виножито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinozito/ За подобро да се разбереме Sat, 05 Aug 2023 07:03:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png виножито Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/vinozito/ 32 32 Хипи-секта се распосла со див камп во Маврово: Собрани околу огнот фатени за раце пееја некои песни… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hipi-sekta-se-rasposla-so-div-kamp-vo-mavrovo-sobrani-okolu-ognot-fateni-za-ratse-peeja-nekoi-pesni/ Sat, 05 Aug 2023 07:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=668862

Локалитетот Црн Камен, под Леуново, на брегот на Мавровско Езеро, веќе десетина дена е окупиран од околу 300 странски државјани во шатори, кои таму спроведуваат некакви обреди, пренесува МКД.мк. Жителите на Леуново и Никифорово, односно претседателите на месните заедници, бараат интервенција од полицијата затоа што е запоседнат дел од нивниот имот, а и поради непочитувањето на владината забрана за палење оган во шума. Според порталот, станува збор за припадници на неформалната странска заедница „Виножито“, составена од хипици, јогисти, панкери, моторџии, рокери...

Кога отидовме таму, видовме дека повеќето гости на мавровскиот брег се собрани околу огнот, сите фатени за раце пееја некои песни, пишува порталот.

Во одговорот на јавната установа Национален парк Маврово на прашањата на МКД.мк за тоа што преземаат во однос на присуството на околу 300 лица кои на диво кампуваат и палат оган кај Црн Камен, се вели дека тие од почеток ја следеле ситуацијата и дека во соработка со полицијата и општинарите им понудиле на камперите од Жировница да се преселат во близина на Леуново.

Од почеток ја следевме ситуацијата со присуството на поголема група странски гости кои пред дваесетина дена, по нечија покана, ги запоседнаа планинските падини на Дешат над селото Жировница, во пограничниот појас и зона на строга заштита на територијата на паркот. Донесените мерки од страна на Владата за забрана за движење во шума беа доволен аргумент управата на НП Маврово, заедно со командирот на пограничната полициска станица во село Жировница, месната заедница на селото и со раководителот на Одделението за заштита во паркот да ги посетат присутните на локацијата и да стапат во контакст со два члена од групацијата (Денис и Леа) од нашата држава, се вели во одговорот на НП Маврово.

Откако на странците им било кажано да ја напуштат локацијата, постигнат бил договор за времено лоцирање на кампот во близина на село Маврово, покрај езерото, велат од НП. Подоцна, било договорено сепак сите да се преселат на локалитетот Црн Камен, каде што се и денеска каде е подигнат див камп.

Целата сторија на МКД.мк

The post Хипи-секта се распосла со див камп во Маврово: Собрани околу огнот фатени за раце пееја некои песни… appeared first on Република.

]]>

Локалитетот Црн Камен, под Леуново, на брегот на Мавровско Езеро, веќе десетина дена е окупиран од околу 300 странски државјани во шатори, кои таму спроведуваат некакви обреди, пренесува МКД.мк. Жителите на Леуново и Никифорово, односно претседателите на месните заедници, бараат интервенција од полицијата затоа што е запоседнат дел од нивниот имот, а и поради непочитувањето на владината забрана за палење оган во шума. Според порталот, станува збор за припадници на неформалната странска заедница „Виножито“, составена од хипици, јогисти, панкери, моторџии, рокери... Кога отидовме таму, видовме дека повеќето гости на мавровскиот брег се собрани околу огнот, сите фатени за раце пееја некои песни, пишува порталот. Во одговорот на јавната установа Национален парк Маврово на прашањата на МКД.мк за тоа што преземаат во однос на присуството на околу 300 лица кои на диво кампуваат и палат оган кај Црн Камен, се вели дека тие од почеток ја следеле ситуацијата и дека во соработка со полицијата и општинарите им понудиле на камперите од Жировница да се преселат во близина на Леуново.
Од почеток ја следевме ситуацијата со присуството на поголема група странски гости кои пред дваесетина дена, по нечија покана, ги запоседнаа планинските падини на Дешат над селото Жировница, во пограничниот појас и зона на строга заштита на територијата на паркот. Донесените мерки од страна на Владата за забрана за движење во шума беа доволен аргумент управата на НП Маврово, заедно со командирот на пограничната полициска станица во село Жировница, месната заедница на селото и со раководителот на Одделението за заштита во паркот да ги посетат присутните на локацијата и да стапат во контакст со два члена од групацијата (Денис и Леа) од нашата држава, се вели во одговорот на НП Маврово.
Откако на странците им било кажано да ја напуштат локацијата, постигнат бил договор за времено лоцирање на кампот во близина на село Маврово, покрај езерото, велат од НП. Подоцна, било договорено сепак сите да се преселат на локалитетот Црн Камен, каде што се и денеска каде е подигнат див камп. Целата сторија на МКД.мк

The post Хипи-секта се распосла со див камп во Маврово: Собрани околу огнот фатени за раце пееја некои песни… appeared first on Република.

]]>
Соблечи ја или оди си: Не го пуштиле на стадион поради неговата маица https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/soblechi-ja-ili-odi-si-ne-go-pushtile-na-stadion-poradi-negovata-maica/ Tue, 22 Nov 2022 08:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=576811

Американскиот новинар Грант Вал, кој работи за „CBS Sports“ и има напишано книга за Дејвид Бекам, бил приведен на стадион во Катар поради носење маица со боите на виножитото пред почетокот на натпреварот САД – Велс на Светското првенство на стадионот „Ахмед Бин Али“ во Ал Рајан.

Кога дојдов на стадионот облечен во маичка со виножито за поддршка на ЛГБТ заедницата, редарите ми забранија да влезам. Ме задржаа 25 минути и бараа да ја соблечам маицата. Твитнав за тоа. Еден момент подоцна, еден од чуварите насилно ми го грабна телефонот од раце. Помина речиси половина час. Чуварите одбија да ми го вратат телефонот и рекоа дека мојата маица е „политизирана“ и бараа да ја соблечам. Јас одбив. Мојот пријател Ендрју Дас, новинар на „Њујорк Тајмс“, минуваше и му кажав што се случува. Го уапсија и него. На крајот чуварите ме натераа да станам и да се свртам кон безбедносната камера. Еден од чуварите праша: „Дали сте од Велика Британија? Јас одговорив: „Од Њујорк“. Ова почна да ме нервира. Конечно го ослободија Енди. И тогаш ми пријде шефот на обезбедувањето. Тој рече дека ме пуштаат и ми се извини. Се ракувавме. Еден од редарите ми кажа дека само се обидуваат да ме заштитат од навивачите внатре кои би можеле да ме повредат поради носењето на маицата. Подоцна ми се извини и претставникот на ФИФА. Но, оваа епизода ме натера да размислам како им е на обичните Катарци кога целиот свет не гледа во нив, напиша американскиот новинар на својата веб-страница.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе забрана за било какво носење симболи или пароли, од страна на националните тимови, новинарите но и навивачите, за поддршка на ЛГБТ-популацијата, почитувајќи ги законите на земјата домаќин на Мундијалот.

The post Соблечи ја или оди си: Не го пуштиле на стадион поради неговата маица appeared first on Република.