Влада на Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-na-srbija/ За подобро да се разбереме Sun, 23 Oct 2022 11:06:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Влада на Србија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-na-srbija/ 32 32 Србија доби влада со 25 министерства, ова се новите министри https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-dobi-vlada-so-25-ministerstva-ova-se-novite-ministri/ Sun, 23 Oct 2022 11:01:52 +0000 https://republika.mk/?p=564555

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги прочита имињата во новата влада на Србија откако коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) ги соопштија имињата по состаноците на претседателствата. По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада.

Во новата српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. Врз основа на договорот со колаицискиот партнер на СПС, Драган Марковиќ Палма, заменик претседателот на Единствена Србија, Раде Баста, инаку актуелен директор на Белградски електрани треба да биде нов министер за економија.

Дачиќ на прес конференцијата рече дека во новата влада СПС ќе има и двајца министри без ресор – Новица Тончев кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и Ѓорѓе Милиќевиќ за кого подоцна ќе се договори ресор.

Запрашан дали Душан Бајатовиќ ќе продолжи да биде директор на Србијагас, Дачиќ кажа дека за тоа не било поставено прашање, дека тоа не било тема на разговор, туку дека тоа останува како предлог.

Тој нагласи дека коалицијата на СПС соработува со Вучиќ веќе 10 години и оти смета дека Србија речиси во сите сегменти направила големи чекори кон ЕУ.

-Големата предност на ова време е изразената политичка стабилност, која е предуслов за постигнување на сите цели, а во најдобар интерес на Србија и на српскиот народ е нашата соработка да продолжи и во наредниот период, рече Дачиќ за соработката со Вучиќ.

Седницата на владејачката СНС сè уште е во тек, а во попладневните часови се очекува лидерот на таа партија да ги соопшти имињата на новите министри, кои ќе го сочинуваат и главниот костур на владата. Како што најави Вучиќ во владата ќе се најдат и имиња од малите коалициски партии на малцинствата, меѓу кои на унгарското, бошњачкото и хрватското малцинство.

Новата влада ќе има 25 министерства, четири повеќе од претходната, а се очекува да биде формирана во текот на следната недела.

Мандатар за состав на новата влада е поранешната премиерка Ана Брнабиќ.

Ана Брнабиќ, премиерка
Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи и вицепремиер
Милош Вучевиќ, вицепремиер и министер за одбрана
Синиша Мали, вицепремиер и министер за финансии
Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија
Раде Баста, министер за економија
Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина
Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура
Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика
Маја Поповиќ, министерка за правда
Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа
Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог
Братислав Гашиќ, МВР
Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции
Бранко Ружиќ, министер за образование
Јелена Беговиќ, министерка за наука и иновации и технолошки развој
Даница Грујичиќ, министерка за здравство
Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјални работи
Дарја Кисиќ, министерка за семејна грижа и демографија
Хусеин Мемиќ, министер за туризам и млади
Зоран Гајиќ, министер за спорт
Маја Гојковиќ, министерка за култура
Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото

The post Србија доби влада со 25 министерства, ова се новите министри appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги прочита имињата во новата влада на Србија откако коалициските владејачки партии, Српската напредна странка (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС) ги соопштија имињата по состаноците на претседателствата. По состанокот на претседателството на СПС, оваа партија го прифати договорот со кој лидерот на партијата Ивица Дачиќ го постигна со претседателот на СНС Александар Вучиќ за состав на новата влада. Во новата српска влада СПС ќе има 5 министерски места и тоа, старо нов министер за образование ќе биде Бранко Ружиќ, Ивица Дачиќ ќе биде министер за надворешни работи и шеф на Бирото за координација на безбедносните служби. Тој ќе биде и прв вицепремиер. Врз основа на договорот со колаицискиот партнер на СПС, Драган Марковиќ Палма, заменик претседателот на Единствена Србија, Раде Баста, инаку актуелен директор на Белградски електрани треба да биде нов министер за економија. Дачиќ на прес конференцијата рече дека во новата влада СПС ќе има и двајца министри без ресор – Новица Тончев кој ќе биде задолжен за развој на неразвиените општини и Ѓорѓе Милиќевиќ за кого подоцна ќе се договори ресор. Запрашан дали Душан Бајатовиќ ќе продолжи да биде директор на Србијагас, Дачиќ кажа дека за тоа не било поставено прашање, дека тоа не било тема на разговор, туку дека тоа останува како предлог. Тој нагласи дека коалицијата на СПС соработува со Вучиќ веќе 10 години и оти смета дека Србија речиси во сите сегменти направила големи чекори кон ЕУ. -Големата предност на ова време е изразената политичка стабилност, која е предуслов за постигнување на сите цели, а во најдобар интерес на Србија и на српскиот народ е нашата соработка да продолжи и во наредниот период, рече Дачиќ за соработката со Вучиќ. Седницата на владејачката СНС сè уште е во тек, а во попладневните часови се очекува лидерот на таа партија да ги соопшти имињата на новите министри, кои ќе го сочинуваат и главниот костур на владата. Како што најави Вучиќ во владата ќе се најдат и имиња од малите коалициски партии на малцинствата, меѓу кои на унгарското, бошњачкото и хрватското малцинство. Новата влада ќе има 25 министерства, четири повеќе од претходната, а се очекува да биде формирана во текот на следната недела. Мандатар за состав на новата влада е поранешната премиерка Ана Брнабиќ. Ана Брнабиќ, премиерка Ивица Дачиќ, министер за надворешни работи и вицепремиер Милош Вучевиќ, вицепремиер и министер за одбрана Синиша Мали, вицепремиер и министер за финансии Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија Раде Баста, министер за економија Јелена Танасковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Ирена Вујовиќ, министерка за заштита на животната средина Горан Весиќ, министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Дубравка Негре, министер за рударство и енергетика Маја Поповиќ, министерка за правда Александар Мартиновиќ, министер за администрација и локална самоуправа Томислав Жигманов, министер за човекови и малцински права и социјален дијалог Братислав Гашиќ, МВР Тања Мишчевиќ, министерка за евроинтеграции Бранко Ружиќ, министер за образование Јелена Беговиќ, министерка за наука и иновации и технолошки развој Даница Грујичиќ, министерка за здравство Никола Селаковиќ, министер за труд, ветерани и социјални работи Дарја Кисиќ, министерка за семејна грижа и демографија Хусеин Мемиќ, министер за туризам и млади Зоран Гајиќ, министер за спорт Маја Гојковиќ, министерка за култура Милан Кркобабиќ, министер за грижа на селото

The post Србија доби влада со 25 министерства, ова се новите министри appeared first on Република.

]]>
Србија забрани извоз на житарки, брашно и масло, Македонија не е изземена https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-zabrani-izvoz-na-zitarki-brashno-i-maslo-gi-namali-akcizite-za-20-zabrani-tochenje-gorivo-vo-tubi/ Thu, 10 Mar 2022 17:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=470846

Српската влада денес го забрани извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло, ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, го забрани полнењето гориво надвор од резервоарот на возилото и ги намали акцизите за оловниот бензин, безоловен бензин и гасното гориво за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

-На седницата на Владата беше донесена одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи значајни за населението – пченични зрна, пченично брашно, пченка и сончогледово масло, со цел навремено да се одговори на нарушувањата на пазарот и зголемената побарувачка, се наведува во соопштението на српската влада, која усвои и Уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на еуродизел и евро премиум БМБ 95, а ќе важи во наредните 30 дена, од 11 април со 11 март.

-Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати. Со уредбата се утврдува максималната малопродажна цена и се обврзуваат стопанските субјекти кои вршат промет на моторни и други горива на станиците за снабдување возила, а кои доставувале деривати пред донесувањето на уредбата, да продолжат со испорака исклучиво со точење во погонските резервоари на превозните средства, соопштија од Владата на Србија.

Исто така, предвидени се условите и начинот на продажба на нафтените деривати на регистрирани земјоделски стопанства.

Владата одлучи привремено да се намалат акцизите за 20 отсто од сегашната сума на нафтените деривати – оловниот бензин, безоловен бензин и за гасното гориво.

На денешната седница беше донесена изменета одлука за условите и начинот за намалување на царините на одредени стоки, односно за ослободување на одредени стоки за плаќање царина во 2022 година.

Како што соопшти владата на Србија, таа одлука е донесена за „навремено да се реагира на пазарните нарушувања и растот на побарувачката, како на светскиот, така и на домашниот пазар“.

Иако српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена најави дека земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, ќе бидат изземени од забраната за извоз на житарки и брашно, тоа не го пишува во денешното соопштение на српската влада.

The post Србија забрани извоз на житарки, брашно и масло, Македонија не е изземена appeared first on Република.

]]>

Српската влада денес го забрани извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло, ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, го забрани полнењето гориво надвор од резервоарот на возилото и ги намали акцизите за оловниот бензин, безоловен бензин и гасното гориво за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
-На седницата на Владата беше донесена одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи значајни за населението – пченични зрна, пченично брашно, пченка и сончогледово масло, со цел навремено да се одговори на нарушувањата на пазарот и зголемената побарувачка, се наведува во соопштението на српската влада, која усвои и Уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на еуродизел и евро премиум БМБ 95, а ќе важи во наредните 30 дена, од 11 април со 11 март. -Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати. Со уредбата се утврдува максималната малопродажна цена и се обврзуваат стопанските субјекти кои вршат промет на моторни и други горива на станиците за снабдување возила, а кои доставувале деривати пред донесувањето на уредбата, да продолжат со испорака исклучиво со точење во погонските резервоари на превозните средства, соопштија од Владата на Србија.
Исто така, предвидени се условите и начинот на продажба на нафтените деривати на регистрирани земјоделски стопанства. Владата одлучи привремено да се намалат акцизите за 20 отсто од сегашната сума на нафтените деривати – оловниот бензин, безоловен бензин и за гасното гориво. На денешната седница беше донесена изменета одлука за условите и начинот за намалување на царините на одредени стоки, односно за ослободување на одредени стоки за плаќање царина во 2022 година. Како што соопшти владата на Србија, таа одлука е донесена за „навремено да се реагира на пазарните нарушувања и растот на побарувачката, како на светскиот, така и на домашниот пазар“. Иако српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена најави дека земјите од регионот, меѓу кои и Македонија, ќе бидат изземени од забраната за извоз на житарки и брашно, тоа не го пишува во денешното соопштение на српската влада.

The post Србија забрани извоз на житарки, брашно и масло, Македонија не е изземена appeared first on Република.

]]>