Владимир Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-angelov/ За подобро да се разбереме Tue, 06 Feb 2024 22:36:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владимир Ангелов Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladimir-angelov/ 32 32 Владимир Ангелов именуван за директор на Агенцијата за филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vladimir-angelov-imenuvan-za-direktor-na-agentsijata-za-film/ Tue, 06 Feb 2024 22:24:47 +0000 https://republika.mk/?p=741227

Владата на денешната седница го разреши досегашниот директор на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски поради истек на мандатот. За нов директор на Агенцијата е именуван продуцентот Владимир Ангелов.

Претходно, Владата објави Јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за филм, во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“и „Коха“ во изданијата на 18.1.2024 година, со рок за пријавување од 15 дена.

На огласот пристигнале три апликации и тоа од Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска и од Владимир Ангелов.

Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работи од 1995 година. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор, а кон крајот на 2018 година е именуван за директор на Кинотеката. Десет години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија.

The post Владимир Ангелов именуван за директор на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница го разреши досегашниот директор на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски поради истек на мандатот. За нов директор на Агенцијата е именуван продуцентот Владимир Ангелов. Претходно, Владата објави Јавен оглас за именување на директор на Агенцијата за филм, во дневните весници „Слободен печат“, „Вечер“и „Коха“ во изданијата на 18.1.2024 година, со рок за пријавување од 15 дена. На огласот пристигнале три апликации и тоа од Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска и од Владимир Ангелов. Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работи од 1995 година. Во 2017 е назначен за вршител на должноста директор, а кон крајот на 2018 година е именуван за директор на Кинотеката. Десет години (2006 – 2017) е одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализира и соработува на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија.

The post Владимир Ангелов именуван за директор на Агенцијата за филм appeared first on Република.

]]>
Владимир Ангелов: Книгата на Буњуел преставува основна филмска литература за човек подлабоко да го засака филмот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vladimir-angelov-knigata-na-bunuel-prestavuva-osnovna-filmska-literatura-za-chovek-podlaboko-da-go-zasaka-filmot/ Mon, 27 Mar 2023 10:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=624198

Кинотеката на Македонија во среда, на 29 март, во 12 часот во киносалата ќе го промовира своето најново печатено издание на автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел , насловена „Мојот последен здив“, со што ова значајно дело конечно ќе стане достапно на македонски јазик.

Издавањето на книгата е овозможено од страна на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија.

Се работи за книга на еден од најзначајните режисери во историјата на филмската уметност, напишана пред самиот крај на неговиот живот, во Мексико, со помош на францускиот писател и сценарист Жан-Клод Кариер, негов постојан соработник, косценарист на сите филмови од последната, „француска“ етапа во кариерата. Автобиографијата, која е поделена на дваесетина хронолошки подредени поглавја одделени со наслови, првпат е објавена на француски јазик, во Париз, во 1982 г., нецела година пред смртта на Буњуел. Она што е специфика на оваа автобиографија е тоа што во неа Буњуел многу често употребува множина, како да зборува во името на целата своја генерација, онаа генерација што студирала на универзитетот во Мадрид во 1927 г., или генерацијата на надреалистите во Париз, неколку години подоцна или генерацијата на републиканците во времето на Граѓанската војна. Се разбира, тоа не е случајно затоа што оваа книга, иако е лична исповед на еден исклучителен човек, на еден голем уметник, истовремено претставува и многу интересно документаристичко и историско сведоштво за цела една епоха, која се протега речиси преку целиот XX век. Во неа постојано се испреплетуваат исечоците од животот и сеќавањата на драматичните историски настани, со сеќавањата поврзани со творештвото, со филмовите – со еден збор, во неа, разбирливо, постојано се испреплетуваат животот и филмот, пишува д-р Атанас Чупоски во предговорот на изданието.

Книгата на Буњуел, некои велат биографија некои автобиографија, за мене преставува основна филмска литература затоа што е мамка на која и јас се фатив за човек подлабоко да го засака филмот (Илинка би додала и истражува). Кога првпат ја прочитав пред 40-тина години, оваа книга имаше огромно влијание на мојата страст кон филмот, но и кон уметноста воопшто. Искрено се надевам дека и 50 г. по нејзиното објавување се' уште привлекува внимание. Нејзиното препрочитување повторно беше проследено се краен хедонизам иако овојпат ја читав како уредник и издавач. Приказните на Буњуел од неговиот живот се се' уште интересни, а ставовите актуелни. И' благодарам на Амбасадата на Шпанија за поддршката што ни ја даде за објавувањето на ова значајно дело, вели за „Република“ Владимир Љ. Ангелов, директор на Кинотека на Македонија.

Уредник на изданието е директорот на Кинотеката, Владимир Љ. Ангелов, преводот од англиски јазик е на Марија Цветковска, лектурата на д-р Сузана В. Спасовска, а дизајнот на м-р Игор Сековски.

The post Владимир Ангелов: Книгата на Буњуел преставува основна филмска литература за човек подлабоко да го засака филмот appeared first on Република.

]]>

Кинотеката на Македонија во среда, на 29 март, во 12 часот во киносалата ќе го промовира своето најново печатено издание на автобиографијата на големиот шпански режисер Луис Буњуел , насловена „Мојот последен здив“, со што ова значајно дело конечно ќе стане достапно на македонски јазик. Издавањето на книгата е овозможено од страна на Шпанската агенција за меѓународна соработка и развој (AECID) и Амбасадата на Кралството Шпанија во Република Македонија. Се работи за книга на еден од најзначајните режисери во историјата на филмската уметност, напишана пред самиот крај на неговиот живот, во Мексико, со помош на францускиот писател и сценарист Жан-Клод Кариер, негов постојан соработник, косценарист на сите филмови од последната, „француска“ етапа во кариерата. Автобиографијата, која е поделена на дваесетина хронолошки подредени поглавја одделени со наслови, првпат е објавена на француски јазик, во Париз, во 1982 г., нецела година пред смртта на Буњуел. Она што е специфика на оваа автобиографија е тоа што во неа Буњуел многу често употребува множина, како да зборува во името на целата своја генерација, онаа генерација што студирала на универзитетот во Мадрид во 1927 г., или генерацијата на надреалистите во Париз, неколку години подоцна или генерацијата на републиканците во времето на Граѓанската војна. Се разбира, тоа не е случајно затоа што оваа книга, иако е лична исповед на еден исклучителен човек, на еден голем уметник, истовремено претставува и многу интересно документаристичко и историско сведоштво за цела една епоха, која се протега речиси преку целиот XX век. Во неа постојано се испреплетуваат исечоците од животот и сеќавањата на драматичните историски настани, со сеќавањата поврзани со творештвото, со филмовите – со еден збор, во неа, разбирливо, постојано се испреплетуваат животот и филмот, пишува д-р Атанас Чупоски во предговорот на изданието.
Книгата на Буњуел, некои велат биографија некои автобиографија, за мене преставува основна филмска литература затоа што е мамка на која и јас се фатив за човек подлабоко да го засака филмот (Илинка би додала и истражува). Кога првпат ја прочитав пред 40-тина години, оваа книга имаше огромно влијание на мојата страст кон филмот, но и кон уметноста воопшто. Искрено се надевам дека и 50 г. по нејзиното објавување се' уште привлекува внимание. Нејзиното препрочитување повторно беше проследено се краен хедонизам иако овојпат ја читав како уредник и издавач. Приказните на Буњуел од неговиот живот се се' уште интересни, а ставовите актуелни. И' благодарам на Амбасадата на Шпанија за поддршката што ни ја даде за објавувањето на ова значајно дело, вели за „Република“ Владимир Љ. Ангелов, директор на Кинотека на Македонија.
Уредник на изданието е директорот на Кинотеката, Владимир Љ. Ангелов, преводот од англиски јазик е на Марија Цветковска, лектурата на д-р Сузана В. Спасовска, а дизајнот на м-р Игор Сековски.

The post Владимир Ангелов: Книгата на Буњуел преставува основна филмска литература за човек подлабоко да го засака филмот appeared first on Република.

]]>