Владимир Георгиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-georgievski/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 07:41:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Георгиевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-georgievski/ 32 32 Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-makedonskiot-slikar-vladimir-georgievski-vo-kumanovo/ Thu, 19 Sep 2024 07:41:14 +0000 https://republika.mk/?p=817643

Денес во фоајето на Центарот за култура во Куманово, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата на дела на истакнатиот македонски уметник Владимир Георгиевски.

Владимир Георгиевски (Скопје, 1 јуни 1942 – Скопје, 25 мај 2017) — македонски сликар. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.

Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.

Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.

The post Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски во Куманово appeared first on Република.

]]>

Денес во фоајето на Центарот за култура во Куманово, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата на дела на истакнатиот македонски уметник Владимир Георгиевски. Владимир Георгиевски (Скопје, 1 јуни 1942 – Скопје, 25 мај 2017) — македонски сликар. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје. Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија. Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија. Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.  

The post Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски во Куманово appeared first on Република.

]]>
Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски во Центарот за култура во Куманово https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-makedonskiot-slikar-vladimir-georgievski-vo-tsentarot-za-kultura-vo-kumanovo/ Wed, 14 Aug 2024 07:51:11 +0000 https://republika.mk/?p=806359

На 19 септември, во четврток во 19:00 часот во Центарот за култура во Куманово, ќе биде отворена изложбата на Владимир Георгиевски, македонскиот сликар.

По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, Георгиевски се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.Владимир Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.

The post Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски во Центарот за култура во Куманово appeared first on Република.

]]>

На 19 септември, во четврток во 19:00 часот во Центарот за култура во Куманово, ќе биде отворена изложбата на Владимир Георгиевски, македонскиот сликар. По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, Георгиевски се запишал на Академијата за ликовни уметности во Белград. Диполимирал во 1968 година. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје.Владимир Георгиевски создал сценографски и костимографски решенија за преку 30 театарски претстави во Македонија и во земјите на поранешна Југославија.Реализирал студиски патувања во Италија, Франција, Русија, Велика Британија, САД, Белгија и Холандија.Самостојни излагања имал во: Скопје, Софија, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Белград и Санкт Петербург.

The post Изложба на македонскиот сликар Владимир Георгиевски во Центарот за култура во Куманово appeared first on Република.

]]>
Изложба на дела во чест на 82 години од раѓањето на Владимир Георгиевски во Галерија Матица https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-dela-vo-chest-na-82-godini-od-raganeto-na-vladimir-georgievski-vo-galerija-matitsa/ Thu, 30 May 2024 07:44:54 +0000 https://republika.mk/?p=783001

Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 - 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, организира изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото.

Изложбата ќе биде отворена вечер и ќе трае до 24 јуни 2024 година.

The post Изложба на дела во чест на 82 години од раѓањето на Владимир Георгиевски во Галерија Матица appeared first on Република.

]]>

Во чест на 82 години од раѓањето на македонскиот сликар Владимир Георгиевски (1.6.1942 - 25.5.2017), Галерија Матица, во соработка со семејството Георгиевски, организира изложба на триесетина досега неизложувани дела од различни фази на неговото творештвото. Изложбата ќе биде отворена вечер и ќе трае до 24 јуни 2024 година.  

The post Изложба на дела во чест на 82 години од раѓањето на Владимир Георгиевски во Галерија Матица appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски во Виница https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-eden-od-najznachajnite-sovremeni-makedonski-likovni-umetnitsi-vladimir-georgievski-vo-vinitsa/ Mon, 04 Mar 2024 15:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=751145

Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус . Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк", чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот.
Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк" е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

The post Ретроспективна изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски во Виница appeared first on Република.

]]>

Ретроспективната изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски, со поставени 20-тина дела од неговиот богат творечки опус . Изложбата се реализира во соработка со Музеј на Град Скопје, преку мрежата „МузеумЛинк", чија што цел е да им овозможи на што поголем број љубители на уметноста надвор од главниот град да се запознаат со опусот на уметникот. Автор и координатор на мрежата „МузеумЛинк" е Јасминка Намичева-кустос советник од Музеј на град Скопје. Делата за оваа поставка на изложбата се во сопственост на Фросина Георгиевска, ќерката на професорот Георгиевски, која заедно со Намичева го направија и конечниот избор на дела.

The post Ретроспективна изложба на еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници, Владимир Георгиевски во Виница appeared first on Република.

]]>
Ретроспективна изложба на дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски ликовни уметници во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/retrospektivna-izlozhba-na-dela-od-vladimir-georgievski-eden-od-najznachajnite-makedonski-likovni-umetnitsi-vo-domot-na-kultura-dragi-tozija-vo-resen/ Mon, 19 Feb 2024 15:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=745787

Понеделник, 19.02.2024  во 13.00 часот, во Домот на култура "Драги Тозија", ќе биде отворена ретроспективна изложба на ликовни дела на еден од најзначајните македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски

Владимир Георгиевски (1942–2017) е еден од најзначајните македонски уметници. Зад себе остави скапоцена ризница од уметничко богатство. Во неговите дела болска златна нишка што ги поврзува и води кон скриеното духовно благо закопано длабоко под површината на неговите слики.

Наспроти современите насоки на движење на ликовната уметност, спроти времето и актуелноста, Георгиевски ја започнува својата творечка авантура движејќи се во спротивна насока од своите современици – одејќи назад, до затрупаните извори на уметноста, таму каде што сè почнува, враќајќи се кон загубените вредности на сликарството и на сликата, кон класичната формула и мајсторската форма.

Овој „блуден син“ на современата македонска уметност тргна на неизвесно патување, осамен меѓу своите современици, барајќи ја вистината. Тоа беше пат на кој тој тргна и во потрага по сопствениот, личен творечки знак и сопственото себесознавање, низ привидот што го опкружува. Неговите творечки занеси го водеа на долги и неизвесни патувања по пустите предели на стварноста низ долините каде што врие, се прелева и се пресоздава животот до највисоките врвови каде што воздухот е студен и проѕирен како кристал, а видикот широк и јасно може да се види светот.

Творештвото на Владимир Георгиевски се опира на сите обиди да се класифицира и систематизира. Пропаѓа секој обид да се подреди во хронолошки ред поради идејата на сликарот за безвременоста на делата. Најголем дел од делата се недатирани, еден ист мотив е работен повеќе пати во различни временски периоди и во разновидни сликарски техники, сликите се преработувани и доработувани во обид да се пронајде најдобриот од сите можни модели... Неговото творештво е како животот – буи, блика, расте и се разгранува во својот природен развиток, не водејќи грижа за правилата и ограничувањата што ги наметнува современото општество, ниту пак води сметка за модните трендови и вкусот на неговите современици.

Во сликарството тој почнува од неговите онтолошки основи. Тој е во потрага по загубената духовност во свет кој одамна им се препуштил на површните задоволства и робувањето на телото и на телесноста. Наспроти модните стилови, трендови, наспроти лажниот мистицизам, комерцијализацијата, идолатрија и фетишизам на уметничкото дело; наспроти предрасудите, наметнатите безначајни теми, тривијалноста на уметноста, позерството, манипулациите со публика, наспроти уметноста разбрана како фриволна игра или забава за народот, уметноста како дневна политика, уметноста со тенденција, уметноста во функција на идеологијата, како оправдување на постојниот општествен дискурс, како пропаганда, како одраз на една замислена стварност, како проекција на таа стварност, како панаѓурска измама или како илузионистичка претстава – тој се враќа кон уметноста која е во функција на откривањето на вистината.

Владимир Георгиевски, уште на самиот почеток, го става човекот и неговата драма на постоење во центарот на својот сликарски свет. Тој создава дело за човекот од човекот.

Тој е сликар на современата стварност дури и кога е тешко препознатлива поради историската травестија. Симболизмот во неговото творештво, алегоријата, нарацијата и иронијата со која ги слика нештата не се противставени на основниот сликарски порив да ја направи видлива вистината за светот денес. Тие се само средства.

Протагонистите на неговите слики парадираат во историски костуми како во театар. Понекогаш тоа се современи ликови и сцени од секојдневниот живот претставени во историски костими и вкалапени во познати калапи од религиското сликарство или од книжевноста.

Во најдобрата традиција на светското сликарство, со мајсторство на кое нема што да му се забележи, Владимир Георгиевски се обиде да му го врати на сликарството загубеното достоинство и одново да го доближи до философијата разбрана изворно како љубов кон мудроста. А каква е таа мудрост што не е втемелена во вистината? Во својот сликарски манифест (2011) тој ќе напише: „Овој свет со својата вистинитост не е Космосот на бојата и астрономијата на цртежот! Не, тие Космички пространства на моите сликарски сновиденија се над светските нужности, над вистинитоста што може да ја видиме и да ја опипаме! Мојот вистински пат е пат на духовно слободно чувствување на светот и Човекот во него!“

Емил Алексиев

The post Ретроспективна изложба на дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски ликовни уметници во Домот на култура „Драги Тозија“ во Ресен appeared first on Република.

„Учителот, страдањето и учеништвото“ – изложба на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uchitelot-stradaneto-i-uchenishtvoto-izlozhba-na-vladimir-georgievski-i-na-nikola-pijanmanov-vo-skopje/ Thu, 13 Apr 2023 07:22:51 +0000 https://republika.mk/?p=630390

Уметничката галерија „Метаноја“ кани на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, во четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје.

Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како феномен – општото искуство на човештвото со кое Христос се поистоветува. Една од паралелите е совршениот пример на Исус кој ги воведува и ги води следбениците низ учеништво кое бара непоколеблива посветеност, самопожртвуваност и љубов.

Георгиевски и Пијанманов во дијалог даваат уметничко сведоштво пред сѐ за Христовите страдања, но и за инспирацијата од него за односот учител-ученик.

Краток осврт за темата на поставката и за изложените дела ќе има рецензентот Коста Милков. Ќе се обрати и ко-авторот на изложбата Никола Пијанманов.

The post „Учителот, страдањето и учеништвото“ – изложба на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов во Скопје appeared first on Република.

]]>

Уметничката галерија „Метаноја“ кани на отворањето на изложбата „Учителот, страдањето и учеништвото“ на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов, во четврток на 13 април 2023 година од 19:00 часот на ул. Максим Горки бр. 19 во Скопје. Избраните дела за изложбата се инспирирани од Христовите страдања. Тие се прикажани буквално на сликите, но уметничкиот израз носи и бројни метафори на страдањето како феномен – општото искуство на човештвото со кое Христос се поистоветува. Една од паралелите е совршениот пример на Исус кој ги воведува и ги води следбениците низ учеништво кое бара непоколеблива посветеност, самопожртвуваност и љубов. Георгиевски и Пијанманов во дијалог даваат уметничко сведоштво пред сѐ за Христовите страдања, но и за инспирацијата од него за односот учител-ученик. Краток осврт за темата на поставката и за изложените дела ќе има рецензентот Коста Милков. Ќе се обрати и ко-авторот на изложбата Никола Пијанманов.  

The post „Учителот, страдањето и учеништвото“ – изложба на Владимир Георгиевски и на Никола Пијанманов во Скопје appeared first on Република.

]]>
Заради зголемен интерес изложбата на реномираниот сликар Владимир Георгиевски ќе биде продолжена до 12 февруари https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/zaradi-zgolemen-interes-izlozhbata-na-renomiraniot-slikar-vladimir-georgievski-ke-bide-prodolzhena-do-12-fevruari/ Tue, 07 Feb 2023 08:57:19 +0000 https://republika.mk/?p=605802

Заради зголемен интерес изложбата на реномираниот сликар Владимир Георгиевски ќе биде продолжена до 12 февруари, соопштија од Музеј на Град Скопје.

Во Музејот на Град Скопје се поставени над 100 дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски уметници и столбови на македонската современа уметност. Изложбата се состои од дела на уметникот, кој почина во 2017,  работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а беше промовирана и монографија за неговото творештво.

Последната изложба на Георгиевски беше насловена „Страдањата на Дон Кихот“, и се отвори во април 2016 во Музејот на Град Скопје, а во јуни истата година беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.

Георгиевски е роден 1942  Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади 25 мај). Меѓу 1980 и 2012 бил професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектура во Скопје. Една деценија во 1990-тите, предавал и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.

Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројните театарски претстави и неколку домашни играни филмови. Голем број негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа. Има реализирано од 1977 година (1977 Белград; Скопје, Музеј на современата уметност) до 2016 година (2016 Скопје, Музеј на град Скопје) дваесет и пет (25) самостојни изложби во Скопје, Белград, Виена, Истанбул, Рим, Киев, Санкт Петерсбург и Софија.

Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар.

The post Заради зголемен интерес изложбата на реномираниот сликар Владимир Георгиевски ќе биде продолжена до 12 февруари appeared first on Република.

]]>

Заради зголемен интерес изложбата на реномираниот сликар Владимир Георгиевски ќе биде продолжена до 12 февруари, соопштија од Музеј на Град Скопје. Во Музејот на Град Скопје се поставени над 100 дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски уметници и столбови на македонската современа уметност. Изложбата се состои од дела на уметникот, кој почина во 2017,  работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а беше промовирана и монографија за неговото творештво. Последната изложба на Георгиевски беше насловена „Страдањата на Дон Кихот“, и се отвори во април 2016 во Музејот на Град Скопје, а во јуни истата година беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес. Георгиевски е роден 1942  Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади 25 мај). Меѓу 1980 и 2012 бил професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектура во Скопје. Една деценија во 1990-тите, предавал и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје. Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројните театарски претстави и неколку домашни играни филмови. Голем број негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа. Има реализирано од 1977 година (1977 Белград; Скопје, Музеј на современата уметност) до 2016 година (2016 Скопје, Музеј на град Скопје) дваесет и пет (25) самостојни изложби во Скопје, Белград, Виена, Истанбул, Рим, Киев, Санкт Петерсбург и Софија. Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар.  

The post Заради зголемен интерес изложбата на реномираниот сликар Владимир Георгиевски ќе биде продолжена до 12 февруари appeared first on Република.

]]>
На последната вечер од изложбата на дела на Владимир Георгиевски, во Музејот на Град Скопје, ќе настапи Ана Кондратенко https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-poslednata-vecher-od-izlozhbata-na-dela-na-vladimir-georgievski-vo-muzejot-na-grad-skopje-ke-nastapi-ana-kondratenko/ Wed, 01 Feb 2023 09:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=602344

На последната вечер од изложбата на дела на реномираниот македонски сликар Владимир Георгиевски, во Музејот на Град Скопје, на 1 февруари, во 20 часот, ќе настапи Ана Кондратенко, концерт-мајстор и солистка во оркестарот на македонската филхармонија, како и на оркестарот „Фејмс“ во Скопје.

Уживајте во уште една, последна засега, средба со сликите на Георгиевски, како и во исклучително музичко доживување – велат во поканата од Музејот на градот Скопје.

Владимир Георгиевски (1942 – 2017) е еден од најзначајните современи македонски ликовни уметници. Студирал сликарство на Академијата за ликовни уметности во Белград, каде што завршил и постдипломски студии во класата на професор Младен Србиновиќ, во 1970 година. Покрај активното творење, меѓу 1980 и 2017 работел и како професор по сликарство, пластично обликување, историја на уметност, сценографија и костимографија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, како и на интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје. Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата во 2013 година, награда за животно дело од „Остен“ во 2014-та и на титулата доктор хонорис кауза во 2017-та од интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“ во Скопје. Владимир Георгиевски исто така создал наградувани сценографски и костимографски решенија за голем број театарски претстави и неколку играни филмови во Македонија и во земјите на поранешна Југославија. Самостојни излагања имал во Скопје, Белград, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петербург. Како член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија учествувал и во многу групни изложби.

The post На последната вечер од изложбата на дела на Владимир Георгиевски, во Музејот на Град Скопје, ќе настапи Ана Кондратенко appeared first on Република.

Голема изложба на дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски уметници во Музеј на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/golema-izlozba-na-dela-od-vladimir-georgievski-eden-od-najznachajnite-makedonski-umetnici-vo-muzej-na-grad-skopje/ Fri, 09 Dec 2022 09:47:45 +0000 https://republika.mk/?p=583594

Во Музејот на Град Скопје се поставени над 100 дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски уметници и столбови на македонската современа уметност. Изложбата се состои од дела на уметникот, кој почина во 2017,  работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а беше промовирана и монографија за неговото творештво.

Последната изложба на Георгиевски беше насловена „Страдањата на Дон Кихот“, и се отвори во април 2016 во Музејот на Град Скопје, а во јуни истата година беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес.

Георгиевски е роден 1942  Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади 25 мај). Меѓу 1980 и 2012 бил професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектура во Скопје. Една деценија во 1990-тите, предавал и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.

Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројните театарски претстави и неколку домашни играни филмови. Голем број негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа. Има реализирано од 1977 година (1977 Белград; Скопје, Музеј на современата уметност) до 2016 година (2016 Скопје, Музеј на град Скопје) дваесет и пет (25) самостојни изложби во Скопје, Белград, Виена, Истанбул, Рим, Киев, Санкт Петерсбург и Софија.

Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар.

The post Голема изложба на дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски уметници во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на Град Скопје се поставени над 100 дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски уметници и столбови на македонската современа уметност. Изложбата се состои од дела на уметникот, кој почина во 2017,  работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел. Куратор на изложбата е Емил Алексиев, а беше промовирана и монографија за неговото творештво. Последната изложба на Георгиевски беше насловена „Страдањата на Дон Кихот“, и се отвори во април 2016 во Музејот на Град Скопје, а во јуни истата година беше поставена и во театарот „Палас“ во Париз. Изложбата беше дел од големото одбележување на 400 години од смртта на најголемиот шпански писател Мигел де Сервантес. Георгиевски е роден 1942  Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади 25 мај). Меѓу 1980 и 2012 бил професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектура во Скопје. Една деценија во 1990-тите, предавал и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје. Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројните театарски претстави и неколку домашни играни филмови. Голем број негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа. Има реализирано од 1977 година (1977 Белград; Скопје, Музеј на современата уметност) до 2016 година (2016 Скопје, Музеј на град Скопје) дваесет и пет (25) самостојни изложби во Скопје, Белград, Виена, Истанбул, Рим, Киев, Санкт Петерсбург и Софија. Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар.

The post Голема изложба на дела од Владимир Георгиевски, еден од најзначајните македонски уметници во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Изложба на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-na-vladimir-georgievski-vo-muzej-na-grad-skopje/ Wed, 07 Dec 2022 08:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=582811

Во Музеј на Град Скопје денеска ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017).

Делата на Владимир Георгиевски ќе бидат поставени во целиот расположив галериски простор на Музејот. Изложбата се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел, соопштија од Музеј на Град Скопје.

Владимир Георгиевски е роден 1942 година во Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ.

По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади ’25 мај’). Меѓу 1980 и 2012 бил професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектруа во Скопје. Една деценија во 1990-тите, предавал и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје.

Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројните театарски претстави и неколку домашни играни филмови.

Голем број негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа. Има реализирано од 1977 година (1977 Белград; Скопје, Музеј на современата уметност) до 2016 година (2016 Скопје, Музеј на град Скопје) дваесет и пет (25) самостојни изложби во Скопје, Белград, Виена, Истанбул, Рим, Киев, Санкт Петерсбург и Софија.

Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје во соработка со легатите на уметникот. Куратор на изложбата е Емил Алексиев.

За оваа изложба е подготвена и монографија за творештвото на Владимир Георгиевски (Издавач: Музеј на град Скопје; автор: Емил Алексиев; текст: Емил Алексиев и Никола Пијанманов; 160 стр.; 120 колор илустрации; формат 22х22; тираж 350 примероци од кои 50 со тврди корици, печат: Датапонс, Скопје 2019).

The post Изложба на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Музеј на Град Скопје денеска ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017).
Делата на Владимир Георгиевски ќе бидат поставени во целиот расположив галериски простор на Музејот. Изложбата се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел, соопштија од Музеј на Град Скопје.
Владимир Георгиевски е роден 1942 година во Скопје. Во 1963 завршил Училиште за примена уметност во Скопје. Истата година ги започнал студиите на Ликовната академија во Белград, каде и дипломирал во 1968 година. Постдипломски студии завршил на истата академија, во класата на професор Младен Србиновиќ. По враќањето од Белград во 1972, го раководел уметничкиот оддел при Младинскиот културен центар (тогашен Дом на млади ’25 мај’). Меѓу 1980 и 2012 бил професор по цртање, сликање и пластично обликување на Факултетот за архитектруа во Скопје. Една деценија во 1990-тите, предавал и естетика на простор, историја на модерна уметност, како и сценографија на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил професор и на Факултетот за аудио-визуелни уметности во Скопје. Неговите сценографски и костимографски решенија беа дел од многубројните театарски претстави и неколку домашни играни филмови. Голем број негови дела се наоѓаат во приватни збирки во Македонија и надвор од неа. Има реализирано од 1977 година (1977 Белград; Скопје, Музеј на современата уметност) до 2016 година (2016 Скопје, Музеј на град Скопје) дваесет и пет (25) самостојни изложби во Скопје, Белград, Виена, Истанбул, Рим, Киев, Санкт Петерсбург и Софија. Добитник е на највисока државна награда за животно остварување во областа на уметноста и културата. Неколкупати е наградуван и за неговата работа во театар. Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје во соработка со легатите на уметникот. Куратор на изложбата е Емил Алексиев. За оваа изложба е подготвена и монографија за творештвото на Владимир Георгиевски (Издавач: Музеј на град Скопје; автор: Емил Алексиев; текст: Емил Алексиев и Никола Пијанманов; 160 стр.; 120 колор илустрации; формат 22х22; тираж 350 примероци од кои 50 со тврди корици, печат: Датапонс, Скопје 2019).

The post Изложба на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Изложба и промоција на монографија на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izlozba-i-promocija-na-monografija-na-vladimir-georgievski-vo-muzej-na-grad-skopje/ Mon, 05 Dec 2022 08:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=581912

Во Музејот на град Скопје на 7 декември, среда во 20 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски (1942-2017). Делата на Георгиевски, работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел, ќе бидат поставени во целиот галериски простор на Музејот.

Воедно ќе биде промовирана и монографија за неговото творештво во издание на Музеј на град Скопје. Издавач е  Музеј на град Скопје, автор Емил Алексиев а текстот е на  Емил Алексиев и Никола Пијанманов.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје, во соработка со легатите на уметникот.

Куратор на изложбата е Емил Алексиев.

The post Изложба и промоција на монографија на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на град Скопје на 7 декември, среда во 20 часот ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници Владимир Георгиевски (1942-2017). Делата на Георгиевски, работени во ликовните техники масло на платно, темпера, пастел, туш, молив во боја и акварел, ќе бидат поставени во целиот галериски простор на Музејот. Воедно ќе биде промовирана и монографија за неговото творештво во издание на Музеј на град Скопје. Издавач е  Музеј на град Скопје, автор Емил Алексиев а текстот е на  Емил Алексиев и Никола Пијанманов. Изложбата се реализира со финансиска поддршка на Град Скопје, во соработка со легатите на уметникот. Куратор на изложбата е Емил Алексиев.

The post Изложба и промоција на монографија на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје appeared first on Република.

]]>