вкуси ја традицијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vkusi-ja-traditsijata/ За подобро да се разбереме Thu, 31 Oct 2024 08:34:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вкуси ја традицијата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vkusi-ja-traditsijata/ 32 32 На 2 ноември ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на МЗШВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/na-2-noemvri-ke-se-odrzhi-vkusi-ja-traditsijata-preku-domashna-zdrava-hrana-so-poddrshka-na-mzshv/ Wed, 30 Oct 2024 22:05:32 +0000 https://republika.mk/?p=832585

На 2 ноември во 11.00 часот во Паркот Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ каде што ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ.

Со оваа манифестација ќе се промовираат нашите домашни и традиционални производи. Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот.

За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.

Оваа манифестација е доказ дека соработката помеѓу Министерството и земјоделците може да се достигне до посакуваната цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна.

„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Овој настан го организира здружението „Винотек“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како помагатели на настанот се јавуваат и Организацијата за храна и земјоделство на ООН – FAO, Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG RRD, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), имплементирано од германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и проектот за поддршка на диверзификација на економски активности во Југоисточна Европа.

 

The post На 2 ноември ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на МЗШВ appeared first on Република.

]]>

На 2 ноември во 11.00 часот во Паркот Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ каде што ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ. Со оваа манифестација ќе се промовираат нашите домашни и традиционални производи. Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот. За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности. Оваа манифестација е доказ дека соработката помеѓу Министерството и земјоделците може да се достигне до посакуваната цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна. „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој настан го организира здружението „Винотек“ со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како помагатели на настанот се јавуваат и Организацијата за храна и земјоделство на ООН – FAO, Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG RRD, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ), имплементирано од германското друштво за интернационална соработка (GIZ) и проектот за поддршка на диверзификација на економски активности во Југоисточна Европа.  

The post На 2 ноември ќе се одржи „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на МЗШВ appeared first on Република.

]]>
45 павилјони и 80 штандови: Над 300 мали производители на храна ќе се претстават на „Вкуси ја традицијата“ во Градски парк https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/45-paviljoni-i-80-shtandovi-nad-300-mali-proizvoditeli-na-hrana-ke-se-pretstavat-na-vkusi-ja-traditsijata-vo-gradski-park/ Sat, 07 Oct 2023 06:49:19 +0000 https://republika.mk/?p=688790

Повеќе од 300 мали производители на храна и пијалаци ќе ги презентираат своите производи подготвени по традиционални рецепти на вториот Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржува денеска во скопскиот Градски парк.

Ќе има 45 павилјони и 80 штандови на кои ќе бидат изложени 2 000 производи. Посетителите ќе може да дегустираат, но и да купат слатко од капини, мармелади, џемови, ајвар, зимници, вино, ракија, пиво и ликери облагородени со разни растенија, мед, маџун, јаболков оцет од диви кисели јаболка, сирења, ореви, кошмишпите, ѓомлезе, комат, млечни намази, путер од лешник, бадем и кикирики, буковска пипер, сувомесни производи сушени на дрво, масла од тартуфи,...

Најавени се и „гастро активности“ во чии рамки Алијансата на готвачите на Слоу фуд, во состав Димитар Арнаудоски, Маре Јаневска и Зоран Мајновски, ќе понудат мени со локални производи карактеристични за овој период, а секој од нив и индивидуално, со својата шефовска, готвачка и гурманска креативност ќе демонстрира зошто си ја сака татковината.

„Вкуси ја традицијата“ ќе има и детско катче со едукативни анимации, „предавања“ за биодиверзитетот и за автохтоните семиња, а ќе се замеси и „лепчето на баба“.

Саемот го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка и „Slow Food Macedonia“, со поддршка од „GIZ“.

Посетителите ќе можат на едно место да ги видат големиот број успешни приказни релизирани со подршката што ја даваме за малите производители, младите земјоделци и жените земјоделки, наведува МЗШВ.

The post 45 павилјони и 80 штандови: Над 300 мали производители на храна ќе се претстават на „Вкуси ја традицијата“ во Градски парк appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 300 мали производители на храна и пијалаци ќе ги презентираат своите производи подготвени по традиционални рецепти на вториот Национален саем за храна и пијалаци „Вкуси ја традицијата“ што ќе се одржува денеска во скопскиот Градски парк. Ќе има 45 павилјони и 80 штандови на кои ќе бидат изложени 2 000 производи. Посетителите ќе може да дегустираат, но и да купат слатко од капини, мармелади, џемови, ајвар, зимници, вино, ракија, пиво и ликери облагородени со разни растенија, мед, маџун, јаболков оцет од диви кисели јаболка, сирења, ореви, кошмишпите, ѓомлезе, комат, млечни намази, путер од лешник, бадем и кикирики, буковска пипер, сувомесни производи сушени на дрво, масла од тартуфи,... Најавени се и „гастро активности“ во чии рамки Алијансата на готвачите на Слоу фуд, во состав Димитар Арнаудоски, Маре Јаневска и Зоран Мајновски, ќе понудат мени со локални производи карактеристични за овој период, а секој од нив и индивидуално, со својата шефовска, готвачка и гурманска креативност ќе демонстрира зошто си ја сака татковината. „Вкуси ја традицијата“ ќе има и детско катче со едукативни анимации, „предавања“ за биодиверзитетот и за автохтоните семиња, а ќе се замеси и „лепчето на баба“. Саемот го организираат Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка и „Slow Food Macedonia“, со поддршка од „GIZ“.
Посетителите ќе можат на едно место да ги видат големиот број успешни приказни релизирани со подршката што ја даваме за малите производители, младите земјоделци и жените земјоделки, наведува МЗШВ.

The post 45 павилјони и 80 штандови: Над 300 мали производители на храна ќе се претстават на „Вкуси ја традицијата“ во Градски парк appeared first on Република.

]]>
МЗШВ: Второ издание на „Вкуси ја традицијата“- Национален саем за храна и пијалоци https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/mzshv-vtoro-izdanie-na-vkusi-ja-traditsijata-natsionalen-saem-za-hrana-i-pijalotsi/ Fri, 06 Oct 2023 16:18:16 +0000 https://republika.mk/?p=688657

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со задоволство ве поканува на големиот настан „Вкуси ја традицијата“ - Национален саем за храна и пијалоци кој ќе се случи утре, 07.10.2023 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје.

Предвидени се поздравни обраќања на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на ГИЗ за Македонија и Косово, Давид Оберхубер и младиот земјоделец Филип Димкоски.

 

Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка од Слоу Фуд Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а ќе се одржи под мотото „Taste life, taste tradition“ односно „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“.

Ова е втора година по ред да се одржи саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 400 производители, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.

 

На просторот во Градски парк, ќе бидат поставени 80 штандови, над 400 учесници ќе презентираат околу 2000 производи, ќе се подготвува вкусна традиционална храна од познати готвачи, а предвидено е и детско катче. За целосна позитивна атмосфера, посетителите ќе можат освен во вкусовите на домашна храна и пијалоци да уживаат и во звуците на музичка етно група „Баклава“.

Саемот „Вкуси ја традицијата“ ќе биде отворен во периодот од 11-18 часот. За сите посетители, влезот ќе биде бесплатен.

 

The post МЗШВ: Второ издание на „Вкуси ја традицијата“- Национален саем за храна и пијалоци appeared first on Република.

]]>

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со задоволство ве поканува на големиот настан „Вкуси ја традицијата“ - Национален саем за храна и пијалоци кој ќе се случи утре, 07.10.2023 година (сабота), со почеток во 11:00 часот, на просторот пред езерцето, во Градски парк Скопје. Предвидени се поздравни обраќања на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на ГИЗ за Македонија и Косово, Давид Оберхубер и младиот земјоделец Филип Димкоски.   Настанот е во организација на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство со поддршка од Слоу Фуд Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), а ќе се одржи под мотото „Taste life, taste tradition“ односно „Вкуси го животот, вкуси ја традицијата“. Ова е втора година по ред да се одржи саем со ваков обем, на кој ќе се претстават повеќе од 400 производители, кои заеднички ќе ги презентираат македонското земјоделство и гастрономија.   На просторот во Градски парк, ќе бидат поставени 80 штандови, над 400 учесници ќе презентираат околу 2000 производи, ќе се подготвува вкусна традиционална храна од познати готвачи, а предвидено е и детско катче. За целосна позитивна атмосфера, посетителите ќе можат освен во вкусовите на домашна храна и пијалоци да уживаат и во звуците на музичка етно група „Баклава“. Саемот „Вкуси ја традицијата“ ќе биде отворен во периодот од 11-18 часот. За сите посетители, влезот ќе биде бесплатен.  

The post МЗШВ: Второ издание на „Вкуси ја традицијата“- Национален саем за храна и пијалоци appeared first on Република.

]]>