Вишо Јавно обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visho-javno-obvinitelstvo/ За подобро да се разбереме Tue, 23 Jan 2024 11:23:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Вишо Јавно обвинителство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visho-javno-obvinitelstvo/ 32 32 Ковачевски и Пендаровски молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на Битиќи и Муслиу https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-i-pendarovski-molchat-za-grantot-od-620-000-evra-na-soprugite-na-bitiki-i-musliu/ Tue, 23 Jan 2024 11:23:15 +0000 https://republika.mk/?p=735870

Ковачевски, Пендаровски и ЈО четврти ден молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, кои успеале да го добијат со претходно склучен Меморандум со Националниот координатор за сузбивање на тероризам назначен од владата, објави Драган Ковачки.

Грант од 620.000 евра, сопруги на вицепремиер и директор на служба, одлука на влада, сето ова ставено во една реченица треба да биде доволно ЈО барем да се заинтересира да провери и отвори истрага, но од таму молк.

Колку повеќе откриваме од случајот, толку повеќе станува јасно дека власта сериозно забегала.

Имено, единственото нешто кое сопругата на Муслиу го има со безбедноста и со борбата со тероризмот е дејноста на нејзиниот сопруг – директор на АР, затоа што госпоѓата е магистер на земјоделски факултет.

Која е експертизата која истата ја има за областа и како се нашла да биде дел од Конзорциумот?

Колку може да биде квалитетната експертизата и анализите кои за потребите на националниот комитет за насилен екстремизам и борба со тероризам во кој членува нејзиниот сопруг, ги прави Магистерка по земјоделие?

 

Претставниците на власта со злоупотреби на службени позиции, со трговија со влијание за добивање на странски грантови од областа на безбедноста на земјоделци чии сопрузи се државни функционери, докажуваат дека институциите максимално се злоупотребуваат и искористуваат за лични лукративни цели.

За сите горенаведени информации, институциите кои се под целосна контрола на СДС и ДУИ – молчат.

Со молчењето ЈО, Пендаровски и Ковачевски, истите потврдуваат дека знаат и го одобруваат ова дејание.

Доколку сакаат да глумат Европјани, тогаш Пендаровски да не молчи, туку веднаш да го разреши Муслиу и да го повика истото да го направи и Ковачевски со Битиќи во Собрание.

The post Ковачевски и Пендаровски молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на Битиќи и Муслиу appeared first on Република.

]]>

Ковачевски, Пендаровски и ЈО четврти ден молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на вицепремиерот Битиќи и директорот на АР Еролд Муслиу, кои успеале да го добијат со претходно склучен Меморандум со Националниот координатор за сузбивање на тероризам назначен од владата, објави Драган Ковачки. Грант од 620.000 евра, сопруги на вицепремиер и директор на служба, одлука на влада, сето ова ставено во една реченица треба да биде доволно ЈО барем да се заинтересира да провери и отвори истрага, но од таму молк.
Колку повеќе откриваме од случајот, толку повеќе станува јасно дека власта сериозно забегала.
Имено, единственото нешто кое сопругата на Муслиу го има со безбедноста и со борбата со тероризмот е дејноста на нејзиниот сопруг – директор на АР, затоа што госпоѓата е магистер на земјоделски факултет. Која е експертизата која истата ја има за областа и како се нашла да биде дел од Конзорциумот? Колку може да биде квалитетната експертизата и анализите кои за потребите на националниот комитет за насилен екстремизам и борба со тероризам во кој членува нејзиниот сопруг, ги прави Магистерка по земјоделие?
  Претставниците на власта со злоупотреби на службени позиции, со трговија со влијание за добивање на странски грантови од областа на безбедноста на земјоделци чии сопрузи се државни функционери, докажуваат дека институциите максимално се злоупотребуваат и искористуваат за лични лукративни цели.
За сите горенаведени информации, институциите кои се под целосна контрола на СДС и ДУИ – молчат. Со молчењето ЈО, Пендаровски и Ковачевски, истите потврдуваат дека знаат и го одобруваат ова дејание.
Доколку сакаат да глумат Европјани, тогаш Пендаровски да не молчи, туку веднаш да го разреши Муслиу и да го повика истото да го направи и Ковачевски со Битиќи во Собрание.

The post Ковачевски и Пендаровски молчат за грантот од 620.000 евра на сопругите на Битиќи и Муслиу appeared first on Република.

]]>
Oбвинителството потврди: Уапсени се сите од тепачката во М-НАВ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/obvinitelstvoto-potvrdi-uapseni-se-site-od-tepachkata-vo-m-nav/ Thu, 18 Jan 2024 20:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=734496

Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека се лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ на 4 јануари.

-Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител, соопштуваат од Обвинителството.\

По упадот во М-НАВ беа приведени четири лица меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ, Беким Незири на кои судот им одреди мерки на претпазливост, но по жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува во мерка куќен притвор. Петтоосомничениот беше приведен подоцна и нему му е определен 30-дневен притвор.

Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица кои се сомничат дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

The post Oбвинителството потврди: Уапсени се сите од тепачката во М-НАВ appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека се лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ на 4 јануари.
-Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител, соопштуваат од Обвинителството.\
По упадот во М-НАВ беа приведени четири лица меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ, Беким Незири на кои судот им одреди мерки на претпазливост, но по жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува во мерка куќен притвор. Петтоосомничениот беше приведен подоцна и нему му е определен 30-дневен притвор. Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција. Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица кои се сомничат дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај

The post Oбвинителството потврди: Уапсени се сите од тепачката во М-НАВ appeared first on Република.

]]>
Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vishoto-javno-obvinitelstvo-bara-ukinuvane-na-prvostepenata-presuda-za-talir-2-dali-krivichniot-sud-i-jo-rabotele-po-politichka-narachka/ Fri, 24 Nov 2023 09:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=715722

Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик. Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка. Направени се серија пропусти, од суштински и формален аспект. Затоа ниту една од страните никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.

 

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир.

Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Во дописот точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/
д дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.

Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.

Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која поранежниот партиски лидер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

The post Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! appeared first on Република.

]]>

Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик. Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка. Направени се серија пропусти, од суштински и формален аспект. Затоа ниту една од страните никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.   Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир. Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Во дописот точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања. https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/ д дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.
Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.
Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која поранежниот партиски лидер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

The post Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! appeared first on Република.

]]>
Спасовски го повика Мицкоски доколку има докази за случајот „Онкологија“ да ги достави во Јавното обвинителство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-go-povika-mitskoski-dokolku-ima-dokazi-za-sluchajot-onkologija-da-gi-dostavi-vo-javnoto-obvinitelstvo/ Fri, 03 Nov 2023 13:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=697829

Важно е за која било постапка која што се води, доколку кој било граѓанин поседува какви било докази, тие докази да ги достави до надлежното јавно обвинителство и на тој начин да помогне во истрагата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на денешната седница на собраниската Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија одговарајќи на прашање од пратеник за наводите што ги изнесе вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случајот  повикувајќи се на извештаи од свиркачи што го опфаќаат периодот до август годинава.

-Прво, јас не можам да знам и ниту треба да знам кој и какви намери има со објаснување на било какви информации. Доколку постојат докази, а не ги доставува до надлежните истражни органи, ќе значи прикривање на доказите. Или пак доколку постојат докази, а ги објавува јавно како документација кои се наоѓаат како дел од предметот, тоа значи компромититање на доказите и на целата истражна постапка, рече Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека во моментов не смее и ниту може да изнесува информации, податоци за тоа кои документи се одземени од страна на МВР преку наредбата од надлежниот суд и обвинителство во однос на целиот овој процес.

Спасовски рече дека настаните за Онкологија почнуваат на 31 август 2023 година кога првпат од страна на крим-полиција, Секторот за економски криминал и корупција доставено е известувањето до ОЈО и посочи дека тие траат до денеска и ќе траат се до завршување на целата постапка.

-Сите информации, оперативни сознанија, податоци кои што ги прибираме и можат да бидат од корист на истрагата и завршување на целиот овој предмет и сите барања кои се добиваат од страна на ОЈО за постапување се анализираат и се доставуваат во истрагата затоа што веројатно сето она што може да биде од помош, од корист за да дојдеме до конечниот одговор е суштината на целиот овој предмет. За сите аспекти кои се поврзани со настанот се анализира, рече Спасовски.

 

На прашањата на пратениците одговара јавниот обвинител Љубомир Јовески. Треба да биде сослушуван вторпат и поранешниот директор на  Клиниката за онкологија Нино Васев. На денешната седница биле поканети да сведочат и поранешниот министер за здравство Венко Филипче и Миле Сугарев, актуелениот директор на ФЗО. Мизрахи на почетокот на седницата информираше дека Сугарев не можел да присуствува на седница поради службен пат надвор од Скопје. Таа соопшти дека Филипче во допис ја известува Анкетната комисија дека заради приватни обврски и патувања во странство не може да присуствува повторно на Комисијата. Известил и дека во првото појавување ги одговорил сите прашања и изложил ставови за овој процеси оти стои на располагање да одговара писмено. Мизрахи рече дека Анкетната комисија  не е седница на пратенички прашања, а тој веќе не е министер.

https://republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-za-onkologija-so-rechisi-istoto-soopshtenie-kako-sdsm/

Мизрахи претходно на прес-конференција соопшти дека ќе побара продолжување на рокот за работа на оваа комисија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува нејзината работа.

Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Поради наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, имаше реакции во јавноста и протести.

The post Спасовски го повика Мицкоски доколку има докази за случајот „Онкологија“ да ги достави во Јавното обвинителство appeared first on Република.

]]>

Важно е за која било постапка која што се води, доколку кој било граѓанин поседува какви било докази, тие докази да ги достави до надлежното јавно обвинителство и на тој начин да помогне во истрагата, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки на денешната седница на собраниската Анкетната комисија за скандалот во Клиниката за онкологија одговарајќи на прашање од пратеник за наводите што ги изнесе вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за случајот  повикувајќи се на извештаи од свиркачи што го опфаќаат периодот до август годинава.
-Прво, јас не можам да знам и ниту треба да знам кој и какви намери има со објаснување на било какви информации. Доколку постојат докази, а не ги доставува до надлежните истражни органи, ќе значи прикривање на доказите. Или пак доколку постојат докази, а ги објавува јавно како документација кои се наоѓаат како дел од предметот, тоа значи компромититање на доказите и на целата истражна постапка, рече Спасовски.
Министерот Спасовски истакна дека во моментов не смее и ниту може да изнесува информации, податоци за тоа кои документи се одземени од страна на МВР преку наредбата од надлежниот суд и обвинителство во однос на целиот овој процес. Спасовски рече дека настаните за Онкологија почнуваат на 31 август 2023 година кога првпат од страна на крим-полиција, Секторот за економски криминал и корупција доставено е известувањето до ОЈО и посочи дека тие траат до денеска и ќе траат се до завршување на целата постапка.
-Сите информации, оперативни сознанија, податоци кои што ги прибираме и можат да бидат од корист на истрагата и завршување на целиот овој предмет и сите барања кои се добиваат од страна на ОЈО за постапување се анализираат и се доставуваат во истрагата затоа што веројатно сето она што може да биде од помош, од корист за да дојдеме до конечниот одговор е суштината на целиот овој предмет. За сите аспекти кои се поврзани со настанот се анализира, рече Спасовски.
  На прашањата на пратениците одговара јавниот обвинител Љубомир Јовески. Треба да биде сослушуван вторпат и поранешниот директор на  Клиниката за онкологија Нино Васев. На денешната седница биле поканети да сведочат и поранешниот министер за здравство Венко Филипче и Миле Сугарев, актуелениот директор на ФЗО. Мизрахи на почетокот на седницата информираше дека Сугарев не можел да присуствува на седница поради службен пат надвор од Скопје. Таа соопшти дека Филипче во допис ја известува Анкетната комисија дека заради приватни обврски и патувања во странство не може да присуствува повторно на Комисијата. Известил и дека во првото појавување ги одговорил сите прашања и изложил ставови за овој процеси оти стои на располагање да одговара писмено. Мизрахи рече дека Анкетната комисија  не е седница на пратенички прашања, а тој веќе не е министер. https://republika.mk/vesti/makedonija/klinikata-za-onkologija-so-rechisi-istoto-soopshtenie-kako-sdsm/ Мизрахи претходно на прес-конференција соопшти дека ќе побара продолжување на рокот за работа на оваа комисија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува нејзината работа. Одлуката за формирање Анкетна комисија беше донесена на 20 септември, откако по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија, Јавното обвинителство отвори предистражна постапка. Поради наводите за злоупотреба на лекови на Клиниката, имаше реакции во јавноста и протести.

The post Спасовски го повика Мицкоски доколку има докази за случајот „Онкологија“ да ги достави во Јавното обвинителство appeared first on Република.

]]>
Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/natasha-godhoska-i-artan-ajro-izbrani-za-javni-obviniteli-vo-vishoto-javno-obvinitelstvo-skopje/ Wed, 12 Jul 2023 10:16:04 +0000 https://republika.mk/?p=660383

Наташа Гоџоска и Артан Ајро денеска беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје.

Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска.

Претходно, советот ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство.

На денешната седница ќе се бираат обвинители и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.

The post Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>

Наташа Гоџоска и Артан Ајро денеска беа избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје. Советот на јавни обвинители на денешната, 82 седница гласаше по сите пријавени кандидати, а потребното мнозинство не го добија кандидатите Зоран Марковски, Спасенка Андонова, Владимир Милошески, Наташа Сарамандова, Јован Серафимовски, Љубомир Лапе, Златко Биковски, Расим Деца, Дарко Јакимовски и Ленче Ристовска. Претходно, советот ги избра Наталија Тасевска и Елвин Вели за јавни обвинители во Јавното обвинителство. На денешната седница ќе се бираат обвинители и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција - ОЈО ГОКК, Основно јавно обвинителство Гостивар, Основно јавно обвинителство Кавадарци и Основно јавно обвинителство Скопје.

The post Наташа Гоџоска и Артан Ајро избрани за јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје appeared first on Република.

]]>