Виолета танчева Златева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/violeta-tancheva-zlateva/ За подобро да се разбереме Wed, 06 Nov 2024 08:24:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Виолета танчева Златева Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/violeta-tancheva-zlateva/ 32 32 Разговор со Виолета Танчева-Златева во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-violeta-tancheva-zlateva-vo-gradskata-biblioteka-braka-miladinovtsi-vo-skopje/ Wed, 06 Nov 2024 08:24:52 +0000 https://republika.mk/?p=834578

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе се одржи разговор со поетесата и писателка Виолета Танчева-Златева, чиј роман „Бела Сама“ е книга на месецот. Разговорот со авторката и книгата на месецот се дел од кампањата „Читаме современи македонски автори“ што библиотеката ја води трета година по ред.

„Бела Сама“ е семеен роман за тагата, загубата, осаменоста и себеприфаќањето. Тоа е книга за вечната борба меѓу доброто и злото, меѓу градот и селото, за комплицираните семејни релации.

Бела Сама е и Бела и Сама, впрочем, како толкумина други девојчиња, девојки и жени кои поминуваат покрај нас со своето време што можат да го видат само нашите внатрешни очи. Виолета Танчева-Златева на топол хуманистички начин токму ним им дава право на глас и со тоа им нуди четиво за промислување, за сеќавање, за поддршка и дејствување, пишува Лидија Димковска.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

Виолета Танчева-Златева (1968, с. Бориево, Струмица) е поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2000 година и на Здружението на лекторите на Република Македонија. Била член на редакциите на списанието за книжевност и култура „АКТ“ и на списанието на ДПМ „Стожер“. Работи како лектор во Издавачки центар ТРИ – Скопје. Ги има објавено следните книги проза: „Книга за сонот“ (куса проза, 1991), „Враќања“ (роман, 1993), „Враќајќи се во Бориево“ (раскази, 1999); епистоларниот роман за деца „Шарени писма“ (2008), „Раскази од минатиот век“ (2022), романот „Бела Сама“ (2023).

Објавени се и нејзините поетски книги: „Мојот Пикасо“ (2007; и двојазично издание на српски и македонски јазик „Мој Пикасо/Мојот Пикасо“, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008), „Заробеници на молкот“ (2010), „Огнена“ (2011), „Нашата приказна“ (2013), „Година без лето“ (2015, и на англиски „A Summerless Year“ во издание на Струшки вечери на поезијата, 2016), „Патот“ (2018), „На работ на светот и Капе времето“ (2021), „Глуво време“ (2023). Застапена е во повеќе избори, панорами и антологии на повеќе јазици и добитник е на повеќе значајни домашни и меѓународни книжевни награди. 

The post Разговор со Виолета Танчева-Златева во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Разговор со Виолета Танчева-Златева во Градската библиотека во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/razgovor-so-violeta-tancheva-zlateva-vo-gradskata-biblioteka-vo-skopje/ Tue, 05 Nov 2024 08:50:05 +0000 https://republika.mk/?p=834250

В среда (6 ноември) во 19 часот во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје ќе се одржи разговор со поетесата и писателка Виолета Танчева-Златева, чиј роман „Бела Сама“ е книга на месецот. Разговорот со авторката и книгата на месецот се дел од големата кампања „Читаме современи македонски автори“ што ГБСК ја води трета година по ред.

„Бела Сама“ е семеен роман за тагата, загубата, осаменоста и себеприфаќањето. Тоа е книга за вечната борба меѓу доброто и злото, меѓу градот и селото, за комплицираните семејни релации.
-Бела Сама е и Бела и Сама, впрочем, како толкумина други девојчиња, девојки и жени кои поминуваат покрај нас со своето време што можат да го видат само нашите внатрешни очи. Виолета Танчева-Златева на топол хуманистички начин токму ним им дава право на глас и со тоа им нуди четиво за промислување, за сеќавање, за поддрша и дејствување – пишува Лидија Димковска.

Разговорот ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски.

[caption id="attachment_834253" align="alignnone" width="600"] A5 Magazine Catalogue Mockup[/caption]

Виолета Танчева-Златева (1968, с. Бориево, Струмица) е поетеса, раскажувач, есеист, преведувач, лектор. Член е на Друштвото на писатели на Македонија од 2000 година и на Здружението на лекторите на Република Македонија. Била член на редакциите на списанието за книжевност и култура „АКТ“ и на списанието на ДПМ „Стожер“. Работи како лектор во Издавачки центар ТРИ – Скопје. Ги има објавено следните книги проза: Книга за сонот (куса проза, 1991), Враќања (роман, 1993), Враќајќи се во Бориево (раскази, 1999); епистоларниот роман за деца Шарени писма (2008), Раскази од минатиот век (2022), романот Бела Сама (2023).

Поезија: Мојот Пикасо (2007; и двојазично издание на српски и македонски јазик Мој Пикасо/Мојот Пикасо, Задужбина „Петар Кочиќ“, Бања Лука–Београд, 2008), Заробеници на молкот (2010), Огнена (2011), Нашата приказна (2013), Година без лето (2015, и на англиски A Summerless Year во издание на Струшки вечери на поезијата, 2016), Патот (2018), На работ на светот и Капе времето (2021), Глуво време (2023). Застапена е во повеќе избори, панорами и антологии на повеќе јазици и добитник е на повеќе значајни домашни и меѓународни книжевни награди.

Во рамките на кампањата „Читаме современи македонски автори“ месецот завршува со Клубот на читатели – неформална средба на оние што ја прочитале или сакаат да ја прочитаат книгата на месецот.

Кампањата „Читаме современи македонски автори“ на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ѝ го донесе признанието Промотор на читачката култура што го доделува Македонската асоцијација на издавачи.

The post Разговор со Виолета Танчева-Златева во Градската библиотека во Скопје appeared first on Република.

Промоција на „Бела Сама“ од Виолета Танчева-Златева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-bela-sama-od-violeta-tancheva-zlateva/ Tue, 13 Feb 2024 08:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=743454

„Бела Сама“ – најновото прозно дело на македонска авторка Виолета Танчева-Златева вечер ќе биде промовирано во Културно-информативниот центар – Скопје. Делото го издаде Издавачки центар „ТРИ“.

Како што информира Културно-информативниот центар – Скопје, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот.

Оваа книга е вистинско обележје на македонскиот современ роман. Навраќање кон човечките вредности, а едновремено и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите. Да ги овековечиме безвременските вредности на квалитетната македонска книжевна сцена, се наведува во најавата.

Според писателката Лидија Димковска, „женскиот принцип во приказната, растргнат меѓу патријархалноста и еманципацијата, е личен и колективен. Бела Сама е и Бела и Сама, впрочем, како толкумина други девојчиња, девојки и жени кои поминуваат покрај нас со своето бреме што можат да го видат само нашите внатрешни очи. Виолета Танчева-Златева на топол хуманистички начин токму ним им дава право на глас и со тоа ни нуди четиво за промислување, за сеќавање, за поддршка и за дејствување.“

Танчева-Златева досега има објавено пет прозни и девет поетски книги. Застапена е во повеќе домашни и странски антологии, панорами и избори.

Промотор ќе биде Ана Јовковска, а влезот на промоцијата е слободен.

The post Промоција на „Бела Сама“ од Виолета Танчева-Златева appeared first on Република.

]]>

„Бела Сама“ – најновото прозно дело на македонска авторка Виолета Танчева-Златева вечер ќе биде промовирано во Културно-информативниот центар – Скопје. Делото го издаде Издавачки центар „ТРИ“. Како што информира Културно-информативниот центар – Скопје, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот.
Оваа книга е вистинско обележје на македонскиот современ роман. Навраќање кон човечките вредности, а едновремено и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите. Да ги овековечиме безвременските вредности на квалитетната македонска книжевна сцена, се наведува во најавата.
Според писателката Лидија Димковска, „женскиот принцип во приказната, растргнат меѓу патријархалноста и еманципацијата, е личен и колективен. Бела Сама е и Бела и Сама, впрочем, како толкумина други девојчиња, девојки и жени кои поминуваат покрај нас со своето бреме што можат да го видат само нашите внатрешни очи. Виолета Танчева-Златева на топол хуманистички начин токму ним им дава право на глас и со тоа ни нуди четиво за промислување, за сеќавање, за поддршка и за дејствување.“ Танчева-Златева досега има објавено пет прозни и девет поетски книги. Застапена е во повеќе домашни и странски антологии, панорами и избори. Промотор ќе биде Ана Јовковска, а влезот на промоцијата е слободен.  

The post Промоција на „Бела Сама“ од Виолета Танчева-Златева appeared first on Република.

]]>
Промоција на романот „Бела Сама“ од Виолета Танчева – Златева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-romanot-bela-sama-od-violeta-tancheva-zlateva/ Sun, 11 Feb 2024 17:19:54 +0000 https://republika.mk/?p=742910

Новата прозна книга на македонската авторка Виолета Танчева – Златева, „Бела сама“ ќе биде промовирана во вторник (13 февруари) во Културно-информативниот центар во Скопје.

Овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот. Повелете да ѝ посакаме официјално добредојде на оваа книга, која е вистинско обележје на македонскиот современ роман. Навраќање кон човечките вредности, а едновремено и чекор напред кон излегување од патријархалноста и стереотипите“, се вели во најавата.

Промотор ќе биде Ана Јовковска, а настанот ќе започне во 19:19 часот. Книгата е во издание на Издавачкиот центар ТРИ.

The post Промоција на романот „Бела Сама“ од Виолета Танчева – Златева appeared first on Република.

Промоција на поетската книга „Глуво време“ од Виолета Танчева-Златева https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-poetskata-kniga-gluvo-vreme-od-violeta-tancheva-zlateva/ Mon, 10 Apr 2023 06:52:20 +0000 https://republika.mk/?p=629235

Во изложбениот салон на КИЦ вечер ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Глуво време“ од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева.

Збирката што се закити со „Антев златник“ во 2022 година, излегува во издание на Издавачки центар ТРИ. Илустрацијата на корицата ја изработи Стефан Златев, а дизајнот е на Ана Ќортошева. Промотор ќе биде д-р Атина Цветаноска, книжевен истражувач и член на жирито за наградата „Антево перо“, а настанот ќе го модерира Александра Јуруковска, активен проследувач на книжевните објави кај нас. Стиховите со својата интерпретација ќе ни ги доближи актерот Теоман Максут.

Новата поетска книга на Танчева-Златева се разликува од нејзините осум претходни стихозбирки со тоа што го повикува поединецот да го разбуди во себе патриотското чувство, покажувајќи му како (не) се сака татковината.

The post Промоција на поетската книга „Глуво време“ од Виолета Танчева-Златева appeared first on Република.

]]>

Во изложбениот салон на КИЦ вечер ќе се одржи промоција на новата поетска книга „Глуво време“ од истакнатата македонска поетеса Виолета Танчева-Златева. Збирката што се закити со „Антев златник“ во 2022 година, излегува во издание на Издавачки центар ТРИ. Илустрацијата на корицата ја изработи Стефан Златев, а дизајнот е на Ана Ќортошева. Промотор ќе биде д-р Атина Цветаноска, книжевен истражувач и член на жирито за наградата „Антево перо“, а настанот ќе го модерира Александра Јуруковска, активен проследувач на книжевните објави кај нас. Стиховите со својата интерпретација ќе ни ги доближи актерот Теоман Максут. Новата поетска книга на Танчева-Златева се разликува од нејзините осум претходни стихозбирки со тоа што го повикува поединецот да го разбуди во себе патриотското чувство, покажувајќи му како (не) се сака татковината.  