винска визија на отворен балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinska-vizija-na-otvoren-balkan/ За подобро да се разбереме Fri, 22 Nov 2024 21:28:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png винска визија на отворен балкан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinska-vizija-na-otvoren-balkan/ 32 32 Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miteva-na-makedonskata-vecher-organizirana-od-vladata-ke-se-pretstavat-nad-300-vinarii/ Fri, 22 Nov 2024 17:27:41 +0000 https://republika.mk/?p=840919

Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград, со почеток во 19:00 часот.

Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Освен премиерот, на македонската вечер ќе се обрати и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vinoto-e-mnogu-poveke-od-proizvod-toa-e-simbol-na-nashata-istorija-drzhava-najmnogu-megu-lugeto-koi-nosat-razbirane-i-prijatelstvo/

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем.

https://youtu.be/iMlJABvjUtw?si=B9EE71VtDgtGh6b2

The post Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии appeared first on Република.

]]>

Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград, со почеток во 19:00 часот. Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски ќе има свое обраќање пред присутните, каде покрај претставниците на македонската дипломатија ќе бидат присутни високи претставници на дипломатскиот кор, бизнис заедницата, но и многу гости од регионот. Она што е најважно што овие настани во минатото беа организирани и ја чинеа државата 400 илјади евра. Оваа година Владата успеа со сопствени ресурси на најдостоинствен начин да го презентира најдоброто од Македонија, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.
Освен премиерот, на македонската вечер ќе се обрати и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски. https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vinoto-e-mnogu-poveke-od-proizvod-toa-e-simbol-na-nashata-istorija-drzhava-najmnogu-megu-lugeto-koi-nosat-razbirane-i-prijatelstvo/ Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово. Третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ оваа година се одржува од 22 до 24 ноември на Белградскиот саем. https://youtu.be/iMlJABvjUtw?si=B9EE71VtDgtGh6b2

The post Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Виното е многу повеќе од производ, тоа е симбол на нашата историја, држава, најмногу меѓу луѓето кои носат разбирање и пријателство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vinoto-e-mnogu-poveke-od-proizvod-toa-e-simbol-na-nashata-istorija-drzhava-najmnogu-megu-lugeto-koi-nosat-razbirane-i-prijatelstvo/ Fri, 22 Nov 2024 16:39:20 +0000 https://republika.mk/?p=840907

Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција. Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски, на отворањето на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

Виното, посочи премиерот, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ - тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства.

Горд сум што денес, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот.  Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот. Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето. Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена, рече премиерот Мицкоски.

Потенцираше дека во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.

Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет. Дополнително, секторот за вино придонесува со 3 отсто од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците. Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител, рече Мицкоски.

Изрази надеж дека овој настан ќе ја зајакне нашата винска индустрија и ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници.

Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки. Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина, дополни премиерот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја поздрави иницијативата истакнувајќи дека е важно да се поврзуваме и сподели дека е горд на сите што се вклучени во организацијата, додека премиерот на Република Албанија, Еди Рама, во видео обраќање истакна дека платформата е добар начин за спојување и презентација на најдоброто од земјите.

Албанија е горда за придонесот во овој регион. Веруваме дека заедно со соседите од Балканот можеме да постигнеме повеќе, отколку сами, рече Рама.

Во рамки на посетата на Србија по повод учеството на Саемот Мицкоски денеска имаше тет-атет средби со Вучиќ и со српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово.

Мицкоски и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски вечер ќе имаат обраќања на македонската вечер што ќе се одржи во хотелот Хајат.

На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград од 22-24 ноември ќе бидат претставени 650 изложувачи од 37 земји.  Покрај тоа, посетителите ќе можат да уживаат и во Гастро театарот - презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Македонија и Албанија, каде што ќе се подготви комплет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија. Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.

Еден од најатрактивните сегменти на саемот ќе биде доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 23 ноември. Тогаш ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино.

Ќе се оценуваат вината од Србија, Македонија, Албанија и други балкански земји, а најдобрите примероци ќе бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали. Исто така, за вината на членовите на Иницијативата Отворен Балкан ќе бидат доделени национални

Гости на Белград ќе бидат и лидерите на кулинарската и прехранбената индустрија: британскиот готвач и амбасадор на британската кујна Алан Коксон, главниот готвач и сомелиер Драган Униќ, вториот потпретседател на Светската асоцијација на мајстори на готвачи Даниел Ајтон, познатиот италијански готвач Џанлука Томази, како и директорот на Кулинарската олимпијада Даниел Шаде.

Централното место на Белградскиот саем ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворен Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји.

The post Мицкоски: Виното е многу повеќе од производ, тоа е симбол на нашата историја, држава, најмногу меѓу луѓето кои носат разбирање и пријателство appeared first on Република.

]]>

Овој настан е доказ за моќта на соработката, визијата и посветеноста што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски, културната размена и туристичката промоција. Регионалната иницијатива создава можности што го поврзуваат нашиот регион со светот и токму оваа платформа е пример како традицијата и иновацијата можат да одат рака под рака, порача попладнево премиерот Христијан Мицкоски, на отворањето на меѓународниот саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград. Виното, посочи премиерот, како културно наследство на овој дел од Европа, е многу повеќе од производ - тоа е симбол на нашата историја, земја и труд, но и мост меѓу луѓето, градејќи разбирање и пријателства.
Горд сум што денес, овде во Белград, можеме да ги претставиме достигнувањата на македонската винска индустрија која без сомнение се вбројува помеѓу најразвиените во регионот.  Македонија има повеќе од 28.000 хектари лозови насади, а годишно произведуваме околу 100 милиони литри вино, од кои речиси 70 проценти се извезуваат во над 40 земји низ светот. Нашите лозја, кои се простираат низ региони како Тиквеш, Повардарие и Пелагонија, се меѓу најсончевите во Европа, со над 270 сончеви денови годишно, што придонесува за квалитетот на грозјето. Особено сме горди на нашите автохтони сорти, како што се вранец и станушина, кои стануваат препознатливи брендови на меѓународната сцена, рече премиерот Мицкоски.
Потенцираше дека во споредба со соседните земји, Македонија се издвојува по балансот меѓу количината и квалитетот на произведеното вино.
Според податоците, 50 проценти од произведеното македонско вино е со ознака за географско потекло, што ја истакнува нашата посветеност на врвниот квалитет. Дополнително, секторот за вино придонесува со 3 отсто од вкупниот БДП на земјата, обезбедувајќи работа за над 20.000 луѓе, од лозарите до винарите и извозниците. Со ова, Македонија станува водечки извозник на вино во регионот според бројот на литри по глава на жител, рече Мицкоски.
Изрази надеж дека овој настан ќе ја зајакне нашата винска индустрија и ќе отвори нови пазари и можности за сите учесници. Саемот „Wine Vision by Open Balkan“ не е само место за изложување и дегустација, туку и форум за дискусија, образование и соработка што ќе донесе долгорочни придобивки. Сигурен сум дека заедничкиот успех што ќе го споделиме овде ќе биде само почеток на уште поголеми достигнувања во иднина, дополни премиерот. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја поздрави иницијативата истакнувајќи дека е важно да се поврзуваме и сподели дека е горд на сите што се вклучени во организацијата, додека премиерот на Република Албанија, Еди Рама, во видео обраќање истакна дека платформата е добар начин за спојување и презентација на најдоброто од земјите.
Албанија е горда за придонесот во овој регион. Веруваме дека заедно со соседите од Балканот можеме да постигнеме повеќе, отколку сами, рече Рама.
Во рамки на посетата на Србија по повод учеството на Саемот Мицкоски денеска имаше тет-атет средби со Вучиќ и со српскиот премиер Милош Вучевиќ. Во состав на македонската делегација на саемот се и Љупчо Димовски заменик-претседател на владата за политички систем, Иван Стоилковиќ, заменик-претседател на владата и министер за односи меѓу заедниците, Игор Јанушев, генерален секретар на владата на Република Македонија, Зоран Љутков, министер за култура и туризам, Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Минчев, министер за јавна администрација и Максим Димитриевски, градоначалник на Општина Куманово. Мицкоски и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски вечер ќе имаат обраќања на македонската вечер што ќе се одржи во хотелот Хајат. На третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржува во Белград од 22-24 ноември ќе бидат претставени 650 изложувачи од 37 земји.  Покрај тоа, посетителите ќе можат да уживаат и во Гастро театарот - презентација на најдобрите ресторани и хотели од Србија, Македонија и Албанија, каде што ќе се подготви комплет мени од три јадења во комбинација со вина избрани од најдобрите сомелиери од Србија. Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи. Еден од најатрактивните сегменти на саемот ќе биде доделувањето на „ Винскиот трофеј на Отворен Балкан“, што ќе се одржи на 23 ноември. Тогаш ќе бидат прогласени најдобрите вина на фестивалот, а жирито составено од 26 меѓународни вински експерти, меѓу кои и шестмина носители на титулата „Мастер на виното“, ќе оцени речиси 1.000 примероци вино. Ќе се оценуваат вината од Србија, Македонија, Албанија и други балкански земји, а најдобрите примероци ќе бидат наградени со златни, сребрени и бронзени медали. Исто така, за вината на членовите на Иницијативата Отворен Балкан ќе бидат доделени национални Гости на Белград ќе бидат и лидерите на кулинарската и прехранбената индустрија: британскиот готвач и амбасадор на британската кујна Алан Коксон, главниот готвач и сомелиер Драган Униќ, вториот потпретседател на Светската асоцијација на мајстори на готвачи Даниел Ајтон, познатиот италијански готвач Џанлука Томази, како и директорот на Кулинарската олимпијада Даниел Шаде. Централното место на Белградскиот саем ќе го заземе заедничкиот штанд на трите национални туристички организации на земјите од Отворен Балкан, каде заеднички ќе ја презентираат туристичката понуда и културното наследство на сите три земји.

The post Мицкоски: Виното е многу повеќе од производ, тоа е симбол на нашата историја, држава, најмногу меѓу луѓето кои носат разбирање и пријателство appeared first on Република.

]]>
Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/premierot-mitskoski-utre-vo-belgrad-ke-se-sretne-so-srpskiot-pretsedatel-vuchik-i-premierot-vuchevik/ Thu, 21 Nov 2024 18:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=840510

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ.

Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски утре во Белград ќе има одвоени средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ. Мицкоски ја предводи македонската делегација која ќе присуствува на третиот меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“. Според информациите од македонската Влада, премиерот ќе се обрати на отворањето на винскиот саем, како и на македонската вечер.

The post Премиерот Мицкоски утре во Белград ќе се сретне со српскиот претседател Вучиќ и премиерот Вучевиќ appeared first on Република.

]]>
Се сликаат со чашите горе, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-slikaat-so-chashite-gore-slavat-shto-sme-infrastrukturno-ekonomski-i-finansiski-lomosani/ Fri, 17 Nov 2023 10:40:51 +0000 https://republika.mk/?p=702463

Само вински патишта и лом имаме, коментира Ивор Мицковски.

Се сликаат со чашите горе, не знам, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани.
Живели дечки, отрезнувањето ќе биде тешко, им порача тој.

The post Се сликаат со чашите горе, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани appeared first on Република.

]]>

Само вински патишта и лом имаме, коментира Ивор Мицковски.
Се сликаат со чашите горе, не знам, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани. Живели дечки, отрезнувањето ќе биде тешко, им порача тој.

The post Се сликаат со чашите горе, слават што сме инфраструктурно, економски и финансиски ломосани appeared first on Република.

]]>
Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-skopje-prezentiran-najgolemiot-regionalen-saem-za-vino-vinska-vizija-na-otvoren-balkan/ Sat, 10 Jun 2023 14:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=649932

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија, денеска во Скопје се одржа презентација на најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“.

Минатата година, во рамките на Отворен Балкан виното беше промовирано како најзначаен производ на регионот, што беше потврдено на првиот вински саем „Винската визија на Отворен Балкан“, кој го имаше своето прво издание минатата година во Белград и предизвика огромно медиумско внимание. Во насока на јакнење на потенцијалот на овој заеднички вински саем, во периодот до неговото второ издание оваа есен, земјите членки  на Отворен Балкан организираат промоции на саемот низ регионот.

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека земјите од Отворен Балкан се заедно, тие секогаш биле заедно и секогаш ќе бидат заедно во овие простори, меѓутоа разликата е што како сега никогаш во минатото не соработувале заедно и таа соработка се гледа токму преку настани и преку вакви активности како што е винскиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ кој што прерастува во еден од трите најголеми саеми за вино во светот.

Она што е резултат на Отворен Балкан сега веќе се гледа и низ бројки. Размената и трговијата помеѓу трите држави е зголемена за 25 проценти. Размената со Србија надмина 1.1 милијарда евра што е најголемо ниво во последните 17 години. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија е зголемена за 50 проценти. Воведовме зелени ленти за транспортерите за нашите три држави да не чекаат на границите. Воведуваме системи за електронска идентификација со која што работниците ќе можат слободно да се движат помеѓу нашите три држави. И практично ги спроведуваме трите слободи на ЕУ, тука кај нас, на Балканот така како што доликува. Ќе го повторам уште еднаш она што го кажав во Италија и што го кажав и пред тоа дека нашите држави се братски држави. Нашите граѓани заслужуваат да комуницираат помеѓу себе слободно. На нашите граѓани на трите држави не им требаат граници како што не им требаат граници на земјите од ЕУ, и затоа јас секогаш ќе бидам посветен на зголемувањето на соработката, на зголемувањето на комуникацијата, трговијата, зголемувањето на инвестициите во сите три држави бидејќи тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат, рече Ковачевски.

Добредојде на делегациите од Србија и Албанија им посака и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој нагласи дека визијата која ја имавме пред неколку години, за тоа како треба да функционира Балканот, денес е наша успешна приказна. Министерот Николовски истакна дека македонското вино е 29-то по ред по извоз во светот и најави дека на крајот на јули Владата ќе донесе нова 10-годишна стратегија за развој на винскиот сектор. Тој посочи дека до крајот на летото ќе биде донесен и новиот закон за вино.

Регионот е обединет, со отворени граници со зголемена економска соработка и уште многу бенефиции за граѓаните од сите три земји членки на Отворен Балкан. Ако тргнеме од познатата изрека дека „Во виното е вистината“, ова е нашата вистина, сплотен, убав, прекрасен Балкан. Секогаш отворен и гостопримлив. Сите се добредојдени. Заедно да го славиме животот под ова сонце. Да уживаме во врвните вина и храната со единствен балкански вкус, по која сме препознатливи во светот. Да си ја чуваме традицијата и сите богатства со кои великодушно не обдарила природата. Ние сме генерација на политичари кои носат храбри одлуки. По тоа ќе бидеме запаметени, како генерација која ги отворила границите и создала иднина за целиот регион, посочи министерот Николовски.

Заменик-министерот за земјоделство и рурален развој на Албанија, Ариан Јауплари истакна дека неговата земја е потенцијална земја во лозарството и во традиционалното производство на вино.

- Во 2022 година има производство од 30 илјади хектолитри вино со раст од 15 отсто во  однос на 2021 година. Денеска сме присутни со нашите етикети на најважните саеми во секторот. Исто така го очекуваме членството на Република Албанија во Меѓународната организација за вино и лозарство. Правната рамка која е усогласена со легислативата на ЕУ која го организира повеќе секторот исто така ја зголемува безбедноста на финалниот производ од секторот, рече Јауплари.

Министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Јелена Танасковиќ ги покани заинтересираните на Саемот на виното што ќе се одржи во Белград од 16 до 19 ноември годинава.

Ние сакаме да кажеме дека тоа за нас не е обична саемска манифестација. Ова го доживеавме како нешто повеќе, нешто возвишено. Ве молам сите заедно, пред се вистинските професионалци кои се бават со вино и купците, односно сите оние кои учествуваат во производството на вино, маркетинг, пропаганда, да дојдат бидат гости во Белград и да ги победиме бројките коишто ги постигнавме минатата година а кои не беа ни малку наивни, преку 20 земји и преку 350 учесници. Ние сакаме тоа поамбициозно и поголемо да го правиме од година во година. Сакам сите да ве повикам да дојдете и да бидете присутни и да бидеме сведоци на уште еден настан кој би бил незаборавен. Морам да го цитирам мојот претседател кој сака да каже дека Отворен Балкан покажа како  Србија, Македонија и Албанија со здружени сили можат да му покажат на светот колку можеме. Мислам дека покажавме дека не само што адекватен партнер заедно којшто има што да покаже, туку дека е партнер кој се многу сериозен во она што го прави и кој ги преминува границите од година во година со сериозни чекори, рече Танасковиќ.

Елена Младеновска Еленковиќ, извршен директор на „Вина од Македонија“ ја поздрави иницијативата и изрази надеж дека и Србија и Албанија и БиХ, Косово и Црна Гора заедно ќе успееме да ги направиме тие вински патишта, да ги донесеме странските гости тука за да покажеме со што располагаме. Посочи дека виното, гастрономијата се нешто што е предност на државава и се надевам дека во поголем број ќе бидеме во Белград во ноември за да може да ги примамиме странските гости да ги посетат овие наши земји.

Горан Јаковлевски, претседател на „Тиквешки семејни винарии“ нагласи дека кога минатата година добивле покана за учество на Винска визија на Отворен Балкан, тие како здружение на мали семејни винарии без размислување ја прифативле бидејќи тоа, како што рече, е одлична можност да ги претстават нивните вина, да споделат искуства, да разменат идеи, да остварат контакти со колеги од регионот, но и да ги понудат нашите туристички можности. Посочи дека Отворен Балкан е одлична можност за наш развој, зголемување на продажбата, промовирање на нашиот квалитет

The post Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со ресорните министерства на Србија и Албанија, денеска во Скопје се одржа презентација на најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“. Минатата година, во рамките на Отворен Балкан виното беше промовирано како најзначаен производ на регионот, што беше потврдено на првиот вински саем „Винската визија на Отворен Балкан“, кој го имаше своето прво издание минатата година во Белград и предизвика огромно медиумско внимание. Во насока на јакнење на потенцијалот на овој заеднички вински саем, во периодот до неговото второ издание оваа есен, земјите членки  на Отворен Балкан организираат промоции на саемот низ регионот. Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека земјите од Отворен Балкан се заедно, тие секогаш биле заедно и секогаш ќе бидат заедно во овие простори, меѓутоа разликата е што како сега никогаш во минатото не соработувале заедно и таа соработка се гледа токму преку настани и преку вакви активности како што е винскиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ кој што прерастува во еден од трите најголеми саеми за вино во светот.
Она што е резултат на Отворен Балкан сега веќе се гледа и низ бројки. Размената и трговијата помеѓу трите држави е зголемена за 25 проценти. Размената со Србија надмина 1.1 милијарда евра што е најголемо ниво во последните 17 години. Само минатата година размената со Албанија е зголемена за 40 проценти, со Србија е зголемена за 50 проценти. Воведовме зелени ленти за транспортерите за нашите три држави да не чекаат на границите. Воведуваме системи за електронска идентификација со која што работниците ќе можат слободно да се движат помеѓу нашите три држави. И практично ги спроведуваме трите слободи на ЕУ, тука кај нас, на Балканот така како што доликува. Ќе го повторам уште еднаш она што го кажав во Италија и што го кажав и пред тоа дека нашите држави се братски држави. Нашите граѓани заслужуваат да комуницираат помеѓу себе слободно. На нашите граѓани на трите држави не им требаат граници како што не им требаат граници на земјите од ЕУ, и затоа јас секогаш ќе бидам посветен на зголемувањето на соработката, на зголемувањето на комуникацијата, трговијата, зголемувањето на инвестициите во сите три држави бидејќи тоа е тоа што нашите граѓани го заслужуваат, рече Ковачевски.
Добредојде на делегациите од Србија и Албанија им посака и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, кој нагласи дека визијата која ја имавме пред неколку години, за тоа како треба да функционира Балканот, денес е наша успешна приказна. Министерот Николовски истакна дека македонското вино е 29-то по ред по извоз во светот и најави дека на крајот на јули Владата ќе донесе нова 10-годишна стратегија за развој на винскиот сектор. Тој посочи дека до крајот на летото ќе биде донесен и новиот закон за вино.
Регионот е обединет, со отворени граници со зголемена економска соработка и уште многу бенефиции за граѓаните од сите три земји членки на Отворен Балкан. Ако тргнеме од познатата изрека дека „Во виното е вистината“, ова е нашата вистина, сплотен, убав, прекрасен Балкан. Секогаш отворен и гостопримлив. Сите се добредојдени. Заедно да го славиме животот под ова сонце. Да уживаме во врвните вина и храната со единствен балкански вкус, по која сме препознатливи во светот. Да си ја чуваме традицијата и сите богатства со кои великодушно не обдарила природата. Ние сме генерација на политичари кои носат храбри одлуки. По тоа ќе бидеме запаметени, како генерација која ги отворила границите и создала иднина за целиот регион, посочи министерот Николовски.
Заменик-министерот за земјоделство и рурален развој на Албанија, Ариан Јауплари истакна дека неговата земја е потенцијална земја во лозарството и во традиционалното производство на вино. - Во 2022 година има производство од 30 илјади хектолитри вино со раст од 15 отсто во  однос на 2021 година. Денеска сме присутни со нашите етикети на најважните саеми во секторот. Исто така го очекуваме членството на Република Албанија во Меѓународната организација за вино и лозарство. Правната рамка која е усогласена со легислативата на ЕУ која го организира повеќе секторот исто така ја зголемува безбедноста на финалниот производ од секторот, рече Јауплари. Министерка за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Јелена Танасковиќ ги покани заинтересираните на Саемот на виното што ќе се одржи во Белград од 16 до 19 ноември годинава.
Ние сакаме да кажеме дека тоа за нас не е обична саемска манифестација. Ова го доживеавме како нешто повеќе, нешто возвишено. Ве молам сите заедно, пред се вистинските професионалци кои се бават со вино и купците, односно сите оние кои учествуваат во производството на вино, маркетинг, пропаганда, да дојдат бидат гости во Белград и да ги победиме бројките коишто ги постигнавме минатата година а кои не беа ни малку наивни, преку 20 земји и преку 350 учесници. Ние сакаме тоа поамбициозно и поголемо да го правиме од година во година. Сакам сите да ве повикам да дојдете и да бидете присутни и да бидеме сведоци на уште еден настан кој би бил незаборавен. Морам да го цитирам мојот претседател кој сака да каже дека Отворен Балкан покажа како  Србија, Македонија и Албанија со здружени сили можат да му покажат на светот колку можеме. Мислам дека покажавме дека не само што адекватен партнер заедно којшто има што да покаже, туку дека е партнер кој се многу сериозен во она што го прави и кој ги преминува границите од година во година со сериозни чекори, рече Танасковиќ.
Елена Младеновска Еленковиќ, извршен директор на „Вина од Македонија“ ја поздрави иницијативата и изрази надеж дека и Србија и Албанија и БиХ, Косово и Црна Гора заедно ќе успееме да ги направиме тие вински патишта, да ги донесеме странските гости тука за да покажеме со што располагаме. Посочи дека виното, гастрономијата се нешто што е предност на државава и се надевам дека во поголем број ќе бидеме во Белград во ноември за да може да ги примамиме странските гости да ги посетат овие наши земји. Горан Јаковлевски, претседател на „Тиквешки семејни винарии“ нагласи дека кога минатата година добивле покана за учество на Винска визија на Отворен Балкан, тие како здружение на мали семејни винарии без размислување ја прифативле бидејќи тоа, како што рече, е одлична можност да ги претстават нивните вина, да споделат искуства, да разменат идеи, да остварат контакти со колеги од регионот, но и да ги понудат нашите туристички можности. Посочи дека Отворен Балкан е одлична можност за наш развој, зголемување на продажбата, промовирање на нашиот квалитет

The post Во Скопје презентиран најголемиот регионален саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Србија ја повика Светската туристичка организација да го поддржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-ja-povika-svetskata-turistichka-organizacija-da-go-poddrzi-proektot-vinski-patishta-na-otvoren-balkan/ Wed, 21 Sep 2022 20:11:24 +0000 https://republika.mk/?p=552999

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, во пресрет на 6. Глобална конференција на Светската туристичка организација за вински туризам, во италијанскиот град Алба, го повика генералниот секретар на Светската туристичка организација (UNWTO) Зураб Пололикашвили, да го поддржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од нејзиното Министерство, Матиќ на средбата со Пололикашвили го претстави регионалниот проект „Винските патишта на Отворен Балкан“, како и првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржа во Белград и ја покани Светската туристичка организација да ја поддржи оваа иницијатива, нагласувајќи ја нејзината важност не само за Балканот, но и за цела Европа.

– Препознавајќи ги винските патишта како иднина на туризмот, проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе им помогне на Албанија, Македонија и Србија понатаму да ги развиваат лозарството и винските сектори и заеднички да го позиционираат регионот на Западен Балкан на европската и светската мапа за вински туризам како дестинација што мора да се види. Затоа поддршката на Светската туристичка организација би била од големо значење за развојот на овој регионален проект, порача Матиќ.

Генералниот секретар на Светската туристичка организација Пололикашвили го поздрави активирањето на иницијативата „Винските патишта на Отворен Балкан“ и ја истакна важноста на гастрономијата, културниот туризам, руралниот туризам, телекомуникациите во туризмот, реката Дунав, како и вклучувањето на повеќе земји во иницијативата.

Пололикашвили ја истакна важноста на образованието во туризмот и ја покани Србија да се приклучи на онлајн платформата на Академијата Светската туристичка организациј, која промовира конкурентност во туристичкиот сектор и ѝ помага на работната сила на глобалната индустрија полесно да пристапи до локалните и меѓународните можности за вработување.

Во соопштенеито се наведува и дека Матиќ се сретнала со заменик министерката за туризам на Бугарија, Мариела Модева, на која и го претстави проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“.

На средбата Матиќ оцени дека вклучувањето на другите земји од регионот, меѓу кои и Бугарија, во иницијативата „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе придонесе за подобра економска состојба и зголемување на туризмот во целиот регион и посочи дека постои интерес за заедничко аплицирање за ИПА програмите на ЕУ во областа на туризмот.

The post Србија ја повика Светската туристичка организација да го поддржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Татјана Матиќ, во пресрет на 6. Глобална конференција на Светската туристичка организација за вински туризам, во италијанскиот град Алба, го повика генералниот секретар на Светската туристичка организација (UNWTO) Зураб Пололикашвили, да го поддржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од нејзиното Министерство, Матиќ на средбата со Пололикашвили го претстави регионалниот проект „Винските патишта на Отворен Балкан“, како и првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“ што се одржа во Белград и ја покани Светската туристичка организација да ја поддржи оваа иницијатива, нагласувајќи ја нејзината важност не само за Балканот, но и за цела Европа.
– Препознавајќи ги винските патишта како иднина на туризмот, проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе им помогне на Албанија, Македонија и Србија понатаму да ги развиваат лозарството и винските сектори и заеднички да го позиционираат регионот на Западен Балкан на европската и светската мапа за вински туризам како дестинација што мора да се види. Затоа поддршката на Светската туристичка организација би била од големо значење за развојот на овој регионален проект, порача Матиќ.
Генералниот секретар на Светската туристичка организација Пололикашвили го поздрави активирањето на иницијативата „Винските патишта на Отворен Балкан“ и ја истакна важноста на гастрономијата, културниот туризам, руралниот туризам, телекомуникациите во туризмот, реката Дунав, како и вклучувањето на повеќе земји во иницијативата. Пололикашвили ја истакна важноста на образованието во туризмот и ја покани Србија да се приклучи на онлајн платформата на Академијата Светската туристичка организациј, која промовира конкурентност во туристичкиот сектор и ѝ помага на работната сила на глобалната индустрија полесно да пристапи до локалните и меѓународните можности за вработување. Во соопштенеито се наведува и дека Матиќ се сретнала со заменик министерката за туризам на Бугарија, Мариела Модева, на која и го претстави проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“. На средбата Матиќ оцени дека вклучувањето на другите земји од регионот, меѓу кои и Бугарија, во иницијативата „Вински патишта на Отворен Балкан“ ќе придонесе за подобра економска состојба и зголемување на туризмот во целиот регион и посочи дека постои интерес за заедничко аплицирање за ИПА програмите на ЕУ во областа на туризмот.

The post Србија ја повика Светската туристичка организација да го поддржи проектот „Вински патишта на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Тортевски: Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tortevski-shto-baraat-tupanchevski-marichikj-despotovski-3-dena-na-saem-za-vino-i-hrana-vo-belgrad/ Mon, 05 Sep 2022 06:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=547465

На адвокатот и член на раководството на ,,Твоја” Александар Тортевски не му е јасно што барал цели три дена меѓу другите функционери на саем на вино и храна вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Тортевски специфично е заинтересиран и за министерот за правда и за директорот на Технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски.

Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? Ајде ботови во колона по еден и наоѓајте аргументи колку ова ќе донесе бенефит во Правда, Евроинтеграции и ТИРЗ, прашува Тортевски.

The post Тортевски: Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? appeared first on Република.

]]>

На адвокатот и член на раководството на ,,Твоја” Александар Тортевски не му е јасно што барал цели три дена меѓу другите функционери на саем на вино и храна вицепремиерот Бојан Маричиќ. Тортевски специфично е заинтересиран и за министерот за правда и за директорот на Технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски.
Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? Ајде ботови во колона по еден и наоѓајте аргументи колку ова ќе донесе бенефит во Правда, Евроинтеграции и ТИРЗ, прашува Тортевски.

The post Тортевски: Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? appeared first on Република.

]]>
Наградени две македонски вина: Во Белград завршува меѓународниот саем „Винска визија Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nagradeni-dve-makedonski-vina-vo-belgrad-zavrshuva-megjunarodniot-saem-vinska-vizija-otvoren-balkan/ Sun, 04 Sep 2022 06:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=547236

Во Белграед денеска завршува Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отврен Балкан“ што се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан, јави дописиникот на МИА од Белград.

Саемот, на 1 септември го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, и македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама.

На „Винска визија Отворен Балкан“ на Белградскиот саем учествува речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи беа од Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, изложувачи имаше и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. И храната беше во фокусот, како вид традиција, со пет мастер шефови од Македонија, од Србија и од Албанија. На манифестацијата имаше купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, беа резервирани за туризмот, каде беше присутна и македонската Агенција за промоција на туризмот.

Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот учествуваше со 42 винарии и три дестилерии кои промовира преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ја претставува автентичната македонска кујна.

Српската премиерка Ана Брнабиќ, вчера додели награди Винскиот трофеј Отворен Балкан за најдобра автохтона сорта на Тиквеш за виното Барово-црвено 2019 и Винскиот трофеј Отворен Балкан за сортата „оранж“ на Камник за виното Оранж-2019. Вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.

Виното ни помогна, и сите вие винарири, лозари, дестилерии ни помогнавте една брилијантна политичка идеја уште повеќе да ја зацврстиме, да отвриме нови перспективи за нашата соработка на Балканот и да привлечеме и други партнери од регионот, пред се БИХ и Црна Гора. Овој саем на Отворен Балкан покажа дека имаме што да понудиме, изјави Брнабиќ на доделување на наградите.

Вчера на Отворен Балкан, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со српскиот колега, Небојша Стефановиќ со кого разговараше на повеќе теми вклучувајќи ја одбранбената соработка меѓу двете земји, како и активното учество во регионалните иницијативи кои се катализатор за посилна регионална безбедност и стабилност.

На вториот ден од одржувањето на Отворен Балкан во Белград се одржа политичкиот дел на Самитот, на кој покрај претседателот на Србија, Александар Вучиќ, македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.

Исто така, потпишан беше Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија

Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

Премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит истакна дека „денес е повеќе од јасно дека Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент“

Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конкретни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи…Оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, кажа Ковачевски.

На Отворен Балкан со премиерот Ковачевски присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за правда Никола Тупанчевски, министрката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, кои во Белград остварија бројни билатерални средби.

Во рамки на Отворен Балкан во Белград се одржа и Македонска вечер, што ја отвори премиерот Ковачевски, на која беа српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, поранешниот премиер Зоран Заев, министри од македоската и српската влада, дипломатскиот кор предводен од амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, бизнисмени од повеќе држави, преставници на македонската дијаспора во Србија, а покрај македонските вина и храна, присатните уживаа со музичките нумери на виртуозот Влатко Стефановски.

The post Наградени две македонски вина: Во Белград завршува меѓународниот саем „Винска визија Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Во Белграед денеска завршува Првиот меѓународен саем „Винска Визија Отврен Балкан“ што се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан, јави дописиникот на МИА од Белград. Саемот, на 1 септември го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, и македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама. На „Винска визија Отворен Балкан“ на Белградскиот саем учествува речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи беа од Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, изложувачи имаше и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. И храната беше во фокусот, како вид традиција, со пет мастер шефови од Македонија, од Србија и од Албанија. На манифестацијата имаше купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, беа резервирани за туризмот, каде беше присутна и македонската Агенција за промоција на туризмот. Македонија под слоганот „Вкуси го животот” на Саемот учествуваше со 42 винарии и три дестилерии кои промовира преку 300 различни вина и ракии, како и производители на храна кои ја претставува автентичната македонска кујна. Српската премиерка Ана Брнабиќ, вчера додели награди Винскиот трофеј Отворен Балкан за најдобра автохтона сорта на Тиквеш за виното Барово-црвено 2019 и Винскиот трофеј Отворен Балкан за сортата „оранж“ на Камник за виното Оранж-2019. Вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.
Виното ни помогна, и сите вие винарири, лозари, дестилерии ни помогнавте една брилијантна политичка идеја уште повеќе да ја зацврстиме, да отвриме нови перспективи за нашата соработка на Балканот и да привлечеме и други партнери од регионот, пред се БИХ и Црна Гора. Овој саем на Отворен Балкан покажа дека имаме што да понудиме, изјави Брнабиќ на доделување на наградите.
Вчера на Отворен Балкан, министерката за одбрана Славјанка Петровска се сретна со српскиот колега, Небојша Стефановиќ со кого разговараше на повеќе теми вклучувајќи ја одбранбената соработка меѓу двете земји, како и активното учество во регионалните иницијативи кои се катализатор за посилна регионална безбедност и стабилност. На вториот ден од одржувањето на Отворен Балкан во Белград се одржа политичкиот дел на Самитот, на кој покрај претседателот на Србија, Александар Вучиќ, македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу. На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ. Исто така, потпишан беше Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави. Премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит истакна дека „денес е повеќе од јасно дека Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент“
Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конкретни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи…Оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, кажа Ковачевски.
На Отворен Балкан со премиерот Ковачевски присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерот за економија Крешник Бектеши, министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, министерот за правда Никола Тупанчевски, министрката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, кои во Белград остварија бројни билатерални средби. Во рамки на Отворен Балкан во Белград се одржа и Македонска вечер, што ја отвори премиерот Ковачевски, на која беа српскиот претседател Александар Вучиќ, црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, поранешниот премиер Зоран Заев, министри од македоската и српската влада, дипломатскиот кор предводен од амбасадорот на САД во Белград Кристофер Хил, бизнисмени од повеќе држави, преставници на македонската дијаспора во Србија, а покрај македонските вина и храна, присатните уживаа со музичките нумери на виртуозот Влатко Стефановски.

The post Наградени две македонски вина: Во Белград завршува меѓународниот саем „Винска визија Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Трет ден од Отворен Балкан во Белград на Србија, Македонија и Албанија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tret-den-od-otvoren-balkan-vo-belgrad-na-srbija-makedonija-i-albanija/ Sat, 03 Sep 2022 06:29:14 +0000 https://republika.mk/?p=546979

На третиот ден од Отворен Балкан на земјите членки Србија, Македонија и Албанија што се одржува во Белград од 1 до 4 септември предвидено е премеирката на Србија, Ана Брнабиќ, да го додели „Винскиот трофеј Отворен Балкан“ како дел од Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отврен Балкан на Белградскиот саем“, јави дописникот на МИА од Белград.

За време на траење на Саемот, вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“.

Натпреварот се организира во категориите бели, црвени, рози, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи ќе бидат доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот.

На саемот учествуваат речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, пред се од Србија, од Македоија (42 винарии), Албанија и земјите од регионот, но и од целиот свет, Јужна и Северна Америка и Централна Европа.

Вчера се одржа политичкиот дел на Самитот Отврен Балкан, на кој покрај претседателот на Србија Александар Вучиќ, македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу.

Во воведното излагање на политичкиот дел од самитот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „денес со Македонија сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отворено прашање и горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни така и да ги одржиме со децении“.

Тој им честита на Македонија и Албанија на почетокот на преговорите со ЕУ на што Србија помогнала во остварување на таа цел и изрази надеж дека Иницијативата ОБ и понатаму ќе допринесе на економското јакнење и поврзување, да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања.

Премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит истакна дека „денес е повеќе од јасно дека Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент“

Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конркетни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи…Оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, рече Вучиќ.

На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.

Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

На прес конференцијата по Самитот тројцата лидери порачаа дека „не чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори заедно да ја пребродиме“.

Во бројните билатерални средби, вицепремеирот за европски прашања Бојан Маричиќ најави потпишување на Мемпрандум за соработлка со Србија за евроинтеграциите, министрката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска потпиша Програма за соработка меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура и информирање на Србија за периодот од 2022 до 2025 година.

Министерот за економија Крешник Бектеши со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ разговараше за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, а Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во рамки на Самитот на лидерите на Отворен Балкан оствари средба со срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, на која се разговараше за заеднички инфраструктурни проекти и за Отворен Балкан (ОБ) електронска наплата на патарина на автопатиштата на земјите членки на Иницијативата „Отворен Балкан“.

Системот Open Balkan ETC е во тест фаза и до крајот на септември ќе почнеме да користиме еден ТАГ помеѓу Србија, Македонија и Албанија. Секој корисник на ETC наплатата во која било земја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе може со само еден ТАГ да плаќа патарина во сите други земји од иницијативата „Отворен Балкан“, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано, кажа Момировиќ.

Премиерот Димитар Ковачевски синоќа се обрати на Македонската вечер која се одржа во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан.

Тој се заблагодари за можноста да се организира ваква вечер во Белград потенцирајќи дека ова е единствена иницијатива која што е автохтона и оригинална.

Кога ќе погледнам колку гости има секогаш и колку треба да ја кратиме листата на самити кога одиме, тоа е затоа зошто луѓето сакаат, и директорите и политичарите, и сите да одат на состаноците на Oтворен Балкан, затоа зашто ги сметаат за свои, рече меѓу другото премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека слоганот на нашиот настап на овој саем е „Вкуси го животот“.

Затоа ве повикувам сите и во овие преостанати два дена на белградското сајмиште да вкусите македонски вина, да вкусите македонска храна, да вкусите македонска музика и на крајот кога тоа ќе ви се допадне да дојдете во Македонија и да вкусите една прекрасна македонска авантура, рече премиерот Ковачевски на македонската вечер во Белград.

The post Трет ден од Отворен Балкан во Белград на Србија, Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>

На третиот ден од Отворен Балкан на земјите членки Србија, Македонија и Албанија што се одржува во Белград од 1 до 4 септември предвидено е премеирката на Србија, Ана Брнабиќ, да го додели „Винскиот трофеј Отворен Балкан“ како дел од Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отврен Балкан на Белградскиот саем“, јави дописникот на МИА од Белград. За време на траење на Саемот, вината ги оценуваше жири составено од 25 меѓународни судии, од кои пет беа „мастери на виното“. Натпреварот се организира во категориите бели, црвени, рози, пенливи, слатки, портокалови и збогатени вина, а посебни трофеи ќе бидат доделени на вина направени од автохтони сорти од Балканот. На саемот учествуваат речиси 400 излагачи и производители на вино од повеќе од 22 земји, пред се од Србија, од Македоија (42 винарии), Албанија и земјите од регионот, но и од целиот свет, Јужна и Северна Америка и Централна Европа. Вчера се одржа политичкиот дел на Самитот Отврен Балкан, на кој покрај претседателот на Србија Александар Вучиќ, македонскиот и албанскиот премиер Димитар Ковачевски и Еди Рама, присуствуваа и црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија и министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, Петер Сијарто и Мевлут Чавушоглу. Во воведното излагање на политичкиот дел од самитот, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека „денес со Македонија сме најблиски и повеќе немаме ниту едно отворено прашање и горд сум што можам да кажам дека имаме најдобри односи во историјата и верувам дека ќе бидеме умни така и да ги одржиме со децении“. Тој им честита на Македонија и Албанија на почетокот на преговорите со ЕУ на што Србија помогнала во остварување на таа цел и изрази надеж дека Иницијативата ОБ и понатаму ќе допринесе на економското јакнење и поврзување, да говориме во регионот заедно со еден глас кога се работи за клучни прашања. Премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит истакна дека „денес е повеќе од јасно дека Македонија, Албанија и Србија со инцијативата Отворен Балкан го направија вистинскиот чекор во клучен момент“
Се зближивме за да ја унапредиме регионалната соработка на патот кон ЕУ. Заедно со конркетни чекори се посветивме на олеснување на слободното движење на луѓе, стоки, трговија и услуги и ги градевме добрососедските односи…Оваа соработка, денес, отвори пат заеднички да се справиме со предизвиците за обезбедување храна и енергенси, во услови на напорите на сите држави во светот за справуавње со последиците од војната во Украина и пандемијата, рече Вучиќ.
На Самитот беа попишани договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ. Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Република Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Република Србија Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави. На прес конференцијата по Самитот тројцата лидери порачаа дека „не чека тешка зима, но затоа потпишавме повеќе договори заедно да ја пребродиме“. Во бројните билатерални средби, вицепремеирот за европски прашања Бојан Маричиќ најави потпишување на Мемпрандум за соработлка со Србија за евроинтеграциите, министрката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска потпиша Програма за соработка меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура и информирање на Србија за периодот од 2022 до 2025 година. Министерот за економија Крешник Бектеши со српската вицепремирка и министер за рударство и енергетика, Зорана Михајловиќ разговараше за соработката меѓу двете министерства во областа на енергетиката, енергетската безбедност и за нови проекти, а Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, во рамки на Самитот на лидерите на Отворен Балкан оствари средба со срспкиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Томислав Момировиќ, на која се разговараше за заеднички инфраструктурни проекти и за Отворен Балкан (ОБ) електронска наплата на патарина на автопатиштата на земјите членки на Иницијативата „Отворен Балкан“.
Системот Open Balkan ETC е во тест фаза и до крајот на септември ќе почнеме да користиме еден ТАГ помеѓу Србија, Македонија и Албанија. Секој корисник на ETC наплатата во која било земја во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“ ќе може со само еден ТАГ да плаќа патарина во сите други земји од иницијативата „Отворен Балкан“, без запирање или купување дополнителен уред или картичка во земјите каде што неговото возило не е регистрирано, кажа Момировиќ.
Премиерот Димитар Ковачевски синоќа се обрати на Македонската вечер која се одржа во рамки на Саемот за вино, храна и туризам, како дел од Отворен Балкан. Тој се заблагодари за можноста да се организира ваква вечер во Белград потенцирајќи дека ова е единствена иницијатива која што е автохтона и оригинална.
Кога ќе погледнам колку гости има секогаш и колку треба да ја кратиме листата на самити кога одиме, тоа е затоа зошто луѓето сакаат, и директорите и политичарите, и сите да одат на состаноците на Oтворен Балкан, затоа зашто ги сметаат за свои, рече меѓу другото премиерот Ковачевски.
Тој додаде дека слоганот на нашиот настап на овој саем е „Вкуси го животот“.
Затоа ве повикувам сите и во овие преостанати два дена на белградското сајмиште да вкусите македонски вина, да вкусите македонска храна, да вкусите македонска музика и на крајот кога тоа ќе ви се допадне да дојдете во Македонија и да вкусите една прекрасна македонска авантура, рече премиерот Ковачевски на македонската вечер во Белград.

The post Трет ден од Отворен Балкан во Белград на Србија, Македонија и Албанија appeared first on Република.

]]>
Отворен Балкан ги кани Грција, Италија, Турција и Унгарија да се приклучат во иницијативата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/otvoren-balkan-gi-kani-grcija-italija-turcija-i-ungarija-da-se-prikluchat-vo-inicijativata/ Fri, 02 Sep 2022 21:45:47 +0000 https://republika.mk/?p=546963

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Белград на отворањето на лидерскиот самит „Отворен Балкан“ изјави дека лидерите на земјите членки сериозно ќе размислат да поканат на регионалната иницијатива и други важни земји, но и од ЕУ, важни за тој регион, како на пример Грција, Италија, Турција и Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Иницијативата на ОБ повеќе нема потреба да бара оправдување за своето постоење, ниту треба повеќе да објаснуваме, таа сега зборува сама за себе и ќе разберат оние кои имаат визија за иднината и сакаат да не видат и слушнат – рече Рама.

Тој кажа дека на оваа средба биле поканети претставници на Италија и Грција, но дека биле спречени да присуствуваат и најави дека секако ќе бидат поканети на следниот самит во Тирана, додавајќи дека тие не присуствуваат од објективни причини и дека се извиниле што не можеле да дојдат.

– Ми се јави еден премиер од европска земја и ме праша зошто не не поканивте, а јас реков дека ќе разговарам со моите колеги за тоа и дека најверојатно ќе ве поканат, како и дека ми е многу драго што има интерес за иницијативата на ОБ – рече Рама.

Тој посочи дека членките на ОБ сакаат да извлечат максимум од оваа иницијатива и затоа ги повикуваат и другите земји да се приклучат.

– Сериозно ќе размислиме за испраќање покани до други партнери и земји од ЕУ и никој не треба да ни љубомори, рече Рама, додавајќи дека на самитот во Белград денеска присуствуваат и министрите за надворешни работи на Турција и на земја од ЕУ – Унгарија како и дека тука е и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, кој ќе биде присутен на секој самит – додаде Рама.

– Тоа значи дека сме сигурни дека нема да има недоразбирања за тоа – благодарам. Исто така, благодарам на Сијарто како претставник на ЕУ што е тука – нагласи Рама.

– Се надевам дека претставниците на Италија и Грција ќе бидат собрани околу тркалезната маса на следниот самит во Тирана, додаде Рама и посочи дека се повеќе земји сакаат да бидат поканети на самитите на иницијативата ОБ и тоа од областите каде што ние долго време чевкаме покани од нив.

– За мене ова е само потврда дека Балканот е важен за Европа колку што е и Европа за Балканот и убеден сум дека тоа на сите ќе им стане јасно.

Рама рече дека турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу е негов пријател и посочи дека Турција е незаменлив стратешки партнер на Албанија и важен фактор во сите позитивни процеси во регионот. Исто така, тој кажа дека синоќа била многу возбудлива вечер во рамки на на саемот за вино Отворен Балкан и истакна дека саемот е организиран на светско ниво и му честита на претседателот Александар Вучиќ и на целиот негов тим за организацијата.

Тој додаде дека во овој контекст е важна и „резолуцијата поврзана со документите за идентификација“ на земјите од Отворениот Балкан, што покажува дека оваа иницијатива има резултати.

Како што рече, тоа не ги решава сите проблеми кои се уште остануваат, но не отвора нови проблеми и прашања.

– Ние не сме тука само за да уживаме во виното и храната од регионот и чекор по чекор ги зближуваме луѓето, туку сме на уште еден самит што веќе се случува во контекст на војната во Украина и преземаме чекори – рече Рама.

– Србија, како и другите земји, мора да го замрзнат извозот, но благодарение на ОБ ги одмрзнавме тие договори со Македонија и Албанија – кажа тој.

Рама рече дека тоа не би било возможно ако има конфликт наместо соработка.

– Не би било можно денес да потпишеме договор за безбедност на снабдувањето со прехранбени производи и да направиме важен чекор за складирање храна и да ги здружиме силите, кога станува збор за енергетската безбедност – рече Рама.

Тоа значи, како што рече, тоа што Србија го има како вишок да може да се пренесе во Македонија и Албанија и обратно, рече Рама и додаде дека Албанија произведува, на пример, струја од хидро секторот, а Србија најмногу од термоцентралите.

The post Отворен Балкан ги кани Грција, Италија, Турција и Унгарија да се приклучат во иницијативата appeared first on Република.

]]>

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Белград на отворањето на лидерскиот самит „Отворен Балкан“ изјави дека лидерите на земјите членки сериозно ќе размислат да поканат на регионалната иницијатива и други важни земји, но и од ЕУ, важни за тој регион, како на пример Грција, Италија, Турција и Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.
– Иницијативата на ОБ повеќе нема потреба да бара оправдување за своето постоење, ниту треба повеќе да објаснуваме, таа сега зборува сама за себе и ќе разберат оние кои имаат визија за иднината и сакаат да не видат и слушнат – рече Рама.
Тој кажа дека на оваа средба биле поканети претставници на Италија и Грција, но дека биле спречени да присуствуваат и најави дека секако ќе бидат поканети на следниот самит во Тирана, додавајќи дека тие не присуствуваат од објективни причини и дека се извиниле што не можеле да дојдат.
– Ми се јави еден премиер од европска земја и ме праша зошто не не поканивте, а јас реков дека ќе разговарам со моите колеги за тоа и дека најверојатно ќе ве поканат, како и дека ми е многу драго што има интерес за иницијативата на ОБ – рече Рама.
Тој посочи дека членките на ОБ сакаат да извлечат максимум од оваа иницијатива и затоа ги повикуваат и другите земји да се приклучат.
– Сериозно ќе размислиме за испраќање покани до други партнери и земји од ЕУ и никој не треба да ни љубомори, рече Рама, додавајќи дека на самитот во Белград денеска присуствуваат и министрите за надворешни работи на Турција и на земја од ЕУ – Унгарија како и дека тука е и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, кој ќе биде присутен на секој самит – додаде Рама. – Тоа значи дека сме сигурни дека нема да има недоразбирања за тоа – благодарам. Исто така, благодарам на Сијарто како претставник на ЕУ што е тука – нагласи Рама. – Се надевам дека претставниците на Италија и Грција ќе бидат собрани околу тркалезната маса на следниот самит во Тирана, додаде Рама и посочи дека се повеќе земји сакаат да бидат поканети на самитите на иницијативата ОБ и тоа од областите каде што ние долго време чевкаме покани од нив. – За мене ова е само потврда дека Балканот е важен за Европа колку што е и Европа за Балканот и убеден сум дека тоа на сите ќе им стане јасно.
Рама рече дека турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу е негов пријател и посочи дека Турција е незаменлив стратешки партнер на Албанија и важен фактор во сите позитивни процеси во регионот. Исто така, тој кажа дека синоќа била многу возбудлива вечер во рамки на на саемот за вино Отворен Балкан и истакна дека саемот е организиран на светско ниво и му честита на претседателот Александар Вучиќ и на целиот негов тим за организацијата. Тој додаде дека во овој контекст е важна и „резолуцијата поврзана со документите за идентификација“ на земјите од Отворениот Балкан, што покажува дека оваа иницијатива има резултати. Како што рече, тоа не ги решава сите проблеми кои се уште остануваат, но не отвора нови проблеми и прашања.
– Ние не сме тука само за да уживаме во виното и храната од регионот и чекор по чекор ги зближуваме луѓето, туку сме на уште еден самит што веќе се случува во контекст на војната во Украина и преземаме чекори – рече Рама. – Србија, како и другите земји, мора да го замрзнат извозот, но благодарение на ОБ ги одмрзнавме тие договори со Македонија и Албанија – кажа тој.
Рама рече дека тоа не би било возможно ако има конфликт наместо соработка.
– Не би било можно денес да потпишеме договор за безбедност на снабдувањето со прехранбени производи и да направиме важен чекор за складирање храна и да ги здружиме силите, кога станува збор за енергетската безбедност – рече Рама.
Тоа значи, како што рече, тоа што Србија го има како вишок да може да се пренесе во Македонија и Албанија и обратно, рече Рама и додаде дека Албанија произведува, на пример, струја од хидро секторот, а Србија најмногу од термоцентралите.

The post Отворен Балкан ги кани Грција, Италија, Турција и Унгарија да се приклучат во иницијативата appeared first on Република.

]]>
Рама ја предупреди ЕУ: Не правете ја истата грешка кон Балакнот со енергетската криза како со пандемијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/rama-ja-predupredi-eu-ne-pravete-ja-istata-greshka-kon-balaknot-so-energetskata-kriza-kako-so-pandemijata/ Fri, 02 Sep 2022 20:55:38 +0000 https://republika.mk/?p=546954

Премиерот на Албанија, Еди Рама посочи дека во светот се прават планови да се затвораат бизниси поради високите цени на струјата, но и недостатокот од струја за време на зимата. Тој упати порака и до ЕУ: „Немојте да ја направите истата ситуација како во пандемијата, кога Балканот сам трчаше да бара вакцини, а вие се затворивте“.

„Се прават планови за кратење на електричната енергија, кои изгледаат како да се излезени од поглавијата на некои од книгите на Сарамандес, а не од ЕУ. Тоа се планови кои што содржат исклучување на електричната енергија, на учичното осветлување, на светлата во дуќаните, тоа значи дека ќе има затворање на ресторани, кафитерии, клубови. Тоа значи затворање на животот во 10 часот, исто како што беше за време на пандемијата, за да штедиме електрична енергија. Зборувавме што ќе нѐ чини тоа, како можеме да олесниме на граѓаните“, кажа Рама.

Тој упати апел до Брисел: „Бараме финансиска поддршка, надвор од нашите буџетски поддршки. Трошоците ќе бидат неверојатни!“.

„Ние во Албанија донесовме одлука за која не сум убеден дека е амбициозна или е луда идеја. За да не се промени цената на електричната енергија за семејствата и малите бизниси, а да ја имаме истата цена како и пред енергетската криза, плаќаме стотици милиони евра од буџетот на државата за да се покријат трошоците. Можеш да имаш пари, но да не најдеш струја за да ја купиш, затоа ни треба ваквата соработка. И јасод денеска сакам да се обратам до ЕУ, да апелирам, можеби ќе се повторам, да не го направи истиот срам за време на пандемијата – памтиме како земјите од Балканот мораа да трчаат до Русија, Кина, Турција, за вакцини. Бидејќи ЕУ се затвори и се грижеше само за нејзините земји членки“, додаде Рама.

The post Рама ја предупреди ЕУ: Не правете ја истата грешка кон Балакнот со енергетската криза како со пандемијата appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Албанија, Еди Рама посочи дека во светот се прават планови да се затвораат бизниси поради високите цени на струјата, но и недостатокот од струја за време на зимата. Тој упати порака и до ЕУ: „Немојте да ја направите истата ситуација како во пандемијата, кога Балканот сам трчаше да бара вакцини, а вие се затворивте“. „Се прават планови за кратење на електричната енергија, кои изгледаат како да се излезени од поглавијата на некои од книгите на Сарамандес, а не од ЕУ. Тоа се планови кои што содржат исклучување на електричната енергија, на учичното осветлување, на светлата во дуќаните, тоа значи дека ќе има затворање на ресторани, кафитерии, клубови. Тоа значи затворање на животот во 10 часот, исто како што беше за време на пандемијата, за да штедиме електрична енергија. Зборувавме што ќе нѐ чини тоа, како можеме да олесниме на граѓаните“, кажа Рама. Тој упати апел до Брисел: „Бараме финансиска поддршка, надвор од нашите буџетски поддршки. Трошоците ќе бидат неверојатни!“. „Ние во Албанија донесовме одлука за која не сум убеден дека е амбициозна или е луда идеја. За да не се промени цената на електричната енергија за семејствата и малите бизниси, а да ја имаме истата цена како и пред енергетската криза, плаќаме стотици милиони евра од буџетот на државата за да се покријат трошоците. Можеш да имаш пари, но да не најдеш струја за да ја купиш, затоа ни треба ваквата соработка. И јасод денеска сакам да се обратам до ЕУ, да апелирам, можеби ќе се повторам, да не го направи истиот срам за време на пандемијата – памтиме како земјите од Балканот мораа да трчаат до Русија, Кина, Турција, за вакцини. Бидејќи ЕУ се затвори и се грижеше само за нејзините земји членки“, додаде Рама.

The post Рама ја предупреди ЕУ: Не правете ја истата грешка кон Балакнот со енергетската криза како со пандемијата appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Да живее пријателството меѓу Србите и Македонците! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vuchikj-da-zivee-prijatelstvoto-megju-srbite-i-makedoncite/ Fri, 02 Sep 2022 20:23:24 +0000 https://republika.mk/?p=546945

Претседателот на Србија Александар Вучиќ активен на социјалните мрежи и додека ужива во македонските вина. За време на Макдонската вечер во Белград, која ја пофали, но и напиша дека е задоволен што должноста да пие вино преминала од него на Синиша Мали, Вучиќ сподели повеќе фотографии од Белград на вода и своите гости. На Фотографиите можеме да видиме дека поранешниот премиер во Белград не заминал сам, туку со својот верен другар, но и бизнис парнер, поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Димитар Ковачевски вечерва приреди фантастична македонска вечер во Белград, а Синиша како и обично ми раскажува за Кулата Белград и содржините што ќе ги има во неа. За среќа, а може да се види по неговиот израз, должноста да се напие виното му премина од мене на него. Да живее пријателството меѓу Србите и Македонците“, напиша Вучиќ.

Вучиќ исто така изрази особено задоволство што имал можност да го нагости и поранешниот премиер Зоран Заев.

The post Вучиќ: Да живее пријателството меѓу Србите и Македонците! appeared first on Република.

Се јави шефот на Ковачевски од Белград, неговото присуство ги насмеа сите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/se-javi-shefot-na-kovachevski-od-belgrad-negovoto-prisustvo-gi-nasmea-site/ Fri, 02 Sep 2022 20:09:45 +0000 https://republika.mk/?p=546940

Премиерот во сенка, поранешниот премиер Зоран Заев вечерва информира дека бил присутен во Палата Србија во Белград, на завршниот работен ручек на Самитот на „Отворен Балкан“, на покана на претседателот на Србија Александар Вучиќ, каде што се сретнал лидерите на „Отворен Балкан“.

Меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ и сите останати соработки кои се договараат и имплементираат во рамки на оваа иницијатива, се само доказ дека Македонија, Србија и Албанија започнаа нова ера на соработка на Балканот, која ќе носи добробит за сите наши граѓани, објави Заев на социјалните мрежи.

Претходно Заев доби голема плакета од Стопанската комора на Македонија поради неговиот придонес за иницијативата што ги спои трите земји од Западен Балкан.

Плакетата му беше врачена на Заев од претседателот на Комората, Бранко Азески, на Саемот за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.

„Благодарам на Стопанската комора за честа што ни ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на размената што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојба за граѓаните“, рече Заев.

Тој рече дека како бизнисмен, ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан, бидејќи тие влијаат на „развојот на бизнисите, приходите во буџетите на државите и со тоа влијаат на економската перспектива на регионот на западен Балкан“.

Заев додаде и оти се надева дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат на Иницијативата за сите заедно да чекорат на зацртаниот пат кон Европската Унија.

Комората им го додели ова признание и на албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и на македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

The post Се јави шефот на Ковачевски од Белград, неговото присуство ги насмеа сите appeared first on Република.

]]>

Премиерот во сенка, поранешниот премиер Зоран Заев вечерва информира дека бил присутен во Палата Србија во Белград, на завршниот работен ручек на Самитот на „Отворен Балкан“, на покана на претседателот на Србија Александар Вучиќ, каде што се сретнал лидерите на „Отворен Балкан“.
Меѓународниот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ и сите останати соработки кои се договараат и имплементираат во рамки на оваа иницијатива, се само доказ дека Македонија, Србија и Албанија започнаа нова ера на соработка на Балканот, која ќе носи добробит за сите наши граѓани, објави Заев на социјалните мрежи.
Претходно Заев доби голема плакета од Стопанската комора на Македонија поради неговиот придонес за иницијативата што ги спои трите земји од Западен Балкан. Плакетата му беше врачена на Заев од претседателот на Комората, Бранко Азески, на Саемот за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“.
„Благодарам на Стопанската комора за честа што ни ја укажа на лидерите од овие три земји за Иницијативата „Отворен Балкан“, бидејќи само заедно сплотени регионално, можеме да направиме многу повеќе за економиите на сите земји дел од процесот, да обезбедиме поголема економска соработка, повеќекратно зголемување на размената што ќе придонесе за побрз развој на регионот и благосостојба за граѓаните“, рече Заев.
Тој рече дека како бизнисмен, ќе продолжи да ги поддржува сите иницијативи во рамки на процесот Отворен Балкан, бидејќи тие влијаат на „развојот на бизнисите, приходите во буџетите на државите и со тоа влијаат на економската перспектива на регионот на западен Балкан“. Заев додаде и оти се надева дека и останатите земји од овие простори ќе се приклучат на Иницијативата за сите заедно да чекорат на зацртаниот пат кон Европската Унија. Комората им го додели ова признание и на албанскиот премиер Еди Рама, српскиот претседател Александар Вучиќ и на македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

The post Се јави шефот на Ковачевски од Белград, неговото присуство ги насмеа сите appeared first on Република.

]]>
Ковачевски од Белград: Да направите македонска вечер во туѓа држава единствено е можно ако се чувствувате како дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-od-belgrad-da-napravite-makedonska-vecher-vo-tugja-drzava-edinstveno-e-mozno-ako-se-chuvstvuvate-kako-doma/ Fri, 02 Sep 2022 19:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=546933

Ако не ги решевме сите проблеми што постоеjа меѓу Македонија и Србија, немаше да биде можно да направите своја вечер во туѓа држава. А да направите своја вечер во друга држава е единствено можно ако се чувствувате како дома, изјави премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на македонската вечер во Белград во рамките на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен балкан“ во рамки на иницијативата меѓу трите земји.

Премиерот се заблагодари на сите министри од земјите што се присутни на македонската вечер.

Сакам да му се заблагодарам и на поранешниот премиер Зоран Заев, кој еден од основачите на оваа иницијатива. Сакам да им се заблагодарам и на нашите пријатели од САД. тука е амбасадорот Хил. Тука се и претставниците на фондацијата Отворено општество. Тука се и претседателите на стопанските комори, претставниците на стопанските комори. Најважно е што тука се претставниците, менаџерите на компаниите кои што соработуваат. Се надевам дека тука ќе бидат и косовските и босанските компании. Оваа е иницијатива која што потекнува од нас – таа е автохтона, рече меѓу другото Ковачевски.

Тој појасни дека од вино знае многу малку.

Саемот ако го правевме сами кај нас, немаше да биде добар. Ако го правеше Вучиќ сам во Белград- тој не знае продажба, затоа што јас 20 години сум работел во компании. Ако го правеше само Рама во Албанија, тој знае многу од уметност. Но, ако соберете на едно место, експерт за вино, експерт за продажба и еден уметник, тогаш виното, бизнисот и уметноста одат заедно и затоа го имаме најдобриот саем, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски од Белград: Да направите македонска вечер во туѓа држава единствено е можно ако се чувствувате како дома appeared first on Република.

]]>

Ако не ги решевме сите проблеми што постоеjа меѓу Македонија и Србија, немаше да биде можно да направите своја вечер во туѓа држава. А да направите своја вечер во друга држава е единствено можно ако се чувствувате како дома, изјави премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на македонската вечер во Белград во рамките на првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен балкан“ во рамки на иницијативата меѓу трите земји. Премиерот се заблагодари на сите министри од земјите што се присутни на македонската вечер.
Сакам да му се заблагодарам и на поранешниот премиер Зоран Заев, кој еден од основачите на оваа иницијатива. Сакам да им се заблагодарам и на нашите пријатели од САД. тука е амбасадорот Хил. Тука се и претставниците на фондацијата Отворено општество. Тука се и претседателите на стопанските комори, претставниците на стопанските комори. Најважно е што тука се претставниците, менаџерите на компаниите кои што соработуваат. Се надевам дека тука ќе бидат и косовските и босанските компании. Оваа е иницијатива која што потекнува од нас – таа е автохтона, рече меѓу другото Ковачевски.
Тој појасни дека од вино знае многу малку.
Саемот ако го правевме сами кај нас, немаше да биде добар. Ако го правеше Вучиќ сам во Белград- тој не знае продажба, затоа што јас 20 години сум работел во компании. Ако го правеше само Рама во Албанија, тој знае многу од уметност. Но, ако соберете на едно место, експерт за вино, експерт за продажба и еден уметник, тогаш виното, бизнисот и уметноста одат заедно и затоа го имаме најдобриот саем, додаде Ковачевски.

The post Ковачевски од Белград: Да направите македонска вечер во туѓа држава единствено е можно ако се чувствувате како дома appeared first on Република.

]]>
Вучиќ кој не сака да ја остави чашата со вино е хит на „Твитер“ https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/vuchikj-koj-ne-saka-da-ja-ostavi-chashata-so-vino-e-hit-na-tviter/ Fri, 02 Sep 2022 11:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=546735

The post Вучиќ кој не сака да ја остави чашата со вино е хит на „Твитер“ appeared first on Република.

]]>

The post Вучиќ кој не сака да ја остави чашата со вино е хит на „Твитер“ appeared first on Република.

]]>
„Сине, хочеш ти уместо тате?“: Синот Вучиќ дегустира македонски вина место татко му https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/sine-hochesh-ti-umesto-tate-sinot-vuchikj-degustira-makedonski-vina-mesto-tatko-mu/ Thu, 01 Sep 2022 17:32:29 +0000 https://republika.mk/?p=546536

Лидерите на Отворен Балкан меѓусебно ги испробаа вината на винскиот саем во Белград. Но, во видео објавено на „ТикТок“ српскиот претседател Александар Вучиќ го повикува својот син да дегустира од чашата вино наместо него, а потоа и тој самиот пробува.

Kорисникот напишал, „Вучиќ пола пие, пола шарцу даје“, алудирајќи на народната поговорка за Крале Марко и неговиот коњ Шарец.

@ferman_tikPola pije, pola Šarcu daje.

♬ original sound - FERMAN

The post „Сине, хочеш ти уместо тате?“: Синот Вучиќ дегустира македонски вина место татко му appeared first on Република.

]]>

Лидерите на Отворен Балкан меѓусебно ги испробаа вината на винскиот саем во Белград. Но, во видео објавено на „ТикТок“ српскиот претседател Александар Вучиќ го повикува својот син да дегустира од чашата вино наместо него, а потоа и тој самиот пробува. Kорисникот напишал, „Вучиќ пола пие, пола шарцу даје“, алудирајќи на народната поговорка за Крале Марко и неговиот коњ Шарец.
@ferman_tikPola pije, pola Šarcu daje. ♬ original sound - FERMAN

The post „Сине, хочеш ти уместо тате?“: Синот Вучиќ дегустира македонски вина место татко му appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, Вучиќ и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vuchikj-i-abazovikj-na-makedonskiot-shtand-na-vinska-vizija-na-otvoren-balkan/ Thu, 01 Sep 2022 15:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=546502

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој беше отворен денеска во Белград, имаше средба со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ.

Ковачевски, на средбата со Абазовиќ на еден од македонските штандови, рече дека ние сме регион којшто е познат во светот по производство и по извоз на вино и дека Македонија е втора во регионот по извоз и 29 во светот по извоз на квалитетно вино.

Црногорскиот премиер Абазаовиќ, изрази честитики, на како што рече, нашите пријатели од Македонија на преубавиот саем.

Навистина сте познати по виното и навистина е спектакуларно виното по мој вкус, иако не сум голем експерт. Застапено е на нашиот пазар во Црна Гора, посебно „Тиквеш“, нашиот пријател г. Јаневски, така што се надевам дека ги поставивте стандардите кои другите ќе ги пратат, изјави Абазовиќ.

Во регионот, рече Абазовиќ, има многу добри винарии, многу добри вина, но во секој случај ова е добра прилика да уживаме во добри работи.

Испраќаме поинаква порака, порака да работиме заедно, да се натпреваруваме во квалитет и воопшто не е спорно дали некој ќе биде подобар, па другар во друг период, но што се однесува на Македонија вашите вина се феноменални и ви честитам, порача црногорскиот премиер.

Ковачевски, претходно на отворањето на саемот заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, порача дека тука се вкрстуваат винските патишта на Балканот, со тоа што на едно место се пресретнуваат производителите, откупувачите и дестилариите од регионот.

Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа, изјави премиерот Ковачевски.

Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Република Србија, Република Македонија и Република Албанија.

На Саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата.

Под слоганот „Вкуси го животот”, нашата земја ќе се претстави пред сѐ со 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

The post Ковачевски, Вучиќ и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој беше отворен денеска во Белград, имаше средба со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ. Ковачевски, на средбата со Абазовиќ на еден од македонските штандови, рече дека ние сме регион којшто е познат во светот по производство и по извоз на вино и дека Македонија е втора во регионот по извоз и 29 во светот по извоз на квалитетно вино. Црногорскиот премиер Абазаовиќ, изрази честитики, на како што рече, нашите пријатели од Македонија на преубавиот саем.
Навистина сте познати по виното и навистина е спектакуларно виното по мој вкус, иако не сум голем експерт. Застапено е на нашиот пазар во Црна Гора, посебно „Тиквеш“, нашиот пријател г. Јаневски, така што се надевам дека ги поставивте стандардите кои другите ќе ги пратат, изјави Абазовиќ.
Во регионот, рече Абазовиќ, има многу добри винарии, многу добри вина, но во секој случај ова е добра прилика да уживаме во добри работи.
Испраќаме поинаква порака, порака да работиме заедно, да се натпреваруваме во квалитет и воопшто не е спорно дали некој ќе биде подобар, па другар во друг период, но што се однесува на Македонија вашите вина се феноменални и ви честитам, порача црногорскиот премиер.
Ковачевски, претходно на отворањето на саемот заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, порача дека тука се вкрстуваат винските патишта на Балканот, со тоа што на едно место се пресретнуваат производителите, откупувачите и дестилариите од регионот.
Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа, изјави премиерот Ковачевски.
Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Република Србија, Република Македонија и Република Албанија. На Саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата. Под слоганот „Вкуси го животот”, нашата земја ќе се претстави пред сѐ со 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

The post Ковачевски, Вучиќ и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Регионот заедно ќе ја преброди зимата, да нема недостаток на храна и енергенси https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-regionot-zaedno-kje-ja-prebrodi-zimata-da-nema-nedostatok-na-hrana-i-energensi/ Thu, 01 Sep 2022 09:12:55 +0000 https://republika.mk/?p=546343

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за српскиот весник „Политика“ истакна дека во рамки на Отворен Балкан веќе се преземаат иницијативи за економско-енергетската криза, како последица на Ковидот и воената агресија врз Украина.

Ние веќе разговаравме интензивно на претходниот Самит на овие теми, а минатиот месец во Тирана имаа состанок и работните групи на нашите влади. На Самитот кој ќе се одржи тука во Белград, ние како влади, но и ресорните министерства ќе имаат интензивни разговори за изнаоѓање конкретни начини за обезбедување доволно храна и енергенси со кои би ја пребродиле најтешката зима од Втората Светска Војна наваму. Ќе се посвети особено внимание на тоа регионот во секое време да има обезбедено храна и енергенси и да се обезбеди непречен проток во снабдувањето со основните прехранбени производи, односно да се реагира брзо и соодветно доколку се појави некое нарушување во синџирите на снабдување. Во досега воспоставените механизми и потпишани меморандуми за соработка ние практично се обврзавме да си помогнеме во наредниот период кој очекувано ќе биде сериозно тежок. Но тоа секако не е непозната категорија. Ние си помагавме и во услови на ковид пандемијата. Да заклучам, интензивно ќе работиме за да нема недостаток на храна и енергенси, но новата геополитичка реалност упатува на внимателност. Ќе имаме зима полна предизвици. Но, како и досега, како добри комшии, ќе си помагаме, рече Ковачевски.

Тој подвлече дека мора заеднички да се изгради силна и конкурентна регионална економија.

Одливот на мозоци и постојаното иселување најчесто заради економски причини е навистина тема која е во фокус, но со вакви иницијативи се работи на тоа да им се овозможи на граѓаните, особено на младите луѓе, да си ја градат иднината тука, дома, во регионот. Со Отворен Балкан и сите активности кои произлегуваат од него, ние сме чекор поблиску до европски плати, европски квалитет на живот, енергична економија и владеење на правото, сега, тука, дома, посочи премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска во Белград учествува на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“.

The post Ковачевски: Регионот заедно ќе ја преброди зимата, да нема недостаток на храна и енергенси appeared first on Република.