влада на рм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-na-rm/ За подобро да се разбереме Sun, 13 Mar 2022 10:47:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png влада на рм Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vlada-na-rm/ 32 32 Приоритет ѝ се лајкови: Владата-инфлуенсерка се пофали со 100 илјади следбеници на Фејсбук https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prioritet-se-lajkovi-vladata-influenserka-se-pofali-so-100-iljadi-sledbenici-na-fejsbuk/ Sun, 13 Mar 2022 10:47:56 +0000 https://republika.mk/?p=472025

Среде економска и здравствена криза на Владата-инфлуенсерка приоритет ѝ се лајковите на Фејсбук, наместо проблемите на граѓаните. Убедена дека одлично се справува со кризите,Владата смета дека „влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување 100.000 следбеници на Фејсбук“.

„Владата на Македонија од 2017 година наваму постојано и темелно ја зголемува транспарентноста и отвореноста, создава и одржува современи канали за комуникација со граѓаните и работи на зголемување на довербата од јавноста кон институциите.

Доближувањето на јавните сервиси и информации до најзасегнатите, значи и создавање современи канали за комуникација преку сите платформи кои граѓаните ги користат.

Социјалните медиумски платформи како што е фејсбук станаа едни од основните канали за секојдневно информирање на граѓаните. Влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување – 100.000 следбеници кои се приклучија да ги добиваат информациите за услугите и за работата на институциите директно од фејсбук страницата на Владата.

Владата им благодари на сите граѓани кои ги следат јавните информации од институциите и кои на овој начин изразуваат доверба кон владините комуникации.

Владата продолжува, во партнерство со граѓаните, да гради отворени институции кои се отчетни, достапни и респонзивни и кои работат исклучиво за интересот на граѓаните“, се вели во фејсбук-постот на Владата.

The post Приоритет ѝ се лајкови: Владата-инфлуенсерка се пофали со 100 илјади следбеници на Фејсбук appeared first on Република.

]]>

Среде економска и здравствена криза на Владата-инфлуенсерка приоритет ѝ се лајковите на Фејсбук, наместо проблемите на граѓаните. Убедена дека одлично се справува со кризите,Владата смета дека „влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување 100.000 следбеници на Фејсбук“.
„Владата на Македонија од 2017 година наваму постојано и темелно ја зголемува транспарентноста и отвореноста, создава и одржува современи канали за комуникација со граѓаните и работи на зголемување на довербата од јавноста кон институциите. Доближувањето на јавните сервиси и информации до најзасегнатите, значи и создавање современи канали за комуникација преку сите платформи кои граѓаните ги користат. Социјалните медиумски платформи како што е фејсбук станаа едни од основните канали за секојдневно информирање на граѓаните. Влогот во градењето отворен однос на Владата кон граѓаните денес резултира со значајно заокружување – 100.000 следбеници кои се приклучија да ги добиваат информациите за услугите и за работата на институциите директно од фејсбук страницата на Владата. Владата им благодари на сите граѓани кои ги следат јавните информации од институциите и кои на овој начин изразуваат доверба кон владините комуникации. Владата продолжува, во партнерство со граѓаните, да гради отворени институции кои се отчетни, достапни и респонзивни и кои работат исклучиво за интересот на граѓаните“, се вели во фејсбук-постот на Владата.

The post Приоритет ѝ се лајкови: Владата-инфлуенсерка се пофали со 100 илјади следбеници на Фејсбук appeared first on Република.

]]>
Градот ги ослободи Владата, општина Центар и УМТ од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradot-gi-oslobodi-vladata-opshtina-centar-i-umt-od-obvrskata-za-plakjanje-na-nadomestokot-za-ureduvanje-na-gradezno-zemjishte/ Thu, 10 Mar 2022 16:15:41 +0000 https://republika.mk/?p=470815

На денешната седница Советот на Град Скопје донесе повеќе одлуки за ослободување на повеќе јавни институции од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште.

Со првата одлука од оваа обврска е ослободен Универзитетот Мајка Тереза за реконструкција со пренамена на јавен објект на универзитетот, лоциран на улица Самоилова. Станува збор за бруто корисна површина од 2.535,78 квадратни метри или нето наплатна површина од 53,89 квадратни метри, а износот изнесува 280.819 денари.

Со втората одлука од обврска за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште се ослободува Општина Центар, во својство на инвеститор, за изградба на детска градинка во населба Пролет Скопје. Станува збор за бруто корисна површина од 2.764,94 квадратни метри или нето наплатна површина од 121,15 квадратни метри, а износот изнесува 712.769 денари.

Со третата одлука од оваа обврска се ослободува Владата на РМ и Министерството за здравство како инвеститори во проектот за надградба на клиника за хематологија во Скопје, во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Станува збор за бруто корисна површина од 652,12 квадратни метри или нето наплатна површина од 32,61 квадратни метри, а износот изнесува 191.857 денари.

Со овие одлуки Град Скопје нема повеќе обврска за инвестиции во уредување на градежното земјиште и истите паѓаат на товар на инвеститорите. Самите одлуки кои ги донесе Советот на Град Скопје претставуваат дел од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште во висина од 60% наменет за Градот Скопје.

The post Градот ги ослободи Владата, општина Центар и УМТ од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште appeared first on Република.

]]>

На денешната седница Советот на Град Скопје донесе повеќе одлуки за ослободување на повеќе јавни институции од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште. Со првата одлука од оваа обврска е ослободен Универзитетот Мајка Тереза за реконструкција со пренамена на јавен објект на универзитетот, лоциран на улица Самоилова. Станува збор за бруто корисна површина од 2.535,78 квадратни метри или нето наплатна површина од 53,89 квадратни метри, а износот изнесува 280.819 денари. Со втората одлука од обврска за плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште се ослободува Општина Центар, во својство на инвеститор, за изградба на детска градинка во населба Пролет Скопје. Станува збор за бруто корисна површина од 2.764,94 квадратни метри или нето наплатна површина од 121,15 квадратни метри, а износот изнесува 712.769 денари. Со третата одлука од оваа обврска се ослободува Владата на РМ и Министерството за здравство како инвеститори во проектот за надградба на клиника за хематологија во Скопје, во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Станува збор за бруто корисна површина од 652,12 квадратни метри или нето наплатна површина од 32,61 квадратни метри, а износот изнесува 191.857 денари. Со овие одлуки Град Скопје нема повеќе обврска за инвестиции во уредување на градежното земјиште и истите паѓаат на товар на инвеститорите. Самите одлуки кои ги донесе Советот на Град Скопје претставуваат дел од вкупниот надоместок за уредување на градежното земјиште во висина од 60% наменет за Градот Скопје.

The post Градот ги ослободи Владата, општина Центар и УМТ од обврската за плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште appeared first on Република.

]]>
Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-imame-rezervi-na-nafteni-derivati-i-zito-gragjanite-da-bidat-smireni/ Fri, 04 Mar 2022 08:41:36 +0000 https://republika.mk/?p=467535

Република Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката.

Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини.

Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони. Владата и во следниот период продолжува со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, сé со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки.

Познато е дека ако домашното производство на пченица изнесува 253 илјади тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, секоја година остатокот на пченица се обезбедува од увоз од Србија. Вкупниот увоз на пченица во 2017 година изнесувал 87 илјади тони, додека во 2021 година е намален и изнесува 74 илјади тони.

Увозот на брашно во 2017 година изнесува 53 илјади тони, додека во 2021 година изнесува 41 илјади тони. Увозот на јачмен во 2017 година изнесува 15 илјади тони, а во 2021 година само 950 тони. Ова значи веќе целосно задоволување на домашните потреби од производство на јачмен.

Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и ресорното министерство, континуирано презема мерки коишто значат зголемување на домашното производство на житарици. За прв пат оваа Влада воведе мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%. Ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари и за прв пат започнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште. Годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.

The post Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени appeared first on Република.

]]>

Република Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини. Дополнително, Владата уште еднаш ги информира граѓаните да бидат смирени државата има доволна количина на житарици во стоковните резерви. Како што информира и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, количини кои се доволни за потребите на домашниот пазар до следната реколта. Важно е граѓаните да знаат дека согласно официјалните статистички податоци, имаме зголемување на производството на пченица кое од 195 илјади тони во 2017 година, лани е зголемено на 253 илјади тони. Владата и во следниот период продолжува со ова темпо на инвестиции во земјоделското производство, сé со единствена цел да обезбедиме сигурност во производството на стратешките земјоделски гранки. Познато е дека ако домашното производство на пченица изнесува 253 илјади тони, а годишните потреби за пченица се околу 300 илјади тони, секоја година остатокот на пченица се обезбедува од увоз од Србија. Вкупниот увоз на пченица во 2017 година изнесувал 87 илјади тони, додека во 2021 година е намален и изнесува 74 илјади тони. Увозот на брашно во 2017 година изнесува 53 илјади тони, додека во 2021 година изнесува 41 илјади тони. Увозот на јачмен во 2017 година изнесува 15 илјади тони, а во 2021 година само 950 тони. Ова значи веќе целосно задоволување на домашните потреби од производство на јачмен. Имајќи предвид дека домашното производство е стратешко за секоја сериозна држава, Владата и ресорното министерство, континуирано презема мерки коишто значат зголемување на домашното производство на житарици. За прв пат оваа Влада воведе мерка за кофинансирање на трошоците за набавка на нафта која со новите законски измени ќе изнесува 100%. Ја зголемивме субвенцијата за пченица за земјоделците кои имаат површини од 5 до 50 хектари и за прв пат започнавме неселективна распределба на државното земјоделско земјиште. Годинава дополнително преку интерветниот фонд е планирана субвенција за ублажување на трошоците за набавка на ѓубриво за житните култури.

The post Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени appeared first on Република.

]]>
Влада: Да не се злоупотребува големиот Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-da-ne-se-zloupotrebuva-golemiot-delchev-bilo-doma-bilo-nadvor-od-granicite/ Wed, 09 Feb 2022 16:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=456354

Собранието веќе усвои резолуција за утврдување на државните позиции во преговорите со Бугарија. Гоце Делчев воопшто не е предмет на преговори и Владата смета дека е непотребно донесување ваква декларација, е ставот на Владата за МИА во однос на декларацијата за Гоце Делчев што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе минатата седмица во Парламентот.

– Многу е важно сите политички и општествени чинители да се воздржат од дневно-политичко поентирање и профитирање врз грбот, ликот и делото на нашиот великан Делчев. Апелираме Делчев да го чествуваме и славиме одговорно и достоинствено. Не смее да се злоупотребува големиот Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било да е тоа дома или пак надвор од нашите граници. Имаме обврска да сме внимателни, посветени и достоинствени во јавните комуникации кога е Делчев во прашање бидејќи тој токму тоа најмногу го заслужува, посочуваат од Владата за МИА.

Оттаму наведуваат оти е отворена поканата до опозицијата да се вклучи на конструктивен начин во процесите кои се од врвен интерес за евроинтеграциската иднина на Македонија.

– Сметаме дека вистинскиот пат кон решение на отворените прашања е преку интензивирање на дијалогот на работните групи од двете земји, релаксирање на односите и фокус на развојот на односите во сите сфери. Резултатите, за кратко време, се веќе видливи, истакнуваат од Владата.

The post Влада: Да не се злоупотребува големиот Делчев appeared first on Република.

]]>

Собранието веќе усвои резолуција за утврдување на државните позиции во преговорите со Бугарија. Гоце Делчев воопшто не е предмет на преговори и Владата смета дека е непотребно донесување ваква декларација, е ставот на Владата за МИА во однос на декларацијата за Гоце Делчев што опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе минатата седмица во Парламентот.
– Многу е важно сите политички и општествени чинители да се воздржат од дневно-политичко поентирање и профитирање врз грбот, ликот и делото на нашиот великан Делчев. Апелираме Делчев да го чествуваме и славиме одговорно и достоинствено. Не смее да се злоупотребува големиот Делчев за создавање конфликти и нетрпеливости, било да е тоа дома или пак надвор од нашите граници. Имаме обврска да сме внимателни, посветени и достоинствени во јавните комуникации кога е Делчев во прашање бидејќи тој токму тоа најмногу го заслужува, посочуваат од Владата за МИА.
Оттаму наведуваат оти е отворена поканата до опозицијата да се вклучи на конструктивен начин во процесите кои се од врвен интерес за евроинтеграциската иднина на Македонија.
– Сметаме дека вистинскиот пат кон решение на отворените прашања е преку интензивирање на дијалогот на работните групи од двете земји, релаксирање на односите и фокус на развојот на односите во сите сфери. Резултатите, за кратко време, се веќе видливи, истакнуваат од Владата.

The post Влада: Да не се злоупотребува големиот Делчев appeared first on Република.

]]>