Владика Пимен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladika-pimen/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Oct 2022 07:28:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Владика Пимен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladika-pimen/ 32 32 Владиката Пимен сослужуваше на устоличувањето на епископот на СПЦ Јустин во Париз https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladikata-pimen-sosluzuvashe-na-ustolichuvanjeto-na-episkopot-na-spc-justin-vo-pariz/ Mon, 10 Oct 2022 07:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=559283

Митрополитот европски на МПЦ-ОА Пимен сослужуваше на вчерашната архиерејска литургија во Соборниот храм Свети Сава во Париз на која српскиот патријарх Порфириј го воведе во трон епископот западноевропски на СПЦ Јустин.

На литургијата одржана во молитвено присуство на патријархот на СПЦ, на која чиночаластвуваше епископот Јустин, покрај владиката Пимен од МПЦ-ОА, сослужуваа архиереи и од Вселенската патријаршија, од Руската православна црква, од Романската православна црква и од други сестрински помесни цркви.

На устоличувањето на епискотот Јустин присуствуваа и шефот на дипломатијата на Србија Никола Селаковиќ и претставници на дипломатскиот кор во Париз.

Сослужувањето на македонските владици и свештенство со клирот на останатите православни помесни цркви стана вообичаено по одлуката на Вселенската патријаршија за враќање во канонско единство на Охридската архиепископија, како и со согласноста на СПЦ да ја прифати автокефалноста на МПЦ-ОА во мај годинава, со што беше надминат 55 годишниот раскол.

 

The post Владиката Пимен сослужуваше на устоличувањето на епископот на СПЦ Јустин во Париз appeared first on Република.

]]>

Митрополитот европски на МПЦ-ОА Пимен сослужуваше на вчерашната архиерејска литургија во Соборниот храм Свети Сава во Париз на која српскиот патријарх Порфириј го воведе во трон епископот западноевропски на СПЦ Јустин. На литургијата одржана во молитвено присуство на патријархот на СПЦ, на која чиночаластвуваше епископот Јустин, покрај владиката Пимен од МПЦ-ОА, сослужуваа архиереи и од Вселенската патријаршија, од Руската православна црква, од Романската православна црква и од други сестрински помесни цркви. На устоличувањето на епискотот Јустин присуствуваа и шефот на дипломатијата на Србија Никола Селаковиќ и претставници на дипломатскиот кор во Париз. Сослужувањето на македонските владици и свештенство со клирот на останатите православни помесни цркви стана вообичаено по одлуката на Вселенската патријаршија за враќање во канонско единство на Охридската архиепископија, како и со согласноста на СПЦ да ја прифати автокефалноста на МПЦ-ОА во мај годинава, со што беше надминат 55 годишниот раскол.  

The post Владиката Пимен сослужуваше на устоличувањето на епископот на СПЦ Јустин во Париз appeared first on Република.

]]>