владика Партениј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladika-partenij/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Aug 2024 07:32:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png владика Партениј Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vladika-partenij/ 32 32 Доксологија – молитва за татковината во Бигорски и Божествена Евхаристија во Лазарополе https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/doksologija-molitva-za-tatkovinata-vo-bigorski-i-bozhestvena-evharistija-vo-lazaropole/ Sat, 03 Aug 2024 07:32:56 +0000 https://republika.mk/?p=802965

Во рамки на Илинденските чествувања, вчера попладне во Бигорски манастир, беше извршен чинот на Доксологија - молитва за татковината а во мијачкото село Лазарополе,  беше одржана Божествена Евхаристија. Според востановената традиција, токму од игуменот на манастирот Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир, беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и татковината, особено во Илинденското востание.

Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе, беше одржана Божествена Евхаристија со која чиноначалствуваше владиката Партениј, каде беше пречекан со особена љубов и гостопримство.  Црквата посветена на Свети Георгиј Победоносец беше претесна да ги прими стотиците верници, некогашни жители и нивни потомци, но и оние од соседните села, како и од Дебар.

Во беседата владиката Партениј рече дека „Светата Црква денес, преку примерот на Светиот Пророк Илија, нè повикува на едно подлабоко размислување за нашата вера, за патот што ни е даден преку милоста Божја“.

-Како наследници на богооткриената вистина, ние сме повикани со истата одговорност како и стариот Израил, кој бил повикан да живее во вистината и да ја чува светлината на спасителното откровение. Верата наша православна ни е основа од која извираат правомислието и просветлението, коишто потем ги обликуваат нашите обичаи и целокупниот живот. Од лажната, пак, вера произлегуваат морални падови, заблуда, декаденција. Не е тешко да се заклучи дека нашето време, за жал, е слично со времето на Светиот Пророк Илија, кој живеел среде народ што се оддалечил од Бога, наведе владиката во беседата.

Додаде дека и денес во христијанскиот свет, кој треба да биде светилник на моралот и на вистината и да влече напред, кон возвишеното, се случува едно големо морално пропаѓање, со стравотни последици. Доволно е, нагласи, да погледнеме наоколу, за веднаш да воочиме како духовниот распад се претставува како нова норма. Нихилизмот, релативизмот, исмевањето на сè што е свето станале верувањата и идеологиите на нашето време.

-Отворањето на Олимписките игри во Париз, на пример, беше соодветен сценски приказ на таа отворена декаденција, одраз на патот по кој новото време стрмоглаво нè води. И што е тоа што го гледаме како нова религија? Тоа е, всушност, религијата на старите лажни богови, или поскоро – идолите на материјалното и на личните страсти. Парите, самољубието, личните задоволства се старо-новите божества. Душата на современиот човек е оддалечена од живиот Бог. Последиците се очигледни: изопачени навики, морална ерозија, заборав на нашето Свето Предание. Заборавивме како се живееше во светоста, како нашите предци го почитуваа Бога и како животот во Христа им беше дел од секојдневието. Нашите родители нè учеа на љубов, на благочестие и на почит кон сè што е добро и богоугодно. Нашето минато беше исполнето со светлина и со доброта, и затоа и ние сме повикани да го зачуваме тоа наследство и да го пренесеме на идните поколенија, посака владиката Партениј.

Во Лазарополе беа и познатите Мајовци, кои секогаш се тука за Илинден зашто и нивните потомци потекнуваат од ова село, од каде се преселиле во Дебар.

The post Доксологија – молитва за татковината во Бигорски и Божествена Евхаристија во Лазарополе appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Илинденските чествувања, вчера попладне во Бигорски манастир, беше извршен чинот на Доксологија - молитва за татковината а во мијачкото село Лазарополе,  беше одржана Божествена Евхаристија. Според востановената традиција, токму од игуменот на манастирот Епископот Антаниски г. Партениј, во Бигорскиот манастир, беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и татковината, особено во Илинденското востание. Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе, беше одржана Божествена Евхаристија со која чиноначалствуваше владиката Партениј, каде беше пречекан со особена љубов и гостопримство.  Црквата посветена на Свети Георгиј Победоносец беше претесна да ги прими стотиците верници, некогашни жители и нивни потомци, но и оние од соседните села, како и од Дебар. Во беседата владиката Партениј рече дека „Светата Црква денес, преку примерот на Светиот Пророк Илија, нè повикува на едно подлабоко размислување за нашата вера, за патот што ни е даден преку милоста Божја“. -Како наследници на богооткриената вистина, ние сме повикани со истата одговорност како и стариот Израил, кој бил повикан да живее во вистината и да ја чува светлината на спасителното откровение. Верата наша православна ни е основа од која извираат правомислието и просветлението, коишто потем ги обликуваат нашите обичаи и целокупниот живот. Од лажната, пак, вера произлегуваат морални падови, заблуда, декаденција. Не е тешко да се заклучи дека нашето време, за жал, е слично со времето на Светиот Пророк Илија, кој живеел среде народ што се оддалечил од Бога, наведе владиката во беседата. Додаде дека и денес во христијанскиот свет, кој треба да биде светилник на моралот и на вистината и да влече напред, кон возвишеното, се случува едно големо морално пропаѓање, со стравотни последици. Доволно е, нагласи, да погледнеме наоколу, за веднаш да воочиме како духовниот распад се претставува како нова норма. Нихилизмот, релативизмот, исмевањето на сè што е свето станале верувањата и идеологиите на нашето време. -Отворањето на Олимписките игри во Париз, на пример, беше соодветен сценски приказ на таа отворена декаденција, одраз на патот по кој новото време стрмоглаво нè води. И што е тоа што го гледаме како нова религија? Тоа е, всушност, религијата на старите лажни богови, или поскоро – идолите на материјалното и на личните страсти. Парите, самољубието, личните задоволства се старо-новите божества. Душата на современиот човек е оддалечена од живиот Бог. Последиците се очигледни: изопачени навики, морална ерозија, заборав на нашето Свето Предание. Заборавивме како се живееше во светоста, како нашите предци го почитуваа Бога и како животот во Христа им беше дел од секојдневието. Нашите родители нè учеа на љубов, на благочестие и на почит кон сè што е добро и богоугодно. Нашето минато беше исполнето со светлина и со доброта, и затоа и ние сме повикани да го зачуваме тоа наследство и да го пренесеме на идните поколенија, посака владиката Партениј. Во Лазарополе беа и познатите Мајовци, кои секогаш се тука за Илинден зашто и нивните потомци потекнуваат од ова село, од каде се преселиле во Дебар.

The post Доксологија – молитва за татковината во Бигорски и Божествена Евхаристија во Лазарополе appeared first on Република.

]]>
Владиката Партениј: Да се покажеме достојни за дарот на писмото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladikata-partenij-da-se-pokazheme-dostojni-za-darot-na-pismoto/ Fri, 24 May 2024 14:04:42 +0000 https://republika.mk/?p=781431

Света архијерејска Литургија денеска беше одржана во Бигорскиот скит, посветен на солунските браќа, во селото Битуше, во спомен на сесловенски просветители, солунските браќа Кирил и Методиј.

Пред голем борој верници и почитувачи на делото на светите Кирил и Методиј, најпрво беше одржана утрена богослужба а со Светата архијерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритите и јеромонасите од бигорската Обител.

Владиката во своето слово меѓу другото рече дека денешниов ден го краси споменот на нашите свети родоначалници и просветители, божествените Кирил и Методиј, рамноапостолните учители на словенските народи и порача „да се покажеме достојни за дарот на писмото“.

-Нека биде со нас благословот на светите браќа Кирил и Методиј, кои секогаш ни се тука блиску. Ние треба само да го прегрнеме нивното дело, да продолжиме по патеките што тие ни ги покажаа и да им ветиме дека ќе бидеме добри Христијани, дека од нашата уста секогаш ќе излегуваат единствено добри и полезни слова. А тие, пак, кои имаат дар и призив за пишување, нека пишуваат само убави нешта, за надоградба и радост на Црквата Христова, посака владиката Партениј.

На Светата Литургија присуствуваа сите монашки заедници под духовно раководство г. Партениј, односно братството на Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино а одбележувањето на Денот го збогати и настапот на КУД „Бисер“ од Кичево.

Скитот посветен на светите сесловенски просветители, солунските браќа Кирил и Методиј се наоѓа на висорамнината под планината Крчин, над долнореканското живописно село Битуше, општина Маврово и Ростуше.

Темелите беа осветени и поставени на 31 мај 2014 година, а првата литургија беше одржана на 24 мај 2017 година.

Иницијативата за градење и идејното решение беа на владиката Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, кој,како што секогаш вели „ има голема љубов и почит кон светите браќата Кирил и Методиј“.

The post Владиката Партениј: Да се покажеме достојни за дарот на писмото appeared first on Република.

]]>

Света архијерејска Литургија денеска беше одржана во Бигорскиот скит, посветен на солунските браќа, во селото Битуше, во спомен на сесловенски просветители, солунските браќа Кирил и Методиј. Пред голем борој верници и почитувачи на делото на светите Кирил и Методиј, најпрво беше одржана утрена богослужба а со Светата архијерејска Литургија чиноначалствуваше Неговото Преосвештенство, епископот Антаниски г. Партениј, заедно со архимандритите и јеромонасите од бигорската Обител. Владиката во своето слово меѓу другото рече дека денешниов ден го краси споменот на нашите свети родоначалници и просветители, божествените Кирил и Методиј, рамноапостолните учители на словенските народи и порача „да се покажеме достојни за дарот на писмото“. -Нека биде со нас благословот на светите браќа Кирил и Методиј, кои секогаш ни се тука блиску. Ние треба само да го прегрнеме нивното дело, да продолжиме по патеките што тие ни ги покажаа и да им ветиме дека ќе бидеме добри Христијани, дека од нашата уста секогаш ќе излегуваат единствено добри и полезни слова. А тие, пак, кои имаат дар и призив за пишување, нека пишуваат само убави нешта, за надоградба и радост на Црквата Христова, посака владиката Партениј. На Светата Литургија присуствуваа сите монашки заедници под духовно раководство г. Партениј, односно братството на Бигорскиот манастир и сестринствата од Рајчица, Пречиста и Кнежино а одбележувањето на Денот го збогати и настапот на КУД „Бисер“ од Кичево. Скитот посветен на светите сесловенски просветители, солунските браќа Кирил и Методиј се наоѓа на висорамнината под планината Крчин, над долнореканското живописно село Битуше, општина Маврово и Ростуше. Темелите беа осветени и поставени на 31 мај 2014 година, а првата литургија беше одржана на 24 мај 2017 година. Иницијативата за градење и идејното решение беа на владиката Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, кој,како што секогаш вели „ има голема љубов и почит кон светите браќата Кирил и Методиј“.

The post Владиката Партениј: Да се покажеме достојни за дарот на писмото appeared first on Република.

]]>
Бигорската Обител го прослави именденот на епископ антаниски г. Партениј https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bigorskata-obitel-go-proslavi-imendenot-na-episkop-antaniski-g-partenij/ Wed, 22 Feb 2023 10:51:34 +0000 https://republika.mk/?p=611851

Бигорската Обител деновиве го славеше споменот на светиот Партениј Лампсакиски, светецот закрилник на епископот Антаниски г. Партениј.

Огромно мнозинство верници и пријатели на Бигорскиот манастир присуствуваа на богослужбите, а посебна радост предизвика посетата на Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, кој беше личен претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, испратен од него за да му го честита именденот на владиката Партениј.

Уште при своето доаѓање во Бигорскиот манастир, високиот претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, на владиката Партениј му подари панагија. Митрополитот г. Кирил, во своето топло обраќање кон епископот Партениј и монашкото братство, меѓу другото рече:

Ја имам таа особена чест и тој голем благослов да се наоѓам овде, како претставник на неговата Божествена Сесветост, нашиот многупочитуван господин и владика, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Дојдов со голема радост, драги браќа, бидејќи со вашиот многу ценет старец нè поврза љубовта Христова и пожртвуваноста за православната вера и за Црквата. Дојдов и да му возвратам признателност, љубов и благодарности. Дојдов и за да се израдувам заедно со него за претстојниот празник на споменот на Светиот Партениј епископот Лампсакиски. Дојдов, за да ја споделам со Владиката и со сите вас убавината на единството, рече митрополитот г. Кирил.

На Вечерната богослужба во чест на свети Партениј Лампсакиски, среде огромното присуство верници се обрати епископот г. Партениј, кој искажа посебна благодарност кон својот светец и закрилник.

Меѓу другото, тој топло му се заблагодари на Митрополитот Кирил за неговото доаѓање, но упати и посебна благодарност до патријархот Вартоломеј за патријаршискиот благослов по повод неговиот именден:

Му благодарам особено на мојот небесен закрилник, Светиот Партениј, што ја услиши мојата молба и оваа година ја збогати својата слава со драгоценото за нас присуство на нашиот драг и сакан пријател и брат во Господа, Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедес г. Кирил, кој допатува во нашата Свештена Обител со благослов токму на Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј и ни ги донесе неговите татковски молитви и благопожелби, поради што сум силно трогнат и бескрајно благодарен. Сакам уште еднаш лично да Ви се заблагодарам, свет владико на Имврос и Тенедос, за честа и радоста со кои ме удостоивте мене последниот, прифаќајќи ја поканата да дојдете кај нас, рече во своето обраќање владиката Партениј.

Големиот број верници кои пристигнаа од сите краишта на нашата земја, но и пошироко, имаа можност да го слушаат пеењето на славниот грчки хор „Тропос“, кое го исполнуваше храмот со големо умиление.

Во име, пак, на сите монаси и монахињи од Бигорскиот, Раичкиот, Пречистанскиот и Кнежинскиот манастир се обрати архимандритот Доситеј, кој срдечно му го честита именденот на владиката Партениј и меѓу другото рече:

Чудотворецот Лампсакиски Свети Партениј денес повторно нè собра, за молитвено да го прославиме неговиот чесен спомен, а истовремено да го испочитуваме и именденот на нашиот свет старец, епископот г. Партениј. Оваа година, тој по 28 пат го слави својот истоимен небесен патрон. Поминаа, значи, речиси три децении од неговото пастирствување како старец и игумен во овој свештен дом на Чесниот Претеча и тие три децении се преполнети со многубројни дела и подвизи во слава Божја, со големи и возвишени нешта, со непрестајни молитви и срдечни воздишки, а се разбира и со не мали искушенија што, по Божјо допуштение и со Божја сила, ги претрпувал за доброто на сите нас, истакна отец Доситеј.

Следниот ден, на литургиското торжество се придружи и надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој честитајќи му го именденот на отец Партениј, му ја изрази својата силна татковска поддршка и благопожелби. Тој како добар домаќин, од чест кон Првопрестолната Црква, му го препушти чиноначалствувањето на ценетиот јерарх од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил.

На крајот од Светата Литургија, почитуваниот Митрополит г. Кирил му ја искажа својата лична почит, како и почитта и благословите од Вселенскиот Патријарх на надлежниот владика, г. Тимотеј и му посака добро здравје и долгогодишно пастирствување.

Нарекувајќи го значаен и мудар Митрополит, кој работи со смирение и со чесност, промовирајќи го единството и каноничноста на Црквата, митрополит Кирил на митрополит Тимотеј му подари сребрен медалјон, изработен во чест на 30-годишнината од патријархувањето на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Во оваа прилика тој ги искажа следниве зборови полни со братољубие:

Јас ја имам честа да доаѓам од Константинопол, од сечесната Вселенска Патријаршија, Мајката на Црквите. И доаѓам за да ги пренесам благопожелбите, љубовта и целивите на нашиот Вселенски Патријарх, најпрво на Архиепископот г. Стефан, потоа на мудриот, возљубен и честит Митрополит г. Тимотеј, и секако, на оној кој празнува – Преосвештениот г. Партениј. Лично, му благодарам на Неговата Сесветост што ме испрати, за да бидам овде како негов претставник, но му благодарам и на светиот партироначалник г. Тимотеј, којшто со својата канонска дозвола денес ни ја даде можноста да служиме во неговата епархија, во неговиот манастир, истакна ценетиот гостин.

Во таа прилика, надлежниот Митрополит г. Тимотеј, срдечно се заблагодари, упатувајќи благодарности и до Сесветиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј:

Ја користам оваа прилика од името на браќата сослужители денеска и од свое име, од име на викарниот архијереј и на сите верници што се денеска тука, да Ви се заблагодарам на Вашите убави зборови, но уште повеќе благодарност да искажам кон Неговата Сесветост Патријархот г. г. Вартоломеј, Првопрестолниот Архијереј на светата православна Црква. Искажувам уште еднаш благодарност и за подарокот, што ќе го чувам за спомен, кој ќе ме потсетува на оваа Литургија, меѓутоа ќе ме потсетува и на прекрасните моменти што ги имавме за време на првото архијерејско сослужение на Литургијата на Светата Педесетница во Цариград. Го очекуваме и Неговата Сесветост да дојде во Охрид и да ни даде Томос за долгоочекуваниот момент којшто македонскиот народ го очекува од Вселенскиот Патријарх, рече меѓу другото владиката Тимотеј.

The post Бигорската Обител го прослави именденот на епископ антаниски г. Партениј appeared first on Република.

]]>

Бигорската Обител деновиве го славеше споменот на светиот Партениј Лампсакиски, светецот закрилник на епископот Антаниски г. Партениј. Огромно мнозинство верници и пријатели на Бигорскиот манастир присуствуваа на богослужбите, а посебна радост предизвика посетата на Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил, кој беше личен претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, испратен од него за да му го честита именденот на владиката Партениј. Уште при своето доаѓање во Бигорскиот манастир, високиот претставник на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, на владиката Партениј му подари панагија. Митрополитот г. Кирил, во своето топло обраќање кон епископот Партениј и монашкото братство, меѓу другото рече:
Ја имам таа особена чест и тој голем благослов да се наоѓам овде, како претставник на неговата Божествена Сесветост, нашиот многупочитуван господин и владика, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Дојдов со голема радост, драги браќа, бидејќи со вашиот многу ценет старец нè поврза љубовта Христова и пожртвуваноста за православната вера и за Црквата. Дојдов и да му возвратам признателност, љубов и благодарности. Дојдов и за да се израдувам заедно со него за претстојниот празник на споменот на Светиот Партениј епископот Лампсакиски. Дојдов, за да ја споделам со Владиката и со сите вас убавината на единството, рече митрополитот г. Кирил.
На Вечерната богослужба во чест на свети Партениј Лампсакиски, среде огромното присуство верници се обрати епископот г. Партениј, кој искажа посебна благодарност кон својот светец и закрилник. Меѓу другото, тој топло му се заблагодари на Митрополитот Кирил за неговото доаѓање, но упати и посебна благодарност до патријархот Вартоломеј за патријаршискиот благослов по повод неговиот именден:
Му благодарам особено на мојот небесен закрилник, Светиот Партениј, што ја услиши мојата молба и оваа година ја збогати својата слава со драгоценото за нас присуство на нашиот драг и сакан пријател и брат во Господа, Високопреосвештениот Митрополит на Имврос и Тенедес г. Кирил, кој допатува во нашата Свештена Обител со благослов токму на Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј и ни ги донесе неговите татковски молитви и благопожелби, поради што сум силно трогнат и бескрајно благодарен. Сакам уште еднаш лично да Ви се заблагодарам, свет владико на Имврос и Тенедос, за честа и радоста со кои ме удостоивте мене последниот, прифаќајќи ја поканата да дојдете кај нас, рече во своето обраќање владиката Партениј.
Големиот број верници кои пристигнаа од сите краишта на нашата земја, но и пошироко, имаа можност да го слушаат пеењето на славниот грчки хор „Тропос“, кое го исполнуваше храмот со големо умиление. Во име, пак, на сите монаси и монахињи од Бигорскиот, Раичкиот, Пречистанскиот и Кнежинскиот манастир се обрати архимандритот Доситеј, кој срдечно му го честита именденот на владиката Партениј и меѓу другото рече:
Чудотворецот Лампсакиски Свети Партениј денес повторно нè собра, за молитвено да го прославиме неговиот чесен спомен, а истовремено да го испочитуваме и именденот на нашиот свет старец, епископот г. Партениј. Оваа година, тој по 28 пат го слави својот истоимен небесен патрон. Поминаа, значи, речиси три децении од неговото пастирствување како старец и игумен во овој свештен дом на Чесниот Претеча и тие три децении се преполнети со многубројни дела и подвизи во слава Божја, со големи и возвишени нешта, со непрестајни молитви и срдечни воздишки, а се разбира и со не мали искушенија што, по Божјо допуштение и со Божја сила, ги претрпувал за доброто на сите нас, истакна отец Доситеј.
Следниот ден, на литургиското торжество се придружи и надлежниот архијереј, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, кој честитајќи му го именденот на отец Партениј, му ја изрази својата силна татковска поддршка и благопожелби. Тој како добар домаќин, од чест кон Првопрестолната Црква, му го препушти чиноначалствувањето на ценетиот јерарх од Вселенската Патријаршија, Митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил. На крајот од Светата Литургија, почитуваниот Митрополит г. Кирил му ја искажа својата лична почит, како и почитта и благословите од Вселенскиот Патријарх на надлежниот владика, г. Тимотеј и му посака добро здравје и долгогодишно пастирствување. Нарекувајќи го значаен и мудар Митрополит, кој работи со смирение и со чесност, промовирајќи го единството и каноничноста на Црквата, митрополит Кирил на митрополит Тимотеј му подари сребрен медалјон, изработен во чест на 30-годишнината од патријархувањето на Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Во оваа прилика тој ги искажа следниве зборови полни со братољубие: