Владимир Чижов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-chizov/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Sep 2022 17:58:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Чижов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-chizov/ 32 32 Рускиот амбасадор во ЕУ ја напушти функцијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruskiot-ambasador-vo-eu-ja-napushti-funkcijata/ Tue, 06 Sep 2022 19:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=530282

Рускиот амбасадор во Европската Унија, Владимир Чижов го напушта Брисел по рекордни 17 години минати на оваа позиција, јави порталот Еурактив.

Сè уште не е откриено кој ќе биде негов наследник.

Портпаролот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Петер Стано, изјави дека тоа е „стандардна процедура“ и оти се очекува да пристигне нов амбасадор.

Името на новиот амбасадор останува во тајност додека не се добие таканаречениот „агреман“ од сите земји членки и доколку се добие - појасни Стано.

Според некои извештаи, засега нема одлука дали некој од Европската служба за надворешни работи ќе присуствува на прошталниот прием на Чижов, што треба да биде на 8 септември. Но, веројатно приемот ќе биде или бојкотиран или ќе присуствува некој на пониско ниво.

Во интервју за порталот, Чижов секогаш бил подготвен да разговара за прашања надвор од своите директни овластувања, вклучувајќи и војната во Сирија или состојбата на Балканот.

Порталот наведува оти тешко е да се процени до каде Чижов можел да влијае на рускиот претседател Владимир Путин во врска со Европската Унија. Но, Путин очигледно го ценел својот амбасадор во Брисел, бидејќи го држел на позицијата 17 години.

The post Рускиот амбасадор во ЕУ ја напушти функцијата appeared first on Република.

]]>

Рускиот амбасадор во Европската Унија, Владимир Чижов го напушта Брисел по рекордни 17 години минати на оваа позиција, јави порталот Еурактив. Сè уште не е откриено кој ќе биде негов наследник. Портпаролот на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, Петер Стано, изјави дека тоа е „стандардна процедура“ и оти се очекува да пристигне нов амбасадор.
Името на новиот амбасадор останува во тајност додека не се добие таканаречениот „агреман“ од сите земји членки и доколку се добие - појасни Стано.
Според некои извештаи, засега нема одлука дали некој од Европската служба за надворешни работи ќе присуствува на прошталниот прием на Чижов, што треба да биде на 8 септември. Но, веројатно приемот ќе биде или бојкотиран или ќе присуствува некој на пониско ниво. Во интервју за порталот, Чижов секогаш бил подготвен да разговара за прашања надвор од своите директни овластувања, вклучувајќи и војната во Сирија или состојбата на Балканот. Порталот наведува оти тешко е да се процени до каде Чижов можел да влијае на рускиот претседател Владимир Путин во врска со Европската Унија. Но, Путин очигледно го ценел својот амбасадор во Брисел, бидејќи го држел на позицијата 17 години.

The post Рускиот амбасадор во ЕУ ја напушти функцијата appeared first on Република.

]]>
Руски дипломат во ЕУ: Русија нема да ја нападне Украина доколку не биде испровоцирана https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ruski-diplomat-vo-eu-rusija-nema-da-ja-napadne-ukraina-dokolku-ne-bide-isprovocirana/ Tue, 15 Feb 2022 07:40:38 +0000 https://republika.mk/?p=458617

Постојаниот претставник на Русија во Европската Унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоциранa да го стори тоа“.

Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме - изјави Чижов во интервју за британски „Гардијан“.

Чижов истакна дека Русија ќе одговори доколку некаде бидат убиени руски државјани, вклучително и во Донбас.

Toj објасни дека бројот на руски војници на границата со Украина е еквивалентен на бројот на војници за време на вежбата Запад 21, која беше спроведена во септември минатата година.

Но, тогаш никој не кажа ни збор - додаде Чижов.

Рускиот дипломат изјави дека верува оти дипломатските напори во последните недели сепак може да резултираат со решение прифатливо за сите страни.

The post Руски дипломат во ЕУ: Русија нема да ја нападне Украина доколку не биде испровоцирана appeared first on Република.

]]>

Постојаниот претставник на Русија во Европската Унија, Владимир Чижов изјави дека Руската Федерација нема да преземе мерки во однос на Украина доколку, како што наведе, „не биде испровоциранa да го стори тоа“.
Нема да извршиме инвазија врз Украина доколку не бидеме испровоцирани. Ако Украинците ја нападнат Русија, немојте да се чудите ако возвратиме - изјави Чижов во интервју за британски „Гардијан“.
Чижов истакна дека Русија ќе одговори доколку некаде бидат убиени руски државјани, вклучително и во Донбас. Toj објасни дека бројот на руски војници на границата со Украина е еквивалентен на бројот на војници за време на вежбата Запад 21, која беше спроведена во септември минатата година.