Влада Урожевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-urozhevik/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Mar 2023 11:51:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Влада Урожевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-urozhevik/ 32 32 Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец“ на СВП за 2023 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlada-uroshevik-e-dobitnik-na-zlaten-venets-na-svp-za-2023/ Tue, 21 Mar 2023 11:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=622009

Академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, и преведувач е добитник на годинешниот „Златен венец“ на СВП за 2023, објави претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во НУБ „Климент Охридски“. Паралелно, со објавата во Скопје, Урошевиќ, како лауреат, денес беше прогласен и во седиштето на УНЕСКО во Париз.

Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.

Неговата дејност како преведувач на поетски дела е свртена, пред сè, кон француската поезија. Ги препеал на македонски „Цвеќињата на злото“ на Ш. Бодлер, како и изборите од поезијата на А. Рембо, Г. Аполинер, П. Елијар, А. Бретон, А. Мишо, Ж. Превер.

Влада Урошевиќ е единствен македонски поет што ја добил трипати наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“. За својот книжевен опус, именуван е од Владата на Република Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот ред. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, француски и шпански јазик.

Урошевиќ, за романот  „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ , минатата недела во Скопје ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува  Фондацијата „Славко Јаневски“, а чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

The post Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец“ на СВП за 2023 appeared first on Република.

]]>

Академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, и преведувач е добитник на годинешниот „Златен венец“ на СВП за 2023, објави претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при денешното прогласување на лауреатите во НУБ „Климент Охридски“. Паралелно, со објавата во Скопје, Урошевиќ, како лауреат, денес беше прогласен и во седиштето на УНЕСКО во Париз.
Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам. Неговата дејност како преведувач на поетски дела е свртена, пред сè, кон француската поезија. Ги препеал на македонски „Цвеќињата на злото“ на Ш. Бодлер, како и изборите од поезијата на А. Рембо, Г. Аполинер, П. Елијар, А. Бретон, А. Мишо, Ж. Превер. Влада Урошевиќ е единствен македонски поет што ја добил трипати наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“. За својот книжевен опус, именуван е од Владата на Република Франција прво за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот ред. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, француски и шпански јазик. Урошевиќ, за романот  „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ , минатата недела во Скопје ја доби наградата „Роман на годината“ за 2022, која што ја доделува  Фондацијата „Славко Јаневски“, а чиј генерален покровител е „Комерцијална банка“ АД Скопје.

The post Влада Урошевиќ е добитник на „Златен венец“ на СВП за 2023 appeared first on Република.

]]>