висок притисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visok-pritisok/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jun 2024 15:52:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png висок притисок Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visok-pritisok/ 32 32 Намалете го притисокот со оваа древна кинеска техника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/namalete-go-pritisokot-so-ovaa-drevna-kineska-tehnika/ Thu, 20 Jun 2024 16:12:07 +0000 https://republika.mk/?p=784685

Високиот крвен притисок, нарекуван и хипертензија, е еден од најчестите здравствени проблеми со коишто се соочува современото општество. Како брз и делотворен начин за намалување на притисокот без употреба на лекови, се препорачува следната древна кинеска техника...

Фактори што доведуваат до висок крвен притисок

Хипертензијата е сериозна болест што води до бројни компликации, како што се срцев или мозочен удар, доколку не се лекува соодветно. Научниците истакнуваат дека главни предизвикувачи на оваа состојба се:

  1. Стрес. Современиот начин на живот е полн со стресни ситуации што може многу да влијаат на крвниот притисок.
  2. Несоодветна храна. Исхраната богата со заситени масти, натриум и шеќер директно придонесува за развој на хипертензија.
  3. Нередовно земање терапија. Многу пациенти со дијагностицирана хипертензија не се придржуваат до пропишаната терапија, што може да доведе до сериозни компликации.
  4. Други фактори: Генетска предиспозиција, дебелина, консумирање алкохол и цигари, недостаток на физичка активност.

За нормален крвен притисок, потребна е редовна контрола. Вредностите што се сметаат за „идеални“ се:

Систолен притисок (горна вредност): 90 - 120 милиметри на живиниот столб,

Дијастолен притисок (пониска вредност): 60 - 80 ммХг.

Доколку притисокот е постојано над 140 / 90 ммХг, тоа значи дека е неопходно да се преземат одредени мерки. Сепак, пред каква било терапија, важно е да се консултирате со лекар.

Кинеската техника за намалување на притисокот

Ако Вашиот лекар утврди дека нема потреба од терапија со лекови, тогаш тоа е прилика да се испроба следнава древна кинеска техника за намалување на крвниот притисок. Според д-р Лу Хансен, лекар во рускиот фудбалски клуб „Спартак“ од Москва, клучот лежи во правилниот проток на крв во мускулите и ткивата.

Имено, кога крвта се задржува во одреден дел од телото, тоа место станува ризично за развој на разни болести. Решението е да се овозможи непречен проток на крв во проблематичната област, давајќи му на телото шанса да се залечи. Во тоа може да помогне масажа на две одредени специфични точки на телото.

Така, првата точка е линијата зад увото. Тоа е линијата што се протега од зад ушната школка до средината на клучната коска. Оваа линија не треба да се притиска додека се масира, бидејќи тоа може да предизвика контра-ефект. Наместо тоа, се масира со нежни движења од горе надолу. Повторете го тоа 10 пати од двете страни на главата.

Важно е да се нагласи дека минувањето со прстот се изведува нежно, без притисок. Целта е само да се стимулира протокот на крв, а не да се предизвика болка или непријатност.

А, втората точка е на точно половина сантиметар од увото во правец кон носот. Оваа област може да се масира посилно - една минута, од двете страни.

Цврсто кружете со врвовите на прстите, но не до степен на болка. Треба да се почувствувате удобен притисок, но не и непријатност. Оваа масажа ја стимулира циркулацијата во пределот на лицето и главата, што ќе помогне да се намали крвниот притисок.

Со редовно применување на оваа 10-минутна техника, во спој со приспособена исхрана и здрав начин на живот, може да се регулира крвниот притисок и без лекови.

Дополнителни совети за намалување на крвниот притисок

  1. Прилагодете ја исхраната. Се препорачува повеќе овошје, зеленчук, цели зрна житарици, риба и здрави масти. И, помалку преработена храна, заситени масти, сол и шеќер.
  2. Редовно вежбање. Умерената физичка активност, како пешачење, пливање или возење велосипед, може многу да придонесе за намалување на крвниот притисок.
  3. Опуштете се. Најдете начин да се справите со стресот, без разлика дали тоа е преку медитација, јога, длабоко дишење или некоја друг начин на опуштање.
  4. Ограничете го алкохолот и солта. Прекумерното пиење алкохол и јадење сол може да ја влоши состојбата, па затоа се препорачува умерено консумирање.
  5. Откажете се од пушење. Цигарите ја зголемуваат опасноста од кардиоваскуларни (срцеви) болести, па вклучително и хипертензија.

Со примена на овие совети, во спој со кинеската масажа, може да се намали крвниот притисок и да се подобри целокупното здравје. Сепак, не заборавајте редовно да се консултирате со лекар и да ги следите неговите совети. Со правилен пристап, трпение и дисциплина, може да се држи крвниот притисок под контрола и да се ужива во квалитетен, активен живот и добро здравје.

The post Намалете го притисокот со оваа древна кинеска техника appeared first on Република.

]]>

Високиот крвен притисок, нарекуван и хипертензија, е еден од најчестите здравствени проблеми со коишто се соочува современото општество. Како брз и делотворен начин за намалување на притисокот без употреба на лекови, се препорачува следната древна кинеска техника...

Фактори што доведуваат до висок крвен притисок

Хипертензијата е сериозна болест што води до бројни компликации, како што се срцев или мозочен удар, доколку не се лекува соодветно. Научниците истакнуваат дека главни предизвикувачи на оваа состојба се:
  1. Стрес. Современиот начин на живот е полн со стресни ситуации што може многу да влијаат на крвниот притисок.
  2. Несоодветна храна. Исхраната богата со заситени масти, натриум и шеќер директно придонесува за развој на хипертензија.
  3. Нередовно земање терапија. Многу пациенти со дијагностицирана хипертензија не се придржуваат до пропишаната терапија, што може да доведе до сериозни компликации.
  4. Други фактори: Генетска предиспозиција, дебелина, консумирање алкохол и цигари, недостаток на физичка активност.
За нормален крвен притисок, потребна е редовна контрола. Вредностите што се сметаат за „идеални“ се: Систолен притисок (горна вредност): 90 - 120 милиметри на живиниот столб, Дијастолен притисок (пониска вредност): 60 - 80 ммХг. Доколку притисокот е постојано над 140 / 90 ммХг, тоа значи дека е неопходно да се преземат одредени мерки. Сепак, пред каква било терапија, важно е да се консултирате со лекар.

Кинеската техника за намалување на притисокот

Ако Вашиот лекар утврди дека нема потреба од терапија со лекови, тогаш тоа е прилика да се испроба следнава древна кинеска техника за намалување на крвниот притисок. Според д-р Лу Хансен, лекар во рускиот фудбалски клуб „Спартак“ од Москва, клучот лежи во правилниот проток на крв во мускулите и ткивата. Имено, кога крвта се задржува во одреден дел од телото, тоа место станува ризично за развој на разни болести. Решението е да се овозможи непречен проток на крв во проблематичната област, давајќи му на телото шанса да се залечи. Во тоа може да помогне масажа на две одредени специфични точки на телото. Така, првата точка е линијата зад увото. Тоа е линијата што се протега од зад ушната школка до средината на клучната коска. Оваа линија не треба да се притиска додека се масира, бидејќи тоа може да предизвика контра-ефект. Наместо тоа, се масира со нежни движења од горе надолу. Повторете го тоа 10 пати од двете страни на главата. Важно е да се нагласи дека минувањето со прстот се изведува нежно, без притисок. Целта е само да се стимулира протокот на крв, а не да се предизвика болка или непријатност. А, втората точка е на точно половина сантиметар од увото во правец кон носот. Оваа област може да се масира посилно - една минута, од двете страни. Цврсто кружете со врвовите на прстите, но не до степен на болка. Треба да се почувствувате удобен притисок, но не и непријатност. Оваа масажа ја стимулира циркулацијата во пределот на лицето и главата, што ќе помогне да се намали крвниот притисок. Со редовно применување на оваа 10-минутна техника, во спој со приспособена исхрана и здрав начин на живот, може да се регулира крвниот притисок и без лекови.

Дополнителни совети за намалување на крвниот притисок

  1. Прилагодете ја исхраната. Се препорачува повеќе овошје, зеленчук, цели зрна житарици, риба и здрави масти. И, помалку преработена храна, заситени масти, сол и шеќер.
  2. Редовно вежбање. Умерената физичка активност, како пешачење, пливање или возење велосипед, може многу да придонесе за намалување на крвниот притисок.
  3. Опуштете се. Најдете начин да се справите со стресот, без разлика дали тоа е преку медитација, јога, длабоко дишење или некоја друг начин на опуштање.
  4. Ограничете го алкохолот и солта. Прекумерното пиење алкохол и јадење сол може да ја влоши состојбата, па затоа се препорачува умерено консумирање.
  5. Откажете се од пушење. Цигарите ја зголемуваат опасноста од кардиоваскуларни (срцеви) болести, па вклучително и хипертензија.
Со примена на овие совети, во спој со кинеската масажа, може да се намали крвниот притисок и да се подобри целокупното здравје. Сепак, не заборавајте редовно да се консултирате со лекар и да ги следите неговите совети. Со правилен пристап, трпение и дисциплина, може да се држи крвниот притисок под контрола и да се ужива во квалитетен, активен живот и добро здравје.

The post Намалете го притисокот со оваа древна кинеска техника appeared first on Република.

]]>
Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lesni-soveti-za-pomalku-stres-i-ponizok-krven-pritisok/ Sun, 05 Nov 2023 09:09:56 +0000 https://republika.mk/?p=698332

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ - со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот.

Основниот совет, сепак, гласи - никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми.

Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок.

Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците.

Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето.

При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи - испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно.

И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.

The post Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок appeared first on Република.

]]>

При висок крвен притисок, неминовно следи грижата за здрав животен стил, пред сѐ - со помалку извори на стрес и поволна исхрана. Има повеќе начини за едноставно и брзо намалување на притисокот. Основниот совет, сепак, гласи - никогаш да не се крие притисокот од лекарите бидејќи тоа може да го попречи и / или одложи потребниот третман и да доведе до посериозни здравствени проблеми. Натаму, според „Харвард хелт паблишинг“ (Harvard Health Publishing), една од најпознатите методи за намалување на стресот е длабокото дишење. Рамномерното бавно длабоко вдишување и издишување во траење околу 15 минути на ден е доволно за намалување на крвниот притисок. Сокот од цвекло, исто така, е полезен. Тоа содржи нитрат којшто ги шири крвните садови и го подобрува протокот на крв во човековото тело. Дневниот внос во исхраната би требало да е 250 милилитри сок од цвекло, според стручњаците. Бананите, пак, се богати со калиум, а тоа е електролит и има важна улога кога станува збор за крвотокот и отчукувањата на срцето. При чувство на висок крвен притисок, следниот совет гласи - испијте чаша вода. Според лекарите, општо, се препорачуваат барем 10 чаши вода дневно. И брзото пешачење може да помогне во намалувањето на крвниот притисок, но за да се постигне тоа, треба да се пешачи најмалку 15 минути. Инаку, најмалку 30 минути физичка активност, пет дена во неделата, може да го намали севкупниот крвен притисок. Сѐ тоа го надополнуваат одморот и попладневната дремка, коишто го забавуваат срцевиот ритам, што може да биде особено корисно, на пр., пред лекарска проверка на крвниот притисок.

The post Лесни совети за помалку стрес и понизок крвен притисок appeared first on Република.

]]>
Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/matichnite-lekari-ke-mozhe-da-prepishuvaat-terapija-za-visok-pritisok-dijabetes-astma-hobb-i-hipotiroidizam/ Mon, 21 Aug 2023 12:20:30 +0000 https://republika.mk/?p=674202

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.

Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.

На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.

Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.

Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.

На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.

Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.

Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.

Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин.

Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.

 

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>

Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа новина во примарната здравствена заштита денеска ја најавија министерот за здравство Фатмир Меџити и д-р Злате мехмедовиќ, координатор на реформите за примарна заштита во МЗ.
Неделава ја посветуваме на промоција на новините во системот на примарна здравствена заштита, отпечатени се информативни брошури со поддршка од СЗО, завршена е едукацијата за 700 матични лекари за новиот правилник за препишување лекови и во следните неколку дена планираме посети во повеќе здравствени домови во државата, со цел одблиску да ги запознаеме пациентите и докторите со овие новини, изјави Меџити.
На овој начин се врши растоварување на секундарното и терциерното здравство, преку засилување на улогата на матичните лекари, како и намалување на административните процедури за препишување на хронична терапија, објасни министерот. Потребно е, кажа Меџити, да се обезбедат специјализации по семејна медицина за матичните лекари.
Паралелно со тоа ќе овозможиме поголем број лекари од општа пракса да имаат специјализација по семејна медицина, со цел пациентите да добијат што е можно повеќе здравствени услуги на едно место - ЕКГ, ЕХО, доплер, спирометрија, проширен ЛУ1 пакет и слично, појасни министерот.
Сите овие активности се реформска мерка и се дел во програмата за економски реформи на Владата за периодот 2023 -2025, а доставен е и предлог да влезат во новата стратегија на Светска банка за партнерство со нашата држава за периодот 2024-2028 година.
На овој начин правиме децентрализација на здравство, тоа што не успеавме со општините, рече Меџити.
Реферомите кои беа денеска најави ќе треба да се спроведат во следните три години.
Хипертензијата и дијабетесот обично се дијагностицираат доцна, со манифестирани симптоми или развиени компликации во болнички услови. Оваа анализа покажа дека пациентите што ќе бидат дијагностицирани како дијабетичари или хипертоничари, се на третман со лекови. Сепак во студијата 27 отсто од оние кои беа идентификувани со трет трет степен на хипертензија и 41 отсто од оние кои беа откриени со хипертензија од втор степен, беа на монотерапија во времето на прегледот на медицинските податоци, изјави д-р Мехмедовиќ.
Д-р Мехемдовиќ најави дека и прегледот кај матичниот лекар ќе може да се закажува онлајн, секој индивидуално, преку Мој термин. Закажувањето кај матичен лекар нема да важи секаде и секогаш. Во работата на матичните лекари со хронични пациенти и со итни случаи, ќе се остават термини за прегледи на останати пациенти, рече д-р Мехмедовиќ.  

The post Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам appeared first on Република.

]]>
Овие две намирници ќе ви помогнат веднаш да го смалите високиот крвен притисок https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ovie-dve-namirnitsi-ke-vi-pomognat-vednash-da-go-smalite-visokiot-krven-pritisok/ Sun, 30 Jul 2023 11:05:19 +0000 https://republika.mk/?p=666885

Високиот крвен притисок е тивок убиец. За да спречите зголемувањето на притисокот, треба да ја регулирате исхраната.

За да постигнете такво нешто треба да ги вклучите и овие две намирници во вашето мени:

Цимет

Неколку студии потврдуваат дека систолниот (горниот) и дијастолниот (понизок) притисок кај возрасните се намалува со добро познатиот мирисен зачин - цимет.

Ако додадете половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. За итен ефект, истопете малку цимет во прав во устата и проголтајте.

Лук

Оваа здрава намирница го намалува крвниот притисок речиси веднаш. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги проширува, со што крвта полесно циркулира и со тоа го намалува притисокот.

За моментално дејство и моментално спуштање на крвниот притисок, јадете сурови чешниња од лук со леб или исецкајте го во салата или јадење.

The post Овие две намирници ќе ви помогнат веднаш да го смалите високиот крвен притисок appeared first on Република.

]]>

Високиот крвен притисок е тивок убиец. За да спречите зголемувањето на притисокот, треба да ја регулирате исхраната. За да постигнете такво нешто треба да ги вклучите и овие две намирници во вашето мени:

Цимет

Неколку студии потврдуваат дека систолниот (горниот) и дијастолниот (понизок) притисок кај возрасните се намалува со добро познатиот мирисен зачин - цимет. Ако додадете половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. За итен ефект, истопете малку цимет во прав во устата и проголтајте.

Лук

Оваа здрава намирница го намалува крвниот притисок речиси веднаш. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги проширува, со што крвта полесно циркулира и со тоа го намалува притисокот. За моментално дејство и моментално спуштање на крвниот притисок, јадете сурови чешниња од лук со леб или исецкајте го во салата или јадење.

The post Овие две намирници ќе ви помогнат веднаш да го смалите високиот крвен притисок appeared first on Република.

]]>