визен режим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizen-rezim/ За подобро да се разбереме Wed, 26 Oct 2022 13:26:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png визен режим Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizen-rezim/ 32 32 Државјаните од неколку земји ќе го изгубат правото да влегуваат во Србија без виза: Поради миграцијата Србија ја менува визната политика https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/drzavjanite-od-nekolku-zemji-kje-go-izgubat-pravoto-da-vleguvaat-vo-srbija-bez-viza-poradi-migracijata-srbija-ja-menuva-viznata-politika/ Wed, 26 Oct 2022 13:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=565951

Србија најави дека ќе ја усогласи својата визна политика со стандардите на Европската Унија, а во исто време, ЕУ сака да ја зајакне улогата на Фронтекс на границите во Западен Балкан поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат преку балканската рута.

Порталот „ЕУОпсервер“ објави дека Србија има безвизен режим со дваесет земји, чии граѓани вообичаено имаат потреба од виза за влез во ЕУ.

Во моментов, на граѓаните на Азербејџан, Бахреин, Белорусија, Боливија, Гвинеја-Бисао, Индија, Индонезија, Јамајка, Ерменија, Катар, Казахстан, Кина, Киргистан, Куба, Кувајт, Монголија, Оман, Русија, Суринам и Турција не им се потребни визи за влезат во Србија.

Минатата недела Белград ги раскина договорите за безвизен режим со Тунис и Бурунди, по предупредувањето од Брисел до ЕУ дека поради таквата визна политика на граѓаните на Србија повторно може да им биде оневозможено слободно патување во ЕУ, пишува „ЕУОпсервер“.

Амбасадата на Србија во ЕУ претходно објави дека Белград „фундаментално ќе се усогласи со визната политика на ЕУ до крајот на годината“, пренесе Бета.

Поратлот наведува дека иако не е експлицитно наведено, во таа изјава меѓу редови може да се види дека покрај Тунис и Бурунди, наскоро правото да влезат во Србија без виза ќе го изгубат и државјани на некои други земји.

Статистиката покажува зголемување на бројот на државјани на Куба (339 наспроти 36), Индија (4.469 наспроти 557) и Турција (6.186 наспроти 1.652) кои влегуваат во Србија, а тие се повеќе се обидуваат нелегално да стигнат до ЕУ, иако повеќето мигранти се уште пристигнуваат од Сирија и Авганистан преку балканската рута, пишува порталот.

„ЕУОпсервер“ прецизира дека лани, државјани на Турција, Тунис, Индија, Куба и Бурунди биле актери во вкупно 2,5 отсто од илегалните гранични премини на балканската рута, а годинава тој процент се искачил на 20 отсто.

The post Државјаните од неколку земји ќе го изгубат правото да влегуваат во Србија без виза: Поради миграцијата Србија ја менува визната политика appeared first on Република.

]]>

Србија најави дека ќе ја усогласи својата визна политика со стандардите на Европската Унија, а во исто време, ЕУ сака да ја зајакне улогата на Фронтекс на границите во Западен Балкан поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат преку балканската рута. Порталот „ЕУОпсервер“ објави дека Србија има безвизен режим со дваесет земји, чии граѓани вообичаено имаат потреба од виза за влез во ЕУ. Во моментов, на граѓаните на Азербејџан, Бахреин, Белорусија, Боливија, Гвинеја-Бисао, Индија, Индонезија, Јамајка, Ерменија, Катар, Казахстан, Кина, Киргистан, Куба, Кувајт, Монголија, Оман, Русија, Суринам и Турција не им се потребни визи за влезат во Србија.
Минатата недела Белград ги раскина договорите за безвизен режим со Тунис и Бурунди, по предупредувањето од Брисел до ЕУ дека поради таквата визна политика на граѓаните на Србија повторно може да им биде оневозможено слободно патување во ЕУ, пишува „ЕУОпсервер“.
Амбасадата на Србија во ЕУ претходно објави дека Белград „фундаментално ќе се усогласи со визната политика на ЕУ до крајот на годината“, пренесе Бета. Поратлот наведува дека иако не е експлицитно наведено, во таа изјава меѓу редови може да се види дека покрај Тунис и Бурунди, наскоро правото да влезат во Србија без виза ќе го изгубат и државјани на некои други земји.
Статистиката покажува зголемување на бројот на државјани на Куба (339 наспроти 36), Индија (4.469 наспроти 557) и Турција (6.186 наспроти 1.652) кои влегуваат во Србија, а тие се повеќе се обидуваат нелегално да стигнат до ЕУ, иако повеќето мигранти се уште пристигнуваат од Сирија и Авганистан преку балканската рута, пишува порталот.
„ЕУОпсервер“ прецизира дека лани, државјани на Турција, Тунис, Индија, Куба и Бурунди биле актери во вкупно 2,5 отсто од илегалните гранични премини на балканската рута, а годинава тој процент се искачил на 20 отсто.

The post Државјаните од неколку земји ќе го изгубат правото да влегуваат во Србија без виза: Поради миграцијата Србија ја менува визната политика appeared first on Република.

]]>
Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rusite-kje-plakjaat-povekje-i-kje-chekaat-podolgo-eu-predlaga-celosna-suspenzija-na-vizniot-dogovor-so-rusija/ Tue, 06 Sep 2022 15:55:30 +0000 https://republika.mk/?p=548023

Европската Унија (ЕУ) предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Тоа значи дека руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго.

Предлогот следува откако минатата недела во Прага, министрите за надворешни работи на земјите членки постигнаа политички договор по ова прашање.

Комисијата објави и предлог за непризнавање на руските пасоши издадени на подрачјата во Украина, што се под контрола на руските сили.

Сè додека трае руската агресија врз земјата кандидат за членство во ЕУ, не може да има олеснување за руските граѓани да патуваат во Европа - истакна потпретседателот на Комисијата за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Шинас.

Тој додаде дека визната политика на ЕУ е „знак на доверба, што Русија целосно ја урнала со од ништо предизвиканата и неправедна агресивна војна против Украина“.

Русите во иднина ќе плаќаат 80 евра за виза за влез во ЕУ, наместо сегашните 35. Рокот за конзулатите што издаваат визи ќе се зголеми од 10 на 15 денови. Може да се продолжи до најмногу 45 денови кога е потребна подетална проверка на барателот на виза.

Ќе се ограничи издавање визи што овозможуваат повеќекратен влез во ЕУ и руските граѓани во барањето за виза ќе мора да достават повеќе документи, отколку што е потребно сега.

Договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија стапи во сила во јуни 2007 година. Еден ден по почетокот на руската инвазија врз Украина, на 25 февруари, ЕУ делумно го суспендираше за руските бизнисмени.

Предлогот за суспензија на договорот треба да биде одобрен од Советот на Европската Унија.

The post Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија appeared first on Република.

]]>

Европската Унија (ЕУ) предложи целосна суспензија на договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија. Тоа значи дека руските граѓани ќе плаќаат повеќе, а постапката за издавање визи ќе трае подолго. Предлогот следува откако минатата недела во Прага, министрите за надворешни работи на земјите членки постигнаа политички договор по ова прашање. Комисијата објави и предлог за непризнавање на руските пасоши издадени на подрачјата во Украина, што се под контрола на руските сили.
Сè додека трае руската агресија врз земјата кандидат за членство во ЕУ, не може да има олеснување за руските граѓани да патуваат во Европа - истакна потпретседателот на Комисијата за промоција на европскиот начин на живот, Маргаритис Шинас.
Тој додаде дека визната политика на ЕУ е „знак на доверба, што Русија целосно ја урнала со од ништо предизвиканата и неправедна агресивна војна против Украина“. Русите во иднина ќе плаќаат 80 евра за виза за влез во ЕУ, наместо сегашните 35. Рокот за конзулатите што издаваат визи ќе се зголеми од 10 на 15 денови. Може да се продолжи до најмногу 45 денови кога е потребна подетална проверка на барателот на виза. Ќе се ограничи издавање визи што овозможуваат повеќекратен влез во ЕУ и руските граѓани во барањето за виза ќе мора да достават повеќе документи, отколку што е потребно сега. Договорот за поедноставување на издавањето визи со Русија стапи во сила во јуни 2007 година. Еден ден по почетокот на руската инвазија врз Украина, на 25 февруари, ЕУ делумно го суспендираше за руските бизнисмени. Предлогот за суспензија на договорот треба да биде одобрен од Советот на Европската Унија.

The post Русите ќе плаќаат повеќе и ќе чекаат подолго: ЕУ предлага целосна суспензија на визниот договор со Русија appeared first on Република.

]]>