Владиката Петар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladikata-petar/ За подобро да се разбереме Sun, 07 Jan 2024 11:49:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владиката Петар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladikata-petar/ 32 32 Митрополит г. Петар: Се роди најпросветлениот, за да го растури мракот и да ја просветли темнината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitropolit-g-petar-se-rodi-najprosvetleniot-za-da-go-rasturi-mrakot-i-da-ja-prosvetli-temninata/ Sun, 07 Jan 2024 11:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=730659

Се роди Царот, најмоќниот, за да може и најмалиот да стане и да извика – ние сме царски деца. Победник се роди, непобедливиот, да ги одбрани праведниците, да ги придобие грешниците, да ги собори злите духови под небото. Водач се роди, највидовитиот, да ги изведе и поведе изгубените. Се роди просветителот, најпросветлениот, за да го растури мракот и да ја просветли темнината, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Утрово, на свечената Божикна богослужба, пред верниците во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, митрополитот г. Петар нагласи дека денеска се празнува натприродното Рождество на воплотениот и вочовечениот Логос Божји, се слави силата на Троичниот Бог што ги надминува законите на природата, но и силата на Божјата љубов со која човекољубивиот Бог го прегрнува човекот и светот.

-Се роди љубителот на човештвото, најљубениот, да ги прегрне кон градите свои и да им даде љубов на сите луѓе. Христос се роди! Поздравувајќи се со овие зборови, ние меѓусебно си потврдуваме и сведочиме дека во светот дошол оној што требало да дојде за спасение на човештвото, и дека не треба да чекаме некој друг. Да го славиме Бога и нека има мир на земјата. Нека надвладее добрата волја меѓу луѓето. Тоа беше најпотребно тогаш,  ова е она што му е најпотребно на целото човештво и денес, рече митрополитот г. Петар.

Во своето обраќање до верниците, митрополитот г. Петар истакна дека Христос е потребен и денес, затоа што како што нагласи, без него, народите влегуваат од војна во војна.

-Ах, колку ни е потребен Христос и денес! Без него, народите влегуваат од војна во војна, луѓето запаѓаат од несреќа во несреќа, семејства одат од пропаст во пропаст. Без него, злобата навлезе меѓу луѓето и го распламти огнот на зависта и себичноста. Денес имаме сè повеќе и повеќе раскарани и закоравени луѓе, затапена совест, заслепени души, одроденост, омраза, монструозност и убиства. Сето ова се должи на оддалеченоста на човекот од Бога! Затоа, на народите и луѓето од нашето време, повторно им е потребен Христос. Не им треба никој повеќе од него. Им треба како дневен насуштен леб за гладниот, и како изворска вода за жедниот! Тој е единствениот што му е потребен на светот. Ништо друго и никој друг, нагласи митрополитот г. Петар.
Според востановената традиција, митрополитот г. Петар за време на Божиќните празници ќе богослужи и во други цркви на преспанско-пелагониската епархија.

The post Митрополит г. Петар: Се роди најпросветлениот, за да го растури мракот и да ја просветли темнината appeared first on Република.

]]>

Се роди Царот, најмоќниот, за да може и најмалиот да стане и да извика – ние сме царски деца. Победник се роди, непобедливиот, да ги одбрани праведниците, да ги придобие грешниците, да ги собори злите духови под небото. Водач се роди, највидовитиот, да ги изведе и поведе изгубените. Се роди просветителот, најпросветлениот, за да го растури мракот и да ја просветли темнината, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар. Утрово, на свечената Божикна богослужба, пред верниците во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, митрополитот г. Петар нагласи дека денеска се празнува натприродното Рождество на воплотениот и вочовечениот Логос Божји, се слави силата на Троичниот Бог што ги надминува законите на природата, но и силата на Божјата љубов со која човекољубивиот Бог го прегрнува човекот и светот.
-Се роди љубителот на човештвото, најљубениот, да ги прегрне кон градите свои и да им даде љубов на сите луѓе. Христос се роди! Поздравувајќи се со овие зборови, ние меѓусебно си потврдуваме и сведочиме дека во светот дошол оној што требало да дојде за спасение на човештвото, и дека не треба да чекаме некој друг. Да го славиме Бога и нека има мир на земјата. Нека надвладее добрата волја меѓу луѓето. Тоа беше најпотребно тогаш,  ова е она што му е најпотребно на целото човештво и денес, рече митрополитот г. Петар.
Во своето обраќање до верниците, митрополитот г. Петар истакна дека Христос е потребен и денес, затоа што како што нагласи, без него, народите влегуваат од војна во војна.
-Ах, колку ни е потребен Христос и денес! Без него, народите влегуваат од војна во војна, луѓето запаѓаат од несреќа во несреќа, семејства одат од пропаст во пропаст. Без него, злобата навлезе меѓу луѓето и го распламти огнот на зависта и себичноста. Денес имаме сè повеќе и повеќе раскарани и закоравени луѓе, затапена совест, заслепени души, одроденост, омраза, монструозност и убиства. Сето ова се должи на оддалеченоста на човекот од Бога! Затоа, на народите и луѓето од нашето време, повторно им е потребен Христос. Не им треба никој повеќе од него. Им треба како дневен насуштен леб за гладниот, и како изворска вода за жедниот! Тој е единствениот што му е потребен на светот. Ништо друго и никој друг, нагласи митрополитот г. Петар. Според востановената традиција, митрополитот г. Петар за време на Божиќните празници ќе богослужи и во други цркви на преспанско-пелагониската епархија.

The post Митрополит г. Петар: Се роди најпросветлениот, за да го растури мракот и да ја просветли темнината appeared first on Република.

]]>
Никого да не го интересира кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“, порача митрополитот Петар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nikogo-da-ne-go-interesira-koj-ke-ja-finansira-televizijata-vistel-poracha-mitropolitot-petar/ Tue, 25 Apr 2023 09:57:22 +0000 https://republika.mk/?p=633831

Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема најави дека името на Телевизијата, формирана од фирмаат „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1 мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија.

Нашата телевизија не е свештеничка телевизија, 50 % ќе има забавен карактер, 30% ќе има образовен и документарен карактер. Во образовниот дел имаме ли цркви, манастири кои се распаѓаат а се под заштита како споменици на културата? Треба ли да ги заштитиме, рече Петар.

Во однос на тоа кој ќе ја финансира неговата телевизија, Митрополитот Петар одговори остро:„Тоа да не го интересира никого, бидејќи ни мене не ме интересира, кој вас ве финансира.“

Чисти пари се, не се перени, ниту ќе дозволиме такво нешто, тврди Петар, порачувајќи повторно дека никого не треба да го интересира дали „Преобразба“ има доволно пари да ја финансира телевизијата.

Луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат. Оставете го гајлето на нас, одговори Петар на прашањата кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“.

Тој демантираше дека телевизијата ја прави со Љупчо Палевски.

Петар демантираше дека неговата телевизија ќе се определува и ќе одработува за некого политички.

Вистинска телевизија ќе го афирмира нашето културно и македонското богатство што го поседуваме. Кога велам македонско, не мислам само на МПЦ, туку општо македонско наследство. Пристап ќе имаат на нашата телевизија од сите народи во Македонија што се. Ќе има и политичка програма. Во смисла луѓе од политиката што ќе сакаат да гостуваат, вели Петар.

Во однос на шпекулациите дека преку неговата телевизија ќе се шири про-руска пропаганда, митрополитот Петар, негираше дека тој зазема страна во конфликтот и осудува се што не е добро од која и да било страна.

Јас не знам за никаква руска агресија. Знам дека тоа е војна меѓу големите сили. Зошто и како, тоа си знаат тие.

The post Никого да не го интересира кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“, порача митрополитот Петар appeared first on Република.

]]>

Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема најави дека името на Телевизијата, формирана од фирмаат „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1 мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија.
Нашата телевизија не е свештеничка телевизија, 50 % ќе има забавен карактер, 30% ќе има образовен и документарен карактер. Во образовниот дел имаме ли цркви, манастири кои се распаѓаат а се под заштита како споменици на културата? Треба ли да ги заштитиме, рече Петар.
Во однос на тоа кој ќе ја финансира неговата телевизија, Митрополитот Петар одговори остро:„Тоа да не го интересира никого, бидејќи ни мене не ме интересира, кој вас ве финансира.“ Чисти пари се, не се перени, ниту ќе дозволиме такво нешто, тврди Петар, порачувајќи повторно дека никого не треба да го интересира дали „Преобразба“ има доволно пари да ја финансира телевизијата.
Луѓето свој леб јадат, туѓо гајле берат. Оставете го гајлето на нас, одговори Петар на прашањата кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“.
Тој демантираше дека телевизијата ја прави со Љупчо Палевски. Петар демантираше дека неговата телевизија ќе се определува и ќе одработува за некого политички.
Вистинска телевизија ќе го афирмира нашето културно и македонското богатство што го поседуваме. Кога велам македонско, не мислам само на МПЦ, туку општо македонско наследство. Пристап ќе имаат на нашата телевизија од сите народи во Македонија што се. Ќе има и политичка програма. Во смисла луѓе од политиката што ќе сакаат да гостуваат, вели Петар.
Во однос на шпекулациите дека преку неговата телевизија ќе се шири про-руска пропаганда, митрополитот Петар, негираше дека тој зазема страна во конфликтот и осудува се што не е добро од која и да било страна.
Јас не знам за никаква руска агресија. Знам дека тоа е војна меѓу големите сили. Зошто и како, тоа си знаат тие.

The post Никого да не го интересира кој ќе ја финансира телевизијата „Вистел“, порача митрополитот Петар appeared first on Република.

]]>
Владиката Петар: Денес има радост во нашите срца, денес ликуваат нашите души https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladikata-petar-denes-ima-radost-vo-nashite-srtsa-denes-likuvaat-nashite-dushi/ Sun, 16 Apr 2023 11:02:29 +0000 https://republika.mk/?p=631231

 Велигден е ден кога сè сјае и блеска во прекрасна светлина која небото ја разлева над целиот свет. На Велигден, во нас возрасните, сместена е детската разиграност и неизгаслива радост, а, пак, во децата и со децата, ангелите ја слават најголемата победа некогаш извојувана, истакна митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар пред верниците во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола.

Велигден е голем ден, голема е радоста, голема е веселбата, се е торжествено, нагласи на утринската богослужба митрополитот г. Петар.

-Денес нема темнина, нема безнадежност, нема омраза, нема страдање, нема тага, нема болка… Денес има радост во нашите срца, денес ликуваат нашите души. Голем е овој Ден, голем е овој празник кој сега го празнуваме. Голема е радоста, голема е веселбата, сè е торжествено. Тоа го пропишал законот, тоа го извршил Христос. Со своите страдања, тој нè учи како да страдаме, а со своето славно Воскресение, ни дава можност како да се прославиме со Него, истакна митрополитот г. Петар во своето Велигденско послание до верниците од Битола.

Делото на овој ден е радост и веселба, да се зарадуваме и да се развеселиме, повика митрополитот г. Петар.

-Радоста и веселбата во овој Ден се заповед и без сомнеж единствената, преку чие исполнување, мракот се претвора во светлина, очајот во надеж, омразата во љубов, тагата во радост. Да бидеме светол украс на свадбената поворка која започнува од Христовиот гроб и завршува на небесата. Да го наполниме брачниот двор – храмот Божји и да земеме учество во ова величествено свадбено торжество, во кое сите се облечени во свадбени облеки и никој не се истерува од таму затоа што нема свадбена одежда. Да се насладуваме од велелепната и непресушна гозба која Господ ја приготвил за нас. Примете, црпете, вкусете сите, зашто таа изобилно ни се дава за живот вечен, нагласи митрополитот г. Петар честитајќи го големиот христијански празник Велигден.

The post Владиката Петар: Денес има радост во нашите срца, денес ликуваат нашите души appeared first on Република.

]]>

 Велигден е ден кога сè сјае и блеска во прекрасна светлина која небото ја разлева над целиот свет. На Велигден, во нас возрасните, сместена е детската разиграност и неизгаслива радост, а, пак, во децата и со децата, ангелите ја слават најголемата победа некогаш извојувана, истакна митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар пред верниците во храмот „Св. Великомаченик Димитриј“ во Битола. Велигден е голем ден, голема е радоста, голема е веселбата, се е торжествено, нагласи на утринската богослужба митрополитот г. Петар.
-Денес нема темнина, нема безнадежност, нема омраза, нема страдање, нема тага, нема болка… Денес има радост во нашите срца, денес ликуваат нашите души. Голем е овој Ден, голем е овој празник кој сега го празнуваме. Голема е радоста, голема е веселбата, сè е торжествено. Тоа го пропишал законот, тоа го извршил Христос. Со своите страдања, тој нè учи како да страдаме, а со своето славно Воскресение, ни дава можност како да се прославиме со Него, истакна митрополитот г. Петар во своето Велигденско послание до верниците од Битола.
Делото на овој ден е радост и веселба, да се зарадуваме и да се развеселиме, повика митрополитот г. Петар.
-Радоста и веселбата во овој Ден се заповед и без сомнеж единствената, преку чие исполнување, мракот се претвора во светлина, очајот во надеж, омразата во љубов, тагата во радост. Да бидеме светол украс на свадбената поворка која започнува од Христовиот гроб и завршува на небесата. Да го наполниме брачниот двор – храмот Божји и да земеме учество во ова величествено свадбено торжество, во кое сите се облечени во свадбени облеки и никој не се истерува од таму затоа што нема свадбена одежда. Да се насладуваме од велелепната и непресушна гозба која Господ ја приготвил за нас. Примете, црпете, вкусете сите, зашто таа изобилно ни се дава за живот вечен, нагласи митрополитот г. Петар честитајќи го големиот христијански празник Велигден.

The post Владиката Петар: Денес има радост во нашите срца, денес ликуваат нашите души appeared first on Република.

]]>
Владиката Петар: СПЦ и другите цркви се согласни да сослужуваат со нас, тоа за нас е битното https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladikata-petar-spc-i-drugite-crkvi-se-soglasni-da-sosluzuvaat-so-nas-toa-za-nas-e-bitnoto/ Tue, 17 May 2022 12:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=503376

Српската православна црква (СПЦ) и другите православни цркви се согласни да сослужуваат со нас и тука завршува целата работа. Оттука одиме понатаму. Молчиме и ги чекаме следните потези.

Ова во изјава за порталот МКД го кажа митрополиот преспанско-пелагониски г. Петар, поврзано со вчерашното соопштение на Соборот на СПЦ за враќањето на МПЦ-ОА во литургиско единство.

– За какво враќање прашувате? Постои можност за враќање назад? Канонско единство е нешто друго. Канонското единство значи да почнеме заедно да богослужиме. Тоа е целата приказна и без тоа не може да се оди напред. Без тоа не може всушност ништо да се прави ако не те признаваат дека си рамен со нив. Ако со нив служиш, тогаш си рамен на нив. Завршена приказна. Нема потреба од никакво враќање назад. Што треба да се случи? Да се врати Југославија, да го вратиме патријархот Герман? Да вратиме сѐ како што било некогаш. Такво нешто не е можно. Целата приказна е во следново. СПЦ и другите цркви се согласни да сослужуваат со нас. Тоа за нас е битното. Тука завршува сѐ. Оттука сега одиме натаму. Не станува збор тука за статус, автономен, афтокефален, тоа што некои така коментираат само прикаски раскажуваат. Ќе видиме, времето тече, зошто нешто да кажуваме однапред? Можеби ќе згрешиме. Молчиме и ги чекаме следните потези – изјавил г. Петар.

The post Владиката Петар: СПЦ и другите цркви се согласни да сослужуваат со нас, тоа за нас е битното appeared first on Република.

]]>

Српската православна црква (СПЦ) и другите православни цркви се согласни да сослужуваат со нас и тука завршува целата работа. Оттука одиме понатаму. Молчиме и ги чекаме следните потези. Ова во изјава за порталот МКД го кажа митрополиот преспанско-пелагониски г. Петар, поврзано со вчерашното соопштение на Соборот на СПЦ за враќањето на МПЦ-ОА во литургиско единство.