Владимир Богоев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-bogoev/ За подобро да се разбереме Tue, 05 Apr 2022 16:59:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Богоев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-bogoev/ 32 32 Почина таткото на Стефан Богоев, новинарот Владимир Богоев https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/pochina-tatkoto-na-stefan-bogoev-novinarot-vladimir-bogoev/ Tue, 05 Apr 2022 10:19:59 +0000 https://republika.mk/?p=483522

Новинарот Владимир Богоев, еден од основачите и долгогодишен уредник на весникот „Дневник“, почина на 61 година, соопшти на социјалните мрежи неговиот син, поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев.

Роден во Скопје, Богоев дипломираше на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Професионалниот новинарски ангажман го почна во „Вечер“ во 1988, каде остана до основањето на „Дневник“ во 1996, весникот во кој прво беше уредник, а потоа и помошник-главен уредник. Откако гермaнскиот медиумски концерн „Вест дојче алгемајне цајтунг“ (ВАЦ) ги купи весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ и се формира „Медиа принт Македонија“, Богоев беше дел од менаџерскиот тим.

Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот., напиша на Фејсбук поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.

Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Новинар, еден од основачите на “Дневник”. Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ ! Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото. Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on…, пишува Богоев.

Погребот ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица.

The post Почина таткото на Стефан Богоев, новинарот Владимир Богоев appeared first on Република.

]]>

Новинарот Владимир Богоев, еден од основачите и долгогодишен уредник на весникот „Дневник“, почина на 61 година, соопшти на социјалните мрежи неговиот син, поранешниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев. Роден во Скопје, Богоев дипломираше на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Професионалниот новинарски ангажман го почна во „Вечер“ во 1988, каде остана до основањето на „Дневник“ во 1996, весникот во кој прво беше уредник, а потоа и помошник-главен уредник. Откако гермaнскиот медиумски концерн „Вест дојче алгемајне цајтунг“ (ВАЦ) ги купи весниците „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ и се формира „Медиа принт Македонија“, Богоев беше дел од менаџерскиот тим. Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот., напиша на Фејсбук поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев.