влада - република Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-republika/ За подобро да се разбереме Sat, 04 Feb 2023 11:28:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влада - република Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-republika/ 32 32 Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце https://arhiva3.republika.mk/dvogled/spasovski-tepachite-ostanaa-zad-politsiskite-barikadi-mirno-go-proslavivme-rodendenot-na-gotse/ Sat, 04 Feb 2023 11:28:26 +0000 https://republika.mk/?p=604736

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено.

Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.

Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.

[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption]

Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.

Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.

Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>

Изоставањето на „Република“ и „Пресинг ТВ“ од владиниот список на медиуми на кои делумно ќе им биде дозволено да го следат чествувањето на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во најголема мера придонесе празнувањето на раѓањето на великанот Гоце Делчев да помине мирно и достоинствено. Оваа констатација им ја изнел првиот полицаец Оливер Спасовски на колегите новинари со дебелите вратови Игор Чавески и Предраг Димитровски кои го чекаа зад барикадите, бидејќи не им беше дозволено да известуваат од поблиските барикади.
Задоволен сум како помина чествувањето на нашиот револуционер. Мирно и достоинствено откако полицијата ги презеде сите мерки пиле да не пролета околу црквата „Свети Спас“. Им покажавме на тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ каде им е местото. Зад полициските барикади, им изјави Спасовски на Чавески и Димитровски без да ги препознае по вратовите и качулките дека тие се тепачите од „Република“ и „Пресинг ТВ“.
[caption id="attachment_604740" align="alignnone" width="640"] Државните непријатели Игор Чавески и Предраг Димитровски заслужено останаа зад барикадите на Оливер Спасовски и не го нарушија мирното и достоинствено чествување на раѓањето на Гоце Делчев (фото: селфи)[/caption] Новинарите кои не добија црвен печат „ОДБИЕНО“ и го следеа чествувањето од втората линија на барикадите се презадоволни од организацијата на настанот. И тие велат се чувствувале достоинствено во мирното извршување на работните задачи.
Преубаво, супер организација. Планираме и догодина да дојдеме на платото да помрзнеме. Штета што колегите од „Република“ и „Пресинг ТВ“ мораа да пијат кафе во чаршијата и не го доживеаја прекрасното чувство владините службеници да им кажуваат со мобилен да снимаат и како да работат. Штета, ретко искуство, еве сочувство, велат колегите од другите медиуми, Мелма, Малфа, Канал 5 и слични на М.
Владата најави дека следната година за новинарите кои ќе присуствуваат на роденденот ќе им обезбеди полуксузни услови за снимање со мобилните и извесување од подалеку: двогледи, ганц нови НОКИА 3310, топли напитоци и ќебиња.

The post Спасовски: Тепачите останаа зад полициските барикади, мирно го прославивме роденденот на Гоце appeared first on Република.

]]>
Цензура, замолчување, селективност: Владата им забрани на „Република“ и „Пресинг“ да присуствуваат на роденденот на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tsenzura-zamolchuvane-selektivnost-vladata-im-zabrani-na-republika-i-presing-da-prisustvuvaat-na-rodendenot-na-gotse-delchev/ Fri, 03 Feb 2023 18:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=604447

Војната на власта со медиумите зема замав. Откако Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Крешник Бектеши... им залепија шлаканици на телевизиите, се сетија на стариот медиумски непријател „Република“. На новинарите и на фоторепортерот на „Република“ и „Пресинг“ не им е дозволен пристап на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев.

Доцна попладнево, по 18 часот, од владината прес-служба пристигна одговор на барањата за акредитација за утрешното чествување на Гоце Делчев. Иако новинарите Игор Чавески и Предраг Димитровски и фоторепортерот Александар Ивановски уредно и во предвидениот рок поднесоа барање за акредитација, попладнево добија сувопарна порака од Владата дека барањата не се одобрени. Во мејлот од Владата нема никакво образложение зошто се одбиени.

Речиси цел час упорно се обидуваме да стапиме во контакт со владините портпароли Душко Арсовски и Мухамед Хоџа, но тие не одговараат на нашите повици, ниту пак на нашите пораки. Испративме барање за образложение на адресата на портпаролот на Владата, но и на нивните меил адреси. Засега одговор нема.

Затоа, се соменваме дека не е случајно што портпаролите на Владата не се достапни токму во момент кога се испраќаат одбиените барања за акредитации. Дотолку повеќе што телефонот на портпаролот Душко Арсовски е исклучен и е недостапен, а Хоџа не одговара на повиците. Исто така, никој не се јавува ниту на фиксниот телефон во Секторот за односи со јавност. Сите овие повици ги остваруваме веднаш по испраќањето на одговорот на нашето барање за акредитација.

Јасно е дека целта на овој маневр на власта е што повеќе новинари да останат надвор од кругот на движење околу црквата „Свети Спас“ и чествувањето на Гоце Делчев да помине далеку од очите на јавноста кои не носат владини очила. Со испраќањето на одговорите по 18 часот Владата се заштитува од реакција и притисок на одбиените новинари и фоторепортери и од осуда од јавноста. Со еден збор, власта замолчува, цензурира, селектира!

Нашите новинари Чавески и Димитровски, уредничката Билјана Бабиќ имаат редовна комуникација со портпаролите, освен кога се недостапни и неподготвени да одговорат на нашите прашања. Портпаролот Душко Арсовски досега не се воздржувал и доцна навечер да ѝ ѕвони на уредничката зашто сметал дека е исправно да вознемирува новинари кога така им одговара. Истиот портпарол, Душко Арсовски, сметаше дека е исправно на офцијaлниот Твитер профил на Владата да не квалификува како „политички актер во општеството“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/republika-do-portparolot-na-vladata-nedozvolivo-e-vladata-da-linchuva-novinari-i-mediumi-obvinuvajkji-gi-deka-vodat-hajka-protiv-nea/

Јавно ја повикуваме Владата да ни одговори зошто нашите новинари и фоторепортерот се одбиени и утре нема да им биде дозволено да присуствуваат и да известуваат од црквата „Свети Спас“.

Во меѓувреме, Владата утре ќе одлучува дали ќе му биде дозволен влез на европратеникот Ангел Џамбаски, бугарски провокатор, кој не пропушта а да не ја навреди Македонија. Дали Владата ни испраќа порака дека сме државни непријатели? Бараме Владата да одговори од кои причини сме третирани како државни непријатели.

https://republika.mk/vesti/makedonija/man-reagira-na-tsenzurata-vladata-da-gi-odobri-akreditatsiite-za-mediumite-i-da-prestane-da-diskriminira/

 

The post Цензура, замолчување, селективност: Владата им забрани на „Република“ и „Пресинг“ да присуствуваат на роденденот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Војната на власта со медиумите зема замав. Откако Али Ахмети, Димитар Ковачевски, Крешник Бектеши... им залепија шлаканици на телевизиите, се сетија на стариот медиумски непријател „Република“. На новинарите и на фоторепортерот на „Република“ и „Пресинг“ не им е дозволен пристап на одбележувањето на роденденот на Гоце Делчев. Доцна попладнево, по 18 часот, од владината прес-служба пристигна одговор на барањата за акредитација за утрешното чествување на Гоце Делчев. Иако новинарите Игор Чавески и Предраг Димитровски и фоторепортерот Александар Ивановски уредно и во предвидениот рок поднесоа барање за акредитација, попладнево добија сувопарна порака од Владата дека барањата не се одобрени. Во мејлот од Владата нема никакво образложение зошто се одбиени. Речиси цел час упорно се обидуваме да стапиме во контакт со владините портпароли Душко Арсовски и Мухамед Хоџа, но тие не одговараат на нашите повици, ниту пак на нашите пораки. Испративме барање за образложение на адресата на портпаролот на Владата, но и на нивните меил адреси. Засега одговор нема. Затоа, се соменваме дека не е случајно што портпаролите на Владата не се достапни токму во момент кога се испраќаат одбиените барања за акредитации. Дотолку повеќе што телефонот на портпаролот Душко Арсовски е исклучен и е недостапен, а Хоџа не одговара на повиците. Исто така, никој не се јавува ниту на фиксниот телефон во Секторот за односи со јавност. Сите овие повици ги остваруваме веднаш по испраќањето на одговорот на нашето барање за акредитација. Јасно е дека целта на овој маневр на власта е што повеќе новинари да останат надвор од кругот на движење околу црквата „Свети Спас“ и чествувањето на Гоце Делчев да помине далеку од очите на јавноста кои не носат владини очила. Со испраќањето на одговорите по 18 часот Владата се заштитува од реакција и притисок на одбиените новинари и фоторепортери и од осуда од јавноста. Со еден збор, власта замолчува, цензурира, селектира! Нашите новинари Чавески и Димитровски, уредничката Билјана Бабиќ имаат редовна комуникација со портпаролите, освен кога се недостапни и неподготвени да одговорат на нашите прашања. Портпаролот Душко Арсовски досега не се воздржувал и доцна навечер да ѝ ѕвони на уредничката зашто сметал дека е исправно да вознемирува новинари кога така им одговара. Истиот портпарол, Душко Арсовски, сметаше дека е исправно на офцијaлниот Твитер профил на Владата да не квалификува како „политички актер во општеството“. https://republika.mk/vesti/makedonija/republika-do-portparolot-na-vladata-nedozvolivo-e-vladata-da-linchuva-novinari-i-mediumi-obvinuvajkji-gi-deka-vodat-hajka-protiv-nea/ Јавно ја повикуваме Владата да ни одговори зошто нашите новинари и фоторепортерот се одбиени и утре нема да им биде дозволено да присуствуваат и да известуваат од црквата „Свети Спас“. Во меѓувреме, Владата утре ќе одлучува дали ќе му биде дозволен влез на европратеникот Ангел Џамбаски, бугарски провокатор, кој не пропушта а да не ја навреди Македонија. Дали Владата ни испраќа порака дека сме државни непријатели? Бараме Владата да одговори од кои причини сме третирани како државни непријатели. https://republika.mk/vesti/makedonija/man-reagira-na-tsenzurata-vladata-da-gi-odobri-akreditatsiite-za-mediumite-i-da-prestane-da-diskriminira/  

The post Цензура, замолчување, селективност: Владата им забрани на „Република“ и „Пресинг“ да присуствуваат на роденденот на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>