Владимир Домазетовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-domazetovik/ За подобро да се разбереме Thu, 16 Nov 2023 07:53:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Домазетовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-domazetovik/ 32 32 Концерт на пијанистот Владимир Домазетовиќ од Црна Гора на ФМУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-pijanistot-vladimir-domazetovik-od-tsrna-gora-na-fmu/ Thu, 16 Nov 2023 07:53:52 +0000 https://republika.mk/?p=701999

На Факултетот за музичка уметност вечерва концерт ќе одржи пијанистот Владимир Домазетовиќ од Црна Гора. Домазетовиќ ќе изведе дела на Шуман, Рахманинов и Шопен.

Основното музичко образование, Домазетовиќ го стекнал во Бар, а потоа се запишал во класата на професорот Слава Габријелов, со кого, според неговите зборови, стекнал значително искуство во интерпретацијата на пијано. Се запишал на Музичката академија во Титоград како најмлад студент во тоа време на Универзитетот во Црна Гора.

Студирал и магистрирал на музичката академија во Цетиње во класата на професорот В. Бочкарјов, а специјалистичките студии ги завршил во Париз на Високата школа Alfred Cortot во класата на професорот Маријан Рибички каде се стекнал со диплома на пијанист – изведувач. Тој е лауреат на републички и сојузни натпревари на поранешна Југославија. На шеснаесет години е победник на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Нови Сад и со тоа влезе во кругот на најуспешните млади пијанисти на поранешна СФРЈ, соопштуваат од ФМУ.

Оттаму, посочуваат дека неговите настапи се проследени со исклучителна музичка критика. Има настапувано со еминентни оркестри како што се Симфонискиот оркестар РТВЦГ, Белградската филхармонија, оркестарот Virtuosi di Praga и италијанскиот Mitteleuropa оркестар. Покрај самостојните настапи, има изведено серија концерти интерпретирајќи камерна музика како член на пијано трио со В.Кленковски (кларинет) и К.Станковиќ (виолончело). Посетувал семинари на познати педагози по пијано како Константин Богино, Жан Фасина, Жак Рувие и Владимир Виардо.

За неговите достигнувања на полето на уметноста добива високи општествени награди кои му ги врачија Центарот за современа уметност Подгорица, Општинското собрание на Бар и Црногорската академија на науките и уметностите. Домазетовиќ е вонреден професор на Музичката академија во Цетиње.

The post Концерт на пијанистот Владимир Домазетовиќ од Црна Гора на ФМУ appeared first on Република.

]]>

На Факултетот за музичка уметност вечерва концерт ќе одржи пијанистот Владимир Домазетовиќ од Црна Гора. Домазетовиќ ќе изведе дела на Шуман, Рахманинов и Шопен. Основното музичко образование, Домазетовиќ го стекнал во Бар, а потоа се запишал во класата на професорот Слава Габријелов, со кого, според неговите зборови, стекнал значително искуство во интерпретацијата на пијано. Се запишал на Музичката академија во Титоград како најмлад студент во тоа време на Универзитетот во Црна Гора.
Студирал и магистрирал на музичката академија во Цетиње во класата на професорот В. Бочкарјов, а специјалистичките студии ги завршил во Париз на Високата школа Alfred Cortot во класата на професорот Маријан Рибички каде се стекнал со диплома на пијанист – изведувач. Тој е лауреат на републички и сојузни натпревари на поранешна Југославија. На шеснаесет години е победник на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Нови Сад и со тоа влезе во кругот на најуспешните млади пијанисти на поранешна СФРЈ, соопштуваат од ФМУ.
Оттаму, посочуваат дека неговите настапи се проследени со исклучителна музичка критика. Има настапувано со еминентни оркестри како што се Симфонискиот оркестар РТВЦГ, Белградската филхармонија, оркестарот Virtuosi di Praga и италијанскиот Mitteleuropa оркестар. Покрај самостојните настапи, има изведено серија концерти интерпретирајќи камерна музика како член на пијано трио со В.Кленковски (кларинет) и К.Станковиќ (виолончело). Посетувал семинари на познати педагози по пијано како Константин Богино, Жан Фасина, Жак Рувие и Владимир Виардо. За неговите достигнувања на полето на уметноста добива високи општествени награди кои му ги врачија Центарот за современа уметност Подгорица, Општинското собрание на Бар и Црногорската академија на науките и уметностите. Домазетовиќ е вонреден професор на Музичката академија во Цетиње.

The post Концерт на пијанистот Владимир Домазетовиќ од Црна Гора на ФМУ appeared first on Република.

]]>
Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kontsert-na-tsrnogorskiot-pijanist-vladimir-domazetovik-na-fmu/ Wed, 15 Nov 2023 08:34:16 +0000 https://republika.mk/?p=701680

Во четврток, на 16 ноември, на Факултатот за музичка уметност, во рамки на Есенски музички свечености ќе се одржи концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ.

Владимир Домазетовиќ основното музичко образование го стекнал во Бар, а потоа се запишал во класата на професорот Слава Габријелов, со кого, според неговите зборови, стекнал значително искуство во интерпретација на пијано. Се запишал на Музичката академија во Титоград како најмлад студент во тоа време на Универзитетот во Црна Гора. Студирал и магистрирал на музичката академија во Цетиње во класата на професорот В. Бочкарјов, а специјалистичките студии ги завршил во Париз на Високата школа Alfred Cortot во класата на професорот Маријан Рибички каде се стекнал со диплома на пијанист – изведувач. Тој е лауреат на републички и сојузни натпревари на поранешна Југославија. На шеснаесет години е победник на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Нови Сад и со тоа влезе во кругот на најуспешните млади пијанисти на поранешна СФРЈ. Добитник е на втора награда на Меѓународниот натпревар во Рим (1993) и бил финалист на престижниот натпревар по пијано во Сенигалија (1994). Неколкупати настапувал на фестивалите Барски љетопис, Град театар-Будва, Еспресиво, Денови на музиката, Монтенегро музички фестивал, Номус, Нимус, Бемус и многу други. Имаше забележителни настапи низ Европа и снимаше за неколку телевизиски и радио станици. Во Париз неколку пати настапуваше во престижната сала Alfred Cortot , како и во Полската амбасада и Југословенскиот културен центар, а сними и одредени дела за телевизијата Арте.

Неговите настапи редовно се проследени со исклучителна музичка критика. Забележителни настапи со еминентни оркестри како што се: Симфонискиот оркестар РТВЦГ, Белградската филхармонија, оркестарот Virtuosi di Praga и италијанскиот Mitteleuropa оркестар. Покрај самостојните настапи, тој изведе серија успешни концерти интерпретирајќи камерна музика како член на пијано трио со В.Кленковски (кларинет) и К.Станковиќ (виолончело). Посетувал семинари на познати педагози по пијано како Константин Богино, Жан Фасина, Жак Рувие и Владимир Виардо, со кои одржувал менторска соработка.

За неговите достигнувања на полето на уметноста добива високи општествени награди кои му ги врачија Центарот за современа уметност Подгорица, Општинското собрание на Бар и Црногорската академија на науките и уметностите. Тој е вонреден професор на Музичката академија во Цетиње.

 

The post Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ appeared first on Република.

]]>

Во четврток, на 16 ноември, на Факултатот за музичка уметност, во рамки на Есенски музички свечености ќе се одржи концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ. Владимир Домазетовиќ основното музичко образование го стекнал во Бар, а потоа се запишал во класата на професорот Слава Габријелов, со кого, според неговите зборови, стекнал значително искуство во интерпретација на пијано. Се запишал на Музичката академија во Титоград како најмлад студент во тоа време на Универзитетот во Црна Гора. Студирал и магистрирал на музичката академија во Цетиње во класата на професорот В. Бочкарјов, а специјалистичките студии ги завршил во Париз на Високата школа Alfred Cortot во класата на професорот Маријан Рибички каде се стекнал со диплома на пијанист – изведувач. Тој е лауреат на републички и сојузни натпревари на поранешна Југославија. На шеснаесет години е победник на Првиот меѓународен натпревар по пијано во Нови Сад и со тоа влезе во кругот на најуспешните млади пијанисти на поранешна СФРЈ. Добитник е на втора награда на Меѓународниот натпревар во Рим (1993) и бил финалист на престижниот натпревар по пијано во Сенигалија (1994). Неколкупати настапувал на фестивалите Барски љетопис, Град театар-Будва, Еспресиво, Денови на музиката, Монтенегро музички фестивал, Номус, Нимус, Бемус и многу други. Имаше забележителни настапи низ Европа и снимаше за неколку телевизиски и радио станици. Во Париз неколку пати настапуваше во престижната сала Alfred Cortot , како и во Полската амбасада и Југословенскиот културен центар, а сними и одредени дела за телевизијата Арте. Неговите настапи редовно се проследени со исклучителна музичка критика. Забележителни настапи со еминентни оркестри како што се: Симфонискиот оркестар РТВЦГ, Белградската филхармонија, оркестарот Virtuosi di Praga и италијанскиот Mitteleuropa оркестар. Покрај самостојните настапи, тој изведе серија успешни концерти интерпретирајќи камерна музика како член на пијано трио со В.Кленковски (кларинет) и К.Станковиќ (виолончело). Посетувал семинари на познати педагози по пијано како Константин Богино, Жан Фасина, Жак Рувие и Владимир Виардо, со кои одржувал менторска соработка. За неговите достигнувања на полето на уметноста добива високи општествени награди кои му ги врачија Центарот за современа уметност Подгорица, Општинското собрание на Бар и Црногорската академија на науките и уметностите. Тој е вонреден професор на Музичката академија во Цетиње.  

The post Концерт на црногорскиот пијанист Владимир Домазетовиќ на ФМУ appeared first on Република.

]]>