виршли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/virshli/ За подобро да се разбереме Mon, 26 Feb 2024 08:35:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виршли Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/virshli/ 32 32 Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/puter-virshli-sokchina-za-detsa-i-sladoledi-del-od-proizvodite-povlecheni-poradi-nebezbednost/ Mon, 26 Feb 2024 08:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=748335

Виршли, сокчиња за деца, суви смокви, сладоледи, ѓумбир во прав, путер, минерална вода со додатоци и адитиви за пекарската индустрија, се само некои од производите коишто минатата година биле повлечени од домашниот пазар како небезбедни.

Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во јануари годинава нема уништена или вратена увезена храна поради небезбедност. Извршени се 4 808 инспекциски надзори од кои редовни 2 474, контролни 306 и вонредни 2 028. Исконтролирани се 3 269 пратки на увезена храна од неживотинско потекло. Вкупно се изречени 369 инспекциски мерки од кои три прекршочни пријави, 312 решенија, 27 едукации и исто толку покани за порамнување со прекршочен платен налог. Спроведени се и 1.094 контроли за пратки од увоз и 322 за пратки во транзит.

Овој месец беа повлечени од продажба чипс од Косово и органско какао од Холандија. Како што објави Агенцијата на 14 февруари, какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него била утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него било детектирано присуство на акриламид.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски тврди дека јадеме безбедна храна. Ништо, вели, не се остава на случајност. Пазарот се следи постојано и се реагира согласно меѓународните стандарди.

Како што објаснува Бабовски, секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето.

Врз основа на воспоставениот интегриран систем на контрола, ние вршиме постојан надзор над операторите со храна за луѓе и храна за животни во однос на исполнување на општите и посебните услови за безбедност, но и за заштита на правата на потрошувачите. Контроли се вршат во сите фази на производство: преработка, дистрибуција и продажба, како и при увозот. Секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето. Ваквата храна од страна на самите оператори, но и по налог и надзор на инспекциските служби, се повлекува од пазарот и најчесто нештетно се уништува. Ова се однесува и на храната за животните, вели Бабовски за МИА.

Како што истакнува, иако се прават максимални напори и од институциите и од операторите на пазарот да се пласира безбедна храна, секогаш постои можност некои од дефинираните параметри за безбедност да не бидат задоволени, односно да бидат нарушени. Во такви случаи, дури и кога постои сомнеж дека храната за луѓето или храната за животните е небезбедна, се преземаат мерки за заштита на животот, здравјето и правата на потрошувачите од самите оператори со храна и од страна на Агенцијата.

Доколку се работи за храна од увоз со добиена согласност од надлежните служби за контрола на безбедност на храната, небезбедната храна може да се врати кај операторот во земјата извозник. Одговорност за пласирање безбедна храна на домашниот пазар, која ги исполнува општите и посебните дефинирани законски услови за безбедност, имаат и самите оператори. Доколку тие сметаат или имаат причина да веруваат дека храната која е увезена, произведена, преработена, обработена или дистрибуирана не е во согласност со барањата за безбедност, мора да почнат итна постапка за нејзино повлекување од промет, а во случај кога храната ја поминала непосредната контрола на операторот со храна, за тоа да ја информираат Агенцијата. Во случај кога производот стигнал до потрошувачот, операторот мора ефикасно и точно да ги информира потрошувачите за причината поради која се повлекува храната и доколку е потребно, да ја отповика/повлече храната со која потрошувачите веќе се снабдени, во случај кога другите мерки не се доволни за да се постигне висок степен на заштита на здравјето на луѓето, објаснува Бабовски.

Тој напоменува и дека операторот со храна одговорен за малопродажба и дистрибуција мора да ги поседува релевантните информации за следливост.

Операторот мора да знае каде е храната пласирана и мора веднаш да ја информира АХВ доколку добие или има лабораториски резултат за неусогласеност со барањата за безбедност на храната или смета или има причина да верува дека храната која била ставена во промет, може да биде штетна по здравјето на луѓето, како и да информира за преземените активности за да се спречи ризикот по крајниот потрошувач. Храната се повлекува и во случаите кога се работи за сомнеж или за труење со храна. Во овие случаи, кога инспекторите на АХВ постапуваат и соработуваат со Министерството за здравство и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а по потреба и со други државни органи, официјалните контроли, начинот на вршење на епидемиолошки испитувања на болести преносливи со храна и мерките кои се преземаат во случај сомнение и на позитивен наод на болести преносливи со храна и општите и посебните барања и услови кои треба да ги исполнат операторите со храна за спречување и елиминирање на појавата на алиментарни заболувања, се спроведуваат по точно дефинирани процедури и протоколи, потенцира Бабовски.

Храната или храната за животни која се повлекува од пазарот од самиот оператор или по налог на инспекциските служби, независно дали станува збор за храна од домашно производство или од увоз, задолжително се става под официјален надзор.

Храната останува под надзор се додека не се добие задоволителен или незадоволителен лабораториски наод, по што небезбедната храна се уништува или се враќа кај операторот извозник доколку се работи за храна или за храна за животни од увоз. Постои законска можност за пренамена на храната доколку операторот тоа го побара, а инспекциските служби на Агенцијата проценат дека е можно да се направи. Постапката може да вклучи третман или обработка со кои храната се доведува во согласност со барањата за безбедност, вклучувајќи каде што е можно да се изврши деконтаминација, на начин со кој се овозможува употреба на таквата храна како храна или како храна за животни. Посебниот третман се спроведува задолжително под надзор на инспектор, во објекти кои се одобрени за таа намена. Повлекувањето/отповикувањето на небезбедни производи АХВ го објавува на интернет страницата и во медиумите. Иста обврска за информирање на потрошувачите имаат и операторите и тие во најголемиот дел таа обврска ја почитуваат, нагласува директорот.

Во 2023 година се извршени вкупно 56 951 инспекциски надзор и се изречени 5 642 мерки, 11 кривични и 59 прекршочни пријави. Поништени се 147 415 килограми храна, 38 719 од инспектори и 108 696 килограми од оператори. Уништени биле и три увезени пратки производи од неживотинско потекло „тешки“ 38 636 килограми. Забранети биле 14 пратки од увоз на храна од животинско потекло со количина од 216 979 килограми и од нив се уништени три „тешки“ 4 783 килограми.

АХВ минатата година издала 3 024 сертификати за извоз на храна од животинско потекло и 4 140 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло.

The post Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност appeared first on Република.

]]>

Виршли, сокчиња за деца, суви смокви, сладоледи, ѓумбир во прав, путер, минерална вода со додатоци и адитиви за пекарската индустрија, се само некои од производите коишто минатата година биле повлечени од домашниот пазар како небезбедни. Според Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во јануари годинава нема уништена или вратена увезена храна поради небезбедност. Извршени се 4 808 инспекциски надзори од кои редовни 2 474, контролни 306 и вонредни 2 028. Исконтролирани се 3 269 пратки на увезена храна од неживотинско потекло. Вкупно се изречени 369 инспекциски мерки од кои три прекршочни пријави, 312 решенија, 27 едукации и исто толку покани за порамнување со прекршочен платен налог. Спроведени се и 1.094 контроли за пратки од увоз и 322 за пратки во транзит. Овој месец беа повлечени од продажба чипс од Косово и органско какао од Холандија. Како што објави Агенцијата на 14 февруари, какаото не било пуштено во продажба, ниту дистрибуирано до крајните потрошувачи, но во него била утврдена количина на кадмиум над дозволената, додека чипсот бил достапен на пазарот и во него било детектирано присуство на акриламид. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски тврди дека јадеме безбедна храна. Ништо, вели, не се остава на случајност. Пазарот се следи постојано и се реагира согласно меѓународните стандарди. Како што објаснува Бабовски, секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето.
Врз основа на воспоставениот интегриран систем на контрола, ние вршиме постојан надзор над операторите со храна за луѓе и храна за животни во однос на исполнување на општите и посебните услови за безбедност, но и за заштита на правата на потрошувачите. Контроли се вршат во сите фази на производство: преработка, дистрибуција и продажба, како и при увозот. Секој прехранбен производ за кој не постои гаранција дека ги исполнува општите и посебните услови за безбедност има третман на „небезбеден“ и се смета како потенцијална опасност за здравјето на луѓето. Ваквата храна од страна на самите оператори, но и по налог и надзор на инспекциските служби, се повлекува од пазарот и најчесто нештетно се уништува. Ова се однесува и на храната за животните, вели Бабовски за МИА.
Како што истакнува, иако се прават максимални напори и од институциите и од операторите на пазарот да се пласира безбедна храна, секогаш постои можност некои од дефинираните параметри за безбедност да не бидат задоволени, односно да бидат нарушени. Во такви случаи, дури и кога постои сомнеж дека храната за луѓето или храната за животните е небезбедна, се преземаат мерки за заштита на животот, здравјето и правата на потрошувачите од самите оператори со храна и од страна на Агенцијата.
Доколку се работи за храна од увоз со добиена согласност од надлежните служби за контрола на безбедност на храната, небезбедната храна може да се врати кај операторот во земјата извозник. Одговорност за пласирање безбедна храна на домашниот пазар, која ги исполнува општите и посебните дефинирани законски услови за безбедност, имаат и самите оператори. Доколку тие сметаат или имаат причина да веруваат дека храната која е увезена, произведена, преработена, обработена или дистрибуирана не е во согласност со барањата за безбедност, мора да почнат итна постапка за нејзино повлекување од промет, а во случај кога храната ја поминала непосредната контрола на операторот со храна, за тоа да ја информираат Агенцијата. Во случај кога производот стигнал до потрошувачот, операторот мора ефикасно и точно да ги информира потрошувачите за причината поради која се повлекува храната и доколку е потребно, да ја отповика/повлече храната со која потрошувачите веќе се снабдени, во случај кога другите мерки не се доволни за да се постигне висок степен на заштита на здравјето на луѓето, објаснува Бабовски.
Тој напоменува и дека операторот со храна одговорен за малопродажба и дистрибуција мора да ги поседува релевантните информации за следливост.
Операторот мора да знае каде е храната пласирана и мора веднаш да ја информира АХВ доколку добие или има лабораториски резултат за неусогласеност со барањата за безбедност на храната или смета или има причина да верува дека храната која била ставена во промет, може да биде штетна по здравјето на луѓето, како и да информира за преземените активности за да се спречи ризикот по крајниот потрошувач. Храната се повлекува и во случаите кога се работи за сомнеж или за труење со храна. Во овие случаи, кога инспекторите на АХВ постапуваат и соработуваат со Министерството за здравство и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, а по потреба и со други државни органи, официјалните контроли, начинот на вршење на епидемиолошки испитувања на болести преносливи со храна и мерките кои се преземаат во случај сомнение и на позитивен наод на болести преносливи со храна и општите и посебните барања и услови кои треба да ги исполнат операторите со храна за спречување и елиминирање на појавата на алиментарни заболувања, се спроведуваат по точно дефинирани процедури и протоколи, потенцира Бабовски.
Храната или храната за животни која се повлекува од пазарот од самиот оператор или по налог на инспекциските служби, независно дали станува збор за храна од домашно производство или од увоз, задолжително се става под официјален надзор.
Храната останува под надзор се додека не се добие задоволителен или незадоволителен лабораториски наод, по што небезбедната храна се уништува или се враќа кај операторот извозник доколку се работи за храна или за храна за животни од увоз. Постои законска можност за пренамена на храната доколку операторот тоа го побара, а инспекциските служби на Агенцијата проценат дека е можно да се направи. Постапката може да вклучи третман или обработка со кои храната се доведува во согласност со барањата за безбедност, вклучувајќи каде што е можно да се изврши деконтаминација, на начин со кој се овозможува употреба на таквата храна како храна или како храна за животни. Посебниот третман се спроведува задолжително под надзор на инспектор, во објекти кои се одобрени за таа намена. Повлекувањето/отповикувањето на небезбедни производи АХВ го објавува на интернет страницата и во медиумите. Иста обврска за информирање на потрошувачите имаат и операторите и тие во најголемиот дел таа обврска ја почитуваат, нагласува директорот.
Во 2023 година се извршени вкупно 56 951 инспекциски надзор и се изречени 5 642 мерки, 11 кривични и 59 прекршочни пријави. Поништени се 147 415 килограми храна, 38 719 од инспектори и 108 696 килограми од оператори. Уништени биле и три увезени пратки производи од неживотинско потекло „тешки“ 38 636 килограми. Забранети биле 14 пратки од увоз на храна од животинско потекло со количина од 216 979 килограми и од нив се уништени три „тешки“ 4 783 килограми. АХВ минатата година издала 3 024 сертификати за извоз на храна од животинско потекло и 4 140 сертификати за извоз на храна од неживотинско потекло.  

The post Путер, виршли, сокчиња за деца и сладоледи, дел од производите повлечени поради небезбедност appeared first on Република.

]]>
Погледнете како се прават: После ова видео веќе никогаш нема да пробате виршли https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/poglednete-kako-se-pravat-posle-ova-video-vekje-nikogash-nema-da-probate-virshli/ Mon, 20 Jun 2022 06:55:22 +0000 https://republika.mk/?p=517381

Виршлите се омилен појадок или ужина за многумина. Има секакви приказни за тоа од што се направени, но ретко кој обрнува внимание на тоа.

Противниците на овој вид храна предупредуваат и на емулгаторите кои се ставаат во производот, а кои се наведени на самото пакување, тврдејќи дека најмногу се штетни за нашето здравје. Сега на социјалните мрежи се појави видео во кое, како што се наведува, детално се гледа што всушност внесуваме во себе кога јадеме виршли.На ова видео е тоа што за прв пат имаме можност да видиме како изгледа хот-дог под микроскоп, но не само тоа, туку и што содржи.

Viršle, Viršla, Hot Dog, Hotdog

.

The post Погледнете како се прават: После ова видео веќе никогаш нема да пробате виршли appeared first on Република.