влада на сдсм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-na-sdsm/ За подобро да се разбереме Thu, 22 Feb 2024 14:20:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влада на сдсм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-na-sdsm/ 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на пасошите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-namesto-da-mudruva-kuzeska-neka-im-kazhe-na-pratenitsite-od-sds-da-poddrzhat-prodolzhuvane-na-pasoshite/ Thu, 22 Feb 2024 14:20:35 +0000 https://republika.mk/?p=747064

Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеникот Бране Петрушевски има дипломатски пасош со името Република Македонија, и тој ја помина границата без проблем.

Факт е дека пратениците со пасоши со Република Македонија може да патуваат и тоа СДС го знае, заради нив само народот е заглавен, но не и функционерите на власта.

СДС и ДУИ имаат шанса да ја запрат агонијата на над милион граѓани и да го поддржат законот за продолжување на важноста на пасошите во собранието, што е веќе во процедура како предлог на ВМРО-ДПМНЕ.

СДС се виновни за хаосот во државата. Првин 2 и пол години издавале пасоши кои знаеле дека нема да важат заради договорот кој го потпишаа токму тие, а потоа и поради немањето на обрасци, затоа што ја оставија државата без обрасци на неколку месеци пред избори.

Со право народот вели дека немаме држава, и дека треба да ја вратиме.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на пасошите appeared first on Република.

]]>

Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеникот Бране Петрушевски има дипломатски пасош со името Република Македонија, и тој ја помина границата без проблем. Факт е дека пратениците со пасоши со Република Македонија може да патуваат и тоа СДС го знае, заради нив само народот е заглавен, но не и функционерите на власта. СДС и ДУИ имаат шанса да ја запрат агонијата на над милион граѓани и да го поддржат законот за продолжување на важноста на пасошите во собранието, што е веќе во процедура како предлог на ВМРО-ДПМНЕ. СДС се виновни за хаосот во државата. Првин 2 и пол години издавале пасоши кои знаеле дека нема да важат заради договорот кој го потпишаа токму тие, а потоа и поради немањето на обрасци, затоа што ја оставија државата без обрасци на неколку месеци пред избори. Со право народот вели дека немаме држава, и дека треба да ја вратиме.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на пасошите appeared first on Република.

]]>
Реакција на СДСМ на интервјуто на Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/reaktsija-na-sdsm-na-intervjuto-na-mitskoski/ Sat, 22 Jul 2023 18:32:28 +0000 https://republika.mk/?p=664299

Христијан Мицкоски уште еднаш покажува дека е деструктивен политичар, кој прави се да ја оддалечи државата од ЕУ, велат од СДСМ.

Секој што работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија

Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ,  работи и против македонскиот јазик во ЕУ.

Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови.

Мицкоски одработува за туѓи интереси и против ЕУ.

Тоа е поразително за него и за неговата партија.

The post Реакција на СДСМ на интервјуто на Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Христијан Мицкоски уште еднаш покажува дека е деструктивен политичар, кој прави се да ја оддалечи државата од ЕУ, велат од СДСМ.
Секој што работи на блокирање на европската иднина на земјава работи против стратешкиот интерес за членство во ЕУ и против самата Европска Унија
Секој што дејствува против стратешката цел за членство во ЕУ,  работи и против македонскиот јазик во ЕУ. Мицкоски го прави токму тоа и на тој начин работи и против подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до ново европски фондови. Мицкоски одработува за туѓи интереси и против ЕУ. Тоа е поразително за него и за неговата партија.

The post Реакција на СДСМ на интервјуто на Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Јанкуловски: Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jankulovski-izbori-ne-smee-da-ima-zashto-ovaa-vlast-ima-neogranichen-kapacitet-za-losho-vladeenje/ Fri, 02 Sep 2022 20:42:55 +0000 https://republika.mk/?p=546944

„Со францускиот предлог власта ја извлекла државава од балканскиот вител и ја поставила на патот на европеизацијата. Ако не ми го кажеше ова ‘северномакедонскиот’ министер за надворешни работи, сѐ уште ќе бев во заблуда дека длабоко сме забраздени во балканскиот вител на историјата и идентитетското обезличување. Арачиново дополнително ми потврди дека европските вредности секогаш биле и се дел од нашата култура.“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски на иронично-подбивен начин во својата колумна со наслов „Не може да умре власта, во која успеваат неспособните и корумпираните“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Покрај другото, Јанкуловски пишува: „Затоа треба да ѝ се верува на власта. Дури и тогаш кога здравиот разум ви кажува дека во оваа разногласие-бркотница од гласови за европската иднина на Македонија и улогата на францускиот предлог гледате сѐ подлабока поделеност во општеството, национално обезличување и безизлезност. Она што е за нас безизлезност, тоа е можност за оваа власт. Она што е за нас историско, културно и јазично обезличување, за власта е решение на историското македонско прашање.“

„Никако не успеваме да ја видиме таа визија за иднината, ние, на кои им ‘нема спас’. Тешко е да се разберат успешните постигања на Владата, кога медиумите и научните анализи за политиката и управувањето се преполни со извештаи за промашувања и неуспеси. Силните критики за скандали, неспособност и корумпираност на власта се секојдневие во ‘нивната’ држава, кои укажуваат на неуспехот на политиката на секое поле, но најмногу на надворешнополитички план.“

„Влада, која што е свртена кон иднината и чиј пат е поставен од други, не се тревожи премногу за мислењето на рајата. Не ја спречува да владее тоа што мнозинството ‘заблуден’ и ‘необразован’ народ не ѝ верува. Тоа што народот ја доживува власта како наметлива, неспособна, сервилна, расипничка и корумпирана не е доволно да ја натера да владее одговорно во партнерство со народот.“

„Оваа власт никогаш и не била на народот, од народот, за народот. Оваа власт е марионета на нашите стратегиски партнери. Затоа не потклекна пред петициите, писмата и коментарите на академскиот и интелектуалниот дел на македонското општество. Зарем ќе излезевме од балканскиот вител и ќе почнувавме безусловни , или ако дејствуваше како слуга на народот? Секако не. Никако не успеваме да ја разбереме државничката и историска димензија на нивното владеење. Не може да умре онаа власт, во која успеваат неспособните и корумпираните. Никако на избори.“

„Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење. Зарем власта треба да дозволи гласање, што ќе го смени курсот на нашата иднина? Не се важни неспособноста на Владата и политичката парализа, како и широкораспространетата недоверба на јавноста. Не смеат граѓаните да добијат шанса да ги обликуваат судбината своја и на државата. Тоа не е државен, туку партиски интерес. Ерес е да барате избори денес, кога власта може и повеќе и полошо.“

The post Јанкуловски: Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење appeared first on Република.

]]>

„Со францускиот предлог власта ја извлекла државава од балканскиот вител и ја поставила на патот на европеизацијата. Ако не ми го кажеше ова ‘северномакедонскиот’ министер за надворешни работи, сѐ уште ќе бев во заблуда дека длабоко сме забраздени во балканскиот вител на историјата и идентитетското обезличување. Арачиново дополнително ми потврди дека европските вредности секогаш биле и се дел од нашата култура.“ – вели универзитетскиот професор Звонимир Јанкуловски на иронично-подбивен начин во својата колумна со наслов „Не може да умре власта, во која успеваат неспособните и корумпираните“, која ја објави весникот „Нова Македонија“. Покрај другото, Јанкуловски пишува: „Затоа треба да ѝ се верува на власта. Дури и тогаш кога здравиот разум ви кажува дека во оваа разногласие-бркотница од гласови за европската иднина на Македонија и улогата на францускиот предлог гледате сѐ подлабока поделеност во општеството, национално обезличување и безизлезност. Она што е за нас безизлезност, тоа е можност за оваа власт. Она што е за нас историско, културно и јазично обезличување, за власта е решение на историското македонско прашање.“ „Никако не успеваме да ја видиме таа визија за иднината, ние, на кои им ‘нема спас’. Тешко е да се разберат успешните постигања на Владата, кога медиумите и научните анализи за политиката и управувањето се преполни со извештаи за промашувања и неуспеси. Силните критики за скандали, неспособност и корумпираност на власта се секојдневие во ‘нивната’ држава, кои укажуваат на неуспехот на политиката на секое поле, но најмногу на надворешнополитички план.“ „Влада, која што е свртена кон иднината и чиј пат е поставен од други, не се тревожи премногу за мислењето на рајата. Не ја спречува да владее тоа што мнозинството ‘заблуден’ и ‘необразован’ народ не ѝ верува. Тоа што народот ја доживува власта како наметлива, неспособна, сервилна, расипничка и корумпирана не е доволно да ја натера да владее одговорно во партнерство со народот.“ „Оваа власт никогаш и не била на народот, од народот, за народот. Оваа власт е марионета на нашите стратегиски партнери. Затоа не потклекна пред петициите, писмата и коментарите на академскиот и интелектуалниот дел на македонското општество. Зарем ќе излезевме од балканскиот вител и ќе почнувавме безусловни , или ако дејствуваше како слуга на народот? Секако не. Никако не успеваме да ја разбереме државничката и историска димензија на нивното владеење. Не може да умре онаа власт, во која успеваат неспособните и корумпираните. Никако на избори.“ „Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење. Зарем власта треба да дозволи гласање, што ќе го смени курсот на нашата иднина? Не се важни неспособноста на Владата и политичката парализа, како и широкораспространетата недоверба на јавноста. Не смеат граѓаните да добијат шанса да ги обликуваат судбината своја и на државата. Тоа не е државен, туку партиски интерес. Ерес е да барате избори денес, кога власта може и повеќе и полошо.“

The post Јанкуловски: Избори не смее да има, зашто оваа власт има неограничен капацитет за лошо владеење appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Со нас платите постојано растат, нашата влада сака пак да ја зголеми минималната плата, а опозицијата е против https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-so-nas-platite-postojano-rastat-nashata-vlada-saka-pak-da-ja-zgolemi-minimalnata-plata-a-opozicijata-e-protiv/ Fri, 04 Feb 2022 13:13:22 +0000 https://republika.mk/?p=454211

Владата предводена од СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и останува доследна на заложбата за повисока минимална плата за работниците.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ. Владата, предводена од СДСМ, лани вети дека минималната плата ќе биде зголемена од почетокот на оваа година, но тоа ветување не се реализира, туку се уште се преговара со синдикатот. Во продолжение целото денешно соопштение:

За неполни пет години минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 15.200 денари, односно за над 6.000 денари.

И не застануваме тука, во тек е социјален дијалог со сите засегнати страни за минималната плата повторно да се зголеми.

И додека Владата предводена од СДСМ работи на тоа повеќе пари да завршуваат во семејните буџети, ВМРО-ДПМНЕ повторно е против новото покачување на минимална плата.

Трајко Славески висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје повторно јавно се противи на зголемување на минималната плата.

Ништо ново од Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните.

Јасна е разликата, ВМРО-ДПМНЕ е против повисока минимална плата, против работниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети.

Центар за односи со јавноста на СДСМ

The post СДСМ: Со нас платите постојано растат, нашата влада сака пак да ја зголеми минималната плата, а опозицијата е против appeared first on Република.

]]>

Владата предводена од СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и останува доследна на заложбата за повисока минимална плата за работниците. Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ. Владата, предводена од СДСМ, лани вети дека минималната плата ќе биде зголемена од почетокот на оваа година, но тоа ветување не се реализира, туку се уште се преговара со синдикатот. Во продолжение целото денешно соопштение: За неполни пет години минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 15.200 денари, односно за над 6.000 денари. И не застануваме тука, во тек е социјален дијалог со сите засегнати страни за минималната плата повторно да се зголеми. И додека Владата предводена од СДСМ работи на тоа повеќе пари да завршуваат во семејните буџети, ВМРО-ДПМНЕ повторно е против новото покачување на минимална плата. Трајко Славески висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје повторно јавно се противи на зголемување на минималната плата. Ништо ново од Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните. Јасна е разликата, ВМРО-ДПМНЕ е против повисока минимална плата, против работниците, СДСМ обезбедува повисоки плати и повеќе пари во семејните буџети. Центар за односи со јавноста на СДСМ

The post СДСМ: Со нас платите постојано растат, нашата влада сака пак да ја зголеми минималната плата, а опозицијата е против appeared first on Република.

]]>