Влада Урошевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-uroshevikj/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 08:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Влада Урошевиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-uroshevikj/ 32 32 „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ во чест на јубилејот од ослободувањето на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetot-i-gradot-so-akademik-vlada-uroshevik-vo-chest-na-jubilejot-od-osloboduvaneto-na-skopje-2/ Wed, 13 Nov 2024 08:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=837011

Културно-информативниот центар денеска ќе ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на Скопје со настанот „Поетот и градот“. Настанот ќе се одржи во салонот Империјал 2 со почеток во 12 часот.

Како што соопштуваат од КИЦ, главен гостин на настанот ќе биде академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика.

Оваа година се одбележуваат и 90 години од неговото раѓање и 65 години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“.

На настанот ќе учествуваат и Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, кои ќе разговараат со Урошевиќ за неговата поезија и врската со Скопје. Присутните ќе имаат можност да слушнат за различните периоди на Скопје, како и за личните сеќавања и согледби на Урошевиќ за градот и неговото творештво. 

The post „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ во чест на јубилејот од ослободувањето на Скопје appeared first on Република.

]]>

„Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ во чест на јубилејот од ослободувањето на Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetot-i-gradot-so-akademik-vlada-uroshevik-vo-chest-na-jubilejot-od-osloboduvaneto-na-skopje/ Fri, 08 Nov 2024 12:12:01 +0000 https://republika.mk/?p=835551

Осумдесетгодишнината од ослободувањето на Скопје, Културно-информативниот центар ќе ја одбележи и чествува со настанот „Поетот и градот“ со академик Влада Урошевиќ, минатогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ за публицистика. Годинава се навршуваат и девет децении од раѓањето на Урошевиќ и шеесет и пет години од објавувањето на неговата прва поетска книга „Еден друг град“ со којашто тој ја најави својата поетичка опсесија со градот. Со „Поетот и градот“, Скопје ќе ги одбележи и овие годишнини.

Настанот ќе се одржи токму на 13 Ноември, во салонот Империјал 2 во Културно-информативниот центар – Скопје, во 12 часот. За нераскинливата врска на поезијата на Урошевиќ со Скопје, и преку разговор со него ќе се осврнат Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, и двајцата од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, претходни добитници на наградата „13 Ноември“.

Предвидено е на настанот да се говори за Скопје од различните периоди – пред и по Втората светска војна, пред и по земјотресот, но и за денешното Скопје, и најмногу за она Скопје од меморијата и од поезијата на Урошевиќ. Или накусо: за надреалното и за реалното Скопје – за градот-сон, градот–лавиринт, градот-мистерија, градот-палимпсест и градот-сеќавање. Присутните за првпат ќе можат да слушнат некои сеќавања и некои согледби на Урошевиќ, и за Скопје, и за сопственото творештво, но и за поезијата воопшто.

Голем дел од е целокупното творештво на Влада Урошевиќ е врзан за урбаниот сензибилитет. Градот и односот кон него се еден од најважните аспекти на неговиот книжевен опус. Милан Ѓурчинов ќе каже дека творештвото на Урошевиќ поседува еден „незадржлив внатрешен порив да го одухови урбанизираниот поредок на асфалтот и улиците, за присуството на човекот среде пресоздадениот свет од малата космогонија на овој поет.“ Несомнено, Урошевиќ е авторот што директно или индиректно зборува за Скопје во најмногу различни форми: поезија, роман, раскази, патописи, есеи, разговори итн.

Литературна вечер во Москва посветена на академик Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/literaturna-vecher-vo-moskva-posvetena-na-akademik-vlada-uroshevik/ Sat, 19 Oct 2024 09:34:37 +0000 https://republika.mk/?p=828734

Литературна вечер посветена на современата македонска литература со посебен осврт на делото на академик Влада Урошевиќ, македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговиот јубилеј – 90 години од раѓањето, е организирана во Москва.

На литературната вечер организаторот Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, двете поетски збирки „Пеjач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“ и „Jужна sвезда“. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот.

Пред гостите беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев. Посебно внимание Панкина и посвети на книгата раскази „Дирижабл над поле со пченки“ која содржи 35 раскази создадени од Влада Урошевиќ во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво. Збирката беше објавена пред месец дена во нејзин превод на руски.

Книгата му е подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред се – таа им е подарок на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво, рече Панкина.

Настанот се одржа во Културниот центар „Фазил Искандер“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година.

На крајот Панкина на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.

The post Литературна вечер во Москва посветена на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Литературна вечер посветена на современата македонска литература со посебен осврт на делото на академик Влада Урошевиќ, македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговиот јубилеј – 90 години од раѓањето, е организирана во Москва. На литературната вечер организаторот Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, двете поетски збирки „Пеjач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“ и „Jужна sвезда“. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот. Пред гостите беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев. Посебно внимание Панкина и посвети на книгата раскази „Дирижабл над поле со пченки“ која содржи 35 раскази создадени од Влада Урошевиќ во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво. Збирката беше објавена пред месец дена во нејзин превод на руски.
Книгата му е подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред се – таа им е подарок на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво, рече Панкина.
Настанот се одржа во Културниот центар „Фазил Искандер“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година. На крајот Панкина на сите заинтересирани им подари книги на македонските автори.

The post Литературна вечер во Москва посветена на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/starovremska-knizhevna-vecher-vo-chest-na-90-rodenden-na-vlada-uroshevik/ Fri, 18 Oct 2024 08:55:49 +0000 https://republika.mk/?p=828349

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска (18 октомври), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.

Со настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде почит на академик Урошевиќ. За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица студенти на Урошевиќ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на домаќинка ќе биде Оливера Ќорвезироска.

Настанот е во организација на „Литература.мк“ и на издавачката куќа „Арс Ламина“, која го објави „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“. Исто така, „Арс Ламина“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави и три евергрин-наслови од Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“.

Влада Урошевиќ е роден на 17 октомври во 1934 година, во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година и член на Македонскиот ПЕН- центар. Исто така, тој е член на МАНУ (од 1997 година), како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Академик Урошевиќ важи за еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Освен со пишување, Урошевиќ се занимава и со преведување. Тој ги има препеано најзначајните руски и француски поети на македонски јазик.

Има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики и есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и „Роман на годината“.

Во 2023 година, покрај наградата „Роман на годината“ го доби и врвното поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и беше прогласен за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

Настанот ќе биде проследен и со 20% попуст на книгите од Урошевиќ во издание на „Арс Ламина“. Попустот ќе важи од 18 до 28 октомври, во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.

The post Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска (18 октомври), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер. Со настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде почит на академик Урошевиќ. За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица студенти на Урошевиќ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на домаќинка ќе биде Оливера Ќорвезироска. Настанот е во организација на „Литература.мк“ и на издавачката куќа „Арс Ламина“, која го објави „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“. Исто така, „Арс Ламина“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави и три евергрин-наслови од Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“. Влада Урошевиќ е роден на 17 октомври во 1934 година, во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година и член на Македонскиот ПЕН- центар. Исто така, тој е член на МАНУ (од 1997 година), како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Академик Урошевиќ важи за еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Освен со пишување, Урошевиќ се занимава и со преведување. Тој ги има препеано најзначајните руски и француски поети на македонски јазик. Има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики и есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и „Роман на годината“. Во 2023 година, покрај наградата „Роман на годината“ го доби и врвното поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и беше прогласен за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи. Настанот ќе биде проследен и со 20% попуст на книгите од Урошевиќ во издание на „Арс Ламина“. Попустот ќе важи од 18 до 28 октомври, во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk.

The post Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecher-vo-chest-na-90-rodenden-na-vlada-uroshevik/ Mon, 14 Oct 2024 14:02:44 +0000 https://republika.mk/?p=826684

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер. Со настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде почит на академик Урошевиќ. За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица студенти на Урошевиќ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на модератор ќе биде Оливера Ќорвезироска.

Настанот е во организација на „Литература.мк“ и на издавачката куќа „Арс Ламина“, која го објави „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“. Исто така, „Арс Ламина“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави и три евергрин-наслови од Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“.

Влада Урошевиќ е роден на 17 октомври во 1934 година, во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година и член на Македонскиот ПЕН- центар. Исто така, тој е член на МАНУ (од 1997 година), како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург.

Академик Урошевиќ важи за еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Освен со пишување, Урошевиќ се занимава и со преведување. Тој ги има препеано најзначајните руски и француски поети на македонски јазик.

Има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики и есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и „Роман на годината“.

Во 2023 година, покрај наградата „Роман на годината“ го доби и врвното поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и беше прогласен за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

The post Вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер. Со настанот насловен „Вистинита но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде почит на академик Урошевиќ. За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица студенти на Урошевиќ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на модератор ќе биде Оливера Ќорвезироска. Настанот е во организација на „Литература.мк“ и на издавачката куќа „Арс Ламина“, која го објави „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“. Исто така, „Арс Ламина“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави и три евергрин-наслови од Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“. Влада Урошевиќ е роден на 17 октомври во 1934 година, во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година и член на Македонскиот ПЕН- центар. Исто така, тој е член на МАНУ (од 1997 година), како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Академик Урошевиќ важи за еден од најзначајните претставници на македонскиот модернизам, фокусиран врз истражување на чудесното, фантастичното и надреалното. Освен со пишување, Урошевиќ се занимава и со преведување. Тој ги има препеано најзначајните руски и француски поети на македонски јазик. Има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики и есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и „Роман на годината“. Во 2023 година, покрај наградата „Роман на годината“ го доби и врвното поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и беше прогласен за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

The post Вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Старовремска книжевна вечер во чест на Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/starovremska-knizhevna-vecher-vo-chest-na-vlada-uroshevik/ Fri, 11 Oct 2024 11:36:52 +0000 https://republika.mk/?p=825512

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи старовремска книжевна вечер.

Со настанот насловен „Вистинита, но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ, за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде почит на академик Урошевиќ.

За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица студенти на Урошевиќ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на модератор ќе биде Оливера Ќорвезироска.

Настанот е во организација на „Литература.мк“ и на издавачката куќа „Арс Ламина“, која го објави „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“.

Исто така, „Арс ламина“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави и три евергрин-наслови од Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“.

Влада Урошевиќ е роден на 17 октомври во 1934 година, во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје.

Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година и член на Македонскиот ПЕН- центар. Исто така, тој е член на МАНУ (од 1997 година), како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург.

Има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики и есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и „Роман на годината“.

Во 2023 година, покрај наградата „Роман на годината“ го доби и врвното поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и беше прогласен за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

The post Старовремска книжевна вечер во чест на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, на 18 октомври (петок), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи старовремска книжевна вечер. Со настанот насловен „Вистинита, но не многу веројатна историја за проф. Урошевиќ, за факултетот покрај Вардар и за четирите студенти“, македонската книжевна и културна фела ќе му оддаде почит на академик Урошевиќ. За неговото дело, за влијанието, за менторството и за книжевните пријателства ќе зборуваат четворица студенти на Урошевиќ: Лидија Капушевска-Дракулевска, Соња Стојменска-Елзесер, Владимир Мартиновски и Владимир Јанковски, а во улога на модератор ќе биде Оливера Ќорвезироска. Настанот е во организација на „Литература.мк“ и на издавачката куќа „Арс Ламина“, која го објави „Вистинита, но не многу веројатна историја за семејството Пустополски, за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“, кој ја доби престижната награда „Роман на годината“. Исто така, „Арс ламина“, во рамките на едицијата „Македонски книжевни класици“, реобјави и три евергрин-наслови од Урошевиќ: „Вкусот на праските“, „Мојата роднина Емилија“ и „Невестата на змејот“. Влада Урошевиќ е роден на 17 октомври во 1934 година, во Скопје. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Докторирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, во 1987 година. Работел како соработник и уредник на Редакцијата за култура и уметност на Телевизија Скопје. Во 1982 година е избран за доцент на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а во 1988 година станал редовен професор. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Урошевиќ е член на ДПМ од 1961 година и член на Македонскиот ПЕН- центар. Исто така, тој е член на МАНУ (од 1997 година), како и дописен член на меѓународната „Академија Маларме“ во Париз и редовен член на Европската поетска академија со седиште во Луксембург. Има објавено над 50 книги: поезија, раскази, студии, критики и есеи, антологии и романи. Добитник е на најпрестижните книжевни награди: „Браќа Миладиновци“, „Григор Прличев“, „Рациново признание“, „Кирил Пејчиновиќ-Тетоец“, „Младост“, „Нолит“, наградата на Турскиот ПЕН „Халид Един Адивар“ (2007), „Стале Попов“ (2006), орденот на московската организација на Сојузот на руските писатели „Сергеј Есенин“, како и „Роман на годината“. Во 2023 година, покрај наградата „Роман на годината“ го доби и врвното поетско признание „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата и беше прогласен за автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.  

The post Старовремска книжевна вечер во чест на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Избор од творештвото на Влада Урошевиќ на руски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/izbor-od-tvoreshtvoto-na-vlada-uroshevik-na-ruski-jazik/ Mon, 16 Sep 2024 16:06:18 +0000 https://republika.mk/?p=816871

Новата збирка раскази „Дирижабл над поле со пченки“ на современиот македонски поет, прозаист, есеист, преведувач, универзитетски професор и академик Влада Урошевиќ е објавена на руски јазик. Преводот е на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка.

Олга Панкина ја наслови книгата – избор раскази „Дирижабл над поле со пченки“ како подарок на Влада Урошевиќ за неговиот роденден и пред се за руските читатели кои, според неа, високо го ценат неговото извонредно творештво.

Урошевиќ беше добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2023 година, а ја доби и книжевната награда „Роман на годината“ за 2022 година, за „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“.

Влада Урошевиќ (1934, Скопје) е автор на повеќе книги поезија и збирки раскази. Тој е романсиер, есеист, патописец. Првпат навлегол во тајните на Париз во текот на студиската 1967/68 година, за потоа повеќепати да престојува во овој град. Ги препеал на македонски јазик поетските книги на Бодлер, Рембо, Аполинер, Елијар, Бретон, Мишо. Составил повеќе антологии, помеѓу кои и „Големата авантура – францускиот надреализам“. Своите доживувања на Париз ги опишал во книгите „Алдебаран“ и „Париски приказни“. Во овој град е избран за член на поетската академија „Маларме“.

The post Избор од творештвото на Влада Урошевиќ на руски јазик appeared first on Република.

]]>

Новата збирка раскази „Дирижабл над поле со пченки“ на современиот македонски поет, прозаист, есеист, преведувач, универзитетски професор и академик Влада Урошевиќ е објавена на руски јазик. Преводот е на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка. Олга Панкина ја наслови книгата – избор раскази „Дирижабл над поле со пченки“ како подарок на Влада Урошевиќ за неговиот роденден и пред се за руските читатели кои, според неа, високо го ценат неговото извонредно творештво. Урошевиќ беше добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 2023 година, а ја доби и книжевната награда „Роман на годината“ за 2022 година, за „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“. Влада Урошевиќ (1934, Скопје) е автор на повеќе книги поезија и збирки раскази. Тој е романсиер, есеист, патописец. Првпат навлегол во тајните на Париз во текот на студиската 1967/68 година, за потоа повеќепати да престојува во овој град. Ги препеал на македонски јазик поетските книги на Бодлер, Рембо, Аполинер, Елијар, Бретон, Мишо. Составил повеќе антологии, помеѓу кои и „Големата авантура – францускиот надреализам“. Своите доживувања на Париз ги опишал во книгите „Алдебаран“ и „Париски приказни“. Во овој град е избран за член на поетската академија „Маларме“.

The post Избор од творештвото на Влада Урошевиќ на руски јазик appeared first on Република.

]]>
Книжевен портрет на академик Влада Урошевиќ во Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/knizheven-portret-na-akademik-vlada-uroshevik-vo-sofija/ Fri, 07 Jun 2024 09:58:08 +0000 https://republika.mk/?p=785475

Во присуство на бројни љубители на литературата и претставници на македонската амбасада во Софија, за поетското творештво  на академикот Урошевиќ беседеше универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска.

Анализирајќи ги и сумирајќи ги книжевните постигнувања на академикот Урошевиќ, со акцентирање на неговиот значаен придонес во развојот на македонската современа литература, Капушевка Дракулевска, меѓу другото истакна:

Живееме во свет што претставува своевидна симфонија на страв и ужас и иако Урошевиќ нема илузии дека поезијата има моќ да ја спречи дехуманизацијата на денешниот свет и актуелните турбуленции од планетарни размери (војни, бегалски кризи, еколошки катастрофи, монструозни експерименти во биотехнолошките и компјутерски лаборатории и сл.), тој верува во „скриената сила“ на поезијата и во пророчката улога на поетот, како во песната ‘Озборувања’, во која читаме: ‘Тој води кртови на прошетка низ рудници, / тој е плашило вљубено во молњата. / Тој има в џеб пеколна машина / темпирана за по три века; тој е поет’.“

На овој прв настан од манифестацијата беа презентирани стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а благодарствена беседа имаше и самиот Урошевиќ кој ја истакна незаменливата улога на Македонската книжевна визита како мост на зближување на македонските и бугарските писатели и настан кој на единствен начин ја популаризира македонската книжевност во Бугарија.
Првата вечер од оваа значајна културна манифестација која годинава се одржува по 15-ти пат беше дополнета и со доделувањето на наградата „Македонски книжевен Дедал“. Ова признание годинава посмртно му беше доделено на познатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своето книжевно дело изгради своевидна вертикала на современата бугарска литература и со неговите книжевни врски и соработка со македонската книжевност и култура остави траен белег во пријателството на двете култури и народи. Беседа за делото на Алек Попов одржа писателот и преведувач Душко Крстевски, кој од богатата книжевна актива посебно ја нагласи соработката на починатиот Попов со македонската литературна, телевизиска и медиумска средина.
Писателите учесници на 15-тата Македонска книжевна визита во Софија денеска, заедно со многубројната публика ќе го проследат документарниот филм посветен на деценија и пол долгата мисија на оваа книжевна манифестација. Филмот е во продукција на Книгоиздателствто Макавеј, а манифестацијата ќе биде затворена со големиот вечерен поетски митинг на кој ќе учествуваат македонските и бугарските поети – Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, , Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Тихомир Јанчовски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов.
Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Книжевен портрет на академик Влада Урошевиќ во Софија appeared first on Република.

]]>

Во присуство на бројни љубители на литературата и претставници на македонската амбасада во Софија, за поетското творештво  на академикот Урошевиќ беседеше универзитетската професорка Лидија Капушевска Дракулевска.
Анализирајќи ги и сумирајќи ги книжевните постигнувања на академикот Урошевиќ, со акцентирање на неговиот значаен придонес во развојот на македонската современа литература, Капушевка Дракулевска, меѓу другото истакна:
Живееме во свет што претставува своевидна симфонија на страв и ужас и иако Урошевиќ нема илузии дека поезијата има моќ да ја спречи дехуманизацијата на денешниот свет и актуелните турбуленции од планетарни размери (војни, бегалски кризи, еколошки катастрофи, монструозни експерименти во биотехнолошките и компјутерски лаборатории и сл.), тој верува во „скриената сила“ на поезијата и во пророчката улога на поетот, како во песната ‘Озборувања’, во која читаме: ‘Тој води кртови на прошетка низ рудници, / тој е плашило вљубено во молњата. / Тој има в џеб пеколна машина / темпирана за по три века; тој е поет’.“
На овој прв настан од манифестацијата беа презентирани стихови од Урошевиќ на македонски и на бугарски јазик, а благодарствена беседа имаше и самиот Урошевиќ кој ја истакна незаменливата улога на Македонската книжевна визита како мост на зближување на македонските и бугарските писатели и настан кој на единствен начин ја популаризира македонската книжевност во Бугарија. Првата вечер од оваа значајна културна манифестација која годинава се одржува по 15-ти пат беше дополнета и со доделувањето на наградата „Македонски книжевен Дедал“. Ова признание годинава посмртно му беше доделено на познатиот бугарски писател Алек Попов, кој со своето книжевно дело изгради своевидна вертикала на современата бугарска литература и со неговите книжевни врски и соработка со македонската книжевност и култура остави траен белег во пријателството на двете култури и народи. Беседа за делото на Алек Попов одржа писателот и преведувач Душко Крстевски, кој од богатата книжевна актива посебно ја нагласи соработката на починатиот Попов со македонската литературна, телевизиска и медиумска средина. Писателите учесници на 15-тата Македонска книжевна визита во Софија денеска, заедно со многубројната публика ќе го проследат документарниот филм посветен на деценија и пол долгата мисија на оваа книжевна манифестација. Филмот е во продукција на Книгоиздателствто Макавеј, а манифестацијата ќе биде затворена со големиот вечерен поетски митинг на кој ќе учествуваат македонските и бугарските поети – Влада Урошевиќ, Маја Панајотова, Бранко Цветкоски, Димитар Христов, Јулијана Величковска, Николај Шопов, Димитар Башевски, Поли Муканова, , Лора Динкова, Душко Крстевски, Иван Христов, Иван Антоновски, Тања Попова, Тихомир Јанчовски, Петар Андасаров, Марија Велинова и Атанас Капралов. Учесниците на манифестацијата оваа година ќе го посетат спомен-домот на легендарната бугарска поетеса Дора Габе.

The post Книжевен портрет на академик Влада Урошевиќ во Софија appeared first on Република.

]]>
Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/proekt-chitaj-ja-maedonija-literaturna-vecher-posvetena-na-akademik-vlada-uroshevik-vo-moskva/ Sun, 02 Jun 2024 08:18:53 +0000 https://republika.mk/?p=784028

Во организација на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”.

Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички творби презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.

Ми се појави идеја да ги презентирам во Русија редовно, системски, во рамки на еден литературен проект. Го насловив „Читај ја Македонија!” Под тоа мото одржав многу литературни настани – промоции, книжевни разговори, омажи и изложби на книги, претставувајќи ја современата македонска литература како богата и разнолика – жанровски, стилски, тематски, генерациски. Во изминатите 10 години jа претставив на разни терени и во разни градови – најмногу секако во Москва и на најблиското подрачjе Подмосковjе, но и во градовите Внуково, Зеленоград, Долгопрудниј, подалеку  во Твер, Санкт-Петербург, Пjатигорск, Ханти-Мансијск, како и на помали места, на пример во станицата „Новопесковска” на Краснодарската покраина – вели Панкина која е посветена на популаризација на македонската култура во Русија.

Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и 90-годишнината од неговото раѓање.

На настанот Олга Панкина го претстави Влада Урошевиќ како поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач. Неговото богато творештвото, додава таа, им е познато на руските читатели благодарение на романите „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, а и на расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија “Златен витез” и на поновата, насловена „Jужна sвезда”, која лани ја објави Центарот за книга „Рудомино”. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот.

Олга Панкина го презентира и мартовскиот број на најреномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката “Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор.

Таа најави дека во јунскиот број на „Иностранаја литература” ќе бидат претставени низа раскази на Влада Урошевиќ, а наесен исто така во нејзин превод ќе излезе од печат нова книга – избор раскази на Влада Урошевиќ. Таа го наслови „Дирижабл над поле со пченки”. Книгата, вели таа, ќе биде подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред сѐ на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво.

Артисти на театарот „Город”, на литературна вечер посветена на академик Урошевиќ, рецитираа песни и извадоци од неговите романи на македонски и на руски јазик.

Присутните на настанот му ја испратија на Влада Урошевиќ видеоснимката со честитки за јубилејот, наведува Панкина.

The post Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва appeared first on Република.

]]>

Во организација на поетесата Олга Панкина, позната руска македонистка и преведувачка во Москва, Русија, се одржа литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во рамки на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!”. Проектот што доследно го реализира од 2014 година, се покажал како многу успешен, појаснува Олга Панкина, која има преведено и препеано на руски околу 300 македонски автори – поетски, прозни, драмски, критичко-есеистички творби презентирани во рамките на антологиски избори, панорами и одделни објави.
Ми се појави идеја да ги презентирам во Русија редовно, системски, во рамки на еден литературен проект. Го насловив „Читај ја Македонија!” Под тоа мото одржав многу литературни настани – промоции, книжевни разговори, омажи и изложби на книги, претставувајќи ја современата македонска литература како богата и разнолика – жанровски, стилски, тематски, генерациски. Во изминатите 10 години jа претставив на разни терени и во разни градови – најмногу секако во Москва и на најблиското подрачjе Подмосковjе, но и во градовите Внуково, Зеленоград, Долгопрудниј, подалеку  во Твер, Санкт-Петербург, Пjатигорск, Ханти-Мансијск, како и на помали места, на пример во станицата „Новопесковска” на Краснодарската покраина – вели Панкина која е посветена на популаризација на македонската култура во Русија.
Низ цела година таа одржува литературни и културни настани, а оваа година, вели, му е посветена на академик Влада Урошевиќ по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец” на Струшките вечери на поезијата за 2023 година и 90-годишнината од неговото раѓање. На настанот Олга Панкина го претстави Влада Урошевиќ како поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач. Неговото богато творештвото, додава таа, им е познато на руските читатели благодарение на романите „Невестата на змеjот”, „Дива лига” и „Маџун”, а и на расказите „Сабја”, „Кукла”, „Вишнов ликер” и други. Посебно во своето излагање таа се задржа на поетската збирка „Пејач во кулата” за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија “Златен витез” и на поновата, насловена „Jужна sвезда”, која лани ја објави Центарот за книга „Рудомино”. Двете поетски книги се проследени со исклучителни колажи на авторот. Олга Панкина го презентира и мартовскиот број на најреномираното руско списание „Иностранаја литература” чие мото е изреката “Запознај ги утрешните класици!” каде се објавени песни на Влада Урошевиќ во нејзин препев. Панкина напиша и кратка белешка за него како поет, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на поетскиот израз на овој голем македонски автор. Таа најави дека во јунскиот број на „Иностранаја литература” ќе бидат претставени низа раскази на Влада Урошевиќ, а наесен исто така во нејзин превод ќе излезе од печат нова книга – избор раскази на Влада Урошевиќ. Таа го наслови „Дирижабл над поле со пченки”. Книгата, вели таа, ќе биде подарок на Влада Урошевиќ за роденденот, но пред сѐ на руските читатели кои високо го ценат неговото извонредно творештво. Артисти на театарот „Город”, на литературна вечер посветена на академик Урошевиќ, рецитираа песни и извадоци од неговите романи на македонски и на руски јазик. Присутните на настанот му ја испратија на Влада Урошевиќ видеоснимката со честитки за јубилејот, наведува Панкина.

The post Проект „Читај ја Маедонија“: Литературна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ во Москва appeared first on Република.

]]>
Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nova-kniga-od-kapushevska-drakulevska-i-martinovski-posvetena-za-tvoreshtvoto-na-vlada-uroshevik/ Fri, 10 May 2024 07:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=776578

Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе од печат заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, насловена „Градоначалникот на Хипнополис“. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ.

Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува дека авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива.

Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски. Во книгата се анализирани и претставени некои од главните творечки преокупации на Влада Урошевиќ: сонот како неисцрпен поттик за создавање и креативно преобликување во литературата, идејата за поезијата како чин на игра и комбинација, опседнатоста со поетската слика и односот на авторот кон модерното сликарство, релациите меѓу творештвото на Урошевиќ и поетиката на надреализмот, автопоетичките согледувања за уметноста и умешноста на пишувањето поезија, жанровските елементи во неговите романи, како и различните теми опфатени во неговите кратки раскази, се вели во освртот на книгата на Јанковски.

Како што се наведува во освртот, станува збор за луцидна, акрибична, теориски внимателно напишана книга, во која освен што мошне прецизно се прикажани различните слоеви од опусот на Влада Урошевиќ, тие се анализирани и толкувани со еден вид поетска страст за неговото творештво.

Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура.

The post Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Во издание на издавачката куќа „Бегемот“ излезе од печат заедничка книга со книжевно-теориски студии, осврти и есеи на Лидија Капушевска-Дракулевска и Владимир Мартиновски, насловена „Градоначалникот на Хипнополис“. Се работи за книга диптих, целосно посветена на творештвото на академик Влада Урошевиќ. Во освртот за книгата, писателот Владимир Јанковски нагласува дека авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива.
Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски. Во книгата се анализирани и претставени некои од главните творечки преокупации на Влада Урошевиќ: сонот како неисцрпен поттик за создавање и креативно преобликување во литературата, идејата за поезијата како чин на игра и комбинација, опседнатоста со поетската слика и односот на авторот кон модерното сликарство, релациите меѓу творештвото на Урошевиќ и поетиката на надреализмот, автопоетичките согледувања за уметноста и умешноста на пишувањето поезија, жанровските елементи во неговите романи, како и различните теми опфатени во неговите кратки раскази, се вели во освртот на книгата на Јанковски.
Како што се наведува во освртот, станува збор за луцидна, акрибична, теориски внимателно напишана книга, во која освен што мошне прецизно се прикажани различните слоеви од опусот на Влада Урошевиќ, тие се анализирани и толкувани со еден вид поетска страст за неговото творештво. Книгата е објавена со поддршка од Министерството за култура.  

The post Нова книга од Капушевска-Дракулевска и Мартиновски посветена за творештвото на Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/umetnost-pamet-i-humanost-e-toa-shto-ni-treba-republika-gi-izbra-lichnostite-za-2023-godina/ Sun, 31 Dec 2023 07:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=728093

Светот ќе го спаси убавината. Омилениот цитат на многумина е извадок од „Идиот“, ремек-делото на рускиот писател Фјодор Достоевски. Ја испраќаме 2023 во која беше тешко да се избере личност или настан кој ќе ја одбележи годината. Ние во „Република“ се решивме за убавината, добрината, хуманоста и уметноста. Бидејќи тие ќе го спасат светот. Личностите кои ги избравме се наш, личен, субјективен избор.

Пијанистот со светски глас, Симон Трпчески, математичарот Дамајан Давков, кој освои прво место на Интернационалната олипијада за математика, режисерката Тамара Котевска, Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и писателот Влада Урошевиќ се изборот на личности за 2023 година за кои се одлучи редакцијата на „Република“. Сите петмина се еднакво важни и успешни.

Симон Трпчески 

Врвниот македонски пијанист Симон Трпчески во 2023 година покрај многуте успешни концерти кои ги изведе на светските сцени, оваа година заедно со ВДР Симфонискиот оркестар од Келн и романскиот диригент Кристијан Мачелару ги сними монументалните концерти на Јоханес Брамс. Двојниот албум со двата концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс го издаде британскиот „Лин рекордс“, а светските медиуми пишуваа блескави критики. Новото издание на Трпчески беше прогласено за албум на неделата на познатото лондонско радио „Класик ФМ“.

Пијанистот со светски глас, летово, во родното село на неговата мајка, Секирник, Струмичко настапи со „Македонисимо“, проект на кој тој е неизмерно горд. Со „Македонисимо“ тој имаше балканска турнеја, а за него се значајни изведбите на двата Брамсови концерта со Лондонскиот симфониски оркестар.

Трпчески во јуни првпат гостуваше во Грција, каде што имаше концерт со државниот Солунски симфониски орекстар.

Дамјан Давков

2023 година беше мошне успешна 15-годишниот математичар Дамјан Давков. Штипјанецот, кој како основец освојуваше високи пласмани во повисоки категории, сега е средношколец во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Освен математиката, одлично му оди и инфоррамтиката. Тој го освои првото злато за Македонија на 64. Интернационална математичка олимпијада што летово се одржа во Чиба, Јапонија. Давков беше дел од македонкиот тим во кој Алексиј Тасиќ освои сребрен медал, Никола Цветаноски и Никола Спировски – бронзи, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници за успешно учество. Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски.

Дамјан на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада освои златен медал со максимален број поени.

Давков оваа година освои златен медал на 7. Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2023) која се одржа во Кутаиси, Грузија. Тоа беше прво злато за Македонија и најголем досегашен успех за нашите млади информатичари на престижниот интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Покрај златото на Давков, забележително претставување имаа и останатите тројца членови на македонскиот тим: Владимир Грчев, сега осмоодделенец од Кочани, кој освои олимписка пофалница, како и Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ од Скопје кои ги делеа само 5 поени од освојување на олимписка пофалница.

Тамара Котевска 

Во 2020 година македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја испиша историјата кога доби две номинации за престижната награда „Оскар“, за најдобар документарец и најадобар странски филм. Три години подоцна Костевска стана првата македонска авторка која доби покана да одржи говор на престижниот Венециски филмски фестивал. Котевска зборуваше за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. На Фестивалот Котевска го претстави својот нов долгометражен документарец „The Walk“ (Патешествието), кој премиерно беше прикажан на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). „Патешествието“ (The Walk), е филм за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците.

Борче Стаменов 

Здружението „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов од Кавадарци недамна го прослави седмиот роденден. За тоа време Борче и екипата успеале да подарат 2.710 компјутери, да израдуваат деца со новогодишни пакетичиња, украси, елки, лампиони, гардероба и друго.

Хуманизмот на Стаменов беше препознаен конечно и од државата, па тој неодамна ја доби државната награда „Мето Јовановски“ за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Иницијативата стари, па потоа надградувани компјутери да се донираат на семејства кои не можат да си дозволат да купат почнала сосема случајно, кога една самохрана мајка го замолила Стаменов да ѝ помогне со половен компјутер за нејзините деца. Оттогаш Борче со свој тим, ентузијастички и волентерски работат на тоа секое дете чие семејство не е во можност да му обезбеди компутер, тој да му го донира. Стар, но надграден и сосема солиден. Откако во 2016 година сам поправил и подарил 20 компјутери без никаква логистика, упатил апел за стари компјутери. На апелот се пријавуваат компании и физички лица. Денес Борче е херој кој е идеен творец на благородната иницијатива која израдувала мноу деца, но и нивните родители.

Влада Урошевиќ 

Академик Влада Урошевиќ (89) е еден од најзначајните македонски книжевни и културни дејци. Во 2023 година тој стана добитник на две мошне значајни и престижни литературни награди, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) и „Роман на годината“ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ во издание на „Арс Ламина“.

Во 2023 тој ја доби и наградата „13 Ноември“ која ја доделува Град Скопје и наградата автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи.

Академик Урошевиќ твори во речиси секој жанр и секоја форма: поезија, расказ, роман, есеј, патопис, книжевна и ликовна критика, книжевна теорија и превод. Зад себе има три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите за македонските писатели и две книги за фантастиката во сликарството. Се афирмира и како антологичар на повеќе изданија. За своите дела и преводи е добитник на многубројни награди и признанија: трипати на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“, двапати на наградата „Стале Попов“, двапати на наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев. Освен домашните, носител е и на неколку странски признанија. За својот книжевен и преведувачки опус, пак, именуван е првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред од Владата на Република Франција. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, хрватски, француски и шпански.

The post Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година appeared first on Република.

]]>

Светот ќе го спаси убавината. Омилениот цитат на многумина е извадок од „Идиот“, ремек-делото на рускиот писател Фјодор Достоевски. Ја испраќаме 2023 во која беше тешко да се избере личност или настан кој ќе ја одбележи годината. Ние во „Република“ се решивме за убавината, добрината, хуманоста и уметноста. Бидејќи тие ќе го спасат светот. Личностите кои ги избравме се наш, личен, субјективен избор. Пијанистот со светски глас, Симон Трпчески, математичарот Дамајан Давков, кој освои прво место на Интернационалната олипијада за математика, режисерката Тамара Котевска, Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ и писателот Влада Урошевиќ се изборот на личности за 2023 година за кои се одлучи редакцијата на „Република“. Сите петмина се еднакво важни и успешни. Симон Трпчески  Врвниот македонски пијанист Симон Трпчески во 2023 година покрај многуте успешни концерти кои ги изведе на светските сцени, оваа година заедно со ВДР Симфонискиот оркестар од Келн и романскиот диригент Кристијан Мачелару ги сними монументалните концерти на Јоханес Брамс. Двојниот албум со двата концерти за пијано и оркестар од Јоханес Брамс го издаде британскиот „Лин рекордс“, а светските медиуми пишуваа блескави критики. Новото издание на Трпчески беше прогласено за албум на неделата на познатото лондонско радио „Класик ФМ“. Пијанистот со светски глас, летово, во родното село на неговата мајка, Секирник, Струмичко настапи со „Македонисимо“, проект на кој тој е неизмерно горд. Со „Македонисимо“ тој имаше балканска турнеја, а за него се значајни изведбите на двата Брамсови концерта со Лондонскиот симфониски оркестар. Трпчески во јуни првпат гостуваше во Грција, каде што имаше концерт со државниот Солунски симфониски орекстар. Дамјан Давков 2023 година беше мошне успешна 15-годишниот математичар Дамјан Давков. Штипјанецот, кој како основец освојуваше високи пласмани во повисоки категории, сега е средношколец во Математичко-информатичката гимназија во Скопје. Освен математиката, одлично му оди и инфоррамтиката. Тој го освои првото злато за Македонија на 64. Интернационална математичка олимпијада што летово се одржа во Чиба, Јапонија. Давков беше дел од македонкиот тим во кој Алексиј Тасиќ освои сребрен медал, Никола Цветаноски и Никола Спировски – бронзи, а Јан Стојановски и Бранко Јангеловски пофалници за успешно учество. Водач на тимот е Илија Јовчески, а заменик-водач е Мирко Петрушевски. Дамјан на 27. Јуниорска балканска математичка олимпијада освои златен медал со максимален број поени. Давков оваа година освои златен медал на 7. Европска јуниорска олимпијада по информатика (ЕЈОИ 2023) која се одржа во Кутаиси, Грузија. Тоа беше прво злато за Македонија и најголем досегашен успех за нашите млади информатичари на престижниот интернационален натпревар во програмирање за ученици на возраст до 15,5 години. Покрај златото на Давков, забележително претставување имаа и останатите тројца членови на македонскиот тим: Владимир Грчев, сега осмоодделенец од Кочани, кој освои олимписка пофалница, како и Никола Стојковски и Андрија Младеновиќ од Скопје кои ги делеа само 5 поени од освојување на олимписка пофалница. Тамара Котевска  Во 2020 година македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска ја испиша историјата кога доби две номинации за престижната награда „Оскар“, за најдобар документарец и најадобар странски филм. Три години подоцна Костевска стана првата македонска авторка која доби покана да одржи говор на престижниот Венециски филмски фестивал. Котевска зборуваше за филмови кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена. На Фестивалот Котевска го претстави својот нов долгометражен документарец „The Walk“ (Патешествието), кој премиерно беше прикажан на Њујоршкиот фестивал на документарни филмови (Doc NYC). „Патешествието“ (The Walk), е филм за глобалната сензација Амал – триметарската кукла што претставува дете-бегалче од Сирија, која го обиколила светот подигнувајќи ја свеста за бегалците. Борче Стаменов  Здружението „Донирај компјутер“ на Борче Стаменов од Кавадарци недамна го прослави седмиот роденден. За тоа време Борче и екипата успеале да подарат 2.710 компјутери, да израдуваат деца со новогодишни пакетичиња, украси, елки, лампиони, гардероба и друго. Хуманизмот на Стаменов беше препознаен конечно и од државата, па тој неодамна ја доби државната награда „Мето Јовановски“ за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Иницијативата стари, па потоа надградувани компјутери да се донираат на семејства кои не можат да си дозволат да купат почнала сосема случајно, кога една самохрана мајка го замолила Стаменов да ѝ помогне со половен компјутер за нејзините деца. Оттогаш Борче со свој тим, ентузијастички и волентерски работат на тоа секое дете чие семејство не е во можност да му обезбеди компутер, тој да му го донира. Стар, но надграден и сосема солиден. Откако во 2016 година сам поправил и подарил 20 компјутери без никаква логистика, упатил апел за стари компјутери. На апелот се пријавуваат компании и физички лица. Денес Борче е херој кој е идеен творец на благородната иницијатива која израдувала мноу деца, но и нивните родители. Влада Урошевиќ  Академик Влада Урошевиќ (89) е еден од најзначајните македонски книжевни и културни дејци. Во 2023 година тој стана добитник на две мошне значајни и престижни литературни награди, „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (СВП) и „Роман на годината“ за романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ во издание на „Арс Ламина“. Во 2023 тој ја доби и наградата „13 Ноември“ која ја доделува Град Скопје и наградата автор на годината од Македонската асоцијација на издавачи. Академик Урошевиќ твори во речиси секој жанр и секоја форма: поезија, расказ, роман, есеј, патопис, книжевна и ликовна критика, книжевна теорија и превод. Зад себе има три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите за македонските писатели и две книги за фантастиката во сликарството. Се афирмира и како антологичар на повеќе изданија. За своите дела и преводи е добитник на многубројни награди и признанија: трипати на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга на „Струшките вечери на поезијата“, двапати на наградата „Стале Попов“, двапати на наградата „Григор Прличев“ за најдобар препев. Освен домашните, носител е и на неколку странски признанија. За својот книжевен и преведувачки опус, пак, именуван е првин за витез на Редот на уметноста и литературата, а потоа и за офицер на истиот Ред од Владата на Република Франција. Книгите на Влада Урошевиќ се преведени на повеќе јазици: англиски, бугарски, германски, дански, полски, руски, словенечки, српски, хрватски, француски и шпански.

The post Уметност, памет и хуманост е тоа што ни треба: „Република“ ги избра личностите за 2023 година appeared first on Република.

]]>
Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poetska-vecher-so-vlada-uroshevik-na-ukim-vo-chest-na-zlaten-venets-na-svp/ Wed, 15 Nov 2023 08:20:18 +0000 https://republika.mk/?p=701663

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” денеска, на 15 ноември (среда) 2023 година, во 18 часот ќе се одржи поетска вечер со академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), како годинашен добитник на Златен венец на СВП.

За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да презентираат препеви на неколку странски јазици.

За претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при прогласување на лауреатите во март, во НУБ „Климент Охридски“, името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото.

Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читатлски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афенитет кон овие две сродни области.

– Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име, додаде Шелева.

Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), Урошевиќ објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.

The post Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП appeared first on Република.

]]>

Во Аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” денеска, на 15 ноември (среда) 2023 година, во 18 часот ќе се одржи поетска вечер со академик Влада Урошевиќ (1934, Скопје), како годинашен добитник на Златен венец на СВП. За време на настанот, предвидено е студенти од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ да презентираат препеви на неколку странски јазици. За претседателката на Управниот одбор на манифестацијата, Елизабета Шелева при прогласување на лауреатите во март, во НУБ „Климент Охридски“, името на Влада Урошевиќ е синоним за страствен вљубеник во писмото, искрено посветен на заводливата магија на книжевното создавање и наспроти сите искушенија на современието, непоколебливо верен на словото. Според неа, Урошевиќ остана доследен и не само во нашата литература, препознатлив по креативниот спој на фантастиката и надреализмот што ги негува во своите бројни авторски записи, но и во неуморните читатлски авантури, проткаени со истражувачко љубопитство и траен афенитет кон овие две сродни области. – Подготвен со леснотија да се испроба и творечки да се покаже во најразновидни жанровски облици и експерименти со речиси рамномерен удел во сите нив, Урошевиќ остана продуктивен и витален. Неговото писмо има свој препознатлив печат и ако случајно не е посочен авторот на овие записи, речиси со сигурност ќе го погодиме неговото име, додаде Шелева. Почнувајќи од „Еден друг град“ (1959), Урошевиќ објавил десет збирки поезија. Меѓу неговите прозни дела има шест збирки раскази, пет романи, три книги записи и патописи. Има две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Помеѓу антологиите што ги составил се изделуваат: „Црниот бик на летото“ (1963), избор од поезијата на помладата генерација македонски поети, „Црна кула“ (1976), антологија на фантастичниот расказ во литературите на некогашната Југославија и „Големата авантура“ (1993), антологија на францускиот надреализам.  

The post Поетска вечер со Влада Урошевиќ на УКИМ во чест на „Златен венец“ на СВП appeared first on Република.

]]>
Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vlada-uroshevik-blagoj-chorevski-atanas-kostovski-pancho-se-megu-dobitnitsite-na-nagradata-13-noemvri/ Fri, 03 Nov 2023 16:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=697912

Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот.

Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ информираа дека во конкуренција за наградата годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности.

Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.

Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје.

Претседателката на Одборот за доделување на наградата Марија Станчевска – Ѓоргова им честита на годинашните добитници нз ова највисоко признание на Град Скопје.

Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на нашата престолнина се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.

The post Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>

Град Скопје и оваа година ја доделува наградата „13 Ноември“ на физички и правни лица чија цел е промовирање на константните вредности во науката, уметноста, здравството, културата, образованието и спортот. Од Одборот за доделување на наградата „13 Ноември“ информираа дека во конкуренција за наградата годинава биле предложени кандидати со исклучителни достигнувања во повеќе дејности.
Нивните забележителни, успешни професионални кариери и достигнувања во областите во кои дејствуваат, високо котираат и се препознатливи според вредностите и многу пошироко од нашите државни рамки. Одлуката е донесена по пат на тајно гласање, следејќи ги упатствата на Одлуката за работењето на Одборот, се вели во соопштението.
Добитник на наградата од областа на публицистиката е академик Влада Урошевиќ, од областа на образованието и воспитанието проф. д-р Бона Бајрактарова и прoф. д-р Соња Здравкова-Џепароска, од областа на културата Благој Чоревски, од областа на науката проф. д-р Елка Јачева-Улчар и од областа на уметноста Ѓорѓи Цуцковски. Годинашни добитници на оваа престижна награда се и проф. д-р Билјана Кузмановска и д-р Ирфан Ахмети од областа на здравствената заштита, од областа на хуманитарната активност ДНК музичко дуо Андреја Ѓорѓиески – Андреј, Владимир Блажев – Панчо и Елена Божиновска, од областа на социологијата Али Пајазити и од областа на спортот Атанас Костовски и СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје. Претседателката на Одборот за доделување на наградата Марија Станчевска – Ѓоргова им честита на годинашните добитници нз ова највисоко признание на Град Скопје. Наградата со која се уважени низа значајни дејци во повеќе области, истакнати жители и организации, градители на културата и севкупниот јавен живот на нашата престолнина се доделува од 1955 година по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје во Втората светска војна.  

The post Влада Урошевиќ, Благој Чоревски, Атанас Костовски, Панчо, …се меѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ appeared first on Република.

]]>
Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала: разговори со Влада Урошевиќ“ на Владимир Јанковски во „Буква“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-kabinet-na-chuda-so-zidovi-od-ogledala-razgovori-so-vlada-uroshevik-na-vladimir-jankovski-vo-bukva/ Wed, 20 Sep 2023 09:17:50 +0000 https://republika.mk/?p=683378

Книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски ќе биде промовирана денеска, на 20 септември, во кафе-книжарницата Буква, со почеток во 19.30 часот.

Промоторка на изданието ќе биде писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезироска, а на промоцијата ќе се обратат и Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски.

„’Кабинет на чуда со ѕидови од огледала’ е книга во која преку прашањата што Јанковски му ги поставува, Урошевиќ нуди еден вид авторефлексија за сопственото творештво, за некои аспекти од сопствениот живот, за феномените од македонската литература и, воопшто, култура. Исто така, Урошевиќ ги дава своите перспективи за широк спектар културолошки појави, од францускиот надреализам, фантастиката во литературата и сликарството, источните филозофии и култури, односот меѓу книжевната критика, историја и помнењето во литературата, преклопувањата и дијалозите меѓу навидум оддалечените култури, влијанието на имагинарното во секојдневниот живот, значењето на археологијата во обликувањето на свеста за нашата цивилизација итн. Бидејќи ова пред сè е книга за еден живот и за еден животен пат, сите споменати културолошки аспекти на еден посебен начин се „прекршени“ преку личноста и делото на Урошевиќ, преку неговата гледна точка и животен пат“, се вели во описот за книгата.

Според Ќорвезироска, „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ е обид да се направи еден вид дијалошки портрет на Влада Урошевиќ, кој ќе биде составен од различни делови што го обликувале неговиот живот.

Влада Урошевиќ е поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Поминал значаен дел од животот како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, држејќи курсеви по историја на европските литератури од XIX и XX век. Објавил единаесет збирки поезија, седум збирки раскази, седум романи, три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите во кои зборува, главно, за македонските писатели. Објавил две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Автор на поголем број антологии. Во 2023 година, по наградите „Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, прогласен е од Македонската асоцијација на издавачи за „Автор на годината“.

Владимир Јанковски дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015), „Вечно сегашно време“ (2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ“ (2003). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод.

Книгата е во издание на „Антолог“.

The post Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала: разговори со Влада Урошевиќ“ на Владимир Јанковски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>

Книгата „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала; разговори со Влада Урошевиќ“ од Владимир Јанковски ќе биде промовирана денеска, на 20 септември, во кафе-книжарницата Буква, со почеток во 19.30 часот. Промоторка на изданието ќе биде писателката и книжевната критичарка Оливера Ќорвезироска, а на промоцијата ќе се обратат и Влада Урошевиќ и Владимир Јанковски.
„’Кабинет на чуда со ѕидови од огледала’ е книга во која преку прашањата што Јанковски му ги поставува, Урошевиќ нуди еден вид авторефлексија за сопственото творештво, за некои аспекти од сопствениот живот, за феномените од македонската литература и, воопшто, култура. Исто така, Урошевиќ ги дава своите перспективи за широк спектар културолошки појави, од францускиот надреализам, фантастиката во литературата и сликарството, источните филозофии и култури, односот меѓу книжевната критика, историја и помнењето во литературата, преклопувањата и дијалозите меѓу навидум оддалечените култури, влијанието на имагинарното во секојдневниот живот, значењето на археологијата во обликувањето на свеста за нашата цивилизација итн. Бидејќи ова пред сè е книга за еден живот и за еден животен пат, сите споменати културолошки аспекти на еден посебен начин се „прекршени“ преку личноста и делото на Урошевиќ, преку неговата гледна точка и животен пат“, се вели во описот за книгата.
Според Ќорвезироска, „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ е обид да се направи еден вид дијалошки портрет на Влада Урошевиќ, кој ќе биде составен од различни делови што го обликувале неговиот живот. Влада Урошевиќ е поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар, преведувач. Поминал значаен дел од животот како професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на Катедрата за општа и компаративна книжевност, држејќи курсеви по историја на европските литератури од XIX и XX век. Објавил единаесет збирки поезија, седум збирки раскази, седум романи, три книги записи и патописи, повеќе книги во кои се собрани критиките и есеите во кои зборува, главно, за македонските писатели. Објавил две книги за фантастиката во литературата, како и две книги за фантастиката во сликарството. Автор на поголем број антологии. Во 2023 година, по наградите „Роман на годината“ и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, прогласен е од Македонската асоцијација на издавачи за „Автор на годината“. Владимир Јанковски дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Има објавено седум книги: „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ (2023), „Скриени желби, немирни патувања“ (2020), „Невидливи љубови“ (2015), „Вечно сегашно време“ (2010), „Лицата на невидливиот град“ (заедно со Иван Блажев, 2010), „Скопје со широко отворени очи“ (заедно со Иван Блажев, 2008) и „Огледало за загатката; разговори за Влада Урошевиќ“ (2003). За романот „Скриени желби, немирни патувања“ ја добил наградата „Роман на годината“ на „Фондацијата Славко Јаневски“, а за „Невидливи љубови“ наградата „Рациново признание“. Активно се занимава со книжевен превод. Книгата е во издание на „Антолог“.

The post Промоција на „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала: разговори со Влада Урошевиќ“ на Владимир Јанковски во „Буква“ appeared first on Република.

]]>
Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/uroshevik-ne-treba-da-se-vpushtame-vo-polemiki-za-makedonskiot-jazik/ Sun, 27 Aug 2023 10:45:55 +0000 https://republika.mk/?p=676264

Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, Влада Урошевиќ.

Урошевиќ, кој е македонски поет, раскажувач, есеист и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вели дека отсекогаш бил против тоа да се впуштаме во полемика со бугарските научници, писатели и политичари околу ова прашање.

Ако тие сметаат дека нашиот јазик не е автентичен, нека си останат со тоа свое мислење, што можеме? Ние сигурно не можеме да ги убедиме. Останува само тие да се променат сами, еден ден да ја сфатат реалноста. Дотогаш треба да ја сочуваме главата студена и да ја сочуваме ладнокрвноста. Тие полемики не водат никаде. Тоа, според мене, е губење време. Треба да ги оставиме нека зборуваат што сакаат, ние си ја знаеме својата вистина, истакнува Урошевиќ.

Годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата говори и за причините за малиот интерес за студирање и изучување на македонскиот јазик.

Се случуваат некои промени во интересот и веројатно кога еден студент се запишува или не се запишува на македонски јазик, тој ги пресметува своите шанси за вработување. Знаете, не станува само збор за тоа дали ја сакаме таа материја и дали сакаме тоа да го студираме. Сепак, улога игра и оној практичниот дел од размислувањето дали можам да најдам работа кога ќе ги завршам овие студии. Мислам дека тоа е главното прашање и добро е што се воведени задолжително лектори за многу начини на објавување, печатење, промовирање во јавноста и тие играат многу значајна улога во сето тоа и мислам дека ни се потребни уште лектори. Така што, студирањето на македонскиот јазик не носи повеќе ризици од студирањето на нешто друго, појаснува Урошевиќ.

The post Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>

Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, Влада Урошевиќ. Урошевиќ, кој е македонски поет, раскажувач, есеист и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) вели дека отсекогаш бил против тоа да се впуштаме во полемика со бугарските научници, писатели и политичари околу ова прашање.
Ако тие сметаат дека нашиот јазик не е автентичен, нека си останат со тоа свое мислење, што можеме? Ние сигурно не можеме да ги убедиме. Останува само тие да се променат сами, еден ден да ја сфатат реалноста. Дотогаш треба да ја сочуваме главата студена и да ја сочуваме ладнокрвноста. Тие полемики не водат никаде. Тоа, според мене, е губење време. Треба да ги оставиме нека зборуваат што сакаат, ние си ја знаеме својата вистина, истакнува Урошевиќ.
Годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата говори и за причините за малиот интерес за студирање и изучување на македонскиот јазик.
Се случуваат некои промени во интересот и веројатно кога еден студент се запишува или не се запишува на македонски јазик, тој ги пресметува своите шанси за вработување. Знаете, не станува само збор за тоа дали ја сакаме таа материја и дали сакаме тоа да го студираме. Сепак, улога игра и оној практичниот дел од размислувањето дали можам да најдам работа кога ќе ги завршам овие студии. Мислам дека тоа е главното прашање и добро е што се воведени задолжително лектори за многу начини на објавување, печатење, промовирање во јавноста и тие играат многу значајна улога во сето тоа и мислам дека ни се потребни уште лектори. Така што, студирањето на македонскиот јазик не носи повеќе ризици од студирањето на нешто друго, појаснува Урошевиќ.
 
The post Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик appeared first on Република.

]]>
Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-moskva-omazh-posveten-na-akademik-vlada-uroshevik/ Sun, 27 Aug 2023 08:37:09 +0000 https://republika.mk/?p=676231

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ - македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година.

Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година.

Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други.

Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија.

„Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“.

Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“.

Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев.вј/

The post Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Скопје, 27 август 2023 (МИА) - Олга Панкина вчера во Москва организира омаж посветен на академик Влада Урошевиќ - македонски поет, прозен автор, критичар, есеист, антологичар и преведувач по повод неговото прогласување за добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2023 година. Настанот се одржа во библиотеката „Алексеj Толстоj“ во рамките на нејзиниот отворен проект „Читаj jа Македониjа!“ што успешно го реализира од 2014 година. Олга Панкина го претстави богатото творештвото на Влада Урошевиќ кое им е познато на руските читатели благодарение на преведените од неа романи „Невестата на змеjот“, „Барајте го гавранот“ („Дива лига“) и „Маџун“, расказите „Сабја“, „Кукла“, „Вишнев ликер“ и други. Посебно во своето излагање таа се задржа на новата поетска збирка насловена „Jужна sвезда“, која содржи над 200 песни на истакнатиот македонски поет. Според жанрот, тие се досетливи нацрти, новели, балади, полни со афористички хумор и со самоиронија. „Jужна sвезда“ излегува по збирката „Пејач во кулата“ за која во 2017 година Влада Урошевиќ jа доби највисоката руска награда за поезија „Златен витез“. Двете поетски книги проследени со исклучителни колажи на Влада Урошевиќ ги објави реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“. Пред бројните гости беше прочитан дел од поезијата на Влада Урошевиќ во оригинал и во препев.вј/  

The post Во Москва омаж посветен на академик Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Влада Урошевиќ: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlada-uroshevik-chest-mi-e-shto-mozham-da-se-pridruzham-na-vrvnata-plejada-poeti/ Sat, 26 Aug 2023 20:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=676203

Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа вечерва во црквата „Св. Софија“ во присуство на претседателот Стево Пендаровски, како и пред бројни гости од земјава и од странство.

Влада Урошевиќ е третиот македонски венцоносец, поет од третата повоена македонска поетска генерација и единствен македонски поет што трипати ја има добиено наградата „Браќа Миладиновци“.

Ја сметам за исклучителна привилегија можноста да ги читам моите песни во овој древен храм. Сводовите на „Света Софија“ охридска ги носат во своето речиси илјадалетно сеќавање спомените на многу јазици, култури, религии. А последниве педесетина  години, благодарение  на  широчината и на толерантноста на Македонската православна црква, на  молитвите упатени кон христијанскиот Творец, искажани на македонски јазик, им се придружуваат, еднаш годишно, во вечерта посветена на носителот на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“,  и  песните на поетите дојдени од сите страни на светот...Ми претставува особена чест што можам да се придружам на врвната плејада поети чијшто глас  останал во меморијата на ова свето здание - истакна лауреатот Урошевиќ.

Своја беседа одржа проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, која истакна дека Урошевиќ е еден од најавтентичните поетски гласови под македонското поетско небо, а и пошироко.

Влада Урошевиќ и самиот е лик-лавиринт, исклучителен интелектуалец-ерудит, чудесно љубопитен, аристократски дух, инспирација и пример за младите генерации, несекојдневна личност што ја обележува не само македонската туку и европската книжевна сцена од втората половина на 20 и првите две децении на 21 век. Поет космополит, еден од најавтентичните и најоригиналните гласови во нашата поезија, претставник на генерацијата современи македонски поети – модернисти, најинвентивната во поглед на поетскиот јазик и израз, генерација што трајно ја определи физиономијата на нашата поезија како „европска појава“. Поезијата на Урошевиќ не е затворена во строго национални рамки, туку е дијалошки свртена кон европското (и светско) културно и цивилизациско наследство. Неговите стихови пулсираат во ритамот на магијата, но и на „заумниот јазик“ на руските футуристи или на „фонетските песни“ на дадаистите, се хранат со архетипските и со алхемичарските симболи, носат траги од онирички, митолошки и ритуално-магиски слики, се напојуваат од научни и од псевдонаучни (алтернативни) сознанија, се препуштаат на тајните, мистични сили на природата во стилот на руските симболисти, создаваат „места на меморија“ (градот, куќата, библиотеката, театарот и музејот се чести топоси кај Урошевиќ) како израз на космогониски чин на средување на светот, но и атмосфера на катастрофичност што управува со урбаниот хаос по углед на германските експресионисти - истакна  Капушевска-Дракулевска.

Традиционалното поетско претставување на годинешниот лауреат заврши со концерт на бендот „Баклава“.

Манифестацијата, која ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“, а свеченото затворање ќе се одржи утревечер на Мостот на поезијата.

The post Влада Урошевиќ: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети appeared first on Република.

]]>

Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа вечерва во црквата „Св. Софија“ во присуство на претседателот Стево Пендаровски, како и пред бројни гости од земјава и од странство. Влада Урошевиќ е третиот македонски венцоносец, поет од третата повоена македонска поетска генерација и единствен македонски поет што трипати ја има добиено наградата „Браќа Миладиновци“.
Ја сметам за исклучителна привилегија можноста да ги читам моите песни во овој древен храм. Сводовите на „Света Софија“ охридска ги носат во своето речиси илјадалетно сеќавање спомените на многу јазици, култури, религии. А последниве педесетина  години, благодарение  на  широчината и на толерантноста на Македонската православна црква, на  молитвите упатени кон христијанскиот Творец, искажани на македонски јазик, им се придружуваат, еднаш годишно, во вечерта посветена на носителот на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“,  и  песните на поетите дојдени од сите страни на светот...Ми претставува особена чест што можам да се придружам на врвната плејада поети чијшто глас  останал во меморијата на ова свето здание - истакна лауреатот Урошевиќ.
Своја беседа одржа проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска, која истакна дека Урошевиќ е еден од најавтентичните поетски гласови под македонското поетско небо, а и пошироко.
Влада Урошевиќ и самиот е лик-лавиринт, исклучителен интелектуалец-ерудит, чудесно љубопитен, аристократски дух, инспирација и пример за младите генерации, несекојдневна личност што ја обележува не само македонската туку и европската книжевна сцена од втората половина на 20 и првите две децении на 21 век. Поет космополит, еден од најавтентичните и најоригиналните гласови во нашата поезија, претставник на генерацијата современи македонски поети – модернисти, најинвентивната во поглед на поетскиот јазик и израз, генерација што трајно ја определи физиономијата на нашата поезија како „европска појава“. Поезијата на Урошевиќ не е затворена во строго национални рамки, туку е дијалошки свртена кон европското (и светско) културно и цивилизациско наследство. Неговите стихови пулсираат во ритамот на магијата, но и на „заумниот јазик“ на руските футуристи или на „фонетските песни“ на дадаистите, се хранат со архетипските и со алхемичарските симболи, носат траги од онирички, митолошки и ритуално-магиски слики, се напојуваат од научни и од псевдонаучни (алтернативни) сознанија, се препуштаат на тајните, мистични сили на природата во стилот на руските симболисти, создаваат „места на меморија“ (градот, куќата, библиотеката, театарот и музејот се чести топоси кај Урошевиќ) како израз на космогониски чин на средување на светот, но и атмосфера на катастрофичност што управува со урбаниот хаос по углед на германските експресионисти - истакна  Капушевска-Дракулевска.
Традиционалното поетско претставување на годинешниот лауреат заврши со концерт на бендот „Баклава“. Манифестацијата, која ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“, а свеченото затворање ќе се одржи утревечер на Мостот на поезијата.

The post Влада Урошевиќ: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети appeared first on Република.

]]>
Влада Урошевиќ: Бесмислени се злонамерните обиди за негирање на македонскиот јазик, тој е рамноправен со светските јазици https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vlada-uroshevik-besmisleni-se-zlonamernite-obidi-za-negirane-na-makedonskiot-jazik-toj-e-ramnopraven-so-svetskite-jazitsi/ Thu, 24 Aug 2023 17:56:37 +0000 https://republika.mk/?p=675517

Веста дека сум добитник на „Златниот венец“ на годинашниве „Струшки вечери на поезијата“ ми носи многу радост. Ја имав таа среќа да бидам, пред повеќе од шеесет години, еден од основачите на овој наш поетски фестивал и еден од оние што учествуваа во дефинирањето на оваа награда. Во текот на годините, со внимание и задоволство следев како на листата на добитниците на „Златниот венец“ се допишуваат нови имиња – стануваше збор секогаш за вистински великани на поетскиот збор, личности чиешто значење ги надминува границите на националните литератури на кои тие им припаѓаат и навлегува во областа на светските вредности, истакна годинешниот добитник на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, Влада Урошевиќ, на денешна прес-конференција што се одржа во хотелот „Дрим’ во Струга.

Урошевиќ ја потенцираше важноста на поезијата и нејзиното значење со чија помош македонскиот јазик се издига на високо ниво и е рамо до рамо со другите светски јазици.

Кога ја гледам денес таа листа, можам да речам дека станува збор за еден вид синтетизирана историја и антологија на светската поезија од втората половина на 20-ти и првите децении на 21-ви век. Поезијата на овие поети е објавена тука, кај нас, во репрезентативни изданија, во превод на македонски јазик – и тој корпус на дела, со својата големина, со сериозноста на пристапот и со квалитетот на преводите ја докажува, уште еднаш, рамноправноста на македонскиот јазик со другите светски јазици и ги прави бесмислени злонамерните обиди за неговото негирање - потенцираше Урошевиќ.

На прес-конференцијата директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски, истакна дека „Златниот венец“ е награда што мора внимателно да се доделува и дека Влада Урошевиќ е трет Македонец што ја има добиено. Пред него ова признание го имаат добиено Блаже Конески и Матеја Матевски.

Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.

Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

The post Влада Урошевиќ: Бесмислени се злонамерните обиди за негирање на македонскиот јазик, тој е рамноправен со светските јазици appeared first on Република.

]]>

Веста дека сум добитник на „Златниот венец“ на годинашниве „Струшки вечери на поезијата“ ми носи многу радост. Ја имав таа среќа да бидам, пред повеќе од шеесет години, еден од основачите на овој наш поетски фестивал и еден од оние што учествуваа во дефинирањето на оваа награда. Во текот на годините, со внимание и задоволство следев како на листата на добитниците на „Златниот венец“ се допишуваат нови имиња – стануваше збор секогаш за вистински великани на поетскиот збор, личности чиешто значење ги надминува границите на националните литератури на кои тие им припаѓаат и навлегува во областа на светските вредности, истакна годинешниот добитник на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, Влада Урошевиќ, на денешна прес-конференција што се одржа во хотелот „Дрим’ во Струга. Урошевиќ ја потенцираше важноста на поезијата и нејзиното значење со чија помош македонскиот јазик се издига на високо ниво и е рамо до рамо со другите светски јазици.
Кога ја гледам денес таа листа, можам да речам дека станува збор за еден вид синтетизирана историја и антологија на светската поезија од втората половина на 20-ти и првите децении на 21-ви век. Поезијата на овие поети е објавена тука, кај нас, во репрезентативни изданија, во превод на македонски јазик – и тој корпус на дела, со својата големина, со сериозноста на пристапот и со квалитетот на преводите ја докажува, уште еднаш, рамноправноста на македонскиот јазик со другите светски јазици и ги прави бесмислени злонамерните обиди за неговото негирање - потенцираше Урошевиќ.
На прес-конференцијата директорот на „Струшките вечери на поезијата“, Тодорче Тасевски, истакна дека „Златниот венец“ е награда што мора внимателно да се доделува и дека Влада Урошевиќ е трет Македонец што ја има добиено. Пред него ова признание го имаат добиено Блаже Конески и Матеја Матевски. Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. На „Струшките вечери на поезијата“ присуствуваат околу 25 поети од странство и 40-тина од државата. Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

The post Влада Урошевиќ: Бесмислени се злонамерните обиди за негирање на македонскиот јазик, тој е рамноправен со светските јазици appeared first on Република.

]]>
Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/prekrasna-e-idejata-sekoj-poet-shto-ke-dobie-zlaten-venets-da-zasadi-drvo-eden-den-ovde-ke-imame-shuma-reche-laureatot-vlada-uroshevik/ Thu, 24 Aug 2023 11:26:05 +0000 https://republika.mk/?p=675367

Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата“. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга.

Денеска со посебна чест се радуваме дека меѓу овие фиданки ќе биде засадено, ќе расне и виншее и дрвото кое ќе го засади нашиот годинашен лауреат, човекот кој и самиот е вграден во „Струшките вечери на поезијата“од нивните почетоци пред шест децении, Влада Урошевиќ - рече модераторката Александра Јуруковска.

Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

Струга има свој мост, дом и парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива - рече Урошевиќ.

Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.

На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на околу 25 поети од странство и 40-тина од државата.

Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

The post Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>

Со традиционалното садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на „Струшките вечери на поезијата“. Во паркот дрво засади годинешниот лауреат, добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ.
На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга. Денеска со посебна чест се радуваме дека меѓу овие фиданки ќе биде засадено, ќе расне и виншее и дрвото кое ќе го засади нашиот годинашен лауреат, човекот кој и самиот е вграден во „Струшките вечери на поезијата“од нивните почетоци пред шест децении, Влада Урошевиќ - рече модераторката Александра Јуруковска.
Годинешниот лауреат, во присуство на македонските и странските поети, изјави задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.
Струга има свој мост, дом и парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива - рече Урошевиќ.
Свеченото отворање на 62. издание на фестивалот ќе се случи вечерва со почеток во 20 часот на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“. На „Струшките вечери на поезијата“ најавено е присуство на околу 25 поети од странство и 40-тина од државата. Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“.

The post Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво, еден ден овде ќе имаме шума, рече лауреатот Влада Урошевиќ appeared first on Република.

]]>
Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-traditsionalnoto-chitane-na-t-ga-za-jug-utrevecher-svecheno-ke-se-otvorat-strushkite-vecheri-na-poezijata/ Wed, 23 Aug 2023 16:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=675063

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“

Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот.

Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест на годинешниот лауреат и добитник на „Златниот венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, ќе се одржи под мотото „Чувствотворен јазик“.

Оваа година главните поетски читања ќе ги предводат повеќе од 25 странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.

Во рамки на програмата ќе се одржи поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен венец“, Влада Урошевиќ. Настанот ќе биде на 26 август во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид.
Пред поетскиот портрет на Урошевиќ, во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, кој бил и претседател на првиот фестивалски одбор.

Чествувањето на Шопов ќе продолжи со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот. Ќе бидат промовирани и негови преведени изданија на неколку јазици.

Годинешната програма предвидува и портрети на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски.

Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“.
По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП ќе биде отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет. Од СВП најавија и Тркалезна маса на тема „Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“.

Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година ќе биде издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски.

Програмата на фестивалот целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП.

The post Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ Со традиционално читање на „Т’га за југ“ и палењето на поетскиот оган утревечер свечено ќе биде отворено 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, коешто ќе се случува на платото пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ со почеток во 20 часот. Меѓутоа, фестивалските настани ќе почнат точно напладне во Паркот на поезијата со садење дрво во чест на годинешниот лауреат и добитник на „Златниот венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ. Фестивалот, кој ќе трае до 28 август, ќе се одржи под мотото „Чувствотворен јазик“. Оваа година главните поетски читања ќе ги предводат повеќе од 25 странски и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација. Во рамки на програмата ќе се одржи поетски портрет на лауреатот на наградата „Златен венец“, Влада Урошевиќ. Настанот ќе биде на 26 август во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид. Пред поетскиот портрет на Урошевиќ, во црквата „Св. Софија“ ќе се одржи свечен настан по повод јубилејот – 100 години од раѓањето на поетот Ацо Шопов, кој бил и претседател на првиот фестивалски одбор. Чествувањето на Шопов ќе продолжи со изложба на фотографии поврзани со неговото учеството на „Струшките вечери на поезијата“ и неговиот придонес за основањето и развојот на фестивалот. Ќе бидат промовирани и негови преведени изданија на неколку јазици. Годинешната програма предвидува и портрети на добитникот на наградата „Мостови на Струга“, Гевин Бредли и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, Димитар Башевски. Во рамки на програмата на СВП ќе биде организиран специјален настан поврзан со настапот на избраните поети од платформата „Версополис“. По повод јубилејот „200 години од раѓањето на Шандор Петефи“, во рамки на прогрмата на СВП ќе биде отворена изложба за животот и делото на овој унгарски поет. Од СВП најавија и Тркалезна маса на тема „Поетскиот јазик и вештачката интелигенција“. Во чест на јубилејот 60 години од востановувањето на наградата „Браќа Миладиновци“, оваа година ќе биде издадена Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски. Програмата на фестивалот целосно се пренесува во живо на официјалниот јутјуб-канал на СВП.

The post Со традиционалното читање на „Т’га за југ“ утревечер свечено ќе се отворат „Струшките вечери на поезијата“ appeared first on Република.

]]>