Витомир Митевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vitomir-mitevski/ За подобро да се разбереме Thu, 12 May 2022 07:34:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Витомир Митевски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vitomir-mitevski/ 32 32 Промоција на десет книги „Античката филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promocija-na-deset-knigi-antichkata-filozofija-i-nejzinoto-vlijanie-od-akademik-vitomir-mitevski/ Thu, 12 May 2022 07:34:58 +0000 https://republika.mk/?p=501289

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ на 12 мај (четврток) во 12 часот „Матица македонска“ од Скопје ќе ја промовира авторската едиција во десет книги „Античката
филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски. Колекцијата на овие
научни книги е резултат на дводеценискиот проект на авторот и претставува серија од монографски дела од кои секое обработува една тематска целина. Првите шест книги се посветени на: Раната старогрчка филозофија, на Сократ, Платон, Аристотел, Хеленизам и Рим
и Доцна антика. Потоа следат четири книги кои го обработуваат влијанието на античката
филозофија низ вековите сè до наше време: Античката филозофија и Византија, Античката
филозофија и средновековието на Запад, Античката филозофија и западното нововековие
и Античката филозофија и словенскиот свет.
За одбележување е што изданието во целина по својата сеопфатност и темелност е
реткост во светската философска литература. Настојувањето на авторот да се изразува со
едноставен стил и јазик овозможува и некои посложени философски проблеми да бидат
разбирливи за пошироката образована читателска публика.
За значењето на овој голем научен и издавачки проект ќе говорат: академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет
и д-р Јасмина Поповска, професор по античка филозофија на Филозофскиот факултет од Скопје.

The post Промоција на десет книги „Античката филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски appeared first on Република.

]]>

Во мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ на 12 мај (четврток) во 12 часот „Матица македонска“ од Скопје ќе ја промовира авторската едиција во десет книги „Античката филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски. Колекцијата на овие научни книги е резултат на дводеценискиот проект на авторот и претставува серија од монографски дела од кои секое обработува една тематска целина. Првите шест книги се посветени на: Раната старогрчка филозофија, на Сократ, Платон, Аристотел, Хеленизам и Рим и Доцна антика. Потоа следат четири книги кои го обработуваат влијанието на античката филозофија низ вековите сè до наше време: Античката филозофија и Византија, Античката филозофија и средновековието на Запад, Античката филозофија и западното нововековие и Античката филозофија и словенскиот свет. За одбележување е што изданието во целина по својата сеопфатност и темелност е реткост во светската философска литература. Настојувањето на авторот да се изразува со едноставен стил и јазик овозможува и некои посложени философски проблеми да бидат разбирливи за пошироката образована читателска публика. За значењето на овој голем научен и издавачки проект ќе говорат: академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, проф.д-р Ратко Дуев, декан на Филозофскиот факултет и д-р Јасмина Поповска, професор по античка филозофија на Филозофскиот факултет од Скопје.

The post Промоција на десет книги „Античката филозофија и нејзиното влијание“ од академик Витомир Митевски appeared first on Република.

]]>