високи температури Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visoki-temperaturi/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 20:33:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png високи температури Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visoki-temperaturi/ 32 32 Како да го заштитите телефонот при високи температури https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/kako-da-go-zashtitite-telefonot-pri-visoki-temperaturi/ Mon, 02 Sep 2024 20:26:25 +0000 https://republika.mk/?p=812417

Заштитата на вашиот телефон за време на екстремни температури при топлотен бран е важна за да се спречи прегревање и оштетување на уредот. Екстремната топлина може да го оштети телефонот, а директната сончева светлина може брзо да ја зголеми температурата на уредот. Како да го заштитите во тој случај? Нудиме неколку совети. Ако мобилниот телефон се загрее премногу, некои функции може привремено да се оневозможат, а во екстремни услови уредот ќе престане да работи. Оставањето на вашиот паметен телефон во многу топли услови може трајно да го скрати векот на неговата батерија и да ги оштети другите делови.

Ако на екранот се појави порака за предупредување за температура, исклучете го телефонот, преместете го во поладна средина, подалеку од директна сончева светлина и оставете го да се излади најмалку 15 минути. Исклучете ги апликациите и функциите што не ги користите за да го намалите опсегот на работа на процесорот и да го намалите создавањето топлина. Избегнувајте да го ставате телефонот во близина на други уреди што испуштаат топлина, како што се лаптопи или таблети.

За да избегнете прегревање и вашиот паметен телефон да функционира правилно на топлина, не користете го постојано на директна сончева светлина. Полнењето на уредот може дополнително да ја зголеми температурата. Ако треба да го полните, обидете се да го направите тоа на поладно место. Не оставајте го во паркиран автомобил или во близина на извор на топлина. Отстранете го заштитниот капак од телефонот, бидејќи некои може да ја задржат топлината и користете го режимот со мала потрошувачка на енергија, што оневозможува некои активности во заднина.

The post Како да го заштитите телефонот при високи температури appeared first on Република.

]]>

Заштитата на вашиот телефон за време на екстремни температури при топлотен бран е важна за да се спречи прегревање и оштетување на уредот. Екстремната топлина може да го оштети телефонот, а директната сончева светлина може брзо да ја зголеми температурата на уредот. Како да го заштитите во тој случај? Нудиме неколку совети. Ако мобилниот телефон се загрее премногу, некои функции може привремено да се оневозможат, а во екстремни услови уредот ќе престане да работи. Оставањето на вашиот паметен телефон во многу топли услови може трајно да го скрати векот на неговата батерија и да ги оштети другите делови. Ако на екранот се појави порака за предупредување за температура, исклучете го телефонот, преместете го во поладна средина, подалеку од директна сончева светлина и оставете го да се излади најмалку 15 минути. Исклучете ги апликациите и функциите што не ги користите за да го намалите опсегот на работа на процесорот и да го намалите создавањето топлина. Избегнувајте да го ставате телефонот во близина на други уреди што испуштаат топлина, како што се лаптопи или таблети.
За да избегнете прегревање и вашиот паметен телефон да функционира правилно на топлина, не користете го постојано на директна сончева светлина. Полнењето на уредот може дополнително да ја зголеми температурата. Ако треба да го полните, обидете се да го направите тоа на поладно место. Не оставајте го во паркиран автомобил или во близина на извор на топлина. Отстранете го заштитниот капак од телефонот, бидејќи некои може да ја задржат топлината и користете го режимот со мала потрошувачка на енергија, што оневозможува некои активности во заднина.

The post Како да го заштитите телефонот при високи температури appeared first on Република.

]]>
И во следните 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/i-vo-slednite-10-dena-prodolzhuva-toplotniot-afrikanski-bran-vo-makedonija-so-mnogu-visoki-temperaturi/ Tue, 30 Jul 2024 09:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=801571

Во следните најмалку 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури на воздухот. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност.

Исклучок ќе биде викендот, односно 3 и 4 август кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме.

Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени, но со тоа што истите повремено можно е и да надминат 40 степени.

Ув индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

The post И во следните 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури appeared first on Република.

]]>

Во следните најмалку 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури на воздухот. Времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде викендот, односно 3 и 4 август кога во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на локално краткотрајно невреме. Што се однесува до температурите, тие насекаде ќе надминуваат 30 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурите ќе се искачуваат до околу 40 степени, но со тоа што истите повремено можно е и да надминат 40 степени. Ув индексот и понатаму ќе има многу висока вредност и ќе изнесува коефициент некаде помеѓу 8 и 9.

The post И во следните 10 дена продолжува топлотниот Африкански бран во Македонија со многу високи температури appeared first on Република.

]]>
Да се заштитат и домашните животни и миленици од високите температури, апелира АХВ https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/da-se-zashtitat-i-domashnite-zhivotni-i-milenitsi-od-visokite-temperaturi-apelira-ahv/ Fri, 12 Jul 2024 10:00:19 +0000 https://republika.mk/?p=796108

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Од АХВ посочуваат дека намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури.

Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите, се додава во соопштението од АХВ, може да биде причина за појава на топлотен удар, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце, при што исходот може да биде фатален за животните доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на нивната здравствена состојба.

Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), суви слузници, зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат при посериозните случаи, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните, за што е неопходна итна реакција.
Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија и полека да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со ставање на ладни облоги (покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа), туширање/прскање со умерено ладна вода, но треба да се внимава ладењето на животното да
не биде премногу брзо, предупредуваат од Агенцијата.

За да се обезбедат соодветни услови за животните на одгледувалиштата, при високи температури, додаваат, потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите.

Животните треба да бидат заштитени од директнaта изложеност на сончевите зрачења, односно, во испустите потребно е да има натстрешници или природна сенка. На животните во одгледувалиштата треба во секое време да им е достапна свежа вода за пиење. Доколку животните одат на паша или треба да се транспортираат тоа треба да се врши во раните утрински или вечерните часови кога температурите се пониски. Сопствениците на домашни миленици треба да водат сметка милениците да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните, доколку сте во можност и на бездомните за кои нема кој да се грижи, во услови на високи надворешни температури, обезбедете им доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода за пиење, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство.

АХВ упатува апел до граѓаните да внимаваат на безбедноста на храна, каде и кога пазарат, но и како ја подготвуваат и чуваат истата со цел спречување на можноста од труење. Апел и до операторите со храна во услови на екстремно високи надворешни температури, да водат сметка за одржување на HACCP стандардите и принципите на добра производствена и
хигиенска пракса во производството, транспортот и трговијата со храна за да се превенираат можни ризици.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните граѓаните можат да ја пријават лично во Агенцијата, електронски преку info@fva.gov.mk или на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22.

The post Да се заштитат и домашните животни и миленици од високите температури, апелира АХВ appeared first on Република.

]]>

Во услови на високи надворешни температури Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира да се води грижа и за домашните животни и милениците. Од АХВ посочуваат дека намалено консумирање на храна, зголемена потреба за вода, намалено производство на млеко и слаб прираст, се дел од последиците врз здравјето на животните кои може да ги предизвикаат високите температури. Висок процент влага и недоволна вентилација во објектите, се додава во соопштението од АХВ, може да биде причина за појава на топлотен удар, а сончаницата се појавува како последица на непосредно, директно изложување на животните на сонце, при што исходот може да биде фатален за животните доколку не се делува на време. Напорната работа или транспортот на животните при високи температури, дополнително придонесува за влошување на нивната здравствена состојба. Забрзано и плитко дишење, несигурен од (тетеравење), суви слузници, зголемена телесна температура, забрзан пулс, исплашен поглед, зголемена жед, тикови и грчеви на мускулите кои се јавуваат при посериозните случаи, се дел од симптомите по кои може да се препознаат топлотниот удар и сончаницата кај животните, за што е неопходна итна реакција. Во вакви услови животното треба да се смести во ладовина или во разладена просторија и полека да му се даде доволна количина свежа вода. Телесната температура треба да се намали со ставање на ладни облоги (покривање на главата и вратот со ладна и влажна крпа), туширање/прскање со умерено ладна вода, но треба да се внимава ладењето на животното да не биде премногу брзо, предупредуваат од Агенцијата. За да се обезбедат соодветни услови за животните на одгледувалиштата, при високи температури, додаваат, потребно е да се внимава и на населеноста (густината) на сместување на животните во објектите. Животните треба да бидат заштитени од директнaта изложеност на сончевите зрачења, односно, во испустите потребно е да има натстрешници или природна сенка. На животните во одгледувалиштата треба во секое време да им е достапна свежа вода за пиење. Доколку животните одат на паша или треба да се транспортираат тоа треба да се врши во раните утрински или вечерните часови кога температурите се пониски. Сопствениците на домашни миленици треба да водат сметка милениците да не се оставаат во затворен автомобил кој е директно изложен на сонце и да се избегнуваат прошетки во текот на најтоплиот период од денот. На животните, доколку сте во можност и на бездомните за кои нема кој да се грижи, во услови на високи надворешни температури, обезбедете им доволна количина и постојана достапност до свежа и чиста вода за пиење, стои во соопштението од Агенција за храна и ветеринарство. АХВ упатува апел до граѓаните да внимаваат на безбедноста на храна, каде и кога пазарат, но и како ја подготвуваат и чуваат истата со цел спречување на можноста од труење. Апел и до операторите со храна во услови на екстремно високи надворешни температури, да водат сметка за одржување на HACCP стандардите и принципите на добра производствена и хигиенска пракса во производството, транспортот и трговијата со храна за да се превенираат можни ризици. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните граѓаните можат да ја пријават лично во Агенцијата, електронски преку info@fva.gov.mk или на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22.

The post Да се заштитат и домашните животни и миленици од високите температури, апелира АХВ appeared first on Република.

]]>
Во јуни измерени рекордно високи температури во Грција https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/vo-juni-izmereni-rekordno-visoki-temperaturi-vo-grtsija/ Mon, 01 Jul 2024 13:45:15 +0000 https://republika.mk/?p=792445

Во јуни годинава просечната вредност на максималните дневни температури во Грција била на екстремно високи нивоа споредено со просекот од периодот 2010-2019 година, а минатиот месец бил најтоплиот јуни во последните 14 години, според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Најголеми отстапувањата на просечната максимална температура во јуни 2024 година имало на Пелопонез (+4,8 степени), во областа Атика и дел од централна Грција (+4,6 степени) и во северниот дел на земјата (+4,3 степени).

Во првата половина на минатиот месец, односно во периодот од 10 до 12 јуни кога Грција беше зафатена од топлотен бран, во одредени делови од земјата температурата била од десет до 12 степени Целзиусови над нормалните нивоа за конкретниот период од годината.

Како што пишува Метео, 11 станици од мрежата на Националната опсерваторија на Атина регистрирале рекордно високи температури.

Во Атина, просечната месечна вредност била за четири степени повисока, при што 29 од 30 дена во месецот беа потопли од нормалното.

 

The post Во јуни измерени рекордно високи температури во Грција appeared first on Република.

]]>

Во јуни годинава просечната вредност на максималните дневни температури во Грција била на екстремно високи нивоа споредено со просекот од периодот 2010-2019 година, а минатиот месец бил најтоплиот јуни во последните 14 години, според мрежата од 53 метеоролошки станици на порталот Метео на Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Најголеми отстапувањата на просечната максимална температура во јуни 2024 година имало на Пелопонез (+4,8 степени), во областа Атика и дел од централна Грција (+4,6 степени) и во северниот дел на земјата (+4,3 степени). Во првата половина на минатиот месец, односно во периодот од 10 до 12 јуни кога Грција беше зафатена од топлотен бран, во одредени делови од земјата температурата била од десет до 12 степени Целзиусови над нормалните нивоа за конкретниот период од годината. Како што пишува Метео, 11 станици од мрежата на Националната опсерваторија на Атина регистрирале рекордно високи температури. Во Атина, просечната месечна вредност била за четири степени повисока, при што 29 од 30 дена во месецот беа потопли од нормалното.  

The post Во јуни измерени рекордно високи температури во Грција appeared first on Република.

]]>
Поради високите температури зголемен број граѓани добиле труење од храна https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/poradi-visokite-temperaturi-zgolemen-broj-gragani-dobile-truene-od-hrana/ Sun, 30 Jul 2023 13:26:24 +0000 https://republika.mk/?p=666974

Сѐ почести се случаите на граѓани кои побарале медицинска помош, поради консумирање на расипана храна.

Лекарите апелираат – луѓето да внимаваат што и кофа јадат кога надвор температурите се високи.

Најризична храна според нив, е онаа која содржи висок процент на протеини.

„Таа изложена на сонце подолг временски период, од бактериите кои можда ги има во себе, тие да се размножат, да испуштат дел од своите отрови. И така внесената храна може сериозно да го поремети здравјето дури и да го загрозат животот.“

Чибишев советува храната да се јаде свежо приготвена и истата да се чува во фрижидер. Во време на брз живот и брза храна, тој препорачува да се избегнува меленото месо, јајцата, сосови со конзерванси и сладоледи.

Во ваков период, според него, најдобро е да се јаде овошје и зеленчук, но и при таквиот избор, треба голема внимателност.

И излегувањето во природа на вакви температури, објаснува Чибишев, може да заврши непријатно за граѓаните, поради можноста да се напијат бактериолошки неисправна вода.

„Сега е сезона на овошје и зеленчук, пазарите се преполни. Но и тогаш, терба многу добро да се мијат овошје и зеленчукот под силен млаз вода. Затоа што добро земјоделие нема без добра хемија.

Инаку, симптомите на труење од храна можат да варираат од лесни и умерени, па се до навистина тешки. Повраќање, главоболка, дијареа, стомачна болка, грчеви во стомакот се едни од најчестите симтпоми. Тие можат да се јават непосредно по јадењето или со часови подоцна. Можат да траат пак, од 24 часа, па сè до една недела.

Одредени бактерии во храната, како Листерија, можат да доведат и до спонтан аборус или менингитис кај некои поединци.

The post Поради високите температури зголемен број граѓани добиле труење од храна appeared first on Република.

]]>

Сѐ почести се случаите на граѓани кои побарале медицинска помош, поради консумирање на расипана храна. Лекарите апелираат – луѓето да внимаваат што и кофа јадат кога надвор температурите се високи. Најризична храна според нив, е онаа која содржи висок процент на протеини. „Таа изложена на сонце подолг временски период, од бактериите кои можда ги има во себе, тие да се размножат, да испуштат дел од своите отрови. И така внесената храна може сериозно да го поремети здравјето дури и да го загрозат животот.“ Чибишев советува храната да се јаде свежо приготвена и истата да се чува во фрижидер. Во време на брз живот и брза храна, тој препорачува да се избегнува меленото месо, јајцата, сосови со конзерванси и сладоледи. Во ваков период, според него, најдобро е да се јаде овошје и зеленчук, но и при таквиот избор, треба голема внимателност. И излегувањето во природа на вакви температури, објаснува Чибишев, може да заврши непријатно за граѓаните, поради можноста да се напијат бактериолошки неисправна вода. „Сега е сезона на овошје и зеленчук, пазарите се преполни. Но и тогаш, терба многу добро да се мијат овошје и зеленчукот под силен млаз вода. Затоа што добро земјоделие нема без добра хемија. Инаку, симптомите на труење од храна можат да варираат од лесни и умерени, па се до навистина тешки. Повраќање, главоболка, дијареа, стомачна болка, грчеви во стомакот се едни од најчестите симтпоми. Тие можат да се јават непосредно по јадењето или со часови подоцна. Можат да траат пак, од 24 часа, па сè до една недела. Одредени бактерии во храната, како Листерија, можат да доведат и до спонтан аборус или менингитис кај некои поединци.

The post Поради високите температури зголемен број граѓани добиле труење од храна appeared first on Република.

]]>
Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/osobeno-toplo-ke-bide-utre-i-kon-sredinata-na-slednata-sedmitsa/ Fri, 21 Jul 2023 11:23:20 +0000 https://republika.mk/?p=663898

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури.

-Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре и во среда, со максимални 43 степени и УВ-индекс 10.

Во недела и вторник максималната дневна температура ќе достигне 42, во понеделник 40 и во четврток 39 степени.

The post Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица appeared first on Република.

]]>

До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури.
-Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре и во среда, со максимални 43 степени и УВ-индекс 10. Во недела и вторник максималната дневна температура ќе достигне 42, во понеделник 40 и во четврток 39 степени.

The post Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица appeared first on Република.

]]>
Во 15 града во Италија црвен метео аларм поради екстремно високи температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-15-grada-vo-italija-tsrven-meteo-alarm-poradi-ekstremno-visoki-temperaturi/ Sat, 15 Jul 2023 10:42:46 +0000 https://republika.mk/?p=661629

Во 15 градови низ Италија е издаден црвен метеоролошки аларм, додека екстремно високите температури се шират низ јужна Европа, јави денеска Би-Би-Си.

Алармот, кој предупредува на ризици дури и за здрави луѓе, ќе важи во наредните денови за некои од главните туристички дестинации, меѓу кои Рим, Фиренца и Болоња.

Италијанската влада ги советуваше граѓаните во црвените зони да избегнуваат изложување на сонце денеска во периодот од 11 до 18 часот и посебно да се грижат за старите лица или лицата со лоша здравствена состојба.

Во Грција претходните денови беа забележани температури од 40 степени, а Акропол, една од најпопуларните туристички атракции, во петокот беше затворен поради големите горештини.

Исто така, постои загриженост дека може да се појават шумски пожари, особено во области со силен ветер.

Високите температури ги зафатија и централните делови на Европа, а најпогодени се Германија и Полска.

Чешката метеоролошка служба издаде предупредување дека температурите може да се искачат над 38 степени за време на викендот.

Следната недела во Европа се очекуваат потенцијално рекордно високи температури бидејќи се приближува нов топлотен бран.

Европската вселенска агенција (EСA) соопшти дека Италија, Шпанија, Франција и Германија би можеле да поминат низ екстремни временски услови.

ЕСА ја следи температурата на копното и морето преку сателит.

Италијанските метеоролози предупредија дека следната недела температурите би можеле да надминат 40 степени Целзиусови во топлотниот бран наречен по Харон, кој, според грчката митологија, се превезувал во другиот свет преку реката Ахерон.

Највисоката температура досега забележана во Европа беше 48,8 степени, измерена на Сицилија во август 2021 година, а синоптичарите велат дека слични температури може да достигнат и во наредните денови.

 

The post Во 15 града во Италија црвен метео аларм поради екстремно високи температури appeared first on Република.

]]>

Во 15 градови низ Италија е издаден црвен метеоролошки аларм, додека екстремно високите температури се шират низ јужна Европа, јави денеска Би-Би-Си. Алармот, кој предупредува на ризици дури и за здрави луѓе, ќе важи во наредните денови за некои од главните туристички дестинации, меѓу кои Рим, Фиренца и Болоња. Италијанската влада ги советуваше граѓаните во црвените зони да избегнуваат изложување на сонце денеска во периодот од 11 до 18 часот и посебно да се грижат за старите лица или лицата со лоша здравствена состојба. Во Грција претходните денови беа забележани температури од 40 степени, а Акропол, една од најпопуларните туристички атракции, во петокот беше затворен поради големите горештини. Исто така, постои загриженост дека може да се појават шумски пожари, особено во области со силен ветер. Високите температури ги зафатија и централните делови на Европа, а најпогодени се Германија и Полска. Чешката метеоролошка служба издаде предупредување дека температурите може да се искачат над 38 степени за време на викендот. Следната недела во Европа се очекуваат потенцијално рекордно високи температури бидејќи се приближува нов топлотен бран. Европската вселенска агенција (EСA) соопшти дека Италија, Шпанија, Франција и Германија би можеле да поминат низ екстремни временски услови. ЕСА ја следи температурата на копното и морето преку сателит. Италијанските метеоролози предупредија дека следната недела температурите би можеле да надминат 40 степени Целзиусови во топлотниот бран наречен по Харон, кој, според грчката митологија, се превезувал во другиот свет преку реката Ахерон. Највисоката температура досега забележана во Европа беше 48,8 степени, измерена на Сицилија во август 2021 година, а синоптичарите велат дека слични температури може да достигнат и во наредните денови.  

The post Во 15 града во Италија црвен метео аларм поради екстремно високи температури appeared first on Република.

]]>
Поради високите температури Акропол затворен од 12 до 17 часот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/poradi-visokite-temperaturi-akropol-zatvoren-od-12-do-17-chasot/ Fri, 14 Jul 2023 08:59:31 +0000 https://republika.mk/?p=661204

Во пладневните часови, односно во периодот од 12 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители, поради високите температури најавени за денеска, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека последните посетители ќе влезат на Акропол во 12 часот, кога и ќе затвори за повторно да ги отвори портите во 17 часот.

Останатите археолошки локалитетите во Атина ќе работат нормално.

Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.

 

The post Поради високите температури Акропол затворен од 12 до 17 часот appeared first on Република.

]]>

Во пладневните часови, односно во периодот од 12 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители, поради високите температури најавени за денеска, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за култура на Грција соопштија дека последните посетители ќе влезат на Акропол во 12 часот, кога и ќе затвори за повторно да ги отвори портите во 17 часот. Останатите археолошки локалитетите во Атина ќе работат нормално. Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.  

The post Поради високите температури Акропол затворен од 12 до 17 часот appeared first on Република.

]]>
Во Далмација е права пролет, измерени се рекордно високи температури https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-dalmacija-e-prava-prolet-izmereni-se-rekordno-visoki-temperaturi/ Sat, 01 Jan 2022 17:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=439378

На првиот ден од новата година во Далмација се измерени екстремно високи температури за овој период од годината.

Државниот хидрометеоролошки завод соопшти дека првите анализи покажуваат дека првиот ден од новата година донел апсолутни рекорди на највисока температура за јануари откако има мерења на повеќе станици.

Највисока температура е измерена во Книн, 21,1 степени, потоа во Сињ е 20,9 степени, во Метковиќ се регистрирани 20,2 степени, а во Завижан 12,6 степени, што никогаш досега не се случило

Претходните рекорди беа изедначени во Имотски (19,0 ° C) и Плоче (18,6 ° C), соопшти ДХМЗ.

The post Во Далмација е права пролет, измерени се рекордно високи температури appeared first on Република.

]]>

На првиот ден од новата година во Далмација се измерени екстремно високи температури за овој период од годината. Државниот хидрометеоролошки завод соопшти дека првите анализи покажуваат дека првиот ден од новата година донел апсолутни рекорди на највисока температура за јануари откако има мерења на повеќе станици. Највисока температура е измерена во Книн, 21,1 степени, потоа во Сињ е 20,9 степени, во Метковиќ се регистрирани 20,2 степени, а во Завижан 12,6 степени, што никогаш досега не се случило Претходните рекорди беа изедначени во Имотски (19,0 ° C) и Плоче (18,6 ° C), соопшти ДХМЗ.

The post Во Далмација е права пролет, измерени се рекордно високи температури appeared first on Република.

]]>