визби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizbi/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Mar 2022 10:00:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png визби Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vizbi/ 32 32 Фатен маж кој влегувал по визби низ Битола и крадел https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/faten-maz-koj-vleguval-po-vizbi-niz-bitola-i-kradel/ Wed, 09 Mar 2022 10:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=469969

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице од Ресен за кое постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „тешка кражба“ од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 став 1 од Кривичниот законик.

Преку временски поврзани дејствија во периодот од 01.03.2022 година до 06.03.2022 година, во вкупно 14 наврати, осомничениот со умисла извршил тешки кражби. Искористувајќи слични прилики, тој со провалување влегувал во помошни објекти – визби во станбени згради и еден параклис во Битола. Доколку најдел, одземал различни предмети со намера противправно да ги присвои. Делата ги вршел со употреба на физичка сила и подесен алат, делувајќи врз заклучени врати. При последната кражба на 06 март бил затекнат и лишен од слобода. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, особено имајќи предвид дека осомничениот во веќе поведени други постапки пред Основен суд Битола и Основен суд Ресен не бил достапен на органите на прогонот, јавниот обвинител до судот достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, наведува Обвинителсвото.

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола го прифати предлогот и на осомничениот со решение му определи притвор во траење од осум дена.

The post Фатен маж кој влегувал по визби низ Битола и крадел appeared first on Република.

]]>