вишок килограми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vishok-kilogrami/ За подобро да се разбереме Tue, 02 Jul 2024 09:46:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png вишок килограми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vishok-kilogrami/ 32 32 Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chetiri-vidovi-ovoshje-koi-pomagaat-vo-borbata-protiv-vishokot-kilogrami/ Tue, 02 Jul 2024 09:46:14 +0000 https://republika.mk/?p=792693

Некои овошја се богати со хранливи материи кои промовираат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми.

Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, а со тоа се согласуваат и нутриционистите. Луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при губење на тежината.

Од боровинки до јагоди, во продолжение ви откриваме четири типа овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено спречуваат дебелеење.

Боровинки

Научниците открија дека боровинките се одличен извор на антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно разбрано како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Како што откри д-р Кери Петерсон, боровинките се богати со растителни влакна, па затоа се многу заситувачки и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната.

Јаболка

Добро позната поговорка вели: „Со едно јаболко на ден си подалеку од посета на лекар“. Покрај доброто здравје, дополнителен бонус е тоа што јаболкото може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се преполни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи лушпата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Тие помагаат и во контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес.

Круши

Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост.

Јагоди

Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со јогурт со малку маснотии или овесна каша.

The post Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми appeared first on Република.

]]>

Некои овошја се богати со хранливи материи кои промовираат слабеење и можат да помогнат да се ослободите од насобраните килограми. Сите знаеме дека овошјето и зеленчукот се богати со важни хранливи материи и треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана, а со тоа се согласуваат и нутриционистите. Луѓето кои се на диета често го избегнуваат овошјето затоа што содржи шеќер, но добрата вест е дека постојат некои видови на овошје кои всушност можат да помогнат при губење на тежината. Од боровинки до јагоди, во продолжение ви откриваме четири типа овошје што треба што почесто да ги има во нашата чинија бидејќи се извор на одлични хранливи материи и истовремено спречуваат дебелеење. Боровинки Научниците открија дека боровинките се одличен извор на антиоксиданси наречени флавоноиди кои можат да спречат зголемување на телесната тежина. Не е целосно разбрано како точно флавоноидите спречуваат зголемување на телесната тежина, но консумирањето храна богата со флавоноиди ни помага да се чувствуваме посити и да избегнуваме друга помалку здрава храна која може да доведе до зголемување на телесната тежина, истакнаа експертите. Како што откри д-р Кери Петерсон, боровинките се богати со растителни влакна, па затоа се многу заситувачки и се меѓу најздравите овошја за јадење, па дефинитивно треба да ги вклучиме во исхраната. Јаболка Добро позната поговорка вели: „Со едно јаболко на ден си подалеку од посета на лекар“. Покрај доброто здравје, дополнителен бонус е тоа што јаболкото може да ни помогне и да останеме фит. Јаболката се богати со флавоноидни полимери, а исто така се преполни со влакна, што ги прави едно од најздравите плодови за слабеење. Најдобро е да ги јадете нелупени бидејќи лушпата содржи најмногу влакна и антиоксиданси. Тие помагаат и во контрола на шеќерот во крвта, што ја намалува желбата за храна и прејадување и ризикот од развој на дијабетес. Круши Крушите исто така можат да спречат зголемување на телесната тежина бидејќи се богати со флавоноидни полимери и влакна. Овошјето кое содржи влакна е одличен избор за луѓето кои имаат проблеми со вишокот килограми, бидејќи влакната не заситуваат и создаваат чувство на ситост. Јагоди Јагодите помагаат во одржување на тежината од истата причина како и боровинките: тие се богати со антиоксиданси. Експертите препорачуваат една шолја јагоди дневно, а најдобро е да ги консумирате за појадок или како ужина, со јогурт со малку маснотии или овесна каша.  

The post Четири видови овошје кои помагаат во борбата против вишокот килограми appeared first on Република.

]]>
Луѓето со вишок килограми одат два и пол пати почесто на боледување https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lugeto-so-vishok-kilogrami-odat-dva-i-pol-pati-pochesto-na-boleduvane/ Mon, 13 May 2024 18:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=777729

Европејците со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување од останатите луѓе, покажа истражување објавено на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција, Италија.

Според истражувањето што опфатило 122.598 работници во 26 европски земји, колку еден човек има поголем вишок килограми, толку е поголема честотата на боледувања. Најчести наведени причини се болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“.

Британските работници се трети најобезни во Европа, а бројот боледувања е двојно зголемен во Обединетото Кралство последниве 10 години.

Тоа, според проценките, значи намалување на продуктивноста во британската економија за околу 33 милијарди фунти.

The post Луѓето со вишок килограми одат два и пол пати почесто на боледување appeared first on Република.

]]>

Европејците со вишок килограми одат 2,5 пати почесто на боледување од останатите луѓе, покажа истражување објавено на Европскиот конгрес за дебелина во Венеција, Италија. Според истражувањето што опфатило 122.598 работници во 26 европски земји, колку еден човек има поголем вишок килограми, толку е поголема честотата на боледувања. Најчести наведени причини се болки во зглобовите, дијабетес, депресија или проблеми со срцето, пишува британски „Тајмс“. Британските работници се трети најобезни во Европа, а бројот боледувања е двојно зголемен во Обединетото Кралство последниве 10 години. Тоа, според проценките, значи намалување на продуктивноста во британската економија за околу 33 милијарди фунти.  

The post Луѓето со вишок килограми одат два и пол пати почесто на боледување appeared first on Република.

]]>
Пет совети кои ќе ви помогнат во борбата со вишокот килограми https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-soveti-koi-ke-vi-pomognat-vo-borbata-so-vishokot-kilogrami/ Fri, 12 May 2023 13:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=640184

Вишокот килограми влијае на нашето здравје во физичка и во психичка смисла, а кога ќе увидиме дека ригорозните диети кон кои строго се придржуваме не даваат доволно добар резултат, кај нас се создава дополнителна нервоза. Нутриционистите шурум светот истакнуваат дека е најдобро да се посоветувате со нив и да изберете режим на исхрана што најмногу ќе му одговара на вашиот организам бидејќи диетите можат да бидат опасни по здравјето ако се одлучите самоиницијативно за нив.

Овa se неколку совети кои може да ви бидат од полза во процесот на губење килограми.

Водете дневник на исхрана

Истражувањата покажуваат дека броењето калории е фрустрирачки и според тоа во текот на денот можеме да посакаме благо или грицки. Кога чувствуваме притисок дека мораме да внесеме одреден број калории можеме да се излажеме сами себе и на крајот на денот да уживаме во чоколадо или друго омилено благо, затоа што нема кој да не контролира. Всушност, дневникот на исхрана е совршен помошник, во него на крајот на секој ден запишувате како изгледале вашите оброци, вашето расположение и желбата за храна.

Со водење на ваков дневник ќе станете поодговорни и притисокот лесно ќе исчезне затоа што емоциите ги исфрлате на хартија.

Избегнувајте преработена храна

Доколку не губите килограми, а се придржувате кон пропишаниот внес на калории преиспитајте се каква храна јадете. Не е целта да се придржувате до бројот на калории а да внесувате во организмот преработени намирници, затоа што на тој начин го забавувате организмот и го ослабнувате имунитетот. Фокусирајте се на квалитетот на намирниците, доколку јадете овошје, можете да внесете и поголеми количини ако е подготвено на здрав начин. Резултатот од слабеењето ќе биде повеќе видлив ако се насочите кон квалитетот на храната која ја консумирате, наместо да броите калории.

Не се казнувајте себеси

Со секојдневното казнување пред огледало, со погрдните зборови и коментари кои ги кажувате за својата килажа, нема да постигнете ништо. Бидете си најголема поддршка во процесот на слабеење, нема причина да го мразите своето тело - бидете му најдобар пријател и погрижете се за вашето здравје и виталност. Според тоа, дозволено е еднаш неделно да се наградите со омиленото благо после напорниот тренинг. Нема потреба во потполност да се одречете од малите ритуали кои ве прават среќни.

Здрави животни навики

Понекогаш нашиот организам бара повеќе храна, имаме потреба за поголем количина шеќер затоа што немаме формирани здрави навики кога спиењето и хидратацијата на организмот се во прашање. За да слабееме на поздрав начин и за да ја спречиме прекумерната желба за нездрава храна потребни се продуктивни, воспоставени навики. Допуштете му на телото да се одмори, внесувајте погхолеми количини течности и ќе имате сила за физички активности, но и дополнителна сила да се изборите со искушенијата на ментално ниво.

Намалете ги јаглените хидрати

Не треба да штедите на протеини, треба да измерите колку јаглени хидрати консумирате на дневно ниво. Наместо да избегнувате да јадете месо, риба или печурки запрашајте се дали сте јаделе тестенини и леб во текот на денот, исто така и компир. Со цел да слабеете здраво, на вашето тело му е потребен баланс меѓу продуктите. Уште поважно е за тоа да останете свесни и така процесот на слабеење нема да се претвори во секојдневно мачење.

The post Пет совети кои ќе ви помогнат во борбата со вишокот килограми appeared first on Република.

]]>

Вишокот килограми влијае на нашето здравје во физичка и во психичка смисла, а кога ќе увидиме дека ригорозните диети кон кои строго се придржуваме не даваат доволно добар резултат, кај нас се создава дополнителна нервоза. Нутриционистите шурум светот истакнуваат дека е најдобро да се посоветувате со нив и да изберете режим на исхрана што најмногу ќе му одговара на вашиот организам бидејќи диетите можат да бидат опасни по здравјето ако се одлучите самоиницијативно за нив. Овa se неколку совети кои може да ви бидат од полза во процесот на губење килограми.

Водете дневник на исхрана

Истражувањата покажуваат дека броењето калории е фрустрирачки и според тоа во текот на денот можеме да посакаме благо или грицки. Кога чувствуваме притисок дека мораме да внесеме одреден број калории можеме да се излажеме сами себе и на крајот на денот да уживаме во чоколадо или друго омилено благо, затоа што нема кој да не контролира. Всушност, дневникот на исхрана е совршен помошник, во него на крајот на секој ден запишувате како изгледале вашите оброци, вашето расположение и желбата за храна. Со водење на ваков дневник ќе станете поодговорни и притисокот лесно ќе исчезне затоа што емоциите ги исфрлате на хартија.