визна либерализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizna-liberalizacija/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jan 2024 13:35:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png визна либерализација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizna-liberalizacija/ 32 32 Спахиу: Половина милион жители ќе го напуштат Косово со визната либерализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/spahiu-polovina-milion-zhiteli-ke-go-napushtat-kosovo-so-viznata-liberalizatsija/ Thu, 04 Jan 2024 13:35:21 +0000 https://republika.mk/?p=729621

Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу изјави дека по стапувањето во сила на визната либерализација, можно е околу половина милион жители на Косово годинава да заминат во земјите од Западна Европа.

Спахиу за агенцијата „Бета“ изјави дека мнозинството жители на Косово ќе се обидат да најдат работа на Запад, но и дека многумина ќе заминат поради страв од војна.

Речиси секое семејство од Косово има барем еден член што живее и работи на Запад. Во Косово платите се многу ниски, а невработеноста е висока, па многу млади луѓе својата иднина ја гледаат во развиените земји од Западна Европа, рече Спахиу.

Тој рече и дека визната либерализација ќе предизвика пресврт во Косово. Заминувањето на голем број млади ќе влијае на косовското општество во многу области. Се очекува значителен број пензионери да го напуштат Косово и да заминат да живеат со своите деца на Запад, посочува аналитичарот.

Покрај социјалните и економските причини, смета Спахиу, многумина ќе го напуштат Косово и поради стравот од војна.

„Стравот од војна ќе постои додека целосно не се спроведе француско-германскиот план. Поради стравот од војна, значително помалку луѓе дојдоа во Косово од Запад за новогодишните празници отколку претходните години“, рече тој.

The post Спахиу: Половина милион жители ќе го напуштат Косово со визната либерализација appeared first on Република.

]]>

Политичкиот аналитичар Неџмедин Спахиу изјави дека по стапувањето во сила на визната либерализација, можно е околу половина милион жители на Косово годинава да заминат во земјите од Западна Европа. Спахиу за агенцијата „Бета“ изјави дека мнозинството жители на Косово ќе се обидат да најдат работа на Запад, но и дека многумина ќе заминат поради страв од војна.
Речиси секое семејство од Косово има барем еден член што живее и работи на Запад. Во Косово платите се многу ниски, а невработеноста е висока, па многу млади луѓе својата иднина ја гледаат во развиените земји од Западна Европа, рече Спахиу.
Тој рече и дека визната либерализација ќе предизвика пресврт во Косово. Заминувањето на голем број млади ќе влијае на косовското општество во многу области. Се очекува значителен број пензионери да го напуштат Косово и да заминат да живеат со своите деца на Запад, посочува аналитичарот. Покрај социјалните и економските причини, смета Спахиу, многумина ќе го напуштат Косово и поради стравот од војна. „Стравот од војна ќе постои додека целосно не се спроведе француско-германскиот план. Поради стравот од војна, значително помалку луѓе дојдоа во Косово од Запад за новогодишните празници отколку претходните години“, рече тој.  

The post Спахиу: Половина милион жители ќе го напуштат Косово со визната либерализација appeared first on Република.

]]>
Формално заврши процесот на визна либерализација за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/formalno-zavrshi-protsesot-na-vizna-liberalizatsija-za-kosovo/ Wed, 26 Apr 2023 09:33:14 +0000 https://republika.mk/?p=634206

Одлуката за визна либерализација за Косово беше објавена во вторникот, на 25 април, во Службениот весник на Европската Унија (ЕУ), со што и формално заврши целиот процес на визна либерализација за граѓаните на Косово.

Одлуката се очекува да стапи во сила на 1 јануари 2024 година – од кога косовските граѓани што поседуваат биометриски пасоши издадени од Косово ќе можат безвизно да патуваат во Шенген-зоната, која се состои од 27 европски земји.

Визната либерализација одобрена за Косово важи само за лицата со косовски пасоши издадени од косовските власти, но не и за оние граѓани на Косово што имаат пасоши издадени од српските власти, потврдија претставници на Европската комисија.

Одлуката објавена во Службениот весник на ЕУ е онаа што на 19 април ја потпишаа претставници на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ.

Сепак, граѓаните на Косово треба да го чекаат почетокот на следната година за да уживаат во безвизниот режим со европските земји.

Според одлуката договорена во декември минатата година, визниот режим за Косово ќе биде укинат паралелно со функционирањето на информацискиот систем ЕТИАС, но најдоцна до 1 јануари 2024 година.

Кога беше договорена оваа одлука, се сметаше дека системот ЕТИАС ќе профункционира на 1 ноември минатата година, што ќе овозможи проверка на податоците на државјаните на трети земји - на кои не им е потребна виза - пред да влезат во Шенген-зоната.

Но веќе е извесно дека овој систем ќе биде ставен во функција можеби дури подоцна следната година, дури ниту од 1 јануари. Но поради тоа нема да се одложи стапувањето во сила на либерализацијата за Косово.

Претходно, сите процедури во процесот на одлучување за безвизниот режим беа завршени во вторникот на 18 април, кога на пленарната седница на Европскиот парламент беше усвоена одлуката за визна либерализација за Косово.

Уште во 2018 година Европската комисија препорача укинување на визниот режим со Косово, но политичката одлука беше заложник на внатрешните проблеми во некои земји-членки.

Со укинувањето на визниот режим, Косово им се придружува на другите земји во регионот, чии граѓани повеќе од една деценија уживаат во слободата на движење.

Црна Гора, Србија и Македонија немаат визен режим од декември 2009 година, а Албанија и Босна и Херцеговина беа префрлени на таканаречената бела Шенген-листа во декември 2010 година.

Процесот на либерализација со Косово траеше најдолго во споредба со другите земји од Западен Балкан.

Министрите на земјите членки на ЕУ во март годинава гласаа за визна либерализација.

The post Формално заврши процесот на визна либерализација за Косово appeared first on Република.

]]>

Одлуката за визна либерализација за Косово беше објавена во вторникот, на 25 април, во Службениот весник на Европската Унија (ЕУ), со што и формално заврши целиот процес на визна либерализација за граѓаните на Косово. Одлуката се очекува да стапи во сила на 1 јануари 2024 година – од кога косовските граѓани што поседуваат биометриски пасоши издадени од Косово ќе можат безвизно да патуваат во Шенген-зоната, која се состои од 27 европски земји. Визната либерализација одобрена за Косово важи само за лицата со косовски пасоши издадени од косовските власти, но не и за оние граѓани на Косово што имаат пасоши издадени од српските власти, потврдија претставници на Европската комисија. Одлуката објавена во Службениот весник на ЕУ е онаа што на 19 април ја потпишаа претставници на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ. Сепак, граѓаните на Косово треба да го чекаат почетокот на следната година за да уживаат во безвизниот режим со европските земји. Според одлуката договорена во декември минатата година, визниот режим за Косово ќе биде укинат паралелно со функционирањето на информацискиот систем ЕТИАС, но најдоцна до 1 јануари 2024 година. Кога беше договорена оваа одлука, се сметаше дека системот ЕТИАС ќе профункционира на 1 ноември минатата година, што ќе овозможи проверка на податоците на државјаните на трети земји - на кои не им е потребна виза - пред да влезат во Шенген-зоната. Но веќе е извесно дека овој систем ќе биде ставен во функција можеби дури подоцна следната година, дури ниту од 1 јануари. Но поради тоа нема да се одложи стапувањето во сила на либерализацијата за Косово. Претходно, сите процедури во процесот на одлучување за безвизниот режим беа завршени во вторникот на 18 април, кога на пленарната седница на Европскиот парламент беше усвоена одлуката за визна либерализација за Косово. Уште во 2018 година Европската комисија препорача укинување на визниот режим со Косово, но политичката одлука беше заложник на внатрешните проблеми во некои земји-членки. Со укинувањето на визниот режим, Косово им се придружува на другите земји во регионот, чии граѓани повеќе од една деценија уживаат во слободата на движење. Црна Гора, Србија и Македонија немаат визен режим од декември 2009 година, а Албанија и Босна и Херцеговина беа префрлени на таканаречената бела Шенген-листа во декември 2010 година. Процесот на либерализација со Косово траеше најдолго во споредба со другите земји од Западен Балкан. Министрите на земјите членки на ЕУ во март годинава гласаа за визна либерализација.

The post Формално заврши процесот на визна либерализација за Косово appeared first on Република.

]]>
Официјално потпишан актот за либерализација на визниот режим за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ofitsijalno-potpishan-aktot-za-liberalizatsija-na-vizniot-rezhim-za-kosovo/ Wed, 19 Apr 2023 19:13:25 +0000 https://republika.mk/?p=632237

Правниот акт на Европската унија (ЕУ) за либерализација на визите за Косово е официјално потпишан во Брисел.

Како што јави Радио Слободна Европа, правниот акт со кој Косово се додава на листата на земји за кои не е потребна влезна виза за земјите од Западна Европа, го потпишаа претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и шведската министерка за европски прашања Јесика Росвал.

Со објавувањето во Службен весник на ЕУ, кое ќе следи за дваесетина дена, стапува на сила одлуката за визна либерализација.

Сите процедури во процесот на одлучување беа завршени во вторник, кога на пленарна седница беше усвоена одлуката за визна либерализација за Косово.

Сепак, граѓаните на Косово треба да го чекаат почетокот на следната година за да уживаат во безвизниот режим со европските земји.

Според одлуката што беше усогласена во декември минатата година, до укинувањето на визниот режим за Косово ќе дојде паралелно со функционирањето на информацискиот систем ЕТИАС, но не подоцна од 1 јануари следната година.

Со укинувањето на визниот режим, Косово им се придружува на другите земји во регионот, чии граѓани повеќе од една деценија уживаат во слободата на движење.

The post Официјално потпишан актот за либерализација на визниот режим за Косово appeared first on Република.

]]>

Правниот акт на Европската унија (ЕУ) за либерализација на визите за Косово е официјално потпишан во Брисел. Како што јави Радио Слободна Европа, правниот акт со кој Косово се додава на листата на земји за кои не е потребна влезна виза за земјите од Западна Европа, го потпишаа претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола и шведската министерка за европски прашања Јесика Росвал. Со објавувањето во Службен весник на ЕУ, кое ќе следи за дваесетина дена, стапува на сила одлуката за визна либерализација. Сите процедури во процесот на одлучување беа завршени во вторник, кога на пленарна седница беше усвоена одлуката за визна либерализација за Косово. Сепак, граѓаните на Косово треба да го чекаат почетокот на следната година за да уживаат во безвизниот режим со европските земји. Според одлуката што беше усогласена во декември минатата година, до укинувањето на визниот режим за Косово ќе дојде паралелно со функционирањето на информацискиот систем ЕТИАС, но не подоцна од 1 јануари следната година. Со укинувањето на визниот режим, Косово им се придружува на другите земји во регионот, чии граѓани повеќе од една деценија уживаат во слободата на движење.

The post Официјално потпишан актот за либерализација на визниот режим за Косово appeared first on Република.

]]>
Османи возбуден што Косово доби визна либерализација https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-vozbuden-shto-kosovo-dobi-vizna-liberalizatsija/ Tue, 18 Apr 2023 12:49:13 +0000 https://republika.mk/?p=631750

Министерот за надворешни работи на Cеверна Македонија ја поздрави одлуката на Европскиот парламент да одобри визна либерализација. Toj смета дека ова е важно за интеграцијата на Косово во ЕУ иако ниту Унијата нема единствена политика по ова прашање бидејќи пет членки не го признаваат за држвава туку сметаат дека е составен дел од Србија.

The post Османи возбуден што Косово доби визна либерализација appeared first on Република.

Власта на ДУИ и СДСМ крие: ЕУ бара од Македонија да воведе визи за Косово! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-na-dui-i-sdsm-krie-eu-bara-od-makedonija-da-vovede-vizi-za-kosovo/ Tue, 06 Dec 2022 15:03:54 +0000 https://republika.mk/?p=582622

Европската унија бара од Македонија да воведе визи за граѓаните на Косово.Оваа барање кое власта на ДУИ И СДСМ го  крие ја објави амбасадорот на Косово во Белгија Агрон Бајарами.

Апсолутно е неприфатливо барањето на Европската комисија да го наведат Косово за кои треба да бидат потребни визи за влез во Македонија и Црна Гора. Посебно вознемирувачко што со години на Косово неправедно му се одбиваше визна либерализација и сето ова доаѓа по договорите од Берлинскиот процес-напиша Бајрами.

Ова барање од ЕУ кон Македонија е веќе подголго време но власта на ДУИ одбива да го спроведе. Пред неколку дена МНР објави дека се воведуваат визи за неколку земји меѓу кои Куба и Боцвана но не и за Косово.

The post Власта на ДУИ и СДСМ крие: ЕУ бара од Македонија да воведе визи за Косово! appeared first on Република.

Проф Спахиу: Повеќето млади не гледаат перспектива на Косово, по визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да заминат на Запад https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prof-spahiu-povekjeto-mladi-ne-gledaat-perspektiva-na-kosovo-po-viznata-liberalizacija-do-500-000-gragjani-bi-mozele-da-zaminat-na-zapad/ Sat, 08 Oct 2022 08:36:16 +0000 https://republika.mk/?p=558698

Професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу, оцени дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500.000 граѓани.

Спахиу за агенцијата Бета изјави дека повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово.

Речиси од секое семејство барем еден член живее и работи во земјите од Западна Европа. Доколку, како што е најавено, до крајот на годината Европската унија воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, 100.000 граѓани ќе го напуштат Косово во првата само три до четири месеци, а во наредната година денови во неколку бранови уште 300.000–400.000 жители - оцени професорот Спахиу.

Според него, Косово ќе остане без работна сила, а бројот на студенти „кои ќе ги прекинат студиите за работа и ќе заминат на Запад“ ќе се преполови.

Покрај младите, Косово ќе го напуштат и слабо платените експерти. Кај граѓаните постои верување дека Косово не може да стане демократско општество во кое ќе се цени знаењето и стручноста. Секоја влада ги поставува неспособните и непрофесионалните на одговорни позиции, додека способните и образованите остануваат на маргините . Социјалните и економските проблеми со кои се соочуваат мнозинството жители на Косово се нерешливи за повеќето од нив, а единствениот излез е да заминат во земјите од Европската Унија - објасни Спахиу.

Само според податоците на Лекарската комора, во изминатите четири години од Косово во странство заминале 580 лекари.

Европската комисија вчера ја потврди препораката за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.

The post Проф Спахиу: Повеќето млади не гледаат перспектива на Косово, по визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да заминат на Запад appeared first on Република.

]]>

Професорот на Факултетот за политички науки во Приштина, Неџмедин Спахиу, оцени дека во првата година по усвојувањето на визната либерализација, Косово може да го напуштат до 500.000 граѓани. Спахиу за агенцијата Бета изјави дека повеќето млади жители сакаат да заминат на Запад бидејќи не гледаат перспектива на Косово.
Речиси од секое семејство барем еден член живее и работи во земјите од Западна Европа. Доколку, како што е најавено, до крајот на годината Европската унија воведе визна либерализација за граѓаните на Косово, 100.000 граѓани ќе го напуштат Косово во првата само три до четири месеци, а во наредната година денови во неколку бранови уште 300.000–400.000 жители - оцени професорот Спахиу.
Според него, Косово ќе остане без работна сила, а бројот на студенти „кои ќе ги прекинат студиите за работа и ќе заминат на Запад“ ќе се преполови.
Покрај младите, Косово ќе го напуштат и слабо платените експерти. Кај граѓаните постои верување дека Косово не може да стане демократско општество во кое ќе се цени знаењето и стручноста. Секоја влада ги поставува неспособните и непрофесионалните на одговорни позиции, додека способните и образованите остануваат на маргините . Социјалните и економските проблеми со кои се соочуваат мнозинството жители на Косово се нерешливи за повеќето од нив, а единствениот излез е да заминат во земјите од Европската Унија - објасни Спахиу.
Само според податоците на Лекарската комора, во изминатите четири години од Косово во странство заминале 580 лекари. Европската комисија вчера ја потврди препораката за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово.

The post Проф Спахиу: Повеќето млади не гледаат перспектива на Косово, по визната либерализација до 500.000 граѓани би можеле да заминат на Запад appeared first on Република.

]]>
Од Косово во ЕУ без визи од почетокот на следната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-kosovo-vo-eu-bez-vizi-od-pochetokot-na-slednata-godina/ Fri, 23 Sep 2022 20:35:13 +0000 https://republika.mk/?p=553644

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изрази уверување дека укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани може да се случи на почетокот на 2013 година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за телевизијата на косовскиот јавен радиодифузен сервис, РТК, запрашан дали догодина може да се очекува визна либерализација за Косово, Роде рече дека неговиот „најкраток одговор од сегашна переспектива е – да“.

– Нешто подолг одговор е дека во понеделникот бев со премиерот (на Косово, Албин Курти) во Призрен… и реков и таму дека визната либерализација е еден анахронизам. А тоа што е битно е и изјавата на министрите (за надворешни работи) на Германија, Полска и Франција дека треба да има визна либерализација за Косово, рече германскиот дипломат.

Роде порача дека тој е „последниот амбасадор (во Косово) кој ќе одговара на прашањето на визната либерализација“ и изрази уверување дека косовските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа од февруари или март идната година.

Шефовите на дипломатиите на таканеречениот „Вајмарски триаголник“, кој ги опфаќа Германија, Франција и Полска пред неколку дена објавија заедничка изјава во врска со геополитичките движења на Балканот, во која, меѓу другото, бараат од Европската унија „напредок во врска со прашањето на визната либерализација за Косово“.

The post Од Косово во ЕУ без визи од почетокот на следната година appeared first on Република.

]]>

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изрази уверување дека укинувањето на Шенген-визите за косовските граѓани може да се случи на почетокот на 2013 година, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за телевизијата на косовскиот јавен радиодифузен сервис, РТК, запрашан дали догодина може да се очекува визна либерализација за Косово, Роде рече дека неговиот „најкраток одговор од сегашна переспектива е – да“.
– Нешто подолг одговор е дека во понеделникот бев со премиерот (на Косово, Албин Курти) во Призрен… и реков и таму дека визната либерализација е еден анахронизам. А тоа што е битно е и изјавата на министрите (за надворешни работи) на Германија, Полска и Франција дека треба да има визна либерализација за Косово, рече германскиот дипломат.
Роде порача дека тој е „последниот амбасадор (во Косово) кој ќе одговара на прашањето на визната либерализација“ и изрази уверување дека косовските граѓани ќе можат да патуваат без визи во Европа од февруари или март идната година. Шефовите на дипломатиите на таканеречениот „Вајмарски триаголник“, кој ги опфаќа Германија, Франција и Полска пред неколку дена објавија заедничка изјава во врска со геополитичките движења на Балканот, во која, меѓу другото, бараат од Европската унија „напредок во врска со прашањето на визната либерализација за Косово“.

The post Од Косово во ЕУ без визи од почетокот на следната година appeared first on Република.

]]>