визи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizi/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 20:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png визи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizi/ 32 32 Колумбија воведува визи за државјаните на Велика Британија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kolumbija-voveduva-vizi-za-drzhavjanite-na-velika-britanija/ Wed, 27 Nov 2024 20:21:34 +0000 https://republika.mk/?p=842508

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, соопшти дека земјата ќе воведе визи за британските граѓани како одговор на тоа што Британија воведе визен режим за колумбиските граѓани.

Според британската одлука, на граѓаните на Колумбија ќе им треба и транзитна виза ако сакаат да поминат низ Обединетото Кралство (ОК) за да патуваат во друга земја. Колумбискиот претседател рече дека неговата земја ќе воведе слични мерки според принципот на реципроцитет.

Ако ОК повторно го воведе условот за виза за колумбиските граѓани, морам да наведам дека во согласност со принципот на реципроцитет, колумбиската влада ќе бара визи од британските граѓани кои сакаат да дојдат во Колумбија, напиша претседателот на социјалната мрежа „Х“.

Претходно, британската министерка за внатрешни работи, Ивет Купер, изјави дека одлуката е донесена поради „значајното и одржливо“ зголемување на барањата за азил и „високите стапки на одбивање“ на странците на границата од ноември 2022 година.

Нашите односи со ОК остануваат силни и пријателски. Секоја одлука за промена на визниот статус не се зема несериозно и ние редовно го ревидираме системот за граница и имиграција за да се осигураме дека тој продолжува да работи во интерес на Велика Британија, додаде Купер.

Ќе има четиринеделен преоден период без визи за оние кои веќе резервирале патување во ОК.

The post Колумбија воведува визи за државјаните на Велика Британија appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Колумбија, Густаво Петро, соопшти дека земјата ќе воведе визи за британските граѓани како одговор на тоа што Британија воведе визен режим за колумбиските граѓани. Според британската одлука, на граѓаните на Колумбија ќе им треба и транзитна виза ако сакаат да поминат низ Обединетото Кралство (ОК) за да патуваат во друга земја. Колумбискиот претседател рече дека неговата земја ќе воведе слични мерки според принципот на реципроцитет.
Ако ОК повторно го воведе условот за виза за колумбиските граѓани, морам да наведам дека во согласност со принципот на реципроцитет, колумбиската влада ќе бара визи од британските граѓани кои сакаат да дојдат во Колумбија, напиша претседателот на социјалната мрежа „Х“.
Претходно, британската министерка за внатрешни работи, Ивет Купер, изјави дека одлуката е донесена поради „значајното и одржливо“ зголемување на барањата за азил и „високите стапки на одбивање“ на странците на границата од ноември 2022 година.
Нашите односи со ОК остануваат силни и пријателски. Секоја одлука за промена на визниот статус не се зема несериозно и ние редовно го ревидираме системот за граница и имиграција за да се осигураме дека тој продолжува да работи во интерес на Велика Британија, додаде Купер.
Ќе има четиринеделен преоден период без визи за оние кои веќе резервирале патување во ОК.

The post Колумбија воведува визи за државјаните на Велика Британија appeared first on Република.

]]>
Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonskite-drzhavjani-vo-kina-ke-patuvaat-bez-vizi/ Fri, 22 Nov 2024 10:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=840766

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија.

Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан.

Покрај тоа, Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој од сегашните 15 на 30 дена, пренесе државната телевизија CCTV.

Почнувајќи од 30 ноември 2024 година, имателите на обични пасоши од 38 земји, вклучувајќи ги и дополнително додадените девет земји, ќе можат без виза да влезат во Кина за бизнис, туризам, посета на роднини и пријатели, размена на посети и транзит, не подолго од 30 дена.

The post Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи appeared first on Република.

]]>

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ја прошири политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Македонија. Помеѓу 30 ноември 2024 година и 31 декември 2025 година, политиката за ослободување од визи ќе се применува за обичните носители на пасоши и од Бугарија, Романија, Хрватска, Црна Гора, Малта, Естонија, Летонија и Јапонија, соопшти на прес-конференција во Пекинг портпаролот на МНР на НР Кина, Лин Џијан. Покрај тоа, Кина ќе го продолжи и периодот на безвизен престој од сегашните 15 на 30 дена, пренесе државната телевизија CCTV. Почнувајќи од 30 ноември 2024 година, имателите на обични пасоши од 38 земји, вклучувајќи ги и дополнително додадените девет земји, ќе можат без виза да влезат во Кина за бизнис, туризам, посета на роднини и пријатели, размена на посети и транзит, не подолго од 30 дена.

The post Македонските државјани во Кина ќе патуваат без визи appeared first on Република.

]]>
Србите од Косово од денеска без визи во ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbite-od-kosovo-od-deneska-bez-vizi-vo-eu/ Sun, 13 Oct 2024 19:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=826238

Од денеска стапува во сила безвизниот режим при влез во ЕУ за Србите од Косово кои имаат српски пасоши, пренесува 4news.mk.

Ова произлегува од Регулативата која беше објавена на 23 септември во Службениот весник на ЕУ и која предвидува стапување во сила во рок од 20 дена.

„Оваа регулатива е целосно обврзувачка и директно применлива во земјите-членки во согласност со договорите“, се наведува во документот.

Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 18 септември потпишаа декрет за укинување на визите за Србите од Косово со пасоши издадени од Координативната администрација на Република Србија.

Целиот овој процес траеше околу една година.

The post Србите од Косово од денеска без визи во ЕУ appeared first on Република.

]]>

Од денеска стапува во сила безвизниот режим при влез во ЕУ за Србите од Косово кои имаат српски пасоши, пренесува 4news.mk. Ова произлегува од Регулативата која беше објавена на 23 септември во Службениот весник на ЕУ и која предвидува стапување во сила во рок од 20 дена. „Оваа регулатива е целосно обврзувачка и директно применлива во земјите-членки во согласност со договорите“, се наведува во документот. Европскиот парламент и Советот на ЕУ на 18 септември потпишаа декрет за укинување на визите за Србите од Косово со пасоши издадени од Координативната администрација на Република Србија. Целиот овој процес траеше околу една година.

The post Србите од Косово од денеска без визи во ЕУ appeared first on Република.

]]>
Амбасадорите на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за укинување на визите за Србите од Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ambasadorite-na-zemjite-chlenki-na-eu-postignaa-dogovor-za-ukinuvane-na-vizite-za-srbite-od-kosovo/ Wed, 17 Jul 2024 18:18:07 +0000 https://republika.mk/?p=797779

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор за регулативата со која во безвизен режим ќе бидат опфатени и граѓаните на Косово со српски пасоши, како и на целиот Западен Балкан, а таа регулатива треба да ја донесат министрите за надворешни работи на 22 јули.

-На денешниот КОРЕПЕР II, амбасадорите начелно се согласија за регулатива со која се гарантира дека целиот регион на Западен Балкан е подложен на истиот визен режим. Ова ќе ги ослободи носителите на српски пасоши… за престој до 90 дена во земјите членки Советот сега ќе треба да ја усвои регулативата на следниот состанок на 22 јули, објави унгарското претседателство со Советот на ЕУ на социјалната мрежа „X“.

Србите од Косово, со пасоши на Управата за координација, останаа единствените во регионот на кои им е потребна виза за патување во ЕУ откако визната либерализација за Косово стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

The post Амбасадорите на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за укинување на визите за Србите од Косово appeared first on Република.

]]>

Амбасадорите на земјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор за регулативата со која во безвизен режим ќе бидат опфатени и граѓаните на Косово со српски пасоши, како и на целиот Западен Балкан, а таа регулатива треба да ја донесат министрите за надворешни работи на 22 јули. -На денешниот КОРЕПЕР II, амбасадорите начелно се согласија за регулатива со која се гарантира дека целиот регион на Западен Балкан е подложен на истиот визен режим. Ова ќе ги ослободи носителите на српски пасоши… за престој до 90 дена во земјите членки Советот сега ќе треба да ја усвои регулативата на следниот состанок на 22 јули, објави унгарското претседателство со Советот на ЕУ на социјалната мрежа „X“. Србите од Косово, со пасоши на Управата за координација, останаа единствените во регионот на кои им е потребна виза за патување во ЕУ откако визната либерализација за Косово стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

The post Амбасадорите на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за укинување на визите за Србите од Косово appeared first on Република.

]]>
Израел ги укинува визите за Косоварите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-gi-ukinuva-vizite-za-kosovarite/ Tue, 18 Jun 2024 10:07:20 +0000 https://republika.mk/?p=788697

Израел и Косово денеска во израелската амбасада во Приштина ќе го потпишат договорот за слободно движење без визен режим на граѓаните од двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што објави израелската амбасада, на официјализирањето на овој договор, кој беше постигнат уште во јануари годинава, ќе присуствува и министерот за внатрешни работи на Израел, Моша Арбел.

- Со задоволство ве покануваме на приемот што го организира Нејзината Екселенција г-ѓа. Тамар Зив, амбасадорка на Државата Израел во Република Косово, при што ќе го одбележиме Денот на независноста на Израел и Договорот за укинување на визите за косовските граѓани, се вели во соопштението.

На 29 јануари годинава, претседателката на Косово, Вјоса Османи објави дека Израел се согласил да ги укине визите за граѓаните на Косово.

Оваа одлука на Израел, која е последната земја која ја призна независноста на Косово пред околу три години, беше речено дека ќе стапи во сила по потпишувањето на договорот.

- Во оваа насока двете надлежни министерства ќе продолжат со процедурите на потпишување на договорот и граѓаните ќе бидат известени веднаш штом одлуката стапи во сила. Преку овој договор граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во Израел за туристички цели, се вели во тогашното соопштение од кабинетот на Османи.

The post Израел ги укинува визите за Косоварите appeared first on Република.

]]>

Израел и Косово денеска во израелската амбасада во Приштина ќе го потпишат договорот за слободно движење без визен режим на граѓаните од двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што објави израелската амбасада, на официјализирањето на овој договор, кој беше постигнат уште во јануари годинава, ќе присуствува и министерот за внатрешни работи на Израел, Моша Арбел. - Со задоволство ве покануваме на приемот што го организира Нејзината Екселенција г-ѓа. Тамар Зив, амбасадорка на Државата Израел во Република Косово, при што ќе го одбележиме Денот на независноста на Израел и Договорот за укинување на визите за косовските граѓани, се вели во соопштението. На 29 јануари годинава, претседателката на Косово, Вјоса Османи објави дека Израел се согласил да ги укине визите за граѓаните на Косово. Оваа одлука на Израел, која е последната земја која ја призна независноста на Косово пред околу три години, беше речено дека ќе стапи во сила по потпишувањето на договорот. - Во оваа насока двете надлежни министерства ќе продолжат со процедурите на потпишување на договорот и граѓаните ќе бидат известени веднаш штом одлуката стапи во сила. Преку овој договор граѓаните на Косово ќе можат да патуваат без визи во Израел за туристички цели, се вели во тогашното соопштение од кабинетот на Османи.

The post Израел ги укинува визите за Косоварите appeared first on Република.

]]>
Тајланд и Кина повеќе немаат визи за своите граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajland-i-kina-poveke-nemaat-vizi-za-svoite-gragani/ Sun, 28 Jan 2024 09:19:39 +0000 https://republika.mk/?p=737669

Тајланд и Кина потпишаа договор да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, соопшти тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара.

Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март.

Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд.

The post Тајланд и Кина повеќе немаат визи за своите граѓани appeared first on Република.

]]>

Тајланд и Кина потпишаа договор да ги укинат визите за своите државјани за да го олеснат патувањето и туризмот меѓу двете земји, соопшти тајландскиот министер за надворешни работи Парнпри Бахида-нукара. Взаемното откажување на визите ќе стапи во сила на 1 март. Договорот е потпишан за време на посетата на кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на Тајланд.

The post Тајланд и Кина повеќе немаат визи за своите граѓани appeared first on Република.

]]>
Русија го прекина безвизниот режим со Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusija-go-prekina-bezvizniot-rezhim-so-ukraina/ Tue, 31 Oct 2023 08:37:34 +0000 https://republika.mk/?p=696560

Договорот меѓу Русија и Украина со кој им се дозволува на нивните граѓани да ја минуваат границата меѓу земјите без виза повеќе не е во сила.

Договорот меѓу Владата на Руската Федерација и Владата на Украина за безвизно патување на граѓаните на Руската Федерација и Украина, потпишан во Москва на 16 јануари 1997 година, истече на 1 јануари 2023 година, се вели во известувањето, објавено на официјалната веб-страница на руската влада.

Според Министерството за надворешни работи, Украина на Русија и испратила нота во средината на 2022 година, со која и ставила до знаење на Москва дека договорот нема да биде продолжен и дека Киев ќе почне да бара визи од руските граѓани. Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде медиумско соопштение за тоа во јуни 2022 година.

Минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се дозволува на украинските граѓани да влезат во Русија дури и ако нивните пасоши се истечени, и ги наведува категориите на документи кои ќе се сметаат за прифатливи.

Милиони луѓе со украински документи побараа засолниште во Русија од конфликтот што ескалираше во февруари 2022 година.

Киев му се закани на секој што ќе прифати „непријателски пасош“ со 10-15 години затвор. Минатиот септември жителите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон гласаа за приклучување кон Русија и оттогаш многумина добија руско државјанство и пасоши.

The post Русија го прекина безвизниот режим со Украина appeared first on Република.

]]>

Договорот меѓу Русија и Украина со кој им се дозволува на нивните граѓани да ја минуваат границата меѓу земјите без виза повеќе не е во сила. Договорот меѓу Владата на Руската Федерација и Владата на Украина за безвизно патување на граѓаните на Руската Федерација и Украина, потпишан во Москва на 16 јануари 1997 година, истече на 1 јануари 2023 година, се вели во известувањето, објавено на официјалната веб-страница на руската влада. Според Министерството за надворешни работи, Украина на Русија и испратила нота во средината на 2022 година, со која и ставила до знаење на Москва дека договорот нема да биде продолжен и дека Киев ќе почне да бара визи од руските граѓани. Украинскиот претседател Володимир Зеленски даде медиумско соопштение за тоа во јуни 2022 година. Минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој им се дозволува на украинските граѓани да влезат во Русија дури и ако нивните пасоши се истечени, и ги наведува категориите на документи кои ќе се сметаат за прифатливи. Милиони луѓе со украински документи побараа засолниште во Русија од конфликтот што ескалираше во февруари 2022 година. Киев му се закани на секој што ќе прифати „непријателски пасош“ со 10-15 години затвор. Минатиот септември жителите на Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон гласаа за приклучување кон Русија и оттогаш многумина добија руско државјанство и пасоши.

The post Русија го прекина безвизниот режим со Украина appeared first on Република.

]]>
САД ги укинуваат визите за израелските граѓани https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sad-gi-ukinuvaat-vizite-za-izraelskite-gragani/ Mon, 25 Sep 2023 08:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=684904

Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, се подготвува да го одобри барањето на Израел за безвизен режим, соопшти синоќа ТВ каналот Еј-би-си повикувајќи се на американски службеници.

Според првичните информации конечната одлука треба да да биде објавена на 27 септември од Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност на САД, а следниот ден треба да биде ратификувана од државниот секретар Ентони Блинкен.

Прашањето за безвизен режим меѓу САД и Израел беше дискутирано на средбата меѓу Бајден и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху минатата недела за време на Генералното собрание на ОН.

Израел ги исполни сите барања на Вашингтон да стана дел од програмата за безвизен режим (Visa Waiver Program) во која учествуваат 40 земји. Ерусалим неодамна ги разлабави правилата за влез на своја територија на Американци со палестинско потекло од појасот Газа. Претходно, тие можеа да ја поминат границата само преку Египет или Јордан.

Новите правила овозможуваат Израелците да поднесат електронско барање за дозвола за влез во САД на веб- страницата ЕSТА (Electronic System for Travel Authorization) на Министертвото за внатрешна безбедност. За да се добие дозволата, која е со рок на траење од две години, се врши уплата од 21 долар, и се добива безвизен влез во САД во траење од 90 денови.

 

The post САД ги укинуваат визите за израелските граѓани appeared first on Република.

]]>

Администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, се подготвува да го одобри барањето на Израел за безвизен режим, соопшти синоќа ТВ каналот Еј-би-си повикувајќи се на американски службеници. Според првичните информации конечната одлука треба да да биде објавена на 27 септември од Алехандро Мајоркас, министер за внатрешна безбедност на САД, а следниот ден треба да биде ратификувана од државниот секретар Ентони Блинкен. Прашањето за безвизен режим меѓу САД и Израел беше дискутирано на средбата меѓу Бајден и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху минатата недела за време на Генералното собрание на ОН. Израел ги исполни сите барања на Вашингтон да стана дел од програмата за безвизен режим (Visa Waiver Program) во која учествуваат 40 земји. Ерусалим неодамна ги разлабави правилата за влез на своја територија на Американци со палестинско потекло од појасот Газа. Претходно, тие можеа да ја поминат границата само преку Египет или Јордан. Новите правила овозможуваат Израелците да поднесат електронско барање за дозвола за влез во САД на веб- страницата ЕSТА (Electronic System for Travel Authorization) на Министертвото за внатрешна безбедност. За да се добие дозволата, која е со рок на траење од две години, се врши уплата од 21 долар, и се добива безвизен влез во САД во траење од 90 денови.  

The post САД ги укинуваат визите за израелските граѓани appeared first on Република.

]]>
Противзаконски заработила многу пари: Се претставувала како вработена во германската амбасада во земјава, па нудела работни визи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/protivzakonski-zarabotila-mnogu-pari-se-pretstavuvala-kako-vrabotena-vo-germanskata-ambasada-vo-zemjava-pa-nudela-rabotni-vizi/ Wed, 05 Apr 2023 12:19:33 +0000 https://republika.mk/?p=627550

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар. Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист.

На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земала парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици.

Со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор. Со Решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Противзаконски заработила многу пари: Се претставувала како вработена во германската амбасада во земјава, па нудела работни визи appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за продолжено кривично дело – Измама согласно член 247 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Осомничената, во периодот од март 2022 до март годинава, прикажувајќи се како вработено лице во Германската амбасада во Скопје и во Министерството за внатрешни работи на РМ, довела во заблуда осум оштетени лица од Гостивар. Целта и била, искористувајќи исти или слични прилики, да прибави за себе противправна имотна корист. На жртвите им нудела да им обезбеди работни визи за Германија или сертификати за познавање на германски јазик, а во замена наплатувала парични средства. На тој начин, од сите оштетени, успеала да се стекне со вкупна противправна имотна корист од околу 18.500 евра. Откако ќе им ги земала парите, потоа повеќе не им се јавувала на телефонските повици. Со цел обезбедување во секој од случаите поединечно, надлежниот јавен обвинител најпрвин предложи на два пати по 48 часа притвор за осомничената, а по истекот поднесе и предлог за определување мерка притвор. Со Решение на Основниот суд во Гостивар на осомничената и е определен притвор во траење од 30 дена.​​

The post Противзаконски заработила многу пари: Се претставувала како вработена во германската амбасада во земјава, па нудела работни визи appeared first on Република.

]]>
Албанија го поздрави укинување на европскиот визен режим за граѓаните на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/albanija-go-pozdravi-ukinuvane-na-evropskiot-vizen-rezhim-za-graganite-na-kosovo/ Thu, 09 Mar 2023 17:16:00 +0000 https://republika.mk/?p=617831

Државниот врв на Албанија ја поздравија веста дека Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово, при што ја оценија како „многу значајна но неправедно одложувана“.

ЕУ направи чекор неправедно одложуван со години и конечно од себе ја трга дамката на срамот да го третира Косово како да е земја надвор од Европа! Честитки не само за Косово, туку и за Европската Унија“, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.

Шефот на државата, Бајрам Бегај, пак, на Фејсбук наведе дека оваа одлука треба да се финализира што е можно поскоро и оти граѓаните на Косово треба да се чувствуваат еднакви со другите граѓани на Западен Балкан.

Го поздравувам овој значаен чекор што го направи Советот на Европската унија во однос на слободното, безвизно движење на косовските граѓани во Шенген зоната! Посакувам овој процес да заврши што е можно поскоро и граѓаните на Косово да се чувствуваат исто како и другите граѓани на Западен Балкан! Многу заслужена одлука“, пишува Бегај.

Честитки до Косово и неговите граѓани упатија и лидери на политички партии, кои меѓу другото оценуваат дека „Косово повеќе нема да биде изолиран остров во Европа“.

Советот на Европската Унија, во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година.

The post Албанија го поздрави укинување на европскиот визен режим за граѓаните на Косово appeared first on Република.

]]>

Државниот врв на Албанија ја поздравија веста дека Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово, при што ја оценија како „многу значајна но неправедно одложувана“.
ЕУ направи чекор неправедно одложуван со години и конечно од себе ја трга дамката на срамот да го третира Косово како да е земја надвор од Европа! Честитки не само за Косово, туку и за Европската Унија“, напиша премиерот Еди Рама на Фејсбук.
Шефот на државата, Бајрам Бегај, пак, на Фејсбук наведе дека оваа одлука треба да се финализира што е можно поскоро и оти граѓаните на Косово треба да се чувствуваат еднакви со другите граѓани на Западен Балкан.
Го поздравувам овој значаен чекор што го направи Советот на Европската унија во однос на слободното, безвизно движење на косовските граѓани во Шенген зоната! Посакувам овој процес да заврши што е можно поскоро и граѓаните на Косово да се чувствуваат исто како и другите граѓани на Западен Балкан! Многу заслужена одлука“, пишува Бегај.
Честитки до Косово и неговите граѓани упатија и лидери на политички партии, кои меѓу другото оценуваат дека „Косово повеќе нема да биде изолиран остров во Европа“. Советот на Европската Унија, во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година.

The post Албанија го поздрави укинување на европскиот визен режим за граѓаните на Косово appeared first on Република.

]]>
Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sovetot-na-eu-dade-zeleno-svetlo-za-ukinuvane-na-vizniot-rezhim-za-graganite-na-kosovo/ Thu, 09 Mar 2023 14:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=617784

Советот на Европската Унија, денеска во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година.

Сопствениците на косовски пасоши ќе можат да влезат во ЕУ без визи или од 1 јануари 2024 година или од почетокот на функционирање на Системот на ЕУ за информации и одобрувања на патувања (ЕТИАС), доколку тоа се случи оваа година, соопшти денеска Советот на ЕУ. Пред две недели беше објавено дека почетокот на ЕТИАС, електронскиот систем за одобрување влез во ЕУ, ќе биде одложен до следната година.

Новите правила ќе им овозможат на косовските државјани да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим во однос на ЕУ.

Пред новите правила да бидат потпишани и објавени во Службен весник на ЕУ, тие треба да бидат усвоени од Европскиот парламент.

Марија Малмер Стенергард, министерка за миграција во владата на Шведска, земја која моментално претседава со ЕУ, рече дека Косово „вложи големи напори“ да го подобри управувањето со миграцијата и да се усогласи со визната политика на ЕУ и изрази надеж дека соработката меѓу ЕУ и Приштина во тие области „ќе продолжи да биде плодна“.

Врз основа на оценката дека Косово постигна значаен напредок во сите области од патоказот за либерализација на визниот режим, Европската комисија предложи укинување на визите за сопствениците на косовски пасоши. Европската комисија ќе продолжи активно да го следи спроведувањето на тие барања, вклучително и усогласувањето на визната политика, преку посебен механизам, посочува Советот на ЕУ.

На 30 ноември 2022 година, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија за преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседавачот со ЕУ требаше да ги започне преговорите со Европскиот парламент.

Косово долго чекаше безвизен режим за влез во ЕУ, откако Европската комисија во јули 2018 година потврди дека земјата ги исполни преостанатите два услови за визна либерализација (ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и успех во борбата против криминал и корупција), и дека на тој начин ги исполнила сите критериуми од Патоказот за визна либерализација.

The post Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската Унија, денеска во прво читање, усвои став за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово најдоцна од 1 јануари следната година. Сопствениците на косовски пасоши ќе можат да влезат во ЕУ без визи или од 1 јануари 2024 година или од почетокот на функционирање на Системот на ЕУ за информации и одобрувања на патувања (ЕТИАС), доколку тоа се случи оваа година, соопшти денеска Советот на ЕУ. Пред две недели беше објавено дека почетокот на ЕТИАС, електронскиот систем за одобрување влез во ЕУ, ќе биде одложен до следната година. Новите правила ќе им овозможат на косовските државјани да влезат во ЕУ без виза во период од 90 дена во кој било период од 180 дена, со што целиот регион на Западен Балкан ќе биде под ист визен режим во однос на ЕУ. Пред новите правила да бидат потпишани и објавени во Службен весник на ЕУ, тие треба да бидат усвоени од Европскиот парламент. Марија Малмер Стенергард, министерка за миграција во владата на Шведска, земја која моментално претседава со ЕУ, рече дека Косово „вложи големи напори“ да го подобри управувањето со миграцијата и да се усогласи со визната политика на ЕУ и изрази надеж дека соработката меѓу ЕУ и Приштина во тие области „ќе продолжи да биде плодна“. Врз основа на оценката дека Косово постигна значаен напредок во сите области од патоказот за либерализација на визниот режим, Европската комисија предложи укинување на визите за сопствениците на косовски пасоши. Европската комисија ќе продолжи активно да го следи спроведувањето на тие барања, вклучително и усогласувањето на визната политика, преку посебен механизам, посочува Советот на ЕУ. На 30 ноември 2022 година, амбасадорите на земјите-членки на ЕУ се договорија за преговарачки мандат за безвизен режим за граѓаните на Косово, врз основа на кој претседавачот со ЕУ требаше да ги започне преговорите со Европскиот парламент. Косово долго чекаше безвизен режим за влез во ЕУ, откако Европската комисија во јули 2018 година потврди дека земјата ги исполни преостанатите два услови за визна либерализација (ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора и успех во борбата против криминал и корупција), и дека на тој начин ги исполнила сите критериуми од Патоказот за визна либерализација.

The post Советот на ЕУ даде зелено светло за укинување на визниот режим за граѓаните на Косово appeared first on Република.

]]>
По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/po-petgodishna-pauza-sad-povtorno-izdavaat-vizi-vo-kuba/ Thu, 05 Jan 2023 08:19:12 +0000 https://republika.mk/?p=593753

Одделот за конзуларни прашања и издавање визи на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба продолжи со работа по петгодишна пауза.

На крајот на декември, амбасадата објави дека од 4 јануари ќе започне целосна обработка на имигрантските визи во дипломатската институција, а неименуван портпарол на Стејт департментот потврди дека процесот продолжува.

Американските визни и конзуларни служби во Куба беа затворени во 2017 година, откако персоналот на американската амбасада доживеа серија здравствени проблеми. Пациентите имале главоболки, вртоглавица, гадење и други симптоми поврзани со трауматски повреди на мозокот. Десетици случаи останаа нерешени и се под активна истрага, а слични случаи беа пријавени и во Азија и Европа.

Одделот првично ќе се фокусира на обработка на барањата за виза за членови на семејствата на поединци кои живеат во САД, објави амбасадата на 30 декември.

Кубанците кои сакаа легално да имигрираат во САД мораа да одат во трети земји во последниве години за да го продолжат процесот, додека САД ги намалија своите дипломатски активности во островската држава.

Одлуката за продолжување на обработката на визите во Хавана доаѓа додека САД се соочуваат со масовна миграција од Латинска Америка.

The post По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба appeared first on Република.

]]>

Одделот за конзуларни прашања и издавање визи на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба продолжи со работа по петгодишна пауза. На крајот на декември, амбасадата објави дека од 4 јануари ќе започне целосна обработка на имигрантските визи во дипломатската институција, а неименуван портпарол на Стејт департментот потврди дека процесот продолжува. Американските визни и конзуларни служби во Куба беа затворени во 2017 година, откако персоналот на американската амбасада доживеа серија здравствени проблеми. Пациентите имале главоболки, вртоглавица, гадење и други симптоми поврзани со трауматски повреди на мозокот. Десетици случаи останаа нерешени и се под активна истрага, а слични случаи беа пријавени и во Азија и Европа. Одделот првично ќе се фокусира на обработка на барањата за виза за членови на семејствата на поединци кои живеат во САД, објави амбасадата на 30 декември. Кубанците кои сакаа легално да имигрираат во САД мораа да одат во трети земји во последниве години за да го продолжат процесот, додека САД ги намалија своите дипломатски активности во островската држава. Одлуката за продолжување на обработката на визите во Хавана доаѓа додека САД се соочуваат со масовна миграција од Латинска Америка.

The post По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба appeared first on Република.

]]>
Македонија не воведува визи за Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-ne-voveduva-vizi-za-kosovo/ Wed, 07 Dec 2022 10:59:58 +0000 https://republika.mk/?p=582906

Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.

Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи.

Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.

Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.

Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ.

The post Македонија не воведува визи за Косово appeared first on Република.

]]>

Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.
Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи.
Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.
Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.
Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ.

The post Македонија не воведува визи за Косово appeared first on Република.

]]>
Oд 1 јануари Македонија воведува визи за државјаните на Куба и Боцвана https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/od-1-januari-makedonija-voveduva-vizi-za-drzavjanite-na-kuba-i-bocvana/ Mon, 05 Dec 2022 11:26:23 +0000 https://republika.mk/?p=582134

Oд 1 јануари 2023 година, Македонија ќе воведе визен режим за Куба и Боцвана, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој на прес-конференција рече дека ваква одлука донела Владата на предлог на Министерството за надворешни работи во контекст на усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

Знаете дека во последно време има сериозен проблем кога земји од Африка и Азија го користат белградскиот аеродром поради постоењето на либерализиран визен режим во Србија и нивните граѓани слетуваат на аеродром кој не е во Белград, а потоа заминуваат во земјите на ЕУ, рече Османи.

Тој истакна дека постои еден податок дека од 6.000 луѓе кои слетале на белградскиот аеродром во одреден период, само 10 отсто се вратиле преку тој аеродром (во своите земји).

Иако нашата земја не е меѓу земјите кои имаат проблеми со овој тип на миграција, сепак решивме да бидеме проактивни и донесовме одлука да воведеме визен режим за овие земји (Куба и Боцвана)“, рече шефот на дипломатијата на Македонија.

The post Oд 1 јануари Македонија воведува визи за државјаните на Куба и Боцвана appeared first on Република.

]]>

Oд 1 јануари 2023 година, Македонија ќе воведе визен режим за Куба и Боцвана, најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој на прес-конференција рече дека ваква одлука донела Владата на предлог на Министерството за надворешни работи во контекст на усогласување со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.
Знаете дека во последно време има сериозен проблем кога земји од Африка и Азија го користат белградскиот аеродром поради постоењето на либерализиран визен режим во Србија и нивните граѓани слетуваат на аеродром кој не е во Белград, а потоа заминуваат во земјите на ЕУ, рече Османи.
Тој истакна дека постои еден податок дека од 6.000 луѓе кои слетале на белградскиот аеродром во одреден период, само 10 отсто се вратиле преку тој аеродром (во своите земји).
Иако нашата земја не е меѓу земјите кои имаат проблеми со овој тип на миграција, сепак решивме да бидеме проактивни и донесовме одлука да воведеме визен режим за овие земји (Куба и Боцвана)“, рече шефот на дипломатијата на Македонија.

The post Oд 1 јануари Македонија воведува визи за државјаните на Куба и Боцвана appeared first on Република.

]]>
Членките на ЕУ се договорија за укинување на визите за Косово најдоцна до 1 јануари 2024 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/chlenkite-na-eu-se-dogovorija-za-ukinuvanje-na-vizite-za-kosovo-najdocna-do-1-januari-2024-godina/ Tue, 22 Nov 2022 21:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=577128

Членките на Европската унија (ЕУ) го договорија финалниот текст за визната либерализација на Косово, кој предвидува дека укинувањето на визниот режим ќе стапи на сила во моментот кога европскиот систем ETIAS ќе биде целосно функционален, на 1 јануари. најдоцна 2024 година.

Според извори на РСЕ, учесниците на состанокот го прифатиле барањето на Шпанија крајниот датум да не се совпаѓа со нејзиното претседавање со ЕУ.

Шпанија не ја призна независноста на Косово, поради што побара датумот да не се совпаѓа со нејзиното претседавање, кое ќе биде од 1 јули до 31 декември 2023 година.

Ова е причината што Шпанија е една од земјите кои на 16 ноември ја прекинаа таканаречената тивка постапка, кога требаше да се усогласи претходниот текст, со кој визната либерализација би стапила на сила најдоцна од 1 декември 2023 година.

Чешката Република, како претседавач со ЕУ, сè уште се обидува да ги заврши сите релевантни законодавни процедури до крајот на оваа година. Бидејќи текстот е договорен, се подразбира дека на утрешната средба ќе биде усвоен од амбасадорите на ЕУ.

Се планира ова прашање да биде под „точка А“, што подразбира автоматско усвојување на текстот без претходна расправа. Во тој случај, завршување на сите процедури до крајот на декември е реална опција.

1 јануари 2024 година, според договорениот текст, се смета за најновиот рок кога граѓаните на Косово би можеле да почнат да го користат безвизниот режим, а укинувањето на визите може да дојде и порано доколку целосно функционира европскиот информациски систем ETIAS, што ЕУ го планира пред крајот на следната година.

ETIAS е систем за доделување овластување за патување во земјите на Европската унија кои припаѓаат на Шенген зоната. Конечната одлука за преминување на надворешната граница ја носи земјата членка на ЕУ од првата дестинација.

За да ја преминат надворешната Шенген граница, патниците без виза ќе треба да имаат и валиден патен документ и овластување ETIAS.

The post Членките на ЕУ се договорија за укинување на визите за Косово најдоцна до 1 јануари 2024 година appeared first on Република.

]]>

Членките на Европската унија (ЕУ) го договорија финалниот текст за визната либерализација на Косово, кој предвидува дека укинувањето на визниот режим ќе стапи на сила во моментот кога европскиот систем ETIAS ќе биде целосно функционален, на 1 јануари. најдоцна 2024 година. Според извори на РСЕ, учесниците на состанокот го прифатиле барањето на Шпанија крајниот датум да не се совпаѓа со нејзиното претседавање со ЕУ. Шпанија не ја призна независноста на Косово, поради што побара датумот да не се совпаѓа со нејзиното претседавање, кое ќе биде од 1 јули до 31 декември 2023 година. Ова е причината што Шпанија е една од земјите кои на 16 ноември ја прекинаа таканаречената тивка постапка, кога требаше да се усогласи претходниот текст, со кој визната либерализација би стапила на сила најдоцна од 1 декември 2023 година. Чешката Република, како претседавач со ЕУ, сè уште се обидува да ги заврши сите релевантни законодавни процедури до крајот на оваа година. Бидејќи текстот е договорен, се подразбира дека на утрешната средба ќе биде усвоен од амбасадорите на ЕУ. Се планира ова прашање да биде под „точка А“, што подразбира автоматско усвојување на текстот без претходна расправа. Во тој случај, завршување на сите процедури до крајот на декември е реална опција. 1 јануари 2024 година, според договорениот текст, се смета за најновиот рок кога граѓаните на Косово би можеле да почнат да го користат безвизниот режим, а укинувањето на визите може да дојде и порано доколку целосно функционира европскиот информациски систем ETIAS, што ЕУ го планира пред крајот на следната година. ETIAS е систем за доделување овластување за патување во земјите на Европската унија кои припаѓаат на Шенген зоната. Конечната одлука за преминување на надворешната граница ја носи земјата членка на ЕУ од првата дестинација. За да ја преминат надворешната Шенген граница, патниците без виза ќе треба да имаат и валиден патен документ и овластување ETIAS.

The post Членките на ЕУ се договорија за укинување на визите за Косово најдоцна до 1 јануари 2024 година appeared first on Република.

]]>
ЕУ го укина договорот за визите со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-go-ukina-dogovorot-za-vizite-so-rusija/ Fri, 09 Sep 2022 18:39:42 +0000 https://republika.mk/?p=549239

Советот на Европската унија донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за олеснување на визниот режим меѓу ЕУ и Русија, што значи дека руските граѓани ќе плаќаат повисоки визни такси и ќе чекаат подолго за визите.

Суспензијата на договорот, кој стапува во сила од понеделник, повлекува зголемување на визните такси од 35 на 80 евра, ќе треба да се достави дополнителна документација со барањата за виза, што ќе потрае подолго за да се обработат и порестриктивни правила за издавање визи за повеќекратен влез.

„Договорот за поедноставување на издавањето визи за граѓаните на доверливи партнери со кои споделуваме заеднички вредности овозможува привилегиран пристап до ЕУ. Со неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна, како и неселективни напади врз цивилното население, Русија ја уништи довербата и ги загрози основните вредности на нашата меѓународна заедница“, рече чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан.

„Денешната одлука е директна последица на дејствијата на Русија и е дополнителен доказ за нашата непоколеблива посветеност на Украина и нејзиното население“, рече чешкиот министер.

Договорот за олеснување на визниот режим меѓу ЕУ и Русија стапи на сила на 1 јуни 2007 година и го олесни издавањето визи за краткорочен престој, најмногу до 90 дена во период од 180 дена.

Политичкиот договор за целосно суспендирање на договорот за поедноставено издавање визи е постигнат минатата недела на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки во Прага. На тој состанок не беше поддржан предлогот за забрана за издавање туристички визи за руски државјани, кој го предложија неколку земји членки.

The post ЕУ го укина договорот за визите со Русија appeared first on Република.

]]>

Советот на Европската унија донесе одлука за целосно суспендирање на договорот за олеснување на визниот режим меѓу ЕУ и Русија, што значи дека руските граѓани ќе плаќаат повисоки визни такси и ќе чекаат подолго за визите. Суспензијата на договорот, кој стапува во сила од понеделник, повлекува зголемување на визните такси од 35 на 80 евра, ќе треба да се достави дополнителна документација со барањата за виза, што ќе потрае подолго за да се обработат и порестриктивни правила за издавање визи за повеќекратен влез. „Договорот за поедноставување на издавањето визи за граѓаните на доверливи партнери со кои споделуваме заеднички вредности овозможува привилегиран пристап до ЕУ. Со неиспровоцирана и неоправдана агресивна војна, како и неселективни напади врз цивилното население, Русија ја уништи довербата и ги загрози основните вредности на нашата меѓународна заедница“, рече чешкиот министер за внатрешни работи Вит Ракушан. „Денешната одлука е директна последица на дејствијата на Русија и е дополнителен доказ за нашата непоколеблива посветеност на Украина и нејзиното население“, рече чешкиот министер. Договорот за олеснување на визниот режим меѓу ЕУ и Русија стапи на сила на 1 јуни 2007 година и го олесни издавањето визи за краткорочен престој, најмногу до 90 дена во период од 180 дена. Политичкиот договор за целосно суспендирање на договорот за поедноставено издавање визи е постигнат минатата недела на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки во Прага. На тој состанок не беше поддржан предлогот за забрана за издавање туристички визи за руски државјани, кој го предложија неколку земји членки.

The post ЕУ го укина договорот за визите со Русија appeared first on Република.

]]>
Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/baltichkite-zemji-kje-dozvoluvaat-vlez-za-ruski-drzavjani-samo-vo-iskluchitelni-situacii/ Wed, 07 Sep 2022 12:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=548328

Литванија, Летонија и Естонија постигнале договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија нивните министри за надворешни работи.

Летонскиот министер Едгарс Ринкевичс, соопшти дека трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.

Во текот на изминатите неколку недели и месеци, драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа - изјави Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.

Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.

The post Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации appeared first on Република.

]]>

Литванија, Летонија и Естонија постигнале договор за ограничување на влезот на руски државјани кои пристигнуваат на нивните територии од Русија и Белорусија, соопштија нивните министри за надворешни работи. Летонскиот министер Едгарс Ринкевичс, соопшти дека трите балтички држави треба да ја воведат забраната до средината на септември. Влезот ќе биде овозможен за оние кои патуваат од хуманитарни или семејни причини, за возачи на камиони и дипломати.
Во текот на изминатите неколку недели и месеци, драматично се зголемија преминувањата на руски државјани со шенген визи. Стана прашање на јавна безбедност, но и од морална и политичка природа - изјави Ринкевичс на прес-конференција во Литванија.
Директните летови меѓу Русија и ЕУ беа откажани по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, оставајќи им на Русите намалени опции за патување во Унијата.

The post Балтичките земји ќе дозволуваат влез за руски државјани само во исклучителни ситуации appeared first on Република.

]]>
Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-kje-plakjaat-povekje-i-kje-chekaat-podolgo-eu-predlaga-celosna-suspenzija-na-vizniot-dogovor-so-rusija/ Tue, 06 Sep 2022 15:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=548023

Европската Унија (ЕУ) предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Тоа значи дека руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго.

Предлогот следува откако минатата недела во Прага, министрите за надворешни работи на земјите членки постигнаа политички договор по ова прашање.

Комисијата објави и предлог за непризнавање на руските пасоши издадени на подрачјата во Украина, што се под контрола на руските сили.

Сè додека трае руската агресија врз земјата кандидат за членство во ЕУ, не може да има олеснување за руските граѓани да патуваат во Европа - истакна потпретседателот на Комисијата за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Шинас.

Тој додаде дека визната политика на ЕУ е „знак на доверба, што Русија целосно ја урнала со од ништо предизвиканата и неправедна агресивна војна против Украина“.

Русите во иднина ќе плаќаат 80 евра за виза за влез во ЕУ, наместо сегашните 35. Рокот за конзулатите што издаваат визи ќе се зголеми од 10 на 15 денови. Може да се продолжи до најмногу 45 денови кога е потребна подетална проверка на барателот на виза.

Ќе се ограничи издавање визи што овозможуваат повеќекратен влез во ЕУ и руските граѓани во барањето за виза ќе мора да достават повеќе документи, отколку што е потребно сега.

Договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија стапи во сила во јуни 2007 година. Еден ден по почетокот на руската инвазија врз Украина, на 25 февруари, ЕУ делумно го суспендираше за руските бизнисмени.

Предлогот за суспензија на договорот треба да биде одобрен од Советот на Европската Унија.

The post Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија appeared first on Република.

]]>

Европската Унија (ЕУ) предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Тоа значи дека руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго. Предлогот следува откако минатата недела во Прага, министрите за надворешни работи на земјите членки постигнаа политички договор по ова прашање. Комисијата објави и предлог за непризнавање на руските пасоши издадени на подрачјата во Украина, што се под контрола на руските сили.
Сè додека трае руската агресија врз земјата кандидат за членство во ЕУ, не може да има олеснување за руските граѓани да патуваат во Европа - истакна потпретседателот на Комисијата за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Шинас.
Тој додаде дека визната политика на ЕУ е „знак на доверба, што Русија целосно ја урнала со од ништо предизвиканата и неправедна агресивна војна против Украина“. Русите во иднина ќе плаќаат 80 евра за виза за влез во ЕУ, наместо сегашните 35. Рокот за конзулатите што издаваат визи ќе се зголеми од 10 на 15 денови. Може да се продолжи до најмногу 45 денови кога е потребна подетална проверка на барателот на виза. Ќе се ограничи издавање визи што овозможуваат повеќекратен влез во ЕУ и руските граѓани во барањето за виза ќе мора да достават повеќе документи, отколку што е потребно сега. Договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија стапи во сила во јуни 2007 година. Еден ден по почетокот на руската инвазија врз Украина, на 25 февруари, ЕУ делумно го суспендираше за руските бизнисмени. Предлогот за суспензија на договорот треба да биде одобрен од Советот на Европската Унија.

The post Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија appeared first on Република.

]]>
Литванија не сака да дава визи за руски граѓани: Ако нема европска одлука, ќе инсистира на регионално решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/litvanija-ne-saka-da-dava-vizi-za-ruski-gragjani-ako-nema-evropska-odluka-kje-insistira-na-regionalno-reshenie/ Tue, 23 Aug 2022 21:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=543436

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, изјави дека доколку не се постигне договор во Европската унија за забрана за издавање туристички визи за руските граѓани, нема да ја исклучи потрагата по решение во регионот во кое покрај балтичките земји би биле вклучени и Полска и Финска.

Ландсбергис порача дека претпочита „европско решение бидејќи тоа е најодржливо и законски најправилно“.

Доколку не се најде такво решение, не исклучуваме да бараме регионално решение - порача Ландсбергис без да објасни што всушност значи тоа.

Петте земји за кои зборуваше, а сите се членки на ЕУ, бараат целата Унија да престане да издава туристички визи за руските граѓани. Сепак, ЕУ не го поддржува тоа решение со кое би имало ускратување на патувањата на Русите додека трае војната во Украина.

The post Литванија не сака да дава визи за руски граѓани: Ако нема европска одлука, ќе инсистира на регионално решение appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис, изјави дека доколку не се постигне договор во Европската унија за забрана за издавање туристички визи за руските граѓани, нема да ја исклучи потрагата по решение во регионот во кое покрај балтичките земји би биле вклучени и Полска и Финска. Ландсбергис порача дека претпочита „европско решение бидејќи тоа е најодржливо и законски најправилно“.
Доколку не се најде такво решение, не исклучуваме да бараме регионално решение - порача Ландсбергис без да објасни што всушност значи тоа.
Петте земји за кои зборуваше, а сите се членки на ЕУ, бараат целата Унија да престане да издава туристички визи за руските граѓани. Сепак, ЕУ не го поддржува тоа решение со кое би имало ускратување на патувањата на Русите додека трае војната во Украина.

The post Литванија не сака да дава визи за руски граѓани: Ако нема европска одлука, ќе инсистира на регионално решение appeared first on Република.

]]>
Ресторан во Приштина им забрани влез на државјани на ЕУ без косовска виза https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/restoran-vo-prishtina-im-zabrani-vlez-na-drzavjani-na-eu-bez-kosovska-viza/ Mon, 27 Jun 2022 15:07:07 +0000 https://republika.mk/?p=520030

Ресторан во Приштина на својот влез постави табличка, со која порачува дека им се забранува влезот на државјани од земјите на Европската Унија кои не поседуваат косовски визи, објави порталот „Газета експрес“.

Одлуката на сопствениците на ресторанот „Мамас“ доаѓа по одбивањето од страна на Брисел, на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, да ги укине шенген-визите за граѓаните на Косово.

Протест. Забранет влез за граѓаните од ЕУ без косовски визи - пишува на таблата на влезот од „Мамас“.

Ресторанот кој им го забрани влезот на граѓаните од ЕУ без косовска виза, се наоѓа во непосредна близина на најголемиот логистички центар на Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС).

The post Ресторан во Приштина им забрани влез на државјани на ЕУ без косовска виза appeared first on Република.

]]>

Ресторан во Приштина на својот влез постави табличка, со која порачува дека им се забранува влезот на државјани од земјите на Европската Унија кои не поседуваат косовски визи, објави порталот „Газета експрес“. Одлуката на сопствениците на ресторанот „Мамас“ доаѓа по одбивањето од страна на Брисел, на Самитот на ЕУ и Западен Балкан, да ги укине шенген-визите за граѓаните на Косово.
Протест. Забранет влез за граѓаните од ЕУ без косовски визи - пишува на таблата на влезот од „Мамас“.
Ресторанот кој им го забрани влезот на граѓаните од ЕУ без косовска виза, се наоѓа во непосредна близина на најголемиот логистички центар на Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС).

The post Ресторан во Приштина им забрани влез на државјани на ЕУ без косовска виза appeared first on Република.

]]>