГО ПРЕПОЗНАЕ НЕКА СЕ ЈАВИ НА ОВИЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ:
078 662 580
078 340 957

The post Владимир последен пат е виден пред Веро Џамбо, семејството бара помош appeared first on Република.

]]>

ИСЧЕЗНАТО Е ЛИЦЕТО Владимир Илиевски роден 07.09.1990 год. Последно е виден пред „Веро Џамбо" паркингот во 10:00 часот, во 10:15 последно е зборувано на телефон со него после тоа му се губи секоја трага и недостапен е на телефон. Облечен е во крем дуксер, бордо маица по кратки, црни панталони и бели патике. АКО ГО ВИДЕЛ НЕКОЈ ИЛИ ГО ПРЕПОЗНАЕ НЕКА СЕ ЈАВИ НА ОВИЕ ТЕЛЕФОНСКИ БРОЕВИ: 078 662 580 078 340 957

The post Владимир последен пат е виден пред Веро Џамбо, семејството бара помош appeared first on Република.

]]>
„Не е ниту сон“ – изложба на слики од Владимир Илиевски во МКЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-e-nitu-son-izlozba-na-sliki-od-vladimir-ilievski-vo-mkc/ Fri, 15 Jul 2022 08:12:26 +0000 https://republika.mk/?p=529140

„Не е ниту сон“ е насловот на изложбата на слики од Владимир Илиевски што вечерва во 20 часот ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Тој ќе се претстави со нова серија слики кои се доближуваат до она што може да биде сон, а не е.

Владимир Илиевски е роден во 1989 година во Скопје. Во 2012 дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 година реализирал 12 самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Бугарија) и Нови Сад (Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурала, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии.

The post „Не е ниту сон“ – изложба на слики од Владимир Илиевски во МКЦ appeared first on Република.

]]>

„Не е ниту сон“ е насловот на изложбата на слики од Владимир Илиевски што вечерва во 20 часот ќе биде отворена во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Тој ќе се претстави со нова серија слики кои се доближуваат до она што може да биде сон, а не е. Владимир Илиевски е роден во 1989 година во Скопје. Во 2012 дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. Од 2012 до 2022 година реализирал 12 самостојни изложби во: Скопје, Охрид, Делчево, Струмица, Ботевград (Бугарија) и Нови Сад (Србија). Учествувал на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурала, во Скопје и во Струмица. Учествувал на десетина ликовни колонии.  

The post „Не е ниту сон“ – изложба на слики од Владимир Илиевски во МКЦ appeared first on Република.

]]>