ВИС Билјана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vis-biljana/ За подобро да се разбереме Fri, 29 Mar 2024 11:29:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ВИС Билјана Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vis-biljana/ 32 32 „ВИС Билјана“ в сабота во „Јавна соба“ https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/vis-biljana-v-sabota-vo-javna-soba/ Fri, 29 Mar 2024 11:29:53 +0000 https://republika.mk/?p=760101

Во „Јавна соба“, в сабота 30. март нов празник за уши со добра забава, овој пат со ВИС Билјана.

Овој Ансамбл постои веќе 15 години, кој понатаму се труди да ја зачува, изведувa, и презентира културната традиција на Охрид и Македонија во и надвор од државата, преку песна и игра онака како што најдобро знае и умее како главна цел, а воедно и да остави задолжение на идните генерации. На вториот носач на звук издаден во мај 2016 година, снимени се 13 песни. Дел од нив се староградски, дел се стари неснимени песни кои старата постава немала можност да ги сними и е снимена и една авторска песна со наслов “Збогум Румелија”. Специјален гостин на ова ЦД е Ташко Петрески – соло гитара, еден од ретките активни членови од стариот состав на ансамблот.

Во 2009 година Кузман Поп-Стефанија заедно со своите внуци Јован и Димитар Поп-Стефанија го формираат подмладокот на Билјана кој активно работи на полето на староградската охридска музика, македонската народна музика и музиката од целиот Балкан. Групата работи под менторството на Кузман се до неговата смрт во 2013 година. Во оваа група, покрај сегашните членови Јован Поп-Стефанија, Ангел Трајковски, Христијан Томевски и Андреј Лаброски членувале и Ангел Дулевски, Петар Паскали, Стефан Здравевски и Виктор Јолаковски.

Групата има издадено два носачи на звук со име “И ние сме деца на Македонија“ во 2013 година. Тој содржи веќе снимени староградски песни од охридскиот крај, а на овој носач на звук специјален гостин е Васко Дуковски, магистер по кларинет кој своите студии ги има завршено на престижниот Џулиард Колеџ во Њујорк.

Првиот состав на ВИС Билјана е формиран во јуни 1952 година во Охрид, од страна на Кузман Поп-Стефанија кој заедно со неговите другари Томчо Лукан, Миле Трендафилов и Гарип Рамадан се отцепуваат од тогашните културно-уметнички друштва и го формираат овој ансамбл.

World Music Saturday е мотото на фестивалот “Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба. Влезницата чини 400 денари.

 

The post „ВИС Билјана“ в сабота во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Во „Јавна соба“, в сабота 30. март нов празник за уши со добра забава, овој пат со ВИС Билјана. Овој Ансамбл постои веќе 15 години, кој понатаму се труди да ја зачува, изведувa, и презентира културната традиција на Охрид и Македонија во и надвор од државата, преку песна и игра онака како што најдобро знае и умее како главна цел, а воедно и да остави задолжение на идните генерации. На вториот носач на звук издаден во мај 2016 година, снимени се 13 песни. Дел од нив се староградски, дел се стари неснимени песни кои старата постава немала можност да ги сними и е снимена и една авторска песна со наслов “Збогум Румелија”. Специјален гостин на ова ЦД е Ташко Петрески – соло гитара, еден од ретките активни членови од стариот состав на ансамблот. Во 2009 година Кузман Поп-Стефанија заедно со своите внуци Јован и Димитар Поп-Стефанија го формираат подмладокот на Билјана кој активно работи на полето на староградската охридска музика, македонската народна музика и музиката од целиот Балкан. Групата работи под менторството на Кузман се до неговата смрт во 2013 година. Во оваа група, покрај сегашните членови Јован Поп-Стефанија, Ангел Трајковски, Христијан Томевски и Андреј Лаброски членувале и Ангел Дулевски, Петар Паскали, Стефан Здравевски и Виктор Јолаковски. Групата има издадено два носачи на звук со име “И ние сме деца на Македонија“ во 2013 година. Тој содржи веќе снимени староградски песни од охридскиот крај, а на овој носач на звук специјален гостин е Васко Дуковски, магистер по кларинет кој своите студии ги има завршено на престижниот Џулиард Колеџ во Њујорк. Првиот состав на ВИС Билјана е формиран во јуни 1952 година во Охрид, од страна на Кузман Поп-Стефанија кој заедно со неговите другари Томчо Лукан, Миле Трендафилов и Гарип Рамадан се отцепуваат од тогашните културно-уметнички друштва и го формираат овој ансамбл. World Music Saturday е мотото на фестивалот “Светско, а наше”, кој се одвива во Јавна Соба. Влезницата чини 400 денари.  

The post „ВИС Билјана“ в сабота во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>