вјоса османи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vjosa-osmani/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 12:58:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вјоса османи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vjosa-osmani/ 32 32 Османи се закани ако се намалеле правата на Албанците, биле конститутивен народ во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-se-zakani-ako-se-nalele-pravata-na-albantsite-bile-konstitutiven-narod-vo-makedonija/ Thu, 21 Nov 2024 12:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=840384

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во Македонија, “со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во своето годишно обраќање пред Собранието на Косово, Османи порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“.

Косовската претседателка порача дека ќе се птреземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор.

-Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор и сакам да ги уверам сите дека ќе дадеме сé од себе за да не се направи чекор назад, туку само чекори напред. Албанците се конститутивен народ во Македонија со одлучувачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата, затоа секој обид за поткопување на нивните права ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан, рече Османи.

Косовската претседателка истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сé за заштита на правата на Албанците.

-Во оваа насока, континуираната координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сè за заштита на правата на Албанците во целиот регион и секаде каде што живеат, е од клучно значење за нашиот успех и за напредување кон евроатлантското семејство, каде што го имаме и го заслужуваме нашето место, рече Османи.

Годишниот говор на Османи во Собранието на Косово, годинава, како и лани, го бојкотираат најголемата парламентарна опозициска партија, Демократската партија на Косово, како и Алијансата за иднината на Косово, додека само пратениците на третата албанска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово, се присутни во собраниската сала

The post Османи се закани ако се намалеле правата на Албанците, биле конститутивен народ во Македонија appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи изјави дека Албанците се конститутивен народ во Македонија, “со решавачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата“, јави дописникот на МИА од Приштина. Во своето годишно обраќање пред Собранието на Косово, Османи порача дека „секој обид да се поткопаат“ правата на Албанците во Македонија, „ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан“. Косовската претседателка порача дека ќе се птреземе сé „за да не се направи чекор назад“ во однос на правата на Албанците стекнати со Охридскиот договор.
-Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор и сакам да ги уверам сите дека ќе дадеме сé од себе за да не се направи чекор назад, туку само чекори напред. Албанците се конститутивен народ во Македонија со одлучувачки придонес за демократизацијата и евроатлантската интеграција на земјата, затоа секој обид за поткопување на нивните права ќе наиде на решително противење и непоколебливо единство на Албанците од целиот Западен Балкан, рече Османи.
Косовската претседателка истакна дека е неопходна континуирана координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сé за заштита на правата на Албанците.
-Во оваа насока, континуираната координација меѓу Косово и Албанија, особено за прашањата од надворешната политика и безбедноста, но пред сè за заштита на правата на Албанците во целиот регион и секаде каде што живеат, е од клучно значење за нашиот успех и за напредување кон евроатлантското семејство, каде што го имаме и го заслужуваме нашето место, рече Османи.
Годишниот говор на Османи во Собранието на Косово, годинава, како и лани, го бојкотираат најголемата парламентарна опозициска партија, Демократската партија на Косово, како и Алијансата за иднината на Косово, додека само пратениците на третата албанска опозициска партија, Демократскиот сојуз на Косово, се присутни во собраниската сала

The post Османи се закани ако се намалеле правата на Албанците, биле конститутивен народ во Македонија appeared first on Република.

]]>
Османи: Тактиките на Србија за дестаблизација на рeгионот не ја менуваат неповратната реалност на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-taktikite-na-srbija-za-destablizatsija-na-regionot-ne-ja-menuvaat-nepovratnata-realnost-na-kosovo/ Fri, 15 Nov 2024 20:35:35 +0000 https://republika.mk/?p=838292

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ги нарече „тактики“ за дестабилизација мерките што Србија ги усвои во октомври во однос на нејзината јурисдикција врз областите со мнозинско српско население во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за новинската агенција КосоваПрес, Османи денеска истакна дека Србија нема да може да постигне ништо за да ја промени непроменливата реалност на независно Косово.

Србија нема ниту судска, ниту територијална јурисдикција над Косово од 1999 година. Дури и пред Косово да се прогласи за независно во 2008 година, резолуцијата 1244 ја одзеде целата јурисдикција од тогашна Југославија и првично ги воспостави овластувањата во рамките на цивилното и военото присуство, а од 2008 година единствена држава која има јурисдикција на оваа територија е Република Косово, што беше потврдено и од Меѓународниот суд на правдата“, рече Османи.

Според неа, целта на Србија е да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион, за да ги постигне своите хегемонистички цели.

Тоа се тенденции, тактики на Србија за дестабилизација на Косово и регионот, а она што најдобро се докажува преку овие дејствија е дека Србија сè уште го има менталитетот од 90-тите години, ментален склоп кој има за цел да ги дестабилизира соседните земји. Сепак, реалноста е неповратна и непроменлива и Србија со ова нема да може ништо да постигне“, рече Османи.

Српската влада го одобри предлог-законот за, како што ја нарече, организацијата и надлежноста на српските правосудни органи во гонењето на кривични дела извршени на територијата на Косово. Покрај ова, одобри и одлука преку која Косово го прогласи за „посебно подрачје за социјална заштита“.

Во меѓувреме, и покрај сите критики на меѓународните, тие не успеаја да ја убедат Србија да се откаже од нив. Официјален Белград објави дека ќе ја задржи на сила одлуката за прогласување на Косово за „посебна социјална област“ и дека Собранието ќе го усвои законот за надлежност за кривичните дела на Косово.

The post Османи: Тактиките на Србија за дестаблизација на рeгионот не ја менуваат неповратната реалност на Косово appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи ги нарече „тактики“ за дестабилизација мерките што Србија ги усвои во октомври во однос на нејзината јурисдикција врз областите со мнозинско српско население во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за новинската агенција КосоваПрес, Османи денеска истакна дека Србија нема да може да постигне ништо за да ја промени непроменливата реалност на независно Косово.
Србија нема ниту судска, ниту територијална јурисдикција над Косово од 1999 година. Дури и пред Косово да се прогласи за независно во 2008 година, резолуцијата 1244 ја одзеде целата јурисдикција од тогашна Југославија и првично ги воспостави овластувањата во рамките на цивилното и военото присуство, а од 2008 година единствена држава која има јурисдикција на оваа територија е Република Косово, што беше потврдено и од Меѓународниот суд на правдата“, рече Османи.
Според неа, целта на Србија е да го дестабилизира не само Косово, туку и целиот регион, за да ги постигне своите хегемонистички цели.
Тоа се тенденции, тактики на Србија за дестабилизација на Косово и регионот, а она што најдобро се докажува преку овие дејствија е дека Србија сè уште го има менталитетот од 90-тите години, ментален склоп кој има за цел да ги дестабилизира соседните земји. Сепак, реалноста е неповратна и непроменлива и Србија со ова нема да може ништо да постигне“, рече Османи.
Српската влада го одобри предлог-законот за, како што ја нарече, организацијата и надлежноста на српските правосудни органи во гонењето на кривични дела извршени на територијата на Косово. Покрај ова, одобри и одлука преку која Косово го прогласи за „посебно подрачје за социјална заштита“. Во меѓувреме, и покрај сите критики на меѓународните, тие не успеаја да ја убедат Србија да се откаже од нив. Официјален Белград објави дека ќе ја задржи на сила одлуката за прогласување на Косово за „посебна социјална област“ и дека Собранието ќе го усвои законот за надлежност за кривичните дела на Косово.

The post Османи: Тактиките на Србија за дестаблизација на рeгионот не ја менуваат неповратната реалност на Косово appeared first on Република.

]]>
Османи со Касанов: Потребен е стратешки дијалог меѓу Косово и САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-so-kasanov-potreben-e-strateshki-dijalog-megu-kosovo-i-sad/ Thu, 10 Oct 2024 17:09:46 +0000 https://republika.mk/?p=825328

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на денешната средба со заменик-помошникот државен секретар и пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Александар Касаноф, изјави дека има потреба од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во зајакнувањето на партнерството меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи, како што соопшти службата за информирање на нејзиниот кабинет, ја споменала важноста од зачленувањето на Косово во НАТО, „потенцирајќи дека интегрирано Косово во Северноатлантската алијанса ја зајакнува безбедноста на земјата“.

Косовската претседателка на средбата со американскиот дипломат разговарала и за можноста за продлабочување на соработката меѓу двете држави на различни полиња.

„Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, денеска го прими заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф. На средбата се разговараше за натамошното зајакнување на сојузот со САД, како и за потребата од блиска соработка за остварување на заедничките стратешки цели. Претседателката Османи изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на САД за Косово, истакнувајќи ја потребата од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во јакнето на партнерството, барање кое претседателката веќе со години го повторува“, се вели во соопштението.

Ова е прва посета на Касаноф откако ја презеде функцијата емисар на САД за Западен Балкан по заминувањето на Габриел Ескобар од таа функција кон средината на јули годинава. Пред да допатува во Приштина, Касанов изминатите три дена престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија.

Според најавите од амбасадата на САД во Косово, Касанов ќе има средба и со премиерот Албин Курти.

The post Османи со Касанов: Потребен е стратешки дијалог меѓу Косово и САД appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на денешната средба со заменик-помошникот државен секретар и пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Александар Касаноф, изјави дека има потреба од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во зајакнувањето на партнерството меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Османи, како што соопшти службата за информирање на нејзиниот кабинет, ја споменала важноста од зачленувањето на Косово во НАТО, „потенцирајќи дека интегрирано Косово во Северноатлантската алијанса ја зајакнува безбедноста на земјата“. Косовската претседателка на средбата со американскиот дипломат разговарала и за можноста за продлабочување на соработката меѓу двете држави на различни полиња.
„Претседателката на Република Косово, Вјоса Османи, денеска го прими заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф. На средбата се разговараше за натамошното зајакнување на сојузот со САД, како и за потребата од блиска соработка за остварување на заедничките стратешки цели. Претседателката Османи изрази длабока благодарност за континуираната поддршка на САД за Косово, истакнувајќи ја потребата од стратешки дијалог со САД, како важен чекор во јакнето на партнерството, барање кое претседателката веќе со години го повторува“, се вели во соопштението.
Ова е прва посета на Касаноф откако ја презеде функцијата емисар на САД за Западен Балкан по заминувањето на Габриел Ескобар од таа функција кон средината на јули годинава. Пред да допатува во Приштина, Касанов изминатите три дена престојуваше во Босна и Херцеговина и Србија. Според најавите од амбасадата на САД во Косово, Касанов ќе има средба и со премиерот Албин Курти.

The post Османи со Касанов: Потребен е стратешки дијалог меѓу Косово и САД appeared first on Република.

]]>
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-baranata-na-vuchik-ne-treba-da-se-sfatat-seriozno/ Wed, 18 Sep 2024 06:31:40 +0000 https://republika.mk/?p=817248

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, повика да не се сфаќаат сериозно барањата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи, според неа, тој не е вистински заинтересиран за враќање на Србите во косовските институции, „туку само сака да го привлече вниманието на Западот“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Обраќајќи им се на медиумите по денешното свечено отворање на Регионалниот центар за жени, мир и безбедност, Османи го обвини Вучиќ дека „работи зад сцената за да го дестабилизира регионот и да го врати во 90-тите“.

Убедена сум дека кога Вучиќ зборува за враќање на Србите во полиција, во судството, во парламентот, тој всушност го користи тоа само како реторика за да го оттргне вниманието на демократскиот свет од она што навистина се случува, а што се негови залагања, залагања на неговата влада, на неговата армија во континуираната обука на паравоените сили кои имаат за цел само насилство“, рече Османи.

На крајот на минатата недела Вучиќ повика на реинтеграција на Србите во институциите на Косово, барајќи, меѓу другото, распишување нови локални избори во општините со српско мнозинство на косовскиот север, враќање на Србите во косовската полиција и судството, како и повлекување на специјалните единици на косовската полиција од тој регион.

Османи во изјавата за медиумите повтори дека не верува оти тоа се искрени барања на Вучиќ, но додаде дека самите институции на Косово мора да работат за „сите негови граѓани, без разлика на етничката припадност, да бидат еднакви“.

Стотици членови на српската заедница на север, во ноември 2022 година, поднесоа оставки од косовските институции, вклучително општините, полицијата, судовите и обвинителството.

Ова првично беше реакција на одлуката на Владата на Косово да ги замени српските автомобилски таблички со косовски таблички.

Оттогаш, градоначалниците на општините во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, беа сменети со градоначалници од редовите на партиите на Албанците, откако мнозинската српска заедница во областа ги бојкотира локалните избори.

Претходно, косовскиот премиер, Албин Курти барањата на Вучиќ изнесени при неговото обраќање на српската јавност, ги нарече „немирољубиви“ и дел од неговата „агресивна кампања за нови конфликти“.

Неговите барања, неговите мерки се направени од очај и претставуваат ирационалност и воопшто не се мирољубиви, туку се дел од агресивната кампања за нови конфликти за кои несомнено нема место ниту во Косово, ниту во регионот“, рече Курти во неговиот прв коментар на повиците на Вучиќ, кои Европската Унија ги поздрави како позитивно движење.

The post Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, повика да не се сфаќаат сериозно барањата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, бидејќи, според неа, тој не е вистински заинтересиран за враќање на Србите во косовските институции, „туку само сака да го привлече вниманието на Западот“, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на медиумите по денешното свечено отворање на Регионалниот центар за жени, мир и безбедност, Османи го обвини Вучиќ дека „работи зад сцената за да го дестабилизира регионот и да го врати во 90-тите“.
Убедена сум дека кога Вучиќ зборува за враќање на Србите во полиција, во судството, во парламентот, тој всушност го користи тоа само како реторика за да го оттргне вниманието на демократскиот свет од она што навистина се случува, а што се негови залагања, залагања на неговата влада, на неговата армија во континуираната обука на паравоените сили кои имаат за цел само насилство“, рече Османи.
На крајот на минатата недела Вучиќ повика на реинтеграција на Србите во институциите на Косово, барајќи, меѓу другото, распишување нови локални избори во општините со српско мнозинство на косовскиот север, враќање на Србите во косовската полиција и судството, како и повлекување на специјалните единици на косовската полиција од тој регион. Османи во изјавата за медиумите повтори дека не верува оти тоа се искрени барања на Вучиќ, но додаде дека самите институции на Косово мора да работат за „сите негови граѓани, без разлика на етничката припадност, да бидат еднакви“. Стотици членови на српската заедница на север, во ноември 2022 година, поднесоа оставки од косовските институции, вклучително општините, полицијата, судовите и обвинителството. Ова првично беше реакција на одлуката на Владата на Косово да ги замени српските автомобилски таблички со косовски таблички. Оттогаш, градоначалниците на општините во Северна Митровица, Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, беа сменети со градоначалници од редовите на партиите на Албанците, откако мнозинската српска заедница во областа ги бојкотира локалните избори. Претходно, косовскиот премиер, Албин Курти барањата на Вучиќ изнесени при неговото обраќање на српската јавност, ги нарече „немирољубиви“ и дел од неговата „агресивна кампања за нови конфликти“.
Неговите барања, неговите мерки се направени од очај и претставуваат ирационалност и воопшто не се мирољубиви, туку се дел од агресивната кампања за нови конфликти за кои несомнено нема место ниту во Косово, ниту во регионот“, рече Курти во неговиот прв коментар на повиците на Вучиќ, кои Европската Унија ги поздрави како позитивно движење.

The post Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно appeared first on Република.

]]>
Вјоса Османи и порано правела проблеми на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vjosa-osmani-i-porano-pravela-probemi-na-skopskiot-aerodrom/ Thu, 12 Sep 2024 07:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=815564

Додека се случуваше настанот на аеродромот во Скопје се Африм Гаши се слушнав два пати, вели премиерот Христијан Мицкоски во вечерашниот „Претрес со Ландов“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-apeliram-da-se-izbegnuvaat-etnichki-temi/

„Првиот пат кога претседателката на Косово му се јавила на Африм Гаши дека е предмет на проферка додека го поминувала ВИП терминалот на аеродромот во Скопје. Јас реков, тоа е нормална процедура, и јас пред неколку дена се вратив од пат, прво не го користам ВИП терминалот, туку ја поминувам истата процедура како и сите граѓани. Вториот пат се слушнав кога бев информиран дека лицето кое што било таму направило инцидент, таков каков што направило, и посочив дека доколку се докаже дека има пречекорување на овластување на овластувањата и законот, кажав дека тоа лице ќе биде суспендирано и ќе одговара. И тоа се случи и тука се завршува целата ситуација“ рече премиерот.

И на премиерот на Косово, Албин Курти му го кажав истото вели Мицкоски, дека ова не е прв пат.

„Истото се случувало и порано, кога претседателката на Косово не сакала да помине низ скенерската контрола и сакала така да помине. И тогаш пуштале записници и тогаш било интервенирано од страна на полицијата. Тоа се случувала и во претходната Влада“ рече Мицкоски.

The post Вјоса Османи и порано правела проблеми на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Додека се случуваше настанот на аеродромот во Скопје се Африм Гаши се слушнав два пати, вели премиерот Христијан Мицкоски во вечерашниот „Претрес со Ландов“. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-apeliram-da-se-izbegnuvaat-etnichki-temi/
„Првиот пат кога претседателката на Косово му се јавила на Африм Гаши дека е предмет на проферка додека го поминувала ВИП терминалот на аеродромот во Скопје. Јас реков, тоа е нормална процедура, и јас пред неколку дена се вратив од пат, прво не го користам ВИП терминалот, туку ја поминувам истата процедура како и сите граѓани. Вториот пат се слушнав кога бев информиран дека лицето кое што било таму направило инцидент, таков каков што направило, и посочив дека доколку се докаже дека има пречекорување на овластување на овластувањата и законот, кажав дека тоа лице ќе биде суспендирано и ќе одговара. И тоа се случи и тука се завршува целата ситуација“ рече премиерот.
И на премиерот на Косово, Албин Курти му го кажав истото вели Мицкоски, дека ова не е прв пат. „Истото се случувало и порано, кога претседателката на Косово не сакала да помине низ скенерската контрола и сакала така да помине. И тогаш пуштале записници и тогаш било интервенирано од страна на полицијата. Тоа се случувала и во претходната Влада“ рече Мицкоски.

The post Вјоса Османи и порано правела проблеми на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Османи со Орав: Косово ги исполнува условите за добивање статус на земја кандидат за ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-so-orav-kosovo-gi-ispolnuva-uslovite-za-dobivane-status-na-zemja-kandidat-za-eu/ Tue, 03 Sep 2024 18:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=812826

Косовската претседателка, Вјоса Османи го прими новиот шеф на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Аиво Орав, при што рече дека Косово ги исполнило сите услови за стекнување статус на земја кандидат за членство во ЕУ.

Како што соопшти нејзиниот кабинет, Османи рекла дека „Косово продолжува да биде на чело на реформите во сите области, усогласувајќи го своето законодавство со она на ЕУ, како и целосно координирано со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“.

Косовската претседателка на средбата со европскиот дипломат го истакнала значењето на третирањето на кандидатите за членство во Унијата „врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“.

На средбата се разговараше и за последните случувања во земјата, вклучително и за безбедноста, како и за соработката на институциите на Република Косово со оние на Европската Унија во насока на исполнување на заедничките цели. Во овој дух, претседателката Османи го повтори големото значење на третирањето на државите аспиранти врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“, се наведува во соопштението на косовското Претседателство.

The post Османи со Орав: Косово ги исполнува условите за добивање статус на земја кандидат за ЕУ appeared first on Република.

]]>

Косовската претседателка, Вјоса Османи го прими новиот шеф на Канцеларијата на Европската Унија во Косово, Аиво Орав, при што рече дека Косово ги исполнило сите услови за стекнување статус на земја кандидат за членство во ЕУ. Како што соопшти нејзиниот кабинет, Османи рекла дека „Косово продолжува да биде на чело на реформите во сите области, усогласувајќи го своето законодавство со она на ЕУ, како и целосно координирано со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ“. Косовската претседателка на средбата со европскиот дипломат го истакнала значењето на третирањето на кандидатите за членство во Унијата „врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“.
На средбата се разговараше и за последните случувања во земјата, вклучително и за безбедноста, како и за соработката на институциите на Република Косово со оние на Европската Унија во насока на исполнување на заедничките цели. Во овој дух, претседателката Османи го повтори големото значење на третирањето на државите аспиранти врз основа на заслугите и прифаќањето на вредностите што лежат во темелите на ЕУ“, се наведува во соопштението на косовското Претседателство.

The post Османи со Орав: Косово ги исполнува условите за добивање статус на земја кандидат за ЕУ appeared first on Република.

]]>
Османи: Косово и САД може да имаат несогласувања за пристапот, но не и за конечната цел https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-kosovo-i-sad-mozhe-da-imaat-nesoglasuvana-za-pristapot-no-ne-i-za-konechnata-tsel/ Sat, 31 Aug 2024 15:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=811820

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека разликите меѓу Косово и Соединетите Американски Држави не се во крајните цели, туку во пристапот за нивно постигнување, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во нејзиното обраќање на глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“, што се одржува во Прага, Османи ги оцени односите со САД како најважни за Косово од сите други.

„Се разбира, одвреме-навреме ќе слушнете изјави за несогласување меѓу официјалните претставници на САД и Владата на Косово во однос на некои пристапи, но никогаш за конечните цели или фундаменталните вредности што ги споделуваме. Нема несогласувања во тоа дека Косово и САД сакаат суверено, независно, успешно, мултиетничко Косово, засновано на Уставот“, рече Османи.

Сепак, напомена таа, „понекогаш пристапот кон одржувањето на демократско, суверено и силно Косово и како ќе го постигнеме тоа, може да биде различен“.

„Пристапот, тактиката, нијансите - има разлики во нив. Но, нема разлики во тоа каково Косово сакаме, кои се основните вредности за нашите земји и нашите односи. Кога суштината е здрава, другите работи можат да бидат надминати и покрај предизвиците“, нагласи косовската претседателка.

Реакцијата на Османи уследи по острите критики од САД на вчерашната акција на косовската полиција, со која беа затворени канцелариите на паралелните институции управувани од Србија во северниот дел на Косово.

Косовската полиција синоќа спроведе полициска акција на северот на земјата, каде затвори пет објекти на паралелните општини на Србија, што наиде на остри критики од претставништвата на земјите сојузнички на Косово и од мисијата на Европската унија во Приштина.

Амбасадорите акредитирани во Косово во нивите реакции порачаа дека прашањето на паралелните структури на Србија во Косово треба да се реши во рамките на дијалогот Косово-Србија.

The post Османи: Косово и САД може да имаат несогласувања за пристапот, но не и за конечната цел appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека разликите меѓу Косово и Соединетите Американски Држави не се во крајните цели, туку во пристапот за нивно постигнување, јави дописникот на МИА од Приштина. Во нејзиното обраќање на глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2024“, што се одржува во Прага, Османи ги оцени односите со САД како најважни за Косово од сите други.
„Се разбира, одвреме-навреме ќе слушнете изјави за несогласување меѓу официјалните претставници на САД и Владата на Косово во однос на некои пристапи, но никогаш за конечните цели или фундаменталните вредности што ги споделуваме. Нема несогласувања во тоа дека Косово и САД сакаат суверено, независно, успешно, мултиетничко Косово, засновано на Уставот“, рече Османи.
Сепак, напомена таа, „понекогаш пристапот кон одржувањето на демократско, суверено и силно Косово и како ќе го постигнеме тоа, може да биде различен“.
„Пристапот, тактиката, нијансите - има разлики во нив. Но, нема разлики во тоа каково Косово сакаме, кои се основните вредности за нашите земји и нашите односи. Кога суштината е здрава, другите работи можат да бидат надминати и покрај предизвиците“, нагласи косовската претседателка.
Реакцијата на Османи уследи по острите критики од САД на вчерашната акција на косовската полиција, со која беа затворени канцелариите на паралелните институции управувани од Србија во северниот дел на Косово. Косовската полиција синоќа спроведе полициска акција на северот на земјата, каде затвори пет објекти на паралелните општини на Србија, што наиде на остри критики од претставништвата на земјите сојузнички на Косово и од мисијата на Европската унија во Приштина. Амбасадорите акредитирани во Косово во нивите реакции порачаа дека прашањето на паралелните структури на Србија во Косово треба да се реши во рамките на дијалогот Косово-Србија.

The post Османи: Косово и САД може да имаат несогласувања за пристапот, но не и за конечната цел appeared first on Република.

]]>
Вјоса Османи: Ако Косово биде во НАТО ќе придонесе за стабилноста на Европа https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vjosa-osmani-ako-kosovo-bide-vo-nato-ke-pridonese-za-stabilnosta-na-evropa/ Fri, 30 Aug 2024 07:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=811308

Претседателката на Косово, Вјоса Османи на средба со помошникот генерален секретар на НАТО за операции, Томас Гофус истакна дека Косово останува посветено на континуираната соработка со НАТО и мисијата на Алијансата во земјата, КФОР, за справување со предизвиците во областа на безбедноста, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти претседателскиот кабинет, Османи на средбата со Гофус „му се заблагодари на НАТО за досегашната посветеност на мирот, безбедноста и стабилноста и во овој контекст ја повтори стратешката цел на Косово за интеграција во евроатлантската заедница, изразувајќи уверување дека членството во НАТО ќе придонесе за безбедноста и стабилноста на целиот регион“.

На средбата, како што се наведува во соопштението, било разговарано и за прашањето на отворањето на мостот на реката Ибар, кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со мнозинство Албанци, и северен, со српско мнозинство.

Претседателката Османи го повтори ставот дека мосото треба да се отвори, но ја истакна важноста од одржување на комуникација, координација и продлабочување на соработката меѓу нашите институции и нашите безбедносни партнери, особено со НАТО, за изработка на заеднички план за имплементација на отворање на мостот“, се вели во соопштението.

Косовската претседателка го оценила отворањето на мостот како дејствие насочено кон нормализација и интеграција во интерес на сите граѓани, без разлика на етничката припадност.

Во текот на денот, помошникот секретар на НАТО, Гофус, кој допатува претпладнево во посета на Косово, првично се сретна со командантот на КФОР, генерал Озкан Улуташ, додека по приемот кај претседателката Османи замина во Владата на Косово на средба со премиерот Албин Курти

The post Вјоса Османи: Ако Косово биде во НАТО ќе придонесе за стабилноста на Европа appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово, Вјоса Османи на средба со помошникот генерален секретар на НАТО за операции, Томас Гофус истакна дека Косово останува посветено на континуираната соработка со НАТО и мисијата на Алијансата во земјата, КФОР, за справување со предизвиците во областа на безбедноста, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти претседателскиот кабинет, Османи на средбата со Гофус „му се заблагодари на НАТО за досегашната посветеност на мирот, безбедноста и стабилноста и во овој контекст ја повтори стратешката цел на Косово за интеграција во евроатлантската заедница, изразувајќи уверување дека членството во НАТО ќе придонесе за безбедноста и стабилноста на целиот регион“. На средбата, како што се наведува во соопштението, било разговарано и за прашањето на отворањето на мостот на реката Ибар, кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со мнозинство Албанци, и северен, со српско мнозинство.
Претседателката Османи го повтори ставот дека мосото треба да се отвори, но ја истакна важноста од одржување на комуникација, координација и продлабочување на соработката меѓу нашите институции и нашите безбедносни партнери, особено со НАТО, за изработка на заеднички план за имплементација на отворање на мостот“, се вели во соопштението.
Косовската претседателка го оценила отворањето на мостот како дејствие насочено кон нормализација и интеграција во интерес на сите граѓани, без разлика на етничката припадност. Во текот на денот, помошникот секретар на НАТО, Гофус, кој допатува претпладнево во посета на Косово, првично се сретна со командантот на КФОР, генерал Озкан Улуташ, додека по приемот кај претседателката Османи замина во Владата на Косово на средба со премиерот Албин Курти

The post Вјоса Османи: Ако Косово биде во НАТО ќе придонесе за стабилноста на Европа appeared first on Република.

]]>
Османи се налути на Стано: Изјавите за мостот на Ибар се расистички, дијалогот со Србија за тоа е противуставен https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-se-naluti-na-stano-izjavite-za-mostot-na-ibar-se-rasistichki-dijalogot-so-srbija-za-toa-e-protivustaven/ Thu, 15 Aug 2024 12:56:01 +0000 https://republika.mk/?p=806917

Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека изјавите на портпаролот на Европската унија, Петер Стано во врска со отворањето на мостот на реката Ибар, се „расистички“ и доколку се постапи како што тој бара, односно прашањето да се разговара со Србија, тоа ќе биде против Уставот и против суверенитетот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Стано деновиве изјави дека доколку властите во Приштина преземат еднострани дејствија за отворање на мосотот кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со мнозинство Срби, Европската унија може да преземе дополнителни санкции кон Косово.

Косовската претседателка за време на денешниот престој во Липјан, пред новинарите изјави дека Словакот Стано не ги прашува соседните земји кога поминува некој мост во неговата земја, па следствено, порача таа, ни Србија не треба да се прашува за мост на територијата на Косово.

Што се однесува до ЕУ, изјавите на портпаролот на овие институции се пред се расистички, така што не верувам дека заслужуваат поголемо внимание од моја страна. Јас цело време зборував против тие нивни расистички изјави. Нема никаква причина и јас на секој начин се противам на дискусијата во Брисел за прашањето за отворање на мостот. Немаме што да ја прашуваме Србија, исто како и овој портпарол - мислам дека е од Словачка - кој не прашува ниту една од соседните земји кога го поминува сопствениот мост. Значи, нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово, рече Османи.

Таа порача дека никој во Косово „не смее да прифати дијалог со Србија на оваа тема“, а координацијата со сојузниците е пред сé во интерес на Косово.

Ова (дијалогот со Белград) би било против уставот и против суверенитетот на Косово, но дијалогот со нашите спасители, не само што е потребен и неопходен, туку пред сé е во наш интерес, рече Османи.

The post Османи се налути на Стано: Изјавите за мостот на Ибар се расистички, дијалогот со Србија за тоа е противуставен appeared first on Република.

]]>

Косовската претседателка, Вјоса Османи вели дека изјавите на портпаролот на Европската унија, Петер Стано во врска со отворањето на мостот на реката Ибар, се „расистички“ и доколку се постапи како што тој бара, односно прашањето да се разговара со Србија, тоа ќе биде против Уставот и против суверенитетот на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Стано деновиве изјави дека доколку властите во Приштина преземат еднострани дејствија за отворање на мосотот кој го дели градот Митровица на јужен дел, населен со мнозинство Албанци и северен, со мнозинство Срби, Европската унија може да преземе дополнителни санкции кон Косово. Косовската претседателка за време на денешниот престој во Липјан, пред новинарите изјави дека Словакот Стано не ги прашува соседните земји кога поминува некој мост во неговата земја, па следствено, порача таа, ни Србија не треба да се прашува за мост на територијата на Косово. Што се однесува до ЕУ, изјавите на портпаролот на овие институции се пред се расистички, така што не верувам дека заслужуваат поголемо внимание од моја страна. Јас цело време зборував против тие нивни расистички изјави. Нема никаква причина и јас на секој начин се противам на дискусијата во Брисел за прашањето за отворање на мостот. Немаме што да ја прашуваме Србија, исто како и овој портпарол - мислам дека е од Словачка - кој не прашува ниту една од соседните земји кога го поминува сопствениот мост. Значи, нема што да се прашува Србија за мост на територијата на Република Косово, рече Османи. Таа порача дека никој во Косово „не смее да прифати дијалог со Србија на оваа тема“, а координацијата со сојузниците е пред сé во интерес на Косово. Ова (дијалогот со Белград) би било против уставот и против суверенитетот на Косово, но дијалогот со нашите спасители, не само што е потребен и неопходен, туку пред сé е во наш интерес, рече Османи.

The post Османи се налути на Стано: Изјавите за мостот на Ибар се расистички, дијалогот со Србија за тоа е противуставен appeared first on Република.

]]>
Портпаролот на „Вреди“ смета дека Гаши имал право да го прати своето обезбедување на аеродромот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/portparolot-na-vredi-smeta-deka-gashi-imal-pravo-da-go-prati-svoeto-obezbeduvane-na-aerodromot/ Fri, 09 Aug 2024 12:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=804981

Коалицијата „Вреди“ смета дека нема никаква одговорност кај спикерот Африм Гаши со тоа што испратил луѓе од неговото обезбедување да се информираат во случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на Скопскиот аеродром.

Како што изјави Фари Хисени, портпаролот на „Вреди“ на денешната прес - конференција, претседателот на Собранието во конкретниот случај немал цел да предизвика немири или да постапува противзаконски, туку, вели, на барање на претседателката на Косово бил пратен на аеродромот во Скопје, за да се информира што конкретно се случувало таму.

Според него, Гаши, како втор човек во државата по функција, има право да прати негово обезбедување кога е во прашање претседател на соседна држава, како што е Република Косово за да види што се случува.

-Мислам дека вториот човек на државата сепак го има и му припаѓа правото да го направи тоа. Праќањето на обезбедување за чисто информативно да се знае што се случува на аеродромот и мешање во ингеренциите на аеродромот не е исто. Не велам дека се меша во активностите. Пратен е човекот за да се информира што точно се случува на аеродромот, како втор човек на држава, вели портпаролот Хисени.

Министерството за внатрешни работи во однос на случајот, соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот. Одделот за внатрешна контрола на МВР, во врска со инцидентов, го суспендираше шефот на обезедувањето на Гаши, и отвори постапка против другите двајца телохранители.

Министерството за надворешни работи на Косово настанот на скопскиот аеродром го нарече „несоодветен и незаконски третман од страна на припадниците на аеродромското обезбедување“ кон Османи.

Групацијата ТАВ, пак, соопшти дека проверката на косовската претседателка била „во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство“.

За овој инцидент, и за уште неколку други причини, опозицијата побара смена на Гаши, а Левица поднесе интерпелација за неговата равота.

Прашан во однос на евроинтеграциите и последните случувања во Бугарија, Хисени кажа дека доколку имало функционална Влада во Бугарија земјава веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

-Како што сме кажале и досега, ние сме во постојана комуникација и координација со меѓународниот фактор. Овие се теми од пошироко значење и доколку во Бугарија имаше функционална влада веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Така што, имајќи ја предвид состојбата во Република Бугарија сметам дека има простор во координација со меѓународниот фактор да се пролонгира и рокот. Не можеме да обвинуваме за нешто кога втората страна која е важна за целиот процес нема стабилна влада или нема човек што може да одговори на конкретната влада, така што кон конкретниот случај не зависи од Македонија, туку зависи од политиките во соседна Бугарија, рече Хисени

The post Портпаролот на „Вреди“ смета дека Гаши имал право да го прати своето обезбедување на аеродромот appeared first on Република.

]]>

Коалицијата „Вреди“ смета дека нема никаква одговорност кај спикерот Африм Гаши со тоа што испратил луѓе од неговото обезбедување да се информираат во случајот со косовската претседателка Вјоса Османи на Скопскиот аеродром. Како што изјави Фари Хисени, портпаролот на „Вреди“ на денешната прес - конференција, претседателот на Собранието во конкретниот случај немал цел да предизвика немири или да постапува противзаконски, туку, вели, на барање на претседателката на Косово бил пратен на аеродромот во Скопје, за да се информира што конкретно се случувало таму. Според него, Гаши, како втор човек во државата по функција, има право да прати негово обезбедување кога е во прашање претседател на соседна држава, како што е Република Косово за да види што се случува. -Мислам дека вториот човек на државата сепак го има и му припаѓа правото да го направи тоа. Праќањето на обезбедување за чисто информативно да се знае што се случува на аеродромот и мешање во ингеренциите на аеродромот не е исто. Не велам дека се меша во активностите. Пратен е човекот за да се информира што точно се случува на аеродромот, како втор човек на држава, вели портпаролот Хисени. Министерството за внатрешни работи во однос на случајот, соопшти дека шефот на обезедувањето на Гаши, со уште двајца членови на тимот, по наредба на спикерот, дошол пред ВИП салонот на аеродромот, дури и репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците стационирани таму, барајќи одговор зошто се инсистирало косовската претседателка да помине низ безбедносна контрола на аеродромот. Одделот за внатрешна контрола на МВР, во врска со инцидентов, го суспендираше шефот на обезедувањето на Гаши, и отвори постапка против другите двајца телохранители. Министерството за надворешни работи на Косово настанот на скопскиот аеродром го нарече „несоодветен и незаконски третман од страна на припадниците на аеродромското обезбедување“ кон Османи. Групацијата ТАВ, пак, соопшти дека проверката на косовската претседателка била „во согласност со Законот за воздухопловство и меѓународната законска регулатива која се однесува на обезбедување на цивилното воздухопловство“. За овој инцидент, и за уште неколку други причини, опозицијата побара смена на Гаши, а Левица поднесе интерпелација за неговата равота. Прашан во однос на евроинтеграциите и последните случувања во Бугарија, Хисени кажа дека доколку имало функционална Влада во Бугарија земјава веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
-Како што сме кажале и досега, ние сме во постојана комуникација и координација со меѓународниот фактор. Овие се теми од пошироко значење и доколку во Бугарија имаше функционална влада веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Така што, имајќи ја предвид состојбата во Република Бугарија сметам дека има простор во координација со меѓународниот фактор да се пролонгира и рокот. Не можеме да обвинуваме за нешто кога втората страна која е важна за целиот процес нема стабилна влада или нема човек што може да одговори на конкретната влада, така што кон конкретниот случај не зависи од Македонија, туку зависи од политиките во соседна Бугарија, рече Хисени

The post Портпаролот на „Вреди“ смета дека Гаши имал право да го прати своето обезбедување на аеродромот appeared first on Република.

]]>
Која е Вјоса Османи: Има 42 години, роди близнаци и одлично зборува српски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/koja-e-vjosa-osmani-ima-42-godini-rodi-bliznatsi-i-odlichno-zboruva-srpski-jazik/ Thu, 08 Aug 2024 07:20:49 +0000 https://republika.mk/?p=804419

Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу е родена во 1982 година во  Митровица. Таа го навлече гневот на македонските граѓани откако предизвика инцидент на скопскиот аеродром.

Таа во Косово важи за класичен американски човек откако вo 2005 година магистрирала право на Универзитетот во Питсбург.Од 2009 до 2014 година престојувала на тој американски универзитет на докторски студии.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-e-zapoznaen-no-ne-go-komentira-intsidenot-na-skopskiot-aerodrom/

Како универзитетски професор одржува курсеви од областа на меѓународното право на Правниот факултет во Приштина, додека во САД како визитинг професор го предава предметот „Државно градење и право: косовското искуство“.

Таа е мажена и мајка на две девојчиња близначки. Недвижностите што ги имаат со сопругот надминуваат еден милион евра. Вјоса покрај англискиот одлично зборува и  српски јазик.

The post Која е Вјоса Османи: Има 42 години, роди близнаци и одлично зборува српски јазик appeared first on Република.

]]>

Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу е родена во 1982 година во  Митровица. Таа го навлече гневот на македонските граѓани откако предизвика инцидент на скопскиот аеродром. Таа во Косово важи за класичен американски човек откако вo 2005 година магистрирала право на Универзитетот во Питсбург.Од 2009 до 2014 година престојувала на тој американски универзитет на докторски студии. https://republika.mk/vesti/makedonija/stejt-departmentot-e-zapoznaen-no-ne-go-komentira-intsidenot-na-skopskiot-aerodrom/ Како универзитетски професор одржува курсеви од областа на меѓународното право на Правниот факултет во Приштина, додека во САД како визитинг професор го предава предметот „Државно градење и право: косовското искуство“. Таа е мажена и мајка на две девојчиња близначки. Недвижностите што ги имаат со сопругот надминуваат еден милион евра. Вјоса покрај англискиот одлично зборува и  српски јазик.

The post Која е Вјоса Османи: Има 42 години, роди близнаци и одлично зборува српски јазик appeared first on Република.

]]>
„Да, во ваше време ДУИ само тепаше контролори на лет“, им порача Мицковски на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/da-vo-vashe-vreme-dui-samo-tepashe-kontrolori-na-let-im-poracha-mitskovski-na-sdsm/ Wed, 07 Aug 2024 11:55:54 +0000 https://republika.mk/?p=804225

СДСМ потенцираше дека во нивно време немало пиштолџии кои доаѓале на аеродромот да му се закануваат на обезбедувањето, немало јавување по телефони и политичко влијание од страна на ниеден политичар и затоа немало ниту скандал.
Да, во ваше време ДУИ само тепаше контролори на лет, коментира Ивор Мицковски.

Инаку претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ објави два записника од минатата есен кои покажуваат дека за време на претходната Влада, косовската претседателка, Вјоса Османи, кршела процедури и протоколи, но МВР тогаш молчело.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vjosa-osmani-dvapati-krshela-protseduri-a-mvr-molchelo-vmro-dpmne-gi-objavi-zapisnitsite-od-lani/

The post „Да, во ваше време ДУИ само тепаше контролори на лет“, им порача Мицковски на СДСМ appeared first on Република.

]]>

СДСМ потенцираше дека во нивно време немало пиштолџии кои доаѓале на аеродромот да му се закануваат на обезбедувањето, немало јавување по телефони и политичко влијание од страна на ниеден политичар и затоа немало ниту скандал. Да, во ваше време ДУИ само тепаше контролори на лет, коментира Ивор Мицковски. Инаку претходно денеска ВМРО-ДПМНЕ објави два записника од минатата есен кои покажуваат дека за време на претходната Влада, косовската претседателка, Вјоса Османи, кршела процедури и протоколи, но МВР тогаш молчело. https://republika.mk/vesti/makedonija/vjosa-osmani-dvapati-krshela-protseduri-a-mvr-molchelo-vmro-dpmne-gi-objavi-zapisnitsite-od-lani/

The post „Да, во ваше време ДУИ само тепаше контролори на лет“, им порача Мицковски на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Вјоса Османи двапати кршела процедури, а МВР молчело, ВМРО-ДПМНЕ ги објави записниците од лани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vjosa-osmani-dvapati-krshela-protseduri-a-mvr-molchelo-vmro-dpmne-gi-objavi-zapisnitsite-od-lani/ Wed, 07 Aug 2024 10:35:12 +0000 https://republika.mk/?p=804209

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментира е голема разликата сега и во времето на СДСМ и ДУИ, со оглед на тоа што во случајот со инцидентот на скопскиот аеродром поднесена е кривична пријава за обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Од партијата велат дека во два наврати за време на претходната Влада, косовската претседателка, Вјоса Османи, кршела процедури и протоколи, а МВР молчело.

„Еве делови од записникот: ‘По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер’, се наведува во записникот од 16 се септември 2023 година.

Истата ситуација се повторила и на 9 октомври. Косовската страна тврди дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателката не треба да се проверува.

„Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (кој тој ден бил лицето Д.М со матичен број 5785) (од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот. Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на „Кроација ерлајнс“, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатено на летот“, се наведува во записникот од дата 9 октомври 2023 година. Тогаш МВР молчело, а СДС и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите.

ВМРО-ДПМНЕ на крајот додава: СДС со чаршав соопштенијата си пука во слепоочницата.

The post Вјоса Османи двапати кршела процедури, а МВР молчело, ВМРО-ДПМНЕ ги објави записниците од лани appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментира е голема разликата сега и во времето на СДСМ и ДУИ, со оглед на тоа што во случајот со инцидентот на скопскиот аеродром поднесена е кривична пријава за обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Од партијата велат дека во два наврати за време на претходната Влада, косовската претседателка, Вјоса Османи, кршела процедури и протоколи, а МВР молчело. „Еве делови од записникот: ‘По доаѓањето до ВИП секторот, меѓу одговорниот за протоколот на делегацијата и службата за безбедност на аеродромот, дошло до недоразбирање бидејќи истиот, повикувајќи се на дипломатскиот имунитет на претседателката, не се согласил личниот багаж на претседателот на Косово да се провери во скенер’, се наведува во записникот од 16 се септември 2023 година. Истата ситуација се повторила и на 9 октомври. Косовската страна тврди дека благодарение на дипломатскиот имунитет, багажот на претседателката не треба да се проверува. „Откако стигнале до ВИП-секторот, на одговорното лице за безбедноста на делегацијата и раководството на протоколот (кој тој ден бил лицето Д.М со матичен број 5785) (од косовската делегација) било кажано дека не се согласуваат личниот багаж на претседателката на Косово да влезе во контролата на скенерот. Причините за тоа се засноваат на дипломатскиот имунитет на претседателката. Од страна на капетанот на летот и претставник на „Кроација ерлајнс“, повикувајќи се на меѓународните стандарди и националната програма за безбедност, истакнато е дека додека не дозволат проверка на багажот, истата нема да биде прифатено на летот“, се наведува во записникот од дата 9 октомври 2023 година. Тогаш МВР молчело, а СДС и ДУИ биле на услуга на кршењето на законите. ВМРО-ДПМНЕ на крајот додава: СДС со чаршав соопштенијата си пука во слепоочницата.

The post Вјоса Османи двапати кршела процедури, а МВР молчело, ВМРО-ДПМНЕ ги објави записниците од лани appeared first on Република.

]]>
Османи: Прес-конференцијата на Мицкоски и Курти беше за жалење и придонесе за пропаганда против Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-pres-konferentsijata-na-mitskoski-i-kurti-beshe-za-zhalene-i-pridonese-za-propaganda-protiv-kosovo/ Tue, 06 Aug 2024 18:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=804029

Косовската претседателка Вјоса Османи никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што се прави во целиот свет.

– Претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во голем број земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник на државата и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, камоли телефонот, а уште помалку да бараат скенирање на целото тело бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата – значи и државата – како потенцијален ризик од тероризам, се вели во реакцијата на Претседателството на Косово, во врска со вчерашната заедничка прес-конференција на премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти.

Прес-конференцијата, според кабинетот на Османи, била за жалење бидејќи, велат од таму, и придонела за ширење пропаганда против Косово.

-Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во светот, па затоа Претседателството очекува да биде известено за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што беше истакнато во протестната нота упатена од Република Косово, се вели во соопштението на кабинетот на Вјоса Османи.

Оттаму го поздравуваат изразувањето жалење од страна на Мицкоски, но велат дека досега институциите на Македонија во ниту еден момент не се осврнале на прашањата покренати во протестната нота.

-Напротив, отворено и без никакво двоумење прифатија такво прекршување. За ова не се потребни дополнителни извештаи и истраги за ниту една фактичка состојба бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Македонија дека ваквото правило е намерно наметнато, и покрај јасните барања на меѓународното право, се вели во дописот.

Според кабинетот на Османи, ситуацијата може лесно да се надмине доколку во Скопје има политичка волја.

Инцидентот на скопскиот аеродром беше главна точка на вчерашната посета на Курти. Резултираше со кривична пријава за шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши и дисциплински постапки против неговите двајца колеги со кои тој влетал со пиштол во ВИП делот од аеродромот во одбрана на косовската претседателка.

Мицкоски вчера изјави дека вакви два слични инциденти имало и на 16 септември и 9 октомври минатата година. Но, деталите за нив ќе бидат објавени заедно и откако ќе заврши истрагата и за случувањата на 1 август, во конечниот извештај за инцидентот со косовската претседателка.

The post Османи: Прес-конференцијата на Мицкоски и Курти беше за жалење и придонесе за пропаганда против Косово appeared first on Република.

]]>

Косовската претседателка Вјоса Османи никогаш не побарала пречекорување или прекршување на процедурите, туку почитување на меѓународните правила, како што се прави во целиот свет.
– Претседателката на Косово ја претставува државата внатре и надвор. И покрај екстремно строгите безбедносни правила на аеродромите во голем број земји, тие го прифаќаат претседателот на државата како највисок претставник на државата и никогаш не бараат да се скенира ниту личната торба, камоли телефонот, а уште помалку да бараат скенирање на целото тело бидејќи тоа, меѓу другото, би значело дека тие го третираат шефот на државата – значи и државата – како потенцијален ризик од тероризам, се вели во реакцијата на Претседателството на Косово, во врска со вчерашната заедничка прес-конференција на премиерите на двете држави, Христијан Мицкоски и Албин Курти.
Прес-конференцијата, според кабинетот на Османи, била за жалење бидејќи, велат од таму, и придонела за ширење пропаганда против Косово.
-Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во светот, па затоа Претседателството очекува да биде известено за преземените мерки во врска со овие прекршувања, како што беше истакнато во протестната нота упатена од Република Косово, се вели во соопштението на кабинетот на Вјоса Османи.
Оттаму го поздравуваат изразувањето жалење од страна на Мицкоски, но велат дека досега институциите на Македонија во ниту еден момент не се осврнале на прашањата покренати во протестната нота.
-Напротив, отворено и без никакво двоумење прифатија такво прекршување. За ова не се потребни дополнителни извештаи и истраги за ниту една фактичка состојба бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Македонија дека ваквото правило е намерно наметнато, и покрај јасните барања на меѓународното право, се вели во дописот.
Според кабинетот на Османи, ситуацијата може лесно да се надмине доколку во Скопје има политичка волја. Инцидентот на скопскиот аеродром беше главна точка на вчерашната посета на Курти. Резултираше со кривична пријава за шефот на обезбедувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши и дисциплински постапки против неговите двајца колеги со кои тој влетал со пиштол во ВИП делот од аеродромот во одбрана на косовската претседателка. Мицкоски вчера изјави дека вакви два слични инциденти имало и на 16 септември и 9 октомври минатата година. Но, деталите за нив ќе бидат објавени заедно и откако ќе заврши истрагата и за случувањата на 1 август, во конечниот извештај за инцидентот со косовската претседателка.

The post Османи: Прес-конференцијата на Мицкоски и Курти беше за жалење и придонесе за пропаганда против Косово appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Гаши не е виновен за инцидентот со косовската претседателка, но полицаецот ќе одговара за заканите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-gashi-ne-e-vinoven-za-intsidentot-so-kosovskata-pretsedatelka-no-politsaetsot-ke-odgovara-za-zakanite/ Tue, 06 Aug 2024 18:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=804020

Кривично правна одговорност кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, не е утврдена согласно доставените докази, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи каде што собрамискиот спикер го испрати своето лично обезбедување.

Според министерот Тошковски, единствена кривична одговорност согласно доказите има полицискиот службеник, дел од обезбедувањето на спикерот Гаши. Тој го оцени неговото однесување како недозволиво.

Согласно внатрешните правила и процедури на МВР, немал право да го напушти вип објектот кој што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту пак надлежност да смирува, или да разгорува, или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи. Одговорност во однос на целиот кривично правен настан е на полицискиот службеник, изјави министерот во гостување на Канал 5 Телевизија.

Тој информираше дека во рамки на предметниот настан се сослушани повеќе од 15 или 20 луѓе кои биле сведоци и биле разгледани видео материјали.

Во врска со овој случај полицијата поднесе кривична пријава против С.С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседателот на Собранието поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“.

Според МВР, пријавениот по наредба на собранискиот спикер Гаши, отишол пред ВИП салонот на аеродромот каде што репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците од Аеродромот.

Како што се појаснува во соопштението, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.

ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата, соопштија од МВР.

СДСМ побара премиерот Христијан Мицкоски итно да го смени Африм Гаши од претседател на Собранието. Левица, пак, во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

The post Тошковски: Гаши не е виновен за инцидентот со косовската претседателка, но полицаецот ќе одговара за заканите appeared first on Република.

]]>

Кривично правна одговорност кај претседателот на Собранието, Африм Гаши, не е утврдена согласно доставените докази, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи каде што собрамискиот спикер го испрати своето лично обезбедување. Според министерот Тошковски, единствена кривична одговорност согласно доказите има полицискиот службеник, дел од обезбедувањето на спикерот Гаши. Тој го оцени неговото однесување како недозволиво.
Согласно внатрешните правила и процедури на МВР, немал право да го напушти вип објектот кој што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту пак надлежност да смирува, или да разгорува, или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи. Одговорност во однос на целиот кривично правен настан е на полицискиот службеник, изјави министерот во гостување на Канал 5 Телевизија.
Тој информираше дека во рамки на предметниот настан се сослушани повеќе од 15 или 20 луѓе кои биле сведоци и биле разгледани видео материјали. Во врска со овој случај полицијата поднесе кривична пријава против С.С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседателот на Собранието поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“. Според МВР, пријавениот по наредба на собранискиот спикер Гаши, отишол пред ВИП салонот на аеродромот каде што репетирал пиштол и влегол во конфликт со полицајците од Аеродромот. Како што се појаснува во соопштението, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот.
ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата, соопштија од МВР.
СДСМ побара премиерот Христијан Мицкоски итно да го смени Африм Гаши од претседател на Собранието. Левица, пак, во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието Гаши поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“.

The post Тошковски: Гаши не е виновен за инцидентот со косовската претседателка, но полицаецот ќе одговара за заканите appeared first on Република.

]]>
Oсмани смета дека нема потреба од истрага за инцидентот на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/osmani-smeta-deka-nema-potreba-od-istragata-za-intsidentot-shto-ja-najavija-mitskoski-i-kurti/ Tue, 06 Aug 2024 12:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=803908

Косовската претседателка Вјоса Османи е разочарана од прес конференцијата на премиерите Мицкоски и Курти и најавата дека инцидентот на скопскиот аеродром.

„Она што се случи на аеродромот во Скопје е јасно прекршување на меѓународните правила признати и применувани во целиот свет, затоа Претседателството очекува да биде информирано за преземените мерки во врска со овие прекршувањa. Нема потреба од дополнителни извештаи и истраги за каква било фактичка состојба, бидејќи тие се целосно ирелевантни пред јавното прифаќање на институциите на Македонија дека таквото правило е намерно наметнато и покрај јасните барања на меѓународното право“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalniot-izveshtaj-ke-go-rasvetli-intsidentot-so-vjosa-osmani-na-skopskiot-aerodrom/

The post Oсмани смета дека нема потреба од истрага за инцидентот на скопскиот аеродром appeared first on Република.

Официјалниот извештај ќе го расветли инцидентот со Вјоса Османи на скопскиот аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ofitsijalniot-izveshtaj-ke-go-rasvetli-intsidentot-so-vjosa-osmani-na-skopskiot-aerodrom/ Mon, 05 Aug 2024 12:07:25 +0000 https://republika.mk/?p=803521

Официјалниот извештај по соодветната истрага во целост и во детали ќе го расветли инцидентот што се случи на 2 август во ВИП-салонот на Скопскиот аеродром со претседателката Османи за да разбереме што точно се случило и никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации, порача денеска косовскиот премиер Албин Курти од Скопје.

-Настанот на 2 август на Скопскиот аеродром несомнено беше доживеано и тешко искуство за претседателот на Република Косово Вјоса Османи Садриу, која беше со семејството и двете мали ќерки. Органите на Македонија, државниците изразија жалење за случајот и ќе има официјален извештај кој ќе го расветли ова прашање во целост и во детали за да разбереме што точно се случило, но и да не ни се повторат никогаш повеќе вакви ситуации, рече Курти во одговор на прашање на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по официјалната средба во Владата.

Прашан дали останува на оценката дека тоа е провокација кон Косово, Курти рече дека тоа не е официјален став на косовските институции.

-Не знам дека како институции сме имале таков став, може да го кажал некој од граѓаните на Косово, но не и институциите на Република Косово. МНР даде своја изјава што е став на Република Косово, го видовме и ставот со јавна изјава на МНР на Македонија. Верувам дека треба да имаме за цел вистината, а никако тензии, посочи Курти.

Повика да се расветли случајот и додаде дека соодветните органи ќе го направат тоа.

-Премиерот Мицкоски и јас не можеме да бидеме и цариници и полиција и инспекторатот на полиција и тие што го надгледуваат аеродромот итн. Во однос на суштината на прашањето одговоривме и мерките се преземаат, прецизира Курти.

На прашањето дали премиерот Мицкоски му се извинил за случајот, бидејќи претходно самиот го побарал тоа, косовскиот премиер го избегна одговорот и рече дека официјалниот извештај по соодветната истрага ќе го расветли случајот.

-Несоодветните однесувања однесувања и прекршувањата на правилата, сето ова што е искажано досега ќе се расветли од официјалниот извештај по соодветната истрага. Согласно моите информации и гледајќи ги ставовите на двете министерства за надворешни работи оптимист сум дека во иднина нема да се повторат вакви ситуации, потенцира Курти.

Оцени дека двете земи имаат добри билатерални односи засновани на заеднички вредности и со посебен осврт кон европските интеграции.

-Нашите две земји имаат билатерална соработка во сите области, од дипломатски аспект ги поздравуваме постојаните напори за поддршка на нашите интеграции во меѓународните организации, особено во Европскиот совет и во НАТО. Ние сакаме да имаме добри соседски и европски односи и како држави и како народи. Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на натамошна билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси, посочи Курти.

На 2 август во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

https://www.youtube.com/watch?v=hKqDv1xVqbE

The post Официјалниот извештај ќе го расветли инцидентот со Вјоса Османи на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>

Официјалниот извештај по соодветната истрага во целост и во детали ќе го расветли инцидентот што се случи на 2 август во ВИП-салонот на Скопскиот аеродром со претседателката Османи за да разбереме што точно се случило и никогаш повеќе да не ни се повторат вакви ситуации, порача денеска косовскиот премиер Албин Курти од Скопје.
-Настанот на 2 август на Скопскиот аеродром несомнено беше доживеано и тешко искуство за претседателот на Република Косово Вјоса Османи Садриу, која беше со семејството и двете мали ќерки. Органите на Македонија, државниците изразија жалење за случајот и ќе има официјален извештај кој ќе го расветли ова прашање во целост и во детали за да разбереме што точно се случило, но и да не ни се повторат никогаш повеќе вакви ситуации, рече Курти во одговор на прашање на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски по официјалната средба во Владата.
Прашан дали останува на оценката дека тоа е провокација кон Косово, Курти рече дека тоа не е официјален став на косовските институции.
-Не знам дека како институции сме имале таков став, може да го кажал некој од граѓаните на Косово, но не и институциите на Република Косово. МНР даде своја изјава што е став на Република Косово, го видовме и ставот со јавна изјава на МНР на Македонија. Верувам дека треба да имаме за цел вистината, а никако тензии, посочи Курти.
Повика да се расветли случајот и додаде дека соодветните органи ќе го направат тоа.
-Премиерот Мицкоски и јас не можеме да бидеме и цариници и полиција и инспекторатот на полиција и тие што го надгледуваат аеродромот итн. Во однос на суштината на прашањето одговоривме и мерките се преземаат, прецизира Курти.
На прашањето дали премиерот Мицкоски му се извинил за случајот, бидејќи претходно самиот го побарал тоа, косовскиот премиер го избегна одговорот и рече дека официјалниот извештај по соодветната истрага ќе го расветли случајот.
-Несоодветните однесувања однесувања и прекршувањата на правилата, сето ова што е искажано досега ќе се расветли од официјалниот извештај по соодветната истрага. Согласно моите информации и гледајќи ги ставовите на двете министерства за надворешни работи оптимист сум дека во иднина нема да се повторат вакви ситуации, потенцира Курти.
Оцени дека двете земи имаат добри билатерални односи засновани на заеднички вредности и со посебен осврт кон европските интеграции.   -Нашите две земји имаат билатерална соработка во сите области, од дипломатски аспект ги поздравуваме постојаните напори за поддршка на нашите интеграции во меѓународните организации, особено во Европскиот совет и во НАТО. Ние сакаме да имаме добри соседски и европски односи и како држави и како народи. Ќе работиме заедно со новата Влада во функција на зајакнување на натамошна билатерална соработка заснована на доверба и реципрочни интереси, посочи Курти. На 2 август во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер. https://www.youtube.com/watch?v=hKqDv1xVqbE  

The post Официјалниот извештај ќе го расветли инцидентот со Вјоса Османи на скопскиот аеродром appeared first on Република.

]]>
Кривична и суспензија за обезбедувачот на Гаши за инцидентот на скопски аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krivichna-i-suspenzija-za-obezbeduvachot-na-gashi-za-intsidentot-na-skopski-aerodrom/ Mon, 05 Aug 2024 12:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=803514

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ, соопшти предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија, информира Тошковски.

Пријавениот С.С., додава, бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови.

Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот, вели Тошковски.

ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.

Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите, порача Тошковски.

The post Кривична и суспензија за обезбедувачот на Гаши за инцидентот на скопски аеродром appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластување и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против С. С., началник на Одделение за лично обезбедување на претседател на Собрание поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „Загрозување на сигурноста“ по член 144 од КЗ и кривично дело “Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ, соопшти предмалку министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Пријавениот С.С. на ден 01.08.2024г. околу 10:30 часот на Меѓународен Аеродром Скопје на паркингот пред ВИП салонот пристигнал со возило со поставени ротациони светла, излегол од возилото и од појасот го извадил пиштолот, го репетирал и повторно го вратил во појасот, а на полицискиот службеник од ПС за ГП Меѓународен Аеродром Скопје кој извршувал работни задачи пред вратата на ВИП салонот му се обратил на висок тон, го турнал наназад со двете раце и заканувајќи му се го спречил полицискиот службеник како службено лице во извршување на неговите службени дејствија, информира Тошковски.
Пријавениот С.С., додава, бил испратен на Меѓународен Аеродром Скопје од страна на претседателот на Собрание со цел надминување на недоразбирањето кое настанало со претседателката на Косово во врска со безбедносните процедури за преглед на багаж и електронски уреди при летање со комерцијални летови. Потоа, заедно со уште двајца полициски службеници од Секторот за обезбедување на личности влегол во ВИП салонот и движејќи се во простории каде немал овластување за движење и престој, на присутните вработените на ТАВ-Скопје, полициски службеници од граничната полиција и Одделот за заштита на определени личности и објекти почнал да им се заканува по животот, водено барајќи да ја спроведе претседателката со возило до авионот, вели Тошковски. ОВККИПС согласно своите надлежности и овластувања ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против полицискиот службеник С.С. и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место - суспензија до завршување на дисциплинската постапка, а против полициските службвеници С.Р. и Н.Б. ќе поднесе Предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина поради извршување на незаконита наредба, несовесно извршување на работни задачи и рушење на угледот на полицијата.
Како министер, секогаш цврсто ќе се залагам за еднакво применување на законот за сите. Секој мора да го почитува законот, а особено полициските службеници мора да бидат пример за почитување на законите и професионалните стандарди, бидејќи нивната одговорност е клучна за одржување на довербата на јавноста во институциите, порача Тошковски.

The post Кривична и суспензија за обезбедувачот на Гаши за инцидентот на скопски аеродром appeared first on Република.

]]>
Екс претседателот на Косово за случајот Османи: Нема имунитет што може да ја избегне контролата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/eks-pretsedatelot-na-kosovo-za-sluchajot-osmani-nema-imunitet-shto-mozhe-da-ja-izbegne-kontrolata/ Sun, 04 Aug 2024 09:55:45 +0000 https://republika.mk/?p=803204

Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на контролата на секој патник кој лета со авион".

Оваа негова реакција следува по случката со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром.

-Стана збор за настанот во Скопје. Бев на кусо патување за Италија со кој ми потврди (она што веќе го знаев) дека не постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на проверка на кој било патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие да биде проверен од службата за безбедност, таа, меѓу другото, го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува авионот да не полета, напиша Пацоли во објава на Фејсбук, пренесе Лајм.

Понатаму, Пацоли наведува дека не постои инстанца која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, доколку е информиран дека во авионот може да има неконтролиран патник.

-Ова се случило на скопскиот аеродром, каде пилотот одбил да го започне патувањето со патници кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа било предизвикано одложување на полетувањето на авионот со многу патници внатре. Што се однесува до клонирањето телефони, наивно е да се каже дека телефонот може да се клонира додека поминува низ рендген апаратот, напиша Пацоли на Фејсбук.

The post Екс претседателот на Косово за случајот Османи: Нема имунитет што може да ја избегне контролата appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Алијансата за Ново Косово, поранешен косовски претседател и еден од најбогатите Албанци во светот, Беџет Пацоли, објави дека првиот човек на Одделот за безбедност на патници при Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) од Торонто, со кого патувал за Италија, потврдил дека не „постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на контролата на секој патник кој лета со авион". Оваа негова реакција следува по случката со претседателката на Косово, Вјоса Османи, на скопскиот аеродром. -Стана збор за настанот во Скопје. Бев на кусо патување за Италија со кој ми потврди (она што веќе го знаев) дека не постои тип на имунитет што може да го оправда избегнувањето на проверка на кој било патник што лета во авион, особено на јавен авион каде што безбедноста на другите патници е доведена во прашање. Во случај некој патник да одбие да биде проверен од службата за безбедност, таа, меѓу другото, го известува пилотот на соодветниот авион и пилотот автоматски одлучува авионот да не полета, напиша Пацоли во објава на Фејсбук, пренесе Лајм. Понатаму, Пацоли наведува дека не постои инстанца која може да му нареди на пилотот да го стартува авионот, доколку е информиран дека во авионот може да има неконтролиран патник. -Ова се случило на скопскиот аеродром, каде пилотот одбил да го започне патувањето со патници кои не биле подложени на безбедносна проверка и поради тоа било предизвикано одложување на полетувањето на авионот со многу патници внатре. Што се однесува до клонирањето телефони, наивно е да се каже дека телефонот може да се клонира додека поминува низ рендген апаратот, напиша Пацоли на Фејсбук.

The post Екс претседателот на Косово за случајот Османи: Нема имунитет што може да ја избегне контролата appeared first on Република.

]]>
МНР за случајот со косовската претседателка: Побарани се информации од надлежните институции, ќе се преземат мерки во иднина да се избегнуваат вакви ситуации https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-za-sluchajot-so-kosovskata-pretsedatelka-pobarani-se-informatsii-od-nadlezhnite-institutsii-ke-se-prezemat-merki-vo-idnina-da-se-izbegnuvaat-vakvi-situatsii/ Sat, 03 Aug 2024 14:58:22 +0000 https://republika.mk/?p=803073

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија излезе со став по повод протестната нота од Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, во којашто се бара целосно објаснување во врска со настанот на Скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи. Македонското Министерството побарало информации од надлежните институции и по анализата на собраните податоци ќе преземе мерки, со цел, како што соопшти Министерството, во иднина да се избегнат вакви ситуации.

-Република Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје, стои во соопштението на Министерството.

Оттаму напоменуваат дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции.

-Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации, стои во реакцијата на Министерството.

Македонското МВР во четвртокот вечерта соопшти дека обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши им се заканувало на вработени во ТАВ кои побарале од претседателката на Косово, Вјоса Османи да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. Како соопшти МВР, додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.

-По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР додавајќи дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Од ТАВ Македонија соопштија дека одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапило во рамките на своите овластувања и спровело стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП - салонот со што воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците. Оттаму категорично ги отфрлаат наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка при прегледот во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје.

Кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, во четвртокот преку соопштение демантираше каква било вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром, за кој што, велат, пренесуваат одредени медиуми. Гаши, пак, во изјава за медиуми вчера кажа дека „интервенирал да се смират ситуациите, да не се направи дипломатски инцидент, и мислам дека се заврши како што треба“. Вели дека ако некој ги пречекорил своите овластувања, секако ќе треба да одговара.

Претседателството на Република Косово вчера преку соопштение до јавноста изразило огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“ по инцидентот со претседателката Вјоса Османи на скопскиот аеродром. Во соопштението по повод инцидентот се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност.

The post МНР за случајот со косовската претседателка: Побарани се информации од надлежните институции, ќе се преземат мерки во иднина да се избегнуваат вакви ситуации appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија излезе со став по повод протестната нота од Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово, во којашто се бара целосно објаснување во врска со настанот на Скопскиот аеродром со косовската претседателка Вјоса Османи. Македонското Министерството побарало информации од надлежните институции и по анализата на собраните податоци ќе преземе мерки, со цел, како што соопшти Министерството, во иднина да се избегнат вакви ситуации.
-Република Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области. Во наведениот контекст изразувуваме жалење за недоразбирањата кои се случиле во текот на вчерашниот ден, при патувањето на претседателката на Република Косово Вјоса Османи на меѓународниот Аеродром во Скопје, стои во соопштението на Министерството.
Оттаму напоменуваат дека од страна на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија во врска со вчерашниот настан веќе се побарани информации од сите надлежни институции.
-Откако ќе биде направена соодветна анализа на прибраните податоци во непосредна соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки, а со основна цел во иднина да се избегнат вакви или слични појави и ситуации, стои во реакцијата на Министерството.
Македонското МВР во четвртокот вечерта соопшти дека обезбедувањето на претседателот на Собранието Африм Гаши им се заканувало на вработени во ТАВ кои побарале од претседателката на Косово, Вјоса Османи да го остави телефонот за да помине на секенер кога поминувала низ гранична контрола на Меѓународниот аеродром Скопје. Како соопшти МВР, додека претседателката на Косово поминувала на гранична контрола, во моментот кога било побарано да го остави телефонот да помине низ скенер, едно лице од нејзиното обезбедување го оттргнал вработениот во ТАВ, со цел таа да помине без скениран телефон и рачен багаж. Но, потоа, сепак, багажот бил вратен и поминал низ скенер.
-По половина час, дошло лице од обезбедувањето на претседателот на Собранието Гаши (полициски службеник) со уште две лица (полициски службеници) и почнал да се заканува кон вработените во ТАВ и да бара кој и направил проблем на претседателката. При тоа турнал и полициски службеник вработен на граничниот премин, соопшти МВР додавајќи дека веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и во координација со ОЈО за ГОКК се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Од ТАВ Македонија соопштија дека одделот за Обезбедување на ТАВ Македонија постапило во рамките на своите овластувања и спровело стандардна проверка на претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу и на нејзиниот багаж на пунктот за безбедноста проверка во ВИП - салонот со што воопшто не беше загрозена авијациската безбедност и безбедноста на патниците. Оттаму категорично ги отфрлаат наводите дека нивниот вработен од одделот за обезбедување се обидел да го одземе телефонот на косовската претседателка при прегледот во ВИП-салонот на Меѓународниот аеродром Скопје. Кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, во четвртокот преку соопштение демантираше каква било вмешаност на членови на неговото лично обезбедување во денешниот инцидент на скопскиот аеродром, за кој што, велат, пренесуваат одредени медиуми. Гаши, пак, во изјава за медиуми вчера кажа дека „интервенирал да се смират ситуациите, да не се направи дипломатски инцидент, и мислам дека се заврши како што треба“. Вели дека ако некој ги пречекорил своите овластувања, секако ќе треба да одговара. Претседателството на Република Косово вчера преку соопштение до јавноста изразило огорченост од „неприфатливите изјави на Министерството за внатрешни работи на Македонија“, како и од „пропагандата што се развива против Република Косово“ по инцидентот со претседателката Вјоса Османи на скопскиот аеродром. Во соопштението по повод инцидентот се наведува дека Османи единствено одбила да го даде на скенирање својот телефон, кој го користи како шеф на државата за официјални комуникации и за прашања од националната безбедност.

The post МНР за случајот со косовската претседателка: Побарани се информации од надлежните институции, ќе се преземат мерки во иднина да се избегнуваат вакви ситуации appeared first on Република.

]]>