висенте амиго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visente-amigo/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Jun 2024 08:16:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png висенте амиго Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/visente-amigo/ 32 32 На третата вечер на ОФФест познатиот фламенко гитарист Висенте Амиго https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-tretata-vecher-na-offest-poznatiot-flamenko-gitarist-visente-amigo/ Sat, 08 Jun 2024 08:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=785667

На третата фестивалска вечер на ОФФест вечерва ќе настапи големиот фламенко гитарист Висенте Амиго кој се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија.

Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.

Висенте Амиго ужива висок рејтинг во светот на фламенко музиката како еден од најкомплетните и највлијателните гитаристи од новата генерација.

Недофатлив, мистериозен, енигматичен уметник, со фасцинантна чувствителност и ненадминлива длабочина, велат од ОФФест.

Роден е 1967 година во Гвадалканал (Севиља), а израснат во Кордоба. Приврзан за гитарата уште од детството, албум по албум, тој се наметнува како еден од најиновативните и најплодните современи музички творци. Од неговата прва албумска објава во 1991 година, тој успеа да создаде свој стил кој е суптилен и раскошен, отворен за другите музички стилови. Соработувал со најголемите фламенко ѕвезди како и со значајни уметници од други жанрови како Пако де Лусија, Камарон де ла Исла, Кармен Линарес, Манола Санлукар, Диего Ел Сигала, Мигел Поведа, Естреља Моренте, Дејвид Боуви, Кит Ричардс, Боб Дилан, Џон Меклафлин и Ал ди Меола, Стинг…

The post На третата вечер на ОФФест познатиот фламенко гитарист Висенте Амиго appeared first on Република.

]]>

На третата фестивалска вечер на ОФФест вечерва ќе настапи големиот фламенко гитарист Висенте Амиго кој се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Пако де Лусија. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес. Висенте Амиго ужива висок рејтинг во светот на фламенко музиката како еден од најкомплетните и највлијателните гитаристи од новата генерација.